Градежни Конструкции 3 и 4 година - compressed

You might also like

You are on page 1of 219

ЕНИС ЈАКУПИ

ШИНАСИ ЗЕЈНЕЛИ

КОНСТРУКЦИИ
ГРАДЕЖНИ
ГРАДЕЖНИ
КОНСТРУКЦИИ
Изборна настава за III и IV година

ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА

Архитектонски техничар
ЕНИС ЈАКУПИ ШИНАСИ ЗЕЈНЕЛИ

ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ
Изборна настава за III и IV година
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
Архитектонски техничар

Скопје, 2020 г.
Автори:
Проф. д-р ЕНИС ЈАКУПИ, вонреден професор во ФПН-Универзитет во Тетово-Тетово,
Доц. д-р ШИНАСИ ЗЕЈНЕЛИ, доцент во ФПН-Универзитет во Тетово-Тетово,

Рецензенти:
Проф. д-р Мартин Гулески, Професор во пензија
Ејуп Арифи, ОСТУ ″Гостивар″, Гостивар
Ристо Тасев, СОУ ″Никола Карев″, Струмица

Издавач:
Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

Јазична лектура:
Цутка Јованоска

Компјутерска подготовка:
Проф. д-р ЕНИС ЈАКУПИ д.и.а

Тираж:

Печатница:

Со Одлука за одобрување и употреба на учебник по предметот ГРАДЕЖНИ


КОНСТРУКЦИИ (изборен) за III и IV година од струка Градежно-Геодетска
профил Архитектонски техничар бр. 26-135/1, од 20.02.2019, донесена од
Националната комисија за учебници.

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски", Скопје
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

СОДРЖИНА

1. МАТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ГЛАВЕН ПРОЕКТ/1


1.1 Што е проектот и што подразбираме со проектот/1
Разбирање на проектот, фази на проектот и учесници/1
1.2 Идеен проект/3
1.3 Основен проект (главен проект)/5
1.4 Проект за реализација/7
1.5 Содржина на проектот/8
1.5.1 Технички извештај/9
1.5.2 Технички опис/9
1.5.3 Предемер-пресметка/10
1.6 Графицкиот дел на проектот/10
2. ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТИВНИ СИСТЕМИ, ОБЈЕКТИ И НИВНА
ПОДЕЛБА/11
2.1 Содржина и концепт на констукции/11
Конструктивни и неконструктивни елементи/11
2.2 Елементи на градба и просторни елементи кај високата
градба/17
2.3 Градежни конструктивни системи - масивен конструктивен
систем/20
2.3.1 Масивен систем за изградба од камен/21
2.3.2 Масивни системи за градење од тули/26
2.4 Масивен систем за градба со попречни носиви ѕидови/29
2.5 Масивен систем за изграда со подолжни носиви ѕидови/31
2.6 Комбиниран масивен носив систем/32
2.7 Скелетен конструктивен систем/35
2.8 Рамковна конструкција (конструктивен систем рамка)/42
2.9 Конструктивни комбинирани системи/44
2.10 Челичен скелетен конструктивен систем/45
2.11 Конструктивни дрвени системи/47
2.11.1 Конструктивни дрвени системи - системи за градба на градби
од дрво/49

A
Содржина

2.12 Меѓукатни конструкции/49


2.13 Темелите кај објектите во високоградба/63
3. ЗИДОВИ И ОТВОРИ/67
Лачни конструктивни системи-сводови/67
3.1.1 функција на лакот-сводот/67
3.1.2 Материјал/68
Sидови, содржина и конструктивен концепт/70
Класификација на ѕидови/73
Цeрклажи - појаси на ѕидот/81
Ѕидарија-ѕидани со арматура/82
3.5.1 Бетонски ѕидови/86
Дрвени ѕидови/88
Метални ѕидови/90
Камени ѕидови/92
Стени на стакло/94
3.9.1 Надворешни ѕидови (фасади од стакло)/96
4. ВЕРТИКАЛНИ КОМУНИКАЦИИ/97
Скали, типови, структурата/конструкцијата/ и функцијата/97
Вертикална комуникација/97
Видови скали/102
4.2.1 Поделба на скалите според значењето и употребата/103
4.2.2 Поделба на скали според катноста/104
4.2.3 Поделбана на скалите според нивните краци/104
4.2.4 Елементи на скалишниот простор/108
4.2.5 Архитектонските и конструктивн елементи на скалите/111
4.2.6 Висина на рампата на скалите/112
4.2.7 Бунар на скали (простор меѓу скалишните краци)/113
4.2.8 Линија на подигнување кај скали/113
4.2.9 Агол на рампа/114
Линија (правец) на движење кај скали/115
Пресметка, димензионирање, графички приказ/117
Определување на висината на скалник (газиште), во
ситуација кога се знае висината на катот/121
B
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Конструктивни елементи и материјали кај скали/125


Армирано-бетонски скали/127
Скали од челик (метални скали )/132
Дрвени скали/134
Ограда на скали/135
5. КРОВНИ И ПОКРИВАЧКИ КОНСТРУКЦИИ, РАЗРАБОТКА НА
КРОВОВИ НА ИНДИВИДУАЛНИ СЕМЕЈНИ КУЌИ/137
5.1 Кровни конструкци/137
5.2 Конструктивни делови на кровот/139
5.3 Коси Кровови/140
5.4 Видови коси кровови/142
5.5 Елементите на коси кровови/144
5.6 Кровови кај идивидуални станбени згради/151
5.7 Конструкција на прост кров/153
5.8 Коси кровови со распонка/155
5.9 Конструкција на кровови со слеменица/156
5.10 Кровови со висулка/157
5.10.1 Двострука (двојна) висулка/158
5.10.2 Тројна висулка/159
5.11 Тип на кровови-столица/159
5.11.1 Кровови со подрожница во проста двострука столица/159
5.11.2 Кровови со трострукна столица-тројна столица/162
5.12 Сложени кровови/162
5.13 Мансардни кровови/164
5.14 Дрвени решетки/166
6. ВИДОВИ НА ПОКРИВАЧКИ - ТИПОВИ И КАРАКТЕРИСТИКИ/171
6.1 Кровни покривачкии/171
6.1.1 Поделба на кровни покривки/172
6.2 Изолација кај кровови/173
6.3 Изолации во градежништвото/175
6.3.1 Термоизолација/175
6.4 Покривка--канадската тегола-шиндра/180

C
Содржина

6.5 Брановидни плочи од лим/180


6.5.1 Равен лим/184
6.4.2 Сендвич-лим/187
7. ПРЕФАБРИКУВАНА И МОНТАЖНА ГРАДБА/189
Монтажни конструкции (префабрикувани)/189
Монтажни (префабрикувани) конструкции/197
Индустриското градење некогаш, денес и утре /201
Систем-панели - преградни зидови/201
Надворешни парапедни ѕидови/203
ЛИТЕРАТУРА/211

D
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

1. МАТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ГЛАВЕН ПРОЕКТ

1.1 Што е проектот и што подразбираме со проектот?

Разбирање на проектот, фази на проектот и учесници

Зборот проект потекнува од латинскиот јазик од зборот projicere, што


значи: положувам, приложувам нешто, полагам, презентирам пред некој,
покажувам, итн. Проектирањето е збир, односно цел, сумирање на
идејата во одредена цел, на пример проект за станбена куќа, проект за
економски комплекс, проект за комерцијален центар, инвестициски
проект, проект за управување, проект за реализација, итн.
Штое е проектот и зашто служи?
Арх. Дудок: „Тој што сака да го совлада јазикот, прво треба да ја
научи граматиката. Меѓутоа, дури и ако сакате да бидете добар
граматичар, не е доволно да бидете писател или поет. Така, изградбата е
само алатка, главна алатка безкоја не може да има архитектура”.
... Стабилна, добра конструкција ќе имаме само ако имаме добар
проект!
За да одговорам на она што е проектот и зашто служи, прво мора
да знаеме дека проектот е составен од човек-дизајнер, односно
проектант. Значи, постои блиска врска помеѓу проектантот-човекот,
околината и техничките цртежи.

Насловна страница на идеен прокт


1
Главен Проект

- Проектот е прв.
- Без проек твладее неправдата, самобитноста-арбитрализмот
(неосновното, неизбежното).
- Планотво себе има суштина, цел.
- Современиот живот предвидува нови планови за домовување и
градови.
Ле Корбизје
Проектантот, откако ќе биде запознаен и ќе има програма, односно ќе ја
исчита програмата за проектирање (ќе се запознае со главните
параметри и барања од инвеститорот и неговиот круг), може да дејствува
во процесот на проектирањето, односно може да изготвува (креира)
проект.
Проектирањето претставува решение на технички проблеми, од која
било функција или карактеристичен атрибут или квалитет, кој е составен
од одредена задача. За да се реши таа задача, треба да се презентира
или да се изрази во кој било технички аспект, односно да се извлечат дел
од цртежите, кои се техничките цртежи, прикачени, односно поврзани во
една целина (дело), претставуваат проект (елаборат).
Значи, за време на реализацијата на кој било архитектонски објект,
постои природен поредок, технологија на реализација и скала на
движење, започнувајќи од мислата-идејата, па сѐ до финалното
презентирање на една изградена зграда/објект. Мојата главна задача во
оваа наставна содржина е да го претставам мислењето на архитектот
(проектантот) и да овозможам реализација на таа идеја. Со постојана
контрола од општинските власти се постигнува патоказ или ред,
почнувајќи од подготовката на скиците, програмата (проект-елаборат),
идејниот проект (урбанистичко-архитектонски) и основниот проект
(главниот проект) и предвидените детали за одредени конструктивни и
градежни елементи.
Врз основа на презентацијата, на цртежите и на содржината, како и
на законите и прописите кои се во сила во Р. Македонија, проектите се
поделени на:
- идеен проект/архитектонско-урбанистички проект;
- основен проект /главен, изведбен проект;
- изведбен проект;
- проект на реализирана состојба;
- проект за употреба и одржување.

Идејниот проект се работи врз основа на концепциски идејни скици


(програмата презентирана од градителот-инвеститор), чии цртежи-скици,
најчесто се нацртани со слободна рака со приближен размер 1:200, што
во прва фаза (чекор) се изработува диспозицијата (достапноста) на

2
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

просторите и нивната групација во структурата на објектот, во зависност


од функцијата на просторите и врските меѓу нив.

Идејна скица
Проектната програма е напишана со текст од страна на
инвеститорот. Инвеститорот-градителот ја поставува задачата на проектот
врз основа на некои негови белешки кои можеме да ги групираме во
четири групи:
- опишани описи, барања;
- белешки за градилиштето, местото каде што ќе се гради објектот
(градежно земјиште, имот, релјеф, околина, итн.);
- белешки за објектот (содржина на објектот);
- избор на сообраќај, комунални инсталации, и слично.

1.2 Идеен проект

Идејниот проект се работи во размер 1: 200 или 1: 100 во зависност


од карактерот, содржината и функцијата на објектот. Во идејниот проект
се црта мебел за секоја просторија, бидејќи мебелот е патоказ за
димензионирање на просториите, и се определуват димензии на
просториите на објектот. Пресеците се презентираат шематски,
фасадите со отвори (врати и прозорци), истотака, шематски со една
линија.
Вид на идејни проекти се архитектонските или урбанистичките
конкурси за функционални решенија на различни објекти или комплекси.
Исто така, задачите и програмите, кои се работат во средните
професионални училишта и факултетите во различни предмети, се во

3
Главен Проект

опсегот (нивото) на идејните проекти кои треба да бидат јасни, педантно


изработени, чисти и читливи.

Основа на приземје во идеен проект за индивидуална станбена куќа

Во структурата на идејниот проект, како презентација, ги има


следниве содржини: ситуација, основи на катови, карактеристични
пресеци, фасади (изгледи), скици за надворешни и внатрешни изгледи
на објектот, аксонометрија, перспективи, и во одредени случаи се
моделират и модели-макети (3D-презентации).

Приземје Поткровје
1. Влез 1. Претсобје
2. Тоалет (WC) 2. Спална соба
3. Кујна 3. Спална соба
4. Трпезарија 4. Купатило
5. Дневна сова

Поткровје

Основа на приземје и поткровје и перспектива на идеен проект на


индивидуална станбена зграда

4
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

1.3 Основен проект (главен проект)

Главниот проект (според Законот за градење во Р. Македонија-


основен проект), всушност, е разработениот и детализираниот идеен
проект презентиран во по голем размер. Со овој проект градбите
добиваат одобрение за градење, односно со овој проект се реализира
градбата на објектите. Се состои од неколку делови кои претставуваат
фази на проектот. Главниот проект се состои од неколку фази, како што
се:
- фаза архитектура;
- фаза статика (конструктивен дел на проектот, градежниот дел на
проектот);
- фаза водовод и канализација (проект за водоводна инсталација и
одвод, односно отстранување на фекалните води од објектот);
- фаза машинство (грејна инсталација, климатизација на објектот,
лифт, машини во објектот, и сл.);
- фаза електрика (електични инсталации, системи за контрола на
објектите, аларми, телефонија, интернет, громобран, итн.);
- фаза заштита при работа и противпожарна заштита (проект за
заштита при работење и хигенска заштита, проект за заштита при
пожари во објекти);
- фази во зависност од градбата и типови на објектите, како што се:
сообраќајни решенија и пристапи во објектот, технолошки, еколошки,
термички, акустички, организација на градбата, и сл.

Презентации на водоводна и на канализациона инсталација кај еден


објектво, купатилото (бањата) во приземје, индивидуален објект во фазата
водовод и канализација

5
Главен Проект

Главниот проект се црта во големи размери, и тоа: 1:50 или 1:100;


деталите на некои конструктивни елементи, во најголем дел, и: 1:10 (1:20),
1:5, 1:2; а во некои случаи и: 1:1. Основниот проект, покрај фазата
архитектура, содржии фаза статика-статички пресметки, анализа со
детаљи на арматура, и сл., конструкција, потоа параметри за предмер-
пресметки за работите кои треба да се реализираат и технички опис.
Во рамките на главниот проектот се и проекти за канализација,
водоснабдување на објектот, електрична енергија, греење-машински
дел, итн.

6
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Основа на карактеристичен кат и детали од основен/главен проект

1.4 Проект за реализација

Овој проект се работи врз основа на основниот проект. Основата на


проектот за реализација и за реализирана состојба е oсновниот проект.
Постојат промени кои се направени за време на реализацијата, и тие се
евидентираат во проектот на реализираната состојба. Проектот го
спроведува (подготвува) оној кој гореализирало сновниот проект, но во
посебни случаи го подготвува и изведувачот на објектот.
Проектите за реализиранатa состојба и за употреба и одржување
на градбите се изработуваат по реализацијата на градбата, односно тие
ја претставуваат реализираната состојба на објектот. Промените за
време на изградбата, промените на внатрешните простори и слично,
направени за време на реализацијата на објектот, се забележуваат и се
евидентираат во овие проекти.
Проектот за употреба и одржување се изготвува за објекти од прва
и од втора градежна категорија (со новиот Закон за градба само за
првата категорија), на пример за: проект за универзитети и факултети,
проект за резиденцијата на преседателот на државата, проект за
термоцентрала, хидроенергија, брани,и слично.
Затоа што е проектот и зашто тој служи можеме да пишуваме
(објаснуваме) многу, и повторно на крајот да не дадеме дефинитивна
дефиниција за тоа што е проектот. Затоа што во архитектурата работите
немаат крај ни граници-лимити, тие се бесконечни- а кош товели
Групиуси:
„Во архитектурата нема крај –има само трајна промена!“
7
Главен Проект

1.5 Содржина на проектот

Проектот за техничко презентирање за изградба на кој било објект е


спакуван во А4-формат. Овој пакет има одреден редослед, иако погоре
наведените се споменати за видовите и за начинот на проектот, но тука
сметаме дека е разумно да се покаже како проектот се рангира од
првата страница до последната страница.
Дури и урбанистичките проекти, како што се урбанистичките планови
(ГУП, ДУП, УПД, итн.) имаат два дела текстуален дел и графички дел
(цртежи).
На првата страница на проектот се наведува името на фирмата,
фирмата која го заверува проектот (податоци за компанијата), името на
проектот и видот на проектот (ИДЕЕН ПРОЕКТ, ОСНОВЕН ПРОЕКТ, ГЛАВЕН
ПРОЕКТ, итн.), технички број, инвеститор, Потоа, на втората страница се
содржани лиценцата и регистрацијата на фирмата, регистрацијата и
билансите, работната група и раководителот на групата(проектот) и
овластувањата на работната група, стручни соработници.

Првата страница на проектот на едно друштво за проектирање и лиценците


А и Б за проектирање градби

Овластување А и Б за проектирање на градби


8
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Текстуалниот дел на проектот содржи: технички опис, технички


извештај, предмер и пресметка/цени на чинењена објектот со
рекапитулација на градежнитеи на занаетчиските работи.

1.5.1 Технички извештај

Во техничкиот извештај најпрво се евидентираат: основните работи


на објектот; локацијата каде што ќе се гради објектот; димензиите на
површината на објектоти на површината за градење, на катовите на
ламелите; дали објектот има дилатациона фуга, итн. Потоа се
евидентираат деталните записи и глобалната оправданост на
конструкцијата и на конструктивните елементи. Се издаваат краток опис
и коментари за резултатите од геомеханичките истражувања, другите
истражувачки работи-сеизмика и сл., начинот и технологијата за изградба
на објектот, и слично. Се опишува идејата и начинот на проектирање, во
фазата статика се објаснува како е направена статичката и динамичката
анализа на објектот, со кратки коментари за тоа како се постигнати
резултатите, со наведување на името на софтверот со кој е направена
анализата, цртежоти димензионирањето на конструктивните елементи,
итн. Се наведува видот на арматурата која се користи за изградбата на
објектот, бетон и градежни материјали, нивниот квалитет и употребата.

1.5.2 Технички опис

Во техничкиот опис се наведуваат патоказите и дадените детални


насоки за тоа како да се реализира објектот, опишувајќи ги градежнитеи
занаетчиските работи. Се потенцира времетраењето на работите,
барањата и предлозите за котација и спецификациитена работите,
започнувајќи од фундирањето-темелите, начинот и редоследот на
бетонирањето на конструктивните елементи во објектот и грижата за
бетонот, локацијата-градилиштето и работитепо фази, начинот на
монтажа, ако се работи за полумонтажен или монтажен објект-систем
на градење. За поставување кран, оплата, заштита при работа, итн. Во
техничкиот опис се наведуваат карактерот на сите материјали кои ќе се
користат за реализација на објектот, истражување и перформансите
(еврокодовите).
Во проектите за специфични случаи на изградба или објектите од
голема важност и карактер на некои од работите, во техничкиот опис
може посебно да се презентираат и за нив да има и посебен технички
опис, како што се:
- проектите за монтажа и демонтажа на скелето и на кранот;
- проект за бетон;
9
Главен Проект

- проект за монтажа на конструктивни елементи;


- проектза организација и менаџмент на градилиштето;
- проектите за сообраќаен режим при градење, и сл.

1.5.3 Предмер-пресметка

Предмерот содржи краток опис на активностите, обемот


(содржината) на сите работи што треба да се извршат (реализираат) во
објектот, почнувајќи од темелите, земјените работи и ред други работи, сѐ
до крајниот момент кога објектот ќе се стави во употреба. Се наведуваат
количините со соодветни единици на мерките и цените на чинење со
одредена сума и рекапитулација за сите дела, со цел да се има
вистинска слика за тоа колку објектот ќе чини како целина, како и
одделните фази. Во текот на тендерските постапки за избор на
изведувачот, на понудувачите им се даваат само количини без цена во
количински единици за чинење.

1.6 Графичкиот дел на проектот

Во графичкиот дел на проектот се презентираат сите можни цртежи


за презентирање и за реализација на градбата (објектот). Се
презентираат сите основи: локација- ситуационо и партерно решение;
основа на темелите, подрумот, приземјето и на катовите; пресеци;
изгледи и фасади; петта фасада; основа на кровот, детали; и 3Д-
презентација.

Графички дел презентиран во еден проект за идивидуална станбена зграда,


По+Пр+1 кат, потпишана со електронски потпис
10
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

2. ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТИВНИ СИСТЕМИ, ОБЈЕКТИ И НИВНА


ПОДЕЛБА

2.1 Содржина и концепт на конструкциите

Конструктивни и неконструктивни елементи

Секој објект што е изграден на земјината површина претставува


конструкција, секоја зграда која зафаќа одредена површина се состои
од многу елементи, кои меѓусебно се издвојуваат како конструктивни и
неконструктивни елементи. Тие едни без други не можат да претставуваат
целина - зграда, односно објект.

Основи
Пресек
АРХИТЕКТУРА

Вертикален пораст на објектот - развој во пресек и основи (планиметрија)

Примена на градежни материјали во објекти, изградба на конструктивни и

11
Конструктивни системи и елементи

неконструктивни елементи

Секој конструктивен или неконструктивен елемент во објектот е


изработен од градежен материјал, тие елементи може да се
дефинираат како:
Ќелија-клетка Развој

Од самиот почеток, кога архитектот размислува за конструктивниот


концепт на објектите од висока градба, тој почнува да го анализира типот
на конструктивниот систем, односно започнува да се соочува со
дилемата за дефинирање на конструктивниот систем. Тоа значи дека
проектантот во проектната идеја, исто така, го дефинира
конструктивниот концепт на објектот. Во проектната идеја, архитектот ја
дефинира архитектонската функција, модулот за проектирање и
конструктивниот модул, висината и катноста на објектот, обликот, итн.
Без оглед на тоа што проектира, самиот проект ја апсорбира
синтаксата на изразувањето на физичката структура, оваа синтаксичка
анализа јасно ни ја дава конструктивната доминација на објектот. Со
други зборови, архитектурата се претставува преку конструктивниот
систем за изградба.
Архитектот мора да има знаење и за товарите кои ги носи самата
конструкција. Првично, тој мора да соработува со градежен инженер,
бидејќи во конструкцијата делуваат многу оптоварувања. Во нашиот
регион, исто така, мора да се имаат прелиминарни сознанија од
земјотресното инженерство, бидејќи целиот Балкан е активен простор со
висока сеизмичка ефикасност.
Територијата на Република Македонија е една меѓу најактивните
сеизмички територии во Европа. Меѓу активните сеизмички зони се
сметаат: Валандово, Охрид, Дебар, Тетово, Пехчево, и Скопје.
Земјотресите се едни од најстрашните природни појави и
катастрофи за човештвото. За време на појавата на земјотресот се
рушат градби изградени од човек, настануват големи економски штети,
но, за жал, настануваат и голем број човечки жртви.

12
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Вертикално подигнување на објектот (напречен пресек)


Погоре направивме значителна поделба на составните елементи на
објектот како клетки и развој. Архитектонските елементи на објектите, како
функционална и естетско-еколошка целина, се поделени на:
А) Носиви конструктивни елементи
Носивите конструктивни елементи се оние кои го носат објектот, ги
прифаќаат и ги носат товарите. Тие можат да бидат вертикални
елементи, како што се: столбовите и ѕидовите; како и хоризонтални
елементи, како што се: гредите, континуелните греди, конзолите, плочите,
итн.

Столб и ѕидови Греда и плочи Лачна греда


13
Конструктивни системи и елементи

Б) Неносиви - конструктивни елементи


Неносивите конструктивни елементи се оние што не носат товар,
само го носат сопствениот товар, служат како омот на објектот, како
заштита, разделувачи на просториите, покривачи, изолатори, како
елементи за поврзување, итн.

плоча

Презентација на товари и на конструктивни елементи

Елементи на проектирање

Конструктивни елементи

14
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Масивни конструктивни системи

Конструктивни и неконструктивни елементи

Од масивен конструктивен систем до скелетен

Од обвивка до конструктивен систем


15
Конструктивни системи и елементи

Носиви елементи

Скелетен конструктивен систем

Вила Савоја (Ле Корбизје). Домино-систем - примена на конструктивен


скелетен систем

Скелетен конструктивен систем со дрвени греди – Бондрук-систем

16
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

2.2 Елементи на градба и просторни елементи кај високата градба

Високата градба воглавно се занимава со изградба на објекти кои


се наоѓаат над теренот, односно поголемиот дел на градбата е над
теренот и оди во висина. Градежните работи кај високата градба се
поделени на три дела, и тоа: делот од проектирањето, реализацијата и
администрацијата.
Проектирањето е првата активност, таа се смета за најважна. Овој
дел ја претставува целата работа што треба да се направи на хартија,
тогаш спроведувачите (изведувачите) на градбата го читаат проектот и го
спроведуваат објектот во практика, а администраторите ги запишуваат
документите од целата работа од проектирање до реализација.
Во овие процеси се вклучени многу кадри, како што се: архитекти,
градежни инженери (конструктивци, хидроинженери, инженери по
инфраструктура), електроинженери, машиниски инженери, различни
техничари, занаетчии, економисти,правници, итн.

Структура - дел за проектирање, реализација и администрирање


Според просторниот состав, односно според нивната височина на
изведбата, објектите можат да се поделат на:
•објекти со ниска катност, до Пр + 4 ката;
•објекти со висока катност , >Пр + 4 ката.
(Како високи објекти може да се сметаат категории на објекти кои
достигнуваат максимална висина од 20 до 25 ката, повисоки објекти - со
висина од 30 до 100 ката, а над 100 ката градбите припаѓаат на групата
екстремно високи објекти - облакодери).
Претходно објектите се назначувани по катовите, а денес според
висината до венецот: H = 7,20 m (Пр + 1 + Пк), H = 10,20 m (Пр + 2 + Пк), H =
19,20 m, ( Пр+ 5 + Пк). Во нивната форма, во зависност од бројот на
катовите, објектите ги имаат следните катови:
• подрум;
• приземје;
• катови (кат 1, кат 2, кат 3 ...);
• завршниот дел од објектот - кровот (коси или рамни), кои можат
да бидат како корисен простор и некорисен простор.

17
Конструктивни системи и елементи

Кров

Пресек на објект – попречен пресек


Подрумите се подземни катови со природна или со вештачка
светлина и вентилација, кои во повеќето случаи се користат како остава,
складишта и магацини, а во последно време и како паркинг-простори,
како и во специјални прилики (пр.: војна) - во функција на заштитни
засолништа. Подрумите се вкопани во земја. Означени се со буквите Пo,
ако има повеќе нивоа Пo1: Пo2, итн., почнувајќи од врвот на длабочината
на земјата.

Подземен дел од објектот – подрум


Сутерени или полуподруми се простории кои се делумно вкопани
и делумно се над теренот или едната страна од зградата е вкопана а
другата не е, како што е случајот со конструкциите што се градат на коси
терени.
Сутерен (Су) е долниот дел, 50% од површинскиот волумен лежи на
земја, а остатокот над земја, но она што не треба да се заборави е тоа
што сутеренот е кат под приземје.

18
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Графичка презентација на сутерен и на мезанин, како и на други катови кај објект

Приземјето е првиот кат на објектот, тоа е просторот што го поврзува


теренот со објектот. Служи за: домување, како деловна просторија,
локал, администратиција, итн. Минималното кота на приземјето од
земјата (теренот) е 15 см, приземјето е појдовна точка на градбата,
односно се пресметува дека е кота ± 0,00 m.

Различни позиции на приземје во објекти со различни дестинации


Катовите се површини ограничени помеѓу катовите и се наоѓаат
над приземниот кат. Броењето почнува со 1. кат над приземјето, и така
натаму.
Мезанин (меѓукат) е првиот етаж над приземјето изведен со
помала височина од другите катови. Неговото постоење го условуваат
фунционални, економски и урбанистички услови. Мезанинот се изведува
со најмала височина од 2,20 м до макс. 2,40 м, во него се сместат
инсталации т.е. служи како технички кат.
Кровот е завршниот дел од објектот, кој започнува над меѓукатната
конструкција на најгорниот кат, а може да биде кос или рамен и има
цел да го заштити објектот од атмосферски влијанија, студ, топлина, звук,
и др.
Поткровјето го сочинуваат употребливи простории во кровната
конструкција на објектот.

19
Конструктивни системи и елементи

2.3 Градежни конструктивни системи - масивен конструктивен


систем

Масивен конструктивен систем е систем од носиви ѕидови ѕидани од


тула, камен или бетонски елементи со врзно средство малтер или
систем од носиви бетонски ѕидови. Под терминот конструктивни масивни
системи подразбираме конструкции (структури), традиционални
изградени во различни временски периоди, почнувајќи од Месопотамија,
Египет, Грција, среден век, ренесанса, и нов век, како и објекти кои се
значајни во современата европска архитектура.

(а) (б) (в)


Римски ѕидови: (а) ѕидови врзани со тули, (б) ѕидови со лик од тули и слоеви за
врзување од тули, (б) ѕидови со лик од тули (Oliveria, 2003)

Во однос на терминологијата, зборот „масивен" има анахронично


значење, сега може да се дефинира како систем за градење со панели,
конструктивен систем со носиви завеси, конструктивен систем со
армирано-бетонски ѕидови, бетонски ѕидни платна, конструктивен
систем со потпорни ѕидови. Сепак, без оглед на градежната техника,
видот и начинот на класификација, масивните градежни системи, пред
сè, се дефинираат како градежни системи со вертикални елементи -
ѕидови формирани од ѕидарскиот систем или ѕидарски конструкции
зајакнати со хоризонтални и вертикални серклажи од армиран бетон.
Овој конструктивен систем е погоден за развивање на објектот по
должина, но не е погоден за изведба на големи површински отвори во
ѕидовите, прозорци и за големи површини за осветлување во ѕидовите кои
ги прифаќаат товарите (носивите ѕидови).
Во овој систем за градење, надворешните ѕидови имаат двојна
функција, и тоа:
- да ги прифаќаат сите товари; и
-да го опкружуваат и заштитуваат внатрешниот простор од
надворешни влијанија.

20
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Соодветно на тоа, надворешните ѕидови на фасадата во текот на


изградбата имаат двојна улога од квалитативен аспект на конструкцијата,
и тоа:
-отпорни и носиви,
- имаат акустична и топлинска изолација.

2.3.1.1 Масивен систем за изградба од камен

Овој систем на градби е историски познат како најстар, бидејќи


првите градби изградени од човечка рака биле изградени токму од
каменот.

Планински куќи од 70-тите години на минатиот век во планините на горнореканскиот


крај во Македонија, изградени од камен и од дрво

Во традиционалните домови, како пример оние од Горна и од Долна


Река, доминираат масивните системи со носиви ѕидови од камен
поврзани со хоризонтални елементи ,,кушаци“ од дрво (обликувани како
серклажи како во современите системи со масивни ѕидни конструкции),
кои ја имале улогата на хоризонтално окрутување. Ретко се користеле
за окрутување при вертикално зголемување на објектите. Појасот е
направен од тврдо дрво, бука или од даб.
Овој градежен систем, покрај психолошката, естетската, и
конструктивната страна, во некои случаи има и декоративна улога.
Првенствено за кушаци (појаси) се избираат специјални дрва (рамни и
без чворови, исчистени од лушпи). Често се бара буково дрво исечено во
пролет, бидејќи буката во рана пролет има многу вода, а доаѓа до израз
и дабовото дрво.

21
Конструктивни системи и елементи

Основа на приземје и прв кат на една станбена куќа во с. Рибница, Горна Река

Пресек на објектот со масивни ѕидови

22
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Изгледи на објектот изграден со масивни ѕидови и слика од презентираната куќа

Каменот е најстариот градежен материјал кој се користи за ѕидање


ѕидови, без разлика дали е носив, ѕид за одделување или фасада. Сите
видови камења кои се користат за градење ѕидови може да се поделат
на:
- не обработен камен, скршен камен;
- полуобработен камен, и
- обработен камен.

Каков камен ќе се користи зависи од типот на објектот и од


функционалните архитектонски барања. Кога се користи камен за
ѕидање, мора да се внимава на следните суштински барања: прво,
каменот треба да биде поддржан, поставе на неговата поширока
површина, и второ, при поврзување на каменот со предната површина,
не повеќе од три врски (фуги), потоа, за време на формирањето на ѕидот
мора да има повеќе сврзувачки камења за окрутување, а во аглите треба
да се користаат поголеми и добро поврзани камења.
Претходно, во нормални и практични услови, дебелината на
скршените камења што се користеле за ѕидовите била околу 50 см. Ако
биле употребени изработени камени блокови, нивната дебелина се
движи од 30cм (25см) до 40 cм.

L: B ≥ 1 ≤ 5 лошо добро
Правила за ѕидање камени ѕидови

23
Конструктивни системи и елементи

Правила за ѕидање камени ѕидови

Конструкции ѕидани на суво:

Колосеум во Рим, Италија и Аквадуктот во Сеговија, Шпанија

Скопско кале, аквадуктот на Скопје и римската населба во Скопје

Едноставни лачни конструкции

24
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Најголемиот аквадукт Понт ду Гард, Франција (I век) и Аја Софија во Истанбул,


Турција

Масивниот систем на градба е отворен и широк конструктивен


систем, од која било смисла, динамичен, статичен, конструктивен или
функционален. Многу објекти што биле изградени порано, денес се
лични показатели од историски периоди и историски градби. Со масивен
градежен систем се изградија куќи, објекти со сакрален карактер
(катедрали, цркви, џамии, теќиња, синагоги, итн.), со јавен и социјален
карактер (хамами и јавни бањи, амфитеатри и театри, хиподроми,
аквадукти, улици, плоштади, споменици, обелисци, итн.).

Куполите на црквите „Св. Марија дел Пјеро“ Фиренца и „Св. Петар“ во Рим, Италија,
Катедралата „Св. Павле", Лондон, Англија - Партеонска катедрала, Париз, Франција

Денес масивниот систем за изградба ја има важноста во неговата


употреба. Една од причините за губење и намалената употреба на
масивниот систем е сеизмичкото дејство, но има смисла ако се гради
со носиви ѕидови по ѕидарскиот систем, а не масивни како завеси од
армиран бетон, итн.

25
Конструктивни системи и елементи

Современи масивни конструктивни системи

2.3.1.2 Масивни системи за градење од тули

Овој тип градежен систем, масивниот систем за изградба на тули, е


главен конструктивен систем за градба воопшто, активен и користен во
дизајнот (проектирањето) на индивидуални и колективни станбени згради
со ниска етажност, мали деловни објекти, итн. Висината на овие згради е
рационализирана од 12 м до 15 м над површината на земјата, односно
височината на зградите со П + 3 ката и П + 3 + Пк.
Во современите времиња во овој тип конструктивен систем за
градба, меѓукатната конструкција и покривните конструкции, се
изработени од армиран бетон. Во традиционалниот градежен
конструктивен систем ја наоѓаме меѓукатната конструкција изработена
од дрво, од обработен челик, комбинација од бетон и челик, итн.
Темелите и дел од бетонските површини од овој тип конструктивен
систем за градби се направени од бетон и армиран бетон, порано и од
камен, додека во новата современа ера темелите на овој вид градба се
од системот со траки (ленти).
Sиданињето/врзувањето на ѕидарски ѕид во конструктивниот масивен
систем на градба, врзувањето на тулите се постигнува со продолжен
малтер 1: 2: 6 или 1: 3: 9, во ретки случаи дури и со малтер од цемент 1: 3.

Целосна тула и нејзина конфигурација за употреба на масивни ѕидови на масивниот


систем за градење тули

26
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Дебелината на масивните ѕидови е 25см, 38см, 51см, и во некои


случаи 64 см. Во современи услови главно се користат ѕидови со
дебелина од d = 38cm и d = 25cm. Главно формулирани со полни 25 x 12
x 6,5 cm тули. Ова е во минатото, а денес се користат и други видови тули.

Масивен ѕид од полни тули, d = 25см

За време на примената на масивниот систем за градење со носиви


- масивни ѕидови треба да се внимава при проектирањето на гредите што
лежат врз нив, бидејќи тие ги пренесуваат силите во ѕидовите. Не е исто
центарот на тежиште на конструктивните товари да биде во средина или
да биде преместена лево или десно во носивиот ѕид.

Можност за стабилност, губење на стабилноста на носиви - масивни ѕидови

27
Конструктивни системи и елементи

Во контекст на литературата на поранешна Југославија, но, исто


така, и на европските, генерално масивните градежни системи од
конструктивниот концепт, ги делиме на:
- масивен систем за градба со попречни носиви ѕидови;
- масивен систем за градба со надолжни носиви ѕидови;
- масивен систем за градба со попречни и надолжни носиви ѕидови
(масивен - комбиниран систем за градба).

Реализација на носиви ѕидови во една индивидуална станбена зграда -


конструктивен систем - масивна изградба во сеизмичка област

Оваа поделба воглавно е во случаи кога во масивните носиви


конструкции товарите функционираат вертикално, додека
хоризонталните товари се многу мали, како што е ветерот. Во
сеизмичките области оваа поделба нема смисла или е недостижна.
Бидејќи градбите кои се градата во сеизмичките зони треба да
поседуваат способност за крутост во двете насоки. Значи, условот на
масивниот систем во сеизмичките зони е конструктивен систем за
носење во двете ортогонални насоки (комбиниран масивен систем на
градење).

а) Подолжно б) Попречно
Масивен систем за градење со носиви ѕидови
28
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Масивниот систем за изградба на тули и сеизмичките барања нè


доведуваат до следниве барања за проектирање:
-носиви ѕидови во двата ортогонални правци;
-симетрија на носивите ѕидови во двете ортогонални насоки во
основата на објектот;
-армиранобетонски меѓукатни конструкции, со распределба на
товарите во двете ортогонални насоки;
-оспособување на вертикалните носиви ѕидови за прифаќање сили
на потреси и напони на затегнување, поради дејствувањето на
хоризонталните сеизмички сили.

Носив масивен систем во двете ортогонални оски - крут масивен систем на градби
за прифаќање на силите од сеизмичките дејства

2.4 Масивен систем за градба со попречни носиви ѕидови

Вој овој конструктивен систем, карактеристично е тоа што


фасадниот ѕид има функција да го затвори објектот и да го заштити од
надворешни временски услови и влијанија, тој не е носив ѕид, функцијата
на носивост му припаѓа на попречниот ѕид. Овој конструктивен систем е
погоден за работа и развој на објектите во должина, како и во одразување
на големи фасадни отвори без да влијае на конструктивното работење
на објектот. Значи, носивата способност на објектот не се намалува.
Овозможува застаклување на целата површина на објектот на страните
на надолжните фасади. Овој конструктивен систем во практика е повеќе
применлив, особено во посебни монтажни специјални конструктивни
системи.

29
Конструктивни системи и елементи

Карактеристичен пример на попречните носиви ѕидови

Карактеристична шема на попречни носиви ѕидови кои се применуваат во


практика, на објекти со масивни носиви ѕидови

Индивидуалнен станбен објект изведен со носиви ѕидови

30
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

2.5 Масивен систем за изградба со подолжни носиви ѕидови

Овој систем е погоден за работа по должина и не е погоден за


големи отвори (прозорци). Надворешните носиви ѕидови на овој систем
имаат двојна функција, и тоа:
- да ги примат сите товари (издржливост и стабилност);
- да вршат ограничување на просторот - ги заштитуваат
внатрешните простории од надворешните атмосферски влијанија
(акустично-термички способности).

Масивен систем за градба со надолжни ѕидови

Овој систем е карактеристичен и погоден за работа и изградба на


долги објекти. Има широка примена и распространета имплементација,
особено во поранешните касарни на поранешниот југословенски
систем. Сега многу такви објекти се уредуваат и пренаменуваат за други
функции.

Магацинот на касарната во Кичево

Масивен систем за изградба со подолжни носиви ѕидови

31
Конструктивни системи и елементи

2.6 Комбиниран масивен носив систем

Овој систем е комбиниран со надолжни и попречни носиви ѕидови.


За наши прилики, како што е наведено погоре, наоѓа голема примена,
особено во индивидуалните станбени куќи, како и во објектите посветени
на економските активности.
Масивна конструкција - со подолжни носиви ѕидови

Масивна конструкција со попречни носиви ѕидови

Масивна конструкција со носиви ѕидови во двете насоки

Комбиниран систем за градење

32
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Комбиниран систем за градење

Комбиниран систем за градење

Скелетен систем на градба

Сите проектни барања кои се однесуваат на масивниот систем за


градење со тули важат и за овој масивен систем. Системот се состои од
вертикални ѕидови од тули, во двете ортогонални насоки, обработени со
хоризонтални и вертикални серклажи. Овој систем е способен да ги
прифати сите хоризонтални и вертикални влијанија и оптоварувања, како
и сеизмичките дејства.
Хоризонталните и вертикалните серклажи го оспособуваат
масивниот систем за градба за прифаќање ексцентрични вертикални и
хоризонтални товари. При примената на овие градежни системи,
посебно внимание треба да се посвети и на типот на малтерот за ѕидање.

33
Конструктивни системи и елементи

Масивен систем од тули, со вертикална и хоризонтална серклажи -


1. поречен носив ѕид, 2. надолжен носив ѕид, 3. вертикален серклаж,
4. А.Б. греда над прозорецот, 5. хоризонтален серклаж

Масивниот систем за градење може да биде проектиран и


реализиран и од армирани бетонски ѕидови. Со оглед на супериорната
носивост на армиран бетон, прифаќањето на силите при притисок и
затегната сила, ова овозможува реализација на повеќе карактеристични
објекти со висока катност и најсоодветен облик за посветување на
објектите.

Масивен армирано-бетонски систем

34
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Станбени објекти во висока градба, реализирани со носиви ѕидови од армиран


бетон

Општо земено, во групата на масивни конструкции на армиран


бетон, постојат: големи системи со панели и монтажни системи.

Планиметрија на карактеристичен кат (проф. д-р Ѓорѓи Костадиновски, студентски


дом „Гоце Делчев", Скопје), масивен систем на градба-брутализам

2.7 Скелетен конструктивен систем

Поради големиот товар, количеството материјал, адаптацијата и


организацијата на катовите, на најсовремените објекти во современи
времиња, масивните градежни системи се заменети со скелетни
конструктивни системи.

Реализација на објект со систем на скелетна конструкција


35
Конструктивни системи и елементи

Човечки скелет и скелет на градежен објект

Под скелетен систем на градба се подразбира носивиот скелет на


објектот. Главните елементи на носивиот скелетен систем на градење се
столбовите и гредите. Сите товари од меѓукатната конструкцијата ги
прима гредата и ги пренесува до столбот и преку столбовите се
префрлаат во темелите и низ темелите се пренесуваат на самата почва
, така што сите товари на објектот се прифатени од почвата.

Пресек на објект за индивидуално домување и шематски начин за пренос на товари

Во овој систем на градба, главниот систем е скелетот, кој се состои


од вертикални столбови, носиви хоризонтални елементи, подови, греди и
меѓукатни системи кои заедно формираат една конструктивна статична
целина.

36
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Столбот е главен елемент на скелетниот систем во основата, кој


неопходно се повторува еден над друг одејќи по висина.

Позиција на столб во објекти

Претходно, системот за скелетни конструкции бил конструктивен


систем од дрво–бондрук (систем со дрвени греди), кој се користел многу
векови.
Скелетниот систем на градење го олеснува објектот од тешки
товари, затоа денес има голема примена во високоградбата. Друга
главна предност на овој конструктивен систем е побарувачката на
земјотресното инженерство и асеизмичкото проектирање. Инаку, овие
конструктивни системи, исто така, може да се наречат и рам
конструкции, рам системи. Овој конструктивен систем е подготвен да
прифати различни конструктивни товари, како што се носивост во
притисок, ексцентрицитет, затегнување, осцилација, товари од торзија
(извртување), ветер и снег, сеизмика, итн.
Конструктивната целина на скелетниот систем на градба го прават:
- вертикални столбови (колони),
- вертикални носиви греди,
- хоризонтални греди за вклештување,
- меѓукатна конструкција.

Конструктивни елементи, столб, греда и меѓукатна конструкција

Скелетните системи во повеќето случаи се проектирани и изградени


од бетон, челик, алуминиум и дрво. Конструктивниот скелетен систем е
практичен и изводлив со секаков вид градежен материјал, што
овозможува отвори на ѕидните површини. Тоа е најпрактичниот и изводлив
систем во високоградбата воопшто.

37
Конструктивни системи и елементи

Сепак, постои потреба да се биде многу внимателен за видот на


материјалот и нивната примена во областите со висока сеизмичка
активност, проследено со почви со мал капацитет за носење, во објекти
повисоки од 7 ката и во областите со подземни води, плитка подземна
вода, итн. Секој конструктивен систем бара вистинска конструктивна
анализа за време на проектирањето.

Центар Џон Хенкок - челична конструкција

Скелетен систем за градба на челична конструкција

Wedding Palace – Палатата за свадби во Москва - Русија, алуминиумски конструкции

38
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Театар Еспланаде во Сингапур - алуминиумски конструкции

Објекти од дрвени конструкции

Според градежната технологија системот за скелетни конструкции може


да биде:
• мoнoлитен,
• полумонтажен, и
• монтажен.

Конструктивен систем - монтажна конструкција

39
Конструктивни системи и елементи

Системот на скелетни конструкции се состои од два главни


елемента: столбови и греди, а над гредите стои плочата. Кога се гледа од
носив аспект, може да биде носива конструкција која е потпрена во еден
правец или во два правца.

Елементите на конструктивниот систем

Во скелетните конструкции ѕидовите на зградата се и полнила,


дополна за оградување на просториите, изолатори, затоа се направени
од лесни градежни материјали и други комбинации, со што се намалува
тежината на објектот.

40
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Конструктивен скелетен систем со плочи потпрени во една насока од армиран


бетон

Што се однесува до плочата во однос на поврзувањето со скелетот


на конструкцијата - плочата може да биде плоча со греди кои се видливи,
греди над плоча, скриени греди и двојни плочи (oмнија плочи).

Видови армирано-бетонски плочи кои се применуваат за време на изградбата на


скелетниот систем - плочи со видливи греди, плочи со надгреди, плочи со обични
греди и двојни плочи.
41
Конструктивни системи и елементи

Можна поврзаност на конструктивни елементи, столб - греда - плоча

Друг значаен систем во скелетниот систем е конструктивниот скелет-


систем со безгредни плочи, како со Правилникот за ПБАБ '87 и Eurocode
2. Овој конструктивен систем е забранет во сеизмичките области како
што е регионот каде живееме и дејствуваме. Но, во САД, сега и во
Јапонија, овој конструктивен систем е добро прилагоден за многу високи
згради. Посебно внимание треба да биде посветено на конструктивниот
аспект на врската (столб - плоча).

Конструктивен систем за скелетни конструкции – безгредна плоча


(рамна плоча)

2.8 Рамковна конструкција (конструктивен систем рамка)

Овој систем го претставува главниот конструктивен носач во форма


на „рамка". Со зборот рамка се подразбира, во структурна смисла:
рамка (праг, конструкција). Рамковниот конструктивен систем е
површински систем.
42
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Главната носечка структура се наоѓа во вертикален план. Носивата


конструкција на рамката се состои од столбови и греди (ригла), кои, за
разлика од скелетниот систем, во рамките тие се поврзани на крут начин
(столбот и гредата) и функционираат како една конструкција, како
конструктивна статична целина. Објектите во практика, во хоризонтална
или вертикална насока, имаат повеќе рамки. Рамките, во смисла на
конструктивни решенија, можат да бидат од различни форми, висина и
од различни материјали.

Статична презентација на разни конструктивни рамки

Според формата можат да бидат еднобродни или повеќебродни


(отвори - ламели), со прави ригли (греди), коси или во лачна форма.
Рамните рамки можат да бидат еднокатни или повеќекатни.

Рамки со греди (ригли) со различни форми на отвори – еднобродни

Конструктивен рамковен систем со повеќе катови и со неколку полиња (ламели),


просторни рамки
повлекување

притисок

Можноста за појава на прснатини и нивното надминување во зглобовите на


рамковниот конструктивен систем

43
Конструктивни системи и елементи

Конструктивни можности на скелетниот систем на градба од


армиран бетон, oпшти правила:
- Рационална висина на катовите, 2 - 12 (18) ката;
- Распон во две насоки lx и ly од 4,00 до 7,00 m, во зависност од
карактеристиките на системот;
- Висина на катовите 3-3,5m (H- висина на катот);
- Соодветност на конструктивниот систем во сеизмичките зони со
интензитет од 9 степени според МКС;
- Правила за проектирање (симетрична геометрија на системот во
зависност од насоките на оските x и y, соодветно преклопување на
центарот на масата со центарот на крутоста и елиминација на торзијата-
увертување на столбовите за време на ефектот на хоризонталните
удари);
- Пресеците на димензиите на конструктивниот систем на главниот
носив систем, столбот се зголемува за секој од вториот кат, евентуално
и на третиот. Пример за колективна станбена зграда Bo + Pr + 5 + Пk,
растојанието помеѓу столбовите: lx и ly max 6.00m, столбовите ќе ги имаат
димензии неведени во табелата. Минималната димензија на столбовите
на системот за скелетни конструкции е 30х30 см.

Табела . Димензиите на столбовите на една зграда со висина на катови


/ Пo + Пр + 5 + Пk, H = 19,2 m /
Димен. на столб
Кат
Пo+Пр+ кат 1 60 x 60 cm
Кат 2 - кат 3 55 x 55 cm
Кат 4- кат 5 50 x 50 cm
Поткровје
45x 45 cm

2.9 Конструктивни комбинирани системи

Комбинираниот конструктивен систем покажува дека


конструктивните елементи се носивите ѕидови и столбови. Така, во
конструктивната целина на објектот постојат конструктивни елементи на
системот на скелетните конструкции, столбови поврзани со греди и
елементи на конструктивниот масивен систем за изградба, надолжните
или попречните ѕидови од армиран бетон.

44
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Основа (планиметрија) на карактеристичен објект изграден со конструктивен


комбиниран систем

Оваа конструктивна примена е направена за високи згради во


сеизмички зони со висок интензитет. Сеизизмичноста на еден регион,
територија или држава, се изразува со големината на земјотресот
(големината или степенот на земјотресот) што може да се појави на таа
територија.
Димензии на конструктивниот комбиниран систем
Столбовите се со димензии од 70 / 70см, во подрум 2, (75 / 75см),
подрум 1 и приземје, 60 / 60см на 1-ви и 2-ри кат, 50/50 см на 3-тиот и 4-
тиот кат и 45 / 45см, на 5., 6. и 7. кат.
Греди со димензии 40 / 60см.
Подрумските ѕидови од армиран бетон d = 30cm, бетонски платна
со d = 20 cm.
Фундаментот (темелите) на објектот се проектирани да се
реализира како темелна плоча со d = 1м.

2.10 Челичен скелетен конструктивен систем

Кога сме кај конструктивните челични системи, првото нешто што


треба да го знаеме, пред да го примениме во практика, се
45
Конструктивни системи и елементи

конструктивните носачи или конструктивните челични носиви елементи.


Овие конструктивни носачи се најчесто отпорни на моментите на
виткање. Од конструктивен аспект челичните носачи може да бидат:
- решеткасти конструкции (конструктивен систем решетка);
- конструктивни полноѕидни носачи (профили и лимени носачи); и
- лесни метални конструкции.

Конструктивни решеткасти носачи

Проектирањето на челични конструкции се заснова на конструктивни


елементи, способни да ја примат сеизмичката енергија, свиткувањето и
појавата на нелинеарните деформации.
Локалните пластични отстапувања не се дозволени во зоните на
пластичните зглобови . Димензионирање на зглобовите се прави така
што тие се способни да обезбедат прием на граничните моменти на
свиткување, попречните сили и нив да ги пренесат од еден елемент до
друг елемент, без појава на големи нелинеарни деформации во областа
на зглобовите. Скелетниот конструктивен систем од челик, и од
алуминиум, е многу погоден за многу деловни повеќекатни објекти, но и
за објектите за домување (облакодери) со големи распони меѓу
столбовите. Во овие конструктивни системи треба да се води грижа за
противпожарна заштита. Често се користи правилото дека, овие
конструктивни системи од челик и од алуминиум, се применуваат секаде
каде што тие можат да бидат заштитени од пожар.

46
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Конструктивни полноѕидни носачи од челик

За време на проектирањето на овие конструктивни системи


посебно внимание треба да се посвети на деталите за врската, греда -
столб, меѓукатната конструкција, фасадните структури и така натаму, и
нивната заштита од пожари и корозија ('рѓа). Денес примената на
челикот како конструктивен скелетен систем се наоѓа насекаде во
високата градба.

Систем за изградба на скелетни челични конструкции

2.11 Конструктивни дрвени системи

Традиционално, низ различните временски периоди, а особено во


средниот век, целиот Балкан е изграден според скелетниот систем на
дрвена конструкција. Дрвото како градежен материјал се среќава каде
и да постои човештвото. Затоа е и еден од градежните материјали кои се
одлични за архитектура. Кога го разработивме масивниот конструктивен
систем од камења, застанавме накратко, односно забележавме дека
47
Конструктивни системи и елементи

првиот кат од зградите е изграден со конструктивен дрвен систем за


градење. Бондрук-системот сè уште наоѓа одлична примена во
високоградбата денес. Во последно време, најголема апликација има
во САД за индивидуални станбени објекти. Овој конструктивен систем за
градење со дрво е познат како американски бондрук конструктивен
систем.
Насекаде наоѓаме масивни дрвени конструкции, почнувајќи од
руралната архитектура, како што се: домовите, колибите, мелниците,
училиштата, итн. Во урбаната архитектура. Овие архитектонски
конструкции заземаат место во историјата и оставаат траги во
архитектурата. Овој тип архитектонска конструкција е појдовна точка за
модерната дрвна конструкција денес.
Некогаш, овој вид архитектура беше елементарен за човекот, а
денес е создавањето убаво, еколошко, органско и здраво.

1, Дрвен столб,
2. Летви за зајакнување
3. Надворешната обвивка,
4. Воздушна површина,
5. Битуменска фолија,
6. Површина со даски,
7. Топлинск а изолација,
8. Воздушна површина,
9. Внатрешна обвивка.
Конструктивен скелетен систем на конструкции од дрво

Конструктивен систем на градба од дрво


48
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

2.11.1.1 Конструктивни дрвени системи - системи за градба на градби


од дрво

Системот бондрук со дрвена конструкција е филозофија на


традиционалните и националните поврзани сегменти во современата и
модерната архитектура.
Во последно време тој привлекува внимание како стабилен,
конструктивен систем со голема рамнотежа, но, исто така, е отпорен и
флексибилен на земјотреси.
Оваа архитектура денес ја претставува архитектурата на светот,
САД, Европа, Австралија, и така натаму. Тој е синоним за свежа
архитектура, со социјални, артикулирани, стимулирачки програми, но,
пред сè, амбиенталистички и еколошки. Во спротивно, овој конструктивен
систем во Соединетите Американски Држави, исто така, се нарекува
ИЗГРАДБА НА РАМКА (КОНСТРУКЦИЈА) ОД ЛЕСНО ДРВО. Овој систем за
изградба во САД е доминантен и комерцијален.

Современ систем на градби според бондрук-систем во САД - Американски


бондрук-систем

2.12 Меѓукатни конструкции

Меѓукатните конструкции се хоризонтални конструкции кои го делат


објектот вертикално (во висина) во катови. Најчесто и воглавно
меѓукатните конструкции се хоризонтални, но можат да бидат и коси и
кружни/лакови. Меѓукатните конструкции, како конструктивен елемент на
објектите, се појавуваат како потребни за вертокална поделба на
просторот на катови.
Од архитектонски аспект, дефиницијата за меѓукатна конструкција
има широко значење, понекогаш e тешко да се дефинира. Меѓукатни
конструкции се наменети за вертикална поделба на просторот, за
потребите на топлинските барања (топлинска изолација), звучна
изолација (акустика), интимни потреби и барања, итн.
49
Конструктивни системи и елементи

Презентирање на меѓукатната конструкција на градилиште

Плочите како составен елемент на меѓукатната конструкција се


поддржани/стојат на греди или ретко на крилјата на гредите - вути, додека
гредите и вутите се поддржани/лежат на статички вертикални носиви
елементи, потпорни/носиви ѕидови или столбови.

Дејството на товарите кај меѓукатната конструкција и постигнување рамнотежа

50
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Меѓукатната конструкција воглавно треба да ги задоволува следните


барања и критериуми:
- препорачливо е конструктивната просторна работа на
меѓукатниот панел и на распределбата на товарот да биде во два
ортогонални правци (меѓукатната конструкција да биде потпрена во
два правци);
-сите конструктивни елементи да ја имаат потребната
крутост/жилавост, цврстина;
-да ја имат минималната потребна дебелина;
- елементите на меѓукатниот панел треба активно да соработуват
со гредите како конструктивни спојни елементи;
- да бидат долготрајни (постојани, колку самиот објект);
- да бидат отпорни на пожар, вода, итн.;
- да бидат добри акустични и термички изолатори;
- да бидат економски оправдани како архитектонска реализација;
-да бидат способни да прифатат различни комбинации на
потенцијални товари кои можат да дејстуват во нив;
- да има деформабилни способности и да не вибрираат;
- да се изведуваат брзо и во согласност со барањата за времето
и технолошките можности;
- можност за индустриска реализација (префабрикација), итн.
Овие се само некои од основните барања кои мора да бидат
исполнети за изградба на меѓукатна конструкција. Меѓукатните
конструкции во однос на позицијата на реализацијата можат да бидат:
-конструктивен меѓукатен панел;
-конструктивен покривен панел (финална плоча, рамен кров,
градби на објекти изградени со рамни кровови).

Меѓукатна конструкција и завршен панел како меѓукатна конструкција

51
Конструктивни системи и елементи

Во текот на реализацијата, меѓукатната конструкцијата се прави


хоризонтална, но постојат случаи кога, поради функционални,
конструктивни, естетски или друг вид причини , меѓукатните конструкции
се реализират во облик на лак, коси, полукружни, сегментирани, итн.

Меѓукатна конструкција ослонета во еден правец, две страни

Ослонета плоча во еден правец Lx≤5.00 m , dp=Lx/25-30 ≥12 cm,


каде што: Lx - аксиолното растојание меѓу панели, dp –дебелина на плочата.

Товарите
над меѓукатната
конструкција

Рамнотежа

Вибрации

Отпорни на пожар

Акустика

Термика

Термичка
комформост

52
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Меѓукатната конструкција може да се ослони во еден ортогонален


правец или на два ортогонални правци.

Меѓукатна конструкција ослонета на еден и два ортогонални правци

Меѓукатните конструкции според материјалот што се користи за


нивна реализација можат да се поделат на:
1. масивни меѓукатни конструкции
(лачни од тули и камен, армирано-бетонски и полумонтажни и
монтажни системи);
2. меѓукатни конструкции од дрво;
3. комбинирани меѓукатни конструкции; и
4. метални меѓукатни конструкции.
Масивните меѓукатните конструкции се делат на:
a) лакчни меѓукатни конструкци од тули и камен;
б) армирано-бетонски меѓукатни конструкции:
- армирано-бетонски плочи,
- безгредни армирано-бетонски плочи,
- печуркасти армирано-бетонски плочи (плочи со капители),
- армирано-бетонски плочи зајакнати со греди,
- ситно-ребраста таваница,
- касетирани меѓукатни конструкции;
в) меѓукатни конструкции од полна и шуплива керамика и
олеснети бетони;
53
Конструктивни системи и елементи

г) меѓукатни конструкции „монта";


д) комбинирани меѓукатни конструкции;
ѓ) полумонтажни меѓукатни конструкции; и
е) монтажни меѓукатни конструкци.

,
Масивни меѓукатни конструкции од камен

Од статички аспект армирано-бетонските плочи можат да бидат:


прости и континуелни.

Тразверзални сили Тразверзални сили


Дијаграм на моменти Дијаграм на моменти

Проста армирано-бетонска плоча

54
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Дијаграм на моменти

Плоча ослонета во еден правец со испуст

Вклештена проста плоча и конзолна плоча

Дијаграм на моменти

Континуелна плоча

Дебелината на армирано-бетонските плочи добро е да биде со


парни броеви и тоа: 12, 14, 16, 18 и макс. 20 cm (24 cm за безгредни плочи).
Минималната дебелина на плочата се определува од формулата:
dp/lmin<1/5 или dp=lmin<0,3 , dp/lmin>0,2.

55
Конструктивни системи и елементи

Проста и вкрстена плоча

Проста армирано-бетонска плоча

56
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Оплата кај проста армирано-бетонска плоча

Плоча зајакната со вути

Детаљ на меѓукатна конструкција и на фасаден ѕид

57
Конструктивни системи и елементи

Армирано-бетонски греди,
Носива конструкција

Крстасто-амирана плоча кај скелетен систем за градба

58
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Греда 40/60 см

столб 40/40 см

Крстасто-армирана плоча кај скелетен систем за градба зајакната со вути

Зависно од условите за потпирање, крстато-армираната плоча


може да се презентира во шест карактеристични групи.

Шесте карактеристични можности на ослонување на крстасто-армирано бетонска


плоча

Распределба на товарите кај крстато-армирани плочи

59
Конструктивни системи и елементи

Паркет 2,2 см
Лепак
Кошулица 5 см
Плоча а.б 20 см
Термоизолација
Спуштен плафон

Абрит/малтер 2 см
Термоизолација 10 см
Блок 20
Малтер 2 см

Детаљ на крстасто-армирана плоча: паркет, лепак кошулица, термоизолација,


армирано-бетонска плоча и плафон

Пресек на печуркаста меѓукатна конструкција

60
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Основа и пресек на објект со печуркаста меѓукатна конструкција

плоча

ребро

Ситноребраста меѓукатна конструкција

61
Конструктивни системи и елементи

Касетирана меѓукатна конструкција

Меѓукатните конструкции од керамика и од лесен бетон имаат


широка апликација во изградбата на објектите, а бидејќи ја зголемуваат
акустичната и термичката изолација овие меѓукатни конструкции
вообичаено се полумонтажни или монтажни градби.

Полумонтажна меѓукатна конструкција систем монта-ферт

62
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Полумонтажна меѓукатна конструкција систем монта-ферт

2.13 Темелите кај објектите во високоградба

Темелите се конструкција (конструктивни елемети), кои ги примаат


сите товари од објектот и ги пренесуваат во земја. Темелите се најнискиот
конструктивен елемент, тие се вкопани во земја, односно се подземниот
дел на објектите.

ТЕМЕЛИ НА ОБЈЕКТОТ

Темелите се носиви конструктивни елементи кои ги примаат силите


од објектот и ги пренесуват во земјата, тие треба да бидат отпорни и
долготрајни, да се отпорни на подземни води и ниски теператури -
смрзнување, економски оправдани и лесни за изведба.

63
Конструктивни системи и елементи

Минимална длабочина на темелите е мин. 1.00 м (1,30)

На која длабочина треба да се вкопаат темелите, пред сè, зависи од:


- слоевите земја под темелите;
- товарите што ги прима темелот;
- длабочината на смрзнување на земјата (наши простори на мин.
80 см);
- подземните води;
- техниката на градење;
- видот и намената на објектот;
- подземниот дел на објектот (дали објектот има или нема подрум);
- дејстувањето на хоризонталните сили кај објектите, ветер,
земјотреси, и сл.

Армиранобетонс
ки темели

Армирано-бетонски темели со стопа и трака и само трака

64
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Темелите, зависно од нивната длабочина, можат да бидат плитки и


длабоки.
Според материјалите со кои се градат темелите можат да бидат:
- темели од камен,
- темели од тули,
- темели од набиен бетон,
- темели од армиран бетон,
- темеи од дрво, и
- темели од челик.
Плитките темели можеме да ги поделиме како: масивни темели, со
стопи (темели самци), тракасни или лентовидни, темели во форма
на скара и темелни плочи.
А, длабоките темели воглавно може да се поделат на: темели со
пилони, бунар, cessioms и темели со армирано-бетонски
дијафрагми.

Армирано-бетонска плоча со скарасни греди кај станбен објект

65
Конструктивни системи и елементи

Тракасни темели

Тракасни темели со стопи кај столбовите аплицирани кај еден соседен идивидуален
станбен објект

66
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

3. ЅИДОВИ И ОТВОРИ

Лачни конструктивни системи - сводови

Лакот преставува конструктивен елемент кој го поврзува просторот


помеѓу две потпорни точки, додека ја држи тежината (пр.: Лакот на
вратата или над прозорецот). Лакот има две изразени димензии: неговата
ширина и радиусот во однос на третата димензија(дебелината, односно
длабината).
Потребата да се добие поголема просторија за покривање,води до
употреба на конструктивен лушпен елемент, кој овозможува покривање
објекти без средна поддршка. Исто така, оваа категорија конструкции се
вбројуваат во групата на архитектонски просторни конструкции.

3.1.1 Функција на лакот-сводот

Лакот (конструктивен заоблен елемент) се користи за тавани-


хоризонтални носиви конструкции за прифаќање на сите позитивни
оптоварувања (подвижни товари и статички товари), како и на оние од
сопствената тежина (подот и таванот), и нив ги пренесува директно на
ослоните- потпорите кои можат да бидат носиви ѕидови (во масивниот
систем), и ретко во столбовите.

1. Централен камен
2. Трапезоидна страна
3. Надворешна страна
4. „Почеток"
5. Внатрешна страна
6. Греда
7. Чист простор
8. „Граница"

Лак и компоненти на лакот

67
Ѕидови и отвори

3.1.2 Материјал

Сводот (лакот) е конструктивен елемент и главно е натоварен со


притисок. Претходно сводовите биле градени од градежни материјали,
камен и тули. Во ерата на современите конструкции, преоптоварените
конструкции доминираат во заобленоста, додека модерните лакови се
поблиску до ова дејство, иако преовладуваат ефектите на свиткување и
на надолжните сили.
Лаковите во традиционалната архитектура, во различни историски
периоди, се претставени во различни форми преку кои се
идентификуваат различни стилови на архитектурата.

Сводови (лакови),римски, готски и исламски (арапски)

Лак од скршени и обработени камења со среден(централен) камен и


обработен лак изработени од тули

Лаковите претходно биле изградени со техника на ѕидање


(сврзување) на градежни материјали, а денес постојат различни
материјали и начини да се изградат. Лакот, исто така, може да биде
ослонет и на зглоб, така што лакот може да има три зглоба. Ако има
четврти зглоб, лакот тогаш ја губи стабилноста и се распаѓа.

Лак со три зглоба


68
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Стабилен лак со три зглоба и појава кога четвртиот зглоб нанесува


уривање на лакот
Сводовите прво се користеле во згради,како елементи: надвратници
и надпрозорници, пасажи, мостови, итн. Денес, тие се применуваат
насекаде во изградбата на високи згради, нискоградби, мостови,
индустриски објекти, итн. Оваа категорија конструкции се третира како
категорија на просторни конструкции.

Лакот на триумфалната порта во Скопје и во Париз


69
Ѕидови и отвори

елипсест лак со пет центри

Конструирање и одвојување лакови врз основа на презентација-


графички цртеж

Ѕидови, содржина и конструктивен концепт

Ѕидовите се познати како преградни ѕидови, носиви, елементи за


обвивка, фасади, и сл.
Откако човекот почнал да се грижи за исполнување на сопствените
потреби за постоење, бил свесен дека може да создаде и да гради. Со
тоа започнале градежништвото и архитектурата. Човекот започнал да ги
употребува градежните ѕидови за да се постигне заштита однадвор, за
да ги одвојува просториите и за да одговори на акустичните барања.

70
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Улогата на ѕидот во архитектонските високоградби може да биде


различна и честопати варира, на пр. армирано-бетонскиот ѕид во објект
исто така, може да биде конструктивен ѕид, така што да ги прифати
оптоварувањата од меѓукатната конструкција, потоа да го завитка
објектот, да го заштити од температурни промени, бучава, итн.
Од она што го знаеме за меѓукатните конструкции и конструктивните
системи во високоградбата, ѕидот може да биде носив и неносив, а
првата поделба наненосиви ѕидови може да биде:
- преграден/одвоен ѕид,
- фасадни ѕидови, и
- парапедни ѕидови.

Разни фасадни ѕидови


Ѕидот е конструктивен вертикален елемент кој има две димензии
(должина и висина) во однос на третата димензија: дебелина.

d-дебелина
b-должина

d: b> 1: 5 (дебелина наспроти


должина)

Планиметрија на sидот, презентација на должината и ширината на ѕидот

ФУНКЦИЈА НА SИДОТ: прима и пренесува товари, одвојува простори,


ја чува зградата и корисниците од надворешни влијанија, од менување на
температурата, ветерот, влагата, бучавата, прашината, притисокот од
почвата, пожарот, светлината, итн.

71
Ѕидови и отвори

Аксонометрија на ѕидовите, презентација на должина, ширина и на


висина
Носивиот ѕид, покрај главната функција на приемот на товарите од
меѓукатната конструкцијата, може да биде товарен и страничен, како
што се подрумските ѕидови. Овие ѕидови од различни причини се
реализираат и како странични–потпорни ѕидови во патишта, коси-
наклонети терени и така натаму.

Страничнооптоварени ѕидови

72
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Метани спојки

Комбинирани ѕидови од камен (тули) и од метални спојки

Подрумски ѕидови

Класификација на ѕидовите

Класификација на ѕидовите: примарни носиви ѕидови (кои примаат


конструктивни товари), и неносиви ѕидови (кои не носат конструктивни
товари). Оваа поделба е со конструктивни карактеристики, односно
според поделбата на конструктивните носиви системи.
Класификацијата може да се направи на неколку начини, и тоа според:
- позиционирањето на ѕидовите во зградата;
- начинот на нивната изградба;
- конструктивните карактеристики;
- градежниот материјал.
*** Забелешка: Истите ѕидови честопати одговараат на различни
класификации.
73
Ѕидови и отвори

- Според позиционирањето во зградата ѕидовите можат да бидат:


надворешни, внатрешни, на темели, подрумски, попречни или надолжни,
на скали, на парапети, итн.
- Според начинот на нивната изведба ѕидовите можат да бидат:
лиени ѕидови, префабрикувани, полуфабрикувани, повеќеслојни
(сендвич-ѕидови).
- Според градежниот материјал ѕидовите можат да бидат: од
природен камен, глинени тули или силикатни цигли, керамички тули со
дупки, мали блокови, големи блокови, панели, дрвени, и сл.
Ѕидаријата, односно, изградбата на ѕидовите во однос на
градежните материјали во голема мера зависи од техниката и од
технологијата на ѕидањето, затоа се појавува и поделбата според
технологија и градежниот материјал, и тоа:
- ѕидани (редени-кроени),со мали елементи, редени во одреден
ред и меѓусебно поврзани со поврзувачките материјали (малтери);
- со калапи, од материјали кои структурата ја прават хомогена:
лесна, неармирана, со армиран бетон;
- префабрикувани(монтажни), на мали панели, плочи, итн,
меѓусебно поврзани со елементи, компоненти или посебни конструкции;
- многуслојни (сендвич), воглавно од голем број многуслојни панели
поставени вертикално (за изолација);
- „ткаенини" кои го обвиваат скелетот на објектот или се закачуваат
на него (обично имаат содржина на повеќеслојни ѕидови);
Кога зборува за техниките на градење и за позиционирање на
ѕидовите, во нашата традиционална архитектура од минатиот век важна
игра, исто така, има одиграно и ѕидот каде што е поставено огништето.
Овој ѕид е познат како ѕид на огништето, подоцна оџак, денес ѕидот на
каминот, итн.

Ѕидови според позиции, внатрешни поделби и надворешна фасада

74
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Преградни ѕидови од гипсени картони изработени од челични скари -


метални профили

Тули ,,нути-федер“ и техника на ѕидање со цигли-блокови


Ѕидањето на ѕидовите во денешно време се изведува со печена-
глинена тула, со различни димензии, форми, тули со дупки, празнини,
блокови, итн.

Печени глинени тули со различни димензии


75
Ѕидови и отвори

Ѕидање ѕидови од бели тули-durisoll-silkapor

Термоизолација од надвор

Термоизолација од внатре

Повеќеслојни ѕидови – сендвич ѕидови


Повеќеслојните ѕидови имаат главно топлинска изолација и се
реализираат со:
• тули, блокови или панели:
- од глина,
- лесен бетон,
- од сипорекс,
- од гипс;

• термичка изолација:
- минерална волна,
- стиропор.

Посебни карактеристики на повеќеслојните ѕидови –сендвич-ѕидови


(носиви ѕидови, конструктивен однос - масивен систем за изградба)
76
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

1- малтер,
2. носечки ѕид,
3. топлинска изолација,
4. вентилација,
5. финален слој - ламинат,
6. скриена конструкција - двојни летви.

1. малтер,
2. носивѕид,
3. топлотна изолација,
4. вентилација,
5. завршен слој-метал (лим)
6. скриенаконструкција - метален профил.

1. малтер,
2. носив ѕид,
3. топлинска изолација,
4. вентилација,
5. завршен слој –фасадни тули,
6. скриена конструкција - метални котви.

1. малтер,
2. носив ѕид,
3. топлинска изолација,
4. вентилација,
5. конечен слој - малтерисана тула,
6. скриена конструкција - метални котви.

1. bondruk
2. топлинска изолација,
3. простор за вентилација -
вентилациона мушама – кабаница,
4. завршен слој – bondruk .

77
Ѕидови и отвори

Кога станува збор за Повеќеслојни ѕидови – сендвич-ѕидови, освен


што може да бидат надворешни, односно фасадни,тие се
карактеристични и затоа што имаат изолационен материјал и таа
изолација има и акустична улога. Овие ѕидови може да бидат внатрешни
и повеќеслојни (разделни) ѕидови.
Главно се применуваат за делење на становите едни од други, во
високоградби за колективно домување и имаат заштитна улога од
акустика -бучава, односно тие се заштита на семејниот интегритет. Во
колективните живеалишта овој тип одвојувачки ѕид се користи и помеѓу
заедничките простории, ходникот и интимниот простор за живеење-
становите. Акустичните сендвич-ѕидови се користат во речиси сите видови
поделба на просториите со интегритет и поинаква позиција, како што се
поделбата помеѓу бизнис-површини (простории) едни оддруги,
канцеларии, училници во училиштата, простории за предавања, итн.
Во последно време сендвич-ѕидот игра важна улога и има голема
примена во категоријата на поделбата на соби и други простории во
објекти, како што се хотели, мотели, студентските домови. Потоа, во
здравствените установи и болници и во многу други објекти.
Во категоријатасендвич-ѕидови во последно време,со забрзаниот
технолошки развој,наоѓа голема примена употребата на гипс-картон
ѕидовите (ригипсот), особено видовите ѕидови кои ги препорачува добро
позната фирма „Кнауф".

Малтер -1,5 см Паркет - 2,2 см


Блок - 12 см Кошулица - 5 см
Термоизолација - 5см Термоизолација
Блок -12см А.б плоча - 20 см
Малтер -1,5 см Ак. изолација - 5см
Гипс плочи - 1,25 см

Повеќеслојни ѕидови - сендвич и поднапостелнина во хотелски објект

Сендвич-ѕидовите може да се реализираат и од гипсени картони кои


имаат голем замав во нивната примена, во сите можни форми на
внатрешна изградба - ентериерот. Гипс-картоните се монтираат на
посебни метални профили, подготвени во форма на скара. Во нив може
да се постават и разни видови инсталации за вода, канализација,
78
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

електрична енергија, интернет, греење, вентилација, итн. Металните


профили се многу лесни, практични и невидливи. Наместо метални
профили може да се користи дури и монтажна изградба на ригипсот од
дрво, летви и други карактеристични носачи, но оваа апликација сега има
најголема примена во конструктивниот бондрук-систем,системот
дрвена конструкција.
Гипс-плочките во последно време имаат важна улога во техниката
на забрзување на изградбата со заменување на првиот слој на малтер,
на тој начин што се става врз тули, се лепи и потоа се изведува конечниот
слој.

1. панели од гипс-картони,
2. термоизолација,
3. простор за вентилација - вентилациона
,,мушама-кабаница" "
4. скриена конструкција - алуминиумски
профили,
5. Гипс-панели.

Повеќеслојни ѕидови – сендвич-прегради од гипс-панели

79
Ѕидови и отвори

Примена на цврстина, гипс-картон на карактеристични ѕидови


Поинаку оваа категорија ѕидови се нарекуваимпровизирани ѕидови.
Импровизираните ѕидови се фабрикувани (не се користи ѕидарски
малтер) со спојувачки елементи, кои меѓусебно се поврзани со клинци,
завртки или други поврзувачки средства. Во денешната архитектура се
познати како разделни ѕидови, монтажа со готови панели.

Поделба на ѕидовите според изградбата:

- ѕидови според начинот на ѕидање (според материјалот):


со камен, со тули и блокови;
- според излевањето:
бетон и армиран бетон.
- според монтирањето:
монолитни, полуфабрикувани и фабрикувани.

Поделба на ѕидовите според омотот на објектот:

- внатрешни ѕидови, и
- надворешни ѕидови.

80
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Со Еврокод 6 е дефинирана употребата на следниве блокови за


ѕидање на носиви ѕидови (конструктивни, основни):

- шамот-блокови, вклучувајќи и лесни блокови од глина;


- силикатнии класични блокови;
- бетонски блокови (од лесен и едноставен бетон);
- индустриски блокови од камен;
- блокови направени од природен камен.

Сите овие блокови мора да ги исполнуваат критериумите за квалитет,


какошто е опишано во соодветните европски стандарди (EN 771-1-6).

Блокови за носиви ѕидови

Табела: Типични вредности на составот и на јакоста на малтерот за


општа употреба

Тип на Средна јакост на Волуметриски делови на средството за


малтерот притисокот поврзување
Цемент Вар хидра. Песок

M2 2.5 MPa 1 1.25 - 2.50


M5 5.0 MPa 1 0.50 -1.25 2.25-3.00 пати
цемент во вар
M10 10.0 MPa 1 0.25 -0.50
M20 20.0 MPa 1 0.00 -0.25

81
Ѕидови и отвори

Цeрклажи - појаси на ѕидот

Појасите (серклажите) се изработени од армиран бетон и челик, а


според нивната положба на ѕидовите, можат да бидат: хоризонтални и
вертикални.

Систем со зајакната ѕидарија со хоризонтални и вертикални серклажи


а) армирана ѕидарија, б) армиран бетон

Систем на ѕидарија зајакната со серклажи од метални елементи

Ѕидарија-ѕидани ѕидови со арматура

Постојат неколку начини како може да се користи арматурата во


ѕиданите ѕидови, но тие воглавно можат да се поделат на:
- ѕидови од шупливи тули - армирани;
- ѕидови од шупливи тули - армирани, исполнети со бетон;
- армирани ѕидови со арматура поставена во ребра.

82
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Ѕидарија со шупливи тули - армирана (ЕВРОКОД 6)

Ѕидарија зајакната со арматура (ЕВРОКОД 6)

Ѕидарија зајакната со арматура во шупливи делови на ѕидот - џебови


(ЕВРОКОД 6)

Зајакната ѕидарија во објект за индивидуално домување

83
Ѕидови и отвори

Категоријата ѕидови-зајакнати со серклажи, без оглед дали се


хоризонтални или вертикални, се ѕидови кои се изградени во зони со
висока сеизмичност, како што се нашиот регион и целиот Балкан. Во овие
области, според Еурокод 6, каде што се третира проектирањето на
ѕидарски конструкции, покрај зајакнувањето со серклажи, мора да се
внимава и во хоризонталното отстапување на вертикалното поставување
на ѕидовите, што не смее да биде повеќе од 5см или 2см на кат. Ова
барање треба да се третира задолжително поради дозволените
преместувања во објекти за време на сеизмичките дејствија.

Отстапувања кај ѕидарските ѕидови


Ѕидарскиот систем може да се реализира со ѕидање ѕидови од
керамички тули, бетонски тули, глинени блокови, бетонски блокови, лесни
бетонски блокови, блоковидурисол, стаклени блокови, итн.
Ѕидаријата со овој систем се врши со продолжен малтер и врзни
фуги од околу 10 мм.
Блоковите дурисол се произведуваат од дрвени исечоци на кои им
се додаваат хемиски соединенија, кои го минерализираат дрвото, што
во овој случај го претставува агрегатот, додека врската е направена со
цемент. Тие се добри термички изолатори, не ги напаѓаат инсекти и се
огноотпорни. Лесните бетонски блокови се произведуваат со модуларни
мерки од 10cm. Со нив се ѕидаат надворешните ѕидови.
84
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Дурисол-блокови и нивната примена во ѕидарскиот систем

Бетонски блокови и нивната примена во ѕидарскиот систем


Доколку модулот не се почитува како во планиметријата (основите),
истотака, и во висина кога се ѕида со бетонски ѕидови, тогаш има
стагнација (грешки) и несоодветен начин на ѕидање. Оттука постојат
соодветни прописи за ѕидање. На сликата подолу се прикажува
модулацијата на ѕидањето со бетонски блокови.

85
Ѕидови и отвори

Модул на ѕидот со отвори, ѕидарски систем

3.5.1 Бетонски ѕидови

Бетонските ѕидови воглавно се од конструктивен карактер. За ова


повеќе разјаснување има во поглавјето за конструктивниот масивен
систем за изградба. Во смисла на реализација, бетонските ѕидови може
да се изведуваат на лице место (во градилиште), може да бидат
полумонтажни и монтажни.
Бетонските носиви ѕидови се изведуваат воглавно од армиран бетон.
Бетонските ѕидови изведени во градилиште може да бидат:
а) набиени во двострана оплата;
б) со вграден бетон на еднострана оплата;
в) со вграден бетон во мрежа, без оплата (калапи).

Ѕид изработен од армиран бетон, набиен во двострана оплата


Бетонските ѕидови, исто така, можат да бидат и како преградни
ѕидови, но овие ѕидови не се целосно армирани, туку само во
периметарот. Од една страна се изведува оплатирањето, а бетонот се
вградува од другата страна. Дебелината на овие ѕидови е 4 – 7см.
86
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Арматурата се поставува откако ќе биде вградена половина од


дебелината на бетонот.

Преграден ѕид од армиран бетон


Бетонските ѕидови се користат само кога ѕидовите носат тежок товар,
припотребата за голема еластичност, сеизмички барања, итн. Овие
ѕидови немаат добри својства, тие се лош термички и акустичен изолатор.
Во последно време арматурата како феномен за зајакнување и за
носење на зтегнување во бетонот, таа се заменува со влакна и на тој
начин се појавуваат бетонски ѕидови со фибер-бетон. Бетонските влакна
во градежништвото вклучуваат полипропиленско влакно-микро-влакна
зајакнати со нерѓосувачки челик и синтетички макро влакна.

Микробетонски влакна и макрочелични влакна


Бетонските влакна (полипропиленово влакно) се микро зајакнувачки
систем кој може да се користи во бетонски мешавини, малтер, блокови,
гипс, битуменски мешавини, прелиен бетон и лесен бетон. Резултатите
покажани на терен, како и од научната страна, покажуваат дека објектите
изградени со полипропиленово влакно (од фибер-бетон) се на највисоко
ниво на перформанси во сите околности и услови на градба. Архитекти,
инженери и релевантен академски кадар, кои работат на различни
проекти во различни делови од светот, не се грижат кога станува збор за
употребата на полипропиленски влакна и сите тие се согласуваат дека
нивната корисност во градежништвото е повеќекратна (економична,
брзина при градба, квалитет, јакост, и
здржливост, и сл.).

87
Ѕидови и отвори

Микробетонски блокови, блокови и нивна примена во ѕидови

Бетонски влакна и нивно нанесување на фасадни ѕидови

Дрвени ѕидови

Дрвото и каменот се меѓу најстарите градежни материјали што ги


користи човекот за изградба, дури и за изградба на ѕидови. Дрвените
ѕидови се дел од фасадата, но, исто така, се и носиви. Конструктивниот
систем-бондрук и дрвените ѕидови, како употребен материјал, се дел од
нашата традиционална архитектура во минатото. Комбинирањето на
дрво, слама или папрат и кал (земја), може да се најде во секој дом од
минатиот век, изграден до 70-тите, не само кај нас туку и во светот. Може
да се сретнат дури и ѕидовикои се изградени само од дрво.

88
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Дрвени ѕидови во нашата традиционална архитектура


Денес дрвото се употребува и во модерни системи за изградба на
ѕидовите на системот бондрук, американскиот бодрук-систем,
австралиски, итн. Но, исто така, и за обложубање на ѕидот, односно
декорација.
Дрвото му дава карактер на ѕидот и придобивки со висок
декоративен избор.
Постојат бројни можности ѕидовите да бидат обложени со дрво во сите
простории на куќата:
- дрвена облога со селски дух,
- дрвена облога со современ дух,
- дрвена облога со скандинавски дух,
- дрвена облога со егзотичен дух.

Внатрешни ѕидни облоги

Дрвена облога, екстериер

89
Ѕидови и отвори

Метални ѕидови

Често се поставува прашањето дали мазните површини можат да се


направат од други материјали, а не од гипс или дрво? Да, и тоа од метал,
цинк, хром, сребро, злато, итн.
Покрај тоа, полирани површини можат да бидат направени од
малтер, исто така, можат да бидат направени од метал, лим, изолациони
метални панели, превлеки од метални лимови, метални површини од
метал, метални фасади, метални фасади во комбинација со стакло-
полуструктурални, итн.
Тоа значи дека дури и металните ѕидови можат да бидат надворешни
ѕидови на фасадата, преградни, внатрешни, но, исто така, и термички
ѕидови, итн., на некој архитектонски објект.

1. ребрест лим,
2. термизација (стиродур),
3. метални профили,
4. керамички блок,
5. малтер-фуга,
6. греда од а.б.,
7. плоча а.б. (меѓукатна
констр.),
8. термичка изолација,
9. бетонска кошулка,
10.керамички плочки,
11. внатрешен малтер.

Метална фасадна ѕидна облога, рамен лим и реберест лим

90
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Гипс-картон

Метални
профили

Аголно зајакнување

Детаљ наметаленпреграден ѕид


Металните ѕидови стануваат секојдневни, особено од хромиод
цинквобањииво санитарнијазли, бидејќи овие метали не ја пропуштаат
водата. Цинкот и хромот не кородираат и не се собираат бактерии, при
што на ѕидовите не се појавува не сакана влажност која се инфилтрира
како мувла. Од друга страна, декоративните елементии декоративните
површини во внатрешноста иво надворешноста кај современата
архитектура доминираат со метални ѕидови (завршна финална
површина).

Ѕидови во бањи со финална обработка од метали

91
Ѕидови и отвори

Фасадни ѕидови со завршна обработка од метали

Камени ѕидови

Каменот како градежен материјал се користи за ѕидање потпорни


ѕидови, преградни, итн. Во последно време изразено е обложувањето со
камен (парчиња) од камен. Воглавно за ѕидање ѕидови се користат
полуобработени и преработени камења, скршен камен и камени
блокови.

Ѕидарѕки камења, парчиња од камен, скршени камења и обработени


камења

Објекти изведени од камени ѕидови


92
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Од камените ѕидови во современата архитектура значајни се


обложените камени ѕидови, камените плочи и обработените камења,
како што се гранитот, мермерот, травертинот, итн.
Гранитот наоѓа широка примена, како во ентериерот, така и во
надворешниот и во внатрешниот дизајн, истакнувајќи ја комбинацијата на
гранитни ѕидови и на метални површини.
Каменот во архитектурата е претставен како природен градежен
материјал со минерално потекло, со што се симболизира јакоста,
издржливост, и еколошко чиста.

Гранит (ѕидни плочки) за ѕидни облоги

Ѕидови со обработени камени плочи


93
Ѕидови и отвори

Стени на стакло

Стаклените ѕидови, како првите градежни блокови, беа употребени


во 70-тите години на минатиот век, кога стаклените цигли (стаклените
призмите) ¨копилит¨ (профили).
Стаклените ѕидови за првпат беа употребени во 70-тите години од
минатиот век, и тоа со стаклени цигли (стаклени призми) и „копилит“
(профили).
Овие ѕидови најдоа примена во многу простории и денес се дел од
внатрешната и од надворешната архитектура. Па, дури и стаклените
ѕидови можаат да бидат надворешни, внатрешни, преградни, фасадни,
итн.

Стаклени тули и нивната примена за ѕидови

Стаклените ѕидови се изградени од стаклени призми, кои се


разликуваат како:
1. стаклени тули - празни (квадратни) со димензии: 25x8x12.5cm или
20x20x 8cm;
2. стаклени тули - празни (квадратни)и отворени на дното, со
димензии: 25x12.5 x7.5cm;

94
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

3. стаклени тули - празни, со неправилна форма, со димензии:


20x14x11.5cm или 10x10x9cm;
4. луксфер (двојни) застаклени плочки, со димензии: 15.5x15.5x 5cm;
5. кружна стаклена призма со Ø = 16 см.
Претходно pреградните ѕидови од стаклосе направени од стаклени
плочки ,,СОЛФАЖ“, и се зацврстени со готови ребра изработени од
армиран бетон. Кај овие типови стаклени ѕидови значајна улога имаат
зацврстувањата на ребрата и нивното поврзување со меѓукатната
конструкцијата и со другите ѕидови од објектот. Освен овој тип се користи
и друг тип преградни ѕидови од стакло и од бетон, односно стаклени
прегради од два дела ,,ЛУКСФЕР“.

Стаклени панели ,,СОЛФАЖ“ со готови ребра од армиран бетон

95
Ѕидови и отвори

Стаклен преграден ѕид ,,ЛУКСфЕР“

3.9.1 Надворешни ѕидови (фасади од стакло)

Денес надворешните ѕидови од стаклосе импресивен композит и се


применуваат во секојдневен живот. Постои можна комбинација од
метални и од други материјали, познати како структурални и
полуструктурални фасади.

Примена на стакло во фасадни ѕидови

96
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4. ВЕРТИКАЛНИ КОМУНИКАЦИИ

4.1 Скали, типови, структура (конструкција) и функција

4.1.1 Вертикална комуникација

Скалите кај објектите служат за вертикална комуникација, односно


за комуникација помеѓу катовите кои стојат на различни височини. Од ова
можеме да заклучиме дека скалите се главен архитектонски елемент,
па и конструктивен дел кај објектот.

Пресек на скали кај објект, како главна комуникација меѓу катовите

97
Вертикални комуникации - скали

Пресек низ скали кај индивидуален станбен објект - По+Пр+1. кат

98
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Значи, скалите служеле низ вековите, а служат и денес за движење


во вертикална положба кај објектите, од праисториските објекти до
денешните облакодери (Акропол во Атина, објетот Бур Дубаи Калифат,
и сл.), нема објект без скали.
Скалите се користат и за вертикална комуникација (и кај објектите и
просториите) и во косина, за подигнување на просторот од едно во друго
ниво.

Скалите како вертикална комуникација низ различни нивоа на теренот

Скали изведени кај индивидуален станбен објект

99
Вертикални комуникации - скали

Скалите претставуваат главна вертикална комуникација кај


станбените објекти, но и кај комерцијалните, индустриските, верските, и
социјалните објекти, итн, кај објектите со височина до четири и пет ката.
Кај индивидуалните станбени објекти скалите се основната
вертикална комуникација, при што може да се каже дека и кај некои
колективни станбени згради се единствени елементи за вертикална
комуникација меѓу катовите во вертикала. Кај објектите над три ката, како
височина во вертикала, освен скалите за вертикална комуникација,
задолжително се поставува лифт.
Освен комуникацијата за луѓе помеѓу катовите, скалите се користат
и за проток на стока и други предмети.

Пресек и реалазација на скалите кај индивидуален станбен објект

Погрешно поставување рампа кај скали (рампата наместо да служи за


комуникација на стока, и сл., таа е ризик за комуникација на децата)
100
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Просторот за скали и јадрото за лифтот претставуваат конструктивна


единица во глобалниот систем, а јадрото на лифтот, во случаи кога е од
армиран бетон, претставуа структура (конструкција) која е интегрален
систем во самиот конструктивен систем.

Скали и јадро на лифт кај колектвна станбена зграда

Од архитектонско-функционален аспект скалите треба да


обезбедат удобна вертикална комуникација.
Од конструктивен аспект скалите треба да бидат сигурни, треба да
бидат стабилни, особено за време на експлатациони случаи кај објектите
со голема фреквенција, различни панични случаи, пожари, земјотреси,
итн.
Овие факти покажуваат дека проектирањето и конструктивното
решение кај скалите се две сериозни задачи, па и одговорни за
проектантот.

Шематски приказ - сфаќање на одговорноста на скалите

101
Вертикални комуникации - скали

Добар пример на скали во индивидуална станбена зграда, решение за


движење ивалиди - проектирање без бариери и пример со бариери,
поставување подвижна лизгава рампа кај индивидуален станбен објект

4.2 Видови скали

Скалите во зависност од локацијата, архитектонската функција,


конструктивниот систем, како и од материјалот за обработка, можат да
бидат поделени во повеќе групи.
Според функционалноста и според архитектонско- конструктивниот
систем, се разликиуваат повеќе видови скали.
Во зависност од позицијата на објектот скалите можат да бидат:
- надворешни скали - го поврзуват објектот со надворешниот
простор, дворот и патот;
- внатрешни скали - служат за внатрешна врска на објектот, ги
поврзуват катовите еден со друг.

Надворешни скали кај индивидуални станбени објекти

102
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Внатрешни скали кај индивидуални станбени објекти

4.2.1 Поделба на скалите според значењето и употребата

Според значењето и употребата, скалите може да бидат:


- главни (клучни) скали - служат за главна комуникација во зградата;
- помошни скали - служат за манипулација во случај кога главните скали
се многу од далечени (од далечноста на скалите не смее да биде повеќе
од 30 м), а воглавно кај подолгите објекти (станбени колективни згради со
поголема височина од Н=21,00 м, хотели и слично), служат, односно се
појавуаат, како противпожарни скали;
- интерни скали-воглавно се појавуваат кај објекти со поголема
површина, како што се: хотели, трговско-комерцијални објекти, итн.

Позиција на главните, помошните, надворешните и интерните скали кај


објектите
103
Вертикални комуникации - скали

4.2.2 Поделба на скалите според катноста

Според катовите скалите можат да бидат:


- визбени (подрумски) - за поврзување на подрумот со приземјето;
- катни - за поврзување меѓу катовите;
- тавански – за поврзување на последниот кат со таванот.

Тавански скали кај објектите

4.2.3 Поделба на скалите според нивните краци

Според краците скалите можат да бидат поделини на:


- еднокраки,
- двокраки,
- трикраки
- четирикраки,
- повеќекраки.

Видови скали според краците

104
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Потоа, скалите можат да се поделат и според правецот на


движењето и според правецот на кракот.
Според правецот на движењето скалите се делат на:
- леви скали, и
- десни скали.
Според правецот на кракот скалите се делат на:
- прави,
- искршени,
- спирални (дел од круг),
- кружни, и
- завојни (вртливи).

Еднокраки и двокраки скали

Трикраки скали
105
Вертикални комуникации - скали

Четирикраки скали

Еднокраки и двокраки скали според правецот на движењето - леви и десни

Видови скали според правецот на движењето - во основа


106
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Видови скали со правец на движење на дел од кругот и кружни

Аксонометриско покажување на еднокраки, двокраки, трикраки и на


четирикраки скали

107
Вертикални комуникации - скали

4.2.4 Елементи на скалишниот простор

Секој дел од скалите има свое име за да може да се разликува во


техничката документација, а тие се:
- скалишен простор,
- крак на скалите,
- одморалиште (подест),
- простор меѓу скалишните краци,
- образи на скалите,
- широчина на скалишниот крак,
- линија на одот/движењето,
- приоден појдовен скалник (прва скала),
- излезен дојдовен скалник (последен скалник),
- газиште,
- височина на скалникот,
- корисна ширина на скалишниот крак (се смета растојанието
од ѕидот до оградата),
- ограда,
- бунар - отвор помеѓу скалите.

ПОДЕСТ НА
СКАЛИ
ПОМЕЃУ
КРАЦИТЕ

ПРИРОДНА
ВЕНТИЛАЦИЈА И
ОСВЕТЛУВАЊЕ

Елементи на скалите кај двокраки скали


108
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Кракот на скалите е површината на скалниците од приодниот


(првиот) скалник до последниот скалник или меѓу едно или повеќе
одморалишта.

Кракови на скали, кај двокраки скали со одморалиште

Одморалиштето (подестот) на скалите е хоризонтална рамна


површина измеѓу два скалишни крака. Скалишниот крак кај
индивидуални станбени згради вообичаено е со 11 скалници, а
максимум може да има 15 скалници, односно 16 висини. Должината на
скалишниот подест е поврзана со бројот на чекорите кои ќе се направат
при движењето по скалите. Кај станбените скали во поголеми случаи
скалишниот подест е меѓу катните конструкции и во самата
хоризонтална површина на ходникот на катот (меѓукатна конструкција).

109
Вертикални комуникации - скали

Подест на скали кај двокраки скали


Скалникот на скалите се состои од една висина и една ширина на
скалите, односно, гледајќи го пресекот на скалите, тријаголниот дел на
скалите претставува еден скалник.

Скалник кај скали, презентирање на едне скалник на скали

Димензии - ширина на подест, скалишен крак и агол на подигнување скали


кај двокраки скали
110
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Пресек на монтажни двокраки скали со составните елементи на скалите

4.2.5 Архитектонски и конструктивни елементи на скалите

Корисна ширина на скалите


Во зависност од фреквенцијата на луѓето кои ги користат скалите, за
корисна ширина на скалите се смета растојанието на скалишниот крак
од скалишната слободна страна, каде што е сместена оградата, до
ѕидот или, пак, меѓу две слободни страни (огради).

Ширината на кракот на скалите зависи од фреквенцијата на луѓето кои ги


користат скалите

111
Вертикални комуникации - скали

4.2.6 Висина на рампата на скалите

Висината на рампата на скалите е височината над хоризонталната


површина на басамакот (скалникот, газиштето) до долната површина на
рампата (под рампата) која се наоѓа горе. Секогаш се мери од
надворешниот дел (работ на басамакот – газиштето). Оваа висина не
може да биде помала од 200 см, односно 220 см.

Минималната висина под рампата и форми (начини) како би се дошло под


рампата

Графичко презентирање скали со минимална висина под рампа и помеѓу


подестот

112
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.2.7 Бунар на скалите (простор меѓу скалишните краци)

Просторот меѓу скалишните краци (во некои литератури наречен


бунар на скалите) е простор што се формира меѓу две паралелни
рампи на скалишните краци. Ретко се проектираат скали без бунар на
скалите меѓу паралелните краци. Ширината на бунарот воглавно зависи
од одбранбениот материјал (финалниот слој на скалите). Вообичаено се
движи од 10 см до 30 см (50 см), во некои случаи е и поголема.

БУНАР НА СКАЛИ

Отворе бунар Бунар со ѕид

Бунар со столбови Скали бес бунар

Скалишен простор меѓу скали - бунар на скали

4.2.8 Линија на подигнување кај скали

Линијата на подигнување кај скалите е соединување на рабовите на


басамаците (скалниците) кај една рампа како линија.

СЕКУНДАРНИ СКАЛИ КАЈ ИНДУСТРИСКИ СТАНБЕН ОБЈЕКТ

СКАЛИ КАЈ ОБЈЕКТИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ СКАЛИ КАЈ ОПШТЕСТВЕНИ ОБЈЕКТИ

Линија на подигнување кај скали


113
Вертикални комуникации - скали

4.2.9 Агол на рампа

Аголот на рампа е линија што се формира меѓу линијата на


подигнување и хоризонталната рамнина.

Аголи на рампа кај различни скали

114
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

газиштата/скалникот/

висина
Односот на

Агли на рампа кај различни скали според удобноста на движење,


презентирани со боја. 1. Тешки скали - употребени кај тавани, и сл. 2. Стрмни
скали.3. Лесни скали - удобни за движење. 4. Подвижни скали и рампи.

4.3 Линија (правец) на движење кај скали

Линијата (правецот) на движење кај скалите е линијата преку која


човекот се качува (се движи) по скалите. Кај скалите со права рампа
скалниците (басамаците, газиштата) имаат иста ширина, па поради тоа
не претставуват посебен премин и, исто така, се означуват право во
средината на скалите (или цикцак, како на сликата, така таканаречените
јапански скали).
115
Вертикални комуникации - скали

Линија (правец на движење кај скали, во основа и пресек

Линија (правец) на движење кај цикцак скали

Реализирани цикцак скали (јапонски скали)


116
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.4 Пресметка, димензионирање, графички приказ

Скалите мора да бидат прифатливи (удобни, униформни и


безбедни) при користењето, односно при движењето на луѓето. Тоа
зависи од аголот на наклонот, односно од односот помеѓу висината и
должината на газиштето на скалите.
Висина (В-h) и (Ш-b) широчина на скалите

Височина и широчина на еден скалник

Скалите, и при проектирање и при изведба, треба да се состојат од


целосен број скалници кои имаат иста висина, и газиштата во целосниот
крак на скалите.
Висината и ширината на скалите се определуваат со правилато на
нивниот сооднос меѓу себе, а таа пропорција се утврдува со страната
на чекорот на возрасен човек, кој е 61 - 63 (64) cm.

2B+Ш=62-64( 61-63) cm

В – висина на скалник (газиште),


Ш – ширина на скалник (газиште).
Во случај кога В оди кон нула, тогаш Ш=62-64 спротивно. Оваа
равенка има значење до одредени границии.
117
Вертикални комуникации - скали

Движење, човечки чекор во хоризонтала и во вертикала

Формулата 2Ш+В = 62-63 (64) cm


важи за пресметка на висината на скалите, која е 14-19 cm.
За скала со висина до 24 см, за да се избегне премногу големи
газишта, се користи формулата:

В+Ш=47- 48 cm
За скали со висина над 19 cm се употребува и формулата:

В x Ш=500 cm2

РАЗМЕР НА КАЧУВАЊЕ 20/23 см

РАЗМЕР НА КАЧУВАЊЕ 17/29 см

РАЗМЕР НА КАЧУВАЊЕ 14/36см

Висина и должина на чекор кај скали


118
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Според нагибот на подигнување скалите ги делиме на:


- рампи:10-15 º,
- скалишни рампи: до 20 º,
- удобни скали: до 24 º,
- комфорни скали: до 30 º (скали за станови),
- скали со голем пад: до 40 º,
- скали за визби и за тавани: 45 º,
- лифтови: 90 º.

Подолу е прикажана графичка презентација на скали за еден


објект - индивидуална станбена зграда: По+Пр+1+Пк - во основа

Основа на скали во подрум, почеток на скалите

119
Вертикални комуникации - скали

Оснава на приземје и на прв кат

Основа на поткровје

120
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.5 Определување на висината на скалник (газиште), во


ситуација кога се знае висината на катот

Пример: станбен објект со катна висина: H = 3,05 m (висина на меѓукатна


конструкција, соодветно од подот до подот).
Прво, примарно е определување на висината на скалникот: h (В)= 16
см.
Оттука следува:
н=H/В=305/16=19,06 број на скали.
Од претходново се заклучува дека има 19 скали, затоа што бројот на
скалите секогаш треба да биде во полн број. Ако за n=20 скали/висини,
тогаш:
В=H/n=305/20=15,25 висина на скални – ова може
Во случајов има 20 скли со висина од 15,25 cm.
Откако ја определивме висината на скалникот (висината на
басамакот), многу лесно можеме да ја определиме и ширината на
газиштето.
2В+ Ш = 61-63 (64) cm
B=63 - 2 x 15,25=63-30,5=32,50

Аксонометриско презентирање на пресметаните двокраки скали кај станбен


објект

121
Вертикални комуникации - скали

Ширината на скалишниот крак, пред сè, зависи од бројот на катовите


(етажноста на објектот).
- До Пр+1 кат -1,10 m.
- До Пр +2 ката -1,20 m.
- До Пр +3 ката -1,30 m.
- Над 5 ката - 1,50 m.

Корисна ширина кај крак на скали


Задача:
Кај станбен објект со катна висина, меѓукатна висина H= 3,20 m, да
се определи бројот на скалите и висината на скалникот?

LSH=должина на скали, скалишен


простор,
LK= должина на скалишен крак,
P= должина на подест,
B= ширина на подест,
A= ширина на скалишен подест,
b= ширина на скалник (газиште).
n= број на скали,
h= висина на скалник,
H= висина на кат.
За станбени објекти, врз
основа на Правилникот за

122
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

проектирање на висината на скали, се предвидува висина од 15 см,


максимум до 17 см. H=15-17 см.
Усвојуваме височина на скалите h=16 см
n= H/h= 320/16= 20
За висината на кат се потребни 20 скали со височина од 16 cm.
За да ја определиме ширината на газиштето ќе ја примениме
формулата:

2h+b=61-63(64)
b=63-2h=63-2x16=63-32=31 cm.
b=31 cm.
Знаци за една висина на кат од 320 см:
n=20 - скали,
h=16 cm – висина на скалиникот,
b=31 cm – ширина на скалникот – газиштето,
L- должината на кракот на скалите ќе биде:
L=b x n/2-1= за два крака – скалите се предвидени двокраки,
L= 31 x 20/2 -1= 31 x 10-1=31 x 9=297
Кракот на скалите ќе има 10 височини и 9 газишта.
Кога имаме двокраки скали, должината на подестот P мин. е колку
должината на кракот A.
Задача:
H=310
h= се усвојува16 cm n - бројот на скали,
n = H/h = 310/16=19.375
Секогаш определуваме полн број скали, значи n=20, 20 скали за
катна висина од 310 см.
h=H/n=310/20=15,5 cm
Висината на скаликот е 15. 5 см.
2h+b=63
B=63-32=32 cm.
Ширината на газиштето е 32 см.
::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

123
Вертикални комуникации - скали

Друг пример за скали - кога катната висина е 306 см.


H=306 cm
Усвојуваме полн број скали n=20.
h=H/n=306/18=17 cm
2h+b=63
B=63-34=31 cm.
Определуваме 18 скали со висина од 17 см и ширина од 31 см.

Задача:
Да се пресметаат скалниците за еден општествен објект, скалите се
двокраки во еден правец на движење, каде што висината на катот е
H=360 cm.

Димензионирање

Усвојуваме висина на скалник: h=15 cm

n=H/h=360/15=24 скали или 360/24=15


h=15 cm - висина на скалник
n=24 - број на скалници
Газиштето на скалникот е:
b=63-2h=63-2x15=33 cm.
Скалите се двокраки во еден правец 24:2=12
L1=L3= 11 x 33= 363 cm
L2=n x 63 + b= 2x 63 +33=169 cm

124
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.6 Конструктивни елементи и материјали кај скалите

КОНСТРУКЦИЈА Се определува во зависност од можностите за


вертикална конструкција, конструктивниот систем, конструктивниот чекор,
итн. Таа е составена од специјални скалници (газишта) или приклучни
(споени) во плочи (рампи), коси и рамни, кои се потпираат на носиви
ѕидови или греди, конзола или плочи.
Претежно скалишните конструктивни системи се состојат од греди и
елементи на плочи, што може да се реши на различни начини и форми.

.
Конструкција на армирано-бетонски двокраки скали, конструктивни
елементи армирано-бетонски коси и рамни плочи и греди.
Скалите како вертикална врска (комуникација) на различни
висински површини, како што видовме, може да се реализират (изведат)
од различни градежни материјали. Но, денес најголемата употреба се
наоѓа кај скалите реализирани од масивен материјал, бидејќи ги
исполнуваат речиси сите услови и технички барања, одредби и
нормативи. Значи, конструктивно скалите од масивни материали можат
да се реализираат од тула, камен, бетон и од армиран бетон.
Конкретно, армираниот бетон, како масивен материјал, има
поширока употреба во реализацијата на скалите.
Според конструктивното решение скалите можат да се поделат на:
- скали кои се потпираат на две лежишта, и тоа:
- двата краја лежат на носиви ѕидови,
- двата краја на скалите се вклештени во ѕидови,
- скалите каде што еден крај е вклештен или се потпира на ѕид, а
другата страна лежи на армирано-бетонска греда, челична греда, итн.
- скалите каде што двете страни лежат на армирано-бетонска греда,
челична греда, итн.;
- конзолни скали;

125
Вертикални комуникации - скали

- скали кои се протегаат (потпираат) на коси армирано-бетонски плочи


преку целата нивна површина.

Подолу се прикажани (презентирани) потпрените зони (лежиштата)


на скалниците (газиштата) и рампите, коси и рамни плочи
(одморалишта) во конструкцијата на скалите, кои зависат од
севкупноста на конструктивниот систем на објектот: целосно или
делумно во попречните ѕидови, надолжните ѕидови, или дури и во оазата
(бунарот) на скалите (просторот меѓу краците на скалите).

Можни конструктивни системи шеми, кај двокраки скали

126
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.7 Армирано-бетонски скали

Армираниот бетон ни овозможува различни форми и можности за


реализација на скалите. Со армираниот бетон може да се постигне
реализација за сите видови и типови на скалите. Во зависност од
изведбата на скалите, армирано-бетонските скали можат да се поделат
на:
- монолитни,
- полумонтажни, и
- монтажни.
Скали потпрени во плочи од армиран бетон помеѓу подни греди.
Овој вид скалишни конструкции најчесто се изведува на двокраки скали,
плочата е коса, краковите на крилата лежат на греди на подот
(одморалиштето). Скалите над косата обична плоча лежат, во плочата
над која се протегаат, скалите кои се потпираат воглавно се проектираат
со дебелина од 12 о 16 см.

Детаљ на скали кои лежат на коса армирано-бетонска плоча

127
Вертикални комуникации - скали

Детаљ на скали кои лежат на коса армирано-бетонска плоча

Основа и пресек на скали на карактеристичен станбен објект


128
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Армирано-бетонска греда како конструктивен носив елемет кај скали во


меѓукатна конструкција и подест на скали

Мермер
Цементен малтер
Армирано-бетонска плоча
Малтер

Детаљ на полумонтажни скали, коса плоча и одморалиште изведени на


градилиште, а скалниците се монтажни

Монтажни скали
129
Вертикални комуникации - скали

ра
Детали на монтажни скали

130
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Практични примери на реализирани армирано-бетонски скали

131
Вертикални комуникации - скали

4.8 Скали од челик (метални скали)

Овој тип скали се проектираат во специфични случаи, и тоа кај


објектите од јавен каракетер, индустриските објекти, итн. Во последната
деценија се појавуваат и кај станбените објекти.
Во повеќето случаи се резервни скали (противпожарни), во хотели и
други објекти.
132
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Конструктивните системи на овие скалишни системи ги сочинуваат


греди и крилата, односно скалишните одморалишта. Скалите се
обработуваат од армиран бетон, дрво, камен, ПВЦ, стакло, метал
комбинации, итн.

Каратерстични пресеци и детали на скали каде што носивата


конструкција е челик

Реализирани скали од носива констукција челик

133
Вертикални комуникации - скали

4.9 Дрвени скали

Овој тип скали воглавно се проектираат во објекти изградени од


дрвени конструктивни системи, и во случаи кога се појавуваат масивни
системи за градење, а поретко и во скелетни системи за градење.
Речиси во сите стари објекти изградени од масивни камени ѕидови,
кули итн., скалите се реализирани од дрво и дрвена конструкција.
Треба да се внимава при изградбата на дрвени скали да бидат
избрани дрва со висок квалитет - дрво прва класа.

Реализирани скали од дрво

Основа и изглед на дрвени скали


134
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

4.10 Ограда на скали

Оградата на скалите се монтира за безбедносни причини и случаи,


но во последно време толку многу се декорирани така што го губи дури
и главниот карактер - основната безбедност.

Ракофатот
кај скали

Мин.
Далечина
од зид на
ракофато
т

Ракофат кај скали

Ограда кај скали во различни форми


Изгледи на ОГРАДИ на скали од: 1.стакло, 2. орнаменти од метал, 3. метал со
хоризонтални спирали.
Напомена:
Височината на скалишната ограда никогаш не треба да биде
пониска од 90 -100 -110 cm.

135
Вертикални комуникации - скали

Огради кај реализирани различни типови скали

Како резултат на функционалноста и конструктивноста, скалите се


третирани како елементи со најнагласени конструктивни причини за
безбедноста. Нивната безбедност треба да се планира во фазата на
проектирањето.
- Висината на оградата треба да биде повисока од 90см.
- Ѕидовите кои ги опкружуваат скали треба да се отпорни на пожар
во период од два часа,
- Јадрото на скалите во високи згради треба автоматски да се отвора
во случај на пожар.
- Јадрото на скалите треба да биде обезбедено со вентилација и
природна светлина.
- Максималното растојание од скалите на зградата не треба да биде
поголемо од 30 м.

Реализирани скали од повеќе подести до подвижните елетрични скали со


ограда од метал, и подвижни електрични скали
136
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

5. КРОВНИ И ПОКРИВАЧКИ КОНСТРУКЦИИ, РАЗРАБОТКА НА


КРОВОВИ НА ИНДИВИДУАЛНИ СЕМЕЈНИ КУЌИ

5.1 Кровни конструкци

Кровот, односно кровните конструкциии претставуват завршен дел на


секој објект (зграда). Кровната конструкција има задача објектот да го
заштити од надворешни атмосферски влијанија, да го изолира
просторот под кровот во некои случаии да обезбеди и светло во
просторот.

Конструктивните елементи на објект од темели до кров, и надворешните


влијанија на објектот
Кровот е завршен дел на секој објект, видлив и доминатен речиси кај
секој објект, особено кај индивидуалните станбени згради, па затоа нему

137
Кровни конструкции

треба да му се посвети големо внимание и од естески аспект, а и на


формирањето на објектот како архитектонска целина.

кров

кат II

кат I

приземје

подрум

темели

Пресек на објект, поделба во вертикала

138
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Различни кровни цели како архитектонско формирање, кај објекти со


различна намена во R. Македонија и во светот

5.2 Конструктивни делови на кровот

Кровот се состои од два главни дела:


- кровна покривка, и
- кровна конструкција.

Кровната покривка има задача да ги прима и да ги отстрани


атмосферските влијанија, како што се: дождот, снегот, ветерот,
сончевите зраци, температурните промени, итн.
Кровната конструкција ги носи покривните елементи и сите други
товари над нив, па и другите товари под нив, во вид на тавански
конструкциии, итн. Па, затоа кровната конструкција треба да биде јака,
стабилна и врзана како еден концепт што може да им се спротивстави
на сите сили и товари, а посебно внимание да му се посвети на ветерот
без да се заборави и снегот.

Индивидуална станбена зграда, главните коструктивни кровни елементи


139
Кровни конструкции

Идувидуален станбен објект, двокуќа, кров покриен со снег

Покривачка на кров, лим како завршен слој

5.3 Коси кровови

За да тече водата и другите атвосферски влијанија, кровот треба да


има одредена косина, од слемето (врвот) кон стреата која завршува со
олук. Косината на објектите зависи од видот на покривката со која се
покрива кровот и од атмосферските влијаниај што дејстуваат на него.
Групацијата-коси кровови не може да биде конечна бидејќи и
рамните кровови имат одреден пад. Во главно косите кровови со од 12%
до 100%.
Според големината на наклонот на косината крововите може да се
поделат на:
- рамни кровови со косина до 5 °,
- благи кровови со косина од 5 °до 30°,
- стрмни кровови со косина од 30° до 45 °.
140
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

кај рамнините на кровот

Односот 1:1 е кога кровот има косина од 100 % или агол од 45 °.

Табела 1.
односот % ◦
1:20 5 3
1:12,5 8 ≈ 4,5
1:10 10 ≈6
1:8 12,5 ≈7
1:6 16,7 ≈ 10
1:4 25 ≈ 14
1:3 33,3 ≈ 18
1:2,5=2;5 40 ≈ 22
1:2 50 ≈ 27
1:67=3:5 60 ≈ 31
1:5 65 ≈ 33
1:1,33 75 ≈ 37
1:1 100 ≈ 45

Ќерамиди

Покривање кровови со различни покривки и нивните барања за косина

141
Кровни конструкции

Оносот 1: 2 кај кровот е кога кровот има косина од 50 % или агол од 30 °.

5.4 Видови коси кровови

Има многу видови коси кровови, но воглавно се делат или се


разликуваат според падните рамнини на водата (косите рамнини), и тоа:
- едноводен,
- двоводен,
- триводен,
- четириводен,
- повеќеводен/сложен,
- шаторски кровови,
- пирамидални,
- коноидни,
- мансандри,
- шед кровови.

Едноводен, двоводен, четириводен и повеќеводен кос кров

142
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Пирамидален, коноиден, мансандрен и шед кос кров

Во согласност со практичните и естетските барања се изработуват


различни видови кровови, а воглавно се разликуват по бројот на стреите
(страните каде што паѓа водата). Затоа и гореспомената поделба на
косите кровиви е како главна поделба, бидејќи косите кровови може да
се поделат и според конструкцијата, покривачките, итн.

Четириводен и повеќеводен кров


143
Кровни конструкции

Решени на кровови во основа и изглед со стреа, презентирање на косините

5.5 Елементите на коси кровови

Кровот се состои од повеќе елементи кои меѓусебно се поврзуваат


и претставуват (презентираат) конструктивна и статична целина. Овие
елементи може меѓусебно да се разликуваат кај објектите, како резултат
на обликот и формата на објектите презентирани како една целина.
Кровот, односно косиот кров, воглавно има коси површини
(рамнини) кои се изградени кај објектот над меѓукатната конструкција.

Коси рамнини на
кровот

меѓукатна конструкција

Пресек на кров над меѓукатна конструкција

144
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Таванот е простор помеѓу рамнините на косиот кров и меѓукатната


конструкција.

Слики на реализирани кровови со таванот како корисен простор


Калкански ѕид – вертикален ѕид кај едноводни и двоводни кровови.

Елементите на кровот: стреа, калкански ѕид и слеме


Слеме е највисоката точка на кровот или линијата каде што се сечат
двете спротивни рамнини.
Грбина е линија во која се сечат двете издигнати рамнини на кровот
и кои покриваат агол помал од 180 степени.
Увала е линија во која се сечат двете издигнати рамнини на кровот и
кои покриваат агол поголем од 180 степени.

145
Кровни конструкции

слеме

Елементи на кровот во основа, презентирана како петта фасада

Грбина, увала и слеме кај индивидуален станбен објект

Наведено е дека кровот се состои од;

- покривачка, и
- кровна конструкција.

Основните принципи на нивната заедничка работа се:


- падот на кровот кој се определува според видот на покривачката;
146
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

- покривот на кровот кој на себе ги прима товарите (од снег, ветар,


итн.) и преку роговите (кровните греди) ги проследува во врзни греди
(коси), столбови и оние во подолните конструктивни елементи на
изградениот објект;
- последната меѓукатна конструкција (меѓукатната конструкција на
последниот кат) може да биде од носива дрвена конструкција или од
бетонска армирана плоча, при што директно ги презема сите товари
(тежини). Плочата понатаму товарите ги пренесува во конструкцијата на
објектот.
- Кровна конструкција
Покривачите на кровот се состојат од:
- покривачка;
- оплата и летви;
- рог/ребро.
Кровната конструкција се состои од:
- рожници;
- Главни врски (носители);
- Комбинации и крутост;
-отстранување вода, вентилација и осветлување.

вентилација

Означување на кровните елементи

147
Кровни конструкции

Димензиите на конструктивните елементи кај косите кровови се


пресметуваат со статичка анализа каде што, пред сè, се земаат предвид
товарите, видот на покривачките и распонот помеѓу елементите. Но,
воглавно за оредени елементи се упоребуваат следните димензии, и тоа
за:
- рог: од 12/12 до 12/16 см, ретко и 10/12 см;
- рожниции: 12/14, 12/16, 14/14 и 14/16 см;
- столб: 12/14, 14/14 и 14/16 см;
- коси греди: 12/14, 12/, и 14/14 см;
- пајанти/косник, рака под 45 °/ 10/12 или 12/12 см во должина 1,00
до 1,50 м;
- врзни греди: 14/14 до 16/18 см;
- клешти: 2 х 8/12 (8/16)см;
- греди над ѕид или коса плоча: 8/10, 10/10 и 10/12 см.

Главните носиви (врските на крововите) се поставуваат на распон


(далечина) од 3,5 м до 4,00 ( 4,50) m, се резбира за дрвен кров.
Роговите кај дрвените кровови се поставуваат на меѓусебен распон
од 0,50 м до 1,00м( 0,60) .

148
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Основа на кров со дрвени елементи, граѓа

Врската рог - рожница кај објект со стреа

Примена на пајантата/рака-косник/ во кров и пример на ослонување рогови


над рожница

Во долната слика е презентиран пресек на двоводен дрвен кров над


дрвена меѓукатна конструкција со димензии на дрвените елементи, рог
од 10/14 см, рожница од 14/14 см, косник (коса греда) од 16/ 16 см, столб
од 16/16 см, слеме од 16/18 см, и клешти од 2 х 8/16 (20) см. Димензиите
на елементите се планирани за пониска класа на дрво.

149
Кровни конструкции

Пресек на двоводен дрвен кров


За графичката презентација на кровната конструкција во основа и
во пресек постојат стандарди и нормативи и одредени проектански
принципи, но, за жал, во согласност со важечките регулативи и
нормативи нема конкретни членови за структурата и за проектирањето и
пресметката на димензиите, за презентирањето и цртењето коси
кровови.
За секој кров се црта основа, пресеци (минимум два пресеции,
подолжен и поречен), и одредени карактеристични детали и меѓусебните
врски на елементите.
Во основа се црта габаритот на објектот со испрекина линија, а како
крајни точки се земаат крајните рабови на стреите, се подразбира, ако
објектот има стреи. Има случаи кога нема стреи, а во дел од крововите
се цртаат и калканските ѕидови, особено ако има соседен објект. Во
основата на кровот се цртаат и оџаците и други елемети што се на
таванот како што се: скали, антени, итн. Грбините, увалите, роговите,
слемето, косите потпори, и слично, се цртаат со испрекината линија.
Со полна линија се цртаат стреите, хоризонталните носиви елементи
на кровот, како што се: столбови, подрожници, врзни носиви греди,
клешти, пајанти (рака), итн.
А, во пресек на кровот се црта главната коса носива конструкција.
Воглавно се цртаат два пресеци, надолжен и попречен, но кога има
сложени кровови и одредени карактеристични пресеци низ
карактеристични елемети и врски на кровот.

150
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

5.6 Кровови кај индивидуални станбени згради

Крововите кај станбените индивдуални згради/објекти, воглавно во


нашиот регион, се изведуваат од дрвена граѓа. Тие воглавно се среќаваат
како двоводни и четириводни, ретко можат да бидат и едноводни и
триводни. Во одредени решенија на кровот се додаваат и баџи, контра
кровови, помали кровови над тераси и еркери кои се врзуваат со главниот
кров, и сл.

из вед

Изведба на кров кај индувидиален станбен објект, поврзување елементи

Подолу се презентирани цртежите, графичкото презентирање на


дрвен кров на индивидуална стабена зграда По+Пр+1 кат, изграден во
нашата држава на територија со надморска висина од 450 до 600 м во
Полошката котлина под Шар Планина, каде што е можно да паѓа снег и
над еден метар.
Конструкцијата на кровот е преоктирана да е од дрвена граѓа,
двоводен кров со контра кров во предниот дел на терасата, со
комбиниран тип на кровот-столица. Покривката на објектот е од
ќерамиди или можно е и од трапезоиден лим.
За одводнување на атмосферските води се предвидени
поставување вертикални и хоризонтални олуци од пластифициран лим.

151
Кровни конструкции

Петта фасада на објект, основа на петтата фасада

Основа на кров
152
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Подолжен пресек на кровна конструкција

Пресек на кос кров

153
Кровни конструкции

Детали на кров

5.7 Конструкција на прост кров

Конструкцијата на прост кров е составена само од дрвени рогови


(греди) поддржани на таванот ако меѓукатната конструкција е дрвена,
или во седла, прагови или гредата на круната - венчаницата во случај кога
меѓукатната конструкција е од армиран бетон. Треба да имаат крутост
против ветерот. Можат да бидат едноводни, двоводни или повеќеводни.
Едноставно простите кровови одговораат за мали градежни објекти, како
што се индивидуалните станбени објекти, бараки, викенд-куќи, итн.

Пресек на прост кров

154
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

5.8 Коси кровови со распонка

Кај овие кровови секое поврзување на роговите е со греда за


окрутување – распонка, од каде што потекнува и името кос кров со
распонка. Таа може да се потпира на еден или на два столба, потоа да
биде поддржана на гредата под распонката.
Кај крововите со распонка роговите во горниот и во долниот дел се
поврзуваат на ист начин како простите кровови, а во средината од
нивната должина се поврзани со хоризонтална греда - распонка.

Презентирање на пренесувањето на товарите кај кровот со распонка

155
Кровни конструкции

Аксонометрија на кров со распонка и една столица над дрвена и армирано-


бетонска меѓукатна конструкција

5.9 Конструкција на кровови со слеменица

Карактеристика кај овој вид кровови е тоа што го имаат редот


рожница - слеменица, а на врвот на кровот во слеме. Слеменицата се
потпира на столбови на секои 3 до 5 метри (4,50 м), и со тоа формираат
врзани греди или коси греди.

Конструкција на кров со слеме - основа и пресеци


156
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

5.10 Кровови со висулка

Ова е специјален тип кровна конструкција каде што сите товари се


пренесуваат на надворешните ѕидови, габаритот на зградата се
постигнува со затворен систем за пренесување на силите (смокнувања).
Висулките можат да бидат:
- прости (едноструки),
- двојни,
- тројни или комбинирани со други типови конструкции.

Значи, кај овие кровови столбовите не ги пренесуваат товарите на


врзната греда, туку тие висат на столб и затоа се именуват како висулки
(кровна висулка).
Овој вид кровови во последните две децинии речиси не се употребува
при изведба, бидеќи објектите се градат воглавно од скелетен систем на
градба. Овој вид кров може да се комбинира со типот носив кров,
столица, итн.
Кровот висулка може да биде изводлив, но не е препорачлив и над
армирано-бетонска меѓукатна конструкција, ако таквите барања се
столбовите на кровот да не носат.

Пресек на едносрука висулка

157
Кровни конструкции

5.10.1 Двострука (двојна) висулка

Двојните висулки се составени од хоризонтална греда, два косника и


два столба поврзани со хоризонтална греда.

Основа и пресеци на двојна висулка


158
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

5.10.2 . Тројна висулка

Тројните висулки се составени од хоризонтална греда, два косника и


три столба.

Графичко презентирање на тројна, трострука висулка

5.11 Тип на кровови - столица

5.11.1 Кровови со подрожница во проста двострука столица

Конструкцијата (врската) кров се состои од рогови ослонети на


слеме/венчаница и подрожници. Подрожниците стојат над столбови–
столици кои се зацврстуваат со две коси греди и со хоризонтална греда.

159
Кровни конструкции

Проста столица - пренесување товари и карактеристичен пресек и основа

160
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Пресеци на двојна столица

Основа на двојна столица

Двострука столица
161
Кровни конструкции

столбови 14 x 14 cm поврзани со клешти 2 x 8 x16 cm, рог и рожница


10 x 14cm, коси греди 14 x 14 кои го го спречуваат виткањето на
столбовите, пајанда - рака во агол од 45 степени.

5.11.2 Кровови со трострукна столица - тројна столица

Тројната столица се потпира на три дрвени столба, носиви


конструктивни елемети на кровот.

5.12 Сложени кровови

Овие типови на кровни структури се користат во случаи кога зградите


во основа имаат мултиаголна форма, односно крововите се
повеќеводни, имаат повеќе коси рамнини.
Во примерот прикажен подолу е покажано дескриптивно решение
на деветводен кров.

162
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Дескриптивно решение на деветводен кров


Прво се прави геометриско решение на кровот, определување на
стреите. Потоа, во зависност од ширината на зградата, се определаат
главните носиви позиции - гредите (подрожница, венчаница), кои мораат
да бидат меѓусебно поврзани. Потоа се утврдуваат позициите на врзните
греди кои се задолжени за одржување, односно примање на товари од
подрожницата и од венчаницата, а, исто така, се поврзуваат со други
греди (поврзување под прав агол). Поради јасноста на усвоената
резолуција, проектот треба да претставува повеќе од најмалку две
пресеци, напречно и надолжно. Деталите за структурни врски со други
придружни делови, дрвени скелиња (рогови), обвивката, хидроизолација,
термоизолација, итн, треба да бидат прикажани со придружни описи и
стекнатите димензии.

Решение на сложен кров


163
Кровни конструкции

Пресек А-А

Основа

Основа и пресек на еден сложен кров

5.13 Мансардни кровови

Според архитектот Франсоа Монсард (Francois Mansard)

Главната карактеристика на овие видови кровни конструкции e во тоа


дека се составени од две рамнини со различни косини по должината на

164
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

попречната рамнина на кровот, горната рамнина е со помал пад, а


долната рамнина има поголем наклон - пад.
И покрај тоа што се неекономични, поради зголемената употреба
на материјалот можат да бидат актуелни, тие се користат како чист
простор – функционален, воглавно во станбени објекти (во урбанизмот
не се смета за кат, туку како кров, а реално е скриен кат, односно
корисен кров - поткровје). Може да биде едноводен, двоводен, три или
четириводен, и слично. Чистата висина на просторот може да биде мин.
240 cm.

Методи на конструкцијата на мансарден кров,


Француски облик Германски облик

Конструкција на
мансарден кров

корисен простор

Конструкции на мансандрен кров

165
Кровни конструкции

Пресек на објект со искористено поткроје на станбена колективна зграда

5.14 Дрвени решетки

Решеткасти кровови - мрежа

Станува збор за дрвена кровна конструкција која има


карактеристичен облик на спојни дрвени елементи во согласност со
принципот на решетка - мрежа, со формирање зглобови (јазли) над кои
се потпираат (лежат) потпорни елементи.
На овој начин се олеснува тежината на покривната конструкција,
дрвените елементи имаат помали попречни димензии во однос на
носивиот конструктивен (потпорен) ѕид или греда. Карактеристика на
овие кровови се геометриските форми и начините на поврзување,
зглобовите, кои треба да бидат според статичките барања.
Кровните решеткасти носачи обично се пресметуваат како
слободно потпрени. Бидејќи температурните промени немаат големо
влијание на дрвените решеткасти носачи, нивните лежишта се сметаат
за неподвижни. Поради тоа хоризонталните сили се предаваат еднакво
на двете лежишта, по една половина на секое.
Облиците на решеткастите носачи зависат, пред сè, од видот на
кровната покривка. Кај решеткастите носачи по правило се применуваат
полесни покривачи со цел да се намали сопствената тежина.
При конструирање облик на носачот, најдобро е долниот појас да се
изведе хоризонтално. Меѓутоа, решеткастите носачи обично се
изведуваат со надвишување, чија вредност ја дефинираат стандардите
за дрвени конструкции, во зависност од влажноста на дрвото, видот на
врзивното средство.

166
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Во практика се применуваат следните видови решеткасти


конструкции:

- тријаголни,
- трапезасти,
- мансардни,
- паралелни,
- параболични,
- „шед“ носачи,
- двозглобни и трозглобни решеткасти рамки,
- решеткасти лачни конструкции.

Форми на решетки, применети во практика


167
Кровни конструкции

Применета трапезна решетка во практика, со димензии на конструктивните


елементи

Презентирана тријаголна решетка со одредени детали на конструктивните


елементи

Во последно време дрвените решетки речиси не се употребуваат


или ги има од лепено ламелирано дрво. Решетките од лепеното
ламелирано дрво, и самите други носачи од лепено ламерирано дрво
покриваат поголеми распони, се користат како меѓукатна конструкција
и воглавно влегуваат во групата на просторни меѓукатни конструкции.

168
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Примена на дрвена решетка


Последните децении при изведба на идивидуални, па и колективни
станбени објекти, воглавно се употребиваат челични решеки и тие имаат
голема примена кај објектите со различна намена.

169
Кровни конструкции

170
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

6. ВИДОВИ ПОКРИВАЧКИ - ТИПОВИ И КАРАКТЕРИСТИКИ

6.1 Кровни покривачки

Во поглавјето 5 се запознавме со завршните структури на објектот -


кровот и рековме дека можеме да го изведуваме, односно кровот се
состои од:
- покривачка, и
- кровна конструкција.

Покривачките кај крововите започнуваат, односно се делот над


кровот што почнува над роговите до покривниот слој. Покривачките се
хидроизолациони и термоизолациони елементи на кровот.

Кровови на објект над кој дејстуваат атмосферските влијанија снег и дожд

171
Кровни конструкции

Покривачките на кровот имаат целосна функција за заштита на


објектот (зградата) од надворешни влијанија.
Покривачките претставуваат материјал со кој се покрива кровот.
Во различни периоди се појавуваат разни покривачки. Првите покривачки
за кои знае историјата се слама, трска, папрат ......

6.1.1 Поделба на кровни покривки

Покривките се делат воглавно според принципот на градење и


материјалите:
- природни покривки со биолошко потекло (слама, трска, папрат,
итн.);
- природни покривки со минерално потекло (камени плочи);
- природни покривки од дрво;
- покривачки од вештачки материјали кои се произведени во
фабрики (ќерамиди - печени ќерамиди, канадски теголи, брановидни
плочки, лимови, стаклени покривачки, пластика, алуминиум, итн.).

Природни покривки со биолошко потекло (слама) применети кај објекти

172
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Покривки на објекти со камени плочи

Покривки со дрвени елементи (шинди)

Покривање објект со артифицијална покривка (ќерамиди)

6.2 Изолација кај кровови

Како што се спомена и погоре, главната цел на кровот и покривките


е да го заштититиме објектот од надворешните влијанија, па затоа еден
од главните приоритети при решение на коси кровови е предвидувањето

173
Кровни конструкции

заштита на кровот. Под заштита подразбираме поставување адекватна


изолација, хидро, термичка и звучна (акустична).

Примена на изолации кај кровови


Запомнете, пред да се покрие покривот на објектот треба да се
постави можната дасчена оплата. Површината со дасчена оплата е
првиот и главен елемент на слоевите, кој е потребен кај група
покривачки. По овој слој следат другите составни слоеви за покривање на
покривот на зградата/зградите издигнати над површината на земјата. Во
зависност од основната следат и другите слоеви, но во последно време
е потребно, за да се избегне кондензација (потенцијалната не сакана
влага), над таа површина да се постави слој на фолија за одбрана од
водена пареа - дифузната хартија.

Дифузна хартија

Изведба на дасчената оплата на кровна конструкција. Со тој елемент


започнува делот на покривање на кровот
174
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

6.3 Изолации во градежништвото

Изолациите во градежништвото се поделени на:

- изолација на температура/топлина, термика;


- изолација од гласот - акустика или звучна изолација;
- изолација од вода – хидроизолација.

Термоизолации во градежништво

Звучна изолација и потребата од звучна изолација кај објектите

Потребата од звучна и акустична изолација кај кровови: 1. дрвена летва, 2.


дасчена оплата, 3.покривка на кровот, 4. звучна и термоизолација на кров, 5.
финален слој на поткровјето

175
Кровни конструкции

Со звучната изолација се подразбира заштита од бучава, во различни


простори каде што човекот живее и работи. Потребата го натерала
човекот да ги одвои просториите меѓу нив, а за поделбата на просториите
се обидел да користи различни градежни материјали за да постигне
повисока акустична ефикасност. Звучно-акустичната изолација има
пошироко значење (повеќе детали се застапени во архитектонска,
односно градежна физика), но најважно е сега да се знае дека
најмалиот тон снимен од човечкото уво е движењето на лисното движење
на дрвјата, а највисоко можен тон што би го прифатил увото е бучавата
на моторот на авионот.
Кај кровните конструкции, односно корисните поткровја, како
потреба за примена се појаува примената за изолација: звучна
изолација од бучата, ветерот снегот, надворешните различни бучави, итн.

Примена на хидроизолација кај објекти


Во градежништвото (архитектурата), покрај звучно-акустичната
изолација и термичката изолација, исто така, кај објектите се појавува
потребата за заштита од вода. Врз основа на природниот закон, често се
случува да врне дожд и снег. Снегот и дождот се вода, а тоа нè тера да
го заштитиме објектот од нив.
Од она што е разработено погоре, проблемите со кои треба да се
заштити објектот (кровната кострукција) се:
- топлина и студ (топлина);
- кондензација и вода; и
- звук, бучава (акустика).

176
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

6.2.1 Термоизолација

Термоизојацијата е градежен материјал што се употребува при


изградба на згради (објекти) со порозна структура, за да ја чува
термичката комфорност во амбиентите (просторот) на објектот.
Топлината (температурата) е форма на енергијата која количински
ја чувствува кожата. Топлината се раѓа (произведува) како резултат на
движењето на молекулите и атомот. Во зависност од движењето на
молекулите и атомот се зголемува или се намалува топлината.
Топлински материјали се тие кои помалку ја пуштаат
температурата, односно ја чуваат топлината. Овие се порозни и лесни
материјали, кај кои коефициентот на пренесување на температурата е
мал. Од ова произлегува дека тешките и масивните градежни материјали
како термоизолатори не се адекватни и се помалку отпорни при
пренесувањето на температурата.
Топлинската изолација или термоизолацијата, претставува
намалување на пренесувањето на температурата (топлината) од
внатрешниот амбиент кон надворешниот амбиент или обратно, како и
пречка за трансформација од една потопла просторија кон друга
поладна просторија.

Сфаќање на потребата за топлина и примената на топлинската изолација


кај објектите
Во градежната физика подетално ќе се зборува за топлинската
изолација во зградата, како и за мувлата, односно за појавата на мувлата
и на топлинските мостови. Во градежните конструкции студиски точки се
соодветните конструктивни и архитектонски детали, односно
надминување на бариерите кај топлинските мостови.

177
Кровни конструкции

Материјали за употреба како топлинска изолација и појава на топлински


мостови кај објектите
Општо е познато дека недоволно добро изолираната куќа ја троши
енергијата преку својата обвивка, но помалку е познат фактот дека, во
најголем процент, таа енергија „истекува“ токму преку косиот покрив (30-
35%). Поглед на тоа дека стаклената минерална волна, Knauf Insulation,
UNIFIT 035 или NatuRoll Plus, поседува исклучителни термички својства (λ =
0,035W/mK), овој материјал за термоизолацијата (заедно со
камената минерална волна) ќе обезбедат пријатен при изведба во
поткровјата.

Homeseal LDS 0.02, паропропустна - водонепропустна фолија


Овозможува испарување на кондензацијата и спречува продирање
на дождот и на снегот во покривната конструкција.
Зошто паропропустна-водонепропустна фолија?
Овие долготрајни (полипропиленска структура),
мултифункционални мембрани ги заменија поранешните покривни
лепенки (тер-хартија), кои многу бргу пукаат и ја изложуваат покривната
конструкција на атмосферските влијанија.
NaturBoard FIT PLUS, λ=0.037, камена минерална волна
178
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Обезбедува термичка заштита, како и топлотна стабилност во


летниот период поради својата висока способност за акумулација на
топлината.
Зошто камена минерална волна?
Поради особено високите температури под покривниот покривач,
потребно е да се користи изолација која е постојана на повисоки
температури и е подеднакво функционална во текот на годините, како и
првиот ден.
Минералните волни (камена и стаклена) се најидеално решение за
изолација на косиот покрив, бидејќи не горат, пропуштаат пареа итн.

Карактеристичен детаљ со сите кровни елемети и мотажа на потребната


термо, звучна и хидроизолација кај кровови

Термоизолација

Внатершна облога на кровот – гипс-картон

Летва или профил


Затворен воздушен простор
Парна брана-дифузна хартија

Протечен лепак

Карактеристики и монтажа на потребната термо, звучна и хидроизолација


кај кровови
179
Кровни конструкции

6.3 Покривка- канадската тегола (tegolla) - шиндрс

Неодамна, заради удобноста на каја било форма на кровот, за


покривање се користени: канадската тегола (tegolla), покривка веранде,
покривање на вид монтажни и направени од водоотпорен материјал.
Сепак, поради климатските услови и околностите во нашите држави, не
се квалитативни и се покажаа како неуспешни. Сето ова доаѓа како
резултат на големите редовни промени на температурата во периодот
лето - зима.

Примена на тегола канадезе како покривка

6.4 Брановидни плочи од лим

Постојат различни опции за покривни материјали кои се разликуваат


според нивната намена и според својствата во употреба. Некои од нив
се најдобра опција за покривање на покривот на живеалиштата, тие се
погодни само за предмети од економска намена.
Лимот како покривка е еден од најпопуларните кај модерните
градители на кровни материјали за покриви, а тоа не е случајност, бидејќи
покрај одличните перформанси, има прекрасен изглед.
Изработен е од челични лимови со различна дебелина, третиран со
посебен слој, што спречува појава на вдлабнатини, гребнатини и други
деформации од мали остатоци и камења. Последица на оштетувањето
на лакираниот слој може да биде појавата на корозија, што значително
ќе го намали животот на покривот.
180
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Различни форми на употреба на лимови за кров

Примена на лимови како покривка кај објектите

181
Кровни конструкции

Лим во форма на ќерамиди

Правец на
дејстување на
ветерот

Поцинкована подлошка

Пример на поклопување на лимот при монтажа и помошните елементи и


делови за монтажа

Покрај стандардниот употреблив галванизиран челичен лим, и други


метали може да послужат како основа за металната плочка, како што се:

182
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

- алуминиум плочки кои имаат голем број предности кои


вклучуваат фактори како што се некорозија и леснотија.
Недостатоците на ова решение се релативно високи трошоци и
ограничен опсег на бои;
- бакарот како материјал за покривот покажува особини на
издржливост и сигурност, но, и покрај тоа, тоа е навистина
рафинирано решение. Како и на која било друга површина од
бакар, со текот на времето ќе се појави зеленкаст слој на таков
покрив, со што ќе се заштити металот од оштетувања слични на
полимерните облоги.

Изведен кров со покривка од бакарни плочи

Постојат повеќе различни решенија за дизајн во областа на


металните покриви, од кои секоја има свои карактеристики:
- големата популарност меѓу светските производители ужива
покривот монтереј, во форма слична на обичните глинени плочки;

-
- профилот каскада во својата форма наликува на чоколадна
лента, и е одличен за покривање на покривот од сложена форма.
183
Кровни конструкции

Ова решение е оптимално за оние кои сакаат строг, лаконски,


класичен покрив;
- профилот џокер сличен на керамичкиот слој и има мазни
бранови, а, исто така, се смета за една од основните,
традиционални опции за кров;
- профилот банга (banga) беше неодамна воведен во изградбата,
но веќе успеа да освои фанови благодарение на
нестандардната форма на висок бран, и на тоа што се креира
тродимензионална слика;
- шангај , донесен во Русија од страна на кинески работници, има
сложена геометриска форма.

6.4.1 Рамен лим

Рамниот лим како покривка е еден од најстарите начини на


покривање кровови со лим кај нас и во светот. Но, во последните години
сè повеќе се употребува, се разбира, со нови изработени технологии и
начини. Рамниот лим во последната деценија се употребува и за изведба
на фасади кај објектите.

Рамниот лим за покривање коси кровови

184
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Рамниот лим употербен во фасада на објектите


Аголот на наклон на кровот е аголот кој ја затвора линијата со
најголем пад на нивото на покривот (линијата на која капките на дождот
паѓаат) и хоризонталната рамнина на сведување. Лим како покривка на
кровови се користи за покриви со мал наклон од најмалку 10 ° и се
користи и за многу стрмни покривни површини на куполите, и сл. Рамниот
лим се користи и за покривање на кровните елементи, како што се:
грбината, увалите, слемето, опшивките околу оџаците, се користи и
како ветер-лајсни, каналите за вентилација, опшивка околу носителите
на антени, кровните прозори и за хоризонтални и вертикални олуци, и сл.

Начин на монтажа на рамен лим, и начинот на составување на лимот во


стоечка положба и лежечка положба
185
Кровни конструкции

Опшивање на оџак со рамен лим

Опшивање на калкански ѕид со рамен лим и примената на рамниот лим на


слеме

Примена на рамнот лим кај хоризонтални и вертикални олуци кај објектите

186
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

6.4.2 Сендвич-лим

Термоизолирани сендвич-панели се префабрикувани структурни


елементи добиени со индустриски процес и се состојат од надворешен
и од внатрешен слој и изолација. Термоизолираните сендвич-панели се
одликуваат со висока термичка изолација и со мала специфична тежина
што ги прави едни од најдобрите структурни елементи и материјали за
покривање на крововите.
Разновидноста на облиците и на боите даваат широка можност за
изработка на различни форми на фасади и покриви на зградите.
Сендвич-панелите ги задоволуваат сите статични, физички и
еколошки барања на модерната конструкција.
Малата специфична тежина е погодна за брзо, едноставно и за
висококвалитетно поставување различни видови конструкции. Статичното
оптоварување на сендвич-панелот придонесува за значителни заштеди на
материјалот што се користи за изградба на потструктурата.
Зградите направени со термоизолирани сендвич-панели се
карактеризираат со висока термичка изолација, а таквите капацитети
резултираат со значителна заштеди при одржување, греење или при
ладење.

обвивки

Сендвич-лим
187
Кровни конструкции

Метален панел-сендвич панел:


Поцинкуван челичен лим во согласност со EN 10143 и EN 10346.
Обоени според EN 10169 (Coil Coating), според ECCA и EURONORME
прописи:
а) стандардна продукција:
- со MP3 полиестерски премаз, 25 μm;
Термоизолирани сендвич-панели
б) специјално производство:
- обложени со MP5-модифициран полиестер,
- обложени со MP10-флуоројаглеродна PVDF, 25 μm,
- обложени со MP20 -/ полиамид, 60 μm.
Поцинкуван галванизиран челик EN 10346
Алуминиум со природни бои EN 485-2, EN 573-3, EN 11396 Изолација:
Се користат полиуретански соединенија кои не содржат CFC и HCFC
хидрофобна изолациона пена, отпорна на мувла со висока содржина
затворена клетка (> 95%). Во случај на висока отпорност на пожар, се
пени со зголемена отпорност на пожар.
Топлинска спроводливост: λ = 0,023 W / mK
Вкупна просечна густина: 40 kg / m³
Минералната волна е биоразградлива, хидрофобна, отпорна на мувла
и незапалива (Европска класа A1 - отпорност на пожар)
Топлинска спроводливост: λ = 0,045 W / mK
Вкупна просечна густина: 95 - 120 kg / m³

188
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

7. ПРЕФАБРИКУВАНА И МОНТАЖНА ГРАДБА

7.1 Монтажни конструкции (префабрикувани)

Според градежната технологија конструктивните системи за


градење може да бидат:
• мoнoлитни,
• полумонтажни, и
• монтажни.

Конструктивен систем - монтажна конструкција

189
Префабрикувана и монтажна градба

Mонтажниот конструктивен систем датира од почетокот на фазата


на започнувањето со активна употреба на армиран бетон во
високоградбата. Почетокот на префабрикуваната индустриска градба
започнува во: Франција, Англија, Холандија, Швајцарија, Германија,
поранешниот СССР, Данска, итн. Кај нас се појавува по земјотресот во
Скопје во 1963 година, а првите чекори ги направи фабриката „КАРПОШ"
од Скопје со монтажниот систем за градење „Карпош", каде што дел од
колективните станбени објекти во населбите Карпош 2 и Карпош 3 се
од овој систем на изградба.
Според формата на префабрикуваните конструктивни системи,
објектите можат да бидат поделени во три групи конструктивни системи:
- линеарни,
- површински, и
- просторни.

Линеарен систем на префабрикуваната - монтажна градба и просторен


систем за градење

Површински систем на монтажна - префабрикувана градба

Конструктивните системи за монтажни (префабрикувани)


елементи се поделени и според системот за изградба од
флексибилноста на формулирањето за составување на
конструктивниот систем, и тоа:
- затворен градежен систем за изградба, и
- отворен конструктивен систем за изградба.

190
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ
Стабилност-врската (сврзувањето) на монтажните
(префабрикувани) системи од армиран бетон, е прикажана во
експериментални и аналитички студии. Конструктивниот систем, како и
врската (лепило - спојка) мора да биде едноставен и јасен. Системот за
поврзување во монтажните елементи треба да функционира како
монолитен систем.
Меѓукатните конструкции се конструирани така што претставуваат
цврста - крута (пластична) плоча во полето на конструктивната
конструкција.
Хоризонталните врски кои ги поврзуваат меѓуспратните
конструкции, структурите и другите вертикални елементи мора да
обезбедат монолитна поврзаност и стабилност на целиот конструктивен
систем.

Пример за поврзување (сврзување, спојување) помеѓу конструктивните


системи на градбите (панели)

Во многу држави ширум светот овој систем за изградба има широк


спектар на апликации во високоградбата. Неколку карактеристични
држави со добро познати монтажни (префабрикувани) градежни
системи:
1. Франција

- PORT DE LILAS
- CAMUS
- COIGNET
- BALENCY
- COSTAMAGNA
191
Префабрикувана и монтажна градба

2. Холандија

- MUWI
- E.B.O.
- HBC
- DURACO, и др.

3. Поранешна Југославија

- JUGOMONT /Загреб/
- INDUSTROGRADBA/ Загреб /
- GRADIS /Љублана/
- PREMIS/Нови Сад/
- NS-71/ Нови Сад /
- IMS/Белград/
- SITEM 50/Белград/
- PROEKT IM-20/ Белград /
- Карпош/Скопје/

4. Бугарија

- Панелни системи
- Скелетни системи
- Просторни системи
5. САД

- DILLON
- TRACOBA
- REINFORCED FONKRETE STRUKTURES и др.

Колективни станбени објекти, префабрикуван тип на градба „КАРПОШ“


- Скопје, 1970 година
192
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Графичко-математичка презентација на скелетниот систем на монтажни


(префабриковани) просторни рамки

3D-презентација на скелетниот систем на префабрикувана зграда


Индустриското градење на објекти, префабрикација на градежните објекти,
1. столб, 2. греда и 3. плоча (монтажни елементи)

193
Префабрикувана и монтажна градба

Главните задачи на префабрикуваните индустриски конструкции се:


- побрзо градење,
- подобар квалитет на работата,
- намалување на проблемите и на материјалите за рачна работа
при градење објекти,
- намалување на трошоците за производство,
-елиминирање на престанокот на градење на објектите во
зимската сезона.

Индустриско градење на објектите во високоградба


За да биде изградбата на објектите од највисок квалитет,
соодветно и добро, треба да се изработи проект, да се има адекватен
проект за градбата. Квалитативен адекватен проект не доведува до
формирање проектански тим за изработка на проектот за изградба на
објектите. Ова е направено со одредена цел да има повеќе варијанти
(можни избори) за изградба на објектите, затоа често се отвораат и
меѓународни конкурси за оваа намена.
Последнава деценија се формираа и истражувачки тимови и
професионален научен кадар и екипи.
Сето ова нè води до индустриска изградба на објектите, монтажна
и полумонтажна изградба на објектите. Ова го гледаме во Европа и
светот, особено во градежниот систем со лиен бетон–бетонски
структури, брутализмот, набин и вибриран бетон со специјална оплата –
школки: шел оплати, специјални големораспонски шедоплати,
тунелоплати и лизгачки - подвижни оплати.

Изградени објекти со специјални оплати

194
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Шематско презентирање на идустриската градба на објектите


1.темели, 2. ѕидни панели, 3. столбови, 4. Греди, и 5. плоча
(монтажен елемент)

Специјални оплати за изградба на објекти

195
Префабрикувана и монтажна градба

Подвижна - лизгачка оплата

Станбена кула во изградба со тунелска оплата, Џеваир Скај Сити (Cevahir


Sky City) - Скопје

196
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ
Идустриското градење во последната деценија сè повеќе го има во
изградбата на објектите од челик и од лепено ламилирано дрво. Речиси
сите објекти кај кои имаме просторна конструкција (како што се
произволните хали, хангари, спортски објекти, комерциални, и сл.), се
градат од челик и тоа полумонтажен систем на градење. Темелите се
лијат на лице место и од армиран бетон, а конструктивните елементи
(носиви столбови, греди, и слично) се монтираат на лице место (челични
елементи).

Графичко презентирање на изградба на хала од челични монтажни


елементи(столбови), челични профили и носива кровна конструкција
(решетка) и темели од армиран бетон - лиени на лице место

7.2 Монтажн (префабрикувани) конструкции

Овој конструктивен систем датира од раните фази на градењето со


бетон на конструктивни елементи, со активната употреба на
армираниот бетон во високаградбата како конструкција. Всушност,
индустриската изградба во високоградба, воглавно на станбени згради,
започнала по Втората светска војна. Примарно за барањето на
индустриски градби биле брзината и квалитетот при градење.
Но, гледаќи го историски овој систем, тој датира од предисторијата
од Месопотамија, како МЕСОПОТАМИСКИ СИСТЕМ.
Индустриската конструкција започнала од неопходноста. Брзината
и управувањето биле главните фактори кои во предисторијата ја
создале монтажната конструкција (префабрикацијата).
Монтажната градба како принцип на градење е регистрирана во 20
век, но датира од праисториски времиња.
Квадратните цигли на мајсторите на Месопотамија биле првиот
стандардизиран модел за индустриско градење.

197
Префабрикувана и монтажна градба

Зигурат, карактеристичен сакрален објект во Месопотамија, година 2124-


2107 п.н.е.

Релјеф на фигура во Месопотамија


Во 1992 година Огист Пере проектирал куќа со ѕидови изведени од
гипс со шприцање или цемент со притисок. Додека, арх. Жан Пруве е
првиот кој го употребил металот за изведба на ѕидови (ѕидни платна), во
изведабата на објектите во високоградба. Додека, пак, во Германија
архитектот Валтер Групоис во 1931 година ја експозирал идејата за
бакарна куќа со панел-ѕидови.

Куќа со ѕидови од набиен цемент


198
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Металот како ѕиден панел

Куќа со ѕидни панели


Стабилноста и врзувањето кај префабрикуваните армирано-
бетонски објекти, преднапрегнатите бетонски објекти и други
префабрикувани системи се прикажани во експериментални и
аналитички студии. Конструктивниот систем, како и меѓусебното
врзување на елементите треба да бидат едноставни, читливи и јасни.
Системот за поврзување на елементите кај префабрикуваните градби
треба да функционира како монолитен систем (една целина) и во
спојката на хоризонталните елементи и во спојката на вертикалните
елементи.
Овој систем на градење може да се нарече и како панелен систем
на градење.

199
Префабрикувана и монтажна градба

Основа на станбен објект со префабрукувани елементи за градење. Ѕидни


панели

Монтажна градба: 1. столбови, 2. греди, 3. меѓукатни панели и 4. сидни


панели

200
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ
7.3 Индустриското градење некогаш, денес и утре

- Кога Македонија беше дел на СФРЈ и нејзините амбиции за


европско градење на објектите.
- Економската страна, ситуацијата и моменталната политика.
- Анализа и едукација на кадарот за индустриско градење на
објектите кај нас и во светот.
- Во Македонија постојат само теоретски знаења, недостасува
практика.
- Што терба да направиме во иднина и каде треба да посветиме
внимание во индустриското градење на објектите?
Аплицирање на индустриското градење во високоградбата. За
„големи” или „помали” објекти (индивидуални или станбени згради).
Треба фабрикација (монтажа) на градбите или полумонтажа на
градбите.
Појава и апликација на санитарни ќелии или таконаречени
инсталациски ѕидови.

Монтажен објект, индивидуален станбен објект, подвижен објект

7.4 Систем-панели - преградни ѕидови

Засновајќи се на барањето за брза изградба на објектите и


потребата од полесни ѕидови за побрзо градење, се појавува панелниот
систем на преграден ѕид. Преградните лесни ѕидови презентираат
201
Префабрикувана и монтажна градба

претставуваат бетонски лесни ѕидови, готови лесни панели од сипорекс


(siporex), ѕидови со димензиии 265 x 60 x 7 cm. Овие панели
овозможуваат брза градба бидејќи се монтираат на лице место како
готови, со можност панелите да се спојат една со друга, така што се
формираат комплетни ѕидови на објектот. Проектирањето на овие
објекти, пред сè, е направено со употреба на проектантски модул од 60
см.

Примена на ѕидни панели кај индустриска градба на објекти


1. столб, 2.греда, 3. меѓукатен панел, 4. преградни ѕидови, и 5. преградни
панелни ѕидови

Презентирање панелен ѕид во идустриска градба


202
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ
7.5 Надворешни парапедни ѕидови

Постојат различни надворешни ѕидови, презентирани како


парапеди и балконски парапеди. Со тоа се појавува и индустрискиот
принцип на градење објекти со парапеден ѕид.
Парапедниот ѕид претставува панел на индустриското градење на
објектите од лесен материјал (бетон, сипорекс, цигла-панели - како
монтажни системи, итн.).

Градење идустриски објекти со парапедни ѕидови

Изградба на објекти со парапедни ѕидови

203
Префабрикувана и монтажна градба

Презентирање во основа и пресек на изградба на објет од армиран бетон со


монтажни елементи

Монтажни елементи: столб со конзола и со греда

204
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Монтажни ѕидови во основа и изглед

Презентирање монтажни скали во идустриското градење на објекти

205
Префабрикувана и монтажна градба

Презентирање мотажа на крак од скали

206
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Презентирање монтажни скали со носива греда во средина

Врзување столбови еден над друг во идустриското градење објекти


207
Префабрикувана и монтажна градба

208
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Презентирани објекти во основа - мотажни системи на изградба на објекти

209
Префабрикувана и монтажна градба

Презентирани објекти со мотажен систем на градење, објекти изградени во


фабрики

210
ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

ЛИТЕРАТУРА

1. Аранѓеловски, Т.: Градежни конструкции, авторизирани


предавања. Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“, Скопје, 2012.
2. Атанасовски, С.: Армирано-бетонски конструкции I. Градежен
факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1992.
3. Бошковски, В., Филиповски, Љ.: Архитектонски конструкции 1.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2005.
4. Деплацес, А.: Контруирање архитектура, материјали,
пресеци, структури (прирачник). Арс Ламина Доо,Скопје,
2012.
5. Јакупи, Е.: Архитектонски конструкции 1, МИТ Универзитет,
Архитектонски факултет- Скопје, авторизирани предавања,
2015.
6. Киселичка, С.: Градежни конструкции 1, за градежните
технички училишта. Просветно дело, Скопје 1977.
7. Киселичка, С.: Градежни конструкции 2, за градежните
технички училишта. Просветно дело, Скопје 1987.
8. Марина, О.: Архитектонски конструкции 1, авторизирани
предавања. Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил
и Методиј“, Скопје, 2012.
9. Мета, М., Скарбороу, В., Армприст, Д.: Изведба на објекти од
високоградба, начела, материјали и системи. АД БЕРБУМ,
Скопје 2013.
10. Спасов, А., Трајковска, В.: Градежни конструкции, Скопје, 1994.
11. Томиќ, Љ., Пљаковски, Д., Филиповски, Љ.: Архитектонски
конструкции I, Скопје, март 1974 год.
12. Филиповски, А.: Метални конструкции за архитекти. Градежен
факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2004.
13. Филиповски, Љ.: Индустриска градба на станови.
Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Скопје, 1997.
14. Jakupi, E.: Konstruksionet arkitektonike 1, Gostivar, 2017.
15. Koncz, T.: KONCZ-HANDBUCH DER FERTINGTEILBAUWEISE
/konstruktion,Berchnung und Bauausfuhrung/, Auflage, 1962.
16. Krstiq, P.: Arhitektonske konstrukcije 1 & 2, Beograd 1951.
17. Peulic, D.: Gradevinske konstrukcije 1, Skolska knjiga, Zagreb 1964.
18. Peulič: Konstruktivni elementi zgrada 1, Zagreb.
19. Romic, S.: PECURKASTE I KOSETIRANE KONSTRUKCIJE. Naucna
Knjiga, Beograd,1986.
20. Internet WEP страни.

211

You might also like