You are on page 1of 1

Не се нервирајте за ситници

Колку години си во црква? И што правиш толку години? Дали напредуваш? Дали
гледаш промени? Созреваш ли? Или можеби и понатаму се грижиш, се нервираш
и се расправаш со сите од твојата околина, па останува надворешен човек позади
кој се кријат неред и лага? Колку години си со Христос, а дали си стекнал
вистински морал и едноставност во манирите? Дали си станал вистински човек?

Овде наведов карактеристични црти кои треба да послужат како знак за тоа дека
нашиот живот е во склад со духовниот живот на црквата. Слушај ја внимателно
длабочината на срцето каде се станува тивко. Колку често се стремиш таму, толку
е поголем твојот штит од овоземските таги. Слушаш, ама не се грижиш. Те боли,
ама не се излудуваш. Мирен си и издржлив. Потешко стануваш кршлив. Никој и
ништо не може да те вознемири! На навредите не се вреѓаш, не паѓаш во тага.
Изборот е твој!

Дали ќе ја зачуваш својата душа заедно со Христовата благодат? Сето е тоа


храна за размислување. Христос ти помага се да гледаш поинаку. Христовиот ум
те насочува, го исполнува твојот секојдневен живот со духовна светлост, не учи
нас да сакаме и да бидеме сакани, да бидеме блиски по дух, човечни и свети.

You might also like