You are on page 1of 7

ООУ „Браќа Рибар“ – с.

Табановце

Критериуми за оценување по предметот

Англиски јазик

Одделение: IV

Наставник:
Станка Радевска Милковски
Постигнувања по одделните јазични компоненти, методи и инструменти за
оценување

Лексички единици (вокабулар)


1. Го разбира значењето на лексичките единици
- Броеви од 1-50 и од 50-100
- Храна, пијалаци, овошје и зеленчук
- Предмети во домаќинството, соби
- Фризура, типови на коса
- Животни
- Часовник, денови од неделата, месеци
- Активности во слободното време
- Глаголи, заповеди
- Облека
- Временски услови
- Професии
- Места во градот
- Празници
- Ги репродуцира и ги употребува во соодветни ситуации (граматички правилно).

Активности - Слушање на аудио снимки и говорот на наставник

- Именување со помош на слики и реченици

- Водење на дискусии на теми

- Вежби од типот на пополнување на празни места во реченица или правилно


подредување на зборови во реченица

Методи на оценување и инструменти на оценување

- Само- оценување
- Набљудување – чек листа
- Дискусија и усни одговори од учениците
- Портфолио – аналитичка листа за оценување и усна и писмена повратна
информација
- Наставни ливчиња за евалвација на целината

2
Критериуми за оценување

-Ги именува броевите во цели изрази и реченици

- Ги применува храната, пијалаците, овошјето зеленчукот во цели изрази и


реченици.

- Ги применува вокабуларот со фризура и коса во цели изрази.

- Ги применува предметите и собите во цели изрази и реченици.

- Ги применува животните во цели изрази и реченици.

- Ги применува часовникот ,деновите од неделата и месеците во цели изрази

- Ја применува облеката во цели изрази.

- Ги применува активностите во слободното време во цели изрази и реченици.

- Ги применува глаголите и заповедите во цели изрази и реченици.

- Ги применува временските услови во цели изрази и реченици.

- Ги применува професиите во цели изрази и реченици.

- Ги применува местата во градот во цели изрази и реченици.

- Ги применуваат празниците во цели изрази и реченици.

- Ги репродуцира и ги применува во точни и правилни граматички структури


\

Граматички структури
1. Правилно и соодветно ги применува следните граматички изрази и структури :

- глаголот сум (во сите лица еднина и множина)


- присвојни заменки
- Образување прашања и давање позитивни и одречни одговори
- Членови a / an, the.
- Еднина и множина кај именките.
- предлози за место ( во , над , под , зад)
- предлози за време
- присвојност ( прашална, одречна и потврдна форма)
- способност ( може / не може – прашална потврдна и одречна форма)

3
- заповеди ( потврдни и негативни )
- Сегашно Просто Време ( потврдна, одречна и прашална форма )
- Сегашно Трајно Време (потврдна, одречна и прашална форма )
- Прилози за честота.
Активности

- Репродуцирање и применување во изрази и комуникација


- Усно и писмено применување на истите во текстови, наставни листови и
диктати.

Методи и инструменти на оценување

- Само- оценување
- Набљудување – чек листа
- Дискусија и усни одговори од учениците
- Портфолио – аналитичка листа за оценување и усна и писмена повратна
информација
- Наставни ливчиња за евалвација на целината

Јазични функции и говорење


1. Правилно ги изговара и соодветно ги применува лексичките единици во цели
јазични изрази.
2. Води комуникација со примена на изучените јазични и граматички структури.

Активности

- Вербално повторување и продуцирање на изрази преку дијалошки


ситуации, текстови драматизација, прераскажување на ситуации и пеење
песнички.
- Претставување на изучените јазични и лексички единици.
- Искажување на ставови и вкусови за одреден вид на храна, облека и други
лексички единици.
- Поставување и одговарање на прашања
- Вербално искажување на дијалог и текст.

Методи и инструменти на оценување

- Директно само- оценување на задача


- Набљудување – чек листа
- Дискусија и усни одговори од учениците
- Портфолио – аналитичка листа за оценување и усна и писмена повратна
информација

4
- Изведбени активности.

Критериуми за оценување

- Може да брои до 100


- Може да го применува вокабуларот од храна, пијалаци, овошје, зеленчук во
јазични изрази.
- Може да го применува вокабуларот од предмети и соби во јазични изрази
- Може да го применува вокабуларот за фризура, типови на коса во јазични
изрази.
- Ги применува животните , часот, деновите од неделата, месеците,
активностите во слободното време, глаголите, заповедите, облеката,
временските услови, професии, место во градот, празници во јазични
изрази.

Активности

- Слушање на аудио снимка и говорот на наставникот.


- Именување со помош на слики, текстови и реченици.
- Водење дискусии на теми.
- Вежби од типот пополнување на празни места во реченица или правилно
подредување на зборови во реченица.

Слушање со разбирање
1. Го препознава значењето на лексичките и граматички единици.
2. Разбира текстови, дијалози и други јазични изрази.

Активности

- Инструкции од наставникот или ЦД.


- Слушање искази од аудио снимка.
- Слушање текстови и дијалози
- Пополнување текстови и дијалози според слушаното.

Методи на оценување

- Директно само- оценување на задача


- Набљудување чек листа
- Листови за само- оценување на задача.

Критериуми за оценување

- Разбира слушнати текстови, дијалози

5
- Соодветно реагира на слушнати искази, текстови, дијалози од аудио снимка
или од наставник.
- Вербално реагира на инструкција.

Читање
1. Може да ја меморира, чита графиката на зборовите, фразите, речениците,
дијалозите, текстовите на ниво на претходно изучени усни модели.

Активности

- Гласно читање (во група и индивидуално)


- Пополнување на испуштен збор и читање на точната реченица.
- Читање и глумење по улоги

Методи и инструменти на оценување

- Директно самооценување
- Набљудување со чек листа
- Наставни ливчиња за евалвација на целината

Критериуми за оценување

- Може да чита содржини од усвоениот вокабулар, јазични функции, цели


изрази и реченици, текстови и дијалози.

Пишување
1. Може да пишува познати зборови, изрази и реченици.

Активности

- Дополнување на зборови со испуштени букви.


- Дополнување реченици со испуштени зборови.
- Составување реченици и кратки текстови.
- Диктат на усвоен текст или дијалог.
- Пополнување на наставен лист за усвојување на целината

Методи и инструменти на оценување

- Директно само оценување на задача


- Набљудување со чек листа.
- Портфолио оценување на портфолио и писмена повратна информација.

6
- Изведбени активности
- Наставни ливчиња за евалвација на целина

Критериуми за оценување

- Може да ги пишува изучените лексички единици


- Може да ги пишува изучените граматички структури во одредени ситуации
- Може да напише која му е омилена боја, ден, месец, просториите и
предметите во домот,
- Може да се опише себеси, другарче, член во семејството, може да опише
животно и карактеристики на истото,
- Mоже да искаже што може / што не може самиот да прави, што сака/ што не
сака да јаде и носи.

При формативното оценување односно при користењето на сите инструменти на


оценување, се користат три нивоа и тоа: самостојно , со мала помош и со голема
помош.

You might also like