You are on page 1of 16

Изработи Битола

Катерина Јончевска I 14 01.06.2008

S.O.U.Taki Daskalo
Содржина

• 1 Општа состојба
• 2 Физички ефекти на алкохолот
• 3 Социјални ефекти на алкохолот
• 4 Причини
o 4.1 Психолошко-генетички причини
o 4.2 Причини од средината
o 4.3 Психолошки влијанија
• 5 Последици по здравјето
• 6 Лекување
• 7 Превенција од алкохолна зависност

S.O.U.Taki Daskalo
Алкохолизам или алкохолна зависност, хронична болест позната по
потребата по алкохол. Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како
алкохоличари. Тие не можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога
станува директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања,
брачни проблеми, загуба на работата или сообраќајни незгоди. Медицинската
наука сеуште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но
истражувањето покажува дека генетички, психолошки и социјални фактори
помагаат во неговото развивање. Алкохолизмот сеуште не е излечен, но
најразлични третмани можат да им помогнат на алкохоличарите да го избегнат
пиењето и да си го вратат здравиот живот.

Луѓето асоцираат било кој вид на претерано пиење со алкохолизам. Но лекарите и


научниците познаваат дека нестабилностите поврзани со алкохолизмот се
појавуваат како резултат на континуирана лоша состојба. Тие преферираат да го
користат терминот алкохолна зависност или алкохолизам за да ги одвојат
најсериозните неправилности предизвикани од алкохолот. Поимите злоупотреба на
алкохол и проблеми со пиењето се однесуваат на помалку сериозни алкохолни
проблеми како резултат на претерано пиење.

Алкохолната зависност се развива различно кај секоја индивидуа. Но, одредени


симптоми ја карактеризираат болеста. Алкохоличарите развиваат силна потреба за
пиење и покрај свесноста дека пиењето им создава проблеми во животот. Тие
страдаат од недостаток на контрола, односно неможност да сопрат со пиењето кога
веќе почнале. Алкохоличарите стануваат физички зависни од алкохол. Кога ќе
престанат да пијат по период на тешка злоупотреба на алкохол, тие страдаат од
непријатни физички симптоми, кои вклучуваат гадење, потење, тресење и
вознемиреност, познати како симптоми на враќање. Алкохоличарите развиваат
поголема толеранција на алкохол, односно, тие треба да пијат големи количини на
алкохол за да стигнат до интоксикација. Светската Здраствена Организација (СЗО)
забележува дека друго однесување кое е познато кај луѓе со алкохолна зависност е
барањето можности за да пијат алкохолни пијалоци – многу почесто од другите
активности и брзо враќање на старите навики за пиење по периоди на апстинирање.

1.Општа состојба

Алкохолната зависност е распространета ширум најразлични општества низ


светот. Статистиките покажуваат дека алкохолната зависност допрела и до
успешни бизнис директори, талентирани механичари, работници, архитекти и
членови на цркви од сите религии. Научниците сеуште не се дефинирале типичен
карактер на еден алкохоличар и тие не можат да предвидат со потполна сигурност
кои пијачи прогресивно ќе развијат алкохолна зависност. Употребата на алкохол
варира зависно од социјалното, културното или религиозното потекло на
индивидуата. Некои индувидуи не пијат воопшто – околу една третина од
возрасното население во САД, на пример, кое е над 18 години, апстинираат од
алкохол. Други пијат како дел од социјалниот обичај. Сеуште, некои пијат често и
во прекумерни количини.

S.O.U.Taki Daskalo
Тие кои страдаат од алкохолна заисност пијат за да ја задоволат неконтролираната
потреба за алкохол за да ги одбегнат непријатните физички симптоми на враќање.

СЗО проценува дека скоро 62 милиони луѓе ширум светот патат од алкохолна
зависност. Општата состојба на болеста варира во различни земји. Во Р.
Македонија се регистрирани 527 лица болни од алкохолизам во 2002 година, што е
приближно 0.02% од населението, додека вистинската бројка на луѓе зависни од
алкохол се проценува дека е поголема. За споредба, во САД се проценува дека има
околу 15 милиони луѓе кои имаат проблеми поврзани со нивната употреба на
алкохол. Од нив, 8.1 милион мажи и жени имаат алкохолна зависност, или
приближно 3% од населението. Мажите имаат трипати поголема веројатност да
станта алкохоличари во однос на жените, додека луѓето над 65 години имаат
најмали стапки на алкохолизам. Во Македонија, но општо и во светот, луѓето кои
почнуваат да пијат на рана возраст имаат голем ризик да станат алкохоличари.
Проценките кажуваат дека 40% од луѓето кои почнале да пијат на возраст под 15
години ќе станат евентуално алкохоличари во некој момент од својот живот. Овие
индивидуалци имаат четири пати поголеми шанси да станат алкохоличари во однос
на оние кои го одложувале пиењето до својата 21 година.

Во Канада, близу 600,000 луѓе, или 1.9% од 15 години па нагоре, се алкохолни


зависници, а бројот на машки зависници е двоен во однос на бројот на женските
зависници. Највисикота стапка на болеста кај Канаѓаните е меѓу 20 и 24 години
возраст. Во Канада анкетирани се сегашни и минати алкохоличари и секој петти
испитаник признал дека пиењето им наштетило во одреден момент од животот,
вршејќи ефект врз нивната работа или финансиска состојба.

Алкохолната зависност постигна критични пропорции во Русија, каде 40 проценти


од мажите и 17 проценти од жените се алкохоличари. Алкохолизмот е казнлив
прекршок во Русија. Алкохоличарите кои одбиваат болнички третман можат да
бидат затворени во работнички кампови. По нивното ослободување тие тешко
наоѓаат вработување, а ако се фатени како пијат пак, тие се враќаат во затворите.
Зафатите на владата да го контролираат пиењето со затворање на фабриките за
дестилација, пиварите и баровите резултираше со контраефект. Наместо решавање
на проблемот, таквите тактики само создадоа широко распространет црн пазар за
алкохол, како и земја полна со луѓе кои ги кријат своите проблеми со пиењето.

Во азиските земји како Јапонија, алкохолната злоупотреба стана социјален проблем


преку последната декада. Во овие земји, пиењето е скоро потребно кога се
склучува бизнис. Баровите станаа продолжување на канцелариите, места каде
клучни одлуки се донесувани. Личност која ќе одбие покана за пијалок после
работа, прави ризик да не напредува во компанијата. Алкохолот е многу пристапен
во Јапонија. Постојат машини на улиците на Токио кои служат лименки со саке или
пиво. Во последните 30 години, алкохолното конзумирање во Јапонија е зголемено
за двапати.

S.O.U.Taki Daskalo
2.Физички ефекти на алкохолот

Етил алкохол, или етанол, е присутен во разни количини во пива и вина и во


дестилирани пијалоци – виски, џин и рум. Кога една личност конзумира алкохол,
стомакот и органите за варење бргу го апсорбираат. Од таму алкохолот патува
преку крвта низ целото тело, вршејќи влијание скоро на секое ткиво. Поголеми
дози на алкохол фи пореметуваат функциите на централниот нервен систем,
вклучувајќи го мозокот. Колку е повисоко нивото на алкохол во крвта, толку е
поголемо оштетувањето. Како што крвта минува низ црниот дроб, ензимите го
разложуваат алкохолот на безопасни продукти кои се елиминирани од организмот
6 до 8 часа подоцна. Но стапката со која алкохолот се акумулира во телото може да
биде поголема со стапката со која организмот го елиминира, а со тоа се зголемува
концентрацијата на алкохол во крвта. Како резултат, алкохолот останува во
организмот, создавајќи ефекти на интоксикација неколку часа откако е проголтана
последната голтка алкохол. Мали количини на алкохол можат да ја ослободат
напнатоста или измореноста, да го зголемат апетитот и да имаат аналгетски ефект
кој ја отапува болката. Поголеми количини ги потиснуваат повисоките мисли, ја
зголемуваат самодовербата и го намалуваат стравот, напнатоста и вината. Кога
личноста ќе стане интоксицирана или пијана, болни или посрамотувачки ситуации
стануваат помалку заканливи и со прогресијата на пиењето, говорот стаува гласен
и неповрзан. Пореметеното расудување може да биде причина за нерационално
однесување, а физичките рефлекси и мускулната координација стануваат
забележително нарушени. Ако пиењето продолжува, следува целосна загуба на
физичката контрола, завршувајќи со губење на свеста и можна смрт.

3. Социјални ефекти на алкохолот

Низ поголемиот дел од историјата, општеството ги гледало луѓето кои пијат


како неодговорни, неморални и со слаб карактер. Казнувањето на пијаниците било
сметано како потребно за да се заштити заедницата. Во почетокот на 20-от век,
експертите верувале дека алкохолната зависност е резултат на оштетувањето на
ткивото од страна на алкохолот. Овие промени создавале континуирана потреба за
пиење, така да индивидуата бара поголеми количини на алкохол во почести
интервали. Сепак, општеството сеуште смета дека земањето или одбивањето на
пијалок е прашање на лична одлука, односно, сето претерано пиење преставува
самоволен акт. Индивидуата, според ова, е одговорна за неговото/нејзиното
однесување.

Интоксикацијата не се заканува само на индивидуи кои пијат, туку и на заедницата.


Токму затоа општествата околу светот се обиделе да го контролираат прекумерната
употреба на алкохол. Некои општества во 19-от и 20-от век изгласале закони кои
овозможуваат апсење и затворско казнување за состојба на пијанство во јавност па
дури до забрана за производство, дистрибуција и консумирање на алкохолни
пијалоци. Денешните експерти ги карактеризираат неправилностите предизвикани
од употребата на алкохол како болест која е има многу големо распространување и
преставува голем здраствен проблем. Според СЗО, алкохолната зависност и други

S.O.U.Taki Daskalo
форми на злоупотреба на алкохол го слабеат глобалното здравје, сметано за 3.5%
од сите случаи на заболување ширум светот.

4. Причини

4.1. Психолошко-генетички причини

Истражувањата покажуваат дека алкохолизмот се пренесува во семејствата


– алкохоличарите имат 6 пати поголеми шанси од неалкохоличарите да имаат
роднина во семејството кој е зависник од алкохол. Истражувачите долго време не
знаеле дали овие проблеми се резултат на фамилијарно генетско наследство, или
пак резултат на општата средина во семејството, која често вклучува родители-
алкохоличари. Испитувањата врз близнаци се обидуваат да откријат дали
алкохолната зависност се развива како резултат на генетички фактори, заеднички
влијанија на средината, или пак комбинација на двете. Лабараториските
истражувања ја споредуваат генетската структура кај луѓе кои се зависници од
алкохол со оние кои немаат историја на лични или семејни проблеми со алкохол.

4.2.Причини од средината

Научниците тврдат дека проблемите поврзани со алкохолот се резултат на


комплексна интеракција меѓу биолошките влијанија и факторите на средината.
Факторите на средината кои можат да влијаат на развивањето на болеста се
личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на
родителите, социјални и културни мислења кон алкохолот, животен стрес и
расположливоста со алкохолни пијалоци. Еднаш кога личноста ќе развие рутина за
пиење, факторите на средината заедно со физичките промени здобиени како
резултат на тешкото пиење можат да ја засилат постојаната употреба на алкохол.

4.3. Психолошки влијанија

Многу експерти тврдат дека губењето на контрола за пиењето е психолошки


поврзано. Студиите покажуваат дека зависници од алкохол ќе пијат прекумерни
количини на безалкохолни пијалоци доколку веруваат дека во нив има алкохол.
Истотака, доколку им се даде алкохолен пијалок за кој веруваат дека е
безалкохолен, нивното однесување во пиењето е слично со она на лица кои не се
зависни на алкохол.

5. Последици по здравјето

Долгорочната употреба на големи количини на алкохол можат да


предизвикат сериозно оштетување на црниот дроб. Во првиот стадиум од болеста,
маснотија се акумулира во црниот дроб. Повеќето луѓе не ги препознаваат
симптомите на овој стадиум, иако кај повеќето од нив црниот дроб отекува и

S.O.U.Taki Daskalo
станува поголем. Некои луѓе добиваат и хепатитис, кој ги воспалува и убива
клетките на црниот дроб. Други добиваат цироза, неповратлива состојба во која
нормалното ткиво н црниот дроб е заменето со оштетено ткиво. Ова ја спречува
крвта да минува слободно низ црниот дроб, формирајќи висок крвен притисок во
вените кои минуваат низ црниот дроб. Како последица на ова, црниот дроб веќе не
е во состојба да ја прочистув крвта од токсичните материи. Затоа епилогот може да
биде фатален.

Тешкото пиење истотака го оштетува и срцевиот мускул. Близу половината од


кардиомиопатиите се поврзани со злоупотреба на алкохол. Во ова заболување,
десните и левите вентрикули се зголемени, а со тоа е намалена способноста на
срцето за пумпање крв. Алколичарите имаат високо ниво на хормонот епинефрин
во крвта и недостаток на минералот магнезиум. Оваа комбинација создава тешки
аритмии, или нерегуларности во чукањето на срцето, што преставува честа
причина за нагла смрт кај тешките алкохоличари. Тие често развиваат и
хипертензија, што е главна причина за удар.

Во некои случаи, алкохолот доведува до делириум тременс (алкохолно лудило),


кое предизикува збунетост, поспаност, депресија и страшни халуцинации. Во овој
стадиум на делириум, кај рацете се појавува неконтролирано тресење, кое може да
се прошири на главата и телото. Жените кои пијат претерани количини на алкохол
за време на бременоста, водат ризик за да родат дете со фетален алкохолен синдром
(ФАС), што е водечка причина за дефекти при раѓањето, комбинација на физички и
писихички дефекти, како што се ретардација, мала глава и слаба мускулатура.
Некои бебиња изложени на алкохол за време на созревањето на фетусот развиваат
фетален алкохолен ефект (ФАЕ), кој вклучува повеќе суптилни симптоми,
вклучувајќи проблеми во однесувањето, проблеми со концентрацијата и
фокусирањето или немоѓноста да мислат апстрактно.

Алкохолот ги оштетува сите органи и органски системи во човечкиот организам


(црниот дроб, панкреасот, мозокот, нервниот систем, срцето, желудникот, цревата).
Црниот дроб е најголем паренхимски орган во телото.Тој тежи 1200 -15ОО гр. Се
наоѓа од десната страна во горниот дел на абдоменот, под десниот ребрен лак, под
дијафрагмата. Црниот дроб е главна лабараторија на метаболизмот. Најважни
метаболички функции се:

• Метаболизам на јагленохидрати и масти.


• Метаболизам на азотните материи и синтеза на протеините.
• Биотрансформација и екскреција на метаболните продукти и детоксикација
на внесените супстанци.
• Стварање на жолчка.

S.O.U.Taki Daskalo
Хроничните алкохочари имаат помало или поголемо оштетување на црниот
дроб.

Најважна улога има дневното консумирање на


алкохол и должината на алкохоличниот стаж.
Генетската предиспонираност, имунолошката
хиперактивност, дефицитот на хранливите материи се
фактори кои допринесуваат оштетувањето на црниот
дроб да биде поголемо кај една третина од
алкохоличарите. Алкохолниот хепатитис и цироза се
јавува во помладата возраст на животот и кај жени,
иако помалку консумирале алкохол (поради помалите
нивоа на алкохолна дехидрогеназа-ензим кој го
разградува алкохолот). Дефицитот на нутритивните
материи и витамини, допринесува да се развие
болеста на црниот дроб поради хронично пиење на
алкохол.

Алкохолот се метаболизира по пат на оксидација и


при тоа се троши преку 80% од кислородот, кој му е
на располагање на црниот дроб, поради што долготрајното пиење на алкохол
доведува до сериозни метаболички пореметувања. Се зголемува производството на
млечната киселина, кетонски тела, се смалува екскрецијата на мокраќната киселина
(настанува хиперурикемија), се смалува оксидацијата на масните киселини и се
зголемува синтезата на триглицеридите и др. масни киселини, поради што
настанува масна инфилтрација на црниот дроб. Оштетувањето на црниот дроб се
манифестира во следните клинички облици:

Замастен црн дроб – клинички е без симптоми. Постои кај 80% од луѓето кои
хронично пијат алкохол и се манифестира со умерено зголемен црн дроб. Со
ехотомографските карактеристики и со биопсија-односно патохистолошкиот наод
се поставува дијагнозата замастен црн дроб. Ако се продолжи со пиењето алкохол,
црниот дроб станува поголем, болно осетлив и се јавуваат следните симптоми:
гадење, намален апетит, пожолтување на кожата, малаксалост. Ако не се пие
алкохол 3-4 месеци промената на црниот дроб се повлекува, а со тоа и симптомите.
Во лабараториските испитувања постои лесно покачен билирубин, лесно покачени
трансаминази, гама-ГТ, лесна анемија и сл. Дијагнозата се поставува со помош на
ехотомографски преглед, лабараториски испитувања и лекарски преглед. Овие
пациенти мора да престанат со пиење на алкохол и да консумираат здрава храна со
витамини, протеини и умерено јагленохидрати. Не треба да се консумираат големи
количини на масти и јагленохидрати.

S.O.U.Taki Daskalo
Друг облик на црнодробно оштетување е алкохолниот хепатитис. Оваа форма на
оштетување се јавува во умерен и тежок облик. Умерениот облик се карактеризира
со зголемен црн дроб, болка под десниот ребрен лак,
жолтило на кожата, замор, интермитентна грозница,
повраќање и пролив.

Тешкиот облик се карактеризира со брз развој на


портална хипертензија, поради која покрај горните
симптоми, може да се јават обилни крварења
(последица од руптура, прскање на проширени вени)
од дигестивниот тракт (повраќање крв и појава на
црна столица). Голем број од пациентите, кои ја
имаат оваа компликација и покрај болничкото
лекување умираат. Ако не се манифестира оваа
компликација, болните кои продолжуваат да пијат
алкохол во 8О% добиваат неповратно оштетување
на црниот дроб наречено црнодробна цироза.
Алкохоличарите со алкохолен хепатитис, кои
престанале да пијат имаат шанса да не развијат
цироза и во голем процент функцијата на црниот дроб да се подобри.

АКОХОЛНА ЦИРОЗА
Покрај болните кај кои се манифестирал алкохолниот хепатитис во умерена форма,
постојат болни кои развиваат цироза а истата се открива при манифестација на
нејзините компликации. Клиничката слика се карактеризира со: слабеење, немање
апетит, повраќање, пожолтување на кожата, зголемување на абдоменот со знаци на
слободна течност во него, зголемување на слезенката. Се јавуваат порто-кавна
енцефалопатија со оштетена мозочна функција, хормонални пореметувања како
гиникомастија (поради неможноста на црниот дроб да ги метаболизира хормоните,
во овој случај естроген, кај мажите започнува да се таложи масно ткиво во дојките,
кои инаку се атрофирани кај мажи), атрофија на тестисите, губиток на потенцијата
и тн.

Прогнозата - должината на преживување апсолутно зависи од прекинувањето со


алкохолот. Жените имаат полоша прогноза. Најважен критериум за прогнозата има
хистлошкиот наод на црниот дроб добиен со биопсија на истиот. Колку се
поизразени промените патохистолошки, гледани под микроскоп, толку е полоша
прогнозата.

S.O.U.Taki Daskalo
Луѓето кои секојдневно пијат алкохол, кои имаат поголем стаж и кои пијат
големи дневни количини имаат лош исход на болеста.

Алкохоличарите имаат оштетен панкреас. Панкреасот лачи


панкреасен сок кој се излива во танкото црево, а служи за
варење на храната. Панкреасот е мал орган, сместен длабоко
во абдоменот, опкружен со големи крвни садови (аорта, вена
кава инфериор, вена порта). Тој е долг од 12 до 2о см.широк
3-4см.дебел 2-3 см. Тежината му варира од 70 до 120 гр.
Топографски е во близок контакт со почетниот дел на
тенкото црво и во истото се излива панкреасниот сок. Кај
алкохоличарите се менува панкреасниот сок: настанува
хиперсекреција на протеинскиот дел а смаленост на бикарбонатите и водата. Ова е
причина за настанување на протеински грутки и камчиња кои ги затнуваат
панкреасните канали, што подоцна оневозможува правилно дренирање на
панкреасниот сок. Тогаш ензимите од панкреасниот сок делуваат на ткивото на
самата жлезда и на ткивото во околината. При тоа настанува некроза (распаѓање на
ткивото) и обилно крварење во стомакот. Тоа е и причината за настанување на
псудоцисти, кај пациентите кои останале живи. Акутниот и хроничниот
алкохолизам се на второ место како причина за акутно воспаление на
панкреасот(акутенпанкреатитис).

S.O.U.Taki Daskalo
Клиничката слика на акутниот панкреаститис се карактеризира со јака болка во
горната половина на абдоменот после пиење на алкохол. При хеморагично-
некротичен облик болниот е во шок. Дијагнозата се поставува со помош на
дадените податоци за настаните кои и претходеле на болната состојба
(консумирање на алкохол) потоа со преглед на абдоменот, ехотомографски преглед
на абдоменот, лабаратоприски преглед и др. Дијагностицирањето и лекувањето се
спроведува болнички поради брзото настанување на компликаци, кои се причина за

смрта на алкохоличарот.

Компликаците кои се јавуваат после неколку часа или дена по манифестацијата на


акутниот панкреатитис се:

• гастроинтестинално крварење,
• плеврален излив (излив во белодробната марамица),
• белодробни компликации,
• шок.

S.O.U.Taki Daskalo
Половина од овие болни и покрај лекувањето умираат. Касните компликаци од
акутен панкреатитис се јавуваат после неколку дена. Абсцесот на панкреасот е
најлоша касна конпликација. Псеудоцистите се јавуваат во панкреасниот простор
или надвор од него, најчесто во левата половина на абдоменот.

6. Лекување

Најдобрите методи за лекување на алкохолизмот варираат, зависно од


индивидуалните медицински и лични потреби. Некои тешки алкохоличари кои го
препозанаваат нивниот проблем се лекуваат сами од себе. Некои алкохоличари
бараат долгорочна индивидуална или групна терапија, која може да вклучи и
хоспитализација. А сепак, некои воопшто не бараат третман. Овие луѓе на бараат
третман како резултат на комбинацијата од фактори, вклучувајќи го игнорирањето
на симптомите на болеста, социјалниот страв од фактот дека ќе биде етикетиран од
заедницата како алкохоличар и неволјата да прифати доживотна апстиненција од
алкохол како една од целите на лекувањето.

За некои алкохоличари, лекувањето почнува со детоксификација, која безбедно го


ослободува пациентот од алкохолот во организмот, а во исто време ги лекува
физичките компликации кои создаваат силни симптоми, како делириум тременс
или алкохолно лудило. Детоксификацијата обично трае помалку од една недела, а
за тоа време пациентите се сместени во специјална установа или посебен оддел од
општата или психијатриската болница. Овие установи истотака нудат и продолжен
третман за да се помогне на алкохоличарите во нивното закрепнување.

Повеќето програми за лекување ефективно помагаат зависниците да престанат да


пијат за некој период, но тие се помалку успешни во превенцијата на повторно
враќање на пиењето. Програмите за третман обично содржат дел кој се фокусира да
им помогне на алкохоличарите да ја разберат ситуацијата, чуствата и личните
интеракции кои го предизвикуваат повторното пиење. Овие програми ги учат
луѓето како да се снајдат со овие фактори без повторно да се вратат на пиењето.

7. Превенција од алкохолна зависност

Напорот на многу јавни здраствени организации може да овозможи


општеството да ги препознае раните стадиуми на проблемите со пиење и да ги
охрабри луѓето да направат рана интервенција пред да се влоши ситуацијата.
Кампањи за рекламирање, текстови во весниците, вклучени приказни во
списанијата и филмови и телевизиски презентации го повикуваат вниманието на
проблемот можат да помогнат во превенцијата. Училиштата спонзорираат
програми кои им помагаат на учениците да ги препознаат симптомите на алкохолна
зависност и да знаат како да добијат помош доколку пиењето стане проблем. Како

S.O.U.Taki Daskalo
што јавноста станува се посвесна за здраствените и социјалните последици на
болеста, бројот на алкохолно заболени лица може да се намали, а пораните и
подобрите третмани можат да доведат до повисоки стапки на излекување.

ZANIMLIVO!

Зошто лековите не смеат да се земат со алкохолни пијалоци ?

Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи


ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие
интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали
количини алкохолот...

Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи


ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие
интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали количини алкохоло
и ги потенцираат несаканите ефекти на лековите кои можат да бидат опасни, да ја
влошат болеста или дури и да доведат до смрт.

Алкохолот може на повеќе начини да влијае на лекот - да го промени ефектот на


лекот, да влијае на концентрацијата на лекот во крвта или пак одредени лекови
можат да ги успорат метаболизирањето на алкохолот и така да го зголемат
неговиот токсичен ефект.

Реакцијата на луѓето кон алкохолот зависи од возраста како и честота на користење


на алкохол. Познато е на пример дека жените се поосетливи на алкохол од мажите
бидејќи нивното тело содржи помала количина на вода од телото на мажите така да
при иста испиена количина алкохол концентрацијата на алкохол кај жените е
поголема, а истовремено жените имаат помала концентрација на алкохол-
дехидрогеназа. ензим кој го разградува алкохолот.

Веќе и мали количини на алкохол се опасни при возење, но комбинацијата алкохол


лекови значително ги намалува способностите за возење.

При примена на лекови за срце, шеќерна болест и инфекции со алкохол се јавуваат


следниве несакани ефекти: главоболка, повраќање, општа слабост, засилено чукање
на срцето, пад на крвниот притисок, оштетување на црниот дроб и црвенило на
лицето.

При земање на алкохол и лекови кои влијаат на мозокот, односно психо-физичките


способности (анксиолитици, антипсихотици, антидепресиви, хипнотици, локални
анестетици и сл.) можат да се јават поспаност, вртоглавици, успорено и отежнато

S.O.U.Taki Daskalo
дишење, проблеми со памтењето и општо слабеење на моториката.

Бидејќи и алкохолот сам по себе го дразни желудникот, комбинацијата со лекови


против болки (како аспирин) и антиревматици (ибупрофен, кетопрофен,
диклофенак, напроксен и сл.), кои исто така ја надразнуваат слузокожата на
дигестивниот тракт, повеќекратно се зголемува ризикот од настанување на чир и
крварење од желудникот.

Алкохолот сам по себе го оштетува црниот дроб и може значително да ја зголеми


хепатотоксичноста (отровно делување врз црниот дроб) и при примена на многу
сигурни и често употребувани лекови како парацетамол.

Некои лекови во водено-алкохолна средина се растворуваат многу побрзо отколку


во чиста вода. Така се случува лекот одеднадеш целосно да се раствори и
апосрбира во организмот, што е посебно опасно кај лекови со продолжено
ослободување (ретард форми), со кои обично се постигнува постепено
ослободување на лекот. Така нагло ослободената активна супстанца на лекот може
да доведе до животозагрозувачки несакани ефекти.

При хронично внесување на алкохол лековите побрзо се разградуваат и излачуваат


и во почетните фази ефектот им е помал, но истовремено токсичниот ефект врз
црниот дроб е многу зголемен.

Освен со алкохол, не е добро лекови да се земаат со овошни сокови или газирани


пијалоци, бидејќи го успоруваат нивното делување, додека некои овошја и сокови
како на пример грејпфрут можат да стапат во интеракција со лековите и да доведат
до несакани ефекти. Млекото исто така не е погодно, бидејќи го смалува
делувањето на некои лекови кои со неговите состојки ствараат тешко растворливи
супстанци.

Од наведеното може да се заклучи дека најдобро е лековите да се земат со чаша


обична вода во доволни количини (150 мл) за лекот без никакви влијанија да се
апсорбира, да дојде до посакуваното место на делување и да го развие во целост
своето дејство

5 Tipovi alkoholi~ari

Кога ќе спомнеме алкохоличар, обично имаме слика на средновчен запуштен маж,


кој мириса на алкохол. Меѓутоа резултатите на истражувањето кое го спровел Д-р.
Howard Moss, директор на Институтот за Алкохолизам покажува дека има
различни алкохоличари. Млади лица кои пијат за забава и хронични кои
безуспешно се одвикнуваат. Можат да се поделат во 5 типа:

• Млади асоцијални (21%) на возраст од околу 25 години, кои започнуваат


да пијат пиво од 15-18 години, обично на натпревари и забави, пушат

S.O.U.Taki Daskalo
цигари, често и марихуана, невработени се, склони кон промискуитет а
неретко и опасни по околината.
• На возраст од околу 28 години (32%), почнуваат да пијат од 20 година,
пијат воглавно по работа и преку викенд, воглавно квалитетни вина,
повремено и пожестоки пијалоци, интелегентни лица кои ретко бараат
стручна помош бидејќи не се свесни дека се всушност зависни.
• Функционални алкохоличари (19%), на средна возраст, имаат семејство,
работа и дом, пијат секој ден по неколку пијалоци дневно, имаат
здравствени проблеми како последица на алкохолот како оштетен црн дроб,
срцеви проблеми и намалено памтење, повремено го малтретираат
семејството со кавги, испади и насилство заради алкохолот.
• „Семејни алкохоличари“ (19%), средна до постара возраст, имаат
алкохоличари во семејството(најчесто татко), започнуваат да пијат пред 20-
тата година и стануваат алкохоличари во раните 30-ти, тешко се откажуваат
од алкохолот иако неретко постојано се обидуваат во тоа.
• Хронични алкохоличари (9%) претежно мажи, поради зависноста од
алкохол често се разведени, поради алкохолот ја занемаруваат личната
хигиена, а со тек на време и исхраната и имаат сериозни проблеми со
црниот дроб, најчесто цироза.

Алкохолот предизвикува поголеми штети кај жените отколку кај мажите

Новите истражувања покажуваат дека консумирањето алкохол предизвикува


поголеми несакани оштетувања кај жените отколку кај мажите.

Жените за разлика од мажите


стануваат многу побрзо
зависници од алкохол. Како
дополнение, алкохолот многу
посериозно ги уништува
когнитивните функции кај
жената, вклучувајќи ги
перцептивното и визуелното
планирање, способноста за
меморирање и моторната
контрола (контролата врз
движењата),открива тимот
истражувачи при медицинскиот
универзитет Павлов.

Пациенти кои биле дијагностицирани како алкохоличари биле подложени на


неколку тестови со кои се проценуваат нивните когнитивни вештини. Тестирањата
биле вршени три недели по завршувањето на нивната програма за детоксикација.

S.O.U.Taki Daskalo
Истите тестови им биле дадени и на неалкохоличари. Жените алкохоличари, за
разлика од останатите учесници многу побавно ги извршувале задачите кои биле
така креирани за да може да се измери времето на реакција. Оваа покажува дека
алкохолот многу посериозно ги оштетува процесите на работна меморија кај
жената.

Жените алкохоличари имале многу послаби резултати од мажите алкохоличари при


решавање на тестови кои се наменети за испитување на просторно планирање,
решавање проблеми и когнитивна флексибилност. Уште да напоменеме дека
жените алкохоличари кои биле вклучени во истражувањето биле помлади по
возраст од мажите, станале алкохоличари од понов датум и воопшто покасно
почнале да консумираат алкохол.
Сето оваа наведува дека алкохолот за многу пократко време предизвикува
посериозни оштетувања кај жените отколку кај мажите.

Истражувањето било спроведено во периодот од 2003 до 2005 година во Сент


Петерсбург, Русија при Павловиот државен медицински универзитет и
Ленинградскиот регионален центар за зависности.

S.O.U.Taki Daskalo

You might also like