You are on page 1of 5

Витамин Б5

ИЗРАБОТИЛ: КИРЕ ГЕОРГИЕВ VIII 5


 Витамин Б5, или пантотенска киселина, е
еден од најважните витамини за човечкиот
живот: помага во создавање на крвни клетки
и помага во конвертирање на изедената
храна во енергија.
 Витаминот Б5 е еден од осумте Б- витамини.
Сите Б- витамини ви помогаат во
конвертирање на протеини, јаглени хидрати
и масти во енергија. Исто така, витаминот
Б-5 е потребен за:
 здрава кожа, коса и очи
 правилно функционирање на нервниот
систем и црниот дроб
 здрав дигестивен тракт
 создавање на црвените крвни зрнца, кои го
носат кислородот низ телото
 стресот поврзани хормони во
надбубрежните жлезди
 Пантотенската киселина или витамин Б5,
спаѓа во групата на Б -витамини. При
нормална прехрана кај човекот не е
позната појава на хиповитаминоза, затоа
што ја има во скоро сите намирници.
Претставува составен дел на коензимот А
кој има важна улога во метаболизмот на
јаглехидратите, мастите и протеините.
Постои во две форми: чиста пантотенска
киселина и нејзината калциумова сол –
калциум пантотенат. Пантотенатот помага
во регулирање на високото ниво на
холестерол и триглицеридите во крвта,
додека пак пантотенската киселина помага
во третман на ревматоиден артритис и во
спречувањето на појава на акни.
 Природни извори на витамин Б5 се :
месото, мешункастите плодови, јајцата,
црниот дроб, темното пилешко и
мисиркино месо, овошјето и зеленчукот,
печурките, лососот, оревите, компирот,
пченката, кикириките, квасецот и друго.
Пантотенската киселина која се наоѓа во
лосиони и креми ја ублажува болката од
изгореници, исеченици, гребаници, и
исто така го намалува воспалението на
кожата и го забрзува заздравувањето на
раните. Недостатокот на витамин Б5 е
многу редок, затоа што е присутен во
скоро сите намирници. Симптомите при
недостаток на витамин Б-5 се::
повраќање, нервоза, абдоминална болка,
мускулни грчеви, инфекција на горните
респираторни органи и друго.
 Дневна препорачана доза за витамн
Б5 е 4 – 7 мг за возрасни и
адолесценти, и 3 – 4 мг за деца.
Овие количини можат да се внесат
во организмот со правилна
прехрана. Зголемени количини на
пантотенска киселина се потребни
кај трудниците и алкохоличарите.
Преголеми количини на овој
витамин можат да бидат штетни за
мајката и фетусот. Не постои
податок за хипервитаминоза и
токсично делување на пантотенската
киселина.

You might also like