You are on page 1of 2

Механизмите на организмите кон

еволуцујата на живиот свет

Во процесот на еволуцијата, голем и важен дел има адаптацијата.


Таа една од најважните компоненти на еволуцијата . Адаптацијат
се дели на три вида Криптична обоеност,Апосемија и
Мимикирија.
Сега ќе му обрнеме внимание на трите вида на адаптација. За
почеток ќе започнеме со Криптичка обоеност или камуфлажа е
усогласеност (имитирање) на бојата на телото на организмите со
бојата на средината во која тие најмногу престојуваат. Покрај
појавата на имитирање на бојата позната е и појавата на
имитирање на формата и обликот на одделни предмети од
средината. Примери за криптичка обоеност: Животните во
пустинските области имаат тело со боја на песокот.Скакулците
кои живеат во тревата се зелени.Поларната лисица, поларната
мечка и поларната еребица се бели како снегот.Морските риби на
горната страна се модри како што е морето, додека на рибите кои
живеат на дното грбот им е кафеаво- сив.Покрај појавата
имитирање на бојата на средината, позната е и појавата на
имитирање на обликот на одделни предмети од средината. Така,
некои пеперутки имаат крилја со облик, обоеност и градба на
лисјата на растението на кое престојуваат. Апосемијата е
предупредувачка обоеност. При која животните кои поседуваат
некој ефикасен заштитен механизам воедно имаат тело обоено
мошне впечатливо. Силните и впечатлици бои, поточно
комбинациите на боите имаат значење на сигнали, кои
предупредуваат на присутната опасност од отрови и на други
животни опасности за оние животни кои ќе се обидат да ги
нападнат апосемично обоените организми.На пример пчелите,
осите и стршлените имаат впечатливо обоено тело, а се бранат со
својот апарат за боцкање и вбризгување течности, со што
предизвикуваат воспаление, а кај помалите животни и
умирање.Мимикрија е Мимикрија е појава на имитирање на
обликот и на боите, како и начин на живот на апосемично
заштитените организми од страна на организмите, кои инаку не
поседуваат никакви одбранбени механизми.На пример, некои
муви и пеперутки кои немаат заштитни апарати, со својот облик и
боја имитираат пчели, оси и стршлени кои се ефикасно
заштитени.Апосемично заштитените организми служат како
"модел" на мимикрично заштитените таканаречени "имитатори".
Пример за мимикрија е осовидната пеперутка(Sesia craboniformis)
на која како модел и служи стршленот(Vespa crabro).
Според сите овие примери и факти сваќаме дека адаптацијат е
важен дел од еволуцијата но и од животот на животните.Со
помош на овие адаптациони видови ,животните се справуваат со
секојдневните потреби.
Александар Илиевски l1

You might also like