You are on page 1of 2

РЕПЕТИТОР

1. Каков уред е репитерот?


- За време на движењето на сигналите низ каблите, сигналот слабее и се изобличува,
доколку кабелот е многу долг, поради слабеење на сигналот ке стане непропознатлив
и неупотреблив. За да се спречи оваа појава на одредено растојание се поставува
репетитор кој овозможува сигналите да патуваат на поголеми далечини, а слабеењето
да остане во дозволени граници.
2. На кој начин функционира репетиторот?
- Репетиторот рабити така што на еден порт го прима сигналот и го пренесува до друг
порт при што врши негово регенерирање. Репетиторитене ги преведуваат ниту
филтрираат сигналите, па затоа за да може репетиторот да работи и двата сегменти и
двата сегменти кои ќе ги спојува мора да користат ист метод на пристап. Инаку
репетиторите се најефтин начин на проширување на мрежата и треба да се уботребат
кога:
o Сакаме да поврземе 2 сегменти со сличен медиум
o Регенерација на сигналите за да се зголеми растојанието на кое се врши пренос
o Проследување на целокупниот сообраќај во двете насоки
- Не треба да се користат кога:
o Има гист мрежен сообраќај
o Сегментите користат различен метор на пристап
o Податоците треба да се филтрираат
3. Кои се предности и недостатоци на репетиторот
- Предности: лесни за инсталација, лесно можат да се прошират така што ќе го опфаќаат
целото растојание на мрежата, ги засилуваат сигналите, можат да се поврзат со
користење на различни видови кабли, ефтини.
- Недостатоци: не можат да поврзуваат различни видови мрежи, не прават разлика меѓу
реалниот сигнал и шум, не го намалуваат мрежниот сообраќај, повекето мрежи имаат
ограничување колку репетитори смеат да користат.
4. Какви видови на репетитори постојат?
- Телефонски репетитор се користи за да се засили мобилниот сигнал на ограничен
простор. Уредот изгледа како мала мобилна базна станица со насочена антена за да се
добие сигнал од најблискиот телефонски предаватеч. Користењето на услугите кои ги
нуди овој уред се идеални за куќе со слаб прием во затворените простории. Составен е
од 3 главни елементи: надворешна антена, засилувач и внатрешна антена.
Надворешната антена ги превзема надворешните сигнали и ги засилува со помош на
засилувачот, а потоа ваквите засилени сигнали се реемитуваат до корисникот нудејќи
му многу подобар прием во затворен простор.
- Оптички репетитор во основа се корисни за обновување на оптичкиот сигнал поради
славеењето на сигналот кое може да настане во текот на преносот на сигнали. За да се
поправи ваквото изобиличување на сигналот, оптичкиот репетитор го конвертира
оптичкиот сигнал во електричен, го обработува и на крајот повторно го конвертира во
оптички.
- Радио репетитор претставува комбинација на радио приемник и радио предавател
што прима сигнал и го репраќа на овој начин двонасочните радио сигнали можат да
покриваат подолги растојанија. Антените најчесто се поставени на високо место
премер зграда или рид што претставува идеално решение за погривање на голем
обсег и покривање на целата област без разлика на пречките кои можат да се појават.
- Во зависност од видот на податоци со кои управуваат можат да се поделат на аналогни
и дигитални. Аналогниот тип се корисни за пренесување на податоци во форма на
аналоген сигнал. Аналогните репетитори се составени од засилувач а може да се
вклучуваат и филтри за да се компензира нарушувањето на сигналот од шум и бучава.
Дигиталниот репетитор се користи за пренесување на дигитални сигнали кои се
добуваат на една фреквенција а потоа се пренесуваат на друга.

You might also like