You are on page 1of 21

Банкарско работење

Банкарски производи и услуги

Вон. Проф. д-р. Зоран Темелков


Видови на производи и услуги кои ги
нудат банките
• Производите и услугите кои ги нудат банките може да имаат финансиски или нефинансиски
карактер.
• Понудата на бројни производи и услуги придонела во развојот на универзалниот вид на
банкарство каде што една банкарска институција нуди целосни финансиски услуги.
Основните сметки кои може да се отворат кај банките се:
• Тековна сметка – претставува банкарска сметка на која се заведуваат сите уплати и
исплати во работењето на комитентот со банката. Во некои земји постои можност
сопствениците на тековни сметки да се задолжат до висината на кредит кој е одобрен од
банката. Банките може да плаќаат одредена камата (најчесто многу ниска камата) за
средствата кои комитентот ги држи на тековната сметка;
• Девизна сметка – е слична на тековната сметка со таа разлика што на девизната сметка
трансакциите се реализираат во некоја странска валута. Уплатите и исплатите на
девизната сметка не може да бидат во домашната валута;
• Транскациска сметка – е сметка каде што се евидентираат сите транскации во домашната
валута кои се реализираат преку банката.
Каматни стапки во банкарското
работење
• Активни каматни стапки
• Пасивни каматни стапки
• Номинална каматна стапка
• Реална каматна стапка
• Ефективна каматна стапка (годишна процентуална стапка)
• Фиксна каматна стапка
• Променлива каматна стапка
• Интеркаларна каматна стапка
• Казнена каматна стапка
• Референтна каматна стапка
Производи за штедење
• Од аспект на достапноста на средствата, банките нудат
депозити по видување и орочени депозити.
• Кај депозитите по видување клиентите може да располагаат
со своите средства во секое време и банката не наплаќа
казнени провизии.
• Орочениот депозит е вид на депозит каде што постои
ограничување за повлекување на средствата. Со орочениот
депозит клиентите се обврзуваат дека нема да ги користат
средствата за времетраење на депозитот, односно дека
нема да го разрочат депозитот.
Производи за штедење
• Висината на каматната стапка кај орочениот депозит зависи од
времетраењето на депозитите. При подолг период на орочување
на средствата банките плаќаат повисока каматна стапка.
• Каматата која ја добиваат штедачите на своите орочени депозити
може да биде антиципативна, декурзивна и месечна камата.
Антиципативната камата се исплаќа во моментот на орочување
на средствата. Декурзивната камата банките ја исплаќаат по
истекот на периодот на орочување на депозитот. Месечната
камата се исплаќа секој месец на сметка на штедачот. Изборот за
видот на камата која би се плаќала на депозитите е целосно на
штедачот.
Кредитни производи
Основни елементи на кредитните производи:
• Кредитна апликација
• Каматна стапка
• Трошоци за одобрување на кредит
• Амортизација
• Датум на доспевање
• Главница
• Грејс период
• Кредити со девизна клаузула
Амортизација на кредит и
амортизационен план
• Амортизација на кредитот е процес на отплаќање на
главницата на кредити во согласност со условите утврдени
во договорот за кредитот. Амортизацијата на кредитот, или
отплаќањето, се извршува според дефинираниот
амортизационен план.
• Амортизационен план претставува план кој овозможува
преглед на процесот на отплаќање на кредитот.
Амортизациониот план го прикажува отплаќањето на
кредитот во форма на табела, која е составена од различни
елементи.
Амортизација на кредит и
амортизационен план
Елементите кои се прикажани во амортизациониот план се:
• Вкупниот трошок на кредитот
• Камата
• Ануитет (рата)
• Периодот на отплата на кредитот
• Останата главница
• Грејс период
Треба да се напомене дека формата на амортизациониот план може да се
разликува од банка до банка. Меѓутоа, амортизационите планови
издадени од различни банки ги содржат истите основни елементи
поврзани со кредитот и неговото користење.
Амортизација на кредит и
амортизационен план
• Амортизацијата ни го претставува процесот на отплаќање на
кредитот согласно дефинираните услови.
• Покрај амортизацијата, во банкарското работење може да се
појави и негативна амортизација на кредитот. Негативната
амортизација всушност претставува процес преку кој се
зголемува висината на главницата на кредитот, бидејќи
месечните ануитет (рати) не се доволно големи за да ја
покријат целата камата за пресметковниот период. Разликата
помеѓу каматата која треба да се плати и камата која е
платена со месечната рата се додава на преостанатата
главницата која треба да се отплати.
Инструменти за обезбедување
прифатливи за банката
Целта на за постоење на гаранција за кредитите од аспект на
банката е:
• Одобрување на кредити на клиенти кои имаат лош кредитен
рејтинг, меѓутоа имаат одреден имот во нивна сопственост;
• Осигурување на делумна или целосна исплата на кредитот
и каматата, во случај корисникот да не го отплати кредитот;
• Заштита од непредвидени околности кои може да настанат
во иднина;
• Намалување на можноста за појава на кредитен ризик.
Инструменти за обезбедување
прифатливи за банката
Залогот исто така може да биде понуден и од страна на клиентот. Причините
поради кои клиентот би сакал да понуди некоја форма на обезбедување за
кредитот се:
• Можност за преговарање за висината на каматната стапка на кредитот. Клиентот
е во можност да издејствува пониската камата стапка за кредитот бидејќи истиот е
обезбеден со некој инструмент, и со тоа ризикот за банката е помал;
• Можност за аплицирање за поголем износ на кредит е уште една причина поради
која клиентот би понудил залог. Имено, висината на приходот, кредитната
историја, степенот на задолженост, лош кредитен рејтинг се само некои од
факторите поради кои банката може да одлучи да одобри помал износ на кредит.
Во тој случај, клиентот може да понуди некој имот како залог за одобрување на
поголем износ на кредит;
• Поедноставен процес за одобрување на кредитот, бидејќи кредитот е обезбеден
со залог, анализите и процесот на одобрување може да бидат поедноставни.
Класификација на кредитните
производи
• Различни видови на кредити кои ги нудат банките
Категорија на кредити Видови на кредити
Од аспект на потребата за колатерал Кредит со обезбедување
Кредит без обезбедување
 
Од аспект на условите за отплаќање и повторно користење на средствата Отворена кредитна линија
Затворен кредит
 
Од аспект на рокот на доспевање Краткорочни кредити
Среднорочни кредити
  Долгорочни кредити
Од аспект на намена на кредитот Ненаменски кредити
Наменски кредити
 
Кредит за купување недвижен имот
Кредит за купување автомобил
Потрошувачки кредит (за купување во продавници)
 

Од аспект на каматната стапка Кредити со променлива каматна стапки


   
Кредити со фиксна каматна стапка
Кредити со фиксна и променлива каматна стапка
Кредитни картички
• Кредитната картичка во основа претставува форма на
кредит, односно кредитна линија (револвинг кредит) или
краткорочен кредит. Со користење на кредитната картичка,
сопственикот позајмува средства и со тоа создава обврски
спрема банката за нивно враќање.
• Одобрениот кредитен лимит го претставува максималниот
износ на средства што се на располагање за користење на
кредитната картичка. Кредитните картички обезбедуваат
лесен начин за позајмување пари за краток временски
период
Кредитни картички
• Основните карактеристики на кредитните картички е дека тие се: вид на
кредит, издавачот на картичката наплаќа соодветни провизии и каматна
стапка на искористениот износ согласно договорот за користење.
• Користењето на кредитната картичка, односно средства од дозволениот
лимит, наметнува обврска за редовно плаќање на минималниот износ.
• Во случаи на нередовно плаќање на обврските настанати по основа на
кредитна картичка, банките наплаќаат казнена камата која е една од
највисоките каматни стапки.
• Кредитните картички се сметаат за еден од најскапите финансиски
производи кои што ги нуди банката, односно еден од најскапите форми
на кредит.
Кредитни картички
• Во модерните финансиски системи се нудат различни видови
на кредитни картички. Некои од основните видови на
кредитни картички се прикажани во продолжени.
• Користењето на кредитните картички има своја цена која што
треба да ја платат клиентите. Годишната процентуална
стапка (ГПС) го претставува вкупниот трошок за користење на
одобрениот кредитен лимит. Тоа е годишната стапка која се
плаќа на искористениот дел од кредитниот лимит. И покрај
тоа што е изразена на годишно ниво, банките (издавачите) ја
користат годишната процентуална стапка за пресметка на
обврските на месечно ниво.
Кредитни картички
• Зависно од видот и начинот на користење на кредитната картичка, постојат неколку различни
видови на годишна процентуална стапка (во некои земји банките пресметуваат само една
годишна процентуална стапка).
• Годишната процентуална стапка за трансфер на билансот ја преставува стапката која што се
плаќа кога се пренесува билансот од старата кредитна картичка на нова кредитна картичка.
Овој вид на годишна процентуална стапка може да изнесува и 0 % во промотивниот период.
• Друга годишна процентуална стапка која може да ја наплаќаат банките е ГПС за повлекување
на готовина од банкомат. Треба да се напомене дека оваа ГПС е една од највисоките годишни
процентуални стапки, со исклучок на казнената ГПС. Поради тоа што банките ја наплаќаат оваа
ГПС, повлекувањето на готовина од банкомат може да има релативно висок трошок.
• Банките исто така може да наплаќаат и годишна процентуална стапка за средства кои се
искористени за купување на стоки и услуги.
• Казнената годишна процентуална стапка се пресметува кога сопственикот на кредитната
картичка не го платил минималниот износ за искористениот дел од одобрениот кредитен лимит.
Кредитни картички
• Ефикасно користење на кредитните картички наметнува
потреба не само да се разбере трошокот за корисниците,
туку и да се разберат факторите кои што можат да влијаат
на висината на годишната процентуална стапка.
• Треба да се напомене дека банките во развиените земји
може да наплаќаат различна годишна процентуална стапка
за различни клиенти.
• Притоа, разлика во висината на ГПС помеѓу различни
клиенти може да биде значителна
Кредитни картички
Од таа причина треба да се разгледаат некои од основните факторите кои што имаат
влијание врз висината на ГПС, а тие се:
• Кредитниот рејтинг на клиентот (Во САД FICO score) – или кредитната способност на
клиентите имаат важна улога во одредување на ГПС која што би ја наплаќала банката за
издавање на кредитна картичка. Клиенти кои имаат висок кредитен рејтинг ќе плаќаат
драстично пониска ГПС споредено со клиентите кои имаа лош кредитен рејтинг;
• Референтната стапка – која се користи како основна каматна стапка, е друг фактор кој
има влијание врз висината на ГПС. Некои банки ја формираат ГПС како референтната
каматна стапка плус стапка која е одредена од страна на банката. Референтната каматна
стапка е поврзана со економските движења и насоката на монетарната политика. Од таа
причина, промена во оваа каматна стапка би влијаело врз висината на ГПС;
• Промотивни понуди – е уште еден фактор кој влијае врз висината на ГПС бидејќи банките
може да понудат промотивна годишна процентуална стапка за постоечките клиенти или
за привлекување на нови клиенти.
Видови на станбени кредити
Во развиените економии, банките нудат најразлични видови на станбени кредити.
Целта поради која банките нудат широка палета на различни видови станбени
кредити, е да ги задоволат различните потреби на постоечките и потенцијалните
клиенти.
Некои од почесто користените станбени кредити кои ги нудат банките во
развиените економии се следните:
• Станбен кредит со прилагодлива каматна стапка;
• Станбен кредит со фиксна каматна стапка;
• Станбен кредит (хипотекарен кредит) од втор ред;
• Станбен кредит со опција за преземање;
• Станбен кредит со растечка месечна рата;
• Обратен (реверзибилен) станбен кредит.
Процесот на одобрување на кредити
Управувањето со кредитниот ризик подразбира постоење на соодветно
дефинирани интерни процедури и правила.
Општите чекори од кои се состои процесот за одобрување на кредити се:
• Предквалификација
• Кредитна апликација
• Процесирање на апликацијата
• Анализа на кредитната апликација
• Кредитна одлука
• Проверка на квалитетот
• Исплаќање на кредитот
• Сервисирање на кредитот
Прашања за дискусија
• Кои се основните банкарски сметки?
• Објаснете што претставува каматната стапка и каматата;
• Кои видови каматни стапки постојат во банкарското работење?
• Објаснете ги депозитите по видување;
• Објаснете ги орочените депозити;
• Што претставува амортизација на кредит?
• Што преставува амортизационен план на кредит?
• Кои елементи ги содржи амортизациониот план?
• .....................................................

You might also like