You are on page 1of 2

ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

Склучен на ден ____________ во Скопје, помеѓу:

1.____________________________ (како ЗАКУПОДАВЕЦ) со деловен простор

на ул.___________________________Скопје, со бр. на лк. _____________________ од


една страна

2.______________________________( како ЗАКУПЕЦ ) со бр. на лк. ______________од


друга страна.

Член 1
Со овој договор се уредуваат односите за закуп на деловен простор помеѓу
договорните
страни.

Член 2
Закуподавецот се обврзува да му го предаде во владение и употреба деловниот простор
од овој договор на ден 01.05.2020 година.

Член 3
Закупецот се обврзува на закуподавецот, за користење на деловниот простор да му
исплаќа месечна закупнина во износ од 100 евра во денарска противвредност според
средниот курс на НБРМ кој важи на денот на потпишување на овој договор.

Член 4
Месечната закупнина, определена со овој договор го обврзува закупецот да ја исплаќа
на првиот ден од тековниот месец.

Член 5
(1) Закупецот се обврзува навремено да го извести закуподавецот за секоја промена
или штета која ќе настане на предметниот деловен простор, а која не е негова вина или
која ќе настане како резултат на вонредни околности.

(2) За секоја штета што ќе настане на предметниот деловен простор по вина на


Закупецот, тој лично му одговара на закуподавецот и должен е истата да ја надомести
во целост.
Член 6
(1) Тековните сметки, односно комунални давачки за време на траење на закупниот
период паѓаат на товар на закупецот, кој воедно се обврзува и истите благовремено да
ги намирува, а закуподавецот има право на увид во плаќањето на сметките.

(2) Закуподавецот е должен да ги приложи сметките за комунални трошоци на увид на


закупецот на денот на предавањето на деловниот објект во владение на закупецот, како
потврда дека се подмирени сите трошоци во времетраењето на закупниот период.

Член 7
По завршување на закупниот период, закупецот ќе му го предаде деловниот објект на
закуподавецот во иста состојба во која го примил.

Член 8
Закуподавецот му гарантира на закупецот дека врз предметната недвижност не постои
некое друго стварно право на трето лице кое претендира на сопственост на имотот.

Член 9
Овој договор е сочинет во 3 (три) примерока и тоа по 1 (еден) примерок за секоја од
договорените страни и 1 (еден) за административни потреби.

Закуподавач: Закупец:

________________________ ________________________

________________________ ________________________

You might also like