You are on page 1of 2

ПРАВИЛО ЗА ЧИТАЊЕ ПСАЛТИР ЗА УПОКОЕНИ

1. Зоран
2 Блага
3. Кирил
4. Татјана
5.Југослава
6.Валентина
7.Мартин
8.Иван
9.Маре
10.Андријана Жаков
11. Весна
12.Далибор
13. Тања
14.Моника
15. Билјана
16. Марија
17. Нада
18. Татјана
19. Стефан
20. Марија

Почнувајќи од ден 06.02.2020 секој чита по една катизма дневно, во текот на дваесет
дена, почнувајќи со онаа катизма според редниот број даден погоре.

Се почнува со:
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христа, Боже наш, помилуј нѐ.
Амин.
Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш,
ризницо на блага и Животодавче, дојди и всели се во нас и очисти нѐ од секаква
нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
Трисвето: Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј не. (3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови, амин;
Пресвета Троице, помилуј нѐ, Господи, очисти ги гревовите наши, Владико прости ни
ги прегрешенијата, Свети, посети нѐ и исцели ги слабостите наши заради името Твое.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови, амин;
Оче наш. Потоа: Катизма
По читањето на катизмата, се завршува вака:
Трисвето: Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј не. (3 пати)
Пресвета Троице, помилуј нѐ, Господи, очисти ги гревовите наши, Владико прости ни
ги прегрешенијата, Свети, посети нѐ и исцели ги слабостите наши заради името Твое.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови, амин;
Оче наш:
Потоа
Тропар, глас шести:
Единствен си по природа животворец, Христе, и навистина си неиспитливо море од
добрини; сега претставениот Твој слуга удостој го со Твоето царство, зашто Ти си
единствен Кој имаш мноштво милости и бесмртност.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови, амин;
Богородичен тропар гл.6:
Раѓајќи Го, Владичице, изворот на животот, избавителот на светот, Господ Исус, Него
усрдно моли Го, сега претставениот Твој слуга да го удостои со бесконечен живот,
зашто ти си единствена помош на христијаните.
Господи помилуј (дванаесет пати).
И молитвата:

Спомни ги Господи Исусе Христе, и спаси ги браќата и сестрите: (овде се наведуваат


имињата на сите 20 погоре споменати кои го читаат псалтирот).

Спомни го Господи, Боже наш, твојот слуга, кој се претстави во вера и надеж на
вечен живот, нашиот отец Горан, и како добар и човекољубив, кој ги простуваш
гревовите и ги искоренуваш неправдите, намали ги, остави ги и прости му ги сите
волни и неволни гревови: избави го од вечните маки и од пеколниот оган, и дај му
наследство и насладување на твоите вечни добра, подготвени за оние кои Те љубат.
Дури и ако згрешил, но не отстапил од Тебе, без сомневање верувал во Отецот и Синот
и Светиот Дух, во Тебе – Бог во Троица славен, и Единица во Троица, и Троица во
единство, православната вера ја исповедал до последната своја воздишка. Затоа биди
милостив кон него, а неговата вера сметај ја како дела, и како милостив, упокој го со
Твоите светии. Бидејќи нема човек што живеел, а не згрешил, само Ти си единствениот
без грев и Твојата правда е вечна правда, и Ти си единствен Бог на милостите,
штедростите и човекољубието, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и
Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нѐ.
Амин.

You might also like