Professional Documents
Culture Documents
Броеви
Броеви
В. Приближна бројност
1. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе
се изговорат со еден акцент два соседни броја.
На пр.: три-четири, пет-шест.
а) Кај броевите поголеми од 10 во првиот дел оди најчесто само
соодветната единица.
На пр.: два-тринаесет, три-четириесет.
Но, кај некои броеви е необично ваквото сврзување, па затоа се изговараат
поединечно.
На пр.: единаесет-дванаесет, четириесет-педесет.
Вежби
1. Напиши ги со зборови следниве цифри: 666, 1285, 53 721, 452 880.
2. Кои од следните зборови се броеви?
еден, еднаш, единица, едно, една, единаесет, единаесетмина, прв, првпат,
два, две, двајца, двојка, два-три, дванаесет, дваесетина, двасетмина, втора.
Македонски броеви
Од Википедија — слободната енциклопедија
Основни броеви
Основните броеви на македонскиот јазик се:
Десетките 20, 30, 40 и 60 се прават така што се додава суфиксот -есет (од
старомакедонскиот -десет). За десетките 50, 70, 80 и 90 се додава целиот
страромакедонски суфикс -десет. Забележете дека кога се формира бројот 60 не
изговараат и пишуваат последните две букви од бројот шест. Така имаме: шест > шеесет.
Исто така кога се формира бројот 50 не се изговара последната буква од бројот пет. Ова е
така поради полесниот изговор на зборот.
Броевите помеѓу десетките се формираат така што се става десетката на почетно место,
потоа се става сврзникот „и“ и потоа се додава основниот број. Така имаме:
Симбо Основни броеви Основни броеви Основни броеви
л (м.р.) (ж.р.) (с.р.)
итн...
10 000
десет милиони десет милиони десет милиони
000
итн...
Пример
Редни броеви
Редните броеви се формираат во зависност од родот на бројот, но најчесто се
додаваат наставките: -ти, -та, -то. Исклучок на ова правило се редните броеви
изведени од броевите еден, два и три. Ако основниот број завршува на буквата -т и
се додаде наставката -ти/-та/-то, тогаш буквата т се дуплира. Кај некои редни
броеви се кратат основните броеви за полесен изговор како на пример: седми и
осми.
Симбо Основни броеви Основни броеви Основни броеви
л (м.р.) (ж.р.) (с.р.)
итн...
Мултипликативни броеви
Во овие броеви спаѓаат: двојно, тројно, четворно... Но исто така во оваа група на
броеви се вметнуваат: еднаш, два пати, три пати итн.
двајца, тројца, четворица, петина, петмина... осмина, осуммина, деветмина,
десетмина, стомина,двестемина, илјадмина;
1. Приближна бројност
два-три, три-четири; седум-осум; сто-двесте; две-три стотини; од
броевите на десет и од бројотсто се образуваат форми за приближна
бројност со наставката -
ина: десетина; дванесетина;дваесетина; педесетина; стотина итн.
Членување на броеви
Членувањето на броевите е на ист начин како и членувањето на секоја именка или
придавка во македонскиот јазик. Броевите можат да се сретнат во машка, женска
или средна членувана форма, во зависност од родот на бројот.