You are on page 1of 3

ШАБЛОН - ТИМ 2

Име на играта  Погоди кој сум

Главна категорија Возраст


- Наставник
6-8 години

Области (воспитно-образовни) Карактерна вредност


- Конгнитивен развој и стекнување Љубопитност
општи знаења Зголемување на мотивација
Македонски јазик

Форми на работа Простор/локација


- Тимска
- Тандемска - затворен простор

Времезаподготовка Времезареализација
10 минути 20 минути

Цели
 Утврдување на знаења за различни професии
 Развивање на општествен свест
 Поттикнување на изразно читање на реченици
 Зајакнување на тимски дух

Очекуван резултат

 Ги зне особеностите од професиите


 Развиена свест за важноста на различните професии
 Изразно прочитани реченици
 Соодветно функционирање како дел од тим
Насоки

Наставникот ги запознава учениците со правилата на играта


- Учениците застануваат во круг
- Наставникот ги замолува да ги затворат очите
- Наставникот на челото на секој ученик лепи стикер со одредена боја
- Им објаснува на учениците дека треба без зборување да се пронајдат и групираат
според бојата на нивниот стикер( со мимики, гестови, говор на тело, спојување на
ученици со иста боја и сл). Со тоа се формираат групите
- Откако групите ќе се формираат, седнуваат на претходно обележените места
- Секоја група си смислува оригинално име и го презентира
- Секоја група си избира по еден претставник
- Претставниците наизменично излегуваат и извлекуваат по една картичка која треба да ја
презентираат пред тимовите. Секоја картичка содржи по 5 реченицисо кои се опишува
одредена професија, подредени така што првата реченица содржи мошне општи
податоци, а во секоја следна реченица се додаваат повеќе информации.
- По секоја прочитана реченица, ученикот прави кратка пазуза, за да им даде време на
тимовите да се јават и да се обидат да погодат за која професија станува збор.
- Доколку некој од тимовите погоди за која професија станува збор по читањето на првата
реченица, тимот добива 25 поени. Доколку никој не се пријави или нема точен одговор,
следува читање на наредната реченица. Доколку се даде точен одговор по втората
реченица тимот добива 20 поени, по третата 15 поени, по четвртата 10 поени, по
петтата, само 5 поени. Доколку никој од тимовите не даде точен одговор, наставникот им
го казува одговорот и излегува друг претставник и се презентира друга картичка.
- Поените наставникот ги запишува о табела која е поставена на видно место во
училницата( табла, флип чарт...)
- Тимот кој по последната картичка има најмногу поени е победник во играта.
- По завршување на актвноста, наставикот повторна бара од учениците да застанат во
круг и ги поттикнува учениците на дискусија, користејќи 2-3 од доленаведените прашања:
1. Што сакаат да станат кога ќе пораснат и зошто?
2. Која професија според нив е најважна и зошто?
3. Кој е патот кој треба да се помине за да станеме тоа што сакаме?
4. Дали им се допаднала оваа игра?
5. Како се чувствувале за време на играта?
6. Со кои решеници добиваа јасна слика за која професија станува збор?
7. Дали по прата реченица знаеја за која професија станува збор?
8. Дали можат да напишат за некоја нивна омилена професија?

Прилози Материјали
Картички со реченици Стикери во боја
Картички со реченици
Табла/креда

You might also like