You are on page 1of 14

AERO CLUB SKOPJE

&

УПРАВА ЗА
ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА ПРИ
АВИОНСКО ЗАСЕЈУВАЊЕ НА ОБЛАЦИ ЗА
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ И
НЕПОВОЛНИ КЛИМАТСКИ НАСТАНИ ВРЗ
ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОСЕВИ
ВОВЕД
Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на
климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со којшто се
постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.
Овој вид на заштита постигнува поголем квалитет во вештачкото влијание врз термо-
динамичките процеси во атмосферата и директен увид во ефектите при самото испуштање
на реагенсот во облаците. Оваа метода вклучува третирање, т.е. засејување на градонoсни
облаци со реагенси, пред сè, сребрен јодид (AgJ) како најзастапен реагенс во светот
Зрната град што се формираат во рамките на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали
димензии, поради прераспределбата на содржината на преладена облачна вода на повеќе ледени
кристали кои настануваат како резултат на хетерогената нуклеација на реагенсот, и логично ќе
предизвикаат помала штета ако доспеат да паднат на површината на земјата. Ако во регионот со
вертикален развој на облакот се внесат доволен број ледени јадра (нуклеуси), тогаш зрната град ќе
бидат доволно мали, така да при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат
на земјата. Процесот на засејување се изведува се додека не се намали кумулациската зона под
критериумите за засејување или не ја напушти заштитуваната област.
За оваа намена АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ има обезбедено два воздухоплови од типот PARTENAVIA P68B
кои се опремени со специјална опрема за носење и активирање на реагенсот кој е потребен за
засејување на облаците.
Покрај воздухопловите АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ обезбеди и додатна опрема која ќе биде поставена во
радарските центри во Ѓуриште и Тополчани за поефикасна координација и успешно извршување на
летот.
Двете локации на радарските центри ќе се опремат со:
- Двонасочна земска радиостаница (радар – воздухоплов)
- Антена за земска радиостаница
- Комјутерски систем преку кој со помош на FlightRadar24, радарските оператори ќе можат да ги
следат воздухопловите во секој момент со правец, висина и брзина на летот
- ADSB-IN рутер со СИМ картица за feeding на интернет за комплетна покриеност на целата
држава на повеќе локации.
- Генератори за производство на електрична енергија
АЕРОДРОМИ:
- Спортски аеродром Скопје – Стенковец (база)
- Спортски аеродром Аџи Тепе – Куманово
- Спортски аеродром Сушево – Штип
- Спортски аеродром Логоварди – Битола
- Меѓународен аеродром Св. Апостол Павле – Охрид

Поради успешна и навремена реакција АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ќе оперира од сите аеродроми кои се
сертифицирани за воздухопловни операции од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Сите горенаведени аеродроми ги исполнуваат условите за непречено оперирање.
Комуникација помеѓу радарскиот оператор и посадата во авионот

Стандардна пракса во воздухопловството е да се користи воздухопловна фонетска азбука како не би дошло


до недоразбирање и со тоа да се загрози безбедноста.
Приказ на воздухопловната азбука:
Поради можноста во исто време да летаат два воздухоплови најлесно за комуникација помеѓу
воздухопловите и радарскиот оператор ќе бидат следните позивни знаци:

- Радарски центар Ѓуриште – позивен знак: Radar Gjurishte (Радар Ѓуриште)


- Радарски центар Тополчани – позивен знак: Radar Topolchani (Радар Тополчани)
- Воздухоплов Z3-DAM – позивен знак: Avion Mike (Авион Мајк)
- Воздухоплов Z3-DAK – позивен знак: Avion Kilo (Авион Кило)

Пилотите секогаш ќе го побараат прво радарскиот центар па ќе си го кажат својот позивен знак и потоа ќе
ја пренесат пораката.

РАБОТНА ФРЕКВЕНЦИЈА ЗА ОПЕРАЦИИ ЗА ЗАСЕЈУВАЊЕ НА ОБЛАЦИ ЌЕ БИДЕ 122,500 MHz


Пример:
Пилот: Радар Ѓуриште, овде Авион Кило полета од Стенковец према сектор Индија Пет (I5)!
Радарски оператор: Авион Кило, летајте во Азимут 120, на 24 километри!
Пилот: Примено, Азимут 120 на 24 километри, Авион Кило!
Пример како би изгледал воздухопловот преку FlightRadar24
Пилотот кога ќе дојде до облакот на индикаторот на вертикална брзина кога ќе добие покажување дека
издигнувањето на воздухот почнува ќе му јави на радарскиот оператор и истиот ќе му каже во кој азимут
да лета, колку километри и колку патрони со реагенс треба да испушти во воздухот. Пилотот тука ќе лета
хоризонтално и кружно за цело време каде има издигнување (вертикално усисавање) на воздухот се
додека реагенсот се движи према внатрешноста на облакот.
Авион Мајк
Авион Кило
Опрема за засејување на воздухопловите

You might also like