You are on page 1of 8

Споредба на дијалекти

Милена Стефановска IV-10


Кумановски дијалект
 Кумановски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на источни
дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се
зборува на територијата на градот Куманово и Кумановско, поточно
во селата кои се наоѓаат во областите Жеглигово,
Средорек, Козјачија и северните села во областа Которлак. Близок е
со кратовскиот, кривопаланечкиот и овчеполскиот дијалект.
Кумановскиот говор е доста популарен во Македонија и
карактеристичен е по неговото брзо зборување и шегобијност,
особено прославена со хумористиката на глумецот и водител Тони
Михајловски. Овој дијалект е присутен и во македонската
книжевност, а пример е драмата „Бегалка“ („Ленче Кумановче“)
од Васил Иљоски. Исто така, дијалектот содржи и остатоци
од падежи.
Претставата “Бегалка”
 наставки за формирање на минато определено
несвршено време (имперфект) се: -ше за 1, 2 и 3 л. едн.
и -смо за 1, -сте за 2 и -сва за 3 л. мно.

Глаголи
 глаголската-л форма се образува со наставките: -ја за
м.р. -ла за ж.р. и -ло за ср.р. едн. и -ле за мн.

 Лични заменки
Струмички дијалект
 Струмичкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик.
Дијалектот спаѓа во групата на источни дијалекти од
централното наречје. Овој дијалект се зборува во
југоисточниот дел на Република Македонија, односно во
градовите Струмица, Радовиш и околните низински села
во Струмичко-радовишката Котлина како и во селата под
подножјето на Беласица и Огражден.
 Множинска наставка - ове: вулóве, зетуве, кочуве, ругóве и сл.
 Отсуство на членските форми на в и н.
 Лична заменка за трето лице он (она, оно, они)
 Кратка множинска заменска форма ги: них ги.
 Отсуство на партикулата - зе // - зи кај посвојните заменки за
трето лице женски род: нејн, нејна, нејно, нејни.
 Аналитички датив кај заменките: нă мене ми, нă тебе ти, нă
него му, на неа ѝ, нă нас ни, нă вас ви, нă них им, и кај личните
имиња: нă Стујан, нă Марко, нă Петрăто, нă Мара.
 Отсуство на наставката - т во трето лице еднина на сегашното
време: вика, носе, сече.
 Форма са, односно сă во трето лице множина од глаголот сум.
 Глаголска л-форма донесол: дујнсéл, дујнсéла, дујнсéло,
дујнсéле
Големиот број лексички Струмички дијалект на карта на
особености што егзистираат во македонски дијалекти
струмичкиот крај се истакнуваат
со својата свежина. Меѓу
покарактеристичните лексички
единици од овој говор се
лексемите: липки ‘ноздри’, глетк
а ‘црнка’, курéм ’мев’, утилница,
зăврăтнúца,
буфтăнúца // писнúца ‘тупаница
’, смугав ‘блед’, кувéт ‘сила’, кап
е (се) ‘се крши’, куне (се)
‘молчи’, туче ‘победува’, момичк
а ‘девојче’, мрфка ‘парче
месо’, кăпенúна ‘сланина’, фрк ‘к
раешник’, џилéтка ‘плетена
волнена блуза’ бăлтăн ‘зимско
долго палто’, мумúја ‘долга
шамија’, лавреш ‘топло време’
итн.

You might also like