You are on page 1of 12

Подрачје 2: Создавање стимулативна средина за учење

2.1 Создавање безбедна и стимулативна средина за учење

Компетенција Доказ Објаснување

Создава стимулативна и Доказ 62: Извештај од посета на час Моите изработки за реализација на
безбедна средина за учење во Доказ 13: Изработки за во училница наставните содржини, како и
училницата изработките на учениците
задолжително ги поставуваме на
видно место во училницата. На тој
начин, учениците се мотивирани за
работа бидејќи знаат дека успешните
изработки ќе бидат јавно истакнати, а
истовремено просторот го правиме
интересен, богат со детски креации, а
учениците постојано можат да ги
повторуваат содржините кои се
претставени на плакатите и постерите.
Го организира просторот за Доказ 17: Организација на просторот за учење На фотографијата учениците се
учење во согласност со видот седнати на подот и следат приказна на
на активностите и интересите смарт таблата. Овој начин на
на учениците организирање на просторот за учење
предизвика задоволство кај
учениците, се создаде навистина
позитивна клима и стимулативна
средина за работа, учениците беа
помотивирани да ја следат
приказната и сл. Ваквата организација
на просторот за учење ја направив на
барање на учениците, следејќи ги
нивните желби, а истата одговара на
овие типови на часови, каде учениците
следат некое видео, цртан филм,
документарна емисија и сл.
Придонесува во создавање на Доказ 15: Проект „Подари книга за детска насмевка“ Проектот од Доказ 15 за собирање и
стимулативна средина за учење донирање на детска литература и
во училиштето Доказ 18: Реализација на проект од СПА грант на опремување на училишната
Мировен корпус (опремување на библиотека) библиотека во подрачното училиште
во с. Врбоец беше на моја и на
иницијатива на моите ученици. Откако
го детектиравме проблемот,
побаравме партнери за реализација
на нашиот проект и истиот беше
реализиран во соработка со Лајонс
клуб – Крушево. Крајниот ефект од
реализацијата на проектот беше
создавање на простор каде
учениците прво ќе се дружат меѓу
себе, ќе ги продлабочуваат знаењата
користејќи ги екциклопедиите и ќе го
збогатуваат речникот читајќи ги
книгите.

На илустрациите од Доказ 18 се гледа


финалниот производ од соработката со
волонтерот на Мировен корпус –
опремување на училишната
библиотека, како дел од добиениот
грант од СПА програмата на
Мировниот корпус. Носители на
проектот бевме јас и волонтерката
Сара Стоун и заедно работевме на
детектирање на потребите на
учениците и наставниците од ваков
простор за поефективна реализација
на наставата, а истовремено работа
во пријатна, стимулативна
просторија.
Иницира и реализира Доказ 12 - Планирање на воннаставни активности според Доказите 12, 21 и 22 се однесуваат на
разновидни воннаставни и Нансен моделот за интегрирано образование реализација на проектни активности
вонучилишни активности со Доказ 21 - Извештај за реализирани активности според според Нансен моделот за
учениците Нансен моделот интегрирано образование.
Активностите се реализираат на два
Доказ 22 - Презентација на проектни активности според наставни јазика, македонски и
Нансен моделот влашки јазик, истовремено од тандем
наставници. Во активностите
Доказ 23 – Линк од реализација на проектите активности преовладуваат игровните
според Нансен моделот за интегрирано образование активности, часовите се интересни за
(https://nmie.org/photo-gallery/) учениците од различни етнички
заедници кои имаат можност и
Доказ 48: Активности со Лајонс клуб простор за меѓусебни, секојдневни
средби, спонтана, слободна
комуникација, соработка,
помагање, меѓусебно учење,
дружење и сл. Содржините кои се
реализираат се поврзани со наставните
предмети, но истите се од неформален
карактер, а главната цел на овие
активности е развивање и
унапредување на соработката меѓу
различните етнички заедници, а
истовремено негување на
креативноста на учениците преку
различните изработки кои се како
финален производ од овие активности,
како и зголемување на самодовербата
кај учениците преку презентација на
финалните производи.
Како Доказ 23 е даден линкот на кој
може да се најдат сите информации за
Нансен моделот за интегрирано
образование, како и фотографии од
сите проектни активности кои сме ги
реализирале со учениците, во
изминатите години.
Заедно со учениците сме биле дел од
многу активности и проект во
реализација на Лајонс клуб –
Крушево. Овие активности имаат за
цел да ги запознаат учениците со
важноста на општествено –
корисната работа, хуманитарните
активности, како и решавањето на
проблеми преку активно учество во
процесите на детектирање на
проблемот, изнаоѓање на соодветно
решение и преземање иницијатива за
решавање на истиот.

ИКТ ја става во функција на Доказ 69: Дневна подготовка (ИКТ) Редовно креирам и користам ИКТ
постигнување на целите на Доказ 68: План за употреба на ИКТ во наставата содржини за учење во реализација на
наставата/резултатите од Доказ 70: Игровна активност (ИКТ) наставните содржини. Во Планот за
учење употреба на ИКТ во наставата имам
наведено извори на ИКТ содржини и
активности, прилагодени на потребите
на учениците.
Исто така, во прилог имам
презентација на игровна активноста,со
употреба на ИКТ за повторување на
стекнатите знаења од наставната
содржина.
Се грижи за безбедно Доказ 24 – Безбедно користење на ИКТ Финалната активност од наставната
користење на ИКТ од страна на единици „Испраќање писмо до
учениците непознато другарче во Америка“ се
однесува на начинот на кој ќе биде
испратено писмото. Учениците ги
испраќаат писмата преку електронска
пошта, а пред тоа јас како наставник
накратко им ги објаснувам
предностите и недостатоците од
употребата на ИКТ, како и начините
за безбедно користење на ИКТ во
наставата, како и во секојдневниот
живот.

2.2 Училишна клима

Создава позитивна работна Доказ 62: Извештај од посета на час Преку поттикнувањето за иразботки за
клима во училницата во Доказ 13: Изработки за во училница во училницата поттикнувам позитивни
согласност со потребите на сите вредности кај учениците, ги
ученици мотивирам, ги поттикнувам на
размислување и на тој начин создавам
позитивна работна клима за сите
ученици.
Ја почитува личноста на Доказ 14: Ден на детето Реализирајќи ја оваа активност на
ученикот, ја поттикнува и Доказ 62: Извештај од посета на час учениците им сугерирав сами да си ги
развива неговата самодоверба изберат активностите кои ќе ги
и самопочитување реализираат, ги поттикнав самостојно
да ги напишат пораките кои сакаат
да им ги презентираат на возрасните и
самостојно да ги изработат
транспарентите, покажувајќи ја
својата креативност. По завршување
на активноста ученците покажаа
големо задоволство од успешно
завршените активности и
постигнатите цели, а на тој начин
стекнаа голема самодоверба за
понатамошно реализирање на слични
активности.
Поттикнува и поддржува Доказ 25 - Тимска активност (училишни приредби) Подготовката на точки за
тимска работа кај учениците училишните приредби ги имаат сите
карактеристики на успешна тимска
работа. Досега имаме настапувано
скоро на сите училишни приредба и
точките по англиски јазик станаа
заштитен знак за нас како
реализатори, пред се’ поради
интересните костими кои секогаш
самостојно ги изработуваме,
наставник, ученици и родители.
Подготовката на точка по англиски
јазик е активност која некогаш трае и
по цел месец, а во истата активно се
вклучени сите ученици. Најпрво,
сите заедно избираме со која
содржина ќе настапиме, како ќе
изгледаат костимите, која музичка
точка ќе ја вметниме (изведбата по
англиски јазик скоро секогаш е
комбинација на музика и тетарарска
изведба), а потоа секојдневно имаме
термин кога ја вежбаме изведбата.
Учениците се многу мотивирани за
работа, а сите заедно работиме во
многу позитивна атмосфера.
Учениците ја покажуваат својата
креативност, споделуваат идеи,
работат тимски, смислуваат
кореографија, сценска изведба и сл.
Користи соодветен стил на Доказ 62: Извештај од посета на час При реализацијата на наставата постојано
комуникација со учениците користам средства и методи кои ги
приспособувам на потребите на
учениците, а во тој контекст ја остварувам
комуникацијата во зависност од
ситуацијата и личноста на учениците.
Користи разновидни средства Доказ 67: Фотографии (група на одделението, страница Комуникацијата со родителите и
за комуникација (е-пошта, на училиштето) учениците ја реализирам со користење
блогови, социјални мрежи и https://www.facebook.com/profile.php?id=100006981047116 на групи на родители, на ниво на
др.) одделение, каде родителите се
навремено известени за сите
активности, како и постигања на
учениците.
Придонесува за почитување на Доказ 43: Час по англиски јазик со одделелние на Во рамките на реализацијата на МИО
различностите, албански наставен јазик активностите во нашето училиште
мултикултурализмот, Доказ 46: Проект “Градиме мостови“ реализирав час со моето одделение,
интеркултурализмот и Доказ 22 - Презентација на проектни активности според заедно со одделение на албански
меѓуетничка интеграција на Нансен моделот наставен јазик. Часот беше реализиран
учениците на три јазика, англиски, македонски
и албански јазик. Учениците се
гледаа за првпат, меѓутоа за кратко
време се прилагодија на новата
ситуација и активно учествуваа во
сите активности. Учениците работеа
во групи кои беа од мешан состав,
Македонци и Албанци работеа заедно,
соработуваа, споделуваа идеи,
креираа, презентираа. Покажаа
висок степен на емпатија кон
другиот и успешно го поминаа
процесот на интеграција. Заедно со
мојата колешка, преку добро
осмислените активности успеавме да
создадеме една стимулативна
средина за успешно поврзување на
учениците од различните етнички
заедници, преку игровните
активности, работата во групи,
музичките активности, како краткиот
квиз на крајот од часот и успешното
претставување на учениците и
нивните знаења.
Создава услови за демократска Доказ 48: Активности со Лајонс клуб Учеството на учениците во
партиципација на учениците активностите на Лајонс клуб –
Крушево се одлична подлога за
учениците да се подготват за
понатамошно учество во
иницијативни од овој вид, во интерес
на унапредување на општествено-
корисната работа, помагање на
заедницата во која живеат и сл.
Учениците се приклучуваат кон овие
активности на своја желба,
дополнително се мотивирани од
фактот што имаат простор да се
реализираат на едно повисоко ниво и
да се подготват на предизвиците кои
ги чекаат во понатамошното делување
во рамките на заедницата.

2.3 Социјална и образовна инклузија

Учествува во процесот на Доказ 55: Потврда од училиште Како член на инклузивниот тим за
идентификација на ученик, во текот на целата година,
специфичните образовни анализирајќи ги постигањата на
потреби на учениците заедно со учениците со посебни потреби со кои
стручната служба работам, спроведувам низа на
активности во интерес на изнаоѓање
на начини на кои може да се подобрат
методите кои ги користам во
задоволување на посебните образовни
потреби на овие ученици.
Ги подготвува учениците да ги Доказ 42: Посета на Дневниот центар за деца со посебни Целта на посетата на Центарот за
прифатат децата од ранливи потреби деца со посебни потреби беше
групи и децата со посебни развивање на свеста кај учениците
образовни потреби за лицата со посебни потреби, а
истовремено и развивање на чувство
за емпатија кон оваа категорија на
деца. Пред посетата на центарот
учениците имаа краток, неформален
разговор со мене, на кој ги запознав со
категоријата на дечиња кои ќе ги
посетиме, што да очекуваат кога ќе
стигнеме таму, а истовремено им
посочив кон нив да се однесуваат исто
како кон своите соученици.

Учествува во тимови за Доказ 61: Примерок од изготвен индивидуален образовен ИОП содржи диференцирани цели,
изработка на индивидуални план (ИОП) за ученик/чка со попреченост техники и методи преку кои ќе се
образовни планови реализираат истите, како и предлог
активности за реализација.
Користи стратегии кои Доказ 46: Проект „Градиме мостови“ Реализирајќи ги активностите од овој
промовираат почитување на проект, преку активностите кои
разликите и демократските однапред соосветно ги испланирав
вредности учениците од различните етнички
заедници, успеав да создадам
стимулативна средина за учениците,
во која ќе се почитуваат меѓусебно,
без разлика на етничката заедница на
која припаѓаат, ќе го почитуваат
мислењето на другиот, ќе работат на
заеднички активности, ќе бидат
измешани во тимови, заеднички ќе ги
играат игрите и меѓусебно ќе се
поттикнуваат за постигнување на
повисоки резултати.
Активности: работа во мешани групи,
игровни активности, тимски изработки
и сл.

Работи во училишни
инклузивни тимови
(училиштен инклузивен тим,
тим за училишна интеграција,
и др.)

Развива пристапи за градење Доказ 34: Предлог проект за инклузија Во изминатиот период, во нашата
на инклузивно училиште Доказ 35: Презентација на предлог проект за инклузија општина, се реализираше проектот
Доказ 44: Форумски сесии за изработка на проект "Зајакнување на општинските совети".
Проектот се состои од две
компоненти, подобрување на
транспарентноста на Советот и
имплементација на еден до три
приоритетни проекти.
Нашето училиште беше дел од втората
компонента на овој проект, преку
учество со предлог - проект за
унапредување на наставата и
подобрување на условите за работа и
учење. Беа реализирани 4 форумски
сесии, во рамките на втората
компонента од овој проект.
Нашата работна група, која ја
сочинуваа директорката на ООУ
"Никола Карев", педагогот и јас како
наставник и координатор, работевме
на проект за подобрување на условите
за учење на учениците со посебни
образовни потреби, преку
подобрување на условите за инклузија
на овие ученици. Проектот се
однесува на целосно опремување на
сензорна соба, која ќе биде составена
од два дела - дел за слободни
активности и играње и дел за
едукација. Втората компонента од
проектот се однесува на целосно
опремување со наставни помагала,
дидактички материјали, стручна
литература и асистивна технологија за
работа со учениците со посебни
образовни потреби и третата
компонента се однесува на едукација и
обука на дел од наставниот кадар,
педагогот и образовните асистенти
кои работат со овие ученици.
На последната форумска сесија,
учесниците имаа можност да изберат
приоритетен проект, еден или
најмногу три, во зависност од
вредноста на истиот, кој ќе биде
реализиран во наредните шест месеци.
Се презентираа проекти од сферата на
културата, образованието и младите.
Нашиот проект беше второрангиран и
иако не доби директна финансиска
поддршка за реализација, истиот е
испратен на други донaтори и се
надеваме дека во најскоро време ќе
биде реализиран.

You might also like