You are on page 1of 6

УВОЗНО РАБОТЕЊЕ

Суштина и значење на увозното работење


Увозното работење претставува составен дел на надворешно трговско работење, односно
дел од купопродажбата што се одвива во рамките на меѓународниот трговски промет.

 Под увозно работење или импорт се подразбира внесување набавка, т.е внесување на стоки
од странство во определена земја.

 Под увоз може да се смета, преминот на странската стока преку границата на домашната земја
меѓутоа како увоз не се смета набавената странска стока што не е оцаринета.

Како увоз може да се смета: стока што е купена во странство, стоката што е привремено внесена во
земјата за презентирање на некој саем или изложба, увоз на благородни метали, оружје, опрема за
војска и сл.
При увоз на стока царинскиот орган наплатува увозни и извозни давачки и други давачки и даноци во согласност
со прописите со кои се регулирани овие видови на давачки и даноци.

Странска стока може да се внесе на царинското подрачје преку царински гранични премини во времето кога тие се
отворени за промет.

Увозот за стоката која подлежи на фитосанитарна, ветеринарна или друга пропишана контрола е дозволен само
преку граничните премини кои во согласност со прописите од соодветната област се одредени за внесување и
изнесување на таква стока.
Увозното работење може да го диференцираме како:
 Видлив и невидлив увоз
 Посреден и непосреден увоз

• Видлив увоз- набавка на стоки


• Невидлив увоз- набавка на услуги

• Непосреден увоз- се врши со директна трансакција помеѓу резидентите од


две или повеќе земји
• Посреден увоз- се врши со помош на посредник
Техника на увозно работење опфаќа извршување на бројни и разновидни работи.
Кај увозот работите може да се систематизираат како:

 Работи што му претходат на склучување на купопродажниот договор


 Склучување на купопродажен договор
 Работи што треба да се извршат пред стапување на купопродажниот договор на сила
 Оперативни увозни работи
 Завршни увозни работи

Увозот не мора секогаш да е еднаков на извозот. Трговијата е двонасочна поради тоа што увозот
и извозот генерално зависат еден од друг.

You might also like