You are on page 1of 2

Дневна подготовка за наставен час по ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Време на реализација: 12.05.2014 одд. VII 9


Тема 5: Јас и околината – однос со надворешната средина
Наставна содржина: Работилница: Рециклираме
Цел на часот: Учениците да знаат дека нашата современа цивилизација е цивилизација на огромни количини
ѓубре. За да не ни се покрие целата планета со слој на ѓубре, важно е да се внимава на тоа кои
материјали и во колкава количина ќе се користат.
Конкретизирани цели – задачи на часот:
Ученикот / ученичката:
- да знае од какви материјали се направени предметите,
- да знае од каде доаѓаат тие материјали (од што се направени),
- да знае што ќе се случи со предметот кога нема да може да се употребува,
- да знае дали е можно некои од тие предмети да се употребуваат за нешто друго ,
- да знае за што на пример,
- да знае дали често ни се случува да наоѓаме друга намена на предметите кои ја изгубиле
првата функција,
- да знае што се случува со тие предмети кои не ни требаат повторно,
- да знае каде завршуваат тие предмети,
- да знае дали по сто години некои од тие предмети ќе се сеуште неразградени,
- да знае што значи рециклирање,
- да знае зошто луѓето рециклираат.

Воспитни цели: Формирање на правилен и позитивен однос кон рециклирањето.

Средства за работа: табла, креда, прирачник, хартија за пишување и прибор за пишување.

Форми на работа: а) Групна б) Фронтална в) Индивидуална г) Тандем (во парови) (потцртај)

Организација на простор и време: Училница 1час – 40 мин.

Корелација: македонски јазик, вештини за живеење, техничко образование, англиски и француски јазик,
ликовно образование и др.

Методски постапки:  а) Усно излагање б) Разговор в) Објаснување г) Демонстрирање д) Пишување


ѓ) Текст метода е) Аналитичко - Синтетичка ж) Набљудување. (потцртај)

Активности на наставникот:

- создава работна атмосфера (мотивира),


- поттикнува на размислување со насочени прашања,
- ги насочува на размислување,
- поставува проблем,
- одобрува постапки на учениците,
- ја следи работата на учениците и помага во работата,
- анализира и вреднува.

Активности на ученикот:

- активно слушат, етапно следат и размислуваат,


- поставуваат прашања и одговараат на поставени прашања,
- учествуваат во анализирањето и во уочувањето,
- воочуваат сличности и разлики,
- усно ги презентираат своите знаења,
- самостојно работат и соработуваат,
- објаснуваат и демонстрираат,
- применуваат и образложуваат,
- споредуваат и решаваат проблеми,
- заклучуваат и оценуваат.
Реализација:
Најчесто во денешно време, предметите од секојдневната употреба не се пренаменуваат туку
завршуваат како отпад. Голем дел од предметите кои завршиле како отпад од пред триесетина години,
сеуште можат да бидат неразградени, а посебно пластичните материјали, кои ако не се изложени на УВ
зраци, не се разградуваат воопшто. Луѓето во денешно време не посветуваат многу внимание за тоа од што
се направени и што се случува со предметите од секојдневната употреба откако ќе им заврши употребната
вредност. Нашата современа цивилизација е цивилизација на огромни количини ѓубре. За да не ни се покрие
целата планета со слој на ѓубре, важно е да се внимава на тоа кои материјали и во колкава количина ќе се
користат. Рециклирање значи реупотреба на материјалот (хартија, пластика, стакло, метал и др.) од којшто е
направен предметот. (разговор и дискусија со учениците)!

Вреднување и следење на постигањата на учениците:

Од сите планирани и реализирани активности ќе се согледаат резултатите за постигнувањето на целта на


часот. Од сите активности на учениците и презентирањата на нивните знаења и умеења се вреднува и
следи: мотивираноста за учење, ангажираноста, самостојноста во работата, комуникативноста, заемната
соработка, заинтересираноста итн.

Очекувани исходи:
Ученикот / ученичката:
- знае од какви материјали се направени предметите,
- знае од каде доаѓаат тие материјали (од што се направени),
- знае што ќе се случи со предметот кога нема да може да се употребува,
- знае дали е можно некои од тие предмети да се употребуваат за нешто друго ,
- знае за што на пример,
- знае дали често ни се случува да наоѓаме друга намена на предметите кои ја изгубиле првата
функција,
- знае што се случува со тие предмети кои не ни требаат повторно,
- знае каде завршуваат тие предмети,
- знае дали по сто години некои од тие предмети ќе се сеуште неразградени,
- знае што значи рециклирање,
- знае зошто луѓето рециклираат.

Сознанија по реализацијата:

наставник: Ацо Атанасов

You might also like