You are on page 1of 5

Чорбаѕи Теодор

Чорбаџи Теодор е комедија напишана во 1937 година,


којашто се смета за врвно уметничко дело на македонскиот
драмски писател Васил Иљоски. Делото претставува комедија
на интрига инспирирана од анегдотата за присилното
кумство. Првобитно драмата е напишана на српски јазик под
насловот Нагазил човекот, а потоа самиот тој јазично ја
преработува најпрвин на централните македонски говори, а
потоа и на скопски дијалект. Исполнета со голем број на
битови и социјални елементи. Писателот своите тенденции ги
насочува кон тоа на читателот односно гледачот да му ја
прикаже забранетата љубов на двајцата млади, како и да го
исмее надуениот чорбаџиски свет. Воедно јасно е прикажано
кој од ликовите е на страната на доброто, а кој на страната на
лошото, кој и за што ќе се бори, а против кого.
Првиот чин започнува во претсобјето на вториот кат на куќата на
Чорбаџи Теодос. Кева, неговата жена оди пополека на прсти за да не го
разбуди чорбаџијата порано, но уплашено сфаќа дека часовникот
застанал. Ги повикува своите слуги Наца и Спиро и тие од страв
одбиваат да го разбудат чорбаџијата ".....Наца: Иј, шпото шпотосана! (на
Спиро) Ами ти си машко. Ајде не биди страшлив, разбуди го. Јас имам
триста работи (излегува). ",".......Спиро: Што рече јас страшлив? Не сум
јас страшлив чорбаџике, ама нејќам не да се правам некој Марко
Крале. Нејќам јас да чепкам мечка со сламка. А и јас работата си ја
оставив несвршена (излегува). Во куќата на чорбаџијата тогаш влегува
Ефка да позборува за Стојанка и за Томче. Таа е тетка на Стојанка убава
и вредна но сиромашка девојка, која Томче синот на Чорбаџи Теодос
сака да ја земе за жена, а тој пак не сака ни на слушне. Преку оваа
појава односно со разговорот на Кева И Ефка се истакнува
патријархалниот начин на живот во тоа време "..... Ефка на Кева: Не
омажија за невидени и нечуени, а тие што ги сакавме ги оженија за
други" . Тогаш се појавува и Томче убаво момче, со танки мустачиња,
густа кадрава коса, убаво облечен, но целиот блед, потиштен и огорчен.
• Во разговорот со мајка си, тој е решен одлучно да му се спротивстави на таткото
и да ја земе за жена Стојанка. Се сили, дури и тргнува да го тепа. Но, кога му
велат да го разбуди татко си за на лозје, тој се повлекува, го покажува својот
страв и нерешителност. Никој не се осмелува да го разбуди чорбаџијата и чекаат
сите тој сам да стане. Теодос се разбудува и влегува во ноќна долга кошула со
мрачно лице на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе
разлутен што не го разбудиле, гледајќи дека нема никој како што редовно е при
станувањето, да го пречека и да му служи, тој избувнува. Го погледнува
часовникот и гледа дека застанал. Вика по својата жена и слугите. Тогаш влегува
и Томче, губејќи ја се повеќе храброста што ја беше собрал и уплашено, повторно
се обидува да го услови својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата
молба, дури и ја исмејува Стојанка. Вториот чин започнува со разговорот на
Томче и Стојанка која иако е силно заљубена, како и Томче се чувствува
навредена и загрозена така што со нејзиното женско тактизирање го уценува
Томче дека ако до вечер тој не знае дали ќе ја земе, таа ќе оди за друг. Арсо пак,
умен и итар до лукавост кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата,
смислува начин како да го задржи. Дејствието се префрла на група Роми кои
бараат кум за новороденото дете и како што е адетот оној што прв ќе помине тој
треба да им стане кум. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на
симпатија. Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат
неколку пречки односно, пијаниот селанец и слугата Спиро кои Арсо на тежок
начин но сепак успева да им го одврати патот. Тука конечно доаѓа Теодос и паѓа
во замката на Арсо.
• Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во небрано, но никако не сака да
прифати да им биде кум. Дејството во третиот чин се одвива под
еден разгранет орев, а до него плиток бунар со камена ограда. Таму
доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо, со фалби за Стојанка се обидува да го
премисли Теодос. Стојанка му носи чаша вода на чорбаџијата, но тој
ја навредува не прифаќајќи ја подадената чаша. Се слушаат свирки
од далеку и се приближуваат Ромите за да го развеселат новиот кум.
Арсо ја гледа загриженоста и одвратноста на Теодосовото лице и
уште за повеќе да го исмее го насамарува да се скрие во колипката
полна со слама и болви. А потоа им дава знак на ромите за тоа каде е
скриен чорбаџијата. Тие го наоѓаат а тој- кутриот од мака се
заседнува и прво пие од нивните чаши, а потоа од заедничкото
шише. Доаѓаат Кева и Наца, а потоа и Томче опијанет исто како и него
решен на било кој начин да го добие неговиот благослов за Стојанка.
Теодос, сосема очаен, не може да најде друг излез освен да ја
прифати помошта на Арсо во замена за лозјето. Тој му предлага да му
дозволи на Томче да ја земе Стојанка но и да го земе кумството, а
Томче поради преголемата љубов ја прифаќа спогодбата. Теодос
исмеан, дури и од слугите си заминува да се скрие од срамот.
Ликови
• Ликовите се комедиографски типизирани во
согласност со патријархалниот устрој на
прикажаниот свет односно положбата и немањето
на можност на жените да одлучуваат за сопствените
постапки во тоа време. Прикажана е незрелоста на
младешкиот инает, бунтувањата на вљубениот
чорбаџиски син, итрината на селаните, исмејувањето
на чорбаџиската сериозност. Чорбаџи Теодос е
претставник на власта и парите. Тој сите ги гледа од
високо, со понижување, потценување и ароганција
(и жена си и сина си). Тој е жртва на сопствените
предрасуди и фрустрации.

You might also like