You are on page 1of 24

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје


Машински факултет – Скопје

Проектна задача по предметот


Неконвенционални постапки на обработка
тема:
Компаративна анализа на неконвенционалните методи
на обработка

  

Изработил Ментори:
Бојан Стоименов 1578 проф.д-р Јасмина Чаловска
Доц. д-р Трајче Велковски

Скопје 2021
Компаративна анализа на НКМО

АПСТРАКТ
Во оваа семинарска задача ќе биде направена анализа на
неконвенционалните методи на обработка. Споредба помеќу нивниот принцип
на работа, нивната примена како и направена споредба при користење на
обработка на определена површина.

ПРЕДНОСТИ НЕДОСТАТОЦИ
Нема заостанати напони на Можност за обработка на само
површината на работното парче електроспроводливи материјали
Отсуство на топлина во процесот на Скапа опрема,опрема отпорна на
обработка корозија

Голема точност и квалитет на Зафаќа голем простор


обработката
Висока продуктивност Висока потрошувачка на енергија

Нема трошење на алатот Не е исплатлива за сериско


производство
Можност за обработка на поголем
број делови со еден алат-катода Опасност по животната средина

Можност за обработка на комплексни Висока цена на соодветните


и геометриско сложени делови постројки

Можност за обработка на кршливи и Потреба од соодветни мерки за


тенки материјали заштита при работа

Содржина
1. Вовед...........................................................................................................................................7
2. Рангирање според обработуваниот материјал и сложеноста на обработуваната
површина............................................................................................................................................8
3. Изработка на проодни цилиндрични отвори.......................................................................9
3.2 Обработка со електроерозија............................................................................................10

2
Компаративна анализа на НКМО

3.3 Обработка со ултразвук......................................................................................................11


3.4 Електрохемиско абразивно глодање...............................................................................11
3.5 Електрохемиско електроерозивна обработка...............................................................11
3.6Електрохемиска ултразвучна обработка.........................................................................11
4. Рангирање според карактерот на технолошката операција.........................................12
5. Симнување на остри рабови и заостанати венци...........................................................13
5.1 Електрохемиска обработка................................................................................................13
5.2 Обработка со воздушен абразивен млаз........................................................................13
5.3 Обработка со абразивен воден млаз...............................................................................13
5.4 Обработка со воздушен и воден абразивен млаз........................................................13
6. Рангирање според основните технолошки карактеристики.........................................14
6.1 Специфична производност и специфична потрошувачка на електрична енергија. 14
6.2 Обработка со електроерозија(EDM)................................................................................14
6.3 Електрохемиска обработка (ECM)....................................................................................15
6.4 Хемиска обработка (CHM)..................................................................................................15
6.5 Електрохемиско брусење(ECG)........................................................................................15
6.6 Електрохемиско електроерозивна обработка (ECDM)................................................15
6.7 Електрохемиско електоерозивно брусење(ECDG).......................................................15
6.8 Обработка со ултразвук (USM).........................................................................................15
6.9 Обработка со воздушен абразивен млаз(AJM).............................................................16
6.10 Обработка со плазма(PAM).............................................................................................16
6.11 Хемиска обработка(CHM).................................................................................................16
7 Рангирање според карактеристиките на опремата и алатот........................................18
7.1 Обработка со воздушен абразивен млаз (AJM)............................................................18
7.2 Обработка со абразивен и чист воден млаз(WJM, AWJ)............................................19
7.3 Обработка со ултразвук(USM)...........................................................................................19
7.4 Обработка со електроерозија (EDM)...............................................................................20
7.5 Електрохемиска обработка(ЕСМ).....................................................................................20
7.6 Електрохемиско брусење(ECG)........................................................................................21
7.7 Обработка со ласер (LBM).................................................................................................21
7.8 Обработка со јонски млаз(IBM).........................................................................................22
7.9 Хемиска обработка(CHM)...................................................................................................22
Заклучок............................................................................................................................................23
Кристена литература.....................................................................................................................24

3
Компаративна анализа на НКМО

Содржина на табели
2.0.1 Приближно рангирање според тврдоста и сложеноста на обработуваната површина........7

3.0.1 Карактеристични податоци за дупчење на отвори со мал пречник…….................................8

3.2.1Релативни трошоци за опрема и брзина на обработката во споредба со EDM при дупчење


на отвори со мал пречник...................................................................................................................10

4.0.1Рангирање според карактерот на технолошката операција...................................................11

4
Компаративна анализа на НКМО

5.0.1 Рангирање според погодноста за замена на КМО со НЈМО при абразивна обработка за
симнување на рабови.........................................................................................................................12

6.11.1Специфична поизвнодност и потрошувачка на електрична енергија, степен на корисно


дејство и инсталирана силина...........................................................................................................15

6.11.2Рангирање според специфична потрошувачка на електрична енергија, инсталина силина,


коефициен на корисно дејство и сложеноста на опремата.............................................................16

Содржина на слики
7.1.1 Шема на процесот на обработка со воздушен абразивен млаз............................................17

7.2.1Шема на процесот за обработка со абразивен млаз...............................................................18

7.3.1 Шема на процесот на обработка со ултразвук........................................................................18

7.4.1 Шема на процесот за обработка со електроерозија...............................................................19

5
Компаративна анализа на НКМО

7.5.1Диспозициска шема на расрпеделба на инсталацијата за електрохемиска обработка со


една и со повеќе
машини.................................................................................................................................................20

7.7.1 Шема на процесот за обработка со ласер...............................................................................20

7.9.1Поставеноста на компонентите за хемиска обработка............................................................21

1. Вовед
Со големиот развој на авионската, ракетната и нуклеарната индустрија
непосредно после Втората светска војна се наметнува потребата од користење
на нови материјали кои имаат подобрени својства за разлика од
конвенционалните. Во овој период произведени се нови легури кои што се
одликуваат со голема тврдост, отпорност од топлина и јакост кои наоѓаат

6
Компаративна анализа на НКМО

примена во горенаведените и други индустрии, особено при изработката на


други видови на алати.

Неконвенционалните методи на обработка, со текот на годините добиваат се


поширока примена во совреметоно машински произвоство. Со примена на
ваквите технологии се обезбедуваат значителни економски и технички ефекти.
Со постојаното усовршување на процесите на обработката и машините,
константно се шири подрачјето на нивната примена и при обработка на метали
и легури кои не преставуваат проблем за обработката со конвенционалните
методи.

Ваквите методи меѓу себе немаат строго разграничени подрачја на примена, па


се јавува проблемот на избор на методата на обработка и помеѓу
неконенционалните методи.Разновидноста и комплексноста на повеќето од
неконвенционалните методи, го отежнува проблемот на создавањето на
единствена класификација на методите на обработка, која еднозначно би го
определила нивното место и нивната меѓузависност.

Со семинарската работа, се опишани различностите помеѓу методите за


изработка и е извршена споредба на ваквите методи за неколку процеси.

2. Рангирање според обработуваниот материјал и


сложеноста на обработуваната површина
При неконвенционалните методи, механичките својства на
обработуваниот материјал практично немаат никакво влијание врз
обработливоста.Најчесто обработката се врши без директен контакт на алатот
со обработуваниот материјал, па отсуствуваат и силите на режењето, со што
може да се упростат механизмите за пренос на движење на алатот и да се
намали потребната крутост на системот.

7
Компаративна анализа на НКМО

Поради горенаведените причина кај некои методи не е нужна изработка


на алати од материјали со висока тврдост и јакост, а при некои алатот воопшто
не постои, неговата функција е заменета со млаз од определен флуид.
При високосериското производство, обично, се изработуваат делови со
проста геометрија и од лесно обработиливи материјали. Во овој случај, за
изборот на методата на обработката, доминантвно влијание има
производноста и пртрошувачката на електрична енергија. Исклучок може да
биде микрообработката на тешко обработливите и кртите материјали и
просечување на ситни делови во CHM.
При малосериско и единечно производство, често се сретнуваме со изработка
на скапи делови со сложена геометрија од високоотпорни материјали, со
високи барања за точност и квалитетот на обработуваната површина. При
средносериско производство, во зависност од сложеноста на обработуваната
површина и обработуваниот материјал, при обработката на делови со сложена
геометрија, во меѓусебната конкуренција се CNC-глодалките, копирните
глодалки EDM и ECM.

2.0.1 Приближно рангирање според тврдоста и сложеноста на обработуваната површина

3. Изработка на проодни цилиндрични отвори


За изработка на цилиндрични проодни отвори со мал пречник се користат
процесите на:
 Обработка со ултразвук (USM)
 Обработка со електронски млаз(EBM)
 Обработка со ласер(LBM)
 Обработка со јонски млаз(IBM)

8
Компаративна анализа на НКМО

 Обработка со електроерозија(EDM)
 Електрохемиска обработка (ECM)

 А со поголеми пречници

 Обработка со ултразвук
 Обработка со електроерозија
 Електрохемиска обработка

3.0.1 Карактеристични податоци за дупчење на отвори со мал пречник

3.1 Обработка со ласер и обработка со електронски млаз

Обработката со ласер се користи за дучење на мали отвори во сите


материјали, но со релативно мали длабочини.Со репетирани импулси може да
се издупчат и релативно големи длабочини но се добива релативно голема
конусност и големо отстапување од цилиндричност. Ваквата постапка има
примена главно за дупчење на технички камења и дијаманти, а исто така за
изработка на сита и филтри од тешкообработливи метали и легури.

9
Компаративна анализа на НКМО

За разлика од обработката со ласер, обработката со електронски млаз


ни овозможува дупчење на отвори со мал пречник при поголема длабочина на
отворот (l ≤ 20мм) во сите видови на материјали. Ваквиот вид на обработка
користи вакумска комора, која ги ограничува димензиите на обработуваното
парче и ја усложнува манипулацијата.
Обработката со електронски млаз најефективна примена има при
перфорирање лимови и фолии со отвори со различна форма.Ваквата
обработка ни овозможува добивање потплни и почисти отвори со споредба со
обработката со ласер.

3.2 Обработка со електроерозија


И покрај ниската производност со едноставноста на EDM често се
користи за дупчење на мали отвори во тешкообработливи метали и легури.
Како електрода често се користат метални цефки (бакарни и месингани) кои се
изработуваат со многу мали пречници (d>0,3mm) и овозможуваат дупчење и на
многу длабоки отвори со висока точност на мерките и формата.Со примената
на стандардни цевки, изработката на електродата алат е крајно упростена. Со
изработка на групни електроди од сноп на цевки поставени на определено
меѓусебно растојание, може истовремено да се дупчат и поголем број на
отвори, со што се наголемува производноста на обработката.EDM во споредба
со напреднаведените методи, се одликува со највисока точност, но
истовремено и со најниска производност. Затоа, дупчењето на отвори со
l/d >10, не е рационално, освен во одделни случаи на единечна обработка.
Поради брзата измена на електродата и брзо позиционирање ваквата постапка
има најчеста примена при малосериско и единечно производство, иако денес
постојат и специјални машини за дупчење отвори за високосериско
производство.
Методите со електрохемиска обработка користат релативно проста електрода
кога се работи за отвори со d≥1mm и големи длабочини.Поради многу малите
отвори на стаклениите цевки, кои се користат за ES и EJ, за нормален проток
на електролитот треба да се применат високи притисоци на течноста, а исто
така и високи напони на електричната струја, кои дополнително го усложнуваат
процесот. Граничните вредности за l/d при ES I EJ ограничени се со можноста
да се изработат стаклени цевки со мал пречник и доволна јакост.
Општо земено електохемиските методи во споредба со LBM I EBM,
овозможуваат дупчење отвори со мал пречник, со значително поголем однос
на l/d, поголема точност и повисок квалитет на обработената површина, а во
споредба со EDM, значително поголема производност.

10
Компаративна анализа на НКМО

3.2.1Релативни трошоци за опрема и брзина на обработката во споредба со EDM при дупчење на


отвори со мал пречник

3.3 Обработка со ултразвук


USM практично се користи само за изработка на отвори на крти метали, каде
ECM и EDM, не може да се користат, кога не се работи за микроотвори и кога
се бара повисока точност и квалитет на обработката, како и за обработка на
отвори во TM, бидејќи ТМ е чувствителен на термички напони што се присутни
при обработка со EDM. Поради ниската топлоспороводливост и појавата на
термичките напони во процесот на механичката обработка, KMO исто така не
се погодни за дупчење на низа неметали, а поради големата тврдост- ниту за
ТМ. За овие услови USM е најпогодна метода.

3.4 Електрохемиско абразивно глодање


ЕСАМ се одликува со значително поголема производност во споредма со ECM,
а уште поголема во споредма со EDM I USM. Меѓутоа оваа метода може да се
користи само за дупчење на отвори со поголеми пречници и доколку се работи
за изработка на поголем број на отвори во тешкообработливи материја, бидејќи
изработката на алатот е далеку посложена во споредба со ЕСМ.

3.5 Електрохемиско електроерозивна обработка


Ваквата метода е далеку попродуктивна од ЕСМ или EDM но бара посложена
опрема во споредба со ECM. Во оваа метода присутно е абење на
електродата-алат. Машините за ваквата обработка спаѓаат во специјални
машини и може да бидат рентабилни само во определени производствени
услови.

3.6Електрохемиска ултразвучна обработка


Овозможува највисока релативна производснот особено при дупчењето на
предмети каде што дупчењето на отворот треба да се доработи со брусење.
Трошењето на алатот е помало во споредба со USM и многу помало.

11
Компаративна анализа на НКМО

4. Рангирање според карактерот на технолошката операција


Технолошките операции, независно од геометријата на обработуваната
површина, може да се поделат на:
-Прочистрување на суровините
-Груба обработка
-Чиста обработка
-Фина и прецизна обработка

Кај неконвенционалните методи за прочистување на суровините најчесто се


користат:
1.Обработка со пазма-РАМ
2.Електрохемиско брусењеECG
3.Обработка со ултразвук USM
4.Обработка со електроерозија EDM

Обработката се одбира во зависност од технолошката операција и


обработуваниот материјал

4.0.1Рангирање според карактерот на технолошката операција

12
Компаративна анализа на НКМО

5. Симнување на остри рабови и заостанати венци


За ваквата постапка главно се користат
 Електрохемиска обработка (ECM)
 Обработка со воздушен абразивен млаз (AJM )
 Обработка со абразивен воден млаз (АWJ)

5.1 Електрохемиска обработка


ЕСМ- ваквата постапка има најширока примена за симнување на рабови и
венци при масовно производство. При ова се користат релативно про машини.
Со соодветна конструкција на електродата можно е симнување на рабови на
повеќе површини одеднаш, па методата е и високопродуктивна и со изедначен
квалитет.

5.2 Обработка со воздушен абразивен млаз


АЈМ-има примена за симнување на остри рабови во финомеханиката и
индустријата за изработување на медицински инструменти. Со примена на АЈМ
методот се врши побрзо и поквалитетно во споредба со конвенционалните
методи.

5.3 Обработка со абразивен воден млаз


AWJ-има примена за симнување на рабови на тешкопристапни површини при
малосериско производство.

5.4 Обработка со воздушен и воден абразивен млаз


AWJ и АЈМ во споредба со ECM овозможуваат симнување на остри рабови и
венци и на неметални предмети. Во табелата е прикажано приближно
рангирање на неконвенционалните методи при замена на конвеционалните
абразивни методи за обработка за симнување на рабови.

5.0.1 Рангирање според погодноста за замена на КМО со НЈМО при абразивна обработка за симнување
на рабови

13
Компаративна анализа на НКМО

6. Рангирање според основните технолошки карактеристики


Во основните технолошки карактеристики на методите на обработка спаѓаат
1. Специфичната прозиводност
2. Точноста на обработката и квалитетот на обработената површина
3. Применливоста на методата за различни технолошки операции и
материјалите
4. Специфичната потрошувачка на електрична енергија

6.1 Специфична производност и специфична


потрошувачка на електрична енергија
Специфичната производност се изразува со количеството симнат
материјал во единица време (Qv, Qg), со големината на обработената
површина во единица време (QA) или со брзината на поместот (Vs) односно
линиската производност (QL)
Доколку се тежи од обработуваното парче да се симне големо
количество на материјал, најважни се караметрите за симнат материјал во
единица време (Qv или Qg), а доколку се работи завршна обработка најважен
параметар е параметарот за оработена површина во единица време (QA).
Доколку се обработува мала површина меродавна е брзината на поместот и
брзината на пенетрација на алатот т.е параметарот QL.
При спороведување на неконвенционалните методи за обработка се
споредуваат методите кои се конкуренти за дадената технолошка операција
За обработка на релативно големи површини од неконвенционалните методи
можат да се изработат со: EDM, ECM, CHM, ECG а во извесни случаи и со
ECMM, ECAM и ECUSM.
При обработка на мали површини во тврди и крти материјали можат да се
искористат обработките на: AJM, USM ECUSM, ECDM и др.
За просечување на тенки предмети, можат да дојдат со предвид: AJM, USM и
CHM .

6.2 Обработка со електроерозија(EDM)


Обработката со електроерозија се одликува со релативно ниска специфична
производност. Во зависност од режимот на работа, обработуваниот материјал
и големината на обработуваната површина Qv = 50 ÷ 20,000 mm3/mm за
електроимпулсна обработка и 0,1÷600 mm3/mm за елекроискрова обработка.
Брзината на навлегување на електродата во обработуваниот материјал е во
зависност од режимот на обработката и интерзитетот на плакнењето, изнесува
0.1 ÷ 0,4mm/min.
Потрошувачката на електричната енергија е релативно висока и се движи од
0,1÷0,2 kWh/cm3 – за електроимпулсна обработка и 0,12 ÷ 1,0 kWh/cm3- за
електролачна

14
Компаративна анализа на НКМО

6.3 Електрохемиска обработка (ECM)


Ваквата постапка се одликува со релативно висока специфична производност
во споредба со EDM.При дадени услови може да постигне специфична
производност од 100.000mm3/min. Брзината на обработката во споредба со
EDM, може да биде и до 50 пати поголема и да достигне до 20mm/min.
Специфичната потрошувачка на електрична енергија е во зависност од
обработуваниот материјал и режимот на обработка. Изнесува 5÷20 kWh/gk или
0,06 ÷ 1,2 kWh/cm3.

6.4 Хемиска обработка (CHM)


CHM-се одликува со мала брзина на поместот (Vs= 0,025 ÷ 0,12 mm/min)
Меѓутоа, ако се обработува голема површина, поради истовремената
обработка на целата површина, може да се оствари голема специфична
производност (Qv до 140.000mm3/min)

6.5 Електрохемиско брусење(ECG)


Ваквото брусење има од 15÷20 пати поголема специфична производност ви
споредба со конвенционалното брусење, а специфична потрошувачка од
електрична енергија од 8÷15 kWh/kg, односно 0,04÷0,16 kWh/cm3

6.6 Електрохемиско електроерозивна обработка (ECDM)


Електрохемиско електроерозивната обработка овозможува многу голема
брзина на дупчење и тоа
20÷60mm/minза метали и легури и 10mm/min за ТМ и производност
Qv=500÷800mm3/min и QA=2.000 ÷ 2500mm2/min.

6.7 Електрохемиско електоерозивно брусење(ECDG)


Ваквиот процес користи графитно или метално точило кое е погодно за
профилно брусење. Се одликува со голема специфична производност
Qv=200÷215 mm3/mm со брзина на надолжен помест од 1500mm/min и
напречен помест од ~0,05mm/dv.od, за брзорезачки челици и
3
Qv=400÷900mm /min VL=200÷400 mm/min и напречен помест од 0,3 ÷
1,0mm/dv.od. за конструктивни челици.

6.8 Обработка со ултразвук (USM)


Ваквиот процес се одликува со релативно мала специфична производност
особено при обработка со челици и ТМ (1÷2mm3/min). Меѓутоа при обработка
на стакло, може да достигне и до 6000mm3/min и специфична потрошувачка на
електрична енегија од 0,07 ÷ 0,5 kWh/cm3.

15
Компаративна анализа на НКМО

6.9 Обработка со воздушен абразивен млаз(AJM)


Воздушниот абразивен млаз одликува со ниска специфична производност
(10÷70mm3/min) за челик и 40 ÷ 150 mm3/min за стакло)

6.10 Обработка со плазма(PAM)


Ваквата обработка се одликува со висока специфична производност. При
ваквкото стружење на тешкообработливи материјали може да се оствари
неколку пати поголема специфична производност во споредба со
неконвенционалното стружење. Производноста што се остварува е во
зависност од карактерот на технолошката операција, изнесува Qv=(10÷100)·104
mm3/min I Vs=40÷5.000mm/min

6.11 Хемиска обработка(CHM)


Ваквиот процес се одликува со мала брзина на поместот, но доколку се
обработува голема површина поради истовремената обработка низ целата
површина може да се оствари специфична производност (Qv до
140.000mm3/min)
Во следните табели е даден преглед за граничните свредности за
специфичната производност, потрошувачка на електрична енергија и степенот
на инсталирана силина за некои НКМО и КМО

16
Компаративна анализа на НКМО

6.11.1Специфична поизвнодност и потрошувачка на електрична енергија, степен на корисно


дејство и инсталирана силина

6.11.2Рангирање според специфична потрошувачка на електрична енергија, инсталина


силина, коефициен на корисно дејство и сложеноста на опремата.

17
Компаративна анализа на НКМО

7 Рангирање според карактеристиките на опремата и алатот

Опремата што се користи при различни методи на обработка меѓу себе


се разликува по: конструкцијатам, цената, зафатениот простор, алатот што го
користи, сложеноста за сервисирање и одржување, степенот на загадување на
работното место и околината и др.
При спроведување на инсталација на ваквата опрема треба да се има предвид
нејзината технолошка намена и димензиите на обработуваните парчиња.
Ваквата опрема може да се автоматизира и се одликува со поголема
универзалност во поглед на операциите што може да се вршат и видот на
материјали што може да се обработуваат, како по состав, така и по
конфигурација на обработуваните парчиња.
Кинематиката на движењата на работните органи кај машините на НКМО во
поголем број на случаи е попроста а алатот има поголем број на степени на
слободна.
Во зависност од степенот на развојот на дадената метода и нејзината
застапеност во производствените процеси, опремата се изведува со различни
нивоа на автоматизација. Некои се изработуваат сериски, како универзални
или специјални, некои се изработуваат само по порачка.

7.1 Обработка со воздушен абразивен млаз (AJM)


Опремата за ваква операција се одликува со мали габаритни димензии. Нема
алат во класична смисла, неговата функција ја врши абразивниот воздушен
млаз. Инсталираната силина изнесува од 100÷600 W. Затоа, во овој случај има
малку абење на алатот.Како дел од трошоците се смета замената на
млазникот бидејќи по определен период на работа е потребна негова замена.
Работното место се загадува со абразивна прашина па опремата треба да е
сместена во одделна просторија снабдена со уреди за прочистување на
воздухот.

7.1.1 Шема на процесот на обработка со воздушен абразивен млаз

18
Компаративна анализа на НКМО

7.2 Обработка со абразивен и чист воден млаз(WJM, AWJ)


Поради мултипликаторите за висок притисок на течноста (до 5000 bar-и),
опремата е релативно скапа. Инсталацијата најчесто се користи за кроење и за
просечување. Опремена е со CNC-уреди за движење на млазникот по
обработуваното парче. Големината на машината, зависи од предвидените
димензии на обработуваните парчиња, односно димензиите на суровите
парчиња и материјали. Во зависност од типот на машината, инсталираната
силина може да достигне и 30 kW.Се користат релативно прости помагала, но
зафаќа голем простор. При работа се создава бука, но не се загадуваат
околината и работното место. Ваквата инсталација најчесто се поставува во
одднелна просторија со инсталација за довод и одвод на вода.

7.2.1Шема на процесот за обработка со абразивен млаз

7.3 Обработка со ултразвук(USM)


Опремата е компактна со габарити и димензии како столбните дупчалки а по
малку поскапа цена. Зафаќа релативно мал простор и не го загадува работниот
простор. Ваквите машини можеме да ги сретниме од многу мали (100W) до
многу големи со силина до (25kW). Ваквите машини се универзални и
овозможуваат: дупчење, глодање, брусење, полирање, просечување и др.
Алатите кои се користат се релативно скапи бидејќи не се произведуваат
сериски и далеку по сложени од стандардните.
Машината најчесто се поставува во оддлена просторија, не го загадува
работниот простор, но создава бука при работата.

7.3.1 Шема на процесот на обработка со ултразвук

19
Компаративна анализа на НКМО

7.4 Обработка со електроерозија (EDM)


Машините по нивната конструкција се слични со соодветните CNC-глодаки.
Машините се компактни и не зафаќаат голем простор. Ваквите машини може
да се сместат помеѓу конвенционалните машини во погонот, а исто така и да се
постават како работни станици во автоматските линии и флексибилните
ќелии.Алатите за ваквите машини се изработуваат индивидуално во фабриката
каде што се користи машината. Потребно е посебно одделение за изработка на
електрода-алат, кое е заедничко за сите EDM-машини во погонот.
Електродите-алат по абењето не можат да се обноват па затоа за изработка на
едно парче некогаш се потребни неколку електроди. Ваквата постапка често
користи и скапи помагала со цел проширување на технолошките можности на
машината.
EDM-машините се одликуваат со голема универзалност, на нив можат да се
вршат речиси технолошки операции што се вршат на металорезачките машини.
Инсталираната моќност на современите вакви машини се движи во границите
од 10÷100kW- за импулсни машини и 1÷10 kW-за искрови машини.

7.4.1 Шема на процесот за обработка со електроерозија

7.5 Електрохемиска обработка(ЕСМ)


Ваквата опрема е сложена и скапа. Во зависност од димензиите на
обработувани парчиња, постојат многу големи инсталации,кои зафаќаат
голема површина во погонот но иста така и релативно мали и компактни
машини кои работат со статичка електрода. Најголем простор зафаќа агрегатот
за пречистување на електролитот. Инсталираната силина се движи од
10÷250kW.

20
Компаративна анализа на НКМО

7.5.1Диспозициска шема на расрпеделба на инсталацијата за електрохемиска обработка со една


(лево) и со повеќе машини (десно)
Работното место треба да биде одделно од другиот производствен простор со
цел да се заштитат соседните инсталации од корозивното дејство на
електролитот. Големите инсталации се изработуваат по порачка во зависност
од димензиите на обработуваните парчиња.

7.6 Електрохемиско брусење(ECG)


Ваквата опрема се состови од конвенционални брусилки, на кои има е
придодаден систем за циркулација на електролитот и напојување со
истонасочна струја. Органите на машината треба да бидат заштитени од
корозивно дејство на електролитот. Според тоа, оваа опрема е посложена од
конвенционалните брусилки. Инсталираната силина изнесува 1÷15kW

7.7 Обработка со ласер (LBM)


За ваквата обработка се користи сложена и скапа опрема. При ваквата
обработка степенот на корисно дејство на влезната електрична енергија е
многу мал. При обработка со симнување на материјал може да се вршат истите
операции кои се вршат со EBM. Неговото предимство е што не бара вакумска
комора и што ласерскиот млаз може да се пренесува на разликна
оддалеченост, па со него може да се обработуваат и габаритни предмети.
Ваквите машини се поставуваат на одделно работно место и бара соодветна
заштина на операторот од зрачења. За одржување на опремата потребна е
посебна обучена работна сила.

7.7.1 Шема на процесот за обработка со ласер

21
Компаративна анализа на НКМО

7.8 Обработка со јонски млаз(IBM)


Ваквата опрема засега се користи за експериментални цели и нема
комерцијални инсталации. Со ваквата постапка може да се симнат многу мали
и тенки слоеви кои неможат да се симнат со други методи. Опремата е скапа и
сложена за одржување.

7.9 Хемиска обработка(CHM)


Ваквата обрботка во зависоност од видот на маските користи различна опрема.
o При режано-гребани маски опремата е релативно проста и се состои од
различни кади
o При печатени маски опремата е сродна со печатарската опрема која што
користи сито-печат
o При гото-маски опремата е најсложена. Често пати е високо
автоматизирана и се изработува од фабриките за фототехника.
Ваквата опрема е високопроизводна и скапа. Најчесто има повеќе работни
места: едно за изработка на маските, друго за обработка на површината и
трето за чистење на деловите.
Поради користењето на силни средства кои што често се токсилни, работното
место треба да е изолирано од останатиот простор.

7.9.1Поставеноста на компонентите за хемиска обработка

22
Компаративна анализа на НКМО

Заклучок

Со развојот на неконвенционалните обработки способноста за изработка


на сложени форми со многу висока точност е од голема предност за разни
производни индустрии. Напредувањата на НКМО, како и проширување на
нивната употреба резултираат со подобрување на сериското производство во
сите делови на индустријата. Покрај сите предности ваквите постапки имаат и
свои недостатоци како голема потрошувачка и висока цена. Бидејќи постојат
големи сличности во Неконвенционалните обработки, потребно е внимателно
да се направи избор при примена на НКМО обработките.Сепак
неконвенционалниите обработки сеуште се во фаза на развој и допрва ќе
завзимаат место во разни индустрии.

23
Компаративна анализа на НКМО

Кристена литература

1.Неконвенционални методи на обработка – Стрезо Трајковски, Љубен дудески


2. Nekonvencionalni postupci obrade odvajanjem-Pesic Marija

24

You might also like