You are on page 1of 2

- Дали се молиш?

- Да, се молам.
- А поточно? Дали му се молиш на Бога или се молиш за своите потреби?

Ама немој да брзаш и да кажеш дека се молиш на Бога. Затоа што оваа молитва
не е како нашите секојдневни работи. Се молам – велиш – допирајќи го Бог – оној
кој е мир и љубов. Погледни ги доказите на вистинската молитва: се менуваш на
подобро, среќен си, лицето ти сјае, симпатичен си, се наоѓаш во состојба на
блаженство.

Иако велиш дека се молиш, размисли зашто твоето дете не гледа промена во
твојата душа, без разлика на тоа што за себе зборуваш како за духовен човек и
што одеш во црква. Да се сетиме каква била силата на молитвата на Господ. Кога
Христос се молел за нас на Јордан – небото се отворило, на Тавор- засветила
Божествената светлост, на Маслиновата гора – римските војници паѓале на земја.
Ете каква е молитвата.

Таква молитва ни доликува и нам. Таа не одвојува од бучавата на секојдневната


суета и не опкружува со мир и тишина. Кога си вистински во молитва, забораваш
на се: ден, саат, место, време, храна и потреби. Живееш на друго место. Како
свети Нектариј, кој се “растворал” во несметана молитва налик на тишината на
потполно мирно море (бонаца).

Молитвата е пат во непознато место, пат преку мориња и океани.

Се молам за да станам како Него, не да би го пренесок на Бога сопственото бреме


од гриши и патења. Се молам за да ме промениш, Христе мој, ама не да би Те
изменил по углед на себе си.

Неопходен услов за молитва е да го ставиме умот во срцето. Да го смириме и да


пребиваме во тишината на срцето. Таа претставува врата за таму каде нема
проблеми.

Ама постои причина заради која не ја поднесувам тишината на молитвата. Мојот


разум е заробен со непрекиден тек на мислата, мојот живот е суета и тој е освоен
од добрата на овој свет.

Некои кога се молат, забораваат на своите проблеми. Се раствораат во


благодатта на божествениот допир. Грижата си заминува. Душата се исполнува со
надеж, љубов и сигурност.

А кога се ладиш за молитвата, се крадеш самиот себе, се лишуваш од нешто


значајно и фундаментално. Стануваш напуштен и беспомошен.
Секојдневно моли се по малку. А ако не можеш да разговраш со Бога, разговарај
да речеме со својата сопруга или сопруг или со децата. Почни од малку, труди се
да ја омекнеш својата душа, да ја направиш поосетлива за своите “видливи”
блиѓни, за својот брат во Христа. Благодарејќи на ова мало дело во твојот живот,
Господ ќе те доведе до молитвено расположение. Тоа е како почеток. И тогаш
стануваш “опиен” од молитвата, почнуваш да ја твориш и веќе никаква животна
суета не може да те одвлече.

You might also like