You are on page 1of 28

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА

ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ


ЗА ИЗГРАДБА НА

СТУДЕНСКИ ДОМ “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“,СКОПЈЕ

ИНВЕСТИТОР: ____________________________________________

НАМЕНА НА ГРАДБА: СТУДЕНСКИ ДОМ

КОРИСНИК: ______________________________________________
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

НАМЕНА

Новопланираната градба е со Класа на намена А3- Студенски дом, Општина


Каршош- Скопје, кој треба да функционира како посебен правен субјект.

ЛОКАЦИЈА

Согласно Изводот од Урбанистичко - планската документација за градба од


посебен интерес со основна класа на намена А3 - групно домување (студентски
дом) и компатибилни намени на основната класа на намена, локацијата е во
рамките на дел од КП 514/1, запишана на имотен лист бр. 42705 за КО Карпош и
на КП 518/1, запишана на имотен лист бр. 5014 за КО Карпош.

ПРИСТАП

Пристапот до градежната парцела, а воедно и сообраќајното поврзување со


поширокиот регион се планираат преку сервисна улица која на југ излегува на
градската магистрална улица бул. Илинден, а на запад на градската магистрала
8-ми Септември. Пристапот на предметната локација е планиран преку
сервисната улица „С4“, која е дел од сообраќајното решение.

РАСПОЛОЖЛИВА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Изводот од Урбанистичко - планската документација за градба од посебен


интерес со основна класа на намена А3 - групно домување;

Идејно решение за градбата- избран труд по спроведен конкурс

Проектна задача

ПРОГРАМСКИ НАСОКИ

При разработка на Идејното конкурсно решение во Основен проект за


изведба задолжително да се провери дали избраното Идејно решение во целост ги
исполнува урбанистичките параметри зададени со Извод од Урбанистичко планската
документација за градба од посебен интерес, бр 29/2016 донесен со Решение број 02-
4355/13 од 17.10.2016, а доколку се согледаат отстапувања од зададените параметри
задолжително да се корегираат со основните проекти .
Студенскиот дом “Тодор Александров” треба да е планиран за околу 400
корисници, но бројот може да се зголеми зависно од предложеното и прифатено
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

идејно решание, кое мора да е во гранците за вкупната површината утврдена со


Изводот од план.
Максималната висина до венец не треба да е поголема од 21.5м, висината на
приземјето не смее да биде помала од 3.0м.
Паркирањето треба да се реши во рамките на градежната парцела, а бројот на
паркинг места се утврдува согласно член 59 од Правилникот за стандарди и
нормативи за урбанистичко планирање. Дозволено е подземно паркирање на моторни
возила во рамките на подземна градежна линија, односно до граница на градежна
парцела.
Задолжително обезбедување на услови за движење на лица со посебни
потреби согласно точка 13 Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко
планирање.
Задолжително да се почитуваат мерките за заштита согласно Закон за одбрана
(Сл.весник на РМ 185/11). Обврзно е планирање и поставувања на громобранска
инсталација со цел да нема појава на зголемено пожарно оптоварување.
Осветлувањето на партерот да е исклучиво со користење на светилки кои емитираат
светлина кон земјата. При планирањето/уредувањето на градежната парцела
задолжително да се предвиди заштитен појас кој ке овозможи заштита од пожари.
Карактеристично е што кујната се планирана да користи доставена (припремена)
храна, односно припремата на главните оброци (ручек и вечера ) треба да е од
надворешен субјект, а во кујната треба да се планира простор за сервирање,
оддржување на доставената храна, сервирање, како и припрема на оброци за доручек.
Бифето и трпезаријата треба да се опслужуваат од истиот простор наменет за кујна.
Трасите за инфраструктура да се планираат и групираат така да овозможуваат лесно
оддржување во процесот на користење на објектот.

ПРОЕКТИ И ЕЛАБОРАТИ СОСТАВЕН ДЕЛ НА ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА


НА СТУДЕНСКИ ДОМ

ПРОЕКТИ:

1. Архитектонски проект "А"

2. Градежно конструктивен проект (статика со сеизмика) "Г";

3. Проект за електрична инсталација и опрема "Е";

4. Проект за машинска инсталација и опрема"М";

5. Проект на хидротехничка инсталација и опрема"Х";

6. Проект за водовод и канализација "ВК";

7. Проект на термотехничка инсталација и опрема "Т";

8.Сообракаен проект

9. Прект за заштита од пожари

10.Проект за внатрешна архитектура-мебел и останата опрема


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

ЕЛАБОРАТИ:

 Е лаборат за заштита од пожари и инсталација за дојава на пожар "ППЗ";


 Елаборат за енергетска ефикасносат
 Елаборат/студија за заштита на животната средина и здравјето на луѓето
"ЗЖС";
 Елаборат со нумерички податоци за градежна парцела
 Елаборат од геомеханички, геолошки и хидротехнички испитувања
и други елаборати за потребите на основните проекти и согласно Закон.

СОДРЖИНА НА ПРОЕКТИТЕ

Технички опис:

Техничкиот опис на проектниот дел од основниот проект содржи спецификација на


сите проектирани простори со нивните површини, материјали и својства, детален опис
со пресметка на сите проектирани техничко-технолошки инсталации и опрема, како и
упатства за нивното изведување и тоа:
- техничкиот опис на архитектонскиот проект содржи детален опис на сите споеви,
детали и елементи, ѕидни слоеви, подови, тавани, фасадни решенија и покривни
слоеви и упатство за нивното изведување, спецификација и опис на проектираните
материјали, нивните физички и хемиски карактеристики, особено на текстурите и
боите на завршните слоеви, сите искажани со нивните генерички имиња;
- техничкиот опис на градежниот проект содржи: детален опис на усвоеното
конструктивно техничко решение, список на елаборати кои се користени како подлоги
за проектирање, усвоените димензии на елементите, карактеристични податоци од
извршените пресметки и анализи битни за верификација на усвоеното решение,
користениот софтвер во анализите, нормативите и други акти според кои е извршена
анализата, попис на усвоените материјали со нивните карактеристики и потребните
претходни и контролни испитувања за потврдување на нивниот квалитет, начинот на
изведувањето на градбата и други податоци кои се битни за градбата; и
- техничкиот опис на проектот за техничките инсталации содржи: детален опис на сите
инфраструктурни водови и уреди, системи и опрема, со упатство за нивното
вградување;

ГРАФИЧКИ ДЕЛ

Цртежите на проектниот дел од основниот проект содржат проекции, пресеци,


детали и легенди неопходни за веродостојна просторна материјализација на проектот
низ изградбата на градбата. Цртежите во проектниот дел на основниот проект се
изработени врз основа на цртежите од идејниот проект и ги содржат сите податоци -
димензии и спецификации потребни за изведување (изградба) на конструкцијата,
архитектонските елементи, споеви, инсталациите и опремата на просечно сложена
градба и тоа:

- основниот архитектонски проект содржи детални цртежи на градежната


парцела, нејзината околина, автомобилските и пешачките сообраќајни површини,
зеленилото и обработката на партерот, коти на сите димензии и растојанија битни за
поставеноста на градбата во однос на регулационата и градежната линија, границите
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

на градежната парцела и соседите, детални основи на сите подземни и надземни


катови од градбата со основа на покривот (петта фасада) со точни површини на сите
простории и опис на подните и ѕидните слоеви, сите карактеристични меѓусебе
различни вертикални пресеци во два меѓусебе нормални правци (попречен и
подолжен) со описи и димензии на сите карактеристични архитектонски елементи -
ѕидови, тавани, подови, покриви, фасадни слоеви и др., сите фасадни изгледи,
детални коти на првостепената, второстепената и третостепената пластика,
конструктивни коти и вкупни коти на градбата во цртежите со основи, висински коти на
сите катови, полукатови, денивелации, а особено коти на теренот, заштитниот
тротоар, плочата на приземјето, плочата на завршниот кат, горниот венец на градбата
и слемето во цртежите со пресеци, точни површини на сите проектирани просторно-
функционални целини, катови, простории, како и на градбата во целина, точна
диспозиција на вградената опрема, инфраструктурните водови, особено вертикалите и
канализационите простори, детали во хоризонтален и вертикален пресек на сите
карактеристични архитектонски елементи и спојки, шема на столарија / браварија,
односно детален цртеж и опис на сите елементи од вградената опрема - прозорци,
врати, огради, гелендери и др.;

- основниот градежен проект содржи: прецизни и детални пресметки и анализи


на усвоеното техничко решение со нивна јасна и употреблива презентација, технички
цртежи во погодна мерка со сите потребни коти и ознаки и тоа: ситуационо решение,
основи на сите карактеристични катови и нивоа, најмалку два карактеристични
меѓусебе нормални вертикални пресеци, изгледи, шеми, кофражни планови,
арматурни детали, работилнички цртежи и детали; и

- основниот проект за техничка инсталација содржи: детални цртежи со


спецификација и просторна диспозиција на водовите и уредите, системите и опремата
од техничките системи неопходни за нивно изведување, односно изградба и
вградување, како и начинот на нивното приклучување на комуналните
инфраструктури.

ПРЕДМЕРИ

Предмерот содржи список, количини и опис на архитектонските и градежните


материјали, опремата и инсталациите кои се проектирани да се вградат во градбата.
Предмерот се изработува во детални димензии и количини, според сите поединечни
архитектонски, градежни и технички позиции во проектот, по видови на материјал,
инсталација и опрема именуван со нивните генерички имиња, односно според видот
на работите и ги содржи сите потребни параметри за димензионирање на
оптовареноста на комуналните инфраструктури и одредување на финансиската
вредност на работите, како и проектираната градежна вредност на градбата.

Предмерот се изработува до ниво на разработка и во форма која го прави


применлив за тендерска документација, односно за договор за изведување;
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

1. АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТ

Архитектонскиот проект треба да го претстави функционалното решние на


градбата, истиот преставува детална разработка на Идејното решение при што
треба да се почитуваат основните принципи и правила во проектирањето.

Димензионирањето на просториите да биде во согласност со меѓународните


стандарди-NOJFERT и Законот за градење. подзаконски акти на Законот,
Законот за просторно и урбанистичко планирање и подзконските акти на истиот.

1.2 КАПАЦИТЕТ И СОДРЖИНИ

А Административен дел број на


простории м2 вкупно
1 Ветробран 1 24 24
2 Фоаје
(чекална/информации/контрола)
1 160 160
3 Тоалети за лица со посебни
потреби 1 2,7 2,7
4 Економски влез 1 20 20
5 Директор 1 20 20
6 Секретар 1 12 12
7 Благајник 1 12 12
8 Архива 1 13 13
9 Просторија за раководители 3 12 36
10 Просторија за пом. раководител 2 12 24
11 Канцеларија за мин 3 вработени 2 20 40
12 Просторија за сервер 1 4 4
13 Просторија за електрични
инсталации 1 4 4
14 Просторија за инвентар 1 20 20
15 Просторија за издавање на
инвентар 1 12 12
16 Просторија за перална / сушална 1 40 40
17 Просторија за вработени во
перална 1 15 15
18 Просторија за магацин 1 20 20
19 Просторија за магационер и
работилница
1 32 32
20 Просторија за хигиеничари 1 15 15
21 Остави 2 7 14
22 Тоалети за вработени во
административен дел(машки
/женски) 1 20 20
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

23 Тоалети за вработени во ек.дел 1 9 9

Б Станбен дел број на м2 вкупно


простории

1 Двокреветни соби комплет со


бања и мини чајна кујна
185 24 4440
2 Брачни соби комплет со бања и
мини чајна кујна
30 23 690
3 Еднокреветна соба за лица со
посебни потреби
5 20 80
5 Заеднички простор за дружење
(може да се распореди на две
посебни простории на различни
спратови) вк.површина 300 300

В Простор за храна број на м2 вкупно


простории

1 Трпезарија (простор за ручање) од


100-120корисници
120 корисници 130 130
2 Бифе 40 корисници 50 50
3 Кујна (за потребите на
трпезаријата и бифето) за
припрема на доручек и прием на
готова храна 90 90
4 Економски простор за кујна (прием
на припремена храна)
20 20
5 Магацински простор за потребите
на кујната
3 20 60
6 Санитарен јазел за корисници на
трпезарија и бифе
30 30
7 Санитарен јазел за вработени во
трпезарија и бифе
М+Ж 15 15
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Ходник, лифтови и вертикални


комуникации,зидови
(претпоставена површина од околу
40% од вкупната површина) 2573,5

Зададените содржини се задолжителни, оставена е недефинирана површина за


со цел проектантот да понуди креативно и функционално решение во согласност
со намената на објектот, функционалното решение и репрезентативноста на
објектот.

1.3 НАМЕНА НА ПРОСТОРИИ И МАТЕРИЈАЛИ

При изборот на матерјалите да се има во предвид намената на


просториите, зидовите и преградите треба да се од матерјал
(блок/тула/сипорекс) кој ќе гарантира долг век на траење, истите треба да се
завршно обработени со малтер кој ке содржи технички карактеристики за
максимална звучна изолација и топлинска заштита. Техничките карактеристики
на зидовите задолжително да се наведат во описот и во премерот на проектот.

Подовите треба да се различни во зависност од намената на просториите,


истите треба да се лесни за оддржување, но во истовреме и да гарантираат долг
век на траење. Влезни партии, хол, скали, подести, меѓуподести препорачливо е
вештачки гранит со д- од 2 см. Внатрешни ходници од висико квалитетен ПВЦ
под со фабричка гаранција не помала од 10 години, ходници во станбен дел
препорачливо е ПВЦ исто така со фабричка гаранција не помала од 10 години, а
со голема отпорност на абење. Подови во санитарни јазли максимално
заштитени со хидроизоклација, а завршен слој од епоксидни смоли.Подови на
тераси од нелизгави керамички плочки.

Прозори од флот-термопан стакло и алуминиумски профил


електростатски фарбан со карактеристики не помали од карактеристиките на АЛ
ТИП -11000, карактеристикит на понудениот профил да се проверет со
енергетскиот коефициент на надворешниот зид. Каси и первази на влезни врати
во станбен дел метални од топловалан профил електростатски фабрички
електростатски фарбан со отпорност на горење согласно проектот за заштита од
пожари, крила за врати завршно со фурнир кој е обработен за задолжително
отпорност на гребење и со висок коефициент на звучна изолација.

Инсталационите ниши/блокови за канализација/водовод/машински


инсталации/електрика и сл да се групираат така да се лесно достапни од
ходнички дел, а не од станбен дел, со цел лесно и навремено да се интервенира
во случај на дефект.

Проектираната опрема во санитариите, кујни и сл да биде со висок


квалитет и фабричка гаранција не помала од 5 години

Да се прикаже основа со мебел и спецификација на истиот.


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

2. ГРАДЕЖЕН ПРОЕКТ (статика со сеизмика) кој треба да содржи

При димензионирањето на конструкциите да се запазат позитивните прописи


за технички мерки и услови за товарење на објекти од високоградба од прва
категорија како и друга важечка регулатива, како што се:

 Правилник за техничките нормативи за бетон и армиран бетон (бр.11/87)


 Правилник за техничките нормативи за проектирање и пресметка на објекти
во сеизмички подрачја (1981)
 Правилник за техничките нормативи за проектирање и пресметка на
инженерски објекти при темелење на објектот (бр. 15/90).
 Соодветни МКС стандарди кои се однесуваат на методологијата на
пресметките односно изработката на графичките делови.
 Правилник за технички нормативи за носиви челични конструкции (сл.
весник на СФРЈ, бр.61/86).
 Технички прописи за квалитет на заварените споеви за носиви челични
конструкции (сл. весник на СФРЈ, бр.41/64).
 Правилник за технички мерки и услови за заштита на челичните конструкции
од корозија (сл. весник на СФРЈ, бр.32/70).

Основниот градежен проект треба да содржи:


 технички опис со детален опис на сите содржини;

 кофражни планови во погодна мерка со сите потребни коти и ознаки;

 арматурни детали со спецификација;

 работилнички цртежи и детали;

 предмер со количини;

 предмер со пресметка ( цени).


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

3. ПРОЕКТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА


ЈАКОСТРУЈНИ и СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

I. ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

I.1 НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

За објектот да се предвиди мрежно напојување, резервно напојување и непрекинато


напојување на дефинираната електро-опрема.

 Мрежно напојување
Мрежното напојувањето со електрична енергија на новопроектираниот Студенски дом,
да биде во се според електроенергетската согласност, издадена од техничките служби
на ЕВН Македонија.

 Резервно напојување
Да се предвиди резервно напојување за потребите на објектот преку дизел електричен
агрегат кој ќе се лоцира во договор со инвеститорорт и во склад со основниот
архитектонски проект.

Дизел електричниот агрегат да биде опремен со следнава пропратна опрема:


вграден ладилник придвижуван од мотор, 24V уред за старт со акумулатор,
термостатски греач за телност во ладилникот, висококапацитетни филтри за воздух,
гориво и масло, резервоар за гориво вграден во носечкиот рам, придушувач на
издувниот делза согорени гасови, контролен систем за автоматско вклучување и
исклучување, дигитален контролен панел за автоматски старт, трополен главен
прекинувач и интелегентен трансфер панел (мрежно агергатска преклопка.

Преку резервното напојување потребно е да се напојуваат следниве потрошувачи:

- осветлувањето по комуникациите и паркиралишта ( 30-50)%,


- приклучници наменети за компјутерска опрема
- хидрантски пумпи
- систем за обезбедување надпритисок во тампон зоните и систем за обесчадување
- пумпите за санитарна вода
- систем за вентилација
- уредите за непрекинато напојување за телекомуникациските системи (север соба,
систем сала, диспечерски простории)
- Уреди за климатизација на простории во кои е сместена опрема за телекомуникациски
системи (сервер соба, систем сала)
- уредите за непрекинато напојување на безбедносни и сигурносни системи (опрема за
автоматска детекција и дојава на пожар, автоматски систем за суво гасење пожар,
систем за јавно известување, опремата за контрола на пристап, опремата за видео
надзор)

 Непрекинато напојување
Непрекинато напојување да се обезбеди за следниве потрошувачи:

- Опрема во сервер соба


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

- Приклучници наменети за компјутерска оптема за раководните кадри


- Телефонска централа
- Опрема за безбедносни и сигурносни системи (опремата за видео надзор, систем за
јавно известување)

I.2 РАЗВОДНИ ТАБЛИ И НАПОЈНИ КАБЛИ

На соодветно ниво да се предвиди главна електро просторија или простории во која ќе


се постават главните разводни ормари.

Да се предвидат главни разводни табли ГРТ за развод на мрежно напојување. ГРТ се


напојуваат од мерно напојни ормари кој ги обезбедува ЕВН. Од ГРТ ќе се дистрибуира
електрична енергија:

- до мрежни секундарни разводни табли

- до мрежни разводни табли за опрема за климатизација

- до разводни табли за лифтови

Да се предвиди главна разводна табла ГРТА за развод на резервено напојување.


ГРТА се напојува преку трансфер панел кој обезбедува мрежно напојување или
резервно напојување преку дизел електричен агрегат кога нема мрежно напојување.
Од ГРТА ќе се дистрибуира електрична енергиja:

- до агрегатски секундарни разводни табли на секое ниво

- до агрегатска разводна табла за напојување на системи за вентилација и


климатизација на простории за дизел електричен агрегат

- до агрегатски разводни табли за пумпи за санитарна вода

- до агрегатски разводни табли за опрема за безбедносни и сигурносни системи (на


приземје)

- до агрегатски разводни табли за критичните потрошувачи

- агрегатска разводна табла преку која се напојува системот за обезбедување


надпритисок во тампон зоните и системот за обесчадување во случај на пожар

- агрегатска разводна табла за хидрантски пумпи

Се предвидува далечинско исклучување на ГРТ и ГРТА од просторија за техничко


обезбедување. Критичните потрошувачи ќе се приклучат пред главниот прекинувач во
ГРТА, така што во случај на пожар истите да бидат оперативни.

Главните разводни ормари ГРТ и ГРТА да се предвидат да бидат слободностоечки,


опремени со главни компактни прекинувачи со можност за далечинско исклучување,
бакарен развод, компактни прекинувачи за изводите, пренапонска заштита класа 1,
мултифункционално броило.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Секундарните разводни табли да се предвидат да бидат дводелни (дел за мрежно


напојување и дел за агрегатско напојување). Во секоја разводна табла да се предвиди
главен прекинувач со можност за далечинско исклучување, пренапонска заштита
класа 2, диференцијална заштита

За хоризонтално водење на напојните кабли да се предвиди систем на носење на


каблите со перфорирани носачи на кабел, а за вертикално водење на каблите да се
предвидат скалести носачи на кабел.

Напојните кабли да бидат соодветно димензионирани и да се обезбеди капацитет за


20% поголем од номинално дозволеното оптеретување. Сите кабли да се предвидат
да бидат безхалогени.

Напојните кабли за критични потрошувачи кои треба да бидат оперативни во случај на


пожар да се предвидат да бидат огноотпорни (Е30/90).

I.3 ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

Да се предвидат се електрични инсталации и опрема за осветлување со светилки со


LED извор на светлина во согласност со извршена фотометрииска пресметка во
поглед на нивото на осветленост, во согласност со намената на просторот, со степен
на заштита соодветен за условите што владеат во просториите.

По комуникациите: (ходници, скалила) да биде обезбедена осветленост од (100) lux на


ниво на под.

Во административните простории (канцеларии, електро соби,сервер соба,


обезбедување) да се обезбеди осветленост од (min 500) lux.

Дел од осветлувањето (30%) да се предвиди да се напојува преку резервно


напојување.

Да се предвидат светилки за антипанично осветлување со сопствен извор на


напојување.

Контролата на осветлувањето да се предвиди да биде

- во канцелариите локално со прекинувачи (модуларен тип)

- во комуникациите и скалишните простории преку детектори на движење

- во собите преку картичен систем и дополнително во сите тоалети преку соодветни


детектори на присуство

- во ресторански дел, мултинаменски простории, читални (цртални), библиотеки


светилките да бидат управувани со контролни уреди (контролери или stand alone
уреди) според DALI стандард за претспојни справи/драјвери. Уредите за управување
на осветление да се обезбедени со software I firmware за да обезбедат т.н. жнеење на
дневна светлина (со детектори за мерење на интензитет на дневна светлина), DALI
програмабилни детектори за присуство и контролни панели.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Напојните кабли за светилките да се предвидат да бидат безхалогени. Водењето на


каблите за напојување на светилките и контролите на светло да биде дел на
перфорирани носачи на кабел, а дел на опфатници во склад со ентериерот.

Да се предвиди минимално стратешки поставено фасадно осветлување со светилки


со LED извор на светлина. Контролата на светилките за фасадно осветлување да се
предвиди да биде преку контролери според изборот на изворот на светлина .

Да се предвиди партерно осветлување со светилки поставени на високи или ниски


столбови во согласност со екстериерното архитектуралното решение.

I.4 ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА ПРИКЛУЧОЦИ

За деловните простории да се предвидат наменски електрични приклучници и


приклучници за општа намена.

За секое работно место да се предвидат две приклучници со резервно напојување и


две приклучници со мрежно напојување.

На одредени места во заедничките простории да се предвидат агрегатски приклучници


за копир машини.

Во ходниците и просториите за комуникација да се предвидат мрежни монофазни


приклучници за општа намена (за приклучување на опремата за одржување хигиена).
Приклучниците да бидат од модуларен тип за монтажа во ѕид.

Во санитарните јазли се предвидени мрежни изводи за напојување на апарати за


сушење раце.

Во собите да се предвидат мрежни изводи за напојување на: монофазна плотна, мини


фрижидер, кафемат и сл.

Во техничките простории во подземните нивоа да се предвидат монофазни мрежни


приклучници со степен на заштита IP 55.

Напојните кабли за приклучниците да се предвидат да бидат безхалогени. Водењето


на каблите за напојување на приклучниците да биде дел на перфорирани носачи на
кабел, дел во кабловски канали и дел на опфатници.

I.5 ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА И МАШИНСКИ


ИНСТАЛАЦИИ

Да се предвиди пратечка електрична инсталација на опремата за климатизација и


вентилација во склад со машинските инсталации.

Клима уредите за кондиционирање на сервер собата да се напојуваат од разводна


табла со резервно агрегатско напојување.

За вентилаторите за отсис на нечист воздух од тоалетите и кујните да се предвиди


напојување од мрежни разводни табли.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Да се предвиди агрегатско напојување за системот за обезбедување надпритисок во


тампон зоните во подземните нивоа и системот за обезчадување на скалишните јадра
од агрегатска разводна табла за критични потрошувачи. Контролата на овие системи
да се предвиди да биде преку системот за детекција и дојава на пожар.

Пумпите за санитерна вода да се напојуваат од главната разводна табла за резервно


напојување. Пумпите за хидрантска вода и пумпата за спринклер станица да се
напојуваат од главната разводна табла за резервно напојување дел за критични
потрошувачи.

Напојните и контролните кабли за опремата за климатизација и машинската опрема да


се предвидат да бидат безхалогени. За опремата која треба да биде оперативна за
време на пожар да се предвидат огноотпорни кабли од типот (Е30/90).

Напојните кабли за горенаведената опрема се полагаат делумно на перфорирани


носачи на кабел, делумно на опфатници.

За носење на каблите кои треба да бидат оперативни за време на пожар да се


предвидат системи со перфорирани носачи на кабел или соодветни опфатници за таа
намена (Е90).

I.6 ГРЕЈНИ КАБЛИ

Да се предвидат грејни кабли кои ќе се постават на кров за отопување на снежните


наноси. Напојувањето на грејните кабли да се предвиди да биде од разводна табла за
мреќно напојување поставена на ниво 9. Контролата на грејните кабли да се предвиди
да биде преку соодветни контролери и сензори за таа намена.

II. СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

II.1 ИНСТАЛАЦИЈА ЗА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА И ТЕЛЕФОНИЈА

- Да се предвиди систем за компјутерска мрежа и телефонија низ објектот кој во целост би


бил со cat.6a.
- На соодветните нивоа да се предвиди спратен RACK UNIT според потребитe на објектот во
кој би биле сместени уредите за компјутерска мрежа, IP телефонија и уреди за безбедност.
- Да се предвиди систем за IP телефонија според предвидениот број на корисници при што
би се користеле засебни POE SWITCH уреди.
- Интерконекцијата меѓу спратните RACK UNIT-и и главните RACK UNIT-и во сервер собата
да се изведе со компјутерска мрежа со cat.6a, како и интерконекција помеѓу соседните
спратни RACK UNIT-и а доколку се јави потреба и со повеќе оптички влакна.
- Во собите за секој корисник да се предвиди по една RJ45 приклучница за компјутерска
мрежа и 1 RJ45 приклучници за IP телефонија.
- Во остатокот од просториите да се предвидат доволен број приклучници за да се задоволат
потребите наметнати од типот на просторијата.

Да се предвиди и паралелна компјутерска мрежа наменета за безбедносните системи во


објектот, што подразбира независни инталации со кабли cat.6a како и засебни switch-еви во
switch просториите. Опремата се поставува во засебен RACK UNIT, наменет искучиво за
безбедносната опрема.

II.2 СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКА ДЕТЕКЦИЈА И ДОЈАВА НА ПОЖАР


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Во согласност со важечките прописи за ваков вид објекти да се изведе инсталација и


постави опрема за систем за автоматска детекција и дојава на пожар.

Системот да биде изведен према EN54 ‑2:1997/A1:2006 стандардот и сите елементи


да се сертифицирини и по VdS стандардот.

Да се постави адресибилен систем за детекција и дојава на пожар кој ќе се состои од:

-Адресибилна противпожарна централа . Во случај на број на елементи (детектори и


рачни јавувачи) поголем од 512 пар. да се предвиди редундантност на ПП централата
согласно EN54-2 стандардот.
- Во зависност од поставеноста на централата и поставеноста на просторијата на
службата за обезбедување на друго место или потреба на приказ на ПП централата
на друго место да се инсталира далечинско паралелно табло со ист приказа како на
ПП централата.
- Адресибилни автоматски детектори (оптички, термички или комбинирани во
зависност од просторијата која се заштитува и према препораките за избор на
производителот согласно типот на потенцијален пожар за соодветна просторија).
Детекторите треба да имаат функција за самодетекција во склоп на системот, како и
автоматска сигнализација и дојава на проблеми во функционирање поради прашина
или неисправност на централата и софтверот за визуелизација. Да се предвиди
монтажа на детектори на чад во климатизациони канали на отсис и на потис на
главните воздушни на излез/влез во клима коморите, како и во лифтовските окна.

Во спуштениот плафон во простори каде поминуваат главните траси на јакоструен


кабловскиот развод, како и на места каде има висок ризик од појава на пожар
(електрични уреди и опрема во плафон) во спуштениот плафон да се предвидат
автоматски детектори со соодветна LED сигнализација на спуштениот плафон под
нив. Во простории каде потенцијално има опасност од појава на влага (гаража) да се
предвиди соодветна IP заштита на истите.

- Адресибилни рачни јавувачи кои се поставуваат на патеките за евакуација на


соодветни места. Рачните јавувачи да се предвидат на трасата за евакуација на
максимално растојание од 30м еден помеѓу друг. Во простории каде потенцијално има
опасност од појава на влага (гаража) да се предвиди соодветна IP заштита на истите.
- Конвенционални рачни прекинувачи со кршење стакло во друга боја различна од
црвена (зелена) за присилно отварање на ПП врати кои се на пат на евакуација за
излез надвор од објектот или се контролирани на пристап и се електрично затворени
во нормално функционирање на објектот.
- Адресибилни сирени во доволна количина со јачината не биде помала од 65 dB и не
поголема од 120 dB на одредена површина според стандарди.
- Адресибилни I/O модули за за управување (како управување на ПП клапни,
управување на димноодводни клапни, управување на вентилатори за обезнедување
надпритисок, управување на вентилатори за извлекување на чад, исклучување на
системи за вентилација, интерконекција со автоматика на лифтови, објава на аларм
преку системот за јавна дојава, праќање на аларм на системот за контрола на пристап
за ослободување на вратите контролирани на пристап во случај на пожар, отварање
на ПП врати кои се електронски затворени во нормална работа на објектот) и
сигнализација (како статус на ПП клапни, статус на димноодводни клапни, статус на
хидрантска мрежа, статус на системи за гасење, статус за аларм и за грешка од
централата за детекција и дојава на гас, статус на системи за гаснење на пожар).
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

ПП централата да се лоцира во контролната просторија на приземје посочена од


инвеститорот и евентуално да се предвиди паралелно табло за приказ од централата
на приемен пулт или на друго место по барање на инвестоторот. Напојувањето на ПП
централата да се предвиди да биде агрегатско, а централата да биде опремена со
независен извор на електрична енергија кој ќе овозможи непрекината работа на
централата во времетраење од 72h.

Каблите за врска помеѓу елементите и централата да бидат незапаливи, hallogen free


кабли (JH(St)H 2x2x0,8mm), а каблите за извршни команди (од I/O модули до извршни
елементи) и сирени да се hallogen free FE180/E90 и за сите да се предвиди да се водат
на метални носачи на кабли или во hallogen free пластични црева/цевки.

Да се обезбеди графички приказ (визуелизација) на сите елементи на системот за


дојава на пожар и нивните статуси, како и управување на истиот преку софтверски
модул како дел од една софтверска платформа за интеграција на безбедностните
системи (видео надзор, контрола на пристап, упад/кражба, објава и озвучување,
дојава на пожар).

II.3 ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ГАСОВИ (TNG и CO) ВО


ПОДЗЕМНИТЕ ПАРКИНЗИ
Во согласност со важечките прописи за подземни паркинзи за детекција и исфрлање
на издувните гасови што се ослободуваат при работа на моторните возила над
критично дозволено ниво да се изведе систем за детекција на гасови (TNG и CO)
согласно EN50545-1 стандардот. Да се предвиди адресибилна централа со доволен
број зони и адресибилни детектори за TNG и CO за покривање на целокупниот
простор на гаражата, која автоматски ги вклучува соодветни вентилатори за брзо
дополнително проветрување. Централата да обезбеди и приказ на грешка (проблем)
со детекторите на TNG и CO.

Централата за детекција на гасови по можност да се постави во соба за безбедност


(мониторинг), а при избор на друга локација (во гаража) да се обезбеди соодветна
врска со соба за безбедност. Потребно е да се интегрира системот во системот за
детекција и дојава на пожар преку I/O модули што ќе обезбедат координирана логика
со против пожарниот систем.

Детекторите на TNG да се постават на висина од 30 цм од под, а детекторите на CO


на висина од 160 цм од под.

Да се инсталираат светлечки паноа за предупредување за присуство на гас на сите


влезови во гаража (пешачки и со возила), како и во коридорите (патеките) каде
поминуваат возилата. Системот да има соодветен број на сирени со флешер со
различен тон и боја на флешер од сирените во системот за дојава на пожар.
Каблирањето да се предвиди да биде со hallogen free кабли кои ќе се водат делумно
на перфорирани носачи на кабел делумно во крута безхалогена цевка на опфатници
на ѕид.

II.4 СИСТЕМ ЗА ЈАВНА ОБЈАВИ И ОЗВУЧУВАЊЕ


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

За објектот да се предвиди дигитален систем за автоматски (предснимени) и


мануели јавни објави како и позадинска музика. Системот ќе служи за објава на аларм
(опсаност од пожар, објава за евакуација, објава за недозволено количество на опасен
гас, или други незгоди), за објава на усни информација за резидентите и за емитување
амбиентална музика во соодветни зони. Системот да биде согласно EN54-16
стандардот за сите елеменити, а за звучниците према EN54-24.

Зоните на објава и зоните за позадинска музика да се одредат во согласнот со


барањата на инвеститорот и соодветно да се дефинираа за каблирање. Контрола на
содржината на пораките и позадинска музика треба да биде по дефинирани сектори.

Системот за јавна објава потребно е да ги состои следниве делови:

- Звучници соодветни за местото на монтажа,


- Доволен број на засилувачи,
- Главна дигитална контролна единица за управување со системот
- повикувачка/и станици
- менаџер на пораки
- извор/и на звук.
- уреди за контрола на јачина на звук (атенуатори) во посебни простории
- Софтвер за конфигурација на системот

Изборот на тип и модел на звучници треба да обезбеди слушност од 98 dB во секој


дел од објектот.

Опремата да биде сместена во просторија посочена од инвеститорот во соодветен


RACK/ови и поврзe на централниот UPS и агрегатско напојување. Инсталација да се
води делумно на носачи на кабли, делумно во ПВЦ цевки-црева. Каблите за линиите
на звучници да бидат hallogen-free FE180/E90 и да се носат на огноотпорни шелни и по
потреба делумно по огноотпорни метални канали. Да се превиди интерконекција со
системот за дојава на пожар и дојава на гас со што се овозможува да се емитуваат
пораки со определена содржина во случај на аларм од истите. Да се инсталираат
(уреди) за надзор на прекини на звучничките линии (прекин, куса врска,..).

II.5 СИСТЕМ ЗА ЦЕНТРАЛЕН ВИДЕО НАДЗОР

Во состав на системот за техничка заштита со цел да се врши надзор на одредени


критични делови во објектот (влезни врати во објектот, платоа пред лифтови, гаража
(патеки за возила), сервер соби, архиви и други внатрешни делови посочени од
инвеститорот) и области на периметријата на објектот (сите влезови во објектот (за
луѓе и возила), надворешни ѕидови со прозори на објектот на приземје, тераси) да се
инсталира систем за IP видео надзор.

Во внатрешноста да се предвиди системот за видео надзор да ги интегрира IP


камерите со следните карактеристики:

- За влезен хол и сите пешачки влезови за влез во објекотот како и подвижни


бариери за контролиран пристап во холот, за влезови во гаражи: Фиксни колор
IP DOME внатрешни камери со автоматска Day/Night функција, компензација на
позадинско светло, напојување +12 VDC или Power-over-Ethernet (48 VDC
nominal), cloud сервиси, мрежен приклучок 10/100 Base-T, компатибилни со
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

ONVIF и SMPTE 274M-2008 стандардот . По потреба да се предвиди соодветен


држач за истите.
- За влезни врати кон холови и платоа пред лифтови, сервер соби и архиви:
Фиксни колор IP DOME внатрешни камери детекција на движење, компензација
на позадинско светло, напојување +12 VDC или Power-over-Ethernet (48 VDC
nominal), cloud сервиси, мрежен приклучок 10/100 Base-T и компатибилни со
ONVIF и SMPTE 296M-2001. По потреба да се предвиди соодветен држач за
истите.

- За гаража (коридори), за надворешна периметрија на објектот: Фиксни колор IP


DOME Надворешни камери со компензација на позадинско светло, напојување
+12 VDC или Power-over-Ethernet (48 VDC nominal), степен на заштита IP 65 и
IK10, cloud сервиси, мрежен приклучок 10/100 Base-T и компатибилни со ONVIF
и SMPTE 296M-2001. По потреба да се предвиди соодветен држач за истите.

Уредите за снимање (дигитални мрежни видео рекордери) да се предвидат за


најмногу 32 камери за да во случај на дефект останат голем дел од камерите снимани,
Истите да бидат за снимање на мак. 30 дена и во живо при детектирано движење, да
бидат со RAID заштита, преконфигурирани со софтвер за менаџирање на снимање на
вкупниот број на камери, да имаат Hot-swappable хард дискови, да се за монтажа во
RACK, iSCSI storage, мрежна каричка Dual Intel® 82574L Gigabit LAN, вградени 4 USB
2.0 порти. Да се предвидат доволен број на уреди за сите камери.

Уредите да се лоцираат во RACK во посебна просторија одвоена од собата за видео


надзор (мониторинг). Локацијата ќе се одреди во координација со инвеститорот. За
системот да се предвидат соодветен број PoE switch-еви како и напојувања за
камерите како резерва и да се концепира посебна комјутерска мрежа за видео
надзорот во координација со инвеститорот.

Да се предвиди опрема за пратење во соба за видео надзор на приземје со соодветен


број на работни места за ергономско пратење на сите камери во објектот. Да се
предвиди борој на монитори за приказ на не повеќе од 32 камери на еден монитор. На
барање на инвеститорот да се обезбеди пристап до системот за видео надзор и од
друго работно место во објектот преку едена конекција на корпоративната комјутерска
мрежа. За управување со подвижните камери да се монтира контролер за подвижни
камери во собата за мониторинг.

Напојувањето на опремата за снимање и PoE switch-евите да се предвиди да биде


преку централниот уред за непрекинато напојување (UPS) поврзан на резервно
напојување од агрегат.

Каблирањето да се предвиди да биде со безхалогени кабли кои ќе се водат делумно


на перфорирани носачи на кабел делумно во флексибилно безхалогено црево на
опфатници или во ѕид.

II.6 СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПРИСТАП

Во состав на системот за техничка заштита со цел да се изврши контрола на пристап


во критични точки или зони да се предвиди систем за контрола на пристап во
одредени сектори и простори.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Системот за контрола на пристап потребно е да безбеди контролиран пристап до


следниве простории/сектори:

- Влез во гаража со соодвени рампи каде ќе се постават рампи со читачи на картички и


видео домофон за комуникација со обезбедување. Системот да ја контролира и
автоматската роло врата на гаражата за влез, а излезот роло вратата автоматски да
се отвара при детекција на присуство на возило.
- Врати на трокадера и електро соби
- просторија за техничко обезбедување (видео надзор),
- сервер соби,
- просторија за уреди за непрекинато напојување,

и други простории во координација со инвеститорот

Системот потребно е да содржи потребен број на читачи за контрола и на влез и на


излез на секоја контролирана точка, контролери и опрема за умрежување на
контролерите. Читачите да бидат со дуал читач за MIFARE classic and EV1 картички
или токени како и со дуал интерфејс 26 Bit Wiegand и RS485/OSDP. Истите да бидат
опремени со лед сиганлизација и бипер за сигнализација. Читачите да бидат со степен
за заштита IP65 погодни за монтажа и надвор и внатре.

Да се предвидат IP модуларни контролери со можност на поврзување од 4 до 8


читачи. Секој контролер да е опремен со Ethernet 10/100BaseT (TCP/IP) with RJ45
мрежен интерфејс. Контролерите да бидат опремени со потрбен број на влезови и
излези за прифаќање на магнетни контакти за отвореност на врата, влез за копче за
принудно отворање на врата, излез за електрична брава или магнетен лепач, влез за
сигнал од системот за дојава на пожар за принудно отварање на вратите во случај на
пожар. Контролерите да се монтираат на сигурна страна (простор) по врата со
контролиран пристап или во посебни простории (сервер соби). Контролерите да бидат
мониирани во метални куќишта со соодветно напојување и резервна батерија во
случај на прекин на електрична енергија. За контролерите да се предвидат LAN
конекции на корпоративната комјутерска мрежа.

На вратите да се монтираат foult safe (под напон затворени) електрични брави како и
електро магнети каде типот на вратата не дозволува монтажа на електрична брава.
Секоја врата да биде опремена со магнетен контакт (вградлив) за детекција на
отвореност на врата.

На секоја врата да се монира прекинувач со кршење на стакло за принудно отварање


на вратите во случај на елементарна непогода или пожар.

реминот на кабелот за електрични брави од рамката на крилото на вратата на


двокрилни врати да се направи со метално ребрасто црево со механизам за
прибирање во вратата при нејзино затворање.

Централната опрема да се предвиди да биде лоцирана во контролна соба на


приземје. Активирање и деактивирање на системот да се врши преку центално од
мониторинг соба. Да се предвидат соодветен број картички за пристап и печатар за
персонализација на истите.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Софтверот за контролиран пристап да озбезбеди конфигурирање, визуелизација и


мониторинг на системот. Да се обезбеди пристап на софтверската апликација на до 3
лица. Софтверот треба да обезбеди интуитивна конфигурација на врати со
преддефинирани типови на врати како на пример: стандардна врата, пешачка
бариера, рама, лифт со влезно излезен читач,..), временски модели за времнски
базирана контрола на пристап вклучувајќи дефинирање на празници, специјални
денови, како и временски базирано автоматско активирање/деактивирање на правила
за конкретна картичка, antipassback функција, можност за дефинирање на максимум
лица што може да бидат присутни во одредна област, можност за дефинирање на
зависност на отварање на две последователни врати са високо безбедностни
простории (комјутерски центар), можност за дефинирање на рута на обиколка за
чуварска служба, можност за дефинирање на функција случаен избор за случаен
избор на носител на картичка за дополнителна контрола, можност за менаџмент на
картички за посетители (пратење на картичките за посетители посебно према
временски ограничен приста), можност за додавање на модул за контрола на лифтови
со додавање на читач во лифтови, можност за мануелно отврарање на конкретна
врата преку клик на маус, можност за креирање на логички зони на пристап (единечни
соби, група на соби, цели спратови, гаража), софтверот да обезбеди комплетен аларм
менаџмент (пристап недозволен, аларм од тампер, картички на црна листа, временски
аларм,..), можност за надоградба со видео верификација и модул за паркинг
менаџмент (дефинирање на максимум расположливи места и автоматско одбивање на
влез во гаража кога сите места се пополнети. Софтверот да биде со лиценци за до
2000 картички и за сите предвидени читачи.

Да се инсталира соодветна хардверска платформа за инсталација на софтверот.

II.7 СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА ОД УПАД/КРАЖБА

Во состав на системите за техничка заштита со цел да се изврши детекција и дојава


на упад/кражба во објектот и во одредени простории во него да се предвиди систем за
заштита од упад/кражба. Системот да биде по стандард EN 50131-6:2008 и VdS-S. За
детекторите на движење да се предвиди стандард EN 50131-2-4 Grade 3 and VDS
Class C. Системот да биде адресибилен.

За да се детектира недозволен пристап на во објектот од ниво на земја да се


предвиди потребен број на детектори на движење. На истото ниво да се предвидат и
детектори на кршење стакло како и магнетни контакти за детекција на отварање на
врати и прозорци кога системот е активиран.

Истите елементи да се предвидат во евентуални простории кои имаат тераси.

За сервер соби и архива да се преевиди системот да функцинира како независни зони


кои по потреба се активираат или деактивираат.

По потреба инвеститрот ќе дефинира други посебни зони од системот со можност за


ниво посебно локално активирање/деактивирање.

Системот потребно е да биде обезбеден со сопствен извор на резервно напојување.


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

Каблирањето да се предвиди да биде со безхалогени кабли кои ќе се водат делумно


на перфорирани носачи на кабел делумно во флексибилно безхалогено црево на
опфатници или во ѕид.

II.8 ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА ЗА КОНФЕРЕНЦИИСКИ СИСТЕМИ И ОПРЕМА


ЗА

АУДИО/ВИДЕО КОМУНИКАЦИЈА

Во мултимедијалните простории (просторите за заедничко дружење) да се предвидат


инсталации и опрема за аудио/визуелна презентација.

Минимално да се предвиди видео проектор/ЛЦД монитор и систем за озвучување со


фиксен и безжичен микрофон. На LCD монитор да се овозможи прикажување на
разни содржини од преносен компјутер или содржина од локален компјутер.

Каблирањето да се предвиди да биде со безхалогени кабли кои ќе се водат делумно


на перфорирани носачи на кабел делумно во флексибилно безхалогено црево на
опфатници или во ѕид.

II.9 СИСТЕМ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

Да се предвиди систем за евиденција на работно време. Да се предвиди


соодветен број на терминали за регистрација (IP базирани) за брзо и ефикасно
регистирање на сите вработени. Истите да се постават на службениот влез за
вработените. Терминалите да имат читач на картички компатибилен со картичките и
читачите на системот за контролиран пристап. Терминалите да имаат и тастарура за
креирање на шифри за тип на излегување. Терминалите да се умрежaт во локалната
мрежа на која ќе биде и оделот за HR на инвеститорот, како и да се инсталира
соодветна JAVA базирана софтверска WEB апликација која има можност да биде и HR
база и има можнсот за надоградба по дополнителни барања на инвестоторот (не е
затворена).

II.10 СИСТЕМ ЗА ON-LINE МЕНАЏМЕНТ НА СОБИ (ROOM MANAGEMENT


SYSTEM)

Да се предвиди систем за ON-LINE менаџмент на соби кој во реално време ќе го


менаџира влезот во собите и останати помошни простори со помош на картички,
влезот на пресонал во собите (согласно планот за организација на управата),ќе го
интегрира СОС системот од тоалетите во собите, ќе овозможи регулација на
температурата во собите со интегрирана заштеда на енергија со детекција дали е
корисникот во собата (картичката е во одложувачот на картички) и детекција на
отвореност на прозори и врати и ќе овозможи исклучување на напојувањето во собата
освен за фрижидер.

Системот да е составен од:


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

- Модул со Читач на безконтактна картичка пред влезната врата во собата со


копче за звоноНа истиот да има влез за магнетен контакт на влезна врата за
детекција на провала
- Модул со одложувач на картички со интегриран читач на картички со функција
на палање на светло за добредојде, функција на вклучување на напон на
потрошувачи во собата, влез за прифаќање на СОС копче од тоалет, излез за
електрична брава на влезна врата,
- Модул за терморегулација со сензор за температура, дисплеј за приказ на
температура, копче за регулација на теммпература, копче за регулација на
брзина на вентилатор, истиот да има излез за регулација на вентили на
фенкојлери (on/off), излез за брзини на вентилатор на фенкојлери, влез за
магнетен контакт/и од прозори и врати.
- Читачи на картички на врати за простории што ги користат гости
- Сервер со инсталиран софтвер за менаџирање кој има интуитивен корисички
интерфејс, можност за поврзување на најмногу користените софтвери
- Уред за кодирање на картички

II.11 СИСТЕМ ЗА АВОМАТИКА И БМС

Да се инсталира систем за автоматика и БМС.

Во истиот да се опфатат следните подсистеми:

Производство и развод на топлинска енергија за ладење и греење

Производство на санитарна топла вода

Електромоторни погони

Вентилаторски конвектори во концеларии

Клима комори

Дистрибутивен систем за воздух.

Дистрибутивен систем за вода

Потрошувачка на енергија

Функција на системот во случај на дојава на пожар

Осветлување

Други системи по барање на инвеститорот

Софтверска апликација со напреден графички приказза контрола, централен


мониторинг и архивирање на податоците – BMS (Building Management System).

Истиот согласност со европските EPBD директиви за енергетска ефикасност на


објекти да се изработи по европскиот ЕN-15232 стандард.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

4. ПРОЕКТ ЗА МАШИНСКА ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА

Затоплувањето на планираните објекти од планскиот опфат ќе се врши преку


градскиот топлификациски систем. За таа цел можат да се искористат коридорите на
постојната секундарна вреловодна мрежа со нивно локациско и капацитативно
приспособување согласно местоположбата и потребите на новите објекти.
Секундарните водови, како што е и досегашната состојба ќе бидат приклучени на
постоечките шахта на примарниот топловод кој се простира по должината на
булеварот „8-ми Септември“, во непосредна близина на базенот „Карпош“.
Големината на топлотниот конзум се утврдува врз основа на податоците за
корисната површина и намената на објектите, а за потребната специфична количина
на топлина се усвојуваат следните големини:
- објекти до околу 2000 m3 од 35 - 60 W/m3;
- објекти до околу 20000 m3 од 18 - 40 W/m3;
- објекти до околу 50000 m3 од 18 - 30 W/m3.
Прилагодување на параметрите на топлотниот флуид кон инсталацијата на
крајните корисници ќе се врши со редуцирачки топлотни подстаници во кои со помош
на калориметри ќе се мери и количеството на топлина кое се испорачува.
При димензионирањето на секундарната мрежа треба да се усвојат следните
препораки за дозволениот пад на притисок (R) и брзина на струење на топлотниот
вите за далечинско затоплување:
- R= 100 - 200 Pa/m
-
Во графичкиот прилог представени се коридорите на простирарање на
примарната и секундарната вреловодна мрежа. Големината на планираниот
топлински конзум на објектите и номиналните пречници на секундарните водови ќе се
утврдат дополнително со проект за инфраструктура

При изработката на основниот машински проект за термотехничките инсталации


за греење/ладење и проветрување да земат во предвид условите зададени од
надлежно правно лице за топлинска енергија (БЕГ) како и погоренаведените услови
зададени во Извод од план.

При изборот на опремата задолжително да се има во предвид дека истат


опрема треба да се користи и во случај енергенс да биде природен гас согласно
плановите за гасификација на Град Скопје .

Оваа напомена е од причини што планираниот примарен гасовод поминува во


непосредна близина на планскиот опфат поради што неговата близина може да се
искористи за приклучок на објектите на градскиот гасоводен систем. Капацитетот на
планираната гасоводна инфраструктура како и местоположбата на мерно-
регулациската станица која треба да ги опслужува и другите објекти од урбаната
четврт З 07, согласно ГУП Скопје 2011-2022 година, ќе се утврди дополнително со
проект за инфраструктура.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

5. ПРОЕКТ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА

Канализационата мрежа во рамките на локацијата да ги опфати сите фекални


води.

Преку фекалната канализациона инсталација се врши прифаќање на сите


отпадни води од санитарните уреди според услови за третман на гравитационо
истекување.

Во главниот проект да се предвиди посебна надворешна атмосферска


канализациона мрежа, во која ќе се прифатат атмосферските води од кровните
површини на објектот.

Да се предвидат ревизиони шахти за нормално функционирање и контрола на


мрежата. Од објектот, секој излез на фекални и атмосферски вертикали е
прифатен во канализациони ревизиони шахти.

Да се предвидат и ревизиони шахти на секое место на промена на правецот


на канализационата мрежа.

Со хидротехничките услови да се предвиди отпадните и атмосферски води од


објектот да бидат приклучени на постојната улична фекална и атмосферска
канализација.

Производот да е во согласност со: EN 877: 1999 / A1: 2006 / AC: 2008 или
еквивалент.

Производот да има ознака: CE A2-s1,d0 или еквивалент.

За одвод на отпадна вода од хаварија на ПП заштита од подруми и влезни рампи


да се предвидат пумпи и одвод до најблиски ревизиони шахти.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

6. ПРОЕКТ ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА

Проектната документација да се изработи врз основа на следниве подлоги и


податоци :
хидротехнички услови за приклучок, издадени од надлежната комунална
организација ЈП „Водовод и канализација„ – Скопје;
 ситуација со партерно решение на локацијата;
 архитектонско градежни подлоги за објектот;
 технички услови;
 консултации со договорниот орган;
 постојни норми и прописи за ваков вид на објект.

Технички прописи : Закон за градење; Правилник за стандарди и нормативи за


проектирање на објекти; Правилник за технички нормативи за надворешна и
внатрешна хидрантска мрежа; Правилник за водовод и канализација; Правилник за
одредување на водомери.
Технички прописи и документација за противпожарна водоводна инсталација :
Правилник за технички нормативи за хидрантска мрежа за гасење пожар.

Да се изработи техничка документација за внатрешни и надворешни водоводни и


канализациони инсталации и тоа:

- внатрешен санитарен водовод;


- внатрешен ПП водовод;
- внатрешна фекална канализација;
- внатрешна атмосферска канализација;
- надворешен санитарен водовод;
- надворешна фекална и атмосферска канализација;
- спецификација со предмер на работите.
- Водоснабдувањето на објектот да се предвиди за санитарна вода и
противпожарна вода.
- санитарната вода да се предвиди според стандард DIN 16 892/93 или
еквивалент;
- внатрешната противпожарна инсталација да се предвиди со поцинковани
водоводни цевки, а цевките со поголем пресек од челични антикорозивно заштитени
водоводни цевки. За сите да се предвиди изолација.
- Отпадните води од санитарните јазли во хоризонтални и вертикални
разводи и преку канализациони вертикали да се изнесат надвор од објектот во
ревизиони канализациони шахти.
- Атмосферските води се прифаќаат во атмосферски вертикали и водата се
изнесува надвор од објектот во ревизиони канализациони шахти;
- Производот да е во склад со: EN 877: 1999 / A1: 2006 / AC: 2008 или
еквивалент;
- Производот да има ознака: CE A2-s1,d0 или еквивалент;
- Сите санитарии во објектот се по избор на инвеститорот
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

7. ПРОЕКТ ЗА ТЕРМОТЕХНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА

7.1 КЛИМАТИЗАЦИЈА

1) Да се предвиди климатизација со која ќе се обезбедат потребните параметри за


угодност на корисниците во објектот, според важечките прописи и стандарди во
Република Македонија, при што треба да се води сметка да истата биде делива по
сектори и/ или вертикали, зависно од решението, а со цел да се активира само дел од
системот во зависност од бројот на корисниците (ресторан/станбен дел на повеке
делови/економски дел/простор за дружење).
2) Термо-техничката инсталација да се предвиди во се според важечките прописи и
стандарди во Република Македонија.
3) Предвидениот систем да овозможи максимална заштеда на енергија, еколошка
работа, едноставно одржување и експлоатација.
4) Предвидениот систем во старт да обезбеди објектот да добие силна енергетска
ефикасност и намалување на емисија на СО2 минимум до 75%, со доказна анализа за
тоа.
5) Предвидениот систем да работи потполно автоматизирано, без вибрации, без удари
при стартување и бесшумно.
6) Бучавоста за внатрешните тела да не смее да биде поголема од 40 децибели, а за
надворешните единици поголема од 60 децибели.
7) Изборот на опремата за машинска инсталација да биде според барањата за
задоволување на акустика според ISO 11201 и ISO 3744.
8) Проектот треба да биде изработен според нормите и стандардите за ваков вид на
објекти (1995 ASHRAE Applications Handbook SP).

7.2 ГРЕЕЊЕ/ЛАДЕЊЕ

Пресметката на трансмисионите загуби/добитоци, да се изврши според европските


норми и стандарди за вакви објекти, прифатени и во Република Македонија;

Да се предвиди современа модуларна машинска инсталација за греење/ладење, од


напредната технологија со директна експанзија, која во себе треба да содржи добри
експлоатациони услови при работа;

Покрај запазувањето на податоците дадени со архитектонско-градежниот проект и


условите дефинирани со прописите за овој вид на инсталации,потребно е да се
почитуваат условите издадени од надлежната институција.

Проектантот да изготви решение на инсталацијата кое ке дозволува исклучување на


објектот по вертикала/хоризонтала, зависно од функционалноста на објектот и
можностите на техничкото решение на опремата.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

7.3 ПРОВЕТРУВАЊЕ

При архитектонското обликување на објектот станбениот дел задолжително да


се предвиди природна вентилација.

8.СООБРАЌАН ПРОЕКТ

Стационарниот сообраќај - паркирање на моторните возила е во рамки на градежната


парцела, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко
планирање (Сл.весник на РМ бр. 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16 и 99/16), а бројот
на паркинг места се утврврдува согласно Член 59 од Правилникот за стандарди и
нормативи за урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 142/15, 217/15, 222/15,
228/15, 35/16 и 99/16), со понатамошна проектна документација согласно важечките
законски регулативи. Дозволено е подземно паркирање на моторни возила во рамки
на подземна градежна линија.

Сообраќајниот проект треба да содржи технички решенија за пристапни


патишта/сообраќајници и паркирање. Сообраќајниот проект/проектот за нискоградба
треба да биде во целост изработен во согласност со условите од Изводот од ДУП и
останатата законска регулатива.

Проектот за сообраќај (проект за нискоградба) треба да ги содржи сите графички


прилози (ситуации со постоечка и планирана инфраструктура, ситуација со
хоризонтално решение на сообраќајот, колскиот и пешачкиот пристап, паркирањето и
партерот, надолжни и попречни профили, сите потребни детали и др.), пресметки и
описи со решение за одводнување на површините, сообраќајна сигнализација и др.

Партерот да се реши во рамките на сообраќајниот проект и треба да го опфати


просторот во рамките на градежната парцела. Со партерот да се опфатат земјените
маси наменети за партерно уредување, озеленување, ниско и високо зеленило,
урбана опрема и улично осветлување наменето за конкретната локација.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ОСНОВНИ ПРОЕКТИ ЗА
ИЗГРАДБА НА СД “ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ”- СКОПЈЕ

9.ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Технички прописи и документација за противпожарна водоводна инсталација :

Правилник за технички нормативи за хидрантска мрежа за гасење пожар.

Да се изработи техничка документација за внатрешни и надворешни водоводни и


канализациони инсталации и тоа:

СОДРЖИНА НА ПРОЕКТИТЕ

Сите наведени проекти по фази задолжително да бидат изготвени спаковани


во согласност со Правилникот за содржина на проектите, означувањето на
проектот, начинот на заверка на проектот од странана одговорните лица.

До нарачателот се предаваат сите проекти во:

- електронски запис (на CD или DVD во електронска форма EXEL, A- CAD, PDF
формат) за сите проекти по фази и елаборати;

- хартиена форма од сите основни проекти по фази и елаборати во минимум 4


примерока од целокупната докуменација;

_________________________

Инвеститор

Изготвил:
Диа.Елена Скембарис- Мирковиќ
А- Овластување за проектирање –бр1.1063

You might also like