Professional Documents
Culture Documents
Буквар
Буквар
БУКВАР
боенка
1
Автор
Ана Матовска-Смилевска
Проф. по предучилишна и одделенска настава
Соработник
Одделенски наставник: Мирјана Матовска
Издавач
Агенција за иселеништво на Република Северна
Македонија
За издавачот
Агенцијата за иселеништво на Република Северна
Македонија ги врши работите и задачите кои се
однесуваат на положбата и правата на иселениците од
Република Северна Македонија,помагањето на нивниот
културен развој и унапредувањето на врските со нив и
нивните организации.
Техничка обработка
Ад Велју ДООЕЛ Скопје
Печати
-
Тираж
-
Скопје, 2019
Драги ученици,
Од авторот
Јас сум Ема и живеам
во Берлин. Моите родители
потекнуваат од Скопје. Здраво Ема. Јас сум Филип.
Знам малку да зборувам на Моите родители потекнуваат
македонски јазик, од Охрид. И јас ја имам истата
но имам голема желба да желба и знам што треба да
научам да читам и пишувам на направиме. Во нашиот град има
кирилица. наставничка која ги учи децата
Но,како? да зборуваат, читаат и пишуваат
на македонски јазик. Сакаш да
одиме заедно? Ајде, многу ќе ни
биде убаво.
6
Среќно, среќно
Запрете, автомобили!
Чичковци, рацете горе!
Речете: „Почеток среќен
за Маре, Ване и Зоре!“
Обој ја илустрацијата!
7
Обој го македонското знаме
МОЈАТА ТАТКОВИНА
8
СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ
Се родиле браќа
двајца просветители,
Кирил и Методиј
нашите учители.
Азбука ни создале,
писменост ни дариле,
нивното дело
вечно ќе го славиме.
9
ВЕСЕЛА
АЗБУКА
A е авион високо што лета
Б е бубамара од цвет на цвет што шета
В е воз врз шините што спие
Г е галеб зад облак што спие
Д е дрво птиците што ги брои
Ѓ е ѓердан на мама убаво што ѝ стои
Е е елка со листе што боцка
Ж е желка во куќичка што клоца
З е зајче солзи што рони
Ѕ е ѕвонче што постојано ѕвони
И е име што секој го има
Ј е јагода цело лето што ја има
К е книга што ја читаме ние
Л е лице што треба да се мие
Љ е љубов нежна како цвет
М е мајка најубава во цел свет
10
Н е за бројот нула,така рече тато
Њ е Њоњо, името на моето мече
О е облак низ кого светкаат веди
П е патче во ред што се реди
Р е рака поздрав што ни праќа
С е сонце што се крие и што се враќа
Т е торта за роденденот твој
Ќ е ќебапче во стомакот мој
У е уста што сè сака да проба
Ф е фабрика за конфекција по мода
Х е хартија за пишување сешто
Ц е цвет што се одгледува вешто
Ч е чекан за поправка на секоја врата
Џ е џемпер што го плете баба Ната
Ш е шкртка што лесно се пишува
и со ова азбуката завршува.
11
ГОЛЕМИ КИРИЛИЧНИ БУКВИ
12
МАЛИ КИРИЛИЧНИ БУКВИ
13
АВИОН
Подвлечи ја буквата A a.
Ана наутро станува рано. Мие
лице, заби и појадува. Потоа
оди на училиште.
АВТОБУС
Напиши ја големата и малата буква: A a
14
БАНАНА
Подвлечи ја буквата Б б.
Баба Блага прави баница. Дедо
Борис носи дрва, а потоа ќе ја
запали печката. Баницата се
пече, а баба Блага и дедо Борис
пијат студена вода.
БАЛОНИ
15
ВОЛК
Подвлечи ја буквата В в.
Вики со вујна ѝ Јованка
отидоа на Водно. Таму видоа
многу убава природа и дишеа
чист воздух.
ВОЗ
16
ГРОЗЈЕ
Подвлечи ја буквата Г г.
Горан и Гордана се брат и сестра.
Тие живеат во градот Гевгелија.
Горан сака да свири на гитара,
а, пак, Гордана сака да ги негува
цвеќињата во градината.
ГИТАРА
17
ДРВО
Подвлечи ја буквата Д д.
Дејан и неговиот дедо отидоа
во гората по дрва. Секој од
нив собра толку многу, што
кога се вратија дома изградија
дрвена колиба.
ДЕТЕ
18
ЃЕЗВЕ
Подвлечи ја буквата Ѓ ѓ.
Ѓорѓи беше во чаршија. Доаѓа
дома со нов ѓум и ѓезве. Ѓурѓа
прави ѓомлезе. Ѓорѓи јаде
ѓеврек.
ЃЕВРЕК
19
ЕЛКА
Подвлечи ја буквата Е е.
Ева и Емилија се сестри. Ева ѝ
помага на мама во кујната, а
Емилија пазарува за дома.
ЕЖ
20
ЖАБА
Подвлечи ја буквата Ж ж.
Во шумата верверичката
собира желади. Жабата е
во барата, а ежот се крие во
сувите лисја.
ЖИРАФА
21
ЗАЈАК
Подвлечи ја буквата З з.
Зајакот јаде тазе зелка. Зоран
јаде пита со праз. А, пак,
Матеа изеде цела чинија гриз.
ЗЕБРА
22
ЅВЕЗДА
Подвлечи ја буквата Ѕ ѕ.
Часовникот заѕвони, Ѕвездана
ги отвори очите и погледна низ
прозорецот. Надвор немаше
ѕвезди, туку огреало сонце, а
тато веќе го ѕидаше ѕидот на
ЅВОНО
гаражата.
23
Грдото пајче
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.
24
Пепелашка
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.
25
ИРВАС
Подвлечи ја буквата И и.
Илија е мајстор.Има големи
игли. Тој знае да шие на
машина и на Ива ѝ соши
многу убав фустан, а пак Нена
не знае да шие на машина.
ИГЛА
26
JАБОЛКО
Подвлечи ја буквата J j.
Јана ја облече јакната, го јавна
коњот и отиде во шумата.
Таму набра јагоди за своето
болно другарче.
JАГОДА
27
КУЧЕ
Подвлечи ја буквата К к.
Другарите Коки и Круме
отидоа во Скопје да гледаат
ракомет каде игра нивниот
омилен клуб Кометал.
КРУША
28
ЛУБЕНИЦА
Подвлечи ја буквата Л л.
Лидија и Милан добија
задолжение од родителите да
купат здрава храна. Тие купија:
лимон, портокал, брокула и
леблебија.
ЛИСТ
29
ЉУБИЧИЦА
Подвлечи ја буквата Љ љ.
Љубичиците се омилените
цвеќиња на баба Љуба. Таа секој
ден со љубов ги вади. Ова лето
на гости ќе ѝ дојдат нејзините
внуци кои живеат во Љубљана.
ЉУБОВ
30
МАЧКИ
Подвлечи ја буквата М м.
Мојата мајка е најубава,
најдобра, најхрабра и
најсилна мајка. Јас мојата
мајка ја сакам најмногу на
свет.
МОРКОВ
31
НОСОРОГ
Подвлечи ја буквата Н н.
Никола и Милан отидоа во
Луна парк. Таму се сретнаа со
Нина. Сите заедно се возеа на
авион, камион и тротинет.
НОЖИЦИ
32
ЊУЈОРК
Подвлечи ја буквата Њ њ.
Ања и Вања се сестри. Ања
многу сака да јава на коњ,
а омилена храна и се њоки.
Омилената храна на Вања е
диња, а нејзиното омилено хоби
е пливање.
33
OЧИ
Подвлечи ја буквата O o.
Оле многу сака сладолед.
Затоа постојано оди во
слаткарницата и купува
сладолед од чоколадо.
ОГЛЕДАЛО
34
ПИНГВИН
Подвлечи ја буквата П п.
Тетка Павлина плете чорапи
за да ѝ ги подари на нејзината
пријателка Петра за подарок.
ПАПАГАЛ
35
СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.
36
ЦРВЕНКАПА
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.
37
РИБА
Подвлечи ја буквата Р р.
Тетин Раде отиде во
рибарница да купи риба
за ручек. Тетка Ружа ја
подготвува рибата со
рузмарин и ја пече во рерна.
РЕКА
38
СЛАДОЛЕД
Подвлечи ја буквата С с.
Славе и Тасе играа на трева.
Ги виде една оса и им рече:
Не се игра бос. Веднаш да
облечете сандали, зашто ќе ве
боцнам!
СЕМАФОР
39
ТИКВА
Подвлечи ја буквата Т т.
Тетка Трпана тргна со торбата
во супермаркет. Таму ќе
пазари краставици, домати,
шпагети, тегла со слатко од
тиква.
ТИГАР
40
ЌЕРАМИДИ
Подвлечи ја буквата Ќ ќ.
Ќосот стоеше на една гранка на
еден стар бор. Дојдоа лозарите
да го поканат на садење, а
тој им вети дека ќе дојде и ќе
помогне кога грозјето ќе стаса
за берење.
41
УСТА
Подвлечи ја буквата У у.
Утро е. Убавка се разбуди, стана и
убаво се изми. Таа е умно девојче.
Знае дека хигиената е половина
здравје. Потоа отиде во шталата.
Го јавна коњот Ушко и ги затегна
УТ
уздите. Коњот летна како молња.
42
ФОКА
Подвлечи ја буквата Ф ф.
Фросина ќе свири на флејта. Мама
ѝ соши нов фустан и Фросина е
среќна. Мама е горда на Фросина.
Отиде на фризер и направи
фризура. Сака да биде убава за
ФУСТАН
настапот на својата ќерка.
43
ХАРФА
Подвлечи ја буквата Х х.
Христијан е хигиеничар во
одделението. Тој се грижи сите
ученици во одделението, хартиите
да ги фрлат во корпа за отпад.
Христијан прекрасно свири на
ХЕЛИКОПТЕР
xармоника. Неговиот татко е пилот
и вози хеликоптер.
Напиши ја големата и малата буква: Х х
44
ЦРЕШИ
Подвлечи ја буквата Ц ц.
Црешата беше толку многу во
цут, што Цвете не можеше да
дочека да пораснат црвените
цреши. Мајка му на Цвете
направи сок од црвените цреши.
ЦВЕЌЕ
45
ЧАШКА
Подвлечи ја буквата Ч ч.
Чеде и неговиот чичко отидоа во
чаршија да купат: чешел, чорапи
и чевли. Тие му беа потребни
на Чеде за да се подготви за
патувањето кај чичко му Кочо кој
ЧЕТКА
живее во Чешка.
46
ЏУЏЕ
Подвлечи ја буквата Џ џ.
Оџачарот Џемаил има нов џемпер.
На џемперот има џебови. Во
џебовите чува џамлии за неговиот
син.
ЏЕМПЕР
47
ШИШЕ
Подвлечи ја буквата Ш ш.
Шабан е шивач. Тој шие на
машина, сега шие кошула за Тоше
и шарени панталони за Маша.
ШТРК
48
артикулација на гласот С
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот С и обој го квадратчето со црвена боја!
49
артикулација на гласот Ц
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ц и обој го квадратчето со сина боја!
50
артикулација на гласот З
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот З и обој го квадратчето со црвена боја!
51
артикулација на гласот Р
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Р и обој го квадратчето со црвена боја!
52
артикулација на гласот Ш
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ш и обој го квадратчето со црвена боја!
53
артикулација на гласот Ќ
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ќ и обој го квадратчето со црвена боја!
54
артикулација на гласот Ч
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ч и обој го квадратчето со црвена боја!
55
артикулација на гласот Ж
Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ж и обој го квадратчето со црвена боја!
56
Во празните полиња напиши го бројот на гласови (букви) во дадениот
збор:
57
Да им помогнеме на Ема и Филип да ги
поврзат буквите со соодветните предмети.
58
М
Ѓ
А
Ж
M
Л
C C
Б
T
T
C
М
А Л Б
С Ѓ Т
М Ж Ц
59
Обој ги маскотите Ристина и Шарко!
62