You are on page 1of 2

Македонски народни ора

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и


музичка традиција.
Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските
ора можат да се поделат во пет регионални
групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.
Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од
имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото,
начинот на држење и обичаите.
Ората обично се играат за време на верски празници
(Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни
празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или
за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите
играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои може
да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но
има и ора што се вијат на лево.

Карактеристики
Ората се придружувани од народни
инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските
дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се
карактеристични за градовите.
Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување,
клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен
чекор, играње на колена и многу други.
Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон
брзо.
Најчести ритми се: 2/4 и 7/6 (3,2,2), (3/4, 3/8, 4/4, 6/8, 5/16 (2,3), 7/16 (2,2,3), 8/16
(3,2,3), 9/16 (3,2,2,2), (2,3,2,2), 11/16 (2,2,3,2,2) и (3,2,2,2,2), 122/16 (3,2,2,2,3),
13/16 (3,2,3,2,3), 18/16 (2,2,3,2,2,2,3) и 22/16(2,2,3,2,2,3,2,2,2). Во Македонија
постојат различни видови ора.
Што се однесува до времетраењето на ората, тоа не е одредено, и често се
игра додека играчите ил исвирачите да се уморат.
Забележани се случаи кога се играло оро без музика и без пеење. Орото што
се играло на ваков начин било слично на „Право оро“ или на „Глуво оро“. При
играње само се извикувало „Оп, оп, оп“, а играорците често се држеле за рамо.
Обичаи поврзани со ората

 Традиционално во Македонија постоела забрана жена да игра оро без


дозвола на мажот. Жената можела да игра само со блиски роднини, а со
непознати или подалечни роднини, можела да се фати на оро само со
држење на шамивче.
 Кога се одело по невеста во црква, свирачите запирале со свирење 15-
20 чекори пред црквата.
 Во Струмичко, Русалиите се играат 12 дена, од Божик до Водици, и при
тоа собираат пари и подароци за помагање на училишта и за други хумани
намени.
 Во Штип и Кочани имало обичај во понеделник по свадба да се пеат
вулгарни песни, а жените се преоблекувале во машка облека, ставале низа
лук и пиперки околу вратот, го црнеле лицето и играле и пееле пред куќите
на кумот, деверот и кај други роднини.

Видови ора:
 Арнаутско оро
 Беранче
 Воденско
 Гајдарско оро
 Драчевка
 Калајџиско оро
 Лесното оро
 Пајдушко
 Чалгиско оро и други...

You might also like