You are on page 1of 319

Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република

Македонија

СОДРЖИНА

АБСТРАКТ.................................................................................................................5
ABSTRACT……………………………………….……………………………………........6
ВОВЕД .......................................................................................................................7

ПРВ ДЕЛ : ЗНАЧЕЊЕТО НА АГРАРОТ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ


ГЛАВА 1
ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА– СОСТОЈБИ И
ТЕКОВИ
1. Краток осврт на макроекономскиот амбиент во Република Македонија......16
2. Ограничувачки фактори на економскиот развој..............................................26
3. Анализа на развојните индикатори..................................................................36
4. Карактеристики на секторската структура на националната економија.......60

ГЛАВА 2
АГРАРНИОТ СЕКТОР И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ
1. Дефинирање на аграрот и неговите основни функции...................................67
2. Местото на аграрот во економскиот развој......................................................70
3. Техничко- технолошкиот прогрес и неговото влијание на развојот
на аграрот................................................. .........................................................73
4. Специфичности на аграрот................................................................................78
5. Економски мерки на аграрната политика.........................................................81
6. Менаџмент во аграрот........................ ..............................................................84
7. Внатрешна и надворешна трговија со земјоделски производи......................86
8. Значење на информатичките технологии за развојот на аграрот..................89

1
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ВТОР ДЕЛ: АГРАРОТ ВО ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН


ГЛАВА 3
АГРАРОТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

1. Имплементација на Заедничката земјоделска политика на Европската


Унија ..................................................................................................................97
1.1. Цели и историјат на Заедничката земјоделска политика на
Европската Унија ........................................................................................ 98
1.2. Заедничката земјоделска политика на Европската Унија
во 2020 година.......................................................................................... 102
1.3. Инструменти и трендови на Заедничката земјоделска политика на
Европската Унија........................................................................................107
1.4 Критики на Заедничката земјоделска политика на Европската
Унија.............................................................................................................114

1.5 Реформи на Заедничката земјоделска политика на Европската


Унија...........................................................................................................117
2. Политика на рурален развој на Европската Унија........................................119
3. Развој на аграрот на Европската Унија.........................................................128
3.1. Долгорочни предизвици со кои се соочува аграрот на Европската
Унија...........................................................................................................129
3.2. Аграрот и новите политики на Европската

Унија .........................................................................................................133

3.3. Економија во aграрот...............................................................................135

ГЛАВА 4
АГРАРОТ ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

1. Задачите на земјите од Западен Балкан во процесот на имплементација

на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија ............................159

2. Макроекономска состојба на земјите од Западен Балкан............................160

2
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

3. Местото на аграрот во економијата................................................................162

4. Управување со информации и со проектни циклуси ....................................165

5. Креирање на аграрна политика.......................................................................169

TРET ДЕЛ: АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ


АГРАРНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1. Институционална поставеност на аграрниот сектор во Република
Македонија……………......................................................................................174

1.1. Стратегија и аграрна политика во Република Македонија.....................174

1.2.Типологија на земјоделски стопанства по вид и по економска

големина ................................................................................................... 177

1.3 Аграрниот сектор и руралниот развој на Република Македонија,

значење на аграрниот сектор за развојот на другите сектори на

националната економија .................................................................................183

1.4. ИПА и ИПАРД............................................................................................189

1.5. Форми на поддршка на аграрниот сектор................................................194

2. Анализа на расположивите податоци за аграрниот сектор.........................201

2.1. Анализа на податоците од земјоделските Пописи................................201

2.2. Растително и добиточно производство..................................................207

2.3. Input/ autput индекси на апсолутни цени.................................................216

2.4. Структурни податоци на индивидуалните земјоделски стопанства.....220

2.5. Регионални податоци................................................................................224

2.6.Економски податоци за аграрот................................................................231

2.7. Компаративни предности на аграрното производство

во Република Македонија........................................................................244

3
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

3. Детерминанти на експанзијата на аграрниот сектор ...................................251

3.1. Работната сила во аграрот..........................................................................252

3.2. Продуктивноста и фактори на продуктивноста на аграрниот сектор......257

3.3. Инфраструктура...........................................................................................261

3.4. Пазари за земјоделски производи..............................................................266

3.5. Странски вложувања во аграрниот сектор.................................................269

4. Компаративна анализа на перформансите на аграрниот сектор во

Република Македонија со аграрниот сектор на државите членки на


Европската Унија..............................................................................................272

5. Перспективите на аграрниот сектор и неговото значење за економскиот

развој на Република Македонија.....................................................................282

6. Заклучни согледувања......................................................................................293

ЗАКЛУЧОК..............................................................................................................299
БИБЛИОГРАФИЈА................................................................................................311

4
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

АБСТРАКТ

Колкава е улогата на аграрот во економскиот развој на Република Македонија?


Одговорот се наоѓа во клучните економски показатели за економскиот развој, Бруто
домашниот производ и учеството на аграрниот сектор во неговото создавање,
учеството на аграрниот сектор во вработеноста, во извозот, итн.
Република Македонија има долга традиција на производство на земјоделски
производи и природни предуслови за развој на аграрниот сектор. Анализа на
перформансите на македонскиот аграр е потребна за согледување на сите негови
предности и слабости, а во насока на носење соодветни одлуки за креирање на
земјоделска политика од страна на Владата и државните институции, носење на
инвестициски одлуки од страна на земјоделските деловни субјекти, индивидуалните
земјоделци самостојно или здружени во асоцијации, здруженија, кластери и други
форми на заедничко дејствување. Аспирациите на Република Македонија за
полноправно членство во Европската унија наметнува императивна хармонизација со
Заедничката земјоделска политика на Унијата и континуирано следење на сите
нејзини измени. Преку компаративна анализа на перформансите на македонскиот
аграрен сектор со аграрот на земјите членки на Унијата може да се согледа неговото
значење.

Клучни зборови: Земјоделство, Заедничка земјоделска политика, земјоделски


деловни субјекти, индивидуални земјоделски стопанства, Бруто домашен
производ, земјоделско земјиште, растително производство, добиточно
производство, цени, работна сила

5
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ABSTRACT

What is the role of agriculture in economic development of the Republic of Macedonia? The
answer lies in the key economic indicators for economic growth, share of agriculture sector
in GDP creation, share of agriculture sector in employment, in exports, etc.
Macedonia has a long tradition in the production of agricultural products and natural
conditions for the development of the agrarian sector. Analysis of the performance of the
Macedonian agriculture need elaboration of all its strengths and weaknesses, in direction of
making appropriate decisions about agricultural policy by the government and state
institutions, making investment decisions by agricultural legal units, individual farmers
independently or jointly in associations, clusters and other forms. The aspirations of the
Republic of Macedonia for membership in the European Union imposes a mandatory
harmonization with the Common Agricultural Policy of the Union and continuous monitoring
of all its changes. Through a comparative analysis of the performance of the Macedonian
agricultural sector and agriculture of the EU Member States may perceive his importance.

Keywords: Agriculture, Common Agricultural policy, agricultural legal units,


individual agricultural holdings, Gross Domestic product, agricultural area, crop
production, livestock production, prices, labour force

6
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ВОВЕД

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ, по


Референдумот од 1991, излезе како најсиромашна Република. Економијата уште
повеќе тонеше во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот
пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР
Југославија и многу други. Кон крајот на деведесеттите економијата пополека почнува
да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и
конфликтот од 2001. Денеска економијата повторно бележи закрепнување и развој.
Невработеноста е најголем проблем, околу 28%. Нивото на домашни и странски
инвестиции е ниско. Макроекономските показатели се добри, а државата располага со
средно квалификувана но евтина работна сила. Инфраструктурата е во релативно
добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област. Република Македонија е
член на Светската трговска организација и има отворена економија,
високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (најголемо учество во увозот и
извозот со стоки се остварува со земјите членки на Европската унија и земјите од
Западен Балкан).

Денеска економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од


проблемите се надминати, а некои се во фаза на надминување. Ова особено поради
реформите кои се прават со цел за приближување кон Европската унија. Исто така
позитивно влијание има самиот кандидатски статус за членство во Европската унија.
Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на
економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.

Одржувањето на макроекономската стабилност и постепеното зголемување на


економскиот раст е основен макроекономски приоритет на секоја држава. Економските
движења можат да се разгледуваат преку движењата на Бруто домашниот производ
(БДП), инфлацијата, пазарот на трудот, движењата во надворешниот, монетарниот и
фискалниот сектор (преку буџетските приходи и расходи и јавниот долг).

Зголемувањето на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисоката


стапка на вработеност, порастот на животниот стандард и квалитетот на живеење е
стратешки приоритет на Владата на Република Македонија. За реализација на овој
приоритет постои широка лепеза од економски мерки и инструменти. Зголемувањето
на домашните и странските инвестициите и подобрувањето на квалификациите на
работната сила имаат голем придонес кон зголемувањето на економскиот развој.
Значењето на инвестициите може да се согледа и преку нивното релативно високо
учество во структурата на Бруто-домашниот производ.

Бруто-домашниот производ е главен показател за развиеноста на економијата на


секоја држава. Бруто-домашниот производ е финален производ на производната
активност на резидентните единици и е збир на бруто-додадената вредност од
7
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

одделните институционални сектори плус данокот на додадената вредност и царините


минус субвенциите на производи.

За постигнување на поголем економски раст потребно е креирање и спроведување на


адекватна политика за рамномерен развој на сите региони во Република Македонија.
Последните податоци покажуваат дека најголемо учество во бруто-домашниот
производ на Република Македонија во 2012 година има Скопскиот регион со 42,8%,
додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,5%.

Со податокот за бруто домашниот производ по жител се врши споредба на


развиеноста на државата во однос на други држави, споредба на продуктивноста на
трудот и тој истовремено е податок од кој се добиваат податоците за бруто-
националниот доход, бруто-штедењето и нето -задолжувањето на државата.

Инфлацијата мерена преку трошоците за живот бележи константен раст во периодот


од осамостојувањето на Република Македонија до денес. Растот на инфлацијата се
должи пред се на растот на цените за домување, како последица на растот на цените
на електричната енергија, растот на цените за исхрана итн.

Надворешниот сектор е детерминиран од трговската размена на Република


Македонија со останатите држави од опкружувањето но и пошироко со европските
држави. Во целина Република Македонија бележи негативно салдо во размената со
странство како резултат на поголемиот увоз во однос на извозот.

За развој на монетарниот сектор државата пред се треба да води грижа за порастот на


примарните пари. Секторската структура на депозитите има големо значење на
развојот на монетарниот сектор. Традиционално депозитите од страна на
домаќинствата се многу поголеми од депозитите на претпријатијата. Денарските
депозити бележат постојан пораст за разлика од девизните депозити кои имаат
тенденција на забавен раст. Кредитирањето на претпријатијата е од суштинско
значење за забрзаниот економски раст. Вкупните кредити кои се одобруваат на
деловните субјекти бележат континуиран раст.

Адекватното водење на фискалната политика се согледува преку адекватното


планирање на буџетските приходи, буџетските расходи и менаџирањето на јавниот
долг.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година


имаат секторите: Преработувачката индустрија (13,47%), Трговија на големо и трговија
на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (13.46%) и Земјоделство, лов и
шумарство (9.55%).

Аграрниот сектор има големо значење за економскиот развој на Република


Македонија. Значењето се согледува пред се преку учеството на додадената вредност
(околу 10%) која се создава во аграрниот сектор во структурата на БДП. Од овие
причини на аграрот му е дадено посебно внимание во овој труд.

8
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Постои богатство од информации за аграрот достапни на агроекономистите.


Популарноста на Интернетот како средство за комуникација овозможува најголем дел
од овие информации да бидат достапни до секој. Лесно и брзо може да се дојде до
статистички соопштенија, публикации, анализи објавени од меѓународните
организации како и новинските изданија, кои содржат низа цифри и податоци за
анализа на земјоделскиот сектор.

Достапноста и довербата во прибраните информации олеснува само еден аспект на


анализата. Она што преостанува како предизвик, е секако, анализа на овие
информации и искористување на добиените резултати на еден ефективен и корисен
начин. Клучен извор на информации во анализата на заработувачката на
земјоделските стопанства, како и на нивната економска состојба се: економските
сметки во аграрот, инпут/ аутпут индексите во аграрот, податоците од статистичките
истражување за остварено вкупно и просечно растително и добиточно производство,
откупот и реализацијата на земјоделските производи, Пописите и структурните
истражувања на земјоделските стопанства, податоците добиени од сметководствената
мрежа на фарми и годишниот извештај за земјоделство и рурален развој.

Техничко- технолошкиот прогрес има големо влијание на развојот на аграрот пред се


преку зголемување на просечните приноси. Следењето на најновите технички
достигнувања и нивната примена е поврзана со дополнителни инвестиции. Поголем
дел од додадената вредност во аграрот доаѓа од индивидуалните земјоделски
стопанства кои се многу по број но мали по големината на обработливо земјоделско
земјиште и бројот на добиток со кој располагаат. Државата мора да даде адекватна
поддршка и парична помош за опстанок и развој на индивидуалните земјоделски
стопанства преку мерките на аграрната политика но и преку организирање на обуки за
подобрување на менаџментот во аграрот.

Организиран настап на македонските земјоделски стопанства на меѓународните


пазари е основен предуслов за зголемување на извозот на земјоделски производи и
подобрување на надворешно- трговската размена со земјоделски производи. Ова
вклучува подобрување на протокот на информации меѓу другото и преку користење на
интернетот како современа алатка која пружа многу можности за истражување на
побарувачката на светските пазари како и понатамошно подобрување на политиката
на субвенционирање на извозот.

Во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија потребно е


следење на развојот на Заедничката Земјоделска Политика на Европската унија (EU
Common Agricultural Policy). Голем дел од буџетот на Европската Унија е наменет за
развој на земјоделскиот сектор. Поддршката која Европската Унија ја дава е во
различни облици и за различни намени и тоа: преку субвенции на одделни
земјоделски култури, директните плаќања на земјоделските производители,
поддршката за инвестициите и за трговијата. И покрај бенефитот од Заедничката
земјоделска политика на Европската Унија за земјоделските производители и за
потрошувачите (преку подигање на квалитетот и квантитетот на понудата на

9
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

земјоделски производи на европските пазари) постојат и многу сериозни критики кои


заслужуваат внимание. Како резултат на многубројните критики Заедничката
земјоделска политика на Европската Унија има претрпено реформи во поглед на
целите на нејзиното постоење и на инструментите кои се користат за спроведување на
целите.

Руралниот развој е актуелна тема како во Европската Унија така и во Република


Македонија. Следењето на мерките и политиките на руралниот развој на ЕУ помага во
согледување на потребните чекори кои треба да се направат за развој на руралните
области во Република Македонија. Мерките кои што Европската Унија ги спроведува
за подобрување на руралниот развој се засноваат на следење на социо- економските
индикатори кои се добиваат пред се преку истражувањата кои се спроведуваат од
страна на статистичкото биро на Европската Унија - Евростат. Диверзификацијата и
подобрувањето на квалитетот на животот се основната алатка на политиката на
рурален развој на Европската Унија. Изградбата на соодветна инфраструктура:
патишта, водоводни и канализациони системи, медицински објекти, развојот на
руралниот/ селскиот туризам со користење на постоечките ресурси придонесуваат за
подобрување на квалитетот на животот.

Во процесот на пристапување кон Европската Унија од огромно значење за Република


Македонија е да се познаваат земјоделските политики на Унијата. За правилно
креирање и водење на сопствените политики Унијата располага со многу податоци кои
се обезбедуваат од овластените носители на статистичките системи во Земјите
членки. Анализата на овие податоци и нивната споредба со расположивите податоци
во Република Македонија пружа една соодветна слика за перформансите на
македонскиот земјоделски систем. Многу е значајно да се направи и споредба на
земјоделскиот сектор во Република Македонија со земјоделските сектори во земјите
на Западен балкан, пред се имајќи го во предвид сличното ниво на развиеност на
економиите но и сличностите во начинот на земјоделско производство.

Интерпретацијата на податоците за аграрот бара од аналитичарот да ги спои


добиените резултати на еден логичен и смислен начин. Пример, интерпретацијата на
анализите бара согледување на податоците во тек на повеќе години, споредба на тие
показатели со движењето на истите во непосредното опкружување но и во пошироки
европски рамки и земање во предвид на влијанието на пазарното и целосното
економско опкружување.

Докторската дисертација на тема Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој


на Република Македонија е од областа на Агро-монетарната економија. Оваа
проблематика е актуелна и не е многу обработувана во Република Македонија. Во овој
труд се дава нагласок на значењето на аграрот поточно се настојува преку ефикасна
анализа на постоечките податоци за Република Македонија но и на поширокото
опкружување да се овозможи донесување на ефикасни одлуки во аграрот како еден
од клучните сектори во македонската економија. Анализата на аграрниот сектор не

10
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

претставува цел сама за себе, туку моќно средство за согледување на реалната


состојба и основа за предлагање мерки за негов развој.

Темата е конципирана од вовед, три дела, заклучок и користена литература.

Првиот дел на трудот е посветен на перспективите за економски развој на Република


Македонија преку аналитички приказ на макроекономскиот амбиент и ограничувачките
фактори, со посебен акцент на улогата на аграрниот сектор во економскиот развој.
Вториот дел е анализа на аграрниот сектор во Европската Унија и во земјите на
Западен Балкан, а третиот дел се однесува на анализа на постоечките податоци во
Република Македонија

Првата глава опфаќа дефинирање на макроекономскиот амбиент во Република


Македонија пред се преку политиката за одржување на макроекономската стабилност
и напорите за зголемување на економскиот раст.

Економските движења се разгледуваат преку движењата на Бруто домашниот


производ, инфлацијата, пазарот на трудот, движењата во надворешниот, монетарниот
и фискалниот сектор.

Посебно внимание е посветено на зголемувањето на економскиот раст и


конкурентноста на трајна основа, повисоката стапка на вработеност, порастот на
животниот стандард и квалитетот на живеење. Зголемувањето на домашните и
странските инвестициите и подобрувањето на квалификациите на работната сила
имаат голем придонес кон зголемувањето на економскиот развој. Значењето на
инвестициите се согледува и преку нивното учество во структурата на Бруто-
домашниот производ.

Втората глава опфаќа дефинирање на аграрот имајќи ги во предвид различните


пристапи согласно степенот на економска развиеност како и целите за кои служи
дефиницијата. Овде се обработуваат и функциите на аграрот пред се како извор на
храна, извор на суровини за индустријата, извор на работна сила за индустријата и за
останатите дејности, извор на акумулација како и неговата функција во надворешно
трговската размена. Во оваа глава се обработуваат економските мерки на аграрната
политика како дел од вкупните мерки кои и стојат на располагање на една држава.
Имајќи го во предвид техничко-технолошкиот развој на индустријата кој е предуслов за
развој и осовременување на аграрот овде се објаснуваат можностите за
ослободување од натуралниот карактер на аграрот и вклучувањето во современите
економски текови. Посебно внимание е посветено на современиот начин на
земјоделско производство преку управување со земјоделските капацитети и
земјоделските имоти, користејќи компјутерско поврзување на сите релевантни
институции за добивање на потребните информации кои понатаму придонесуваат во
зголемување на земјоделското производство.

Вториот дел од трудот е аналитички приказ на аграрниот сектор во Европската Унија и


во земјите на Западен Балкан. Во Третата глава се анализира земјоделскиот сектор во

11
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Европската Унија. Овде се обработува Заедничката Земјоделска Политика на


Европската Унија. Посебно се дава акцент на Политиката на рурален развој на
Европската Унија. Еден од начините за добивање на јасна слика за состојбите во
аграрот е прибирање на детални податоци за трошоците, производството, загубите и
работната сила од фармите преку сметководствената мрежа на фарми.

Четвртата глава ја опфаќа анализата на аграрот во земјите на така наречениот


Западен Балкан. Гледано од теоретски и практичен аспект оваа анализа се занимава
со истражување на предизвиците и импликациите на земјите на Западен Балкан од
примената на европската политика за рурален развој но и на Заедничката земјоделска
политика.

Третиот дел од трудот претставува конкретна анализа на земјоделскиот сектор во


Република Македонија. Со користење на теоретските поставки од првиот дел на
трудот направена е анализа на остварувањата на земјоделскиот сектор во Република
Македонија, со користење пред се на економските показатели. Се анализира
Инструментот за претпристапна помош (ИПА), кој Република Македонија во процесот
на добивање на членството во ЕУ како земја со статус членка-кандидат се здоби со
правото за негово користење како и инструментот за претпристапна помош за рурален
развој – ИПАРД кој претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети
за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Основа за анализа
се расположливите податоци во Република Македонија и тоа податоците од
последниот Попис на земјоделство 2007 година но и од останатите претходно
спроведени Пописи, податоците од истражувањата за производство но и
истражувањата од областа на Агро-монетарната економија. Анализи се направени и
на состојбата со пазарот на трудот и расположливата работна сила во овој сектор.
Преку типологијата на земјоделските стопанства која е во суштина економско
вреднување на стандардното производство на секое одделно стопанство даден е
приказ на земјоделските стопанства според видот на претежно производство но и
според нивната економска големина прикажана во класи.

Комплексното третирање на оваа проблематика во трудот се очекува да биде


придобивка не само од теоретски аспект, туку и посредно од практичен аспект, на кој
начин би се придонело за промовирање на ефикасна анализа на расположивите
податоци, која покрај примената на стандардните методи и техники, ги учи
аналитичарите „да читаат меѓу редови“. Се надеваме дека ќе послужи на Владата на
Република Македонија, земјоделските стопанства, инвеститорите како и останатите
заинтересирани лица да се здобијат со поголемо знаење и разбирање за овој важен
процес на правилна интерпретација на расположивите податоци, во насока на што

12
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

поефикасно креирање и водење на земјоделските политики и во деловното


одлучување.

13
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ПРВ ДЕЛ

Значењето на аграрот за економскиот развој

14
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Глава 1
Економскиот развој на Република Македонија–
состојби и текови

Макроекономскиот амбиент во Република Македонија се согледува преку политиката


на одржување на макроекономската стабилност и зголемувањето на економскиот
раст. Макроекономската стабилност се одржува преку ниската стапка на инфлација
односно релативната стабилност на цените, намалување на трговскиот дефицит и
надворешниот долг, како и стабилниот девизен курс кој е во непосредна корелација со
еврото. Економскиот раст е предодреден од движењата на Бруто домашниот
производ, на пазарот на трудот, движењата во надворешниот, монетарниот и
фискалниот сектор.

Стапката на инфлацијата е многу значајна за макроекономската стабилност на


Република Македонија, а за справување со истата потребно е континуирано следење
на порастот на цените на мало и трошоците на живот. Од друга страна пак растот на
трговската размена на Република Македонија со останатите држави од регионот но и
пошироко со европските земји е многу значајно за развој на надворешниот сектор.

За постигнување на забрзан економски раст во Република Македонија потребно е


подобрување на секторската структура на економијата преку зголемено учество на
додадената вредност од секундарните и терцијарните сектори во Бруто домашниот
проозвод, преку подобрување на вертикалната интеграција на деловните субјекти со
цел поврзување со примарниот сектор и подобрување на неговата продуктивност.
Потребна е квалификувана работна сила која ќе одговори на барањата на
економските оператори, подобрување на трговската размена со странство односно
зголемување на извозот и намалување на увозот, како и креирање и спроведување на
адекватна политика за рамномерен развој на сите региони во Република Македонија,
за да се овозможи зголемување на економскиот раст.

15
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1. Краток осврт на макроекономскиот амбиент во Република


Македонија

Макроекономските и микроекономските науки се двете водечки области на


економската наука. Макроекономските науки се дел од економските науки кои што се
занимаваат со перформансите, структурата на националната економија, како и
донесувањето на одлуки кои се однесуваат на националната економија на една
држава. Макроекономијата ги проучува и економските односи помеѓу различни земји и
нивната интеракција. Таа оперира со следниве концепти: агрегатно производство на
стоки и услуги, стапки на инфлација и невработеност, платен биланс и девизни
курсеви. Макроекономијата се фокусира врз економското однесување и политиките
кои влијаат врз потрошувачката и инвестициите, вредноста на националната валута и
трговскиот биланс, детерминантите на промените во платите и цените, монетарната и
фискалната политика, понудата на пари, државниот буџет, каматните стапки и
националниот долг. Накратко, макроекономијата ги изучува најсуштествените
економски прашања и проблеми од секојдневниот живот.
Макроекономијата се користи за анализирање на најдобриот сет од политики коишто
ќе придонесат за зголемување на економскиот раст, за одржување на стабилноста на
цените, за зголемување на стапката на вработеност, како и за постигнување на
одржлив биланс на плаќања. Макроекономијата често се користи како синоним за
општ пристап на економско размислување, кој вклучува стратегии на долг рок
и рационални очекувања во агрегатното однесување.
Макроекономскиот амбиент го сочинуваат условите кои постојат во економијата како
целина, а не во одреден сектор или регион. Макроекономскиот амбиент ги опфаќа
трендовите на движење на бруто домашниот производ, цените (инфлацијата и
дефлацијата), вработеноста/невработеноста, потрошувачката, како и монетарната и
фискалната политика. Развиените макроекономски модели ја објаснуваат поврзаноста
на националниот доход, производството, потрошувачката, невработеноста,
инфлацијата, штедењето, инвестициите, меѓународната трговија и меѓународните
финансии.
Кога економските теоретичари го анализираат економскиот развој првенствено го
разгледуваат Бруто домашниот производ, кој е финален производ на производната
активност на резидентните единици. Бруто домашниот производ се дефинира како
агрегатно мерење на производството и е еднаков на збирот на бруто додадената
вредност на сите резидентни, институционални единици ангажирани во
производството (плус даноците минус субвенциите на производите). 1
Проценките на БДП вообичаено се користат за мерење на економските перформанси
на целата земја или регион, но, исто така, може да се измери и релативниот придонес
на одреден сектор. Ова е можно затоа што БДП ја мери бруто додадената вредност а
не продажбата. Поради тоа што се базира на додадена вредност, бруто домашниот
производ, исто така, се зголемува кога едно претпријатие ја намалува неговата
употреба на материјали или други извори (меѓуфазната потрошувачка) за да го

1
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD)/ https://data.oecd.org/gdp/gross-domestic-product-gdp.htm

16
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

произведува истиот аутпут. Најчесто проценките на БДП се користат за пресметување


на растот на економијата во одреден временски период. Пресметките на БДП се
користат за да се согледа успехот или неуспехот на економската политика и да се
утврди дали економијата е во рецесија.
Бруто домашниот производ се пресметува така што се собираат сите вредности на
произведените стоки и услуги во временски интервал од една година. Гледано преку
расходниот метод Бруто домашниот производ е збир на финалната потрошувачка,
бруто инвестициите и извозот минус увозот.
Аналитичарите многу често за да го отстранат влијанието на порастот на цените
односно инфлацијата, а со цел да ги прикажат реалните вредности на компонентите
на бруто- домашниот производ го анализираат реалниот пораст на бруто-домашниот
производ. За таа намена го пресметуваат бруто- домашниот производ по постојани
цени. Во пресметките на бруто-домашниот производ по постојани цени се користат
ценовни и волуменски индикатори. Стапката на раст што се добива од пресметките по
постојаните цени е податок што се користи за споредба на движењето на економијата
за секој од агрегатите на бруто-домашниот производ, како и за споредба на тие
движења со другите држави.
Промената на цените има директно влијание врз животниот стандард на населението.
Инфлацијата е постојан пораст на општото ниво на цените на стоките и услугите во
економијата во одреден временски период, додека дефлацијата се јавува кога
стапката на инфлација ќе се намали под 0% (негативна стапка на инфлација).
Инфлацијата ја намалува куповната моќ на валутите. Кога цените растат, со иста
вредност на валутата се купува помалку стоки и услуги. Како резултат на тоа,
инфлацијата го одразува намалувањето на куповната моќ на валутата. Стапката на
инфлација е просечна годишна промена на општиот ценовен индекс (индексот на
цените на потрошувачите) и претставува процент на промена на цените на
потрошувачите во однос на претходната година.

Инфлацијата влијае на економијата на различни начини, позитивни и негативни.


Негативните ефекти на инфлацијата вклучуваат зголемување на опортунитетните
трошоци за чувањето на парите, заради неизвесноста околу инфлацијата во
наредниот период која може да ги обесхрабри инвестициите и заштедите. Доколку
инфлацијата се зголемува многу брзо, ќе се јави недостиг на стоки бидејќи
потрошувачите ќе ја зголемат потрошувачката заради загриженоста дека цените ќе се
зголемат уште повеќе во иднина. Позитивните ефекти се состојат во прилагодувањето
на реалните каматни стапки од страна на централните банки (за ублажување на
рецесијата) и поттикнување на инвестициите во капитални проекти. Економистите
веруваат дека високите стапки на инфлација и хиперинфлацијата се предизвикани од
прекумерен раст на понудата на пари. Растот на паричната маса не мора да
предизвика инфлација. Различни се гледиштата за факторите кои влијаат на ниската
односно умерената стапка на инфлација. Ниска или умерена инфлација може да биде
резултат на флуктуациите во реалната побарувачка за стоки и услуги, или во
промените во расположливите стокови резерви. Постоењето на инфлација во подолг
период е предизвикана од побрзиот раст на понудата на пари во однос на стапката на
економскиот раст. Поголем дел од економистите во светот се залагаат за ниска и
стабилна стапка на инфлација. Ниската инфлација (за разлика од нултата или
17
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

негативната инфлација) ја намалува можноста од економска рецесија преку


овозможување на пазарот на трудот да се прилагоди побрзо во услови на криза.
Монетарните власти (односно Централната банка) ја контролираат стапката на
инфлацијата на ниско и стабилно ниво преку водењето на монетарна политика
односно преку утврдување на каматните стапки, преку операциите на отворен пазар,
како и преку воспоставување на банкарска задолжителна резерва.

Работоспособно население во една држава го сочинуваат сите лица на возраст 15 - 79


години, а економски активното население го сочинуваат вработените и невработените
лица (работна сила). Следејќи ги препораките на Меѓународната организација на
трудот (ILO- International Labor Organization)2, во вработените се вклучени лицата на
возраст од 15 години и повеќе, а работодавци се лица кои управуваат со сопствен
деловен субјект или се сопственици кои работат во сопствен дуќан, или се
сопственици на свој земјоделски имот и вработуваат други лица. Понатаму,
вработени се лицата што засновале работен однос на неопределено или на
определено време и кои добиле надоместок независно од типот на работното време
(вработени со цело работно време, скратено работно време што работат во деловните
субјекти и единиците во состав во приватна и во друга сопственост). Стапката на
вработеност според препораките на Меѓународната организација на трудот е учество
на бројот на вработените во работоспособното население на возраст од 15 години и
повеќе. Од друга страна, според препораките на Европското статистичко биро-
Евростат, стапката на вработеност е учество на бројот на вработените во
работоспособното население на возраст од 15 до 64 години.
Стапката на невработеност се пресметува како учество на бројот на невработените во
вкупната работна сила. Во невработени согласно препораките на Евростат, се
вклучени лицата на возраст од 15 до 74 години кои ги исполнуваат следните услови:
за време на периодот на набљудување односно во извештајната недела не работеле,
активно барале работа односно преземале конкретна активност за наоѓање работа,
биле подготвени да прифатат работа во следните недели по завршувањето на
извештајната недела.
Високата и долготрајна невработеност, во која економската нееднаквост се зголемува,
има негативно влијание врз економскиот раст на долг рок. Невработеноста може да
има негативно влијание на економскиот раст не само заради губењето на ресурси,
туку и заради генерирањето на различни видови на нарушувања, води кон
сиромаштија, ја ограничува ликвидноста со ограничување на мобилноста на работната
сила и води кон социјална дисторзија, немири и конфликти.
Економија со висока стапка на невработеност не ги користи сите ресурси, а особено не
работната сила која е на располагање односно не ги користи целосно своите
производствени можности. Во случаите на долгорочна невработеност, работниците
можат да ги загубат своите вештини, со што се прави загуба на човечкиот капитал.

Високата стапка на невработеност може да ја поттикне ксенофобијата и


протекционизамот, бидејќи работниците се плашат дека странците ги завземаат
нивните работни места. Напорите за зачувување на постојните работни места на
домашните работници ги вклучуваат и законските бариери против "аутсајдерите" кои
сакаат работни места, потешкотиите за имиграција, како и други трговски бариери во

22
http://www.ilo.org

18
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

однос на странските конкуренти. Високата стапка на невработеност, може да


предизвика и социјални проблеми како што е криминалот, а може да предизвика и
граѓански немири.

Потрошувачката е еден од главните концепти во економијата, но се изучува и од


страна на многу други општествени науки. Економистите ги дефинираат
производството и потрошувачката на различен начин. Според дел од економистите
само купувањето на стоки и услуги од страна на поединци претставува потрошувачка,
додека другите видови на трошоци а особено, инвестициите, меѓуфазната
потрошувачка и владиното трошење не се смета за потрошувачка. Дел од
економистите ја дефинираат потрошувачката многу пошироко, како агрегат на сите
економски активности. Агрегатната потрошувачка може да ја зголеми агрегатната
побарувачка. Денешната потрошувачка ја поткопува базата на ресурси од животната
средина, се зголемува нееднаквоста и јазот помеѓу потрошувачката, сиромаштијата и
животната средина. Ако овие трендови продолжат односно не се направи
прераспределба на приходот помеѓу богатите и сиромашните, ако не се премине кон
намалување на загадувачките технологии кон посовремени технологии на
производство, ако не се промени приоритетот кон потрошувачката за задоволување на
основните потреби тогаш денешните проблеми на потрошувачката и човечкиот развој
се очекува да се влошат.3

Економските политики се однесуваат на активностите кои државите ги преземаат во


областа на економијата, а се однесуваат на оданочувањето, на државните буџети, на
понудата на пари и каматните стапки, на пазарот на трудот и на многу други државни
интервенции во економијата. Во економските политики се вбројува фискалната
политика која се однесува на активностите на државата во однос на оданочувањето,
како и монетарната политика која се однесува на активностите на централната банка
(понудата на пари и каматните стапки).

Монетарната политика е процес со кој монетарната власт на една земја ја контролира


понудата на пари, често ја таргетира стапката на инфлација или каматните стапки за
да се обезбеди стабилност на цените и да се подигне довербата во националната
валута. Други цели на монетарната политика се да придонесе за економски раст и
стабилност, да ја намали стапката на невработеност и да ги предвиди девизните
курсеви со другите валути. Монетарната политика може да биде експанзивна или
рестриктивна, каде експанзионистичката политика ја зголемува вкупната понуда на
пари во економијата побрзо од вообичаено, а рестриктивната политика ја зголемува
понудата на пари побавно од вообичаеното, па дури и се намалува вкупната понуда на
пари во економијата. Експанзионистичката политика обично се користи за да се
намали невработеноста во време на рецесија преку намалување на каматните стапки
за полесно добивање на кредит и зголемување на економската активност.
Рестриктивната политика има за цел да ја забави инфлацијата со цел да се избегнат
дисторзиите и намалувањето на вредноста на средствата. Со монетарната политика
3
Обединети Нации/ http://unstats.un.org/unsd/Demographic/sconcerns/income/default.htm

19
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Владата, централната банка, или монетарната власт на земјата ја контролира


понудата на пари, достапноста на паричните средства и каматната стапка со цел
постигнување на поголем развој и одржување на стабилноста на економијата.
Монетарната политика се базира на односот меѓу каматните стапки во економијата,
односно на цената по која можат да бидат позајмени паричните средства.
Монетарната политика користи различни алатки за контрола на економскиот раст, на
инфлацијата, девизните курсеви и на невработеноста.

Монетарната политика се разликува од фискалната политика, која се однесува на


оданочувањето, трошоците на владата и на позајмувањата. Фискалната политика е
употреба на наплатените приходи од страна на државата (главно даноци) за
регулирање на економијата и истата може да се користи за стабилизирање на
економијата. Два главни инструменти на фискалната политика се промените во нивото
и составот на даноците и владината потрошувачка во различните сектори. Овие
промени можат да влијаат на следните макроекономски варијабли: агрегатната
побарувачка и нивото на економската активност, заштедите и инвестициите во
економијата и на дистрибуцијата на приходот. Фискалната политика се однесува на
даноците и трошоците на Владата и се спроведува од страна на извршната власт во
рамките на постоечката законска регулатива, додека пак монетарната политика се
реализира од страна на централната банка преку понудата на пари и каматните
стапки. Владите ја користат фискалната политика за да влијаат на нивото на
агрегатната побарувачка во економијата, за да се постигнат економски цели за
стабилноста на цените, целосна вработеност и брз економски раст. Кејнзијанската
школа сугерира дека зголемувањето на владините трошоци и намалувањето на
даночните стапки се најдобрите начини да се стимулира агрегатната побарувачка, да
се намалат трошоците и да се зголемат даноците за да се случи економски бум.
Кејнзијанците тврдат дека овој метод треба да се користи во време на рецесија или
при ниска економска активност како основна алатка за постигнување на силен
економски раст и целосно вработување. Владите можат да го користат буџетскиот
суфицит за да се забави темпото на силниот економски раст и за да се стабилизираат
цените во услови на висока инфлација. Кога Владата сака да го намали буџетскиот
дефицит, средствата се прибираат од јавното задолжување (издавање на државни
обврзници), задолжување во странство, или наплата на долгот. Кога Владите го
финансираат дефицитот со издавање на државни обврзници, каматните стапки може
да се зголемат, бидејќи Владата се задолжува создавајќи поголема побарувачка за
кредити на финансиските пазари и ова предизвикува намалување на побарувачката за
стоки и услуги, што е спротивно на целта на фискалниот стимул. Неокласичните
економисти генерално го нагласуваат истиснувањето додека Кејнзијанците тврдат
дека фискалната политика се уште може да биде ефикасна, особено во случаите на
намалена ликвидност.

Макроекономската политика на Република Македонија е во функција на остварување


на долгорочен и одржлив економски раст на земјата. Макроекономската политика e
насочена кон задржување на финансиската и макроекономската стабилност и
зголемување на конкурентноста на економијата на трајна основа, зголемување на
20
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

вработеноста, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на


населението, преку унапредување на деловното окружување, водење на даночна и
царинска политика во функција на поддршка на развојот на
економските субјекти, поттикнување на инвестициска активност и привлекување на
странски директни инвестиции, развој на човечкиот капитал и економската
инфраструктура на земјата.4
Миксот на економски политики во Република Македонија кој е заснован на врзаност на
националната валута за еврото, ја одржува макроекономската стабилност на земјата.
Македонската економија се карактеризира со релативно висока надворешно-трговска
нерамнотежа која е резултат пред се на високиот увоз и релативно нискиот извоз.
Нискиот животен стандард, зголемената сиромаштија, високата стапка на
невработеност и релативно нискиот економски раст остануваат централни економски
прашања.
Република Македонија е мала земја со отворена економија, а БДП по глава на жител
според куповната моќ во Македонија е на ниско ниво и изнесува само 36% од просекот
на земјите членки на ЕУ-28 (во 2011 година е 8868 евра). Неповолната структура на
македонската економија има големо влијание врз економскиот развој. Имено, во
создавањето на Бруто домашниот производ во 2011 година најголемо учество имаат
трговијата со учество од 13, 46%, аграрот со 9,55%, а од преработувачката индустрија
(учество од 13,47% во БДП) производството на прехранбени производи (8960 милиони
е додадената вредност) и производството на облека (8764 милиони денари) имаат
најголемо учество во додадената вредност од овој сектор. За да се поттикне
економскиот раст потребно е поголемо релативно учество на капитално интензивните
сектори за сметка на трудоинтензивните сектори. За да се забележат повисоки стапки
на раст на БДП потребно е и да се вложува во производствените процеси на
деловните субјекти за зголемен степен на финализација на производите, на пример во
аграрот потребно е да се вложува покрај во поттикнувањето на примарното
земјоделско производство и во преработувачката на земјоделските производи со цел
зголемување на вредноста на самите производи и продолжување на роковите на
употреба (на пример конзервирање, соодветно складирање и транспорт), во
производството на облека потребно е да се развива и модната индустрија, а се со цел
пласман на креациите надвор од Република Македонија на европскиот и светскиот
пазар, да се поттикне извозот на готовите текстилни македонски производи наместо
т.н "лон" систем на производство кадешто се искористува само евтината работна рака
на земјата, а заработувачката останува на странските деловни субјекти кои отвараат
производствени погони за оваа намена.
Бруто домашниот производ на Република Македонија постигна пораст во периодот
2000-2011 и покрај опаѓањето во 2001 година како резултат на политичката
нестабилност и во 2009 година поради светската рецесија. Во 2011 година БДП
изнесуваше €7.47 милијарди, или 0.06% од БДП на ЕУ-28. Инвестициите во основни
средства изнесуваат 20.6% од БДП во 2011 година. 5

4
Влада на Република Македонија, Фискална стратегија на Република Македонија 2015-2017 година,
Скопје октомври 2014 година

5 Државен завод за статистика, www.stat.gov.mk


21
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Стапките на раст на Бруто домашниот производ го покажуваат реалниот раст на


националната економија. Во периодот 2001- 2007 година во Република Македонија
има константен раст на БДП, за да во периодот 2008- 2010 забележи пад и повторно
во периодот 2010- 2011 се констатира негов раст. Споредбата со Европската Унија
укажува на фактот дека стапките на раст во Република Македонија се повисоки од
оние на Унијата (со исклучок на 2001 година).

Сивата економија во една национална економија се манифестира преку прикривање


на вредноста на продажбата, преценување на меѓуфазната потрошувачка,
прикривање на вистинската вредност на исплатените плати заради избегнување на
данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок и
придонесите за социјално осигурување. Заради избегнување на данокот на додадена
вредност трговските претпријатија избегнуваат да ги евидентираат продажбите.
Изградбата на градежни објекти која се одвива во приватна режија не секогаш се
прикажува во податоците на надлежните институции. Дел од деловните субјекти не ги
регистрираат вработените за да избегнат одредени законски давачки.

Согласно препораките на Евростат, а со цел да се постигне сеопфатност на Бруто


домашниот производ во истиот се презентираат и податоците на неопфатената
економија, и тоа врз основа на процени на деловните субјекти, домаќинствата и на
секторот Држава. Во Графиконот бр. 1 е прикажано учеството на корекциите за
неопфатената економија од различни сектори во создадениот БДП во 2010 година,
односно податоците покажуваат дека вкупно 11% од БДП се должи на неопфатената
економија.

Графикон бр.1- Корекција на БДП за неопфатената економија во РМ во 2010 година (во %)

Извор: Државен завод за статистика, Публикација "Бруто домашен производ, 2010"

Вработеноста на економски активното население е од големо значење за растот и


развојот на македонската економија. Стапката на невработеност се пресметува како
учество на бројот на невработените во вкупната работна сила, а во невработените
согласно препораките на Евростат, се вклучени лицата на возраст од 15 до 74 години

22
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

кои ги исполнуваат следните услови: за време на периодот на набљудување-


извештајна недела не работеле, активно барале работа односно преземале конкретна
активност за наоѓање работа, биле подготвени да прифатат работа во следните
недели по завршувањето на извештајната недела. Вкупната работна сила (економски
активното население) ја сочинуваат вработените и невработените лица. Во Република
Македонија стапката на невработеност е со опаѓачки тренд. Стапката на
невработеност во 2005 година била 37,3%, а во 2011 година 31,4%. Според
последните расположливи податоци стапката на невработеност во 2012 година
изнесува 31%, во 2013 година 29,0%, а во првиот квартал од 2014 година изнесува
28,4%. Сепак, споредено со другите европски држави и покрај опаѓачкиот тренд
сеуште стапката на невработеност е релативно повисока.

Класификацијата на личната потрошувачка по намена (COICOP) ја користат членките


на Европската унија за пресметување на хармонизираниот индекс на потрошувачките
цени (HICP), кој се користи како индикатор за инфлацијата. Класификацијата на
личната потрошувачка по намена претставува меѓународен стандард кој ги
класификува издатоците на потрошувачката направени од домаќинствата и од
непрофитните институции што им служат на домаќинствата. Во услови на квалитетна
споредливост на економските и на социјалните индикатори меѓу различните земји
(како пример, индексот на трошоците на животот, потрошувачката на домаќинствата,
агрегатите на националните сметки), постои јасна предност ако се користи највисокото
ниво на структурата на COICOP. Согласно податоците презентирани во Табела бр. 1
индексот на трошоците по COICOP (претходната година е земена како базна година)
бележи константен раст во периодот 2002 до 2013 година со исклучок на 2004 година
кога има пад од 0,4% во однос на претходната година, во 2009 година кога има пад од
0,8% во однос на 2008 година и во 2014 година кога бележи пад од 0,3%. 6

Табела 1. Индекс на трошоци на живот, по COICOP класификација, по години, претходна


година = 100

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
101.8 101.2 99.6 100.5 103.2 102.3 108.3 99.2 101.6 103.9 103.3 102.8 99.7
Извор: Државен завод за статистика, база на податоци- цени

Учеството на Владината потрошувачка во БДП е околу 20% во рамките на Европската


Унија и истото е во постојан пораст (од 19,90% во 2001 година до 21, 60% во 2012
година), за разлика од Република Македонија каде што е во постојан пад (од 24,80%
во 2001 година до 18, 50% во 2012 година). Во македонската економија имаме
намалување на Владината потрошувачка во релативен износ од БДП со што се
овозможува користење на расположливите средства за други намени (за потребите на
домаќинствата, на претпријатијата, за инвестиции итн.).

6
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Ceni/IndeksTrosZivot/IndeksTrosZivot.asp

23
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Анализата на учеството на финалната потрошувачка на домаќинствата и на


непрофитните институции кои што им служат на домаќинствата во БДП покажува дека
релативното учество на истите во Република Македонија е многу поголемо од она во
Словенија, Хрватска, Бугарија и Романија како и во Европската Унија. Оваа состојба е
секако понеповолна за Република Македонија бидејќи потрошувачката на
домаќинствата и на непрофитните институции кои што им служат на домаќинствата
нема развојни елементи односно од 70-75% од БДП се користи за овие намени со што
остануваат помалку средства за други намени, како на пример за инвестиции.

Учеството на инвестициите во БДП во Република Македонија е во константен пораст


(од 14,8% во 2001 година до 23% во 2012 година), за разлика од Европската Унија
каде што учеството на инвестициите е во опаѓање (од 20,20% во 2001 година до 17,
90% во 2012 година). Зголеменото учество на инвестициите на долг рок неминовно
треба да придонесе кон побрз раст и развој на македонската економија.

Монетарната политика во Република Македонија ја осмислува и ја спроведува


Народната банка, која е централна банка. Основна цел на монетарната политика е
одржување на ценовната стабилност, при што таа е независна во остварувањето на
своите функции. Народната банка на Република Македонија ја поддржува економската
политика и финансиската стабилност на земјата. На крајот на тековната година, во
согласност со претходно утврдената рамка на макроекономската политика, Народната
банка изготвува Проекција на монетарните движења за следната година, која ја
усвојува Советот на Народната банка. Одржувањето на ценовната стабилност е
основната цел на Народната банка на Република Македонија, која е утврдена со
закон. Ценовната стабилност создава најповолен макроекономски амбиент за
долгорочно одржлив економски развој. Почнувајќи од октомври 1995 година наваму,
НБРМ спроведува монетарна стратегија на целење на номиналниот девизен курс на
денарот во однос на германската марка, а од јануари 2002 година во однос на еврото.
Одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот претставува посредна цел
на монетарната политика. Преку својата каматна политика Народната банка упатува
монетарни сигнали до банките и на тој начин настојува да влијае врз висината на
нивните активни и пасивни каматни стапки. Тековно, основна каматна стапка на
Народната банка е каматната стапка остварена на аукциите на благајнички
записи. Инструменти на монетарната политика се: операциите на отворениот пазар,
задолжителната резерва, расположливите депозити, расположливиот кредит преку
ноќ и интрадневниот кредит. 7

Република Македонија води фискална политика која е насочена кон постигнување на


разумен баланс помеѓу двете стратешки цели на Владата на Република Македонија,
кои се однесуваат на одржување на макроекономската стабилност и поттикнување на
економската активност преку зголемување на квалитетот на јавните финансии и
јакнење на способноста на приватниот сектор за раст и отварање на нови работни
места. Фискална политика се води со разумни и недисторзивни стапки на буџетски
дефицит и државен долг, зголемување на квалитетот на јавните финансии, пред се
преку зголемување на капиталните расходи за подобрување на инфраструктурата,
притоа водејќи сметка за одржливоста на државниот долг и зачувување на стабилниот
курс на денарот во однос на еврото.
7
Народна банка на Република Македонија, http://www.nbrm.mk/?ItemID=C5037A5446B94E408FBA3F10152D6D79

24
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Вкупните буџетски приходи во 2013 година во Република Македонија учествуваат со


28,1 во БДП, додека вкупните буџетски расходи учествуваат со 31,9%. Буџетскиот
дефицит изнесува 313 милиони евра во 2013 година и учествува со 3,9 во
создадениот БДП. 8

Согласно податоците прикажани во табела бр.2, номиналниот БДП во разгледуваниот


период е во константен раст но споредено со БДП по глава на живот според паритетот
на куповната моќ е далеку зад европскиот БДП кој во 2011 година изнесувал 25100
евра, а во Македонија 8868 евра. Извозот на добра и услуги според неговото учество
во БДП е во постојан пораст, но истовремено пораст бележи и процентуалното
учество на увозот на добра и услуги во БДП. Реалната стапка на раст на БДП е
повисока во 2011 година во Македонија (2,8%) во однос на ЕУ која изнесувала 1,6%,
но истовремено стапката на инфлација се зголемува во разгледуваниот период што
секако е негативно, а споредено со ЕУ е повисока и во 2011 година во Македонија
изнесувала 3,9%, додека во ЕУ 3,1%. Инвестициите во основни средства во
разгледуваниот период го зголемиле своето учество во БДП односно во 2011 година
изнесувале 20,6% додека во ЕУ 18,5%, но со оглед на нивото на развој во Македонија
потребно е понатамошно поголемо зголемување за да се поттикне растот на
економијата. Стапката на невработеност е неспоредливо повисока во Македонија во
однос на ЕУ каде што изнесувала 9,6% во 2011 година.

Tабела бр.2 - Клучни макроекономски индикатори во Република Македонија во периодот


2000-2011 и споредба со ЕУ 2011 година
EU
2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 (податоци
за 2011)

БДП (во милиони евра) 4,814 5231 5965 6720 6703 7057 7473 12711206

БДП по глава на жител


2,363 2564 2919 3283 3269 3434 3630 25100
(во евра)

БДП по глава на жител


според куповната моќ 6614 7153 7933 8430 8491 8748 8868 25100
(во евра)

Извоз на добра/услуги
44 47 52 51 39 47 55 44
(% од БДП)

Увоз на добра/услуги
61 65 71 76 61 65 74 43
(% од БДП)

Реален стапка на раст


4,4 5,0 6,1 5,0 -0,9 2.9 2.8 1.6
на БДП

8
Министерство за финансии и Државен завод за статистика

25
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Стапка на инфлација 0.5 3.2 2.3 8.3 -0.8 1.6 3.9 3.1

Стапка на
37.3 36.0 34.9 33.8 32.2 32.0 31.4 9.6
невработеност (%)

Инвестиции во основни 18.5


16.6 17.6 19.6 21.0 19.9 19.1 20.6
средства (% од БДП)

Извор на податоци: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија

Макроекономскиот амбиент во Република Македонија се карактеризира со неповолна


структура на економијата односно со поголемо релативно учество на
трудоинтензивните сектори за сметка на капитално интензивните сектори, со БДП по
глава на жител кој според куповната моќ е на ниско ниво и изнесува само 36% од
просекот на земјите членки на ЕУ-28 и покрај фактот што стапките на раст на Бруто
домашниот производ во Република Македонија се повисоки од оние на ЕУ, како и со
стапка на невработеност која има опаѓачки тренд но сеуште е релативно повисока во
споредба со ЕУ. Во однос на инвестициите постојат позитивни трендови на нивен
константен пораст во македонската економија за разлика од земјите членки на ЕУ
кадешто има константно опаѓање на нивното релативно учество во создадениот БДП.
Фискалната политика е во функција на поддршка на развојот на економските субјекти и
поттикнување на инвестициска активност преку умерено даночно оптоварување на
даночните обврзници и зголемување на квалитетот на јавните финансии со
зголемување на капиталните расходи за подобрување на инфраструктурата.
Одржувањето на ценовната стабилност која создава најповолен макроекономски
амбиент за долгорочно одржлив економски развој е основната цел на монетарната
политика во Република Македонија која ја спроведува Народната банка.

2. Ограничувачки фактори на економскиот развој

Факторите на економскиот развој се проучувани од страна на многу економски


теоретичари. Класичните економисти сметале дека економскиот развој зависи
исклучиво од ендогени (интерни) фактори, и тоа од: стапката на штедење,
ефикасноста и амортизацијата. Харод- Домаровата еднаквост на растот се заснова на
две претпоставки9: на начинот на кој домаќинствата бираат помеѓу потрошувачката и
штедењето и на начинот на кој деловните субјекти го прилагодуваат својот капитал на
производствените потреби. Според моделот на Solow–Swan10 растот зависи од
егзогени (надворешни) фактори, и тоа од: техничкиот прогрес и надворешните стапки
на раст на домаќинствата. Разликата помеѓу теориите се сведува на различното
толкување на техничко- технолошкиот развој, кој според едни е внатрешен а според

9
Harrod, Roy F. (1939). "An Essay in Dynamic Theory",The Economic Journal and Domar, Evsey (1946). "Capital Expansion,
Rate of Growth, and Employment". Econometrica

10
Acemoglu, Daron (2009). "The Solow Growth Model". Introduction to Modern Economic Growth. Princeton: Princeton
University Press

26
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

други надворешен фактор. Техничко- технолошкиот развој не е егзоген фактор


односно истиот се случува како резултат на истражувањата кои ги прават деловните
субјекти и индивидуалните лица/ пронаоѓачи во желба да ја максимизираат
заработувачката, но резултатите од овие активности значат економски раст за целата
економија што од друга страна може да се гледа и како надворешен фактор.

Факторите кои го ограничуваат економскиот развој се анализирани од страна на многу


аналитичари. За време на Доха разговорите за развој кои се водат под
покровителство на Светската трговска организација (WTO Doha Development Round)11
следните фактори се идентификувани како ограничувачки за економскиот развој:
неефикасност во рамките на микро-економијата, нерамнотежа во структурата на
економијата, брзото намалување на населението, недостатокот на финансиски
капитал, недостатокот на човечки капитал, неадекватното владеење и корупцијата,
недоволно пазари за пласман на производите и услугите, прекумерна експлоатација
на животната средина и трговските бариери.

Според Geoff Riley12 економскиот раст не е загарантиран и некои земји се борат за да


ја одржат минималната стапка на раст за да ја намалат сиромаштијата и да го одржат
одбраниот пат за развој на својата економија. Ограничувачки фактори на економскиот
развој се: неразвиената инфраструктура, мал извоз на производи со ниска додадена
вредност, ранливоста на надворешните шокови, непостоењето на излез на море,
ниските национални заштеди и ниските апсолутни заштеди, ограничените финансиски
пазари, самовработувањето и вработувањето, слабостите во менаџирањето,
одливотот на капитал, конфликтите, корупцијата и лошото владеење, намалување и
стареење на населението, растечката инфлација, постојан трговски дефицит кој се
должи на зголемувањето на увозот, прекумерната експлоатација на природните
ресурси, несоодветни инвестиции во човечкиот капитал, голема нееднаквост во
приходите и богатството, родовата нееднаквост и дискриминацијата и постоењето на
неисхранетост на населението.

Според Tejvan Pettinger13 ограничувачките фактори на економскиот развој треба да се


групираат во две групи: фактори од страната на побарувачката и фактори од страната
на понудата. Фактори од страната на побарувачката се: каматните стапки, довербата
на потрошувачите, цените на средствата (активата), реалните плати, вредноста на
девизниот курс и банкарскиот сектор. Фактори од страната на понудата се:
неразвиеноста на инфраструктурата, човечкиот капитал и технолошкиот развој. Освен
погоренабројаните фактори Tejvan како ограничувачки ги смета и цените на
производите, политичката нестабилност и неповолните временски услови.

11
www.wto.org/english/tratop_e/dda_e/dda_e.htm

12
Development and Growth Constraints - Trade Deficits, Geoff Riley, November 2014

13
Factors Affecting Economic Growth, Tejvan Pettinger, February 2011

27
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Секој од наведените фактори заслужува посебна анализа, но во овој труд ќе ги


анализираме следниве фактори кои се особено значајни за Република Македонија:
недостаток на финансиски капитал, недостаток на човечки капитал, прекумерната
експлоатација на природните ресурси, неразвиената инфраструктура, мал извоз на
производи претежно со ниска додадена вредност- постојан трговски дефицит кој се
должи на зголемувањето на увозот, ранливоста на надворешните шокови, немање на
излез на море, слабости во менаџирањето, одливот на капитал, намалување и
стареење на населението и техничко- технолошкиот развој.

Многу економии во развој немаат доволно финансиски капитал за негово вклучување


во јавните или приватните инвестиции. Постојат неколку причини за тоа, вклучувајќи го
економскиот раст кој не е доволно голем за да овозможи недоволните финансиски
ресурси да бидат ослободени од нетековните трошоци. Понатаму, постои недоволно
штедење што е главна причина зошто финансискиот капитал е недоволен. Високите
каматни стапки кои имаат за цел да го поттикнат штедењето од една страна, од друга
страна ги одвратуваат инвестициите. Кога се финансира јавниот сектор тогаш јавните
средства се користат за да се отплатат претходните долгови, па така остануваат
помалку расположиви средства за капитални инвестиции. Должничката криза го
истакна проблемот со кој се соочуваат земјите со големи јавни долгови односно
големите јавни долгови ја ограничуваат способноста на Владата да го зголеми
трошењето за поттикнување на развојот на економијата. Имајќи во предвид дека многу
економии во развој имаат голем јавен сектор, а приватните инвестиции може да се
истиснуваат со задолжувањата на јавниот сектор. Ова значи дека Владата може да се
задолжува од локалните пазари на капитал, што предизвикува релативен недостаток
на капитал и зголемување на каматните стапки. Помалку развиените земји имаат
ограничени финансиски пазари, како што се: банкарството, паричните и кредитните
системи, осигурителните пазари и берзите. Пристапот до поволните финансиски
услуги е тесно поврзан со намалување на сиромаштијата, намалување на разликите
во приходите и зголемување на економскиот раст. Од суштинско значење за една
национална економија е обезбедување на долгорочен капитал за приватниот сектор,
поттикнување на штедењето и обезбедувањето на средства за инвестициски проекти.

Развојот на човечкиот капитал подразбира инвестиции во образованието кое е


мерливо добро, а долгорочната корист за општеството е многу често подценета.
Ефектот од инвестициите во развојот на човечкиот капитал е тешко да се процени, за
разлика од брзиот ефект од неговиот ангажман за обработка на земјиштето. Од овие
причини постои мал поттик за континуирано образование и потребно е да се
промовира користа од образованието, да се користи пазарниот систем за испраќање
на сигнали кои ќе ги охрабрат луѓето да го променат нивното однесување. На пример
доделувањето на кредити, грантови и други видови на помош може да биде условено
со намена на средствата за обезбедување на бесплатно образование и набавка на
книги, за обука или за покачување на платите на наставниците.

Одржувањето на економскиот раст бара подобрувања во продуктивноста,


истражувањето и развојот, како и зголемување на иновациите. Како што се менува и
28
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

развива капиталот во релација со технологијата така се менува и квалитетот на


човековиот инпут во производството. Економскиот раст може да биде ограничен од
недостигот на квалификуван персонал, имајќи во предвид дека бизнисот има потреба
од проширување за што е потребна квалификувана работна сила.

Високо ниво на вештини и квалификации на работниците се потребни на


претпријатијата за да бидат конкурентни во снабдувањето со производи кои можат да
се продаваат за повисоки цени во светската економија. Многу е значајно основните
стапки на запишување на ученици во средно и високо образование да се зголемат и
да се подобри квалитетот на образованието. Квалификуваната работна сила се губи и
преку миграцијата, а родовата нееднаквост може да има многу негативен ефект врз
развојот на човечкиот капитал. Човечкиот капитал е продуктивноста на работниците и
е зависен од нивото на образование, обука и мотивацијата на работната сила.
Зголемување на продуктивноста на трудот може да им помогне на претпријатијата да
воведат пософистицирани производствени процеси и да станат поефикасни.

Природните ресурси се важен извор на богатство особено за посиромашните држави.


Треба да се води грижа да не се случи прекумерно искористување на природните
ресурси, како што е уништувањето на шумите во некои држави и големото исцрпување
на резервите со риби кои живеат во океаните. Извештајот на ОЕЦД објавен во 2012
година покажа дека постои потреба од одржливо користење на расположливото
земјиште, вода, морските екосистеми, рибниот фонд, шумите и биодиверзитетот.
Околу 25% од целокупното земјоделско земјиште во светот е деградирано. Постои
недостатокот на вода за развој на некои стопански гранки, а особено на
земјоделството во многу земји во светот. Екстремните климатски промени се
чувствуваат во многу делови на светот. 14

Инфраструктурата вклучува физички капитал, како што се транспортните мрежи,


енергијата, снабдување со вода и телекомуникациските мрежи. Доказите покажуваат
дека постои силна позитивна корелација помеѓу економскиот развој на земјата со
квалитетот на нејзината патна мрежа. Лошата инфраструктура го попречува растот,
бидејќи тоа предизвикува повисоки трошоци за достава на производите и доцнења на
деловните активности. Се намалува мобилноста на работната сила и можноста на
извозниците да ги достават нивните производи на меѓународните пазари.
Инвестициите во патната инфраструктура, транспортот и врските можат да им
помогнат на претпријатијата да ги намалат трошоците и да го прошират
производството. Без потребната инфраструктура многу тешко е компаниите да бидат
конкурентни на меѓународните пазари.

Многу земји имаат извоз на производи со ниска додадена вредност. Цените на овие
производи се многу зависни од движењата на светските пазари. Кога цените паѓаат,
економијата бележи големо намалување на извозните приходи, негативно движење во

14
Organisation for Economic Co-operation and Development, Development Co-operation Report 2012

29
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

однос на трговијата, се зголемуваат ризиците од повисок трговски дефицит и се


зголемува опасноста дека државата не ќе може да ги финансира инвестициите во
образованието, здравството и развојот на основната инфраструктура.

Настаните кои што се случуваат во еден дел од светот брзо можат да влијаат на дел
од останатите земји. На пример, глобалната финансиска криза од периодот 2007-2010
година донесе рецесија во многу земји во светот и длабока финансиска нестабилност
во многу региони. Исто така, таа доведе до пад на странските директни инвестиции
кои што беа наменети за посиромашните земји и направи притисок врз Владите од
богатите земји да ги намалат буџетот наменети за помош.

Економиите кои немаат излез на море се соочуваат со посебни предизвици за


интегрирање во светската трговија. Без добра инфраструктура и ефикасна логистика
многу им е тешко на претпријатијата да ги извезат своите производи во земјите на
трговските партнери. Овој проблем може да се надмине доколку се постигне
регионална економска интеграција со другите земји кои имаат излез на море.

Фундаментална причина за сиромаштијата се ниските плати од една страна, а од


друга страна сиромаштијата е поврзана и со релативно ниската продуктивност.
Економистите, како што е Николас Блум од Универзитетот Стенфорд15 го проучувале
влијанието на слабиот менаџмент во некои земји во развој. Блум тврдел дека "Во
Индија лошо се управува, опремата не се одржувала, материјалите се трошеле
несоодветно, кражбите биле честа појава заради нивното несоодветно следење, итн.
Светската банка пак преку еден проект кој го спроведувала констатирала дека
давањето добри совети за раководењето на индиските фабрики ја зголемиле
продуктивноста за 20%". Лошото управување е причина зошто посиромашните земји
нецелосно ги прифаќаат новите технологии.

Одливот на капитал е многу тешко да се планира, а причини за брзото движење на


големи суми на пари надвор од државата може да бидат: недостиг од доверба во
економијата на една земја или во нејзината валута, политички превирања или страв
дека Владата планира да ја преземе контролата над приватната сопственост на
средствата. Одливот на капитал може да доведе до губење на девизните резерви и да
направи притисок за намалување на девизниот курс на валутата.

Во некои земји бројот на населението се намалува како резултат на миграцијата. Ако


една земја ги губи помладите работници, тоа може да има штетен ефект врз растот и
развојот на истата. Промената на возрасната структура на населението, исто така е
важно, бидејќи може да доведе до пад на бројот на работниците во однос на
издржуваните лица.

Гледано на долг рок, развојот на нова технологија е клучен фактор за подобрување на


продуктивноста и за повисок економски раст. Примената на современи технолошки
15
HUMAN RESOURCE MANAGEMENT AND PRODUCTIVITY, Nicholas Bloom John Van Reenen, NBER Working Paper,
NATIONAL BUREAU OF ECONOMIC RESEARCH May 2010

30
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

решенија придонесува кон подигање на продуктивноста и зголемување на


заработката. Вложувањата во научно- истражувачките активности особено се
поттикнуваат во високо развиените земји, а се со цел изнаоѓање на нови методи и
техники за намалување на трошоците и осовременување на производството, како и
зголемување на конкурентноста на домашното производство преку создавање на
компаративни предности.

Границата на сиромаштвото во една национална економија се гледа преку


дистрибуцијата на доходот, а научниот и кадровскиот потенцијал се гледа преку бројот
на научници и истражувачи, вкупно или во однос на бројот на жители, бројот на
патенти, развојот на иновациската активност, итн. Ограничувачки фактори на развојот
се и фертилитетот, стапките на наталитет и смртност. Карактеристично за помалку
развиените земји е тоа што во структурата на економијата има низок степен на
специјализација односно голем дел од активностите се одвиваат во рамките на
домаќинствата кои што вообичаено се земјоделски или мешани и во кои што
преовладува приходот од земјоделското производство или од занаетчиството, а
нивниот приход и не се евидентира во регулираните дејности односно често е дел од
неформалната и од сивата економија.

Што се однесува до Република Македонија, ограничувачки фактори за нејзиниот


економски развој се и неповолната структура на економијата односно во создавањето
на Бруто домашниот производ најголемо учество имаат примарните сектори на
производство, нискиот степен на специјализација на активностите, високиот увоз за
сметка на нискиот извоз на производи, а дополнително ограничувачки фактор е и
неповолната структура на извозот односно се извезуваат производи со низок степен
на обработка и тоа претежно како суровини. Понатаму како ограничувачки фактор е и
ниското ниво на домашни и странски инвестиции, недоволните инвестиции во научно-
истражувачката дејност што е особено изразено во приватниот сектор.

Менаџментот е активност за остварување на дефинираната цел, односно процес на


извршување на одредени функции со цел да се остварат поставените цели со помош
на човечките, финансиските и другите ресурси. Слабостите во менаџирањето ќе
доведат до несоодветно планирање, организирање, координирање и контролирање на
процесите во економијата, а со тоа се намалуваат производните перформанси и
очекуваните заработки на микро ниво што секако ќе има негативно влијание и за
целата економија. Предуслов за добро менаџирање во една држава е постоењето на
квалитетен, високо едуциран кадар кој ќе биде и соодветно мотивиран за вложување
на максимални напори за остварување на подобри резултати. Република Македонија
има образован менаџерски кадар на пазарот на труд за што говорат и официјалните
податоци. Така на пример според податоците на Државниот завод за статистика, во
2013 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите
стручни школи и факултетите изнесува 9480 лица (од кои жени се 5337), звањето

31
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1664 лица од кои 1558 се магистри
(од кои 895 се жени) и 106 се специјалисти (од кои 44 се жени).16

Во Република Македонија сеуште е низок степенот на специјализација на


активностите во одредени производствени сектори што од своја страна има големо
влијание врз растот на економијата. Така на пример во создавањето на бруто
додадената вредност во аграрниот сектор (43895 милиони денари) преовладува
секторот домаќинства кој што во 2011 година учествувал со 90% во создадената
вредност (39589 милиони денари) за разлика од деловните субјекти кои што
учествувале само со 10% во создадената вредност (4306 милиони денари). При ова
треба да се има во предвид фактот дека во рамките на секторот домаќинства многу
низок е степенот на специјализација односно дека на пример земјоделските
домаќинства истовремено се занимаваат со различни земјоделски активности, на
пример истовремено обработуваат земја и чуваат различни видови на добиток.
Согласно податоците од Структурното истражување за земјоделските стопанства кое
што е спроведено од страна на Државниот завод за статистика во 2013 година
вкупниот број на индивудуални земјоделски стопанства изнесува 170581, додека
бројот на деловните субјекти е 30417. Учеството на индивудуалните земјоделски
стопанства во вкупното користено земјоделско земјиште во Република Македонија е
84,40% додека на деловните субјекти е 15,60%. Во однос на добиточните единици
учеството на индивидуалните земјоделски стопанства е 91,30% а на деловните
субјекти е 8,70%. Од друга страна пак, индивидуалните земјоделски стопанства (а тоа
најчесто се домаќинствата) во поголем дел истовремено се занимаваат со повеќе
различни активности покрај аграрот, како на пример со занаетчиство, трговија, итн.
што укажува на нискиот степен на специјализација на производството кое има
директно влијание на економичноста во работењето и ниското ниво на продуктивност.

Извозот ја опфаќа целата стока која е од домашно потекло, а е извезена во странство


и во странските царински складишта и комерцијалните слободни зони, просториите за
внатрешно облагодарување и во индустриските слободни зони, додека увозот ги
опфаќа сите стоки без оглед дали се увезени директно од странство, од царински
транзит или од царински складишта и комерцијални слободни зони, а се наменети за
производство, инвестиции или за широка потрошувачка. Според податоците
прикажани во Табела бр.3 во периодот 2001- 2013 година во Република Македонија
извозот и увозот бележат константен пораст, меѓутоа увозот бележи поголем пораст и
тоа од 389,70% во 2013 во споредба со 2001 година, за разлика од извозот кој бележи
пораст од 368,60% во истиот период.18 Во однос на стапката на покриеност на увозот

16
Број на дипломирани студенти во 2013 година Државен завод за статистика, 2013 година

17
Структурно истражување за земјоделските стопанства, Државен завод за статистика, 2013
година
18
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=pokrienost_mk&ti=&path=../Database/StatistikaPoOblasti/N
advoresnaTrgovija/StokovaRazmenaGodini/&lang=18

32
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

со извозот состојбата е влошена во разгледуваниот период односно од 68,35% во


2001 година на 64,65% во 2013 година што укажува дека има пораст на трговскиот
дефицит во разгледуваниот период. Дополнително ограничувачки фактор е и
неповолната структура на извозот односно се извезуваат претежно производи со
низок степен на обработка и тоа главно како суровини.

Табела бр. 3 Покриеност на увозот со извоз во периодот 2001-


2013 година, во американски долари
Извоз Увоз Покриеност

2001 1 157 506 515 1 693 600 813 68.35


2002 1 115 526 926 1 995 155 885 55.91
2003 1 366 988 742 2 306 353 206 59.27
2004 1 675 877 228 2 931 626 088 57.17
2005 2 042 295 799 3 232 837 357 63.17
2006 2 415 160 898 3 752 256 230 64.37
2007 3 398 268 282 5 280 584 019 64.35
2008 3 990 642 488 6 882 653 384 57.98
2009 2 708 487 570 5 072 820 972 53.39
2010 3 351 429 481 5 474 484 884 61.22
2011 4 478 313 344 7 027 162 308 63.73
2012 4 015 402 908 6 522 387 659 61.56
2013 4 266 860 563 6 599 824 003 64.65
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Графикон бр. 2 Покриеност на увозот со извоз

Извор: Државен завод за статистика

Недоволните средства кои се издвојуваат за инвестициите имаат неповолно влијание врз


зголемувањето на производниот капацитет, за растот на извозот и за подигањето на

33
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

конкурентската моќ на земјата. Инвестициите во основни средства ја претставуваат вредноста на


набавките на основни средства намалена за отуѓувањата на основни средства и зголемена за
одредени додатоци на вредноста на непроизведените средства. Според податоците прикажани
во Графиконот бр.3, инвестициите во периодот 2001- 2011 година во Република Македонија
бележат пораст, а во структурата на инвестициите во 2011 година најголемо учество имаат
инвестициите во градежни работи (62,32%), потоа следуваат инвестициите во машини и опрема
(33,57%) и инвестициите во метални производи (24,79%)19.

Графикон бр. 3 Инвестиции во основни средства, 2001- 2011

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Техничко- технолошкиот развој е основен двигател на економијата, прогресот на една


економија на долг рок е остварлив преку континуирано вложување во научно-
истражувачката работа, како и преку поттикнување на иновациските активности, со
што се подига конкурентската моќ на економијата, се создаваат производи кои се
разликуваат од конкуренцијата благодарение на компаративните предности. Научно-
истражувачката дејност ги опфаќа основните- фундаментални и применетите
истражувања чии резултати содржат изворност/ оригиналност, а се насочени кон
проширување и унапредување на дејноста и на вкупните знаења а со тоа зголемување
на вредноста на човечкиот капитал. Апликативните истражувања опфаќаат трансфер
на знаења за подобрување на постојните и воведување на нови технологии, како и
примена на тие знаења во изнаоѓање практични решенија за развојот на економијата.
Истражувачка работа се проекти што се реализираат во рамките на програмата за
научно- истражувачките и истражувачко- развојните организации и истражувачките
единици и се резултат на откривање на нови и развој на постоечки знаења и искуства,
како и нивна употреба. Европската унија како приоритетна цел го има утврдено
постојаното зголемување на бруто-трошоците за истражување и развој така што тие
до 2020 година се очекува да достигнат ниво од 3% од БДП. Иако овој процент се
очекувало да биде достигнат до 2010 година, европскиот просек, според процените на
Евростат, во 2009 година бил 2,02%, во 2010 година 2,01%, а во 2011 година

19
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=NacSmA_Mk_INVEST_Rev_mk&ti=&path=../Database/Stat
istikaPoOblasti/BDP/BDPInvesGodisni/BDPsporedESS2010/&lang=18

34
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

изнесувал 2,03% од БДП20. Процесот на интегрирање на Република Македонија во


Европската унија наложува оваа приоритетна цел да важи и за Република Македонија.
Земјите од Западен Балкан имаат многу пониски вложувања во истражувањето и
развојот од ЕУ, но сите имаат предвидувања за зголемување на овој процент во
наредниот период. Сите тие, во своите стратегии, имаат зацртано зголемување на
издвојувањата во рамки од 2-3% од БДП, како цел кон чие остварување ќе тежнеат во
претстојниот период. Бруто-трошоците за истражување и развој во Република
Македонија во последните 5 години се движат околу 0,2 % од БДП21.

Европската унија се залага особено за зголемено учество на трошоците за


истражување и развој од производниот/приватниот сектор во вкупните трошоци за
истражување и развој. Во земјите од Југоисточна Европа, како што се Словенија и
Романија, над 40 проценти од националните трошоци за истражување и развој
доаѓаат од производниот/приватниот сектор, за разлика од Република Македонија
каде што овој процент е значително понизок.

Иновациите вклучуваат воведување на нови или значително подобрени стоки, услуги,


процеси, воведување на нови маркетинг концепти или стратегии или воведување на
нови методи на организација во деловното работење, нови методи на организирање
на работните обврски и донесување на одлуки и нови методи на организирање на
надворешните односи со други деловни субјекти и јавни институции. Постојат
иновации на производи, на процеси, организациски иновации и маркетинг иновации.
Деловните субјекти во зависност од тоа дали спроведуваат иновативни активности се
поделени на: иновативно активни деловни субјекти, иноватори на производ/ процес/
организација или маркетинг, деловни субјекти со тековни или напуштени иновативни
активности и неиновативни деловни субјекти. Согласно податоците објавени од страна
на Државниот завод за статистика иновативните деловни субјекти во периодот 2010-
2012 година учествувале со 42,8% во вкупниот број на деловни субјекти, односно 2060
деловни субјекти од вкупно 4818 субјекти имале воведено иновација на производ,
процес организациска или маркетинг иновација. Од иновативните деловни субјекти
24,7% имале воведено иновација на производ и процес, 46,4% имале воведено
организациски и маркетинг иновации, а 18,2% истовремено вовеле иновации на
производ, процес, организациски и маркетинг иновации. Гледано по сектори најголемо
процентуално учество имаат иновативните деловни субјекти од Преработувачката
индустрија (со 33%) и деловните субјекти од Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и моторцикли (со 27%). Најголем дел од деловните
субјекти во Република Македонија во периодот 2005- 2011 година кои имале иновации
во производи или процеси (91,6%) или во организација или маркетинг (87,6%), своите
стоки и услуги ги пласирале на локалните и регионалните пазари.

20
www.epp.eurostat.ec.europa.eu

21
Државен завод за статистика на Македонија

35
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Одржливото управување со природните ресурси и ублажувањето на влијанието на


климатските промени е особено актуелно меѓу развиените економии на Европската
Унија но и на светско ниво. Овие држави имаат подготвено стратегии за заштита на
природата и одржување на биодиверзитетот. Република Македонија во своите
стратегии има зацртано активности за поддршка на управувањето со природни
ресурси и ублажувањето на влијанието на климатските промени. Овие активности се
реализираат преку зачувување и унапредување на шумскиот фонд, зголемена
примена на агроеколошкиот пристап, заштита на биодиверзитетот, ефикасно
справување со отпадот, производство и употреба на обновливи извори на енергија,
како и прилагодување на економијата а особено на земјоделскиот сектор кон
климатските промени.

3. Анализа на развојните индикатори

Развојните индикатори го означуваат ризикот со кој се соочува секоја земја во својот


развој, како и нејзиниот капацитетот за справување со истиот. Во макроекономските
анализи има различен пристап по однос на развојните индикатори. Според некои
економисти развојните индикатори можат да бидат групирани на вредносни,
социјални, индикатори на нееднаквост во поделбата на доходот, како и еколошки
индикатори.
Светска банка во своите анализи вклучува околу 75 индикатори кои се релевантни за
економскиот развој. Овие индикатори се групираат на: социјални, економски,
финансиски и еколошки индикатори.22
Социјалните индикатори се однесуваат на демографските трендови и прогнози
(наталитет, морталитет, стареење на населението, итн), на образованието, пазарот на
трудот, социјалната заштита, сиромаштијата и дистрибуцијата на приходите.
Економските индикатори се пресметуваат врз основа на податоци кои се организирани
од страна на неколку различни сметководствени конвенции: системот на национални
сметки, билансот на плаќања, финансиите на секторот Држава и меѓународните
финансии.
Податоците кои се однесуваат на пристапот до финансии, достапноста на кредитите,
трошоците за услугите го подобруваат разбирањето за финансиските индикатори.
Кредитот е важна алка во преносот на пари, го финансира производството,
потрошувачката и инвестициите, со што влијае на економската активност. Достапноста
на кредитите за населението, приватните компании и јавните претпријатија го
покажува степенот на развој на банкарскиот и финансискиот сектор во економијата.
Берзите и банкарските системи го подобруваат економскиот раст. Во земјите со мал
економски развој комерцијалните банки доминираат во финансискиот систем, додека
во развиените економии националните берзи се поактивни и поефикасни. Отворените

22
2014 World Development Indicators, World bank

36
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

економии со стабилни макроекономски политики, развиени правни системи, кои имаат


адекватна заштита на акционерите успеваат да привлечат капитал и имаат поради тоа
и поголеми финансиски пазари. Истражувањата на пазарите на акции покажуваат дека
нивниот развој е резултат на модерната комуникациска технологија, зголемената
финансиска интеграција кои придонесуваат за развивање на прекуграничните
капитални текови, посилно присуство на финансиски фирми во целиот свет и
прераснување на трговските активности во меѓународна размена. Голем број фирми
во пазарите во развој ги користат достапните податоци за да учествуваат во
меѓународната размена, а со цел да добијат капитал по пониски трошоци и да ја
зголемат ликвидноста преку тргување со акции.
Еколошките ресурси се потребни за да се промовира развојот и да се намали
сиромаштијата, а самиот економски раст може да создаде нови проблеми на
животната средина. Уништувањето на шумите, губењето на биодиверзитетот,
намалувањето на водните ресурси, загадувањето, урбанизацијата, како и
зголемувањето на производството на енергија се само дел од еколошките индикатори
кои треба да се имаат во предвид при креирањето на стратегиите за развој.
Зачувувањето на здрава животна средина значи правилно управување со природните
ресурси. Индикаторите за животната средина го мерат користењето на природните
ресурси и начинот на кој човечките активности влијаат на животната средина. Тие го
мерат искористувањето на природните добра (шуми, вода, обработливата земја) и на
деградацијата (загадувањето, уништувањето на шумите, губење на живеалиштата и
загуба на биодиверзитетот). Индикаторите покажуваат дека растечката популација и
развојот на економиите имаат поставено поголеми барања кон земјиштето, водата,
шумите, минералите и енергијата. Креирањето и водење на адекватни политики,
зголемувањето на продуктивноста и новите технологии можат да осигураат одржлив
развој. Економскиот раст и поголемото користење на енергијата се позитивно
корелирани односно пристапот до електрична енергија и користење на истата е од
суштинско значење за подигање на животниот стандард. Економскиот развој го
подобрува квалитетот на животот на многу луѓе и има забележано големи придобивки
во историјата на човештвото. Но распределбата на добивките од друга страна е
нерамномерна. Производството на енергија од фосилни горива произведува емисии
на јаглерод диоксид, стакленички гасови, кои придонесуваат за неповолните
климатски промени.
Долго време БДП се користел како единствен индикатор за развојот на една земја, но
БДП (и БНП-бруто националниот производ) не можат да бидат единствен индикатор за
развојот од причини што е потребно комплексно анализирање на развојот односно
треба да се има во предвид потребата од споредба во еден подолг период,

37
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

структурата на создавање на доходот, како и распределбата односно дистрибуцијата


на доходот на граѓаните. Причина за ова се случувањата во светската економија кои
довеле до појава на нови високо доходовни земји кои во секој друг поглед (освен во
доходот) биле неразвиени. Ова се однесува на земјите кои се извозници на нафта и се
членки на организацијата ОПЕК. Овие земји заради зголемувањето на цените на
нафтата имаат стекнато неочекувани големи заработки, но овие заработки сами по
себе не значат дека земјите преминале во развиени. Имено, растот на доходот не е
на одржливо ниво поради тоа што се работи за раст на цената на нафтата а истотака
и распределбата на доходот е сконцентрирана во мал број на сопственици, а
поголемиот број на граѓани живеат во беда и сиромаштво лишени од основните
животни потреби (здравствена заштита, основно образование, итн.).
Најпознати финансиски развојни индикатори кои се користат во светот се: Бруто
домашниот производ и Бруто националниот доход (БНД). Во Табела бр. 4 се
прикажани податоците за овие два индикатори и од истата може да се согледа дека во
периодот 2001- 2011 година има константен пораст на овие индикатори во Република
Македонија.
Табела бр.4 Бруто-национален доход и Бруто -домашен производ во
Македонија, 2005- 2013 вп милипни денари

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011
Бруто
национален
доход 231071 242043 254868 270500 289380 318445 347940 406025 407767 428233 452256
Бруто
домашен
производ 233841 243970 258369 272462 295052 320059 364989 411728 410734 434112 459789
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Графикон бр. 4 Бруто-национален доход и Бруто -домашен производ

Извор: Државен завод за статистика

Бруто домашниот производ се пресметува така што се собираат сите вредности на


произведените стоки и услуги во временски интервал од една година, додека Бруто
38
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

националниот доход се пресметува така што на Бруто домашниот производ се додава


вредноста на доходот од странство и вредноста на тековните трансфери од странство.
Кога се анализираат податоците за висината на Бруто домашниот производ и Бруто
националниот доход треба да се земат во предвид и индикаторите кои укажуваат на
квалитетот на живеење, на животната средина и загадувањето бидејќи сите тие имаат
свое влијание на долг рок на развојот на економијата и благосостојбата на граѓаните,
на експлоатацијата и исцрпувањето на природните богатства. Бруто домашниот
производ по глава на жител е многу често користен индикатор за споредба на
степенот на развој на една економија со другите економии, а особено доколку истиот е
изразен во некоја конвертибилна валута. Со цел да се обезбеди меѓународна
споредливост на нивото на цените и волуменот на БДП согласно препораките на
Обединетите нации- Статистичкиот оддел во 1965 година конципирана е Меѓународна
програма за споредба на БДП во рамките на која е и Европската програма за
споредба. Оваа програма е воспоставена со цел да се конструира меѓународно
споредлива валута со курс кој ќе го изразува односот помеѓу куповната моќ на
националните валути и ќе овозможи да се споредуваат пропорциите меѓу економиите
на земјите.
Недостатоците на мерењето на развојот на една земја исклучиво преку БДП може да
се согледа и во тоа што преку истиот не се согледува целта на оствареното
производство односно во една година истото може да биде како резултат на растот на
пример на трошоците за образование, трошоците за изградба и обнова на
инфраструктура, а во друга година истиот апсолутен износ на растот да е резултат на
зголеменото производство на пример на цигари, алкохол, итн. За да се пресмета
значењето на порастот на БДП за целокупното живеење, економистите го
пресметуваат показателот за нето економска благосостојба (net economic welfare).
БДП се корегира на тој начин што од неговата вкупна вредност се одбиваат голем број
на фактори кои не го зголемуваат индикаторот на задоволство (како на пример
штетите кои и се нанесуваат на животната средина, исцрпувањето на природните
ресурси, итн.) и се дополни со одреден број на категории на потрошувачка кои не се
вклучени во БДП.
Економскиот развој се карактеризира со изразита нееднаквост и тоа во временска,
просторна и популациона смисла. Економистите често дискутираат во однос на
егзистенцијалниот минимум, односно за учеството на одредени групи на население во
Бруто националниот доход, нивото на концентрација на доходот во рацете на
39
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

најбогатите поединци, итн. Социјалниот минимум е долната граница на доходот која


му гарантира на поединецот и на домаќинството егзистенцијална сигурност, односно
минимално ниво на исхрана, здравствена заштита, облека и домување.
Домаќинствата кои не располагаат со доход кој го гарантира егзистенцијалниот
минимум припаѓаат во групата на сиромашни.
Согласно податоците за БДП по глава на жител во евра, приложени во Табела бр. 5
Република Македонија е далеку под европскиот просек. Имено во 2011 година БДП по
глава на жител во Република Македонија е 3.600 евра додека во Европска унија 25.100
евра.

Табела бр.5 БДП по глава на жител (во евра)

Држави/ Година 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011


Европска унија 22.400 23.600 25.000 25.000 23.500 24.400 25.100
Бугарија 3.000 3.400 4.000 4.600 4.600 4.800 5.200
Грција 17.400 18.700 20.000 20.800 20.700 19.900 18.700
Хрватска 8.400 9.200 10.100 11.000 10.400 10.300 10.300
Романија 3.700 4.600 6.000 6.800 5.800 6.100 6.500
Словенија 14.400 15.500 17.100 18.400 17.300 17.300 17.600
Македонија 2.400 2.600 2.900 3.300 3.300 3.400 3.600
Србија 2.700 3.100 3.900 4.400 4.000 3.800 4.400
Турција 5.600 6.000 6.700 7.000 6.100 7.500 7.500
Извор: Евростат/база на податоци

Графикон бр. 5 БДП по глава на жител (во евра)

Извор: Евростат/ база на податоци

За поддршка на економскиот развој потребно е да се намали Владината потрошувачка


за сметка на останатите видови на потрошувачка. Во графиконот бр. 6 е направена
споредба на учеството на Владината потрошувачка во БДП на Европската Унија и во
Република Македонија. Како што може да се забележи од графиконот учеството на
Владината потрошувачка во БДП е околу 20% во рамките на Европската Унија и
истото е во постојан пораст (од 19,90% во 2001 година до 21, 60% во 2012 година), за
40
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

разлика од Република Македонија каде што е во постојан пад (од 24,80% во 2001
година до 18, 50% во 2012 година). Во македонската економија имаме намалување на
Владината потрошувачка во релативен износ од БДП со што се овозможува
користење на расположливите средства за други намени (за потребите на
домаќинствата, на претпријатијата, за инвестиции итн.).

Графикон бр. 6 Учество на Владината потрошувачка во БДП


во Република Македонија

Извор: ДЗС и Евростат/ бази на податоци

Во графиконот бр.7 е направена споредба на податоците за учество на инвестициите


во основни средства во БДП во Европската Унија и во Република Македонија. Како
што може да се согледа од графиконот учеството на инвестициите во БДП во
Република Македонија е во константен пораст (од 14,8% во 2001 година до 23% во
2012 година), за разлика од Европската Унија каде што учеството на инвестициите е
во опаѓање (од 20,20% во 2001 година до 17, 90% во 2012 година). Зголеменото
учество на инвестициите на долг рок неминовно треба да придонесе кон побрз раст и
развој на македонската економија.

41
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон бр.7 Учество на инвестициите во основни средства во БДП

Извор: ДЗС и Евростат/ бази на податоци

Стапките на раст на Бруто домашниот производ го покажуваат реалниот раст на


националната економија. Како што може да се забележи од Графиконот бр.8 во
периодот 2001- 2007 година во Република Македонија има константен раст во БДП,
додека во периодот 2008- 2010 се забележува пад, а во периодот 2010- 2011 се
констатира повторно раст во БДП. Споредбата со Европската Унија укажува на фактот
дека стапките на раст во Република Македонија се повисоки од оние на Унијата (со
исклучок на 2001 година).

Графикон 8. Стапки на раст на БДП, 2001- 2011

Извор: Државен завод за статистика и Евростат/ бази на податоци

Анализата на учеството на финалната потрошувачка на домаќинствата и на


непрофитните институции кои што им служат на домаќинствата во БДП покажува дека
релативното учество на истите во Република Македонија е многу поголемо од она во
Словенија, Хрватска, Бугарија и Романија како и во Европската Унија. Во случајот со

42
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Република Словенија учеството на финалната потрошувачка на домаќинствата и на


непрофитните институции кои што им служат на домаќинствата во БДП е помало од
просечното во рамките на Европската Унија (процентуалните учества се прикажани
подолу во графиконот бр.9).23 Оваа состојба е секако понеповолна за Република
Македонија бидејќи потрошувачката на домаќинствата и на непрофитните институции
кои што им служат на домаќинствата нема развојни елементи односно од 70-75% од
БДП се користи за овие намени со што остануваат помалку средства за други намени,
како на пример за инвестиции.

Графикон 9. Учество на финалната потрошувачка на домаќинствата

и на непрофитните институции што им служат на домаќинствата во БДП (во %)

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Паритетот на куповната моќ е стапка на конверзија на валутите за елиминирање на


разликите во нивото на цените изразувајќи ја вредноста за истото количество и за
истите стоки и услуги купени во различни држави со различни валути. Преку БДП
изразен во паритет на куповна моќ се овозможува рангирање на државите според
големината на економијата. Како што може да се види од табела бр. 6, БДП на
Република Македонија се движи од 25% до 36% од БДП на Европската Унија.

Табела 6. Бруто домашен производ изразен во паритет на куповна моќ (пресметан според нивото на
цените во земјата), 2001-2011
2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011
ЕУ 19800 20500 20800 21600 22400 23600 25000 25000 23500 24400 25100
МК 5000 5200 5300 5900 6600 7100 7700 8400 8500 8900 9000

23
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=NacSmA_Mk_06cM2_01mk&ti=&path=../Database/Statistik
aPoOblasti/BDP/BDPInvesGodisni/BDPsporedESS2010/&lang=18

43
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

МК/ЕУ=100 25 25 25 27 29 30 31 34 36 36 36
Извор: Државен завод за статистика и Евростат/ бази на податоци

Графикон 10. Бруто домашен производ изразен во паритет на куповна моќ, 2001-2011

Извор: ДЗС и Евростат/ бази на податоци

Стапката на невработеност се пресметува како учество на бројот на невработените во


вкупната работна сила. Во невработени согласно препораките на Статистичкото биро
на Европската Унија- Евростат, се вклучени лицата на возраст од 15 до 74 години кои
ги исполнуваат следните услови: за време на периодот на набљудување- извештајна
недела не работеле, активно барале работа односно преземале конкретна активност
за наоѓање работа, биле подготвени да прифатат работа во следните недели по
завршувањето на извештајната недела. Вкупната работна сила (економски активното
население) ја сочинуваат вработените и невработените лица. Во Република
Македонија стапката на невработеност е со опаѓачки тренд, согласно приложените
податоци во графиконот бр.11 стапката на невработеност во 2005 година била 37,3%,
а во 2011 година 31,4%. Според последните расположливи податоци стапката на
невработеност во 2012 година изнесува 31%, во 2013 година 29,0% (а во првиот
квартал од 2014 година изнесува 28,4%). Сепак, споредено со другите европски
држави сеуште стапката на невработеност е релативно повисока. Како што може да се
согледа од графиконот бр.13 стапките на невработеност во Република Македонија се
многу повисоки во споредба со Европската Унија.

44
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 11.Стапки на невработеност

Извор: Државен завод за статистика и Евростат/бази на податоци

Во графиконот бр. 12 се прикажани стапките на вработеност во Република Македонија


во периодот 2001 - 2013 година.24 Како што може да се заклучи од графиконот
стапката на вработеност во разгледуваниот период е најголема кај лицата со стекнато
терцијарно ниво на образование (71,4 % е во 2013 година), додека кај лицата со
секундарно ниво на образование стапката на вработеност во 2013 година изнесува
60,4%, а со примарно ниво на образование 36,2%. Стапката на вработеност на лицата
на возраст од 20 до 64 години во Република Македонија е во постојан раст во
разгледуваниот период, во 2013 година изнесува 50,3%. Стапката на вработеност на
мажите е повисока во однос на жените во сите години од разгледуваниот период, така
на пример во 2013 година 59,7% е кај мажите и 40,7% кај жените.

Графикон 12. Стапки на вработеност, 2001-2013

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

24
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=PazTrud_Mk_04StapVrab_mk&ti=&path=../Database/Statis
tikaPoOblasti/PazarNaTrud/AktivnosNaNaselenie/&lang=18

45
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во графикон бр. 13 се прикажани стапките на невработеност за периодот 2001- 2013


година. Како што може да се забележи од истиот во периодот 2001- 2005 година
стапката на невработеност бележела константен пораст (од 20,5% во 2001 година до
37,3% во 2005 година), за да почне да опаѓа почнувајќи од 2006 година (36%) и да
достигне 29% во 2013 година.
Графикон 13. Стапки на невработеност, 2001-2013

Извор:Државен завод за статистика/база на податоци


Во Графикон бр.14 се прикажани стапките на долгорочната невработеност во
периодот 2000-2012 година кои истотака бележат опаѓање. Во 2012 година стапката на
долгорочната невработеност изнесувала 25,5%, а учеството на јавната потрошувачка
во образованието бележела благ пораст (4% во 2012 година).
Графикон 14. Стапка на долгорочна невработеност и јавна потрошувачка за
образованието, 2000-2012

46
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Извор:Анкета за работната сила 2014, Државен завод за статистика


Во деведесеттите години од минатиот век почнал да се користи Индексот за човечкиот
развој (HDI) како индикатор за меѓународна споредба и оцена на нивото на развој на
една земја. Врз основа на методологијата развиена од страна на Обединетите нации
овој индекс ги вклучува: очекуваното времетраење на животот, стапката на писменост
на возрасните жители на земјата и БДП по глава на жител по паритет на куповната
моќ изразен во долари25. Доходот е вклучен во HDI како замена за сите димензии од
човечкиот развој кои не се искажани преку долг и здрав живот и знаење.
HDI= Актуелната вредност во земјата- минималната вредност во светот
Максималната вредност во светот- минимална вредност во светот

Индексот за човечкиот развој има теориски екстреми 0 и 1 односно 0<HDI<1. Колку


HDI се приближува до 1 толку означува повисок квалитет на живот.
Во Република Македонија во 2013 година овој индекс изнесува 0,732 и е повисок од
2012 година кога истиот изнесувал 0,730, но согласно податоците од табела бр.7 е
понизок во споредба со Словенија, Грција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Романија,
Бугарија,Турција и Србија, а повисок е само во однос на Босна и Херцеговина и
Албанија.

Табела бр. 7 Индекс на човечкиот развој и неговите компоненти, 2013 година


Бруто
национален
производ
Индексот на очекувано Просечно Очекувани (GNI) по Индексот на
човечкиот времетраење години на години за глава на човечкиот
развој (HDI) на животот образование образование жител развој (HDI)
Вредност години Години Години (2011 PPP $) Вредност
2013 2013 2012 2012 2013 2012
Словенија 0,874 79,6 11,9 16,8 26.809 0,874
Грција 0,853 80,8 10,2 16,5 24.658 0,854
Унгарија 0,818 74,6 11,3 15,4 21.239 0,817
Хрватска 0,812 77,0 11,0 14,5 19.025 0,812
Црна Гора 0,789 74,8 10,5 15,2 14.710 0,787
Романија 0,785 73,8 10,7 14,1 17.433 0,782
Бугарија 0,777 73,5 10,6 14,3 15.402 0,776
Турција 0,759 75,3 7,6 14,4 18.391 0,756
Србија 0,745 74,1 9,5 13,6 11.301 0,743
Македонија 0,732 75,2 8,2 13,3 11.745 0,730
Босна и Херцеговина 0,731 76,4 8,3 13,6 9.431 0,729
Албанија 0,716 77,4 9,3 10,8 9.225 0,714
Извор: Обединети нации, UNESCO Институт за статистика

25
UNITED NATIONS DEVELOPMENT PROGRAMME,Human Development reports, Human Development Index

47
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон бр. 15 Индекс на човечкиот развој, 2012 и 2013 година

2013 година
2012година

Извор: Обединети нации, UNDP

Во графиконот бр. 16 се прикажани Индикаторите за сиромаштијата: стапка на


релативна сиромаштија (30,4 во 2011 година) и индекс на длабочина на
сиромаштијата (9,3 во 2011 година), за периодот 2003- 2011 година. Двата
индикатори бележат опаѓање во 2011 година во однос на 2010 година, а најголем
пад има во 2008 година во однос на 2007 година26.
Графикон 16. Индикатори за сиромаштијата

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

26
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/ZivotenStandard/AnketaZaPotrosuvackaDomakinstv
a/AnketaZaPotrosuvackaDomakinstva.asp

48
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во Графикон бр.17 се прикажани одредени индикатори поврзани со


образованието, кој што е од суштинско значење за економскиот развој преку
обезбедување на соодветен обучен и високо квалификуван кадар, и тоа: стапката
на запишани ученици во основно образование (90,3% во 2013 година), лицата кои
рано го напуштаат училиштето (11,4% во 2013 година), лица со низок степен на
образование на возраст од 25- 64 години (34,4% во 2013 година), лица со низок
степен на образование на возраст од 65 години и повеќе (63,9% во 2013 година),
лица вклучени во процесот на доживотно учење (3,5% во 2013 година).

Графикон 17. Индикатори за степенот на образование

Извор: Публикација "Одржлив развој 2014", Државен завод за статистика


Во Табелите 8 и 9 се дадени податоци за очекуваното времетраење на животот
одделно за жените и мажите во Република Македонија, Европската Унија како и во
соседните држави кое укажува на квалитето на живеење (обезбедување на безбедна и
здрава храна како резултат на повисокиот стандард, соодветна здравствена заштита,
итн). Како што може да се заклучи од податоците жените имаат подолг очекуван
животен век во однос на мажите, а споредено по држави во Република Македонија
очекуваното времетраење на животот за жените во 2012 година е 76,9 години за
разлика од Европската Унија каде очекуваното времетраење е 83,1 година. Во
споредба со останатите држави Република Македонија има најмало очекувано
49
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

времетраење на животот (76, 9 години), додека во Србија е 77,5 години, Црна Гора
78,4 години, Словенија 83,3 години, итн. Во однос на очекуваното времетраење на
животот за мажите во 2012 година за Република Македонија е 73 години, додека во
Србија е 72,3 години, Црна Гора 74,3 години, Словенија 77,1 години, во Европската
Унија е 77,5 години.

Табела 8. Очекувано траење на животот - жени

држави/ години 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
ЕУ 28 81,5 81,5 82,0 82,2 82,3 82,6 82,8 83,1 83,1
Бугарија 76,2 76,2 76,3 76,6 77,0 77,4 77,4 77,8 77,9
Грција 82,0 82,3 82,6 82,5 83,0 83,3 83,3 83,6 83,4
Хрватска 78,8 78,8 79,3 79,2 79,7 79,7 79,9 80,4 80,6
Романија 75,5 75,7 76,2 76,9 77,2 77,4 77,5 78,2 78,1
Словенија 80,8 80,9 82,0 82,0 82,6 82,7 83,1 83,3 83,3
Црна Гора - 77,0 76,6 77,2 78,1 77,6 78,5 78,9 78,4
Македонија 75,8 75,9 76,2 75,9 76,5 76,7 77,2 77,2 76,9
Србија 75,5 75,6 76,1 76,5 76,6 76,7 77,0 77,2 77,5
Турција : : : : : 78,8 79,4 79,8 80,5
Извор: ДЗС и Евростат/база на податоци

Табела 9. Очекувано траење на животот - мажи


држави/
години 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
ЕУ 28 75,2 75,4 75,8 76 76,3 76,6 76,9 77,4 77,5
Бугарија 69 69 69,2 69,5 69,8 70,2 70,3 70,7 70,9
Грција 76,6 76,7 77,1 76,9 77,5 77,5 78 78 78
Хрватска 71,8 71,7 72,4 72,2 72,3 72,8 73,4 73,8 73,9
Романија 68,5 68,9 69,5 69,9 69,9 69,9 70,2 71,1 71
Словенија 73,5 73,9 74,5 74,6 75,5 75,9 76,4 76,8 77,1
Црна Гора : 71,4 71,5 72,1 72,8 72,9 73,6 73,4 74,3
Македонија 71,5 71,6 71,7 71,8 72,4 72,3 72,9 73,1 73,0
Србија 70 70,2 70,8 70,9 71,3 71,4 71,8 72 72,3
Турција : : : : : 73,3 74,2 74,4 74,8
Извор: ДЗС и Евростат/ база на податоци

Одржливиот развој е во центарот на интересот на Европската но и пошироко на


светската јавност, на економистите, аналитичарите, еколозите, научниците, итн.
Одржливиот развој е тесно поврзан со аграрот бидејќи аграрот ги користи природните
ресурси а пред се земјиштето, но од друга страна и со самиот процес на земјоделско
производство (користење на природни или вештачки ѓубрива, средства за заштита на
растенијата, итн.) може да се влијае на одржливиот развој односно на заштита на
животната околина, одржување на биодиверзитетот и зголемување на енергетската
ефикасност. Ограниченоста на природните ресурси, економската и социјалната

50
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

состојба во пооделните национални економии но и во економските и политичките унии


ја наметнуваат потребата од се поголеми инвестициони вложувања за истражување и
развој. Во Република Македонија оваа тема станува се повеќе актуелна и се
ангажираат ресурси за поттикнување на иновациите, за истражувањето и развојот што
од своја страна ќе придонесе кон побрз раст и развој на економијата, раст на
социјалната заштита, заштита на животната средина преку производство на еколошки
здрави производи.

Во табелата бр. 10 прикажани се податоци за учеството на обновливите извори на


енергија во вкупно потребната енергија во разгледуваниот 13-годишен период.27 За
разлика од европските трендови каде што енергијата добиена од обновливи извори
константно се зголемува, во Република Македонија има намалување на нејзиното
учество од 11,9% во 2000 година на 9,8% во 2012 година. Гледано по видови на
обновлива енергија може да се констатира дека енергијата добиена од биомаса е
најмногу застапена со учество од 6,4%, на второ место е хидро енергијата со учество
од 3%, потоа следат енергијата од геотермални извори со учество од 0,4% и со многу
мало учество (помало од 0,0%) е енергијата од биодизел и соларната енергија.
Обновливата енергија е тесно поврзана со аграрот и потребно е да се вложат
поголеми напори за поцелосно користење на овие извори на енергија преку паралелно
користење за потребите на аграрот и за производство на електрична енергија, како
што е на пример користењето на водите од езерата и реките за наводнување на
земјоделските површини но и за производство на хидро енергија преку изградба на
хидроцентрали и соодветни иригациони системи.

Табела 10. Учество на обновливата во вкупната енергија, 2000- 2012


2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
Учество на
обновливата во
вкупната
потребна
енергија, вкупно,
% 11,9 8,4 7,8 11,0 11,3 10,2 10,9 7,8 8,4 11,1 14,6 10,4 9,8
Учество на
обновливата во
вкупната
потребна
енергија, хидро
енергија, % 3,6 2.0 2,3 4,3 4,6 4,5 4,8 2,9 2,4 3,9 7,3 3,9 3,0
Учество на
обновливата во
вкупната 7,7 5,6 5,1 6,2 6,2 5,4 5,7 4,6 5,7 6,9 6,9 6,0 6,4

27
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Energija/EnergetIndikatori/EnergetIndikatori.asp

51
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

потребна
енергија,
биомаса, %
Учество на
обновливата во
вкупната
потребна
енергија,
геотермална, % 0,6 0,9 0,4 0,5 0,4 0,4 0,4 0,3 0,3 0,3 0,4 0,4 0,4
Учество на
обновлива во
вкупна енергија ,
биодизел, % - - - ....... - - ....... - 0,0 0,1 0,1 0,0 0,0
Учество на
обновлива во
вкупна енергија ,
соларна% ....... ....... ....... ....... ....... ....... ....... ....... ....... ....... 0,0 0,0 0,0
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Графикон 18. Учество на обновливата во вкупната енергија

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Во табела бр. 11 и графикон бр. 19 се прикажани податоците за емисијата на


стакленички гасови во Република Македонија кои имаат директно влијание врз
загаденоста и воопшто на квалитетот на животната средина.28 Аграрниот сектор
истотака придонесува во загадувањето на природата преку користењето на
современи агро- технички средства за зголемување на приносите, несоодветно
28
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/OdrzlivRazvoj/OdrzlivRazvoj.asp

52
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

управување со создадениот отпад во процесот на производство, преработката на


земјоделските производи, итн. Како што може да се согледа од податоците има
постепено намалување на стакленичките гасови и тоа на вкупно ниво од 12,3
милиони тони CO2 еквиваленти во 2000 година на 11,4 во 2009 година, а истото
може да се констатира и за стакленичките гасови во пооделните сектори.

Табела 11. Емисија на стакленички гасови


2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009
Емисија на
стакленички
гасови,милиони тони
CO2 еквиваленти,
вкупно 12,3 12,4 12,5 12,4 12,3 13,0 11,9 12,3 12,4 11,4
Емисија на
стакленички
гасови,милиони тони
CO2 еквиваленти,
сектор Енергија 9,2 9,3 9,8 9,1 8,7 9,5 8,5 9,0 9,1 8,8
Емисија на
стакленички
гасови,милиони тони
CO2 еквиваленти,
сектор Индустриски
процеси 0,9 0,9 0,8 0,6 1,0 1,1 0,8 0,9 1,0 0,4
Емисија на
стакленички
гасови,милиони тони
CO2 еквиваленти,
сектор Земјоделство 1,4 1,3 1,1 1,7 1,8 1,6 1,7 1,5 1,4 1,3
Емисија на
стакленички
гасови,милиони тони
CO2 еквиваленти,
сектор Отпад 0,8 0,8 0,8 0,8 0,8 0,8 0,9 0,9 0,9 0,9
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Согласно податоците прикажани во табела бр. 12, учеството на електричната енергија


од обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија има променлива насока
на движење и тоа во 2001 (9,2%) , 2002 (11%), 2003 (17,9%) и 2004 (18,9%) година има
раст, за во 2005 година (17,5%), 2007 (11,2%) и 2008 (9,3%) да забележи пад. Во 2010
година има најголемо учество од 28% електричната енергија од обновливите извори
во вкупната енергија.29

29
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Energija/EnergetIndikatori/EnergetIndikatori.asp

53
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 19. Емисија на стакленички гасови, милиони тони CO2 еквиваленти, вкупно, 2000-2009

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Табела 12. Електрична енергија од обновливи ресурси, 2000-2012

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
Електрична енергија
пд пбнпвливи
ресурси, % пд брутп-
пптрпшувачката на
електрична енергија 16,9 9,2 11,0 17,9 18,9 17,5 18,7 11,2 9,3 15,4 28,0 15,0 11,7
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Графикон 20. Електрична енергија од обновливи ресурси, % од бруто потрошувачката на


електрична енергија

54
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Енергетската интензивност на економијата е сооднос помеѓу бруто- потребната


потрошувачка на енергија и БДП за одредена календарска година. Овој индикатор ја
мери потрошувачката на енергија на една економија како и нејзината вкупна
енергетска ефикасност. Бруто потрошувачката на енергија се пресметува како збир на
бруто потрошувачката на следните видови на енергија (јаглен, електрична енергија,
масло, природен гас и обновливи извори на енергија). Енергетската интензивност на
економијата ја покажува бруто -потребната потрошувачка на енергија во однос на
БДП. Бруто потрошувачката на енергија се мери во килограми на еквивалент на
нафта, а БДП се изразува во 1000 евра. Овој индикатор ја покажува годишната
потреба за енергија за единица аутпут. Во табела бр. 13 се прикажани податоците за
енергетската интензивност на економијата на Република Македонија и на Европската
унија и како што може да се согледа од истите енергетската интензивност во
Македонија е повеќекратно повисока (501,2 во 2012 година) од онаа на Европската
унија (143,2 во 2012 година) што е многу неповолно.

Табела 13. Индикатор за енергетска ефикасност (Енергетска интензивност


на економијата)

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
ЕУ 170,9 168,2 169,2 166,9 163,9 159,2 151,9 151 148,9 151,6 144 143,2
МК 605,5 589,5 625,9 588,3 571,8 566,3 553,6 523 494,4 493,5 522,5 501,2
Извор: Државен завод за статистика и Евростат/ бази на податоци

55
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 21. Енергетска интензивност на економијата

Извор: Државен завод за статистика и Евростат/ бази на податоци

Научно- истражувачката дејност има големо значење за подигање на продуктивноста


на трудот, остварување на поголеми заработки преку производство на производи со
конкурентски предности кои можат да се пласираат покрај на домашниот и на
странските пазари. Од овие причини вложувањата во истражување и развој во сите
дејности па и во аграрот, имаат големо влијание на економскиот раст и развој за една
држава.Научно- истражувачката дејност ги опфаќа основните- фундаментални и
применетите истражувања чии резултати содржат изворност/ оригиналност, а се
насочени кон проширување и унапредување на дејноста и на вкупните знаења.
Апликативните истражувања опфаќаат трансфер на знаења за подобрување на
постојните и воведување на нови технологии, како и примена на тие знаења во
изнаоѓање практични решенија за развојот на економијата. Истражувачка работа се
проекти што се реализираат во рамките на програмата за научно- истражувачките и
истражувачко- развојните организации и истражувачките единици и се резултат на
откривање на нови и развој на постоечки знаења и искуства, како и нивна употреба.
Европската унија како приоритетна цел го има утврдено постојаното зголемување на
бруто-трошоците за истражување и развој, а процесот на интегрирање на Република
Македонија во Европската унија наложува оваа приоритетна цел да важи и за
Република Македонија. Бруто-трошоците за истражување и развој во Република
Македонија во последните 5 години се движат околу 0,2 % од БДП.

Европската унија се залага особено за зголемено учество на трошоците за


истражување и развој од производниот/приватниот сектор во вкупните трошоци за
истражување и развој. Во земјите од Југоисточна Европа, како што се Словенија и
Романија, над 40 проценти од националните трошоци за истражување и развој
доаѓаат од производниот/приватниот сектор, за разлика од Република Македонија
каде што овој процент е значително понизок.

Прогресот на една економија на долг рок е остварлив преку континуирано вложување


во научно- истражувачката работа, како и преку поттикнување на иновациските
активности. Согласно податоците објавени од страна на Државниот завод за

56
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

статистика иновативните деловни субјекти во периодот 2010- 2012 година учествувале


со 42,8% во вкупниот број на деловни субјекти, односно 2060 деловни субјекти од
вкупно 4818 субјекти имале воведено иновација на производ, процес, организациска
или маркетинг иновација. Од иновативните деловни субјекти 24,7% имале воведено
иновација на производ и процес, 46,4% имале воведено организациски и маркетинг
иновации, а 18,2% истовремено вовеле иновации на производ, процес, организациски
и маркетинг иновации. Гледано по сектори најголемо процентуално учество имале
иновативните деловни субјекти од Преработувачката индустрија (со 33%) и деловните
субјекти од Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и
моторцикли (со 27%). Најголем дел од деловните субјекти кои имале иновации во
производи или процеси (91,6%) или во организација или маркетинг (87,6%) своите
стоки и услуги ги пласирале на локалните и регионалните пазари.30

Во табела бр. 14 се прикажани индикаторите за одржлив развој кои се однесуваат на


учеството на трошоците за истражување и развој во БДП во Република Македонија и
во рамките на ЕУ. Како што може да се види од табелата процентот на учество на
овие трошоци е далеку помал во однос на европскиот и тоа во 2011 година во
Република Македонија учеството во БДП е 0,24% за разлика од ЕУ каде што ова
учество е 2,04%.

Табела 14. Учество на трошоците за истражување и развој во БДП


2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011
ЕУ 1,86 1,87 1,86 1,82 1,82 1,84 1,84 1,91 2,01 2,00 2,04
МК 0,20 0,19 0,22 0,24 0,24 0,20 0,17 0,23 0,20 0,22 0,24
Извор: ДЗС и Евростат/ бази на податоци

Графикон 22. Учество на трошоците за истражување и развој во БДП

Извор: Државен завод за статистика/ бази на податоци

30
Државен завод за статистика/ Публикација "Иновативни деловни субјекти, јуни 2014"

57
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 15. Структура на вкупните трошоци за истражувачко-развојна


дејност според секторот на истражувањето, 2005- 2011
Година 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011

Производен 12,12 12,27 23,13 28,54 21,14 11,18 15,56


сектор
Владин 46,25 47,9 47,57 40,04 46,41 44,19 24,29
сектор
Сектор за 41,63 39,83 29,3 31,42 32,45 44,63 60,15
високо
образование

Вкупно 100 100 100 100 100 100 100


Извор: Публикација "Научна и истражувачко-развојна дејност 2015-2011",
Државен завод за статистика

Графикон 23. Структура на вкупните трошоци за истражувачко-развојна дејност, 2011

Извор: Публикација "Научна и истражувачко-развојна дејност 2015-2011", Државен завод за статистика

Вкупните вложувања во истражувањето и развој се движат околу 0,22% во Бруто домашниот


производ на Република Македонија што е многу мало учество во однос на учеството во европските
држави. Во овој процент најголемо учество имале вложувањата во Секторот на високото
образование (0,14% во 2011 година), а најмало учество се вложувањата во истражувањето и развој
од Производниот сектор (0,03% во 2011 година). Најмногу иноватори во Република Македонија
имало во Преработувачката индустрија (684 во периодот 2010- 2012 година) од вкупно 1520
анкетирани субјекти, а најмалку во Секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација (само 5 иноватори во периодот 2010-2012 година) од вкупно анкетираните 14
субјекти, во Секторот за земјоделство, шумарство и рибарство имало 35 иноватори од вкупно
анкетираните 99 земјоделски деловни субјекти). Иновативните деловни субјекти од Секторот за
земјоделство, шумарство и рибарство учествувале со 2% во вкупниот број на иновативни субјекти.

Табела 16. Вкупни трошоци за истражувачко-развојна дејност според секторот на истражувањето како процент од
Бруто домашниот производ на Република Македонија, 2005- 2011

2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011

Производен сектор 0,03 0,02 0,04 0,07 0,04 0,02 0,03

58
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Владин сектор 0,11 0,10 0,08 0,09 0,09 0,10 0,05

Сектор на високото образование 0,10 0,08 0,05 0,07 0,07 0,10 0,14

Вкупно 0,24 0,20 0,17 0,23 0,20 0,22 0,22

Извор: Публикација "Научна и истражувачко-развојна дејност 2015-2011" и база на податоци, Државен завод за
статистика

Табела 17. Деловни субјекти според иновативностa, по сектори


2010 -2012

Вкупно Иноватори Неиноватори

Вкупно сите сектори 4818 2060 2758


А Земјоделство, шумарство и рибарство 99 35 64
Б Рударство и вадење на камен 52 26 26
В Преработувачка индустрија 1520 684 836
Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација 14 5 9
Д Снабдување со вода; отстранување на отпадни
води, управување со отпад и дејности за санација
на околината 82 39 43
Ѓ Грдежништво 495 124 371
Е Трговија на големо и трговија на мало; поправка
на моторни возила и мотроцикли 1266 563 703
З Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна 347 141 206
Ж Транспорт и складирање 381 130 251
S Информации и комуникации 128 89 39
И Финансиски дејности и дејности на осигурување 55 49 6
Ј Дејности во врска со недвижен имот 42 25 17
К Стручни, научни и технички дејности 210 96 114
Л Административни и помошни услужни дејности 127 54 73
Извор: Соопштение "Иновативни деловни субјекти во периодот 2010-2012", Државен завод
за статистика

Во современи услови на живеење, користењето на интернетот станува потреба и


одтука од големо значење е во колкав степен истиот се користи од страна на
населението во една држава будејќи тоа индиректно укажува на нејзиниот степен на
развој. Во графикон бр.24 се прикажани податоците за бројот на интернет корисници
во Република Македонија во периодот 2006-2013 година.31 Како што може да се
согледа од графиконот бројот на корисници на интернет вкупно како и бројот на
корисници на интернет на возраст од 15-74 години е во постојан пораст во
разгледуваниот период, и тоа во бројот на интернет корисници на сто лица од 19,4 во
2006 година се зголемил на 51,0 во 2013 година, а бројот на корисници на интернет на
возраст од 15-74 години од 25,2 во 2006 година се зголемил на 65,2 во 2013 година.

31
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/InfOpstestvo/InfOpstestvo.asp

59
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 24. Интернет корисници, 2006-2013

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

4. Карактеристики на секторската структура на националната


економија
Економската структура се дефинира како композиција од различните компоненти на
макроагрегатите, релативната промена во нивната големина во одреден временски
период и нивниот однос со промените на приходите. Како што се развиваат
економиите од земјоделски кон индустриски и кон услужни економии така се случува и
трансформација во меѓусекторските врски, кај понеразвиените економии постои
интеракција пред се меѓу активностите од примарниот сектор, додека кај поразвиените
економии меѓу активностите од секундарните и терцијарните сектори.
Фундаменталната економска структура ги претставува оние економските активности
кои се постојано присутни во економиите со различна големина и сложеност.
Анализите на структурните промени кои ги поврзуваат техничките промени со
економскиот раст се појавуваат во текот на 1990-тите години. Холанд и Кук (1992) ги
анализирале регионалните податоци за Вашингтон и заклучиле дека промените во
производството, особено во секторот на услуги биле водени од меѓународната
побарувачка. Фазите на економскиот развој на една економија се тесно поврзани со
односите помеѓу секторите. Овие економисти тврдат дека како економијата преминува
од примарна фаза во повисока фаза на развој, така врските помеѓу нејзините сектори
стануваат посложени. Во почетната фаза, економиите се силно зависни од
примарниот сектор, а како се развива секундарниот сектор, така се зголемува
интеракцијата меѓу двата сектори. Процесот на индустријализација подразбира
зголемување на учеството на услужните сектори, како што се: финансиите,
осигурувањето, високата технологија и трговскиот сектор. Во процесот на
модернизација постои силна поврзаност помеѓу економскиот развој и структурните
промени.
Структурната комплексност на економскиот систем може да биде разбрана преку
поделбата на економијата на три елементи: структура, процеси и комплексност (Pryor,

60
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1996).32 Структурата се состои од компонентите на макроекономските агрегати.


Процесот вклучува анализа и идентификување на структурните промени во
економијата. Показателите на структурните промени ги прикажуваат моделите на
промени кои се случуваат во економијата во одреден момент. Структурните промени
се промените на релативното значење на агрегатните индикатори на економијата, како
што се: потрошувачката, заштедите, инвестициите и расходите. Комплексноста се
занимава со поврзување на одредени аспекти од однесувањето на економските
системи со структурните компоненти на целокупниот економски систем.
Структурата на економијата може да се анализира преку нејзините составни делови,
кои што се нарекуваат сектори. Во зависност од целта која треба да се постигне
секторите може да бидат анализирани во поширока смисла како групи (на пример,
инжинерството) или во потесна смисла како делови од групи (на пример, опрема за
вбризгување на гориво). Процесот на економски развој е менување на распределбата
на економските активности во одреден временски период. За да се разбере
дистрибуцијата на економските активности идентификувани се три сектори: примарен,
секундарен и терцијарен сектор, а во последно време се повеќе се спомнува и четврт
сектор -квартарен (quaternary) сектор (Kenessey, 1987; Malecki, 1991)33. Овие сектори
одговараат на економските активности втемелени во различни производствени
процеси како што се: "извлекување", "обработка", "испорака" и "информации".
Kenessey (1987) се залага за секторската-структурна хипотеза која основните,
секундарните, терцијарните и квартарните (quaternary) активности ги става во однос со
различните стапки на раст и нивоата на економски перформанси на економијата. За да
се поттикне динамиката на раст потребно е разбирање на врските помеѓу овие
сектори. Ако претпоставиме економија со три сектори: земјоделството, индустријата и
услуги, тогаш постојат девет пермутации, во која трите сектори може да комуницираат/
да бидат во интеракција. Ако се апстрахираат различните врски и само се
анализираат врските меѓу земјоделството и индустријата, тогаш, оваа поврзаност
може да се разгледува преку улогата на земјоделството, како: снабдувач на храна,
снабдувач на суровини за агро-индустријата, генератор на земјоделски приходи кој
создава финална побарувачка на индустриското производство и креатор на развојот.
Chenery (1960) и Тејлор (1968) ги идентификувале шемите меѓу големите земји,
малите земји ориентирани кон примарните гранки и малите земји кои се индустриски
ориентирани.34 Тие ги идентификувале моделите на промени во структурата на
производството како резултат на промените во нивото на приходи. Моделите на развој
не се непроменливи со текот на времето, а особено "технолошките промени" имаат
силно влијание врз структурните промени во економиите. Во економските анализи
многу често се смета дека нациите почнуваат како примарни производители, а потоа

32
Pryor F.L., 1996, Economic Evolution and Structure: The Impact of Complexity on the US Economic System, Cambridge
University Press.

33
Kenessey Z., 1987, “The Primary, Secondary, Tertiary and Quaternary Sectors of the Economy”, Review of Income and
Wealth, 33(4):359-385 and Malecki E.J., 1991, Technology and Economic Development: The Dynamics of Local, Regional and
National Change, Longman, London.

34
Chenery H.B., and Taylor L., 1968, “Development Patterns: Among Countries and Over Time”, Review of Economics and
Statistics, 50(4): 391-416.

61
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ресурсите се префрлаат на секундарното производство и на крај се развиваат


услугите. Со економскиот развој, се намалува уделот на трудот во земјоделството а
првично се зголемува во индустријата за потоа да се намали трудот и во индустријата
за сметка на неговото зголемување во услужниот (терцијарниот) сектор.35

Основна карактеристика на македонската економија е постојаното опаѓање на


учеството на примарниот сектор со истовремено зголемување на учеството на
секундарниот и на терцијалниот сектор односно намалено учество на индустријата и
аграрот на сметка на останатите пред сè услужни дејности (трговијата, транспортот,
финансиското посредување, туризмот и др.). Трансформативните процеси потребно е
да се насочат кон приспособување и модернизација на индустрискиот и аграрниот
сектор, но и кон поинтензивен и покавалитетен развој на услужниот сектор. Имајќи ги
во предвид расположливите ресурси и фактори, има реални предуслови за развој на
производството и пораст на учеството на услужните дејности, со што ќе се создадат
услови за еден постабилен економски развој со зголемено ниво на модернизација на
македонската економија.
Според учеството во Бруто домашниот производ (табела бр. 18), најзначаен сектор во
Република Македонија е индустријата и тоа преработувачката индустрија, која
учествува со 13,47% во 2011 година. Втора по значење е трговијата која заедно со
поправките на моторни возила и мотоцикли учествува со 13,46% во Бруто домашниот
производ, а на трето место е аграрот кој заедно со шумарството и рибарството
учествува со 9,55% во 2011 година. Градежништвото во структурата на Бруто
домашниот производ учествува со 6,51 %, а транспортот и складирањето со 3,45%.
Информациите и комуникациите учествуваат со 4,13%, образованието со 3,35%,
здравството со 3,49%, а останатите сектори со помалку од 3%.
Бруто домашниот производ во номинална вредност бележи константен пораст од
4.814 милиони евра во 2005 година до 7.473 милиони евра во 2011 година. Бруто
домашниот производ по глава на жител според паритетот на куповната моќ исто така
бележи пораст и тоа од 6614 евра во 2005 година до 8868 евра во 2011 година.
Реалната стапка на раст на Бруто домашниот производ бележи пораст во периодот
2005- 2011 година со исклучок на 2009 година кога има пад од 0,9% во однос на
претходната година.
Аграрот се до 1961 година бил главна гранка во економскиот развој на земјата, но во
наредниот период го губи приматот на сметка на индустријата како резултат на
35
FUNDAMENTAL ECONOMIC STRUCTURE AND STRUCTURAL CHANGE IN REGIONAL ECONOMIES: A
METHODOLOGICAL APPROACH, SUDHIR K. THAKUR, 2011
62
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

фаворизирањето на индустријата како приоритетна гранка во економскиот развој на


земјата, како мерка за поинтензивен развој и побрз излез од неразвиеноста, што се
гледа и од нејзиното големо учество во Бруто домашниот производ, на сметка на
останатите стопански активности кај кои е присутно намалување. Порастот на
македонската економија е резултат на големите инвестициски вложувања во нејзината
структура и изградбата на нови деловни објекти, особено во делот на индустрискиот
сектор.
Индустријата и понатаму останува водечка гранка во Република Македонија, меѓутоа
нејзиното учество и придонес во растот е намалено драстично. Причината за
намалената генеративна улога на индустријата лежи во стагнантните тенденции во
производството, неповолната производна структура и технолошката заостанатост,
нерентабилното работење и големите загуби, увозната зависност итн. Увозната
зависност се намалува постепено во изминатиот период, така на пример во 2005
година извозот на добра и услуги учествува со 44% во Бруто домашниот производ а на
увозот 61%, додека во 2011 година извозот на добра и услуги учествува со 44% во
Бруто домашниот производ, а увозот со 43%.
За понатамошен развој на Индустрискиот сектор потребна е ревитализација на
постоечките капацитети со воведување на нови технологии, промена на
производствената структура со зголемено учество на извозно ориентираните гранки.
Во преработувачката индустрија која во 2011 година имала додадена вредност од
61.918 милиони денари и учествувала со 23,47% во БДП, најголемо учество имало
производството на прехранбени производи со остварена додадена вредност од 8.960
милиони денари и учество од 14,5% во вкупно остварената додадена вредност на овој
сектор, на второ место е производството на облека со учество од 14,2% и остварена
додадена вредност од 8.764 милиони денари, на трето место е производството на
метали со учество од 12,4% односно остварена додадена вредност од 7.671 милиони
денари. Индустриското производство како и земјоделското кое особено преку
прехранбената индустрија е вертикално поврзано, може да пораснат само преку
зголемување на продуктивноста, преку зголемување на инвестициите во основни
средства преку зголемување на вложувањата во истражување и развој односно преку
зголемување на нивното релативно учество во Бруто домашниот производ кое е
сеуште на ниско ниво, 0,22% во 2011 година (за споредба во 2011 година во
Европската Унија овие трошоци изнесуваа 2,04% во европскиот БДП), преку
намалување на релативно високата стапка на невработеност (околу 30% а на ниво на
Европската Унија изнесува под 10%).

За да се поттикне економскиот раст потребно е поголемо релативно учество во Бруто


домашниот производ на капитално интензивните сектори за сметка на
трудоинтензивните сектори. За да се забележат повисоки стапки на раст на БДП

63
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

потребно е и да се вложува во производствените процеси на деловните субјекти за


зголемен степен на финализација на производите, на пример во аграрот потребно е
да се вложува покрај во поттикнувањето на примарното земјоделско производство и
во преработувачката на земјоделските производи со цел зголемување на вредноста
на самите производи и продолжување на роковите на употреба (на пример
конзервирање, соодветно складирање и транспорт), во производството на облека
потребно е да се развива и модната индустрија а се со цел пласман на креациите
надвор од Република Македонија на европскиот и светскиот пазар, да се поттикне
извозот на готовите текстилни македонски производи.

Табела 18. Компоненти на БДП, по сектори на НКД Рев.2, по тековни цени, во милиони
денари, 2011 годинa

Учество
Бруто додадена
во БДП
вредност
(во %)
А Земјоделство, шумарство и рибарство 43895 9,55
Б Рударство и вадење на камен 6915 1,50
В Преработувачка индустрија 61918 13,47
Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација 13744 2,99
Д Снабдување со вода; отстранување на отпадни води,
управување со отпад и дејности за санација на околината 4471 0,97
Ѓ Градежништво 29924 6,51
Е Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли 61908 13,46
Ж Транспорт и складирање 15873 3,45
З Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 5535 1,20
Ѕ Информации и комуникации 18990 4,13
И Финансиски дејности и дејности на осигурување 11401 2,48
Ј Дејности во врска со недвижен имот 1923 0,42
К Стручни, научни и технички дејности 10657 2,32
Л Административни и помошни услужни дејности 4441 0,97
Љ Јавна управа и одбрана; задолжително социјално
осигурување 36201 7,87
М Образование 15396 3,35
Н Дејности на здравствена и социјална заштита 16058 3,49
Њ Уметност, забава и рекреација 9715 2,11
О Други услужни дејности 3764 0,82

П Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на


домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат
различни услуги за сопствени потреби 378 0,08
Импутирани станарини 29286 6,37
Други нето-даноци на производство - 0,00
А-Додадена вредност 402392 87,52
Б-Даноци на производи 61516 13,38
64
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

В-Минус: Субвенции на производи 4120 0,90


БРУТО-ДОМАШЕН ПРОИЗВОД (А+Б-В) 459789 100,00
Извор: Публикација "Бруто домашен производ 2011", Државен завод за статистика

Во Република Македонија сеуште е низок степенот на специјализација на


активностите во одредени производствени сектори што од своја страна има големо
влијание врз растот на економијата. Така на пример во создавањето на бруто
додадената вредност во аграрниот сектор (43895 милиони денари) преовладува
секторот домаќинства кој што во 2011 година учествувал со 90% во создадената
вредност (39589 милиони денари) за разлика од деловните субјекти кои што
учествувале само со 10% во создадената вредност (4306 милиони денари).36

При ова треба да се има во предвид фактот дека во секторот домаќинства многу е
низок степенот на специјализација односно домаќинствата истовремено се
занимаваат со различни земјоделски активности, на пример истовремено
обработуваат земја (на која што имаат различни насади, одгледуваат зеленчук, имаат
овошни насади, тутун) и чуваат различни видови на добиток (говеда, овци, кози, коњи,
итн). Согласно податоците од Структурното истражување за земјоделските стопанства
кое што е спроведено од страна на Државниот завод за статистика во 2013 година
вкупниот број на индивудуални земјоделски стопанства изнесува 170581, додека
бројот на деловните субјекти е 304. Учеството на индивудуалните земјоделски
стопанства во вкупното користено земјоделско земјиште во Република Македонија е
84,40% додека на деловните субјекти е 15,60%. Во однос на добиточните единици
учеството на индивидуалните земјоделски стопанства е 91,30% а на деловните
субјекти е 8,70%. Од друга страна пак, домаќинствата во поголем дел истовремено се
занимаваат со повеќе различни активности покрај аграрот, како на пример со
занаетчиство, трговија, итн. а ова укажува на нискиот степен на специјализација на
производството на индивидуалните земјоделски домаќинства што има директно
влијание на економичноста во работењето и ниското ниво на продуктивност.

Неповолната секторска структура е тесно поврзана и со развојот на сивата економија.


Сивата економија во една национална економија се манифестира преку прикривање
на вредноста на продажбата, преценување на меѓуфазната потрошувачка,
прикривање на вистинската вредност на исплатените плати заради избегнување на
данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок и
придонесите за социјално осигурување. Согласно препораките на Евростат, а со цел
да се постигне сеопфатност на Бруто домашниот производ во истиот се презентираат
и податоците на неопфатената економија, и тоа врз основа на процени на деловните
субјекти, домаќинствата и на секторот Држава. Во графиконот бр. 25 е прикажано
учеството на корекциите за неопфатената економија во БДП во 2010 година. Како што
може да се согледа од истиот најголемо учество од 5% во БДП има неопфатената
економија во Секторот на нефинансиски претпријатија, додека неопфатената
економија учествува со 4% од Секторот на домаќинства и 2% од Секторот Држава.

36
Извор: Државен завод за статистика, статистичка база на податоци и сопствени пресметки

65
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 25. Корекција на БДП за неопфатената економија во РМ, 2010 година (во %)

Извор: Државен завод за статистика

66
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Глава 2
Аграрниот сектор и економскиот развој
1. Дефинирање на аграрот и неговите основни функции

Во економската теорија постојат различни дефиниции за аграрот, зависно од аспектот


на разгледување, одреден број теоретичари при дефинирањето тргнуваат од
примарното производство не земајќи ги во предвид меѓусебната поврзаност и
меѓузависност на аграрот со индустријата, а пред се со преработувачката индустрија.

Дефиницијата за аграрот е често општа и непрецизна, и може да вклучи една или


повеќе од следниве активности: обработување на почва, одгледување и жнеење,
одгледување на добиток, одгледување на други животни (живина, пчеларство,
вештачко одгледување на риби), производство на животински земјоделски производи,
производство на семиња и растенија, работа во шумарството и заштита на шумите,
првична обработка на земјоделските производи.

Според Римандо аграрот е систематско одгледување на растенија и добиток под


раководство на човекот37, додека пак Абеланоса смета дека аграрот е одгледување на
растенија и животни за задоволување на човековите потреби. 38

Рубенстеин го дефинира аграрот како обид за менување на дел од површината на


земјата преку одгледување на култури и одгледување добиток за одржување во живот
на населението или за економска добивка. 39

Во речникот на Оксфорд аграрот е дефиниран како наука и практика на фармерство,


вклучувајќи обработка на почвата за одгледување на земјоделски култури и
одгледување на животни за да се обезбеди храна, волна и други производи. 40

Аграрот е наука, уметност или пракса на обработка на почвата, производство на


култури и одгледување на добиток и во различен степен подготовка и маркетинг на
добиените производи. 41

37
Rimando T.J. 2004, Crop Science 1: Fundamentals of Crop Science. U.P. Los Baños: University Publications Office.

38
Abellanosa A.L. и H.M. Pava 1987, Introduction to Crop Science. Central Mindanao University, Musuan, Bukidnon:
Publications Office.

39
Rubenstein J.M. 2003, The Cultural Landscape: An Introduction to Human Geography.

40
http://www.oxforddictionaries.com/definition/agriculture.

41
http://www.merriam-webster.com/dictionary/agriculture

67
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Некои теоретичари (воглавно од Франција) аграрот го дефинираат како наука која во


себе обединува два различни паралелни науки: производство на растенија и
одгледување на животни.

Најприфатена е дефиницијата дека аграрот претставува стопанска дејност која го


опфаќа производството од растително и животинско потекло и домашни преработки
на земјоделски производи.

Од погоренаведените дефиниции може да се заклучи дека аграрот е бизнис односно


активност. Аграрот се заснова на систематизирано знаење односно наука и вештини.
Аграрот ја вклучува обработката на почвата за одгледување на растенија и на животни
за задоволување на човековите потреби. Аграрот има за цел производство на храна
за задоволување на потребите на човекот, но и производство на облека, алати, накит.
Аграрот има за цел и создавање на економска добивка односно профит.

При дефинирањето на аграрот многу често се тргнува од примарното земјоделско


производство пред се тргнувајќи од статистичките методологии и расположливите
податоци без да се земе во обзир преработката на производите која е многу значајна и
има свое учество во создавањето на макроекономските агрегати, Бруто домашниот
производ, доходот, вработеноста, итн.

Основните функции на аграрот можат да се групираат во три групи: заштита на


животната средина, економска и социјална група на функции. 42

Функција на заштита на животната средина. Аграрот може да има позитивни или


негативни (штетни) ефекти врз животната средина. Аграрот треба да помогне во
оптимизирање на врските со биолошките и физичките својства на природната
средина. Аграрот може да ги ублажи последиците од климатските промени, да ја
одржи биолошката разновидност, да придонесе за зачувување на квалитетот на
водата и нејзината достапност, како и за намалување на загадувањето. Потребно е да
се стимулира развојот на одржливото земјоделско производство, да се поттикне
развојот на малите фарми преку одржливо интензивирање на земјоделските
активности, преминување кон еколошко производство и развој на биодиверзитетот,
зголемување на плодноста на почвата, опрашување, уништување на штетниците и
одржување на водените ресурси. Потребно е и да се зајакне аграрот и да се намали
неговата зависност од фосилните горива.

Економска функција. Аграрот претставува основа за растот на целата економија, дури


и во високо индустријализирани земји. Вреднувањето на различните економски
функции бара проценка на краткорочните, среднорочните и долгорочните користи од
аграрот. Важни детерминанти на економската функција се комплексноста и зрелоста
на развојот на пазарот и на институционалниот развој. Главната функција на
42
Food and Agriculture Organization of the United Nations, Netherlands Conference on the Multifunctional character of
Agriculture and land

68
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

земјоделството и шумарството е производството на добра/стоки. Тоа се пред се


примарните прехранбени производи за исхрана на луѓето, директно или преку
трговијата (како стока). Примарното производство, дава храна и за исхрана на
животните, суровини наменети за енергија (на пример за ко-генерација на топлинска и
електрична енергија), биогас, лекови и други производи за облека, или за други
намени.

Аграрот останува главен стожер во одржувањето и растот на целата економија, дури и


во високо индустријализираните општества со мал аграрен сектор. Инвестициите
поврзани со диверзификација на производството може да генерираат економски
ефекти на развојот на аграрот. На страната на побарувачката, аграрот има потреба од
инпути, и тоа од работна сила, разни услуги и финансиски капитал, а како аутпут,
аграрот обезбедува производи и услуги. Постојат повеќе врски со другите сектори.
Сите овие економски ефекти може да се проценат со користење на националните
сметководствени системи и другите расположливи економски податоци.

Социјална функција. Одржувањето на руралните заедници е основа за одржување на


агро-екологијата и за подобрување на квалитетот на животот (и обезбедување на
самиот опстанок) на руралното население, особено на младите луѓе, жените, старите
лица и другите маргинализирани групи.

Економскиот и социјалниот развој на руралниот сектор е клучен предуслов за


зголемување на безбедноста на храната. Сиромаштијата, гладта и неисхранетоста се
главните причини за забрзанана миграција од руралните во урбаните средини во
земјите во развој. Руралните области во земјите во развој имаат недостаток од
технички и финансиски ресурси и од соодветна образовна инфраструктура на
населението. Во овие области не постојат доволно можности за нови приходи,
несоодветно одгледување на растителните култури, несоодветно одржување на
системите за производство, несоодветни дистрибутивни мрежи, ограничен пристап до
јавните услуги и слаб квалитет на таквите услуги.

Трите функции на аграрот се силно меѓусебно поврзани, така на пример аграрното


производство е значителен извор на приходи за националната економија и нејзиното
население, а производството на еколошки здрави аграрни производи покрај тоа што е
во функција на заштита на животната средина може да биде и значителен извор на
приходи преку брендирање на истите и создавање на компаративни предности за
постигнување на повисоки цени. Зголемената продуктивност во аграрот,
остварувањето на повисоки заработувачки и диверзификацијата на аграрното
производство значи и пораст на вработените во аграрот, а со тоа намалување на
невработеноста. Релативната важност на трите функции на аграрот зависи од
стратешкиот избор како на локално, така и на национално ниво согласно потребите,
нивното влијание треба да се оценува во подолг временски период.

69
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

2. Местото на аграрот во економскиот развој

Аграрот е најстарата дејност на економијата и истиот е многу истражуван. Аграрот и


претходел на индустријата но се поголемата индустријализација го има ставено
аграрот во втор план, така што денес теоретичарите се повеќе зборуваат за
таканаречена индустријализација на аграрот. За време на Римското царство голем
број истакнати дејци се занимавале со аграрот обидувајќи се да одредат најповолен
сооднос помеѓу користеното земјоделско земјиште и потребната работна сила за
обработка на истото односно за одгледување на некои култури. Во Источното Римско
Царство била создадена збирка од избрани трудови за аграрот која има големо
историско значење.

Големата преселба на народите како и создавањето на нови држави неминовно


довело до назадување на аграрот. Од тие причини се јавила потреба од создавање на
пишани документи во кои ќе бидат дадени насоки за најцелисходна обработка пред се
на земјоделското земјиште. Во периодот 1600- 1800 година имало длабоки реформи
во аграрот, голем број мислители од тоа време се залагале за развој на аграрот но
паралелно и за развој на занаетчиството и трговијата.

Научниот пристап кон аграрот почнува во времето на физиократската школа. Според


физиократите аграрот е основен извор на богатството, а богатството на земјоделците
е основа за богатството на државата. Физиократите ја разработиле и претпоставката
за користа од поседување на големи капитални земјоделски стопанства во однос на
ситните мали стопанства, како и разграничување на приходот од нето- доходот.
Теоријата на земјишната рента, профитот, платата на земјоделските работници ја
поставил Адам Смит кој е претставник на класичната политичка економија43. Давид
Рикардо пак го има разработено прашањето за поделбата на приносите од земјата на
дел за сопствениците на земјиштето, дел за сопственикот на капиталот и дел на
работникот44. Компаративните анализи ги има развиено Артур Јанг како резултат на
многубројните патувања низ европските држави и се смета за основач на
агроекономијата. Меѓудругото го вовел и двојното книговодство, а се со цел да се
овозможи согледување на економските резултати од аграрот, успеал да го формира и
првото Министерство за земјоделство во Англија во 1793 година45. Алберт Даниел Тер
(Albrecht Daniel Thaer) бил лекар но и угледен големопоседник кој ја систематизирал
аграрната наука во пет дела, и тоа: земјоделство, земјиште, обработка на земјата и
исхрана на растенијата, растително и сточарско производство46. Тер имал големо

43
The Wealth of Nations, Adam Smith, 1776

44
On the Principles of Political Economy and Taxation , David Ricardo, 1817

45
The Farmer’s Letters to the People of England, Arthur Young 1768; The farmer's guide in hiring and stocking
farms. London, Arthur Young 1770.

46
Albert D. Thaër. Tr. by William Shaw and Cuthbert W. Johnson. The principles of agriculture. London, Ridgway, 1844.

70
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

влијание на развојот на агроекономијата и неговите дела биле проучувани и


предавани скоро на сите европски факултети.

Големо значење во развојот на науката за аграрот има Карл Маркс кој направил
длабока анализа на општествено- економските односи во капиталистичкиот систем.
Врз основа на овие анализи утврдил дека ситните земјоделски стпанства покажуваат
тенденција на пропаѓање наспроти средните и големите земјоделски стопанства. Во
однос на техничко- технолошкиот развој констатирал дека истиот има големо влијание
врз приносите од земјата и дека со нивна соодветна примена дури и на помали
површини може да се постигнат повисоки приноси. Карл Маркс ги анализира рентите,
и тоа: апсолутната рента, диференцијалната и монополската рента. Фридрих Енгелс
ги разработувал прашањата поврзани со селанството, додека пак Ленин поставките од
Маркс ги воведува во пракса. Најпознато дело на Ленин е Развојот на капитализмот во
Русија, во кое го анализира распаѓањето на натуралното производство и создавањето
на класите. Ленин го анализирал и развојот на аграрот во САД. Неговите дела
научниците ги делат во два дела: теоретски трудови кои се основа за задругите и
здружувањето и трудови кои се посветени на практичниот придонес на задругите во
социјалистичката преобразба на аграрот. Сталин го продолжил делото на Ленин но
наместо постепено формирање на задругите тој се залагал за брза колективизација и
за формирање на големи здруженија на државни стопанства. Овој модел на развојот
на аграрот се покажал како неуспешен во СССР пред се поради фактот што
државната интервенција ја загушила приватната иницијатива од една страна, а од
друга страна развојот на индустријата бил премногу форсиран за сметка на развојот
на аграрот што на долг рок го претворило аграрот во тесно грло кое што го закочувал
економскиот развој на СССР. Во 60- тите, 70- тите и 80-тите години кога постоеше
проблемот со обезбедување на храна, теоретичарите предлагале пристап за
поттикнување на развојот на неравиените економии во кој централно место има
развојот на аграрот. Општо гледано се разликуваат три пристапи за економскиот
развој: првиот е давање на приоритет на индустријата, вториот е давање на
приоритет на аграрот и третиот е балансиран/ рамнотежен развој.

Секој од погоренаведените пристапи има свои појаснувања во однос на дадениот


приоритет на индустријата или на аграрот, од аспект на зголемената вработеност која
ќе ја повлече и другата гранка кон развој, зголемувањето на извозот, потребата од
поголеми или помали вложувања, итн. Во однос на пристапот за балансиран развој
економските теоретичари препорачуваат двата сектори да се развиваат паралелно
при што во зависност од степенот на економски развој ќе може да му се даде
приоритет на едниот или другиот сектор. Најголеми ресурси за подобрување на
аграрното производство се вложуваат во САД. Голем број на научници се ангажирани
на оваа проблематика, а и многу финансиски ресурси се вложуваат во научно-
истражувачката дејност посветена на аграрот. Поголем дел од европските држави ги
применуваат препораките и резултатите од американските научници и истражувачи.
Се поактуелен станува проблемот со пласманот на оствареното производство, имајќи
ги во предвид и барањата за еколошки здрава храна. За оваа цел целото внимание е

71
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

насочено кон изнаоѓање на поекономични начини на производство со истовремено


задоволување на строгите критериуми за квалитет.

Аграрот има директно влијание врз економскиот развој на една држава, преку
релативното учество кое што го има во создавањето на БДП и во вработеноста.
Аграрот е извор на суровини за развој на индустријата и тоа за прехранбената, но и за
развој на индустријата за производство на машини, различни видови на препарати за
заштита на растенијата, за развој на трговијата со земјоделски производи, за развој на
агротуризмот и занаетчиството.

Аграрот е многу значаен за развојот и благосостојбата на една држава од повеќе


аспекти. Опстанокот на човештвото зависи пред се од обезбеденоста и достапноста
на здрава храна односно не е важен само квантитетот на обезбедената храна,
напротив во последните децении се повеќе внамание се посветува на безбедноста на
храната. Ова прашање се повеќе се истакнува во неразвиените земји каде што се
влошени условите за живеење и каде има недостаток на храна. За оваа цел
Европската унија вложува големи средства во истражување на нови видови на
земјоделски производи, на развивање на лаборатории за испитување на квалитетот на
производите, како и во директна помош на неразвиените земји пред се од Африка за
да се обезбеди доволно храна на резидентното население. Заедничката Земјоделска
Политика која ја води Европската Унија има за цел обезбедување на здрава и
квалитетна храна пред се за населението кое што живее во земјите членки на
Европската Унија, но и на кандидатките за членство на Европската Унија како и на
неразвиените земји. За оваа цел субвенционирано е не само примарното земјоделско
производство, туку и преработките на примарните производи, па дури и увозот/
извозот на земјоделски производи. Европската Унија е една од најголемите увозници
истовремено и извозници на земјоделски производи. Република Македонија исто така
ги има прифатено строгите критериуми на Европската Унија во однос на аграрот и во
континуитет ги зголемува издатоците наменети за поддршка на развојот на аграрот,
развојот на биодиверзитетот, итн.

Аграрот има големо значење во однос на ангажираноста на работна сила и


намалување на невработеноста. Ова е особено значајно за земјите во развој и за
развиените земји каде што стапките на невработеност се релативно високи а
населението обично работи покрај на земјоделски активности и во други дејности како
на пример во трговијата, преработувачката индустрија, а често паралелно работи и во
занаетчиството. Во земјите во развој и за неразвиените земји релативното учество на
аграрот во создавањето на БДП и во вработеноста е многу поголемо во однос на
истото во развиените земји каде што индустријата е доминантна.

Индустријата, а особено прехранбената, во голем степен е зависна од аграрот кој што


е нејзин извор на суровини. Од тие причини и високо индустријализираните економии
вложуваат средства за развој на аграрот кој иако не е нивна претежна дејност сепак во
европски и светски рамки има голем удел во вкупното производство но и во увозот/
извозот. Во истовреме развојот на аграрот има свое влијание и на развојот на

72
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

индустријата и преку потребите од производство на одредени машини и механизација,


како и производството на хемиски препарати.

За понатамошен развој на аграрот треба да се пружи и соодветна негова заштита,


имено преку поддршката на трговијата или преработките се случува да се прелее
доходот од примарното производство во другите дејности. Од тие причини потребно е
директна државна помош и поддршка на примарното растително и животинско
потекло, како што се субвенциите по производи, по глава на добиток или по
обработлива површина.

Економскиот развој има повратно влијание во понатамошниот раст и развој на


аграрниот сектор и тоа преку зголемената куповна моќ на населението како резултат
на зголемениот животен стандард што значи поголема побарувачка за земјоделските
производи. Понатаму економскиот развој значи развој на пазарите за земјоделски
производи што доведува до зголемено производство, подобрен образовен профил на
населението односно обезбедување на квалификувана работна сила и зголемена
продуктивност на трудот во аграрот, подобрена инфраструктура односно подобрена
патна мрежа и изградба на нови магистрални, регионални и локални патишта,
изградба на современи производствени капацитети но и објекти за складирање,
чување и преработка на производите со што се зголемува додадената вредност на
земјоделското производство но и се продолжува рокот на употреба на производите,
производство на современи машини и механизација за поголема автоматизација на
аграрното производство и зголемена продуктивност, развој на научно- истражувачката
работа и воведување на нови видови видови на производи, нови начини на
производство и на пакувања на производите.

3. Техничко- технолошкиот прогрес и неговото влијание на развојот на


аграрот

Tехнологиите кои ја подобруваат продуктивноста се оние технологии кои го


намалуваат значењето на традиционалните фактори на производство (земјата,
работната сила, материјалите и енергијата) кои се вклучени во производствениот
процес. Зголемувањето на продуктивноста има директно влијание на зголемување на
животниот стандард на населението.

Технологијата претставува систем на знаење (know how), методи и капитал кои се


користат во производството. Технологијата се разликува од науката бидејќи науката е
разбирање на природните принципи. Технологијата не мора да значи познавање
зошто функционираат процесите, туку што работи/ функционира, а што не
работи/функционира. Објаснувањата за тоа зошто процесите функционираат на
начинот на кој што функционираат е многу важно за развој на науката. На пример,

73
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

некои принципи на хемијата се откриени преку анализа на топењето на металите и


железната руда.

Техничко технолошкиот прогрес е економска мерка на иновациите и може да се


класифицира на:

1. материјализиран технички напредок односно подобрена технологија со


инвестирање во нова опрема. Новите технички промени се материјализирани во
опрема.

2. нематеријализиран технички напредок односно подобрена технологија која


овозможува пораст на производството од дадени инпути без да инвестира во нова
опрема.

Многу иновации не бараат замена на целата опрема или некој нејзин дел, односно
може да се направат одредени подобрувања без да се направат нови инвестиции во
опрема.

Функцијата на техничкиот напредок која е развиена од страна на Николас Калдор го


мери техничкиот напредок како стапка на раст на продуктивноста на трудот.47 Според
Николас колку е поголема стапката на пораст на капиталот / инпутот по работник,
толку е поголема стапката на раст на аутпутот по работник, односно продуктивноста
на трудот. Стапката на раст на продуктивноста на трудот се објаснува со стапката на
раст на капиталната интензивност. Во состојба на рамнотежа односот помеѓу капитал/
input по работник и аутпут по работник расте со иста стапка, ова е т.н. стапка на
еквилибриум на раст. Кога стапките на раст се под стапката на еквилибриум на раст,
стапката на раст на производството (аутпутот) по работник е поголема од стапката на
раст на капитал/ инпут по работник. Кога стапките на раст се над стапката на
еквилибриум на раст, тогаш стапката на раст на производството по работник е помала
од стапката на пораст на капитал/ инпут по работник.

Техничкиот технолошкиот напредок е тесно поврзан со човечкиот капитал. Истата


технологија може да се примени во две различни фирми, но производството ќе варира
согласно расположливата квалификувана работна сила на двете фирми.
Прилагодувањето кон новата технологија е директно зависно од темпото на економски
раст на земјата. Оттука работната сила треба да биде соодветна на расположливата
технологија. Образованието директно влијае на квалитетот на расположливиот

47
Kaldor, Nicholas (1957). "A Model of Economic Growth". The Economic Journal 67 (268): 591–624. JSTOR 2227704.

74
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

човечки капитал кој може да ја користи повисоката технологија. Образованието им


помага на луѓето поефикасно и побрзо да се прилагодат на новата технологија во
услови на брз техничко- технолошки развој.48

Земјоделската продуктивност е директно зависна од техничко технолошкиот прогрес.


Земјоделската продуктивност се мери како сооднос на земјоделското производство
спрема земјоделскиот инпут. Земјоделското производство се мери според пазарната
вредност на крајниот резултат/аутпут, кој ги исклучува меѓуфазните производи како на
пример пченката која се користи како храна во месната индустрија. Вредноста на
земјоделското производство може да се спореди со многу различни типови на инпути
како што се трудот и земјиштето (приносот од земјиштето). Продуктивноста на
земјоделството исто така може да се мери и со она што се нарекува вкупна
продуктивност од факторите за производство (TFP). Овој метод на пресметување на
продуктивноста на земјоделството ги споредува индексот на земјоделски инпут со
индексот на земјоделско производство. Оваа мерка на продуктивноста на
земјоделството е воведена за отстранување на недостатоците на делумните мерења
на продуктивноста. Промени во вкупната продуктивност од факторите за производство
обично се припишува на техничко технолошкиот прогрес.

Продуктивноста во аграрот е резултат на: користењето на механизација, користење на


сорти на семиња со висок принос, користење на ѓубрива со примарни и секундарни
хранливи, лимитирање на користењето на варовници за спречување на појава на
кисели почви и подигање на pH вредноста и обезбедување на потребните количини на
калциум и магнезиум, наводнување, користење на хербициди и пестициди, зголемена
густина на растенијата, обработка на добиточната храна за да биде посварлива,
чување на животните во затворен простор кога е ладно времето. Продуктивноста на
аграрот е важна од многу причини, и тоа: за обезбедување на повеќе храна, за
зголемена конкурентност на пазарот, за подобрување на дистрибуцијата на
земјоделскиот приход и зголемување на заштедите, за намалување на миграцијата на
работната сила. Зголемената продуктивност на аграрот придонесува и кон
поефикасна дистрибуција на ограничените ресурси. Земјоделците кои применуваат

48
Koh, Winston T. H.; Leung, Hing Man (2003). "Education, Technological Progress and Economic Growth". Working

Paper. SSRN 637462.

75
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

нови техники и технологии ја зголемуваат својата продуктивност и општо ја


зголемуваат сопствената благосостојба, додека земјоделците кои не се доволно
продуктивни се принудени да го напуштат пазарот и да бараат егзистенција од друг
извор.

Компаративната предност на фармите кои се попродуктивни се зголемува, што значи


дека може да произведуваат производи по пониски трошоци а со тоа и пониски цени
за разлика од останатите. Со тоа стануваат и конкурентни на регионалните но и на
светските пазари. Зголемувањето на продуктивноста на аграрот може да допринесе во
намалување на сиромаштијата во понеразвиените земји, каде што аграрот често
вработува најголем дел од населението. Доколку фармите станат попродуктивни,
платите заработени од страна на оние кои работат на истите ќе се зголемат со што ќе
се привлече поголем дел од населението да работи и егзистира во овој сектор. Од
зголемената продуктивност во аграрот покрај вработените во истиот корист имаат и
вработените во другите сектори, кои користат пониски цени на храната и постабилно
снабдување со истата. Нивните плати исто така можат да се зголемат.49
Продуктивноста во аграрот станува се позначајна со растот на светската популација.
Индија која е една од најнаселените земји во светот, има превземено чекори во
изминатите децении за зголемување на продуктивноста на земјиштето. Пред
четириесет години Северна Индија произведувала само пченица но со зголемувањето
на приносите од житариците и оризот, откако пченицата ќе се собере од полето се
засадува ориз. Оваа комбинација на производството на пченица и ориз се користи за
да се зголеми производството на зрнеста храна. Принос на пченица од три тони и
приносот од ориз од два тони се комбинираат за производство на пет тони на зрнести
производи по хектар, за прехрана на 1,1 милијарда население во Индија.50

Се до средината на XX век се сметало дека аграрот е нископродуктивен и од тие


причини сите вложувања и креирани политики се насочувале кон индустријата како
високопродуктивна дејност. Индустријата и аграрот се меѓусебно зависни и развојот на

49
Promoting Pro-Poor Growth: Agriculture, DAC Guidelines and Reference Series, Paris: OECD, 2006,
50
Brown, Lester R. Plan B 2.0: Rescuing a Planet Under Stress and a Civilization in Trouble. New York City: Earth Policy
Institute, 2006.

76
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

едната дејност неминовно води кон развој на другата дејност, аграрот е извор на
суровини за индустријата додека индустријата од своја страна преку производството
на современа механизација, машини и опрема како и производството на квалитетни
ѓубрива и средства за заштита на растенијата има директно влијание врз зголемување
на приносите од аграрот.

Техничко- технолошкиот прогрес во аграрот може да се подели на:51

 прогрес којшто е поврзан со појавата на тракторот и откривање на можностите


за поголема механизација на аграрното производство,
 прогрес поврзан со воведување на поголема заштита на земјоделското
производство со употреба на хемиски препарати и вештачки ѓубрива за
зголемување на приносите,
 прогрес поврзан со генетски развој на животните и растенијата и
 прогрес поврзан со усовршување на сите претходни достигнувања и заштита на
животната средина.

Првиот техничко- технолошки прогрес е поврзан со појавата на тракторот, кон


крајот на 19 век. Остварени се повеќе придобивки со неговото откривање, така на
пример значително е намалена потребната работна рака со што се штедат и средства
и време но е намалена и потребата од користење на добитокот како влечна сила.
Воведувањето на новите пронајдоци во аграрот е условено и од потребата од нивно
прилагодување кон постоечките земјишни парцели, кон пристапот на малите
стопанства, како и кон малата економија на обемот. Сепак развојот на аграрот и покрај
сите ограничувачки фактори укажува на можноста од целосна механизација во сите
производни фази, и тоа од подготовка на земјата за обработка па се до преработката
на финалните производи.

Вториот техничко- технолошки прогрес во аграрот е постигнат во XX век кога


отпочнува поголема употреба на различните видови на хемиски средства како и на
средствата за заштита на животните и растенијата. Причината за овие појави е
зголемената потреба за храна а со тоа и за земјоделски производи како резултат на
зголемениот наталитет на населението кој не бил соодветно следен од страна на

51
Feeding the World-An Economic History of Agriculture 1800-2000, Giovanni Federico, Princeton University press, 2005

77
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

аграрот поради ограничените ресурси. Потребата од прехранбени продукти за


прехрана на населението особено се почувствувала во посиромашните земји. Со цел
да се излезе во пресрет на овие барања вложувани се средства за истражување на
нови начини за зголемување на приносите, заштита на растенијата и животните од
различните болести. Како резултат на употребата на вештачките ѓубрива, пестицидите
и другите средства за заштита на растенијата и животните дошло до масовно
загадување на природата и изумирање на многу животински видови. Од овие причини
се до денешно време се прават големи трошоци во научно- истражувачката работа за
изнаоѓање на органски производи кои што ќе можат да ги заменат вештачките ѓубрива
и средствата за заштита на растенијата и животните.

Третиот техничко- технолошки прогрес во аграрот е поврзан со генетскиот развој


во создавањето на нови и подобрени растителни и животински видови. Создадени се
нови раси на домашни животни кои даваат повеќе млеко, месо или волна како и
различни хибриди на растенијата со вкрстување на постоечките видови кои се
поприносни и попрофитабилни.

Четвртиот техничко- технолошки прогрес во аграрот се однесува на усовршување


на сите претходни достигнувања, а со цел да се добие поголемо и поквалитетно
производство со намалени инпути. Со сето ова земјоделското производство станува и
поконкурентно на пазарот. Земјоделското производство се повеќе се насочува кон
производство на здрава храна, преку оптимално користење на производствените
фактори, со тенденција на зголемување на употребата на органски ѓубрива и
биолошки средства за заштита на растенијата и животните како и соодветна заштита
на животната средина. Со цел создавање на конкурентска предност државите се
стремат на производство во кое имаат компаративни предности за економично
производство.

4. Специфичности на аграрот

Аграрот има свои специфичности кои произлегуваат од неговата директна зависност


од природата. Овие специфичности мора да се почитуваат доколку се сака да се
добијат максимални користи во меѓународната размена но и за задоволување на
сопствените потреби на една држава. Сите природни непогоди имаат директно
влијание врз аграрот, бидејќи во зависност за кој видови на земјоделски производи
станува збор така и одредени непогоди можат да имаат неповолно влијание, како што
се: поплави, град, суша, големи ветрови, итн. за разлика од индустријата каде што
производството се одвива во затворен простор и самиот процес е заштитен од
надворешните влијанија.

78
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Специфичности на аграрот се:

 ограниченоста на расположливото земјоделско земјиште,

 органскиот карактер на производството,

 обртот на капиталот,

 искористувањето на сончевата енергија и

 пазарот на земјоделски производи.

Во аграрот земјата е основен услов за производство без разлика дали се работи за


растително или сточарско. Ограниченоста на расположливото земјоделско земјиште
има големо влијание врз оствареното производство. Дури и во случаеви кога се прави
мелиорација сепак има ограничување на која земја може да се направи истото. За
разлика од индустријата кога може да се направи и преместување од една на друга
локација на средствата за работа во случајот со аграрот не постои можност за
преместување на земјиштето на друга локација. Понатаму, квалитетот на земјата има
големо влијание врз културите кои ќе се одгледуваат на истата што од друга страна е
поврзано и со климатските услови што е ограничувачки фактор особено во
растителното производство. Големината и квалитетот на расположливото земјоделско
земјиште влијаат директно на големината на приносите и на продуктивноста.

Аграрот има органски карактер на производството односно беа оглед дали се работи
за растително или животинско производство постојат циклуси на производството.
Времето на производството е подолго од времето на трудот односно потребен е
одреден временски период за да созреат производите или за да порасне добитокот со
што во одредени периоди работната сила која се ангажира на земјоделските
стопанства е слободна и може да се ангажира во други производни гранки, на пример
во индустријата. Од овие причини во стручната литература многу често се констатира
дека земјоделското производство е од сезонски карактер. Сезонскиот карактер на
аграрното производство влијае на намалување на продуктивноста преку
нерамномерно користење на расположливите фактори за производство (земја,
работна сила и капитал). За да се надмине овој ограничувачки фактор и да се зголеми
заработувачката во аграрот се преминува на одгледување на две или повеќе култури
на исто земјиште користејќи го различните вегетативни периоди на различните
култури (еден главен посев и повеќе различни меѓупосеви), како и на комбинирано
производство односно одгледување на растенија и животни истовремено.

Обртот на капиталот во аграрот е многу бавен бидејќи на пример во сточарството е


потребно подолго време во зависност од видот на добитокот за да се израсне едно
грло или пак во овоштарството се потребни повеќе години за да се издигнат одредени
култури и да бидат во состојба да бидат вклучени во производниот процес. Постои
меѓузависност помеѓу сточарството и растителното производство бидејќи производите
во растителното производство се неопходен инпут во сточарството. Ограничениот

79
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

животен век на земјоделските производи има директно влијание на заработките


бидејќи потребно е да се складираат производите во соодветни услови како на
државно ниво да се формираат стоковни резерви за потребите во периоди кога има
недостаток од овие производи на пазарот. Земјоделските производи се истовремено и
средства за сопствена репродукција бидејќи се создаваат и репродуцираат со самиот
производствен процес. Бавниот обрт на капиталот предизвикува пролонгирање на
периодот на повраток на вложените средства што секако го прави аграрниот сектор
неатрактивен за бизнис.

Аграрот ја искористува сончевата енергија во поголем степен отколку што е нејзиното


искористување во останатите сектори. Неисцрпниот извор на сончева енергија има
големо значење за развојот на органското производство кое се повеќе се фаворизира
како здрава храна. Имајќи ги во предвид високите цени на пазарот на органска храна
се повеќе млади претприемачи отпочнуваат свои бизниси во оваа област во
комбинација со руралниот агро бизнис.

Во пазарот на земјоделски производи има неусогласености во однос на понудата и


побарувачката на производи, територијална и временска неусогласеност помеѓу
производството и потрошувачката. Вишоците на пазарното производство
претставуваат голем проблем, а за нивното решавање потребни се инвестиции во
однос на складирањето на производите, организиран транспорт и развој на
маркетингот. Преку овој пазар се снабдува населението со производи за лична
потрошувачка, преработувачката индустрија и извозот се снабдуваат со потребните
суровини. Специфичности на пазарот се согледуваат преку побарувачката, понудата и
цените на земјоделските производи.

Побарувачката зависи од многу фактори но најзначајни се цените и доходот. Во однос


на цените вообичаено побарувачката е обратно пропорционална односно
побарувачката се намалува во услови на пораст на цените. Побарувачката на
производи вообичаено е правопропорционална на висината на доходот, односно
истата се зголемува кога има пораст на доходот кај населението а се намалува кога
доходот опаѓа. Многу значаен фактор кој влијае на побарувачката е и бројот на
населението, во услови на пораст на бројот на населението се зголемува и
побарувачката за производи така на пример во неразвиените земји каде што е голем
наталитетот на населението голема е и побарувачката за прехранбени производи.
Постојат следните три вида на еластичност на побарувачката: ценовна, доходна и
вкрстена еластичност. Ценовната еластичност е однос меѓу релативната промена на
количеството на бараните производи и релативната промена на цените на тие
производи. Кај основните прехранбени производи (леб, основни видови на заленчук,
овошје, млеко, месо и друго) има мала ценовна еластичност. Кај прехранбените
производи од повисок и подобар квалитет ценовната и доходната еластичност се
поголеми. Кај цигарите, кафето, алкохолните пијалаци, чајот, лековите и слично
побарувачката е многу нееластична бидејќи зависи од навиките на потрошувачите. Кај
луксузните и ексклузивните производи како што се ретките и скапи пијалаци има
релативно голема еластичност бидејќи нив ги трошат мала група на потрошувачи.
80
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Доходната еластичност е резултат на промените на доходот кои влијаат врз


побарувачката на еден или на група производи и е однос меѓу релативната промена
на бараните количества на производи и релативната промена на доходот. Оваа
еластичност се разликува помеѓу различните земји и е резултат на нивниот економски
развој. Вкрстената еластичност на побарувачката е израз на односот меѓу
релативната промена на количеството на еден производ и цената на друг производ.
Воглавно се работи за различни видови на супститути и комплементарни поевтини
производи.

Под понуда се подразбира вкупното количество на производи, стоки и услуги на


одреден пазар во одредено време. Понудата се разликува од оствареното
производство како резултат на повеќе фактори меѓу кои е и употребата на
производството за задоволување на сопствените потреби на земјоделските
стопанства, користење на дел од производството како репродукционен материјал,
чување на стокови резерви, складирањето и преработките на производите, итн. Врз
количината на понудените производи на пазарот влијаат многу фактори меѓу кои е и
меѓусебната зависност на производството на различни земјоделски производи како на
пример, месо, кожа и млеко, организацијата на трговијата и на сообраќајот, можноста
за супституција на производите, висината на цените итн.

Цените се паричен израз на вредноста на производите во услови на слободно


дејствување на пазарот. Врз висината на цените влијаат понудата и побарувачката,
мерките на аграрната политика, надворешно- трговската размена, итн. Паритетот на
цените е однос на цените што ги добива земјоделскиот производител во однос на
цените што ги плаќа. Во аграрот постојат интерни и екстерни паритети. Интерните
паритети се во рамките на аграрот и се однесуваат на паритетите во цените помеѓу
земјоделските производи и репродукциониот материјал, меѓу растителното и
добиточното производство, меѓу одделни региони на иста држава, итн. Екстерните
паритети се однесуваат на односите на цените на земјоделските и неземјоделските
производи и услуги.

5. Економски мерки на аграрната политика

Економската политика се однесува на активностите кои државите ги преземаат во


областа на економијата. Таа ги опфаќа системите за оданочување, буџетската
политика, понудата на пари и каматните стапки, пазарот на трудот и многу други
области од државните интервенции.

Економската политика може да се подели на фискална политика, која се однесува со


активностите на државата во однос на оданочувањето и трошењето и на монетарна
политика, која се однесува на банкарските активности на Централната банка во однос
на паричната маса и каматните стапки. Овие политики често се под влијание на
меѓународните институции како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка,
како и политичките убедувања на владејачките политички партии.
81
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Постојат следните видови на економски политики:

• Политика за макроекономска стабилизација, која има за цел да ја одржи паричната


маса на ниво кое нема да предизвика прекумерна инфлација (Фискална политика за
управување со трошоците и даноците за водење на економијата, Монетарна политика
која ја контролира вредноста на валутата преку понудата на пари и контрола на
инфлацијата за стимулирање на економскиот раст)

• Трговска политика, која се однесува на тарифите, трговските договори и


меѓународните институции.

• Политики кои се однесуваат на прераспределба на приходите, имотот и богатството

• Регулаторна политика, политиката на анти-трустовско здружување, индустриска и


аграрна политика,

• Развој на економијата базиран на развој на технологијата, итн.

Аграрната политика се однесува на збир на закони за домашниот аграр и увоз на


странски земјоделски производи. Државите обично спроведуваат земјоделски
политики со цел да постигнат одредено производство на домашни земјоделски
производи на пазарите. Резултатот на аграрната политика вклучува гарантирано ниво
на производи на пазарот, стабилност на цените, квалитет на производите, избор на
асортиман на производи, користење на земјиштето и вработување.
Најзначајни економски мерки на аграрната политика се: цените, даночната политика,
осигурувањето во аграрот, увозно- извозниот режим, субвенциите, инвестиционата и
кредитната политика, итн.52

Политиката на цени е најстарата економска мерка и истата е намената за заштита на


производството преку заштитата на понудата и побарувачката. Државниот ценовен
интервенционизам е воспоставен по светската криза од 1929 до 1933 год., а посилно е
манифестиран кон крајот на XIX век. Административните цени кои што ги утврдува
државата се: гарантираните цени, минималните цени, субвенционираните цени и
компензираните цени. Гарантираните цени се обично пониски од пазарните цени и
доколку се случи пазарните цени да паднат под минималните цени тогаш државата ги
откупува производите по гарантираните цени. Обично гарантирани цени државата
воведува за одредени видови на стратешки производи, а со цел да се обезбеди
стабилно производство за овие производи. Минималните цени се еден вид на
гарантирани цени но се пониски од гарантираните односно со нив се покрива само
просечната акумулативност, за разлика од гарантираните кај кои цената е нешто
повисока од просечната акумулативност. Обично минималните цени се одредуваат за
производите кои се користат во понатамошна индустриска обработка.

52
Agricultural Policy Design and Implementation, Frank Van Tongeren, OECD Food, Agriculture and Fisheries Working Papers
No. 7, 2008

82
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Субвенционираните цени се користат за подигање на доходот на земјоделските


стопанства, додека компензираните цени служат како заштита на потрошувачите
односно со нив се покрива дел од цената од страна на државата за да се обезбедат
најосновните прехранбени производи да им бидат достапни и на најсиромашните
слоеви на населението. Освен овие административни цени на пазарот постојат и
незаштитени цени на земјоделски производи односно цените се формираат слободно
во зависност од понудата и побарувачката на пазарот. Како дел од политиката на цени
може да се наведат и регресите и премиите. Регресите се даваат на репродукциониот
материјал кој го користат земјоделците а со цел истиот да го набават под поповолни
услови без да се нарушат пазарните процеси. Премиите им се исплаќаат на
земјоделците со цел да се обезбеди поквалитетно и пообемно производство на
одредени производи. Со субвенциите се штити домашното производство од увоз а
истовремено се поттикнува извозот.

Даночната политика е пред се од фискален карактер односно и служи на државата за


прибирање на средства за буџетски намени, но истата може да се користи и како
економска мерка за поттикнување на аграрот. Преку даноците се оданочува
земјиштето, доходот од земјоделска дејност, катастарскиот доход, итн. Данокот на
катастарски приход се пресметува на расположливото земјиште евидентирано во
административната евиденција, а согласно квалитетот на земјоделското земјиште.
Даночните стапки во аграрот можат да бидат пропорционални кога се пресметуваат
подеднакво за сите земјоделски стопанства, прогресивни кога се пресметуваат со
зголемена стапка за поголемите земјишта односно за поголемата даночна основица
како и линеарни кога даночната стапка е еднаква за сите обврзници.

За заштита на земјоделските производители од несакани непогоди и други ризици


честопати се пристапува кон осигурување на имотот, земјиштето, добитокот, итн. На
овој начин се штитат земјоделците од неповолните настани кои што не можат да се
предвидат.

Секоја земја во надворешно- трговската размена се обидува да добие подобра


компаративна предност па од тие причини преку стимулирање на извозот и заштита од
увозот на земјоделски производи го штити домашното производство и доходот на
сопственото население. За стимулирање на извозот државите обично ги користат
премиите, извозните кредити, условувањето на увозот со извоз, контингентите,
субвенциите и извозните дозволи. Премиите се подршка на земјоделците за извоз на
одредени производи или за извоз во одредена друга држава со којашто матичната
држава има дефицит. Со извозните кредити се настојува да се поддржат извозниците
преку поволните камати и одложените рокови на пллаќање. Во услови на појава на
вишоци од одредени земјоделски производи државата го условува увозот на други
производи со извоз од производите од кои имало суфицит, а со цел да се заштитат
домашните производители. Контингентите се користат за ограничување на извозот на
дефицитарните производи со цел да се заштитат домашните потрошувачи.
Субвенциите ги дава државата директно на земјоделските производители во различни
директни и индиректни форми (различни видови на олеснувања и ослободување од
83
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

даноци и други видови на давачки). Со извозните дозволи се ограничува извозот а со


цел да се заштити домашниот пазар на кој цените се пониски, а производителите
појавуваат зголемен интерес за извоз на надворешните пазари.

Инвестицииите се економска мерка преку која се поттикнува директно растот и


развојот на аграрот. Видот и обемот на инвестициите е во директна зависност од
целите на државната администрација односно дали треба да се поттикне
зголемувањето на вработеноста, структурните реформи, националниот доход,
развојот на одредени земјоделски производи, итн. Самофинансирањето во аграрот е
на многу ниско ниво поради ниската акумулативна способност за одвојување на дел
од профитот за развој. Поради природните циклуси за репродукција има потреба од
дополнителни средства односно поголем обем на средства се потребни за подолг
период. Со оглед на карактерот на земјоделското производство и неговата зависност
од надворешните влијанија мал е интересот за инвестиционите вложување пред се
заради несигурноста и покрај напредокот и осовременувањето на методите на
производство.

Постојат различни извори на средства за кредитирање на аграрот и тоа како од


приватни така и од државни институции (банки, фондови, задруги, итн). Долгорочните
кредити кои што се обезбедуваат во аграрот служат за набавка на основни средства,
среднорочните кредити се користат за обртни средства како што е на пример
набавката на семенски материјал, додека краткорочните кредити со оглед на
карактерот на производството не се прифатливи.

6. Менаџмент во аграрот

Потребата од соодветно планирање, организирање, координирање, контролирање на


процесите во аграрот ја наметнува потребата од квалитетен менаџерски тим кој ќе
има соодветни познавања на процесот на земјоделското производство и на сите
негови специфичности и ограничувања. Од овие причини менаџирањето е од
сушинско значење за развој на аграрот. Менаџментот се дефинира како процес,
активност за остварување на дефинираната цел, или како процес на извршување на
одредени функции со цел да се остварат поставените цели со помош на човечките,
финансиските ресурси и другите расположливи ресурси. Универзалноста на
менаџментот овозможува негова примена во сите сфери од општественото живеење.

Специфичностите на аграрот влијаат врз успешното менаџирање, и тоа:

 непредвидливите природни услови,

 расцепканоста на земјиштето и постоењето на ситни земјоделски стопанства,

 секторската структура,

 општиот економски развој и


84
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

 економските политики на државата.

Менаџирањето во аграрот е особено отежнато заради непредвидливите природни


услови и неможноста за реализирање на планираните производни количини во
услови на појава на поплави, големи студови, град, суша, итн. Од овие причини
менаџерите треба да имаат капацитет да се прилагодат на промените за да обезбедат
најголеми приходи, пред се преку заштита со осигурување на имотот, земјиштето,
добитокот, заштита (колку што е можна) на самиот производствен процес како на
пример производство во услови на соодветни стакленици и пластеници, одгледување
на соодветни видови на добиток во затворен простор, користење на соодветни
средства за заштита на растенијата од различни штетници или различни видови на
органски или вештачки ѓубрива, итн.

Посебен проблем во менаџирањето во аграрот претставуваат расцепканоста на


земјиштето и постоењето на ситни земјоделски стопанства кај кои не е можно да
се направи соодветна економија од аспект на користење на механизација и
земјоделски машини со што значително се намалуваат приносите. Од друга страна
пак кај ситните земјоделски стопанства обично не е разграничен сопственичкиот од
менаџерскиот статус, односно сопствениците на земјоделското стопанство во исто
време се и производители и менаџери.

Во менаџирањето на аграрот треба да се пристапи кон подолгорочно планирање, а


особено имајќи ја во предвид и секторската структура каде што во еден дел
резултатот од вложувањата на средства се видливи на еден подолг рок, како на
пример кај долгогодишните насади, овошјето и добитокот. Од овие причини не се
можни лесни и брзи промени во неповолни услови бидејќи долгорочниот циклус дава
резултати по неколку години од првичната иннвестиција.

Врз развојот на аграрот големо влијание има општиот економски развој, како и
економските политики на државата па затоа при водењето на земјоделските
стопанства треба да се имаат во предвид овие околности. Од друга страна пак
земјоделските стопанства преку водењето на микро бизнисот имаат големо влијание
на вкупниот економски амбиент. Од овие причини потребно е да се знаат
меѓузависностите при конципирањето и водењето на економската и аграрната
политика а со цел донесување на соодветни одлуки кои ќе водат кон најголеми
користи.

Менаџментот во аграрот ги има следните функции: планирање, организирање,


координирање и контрола.

Планирањето претставува основна функција на менџментот на аграрот. Имено само


со соодветно поставени цели и планови можат да се очекуваат и добри резултати.
Потребно е да се знаат природните предуслови за развој на одредени земјоделски
култури или видови на добиток за да се насочат расположливите ресурси. Покрај ова
потребно е да се знаат и расположливите средства (и извори на средства) за да можат
плановите да се прилагодат.
85
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Организирањето и координирањето на земјоделските активности е истотака од


суштинско значење за остварувањето на подобри финансиски резултати. Потребно е
да се организираат и координираат процесите, човечкиот фактор преку утврдување на
носители на активности, како и воведување на соодветни системи на наградување. Во
последно време се повеќе внимание се посветува на човечките ресурси бидејќи во
аграрот човечкиот фактор има централно и суштинско значење. Квалитетниот, високо
едуциран кадар кој ќе биде и соодветно мотивиран за вложување на максимални
напори неминовно ќе води кон подобри производствени резултати. Соодветно на
сезонскиот карактер на аграрот во големите, а и во помалите земјоделски стопанства
се ангажира работна сила во определени периоди од годината во зависност од видот
на земјоделски производи кои се одгледуваат и кога има потреба од помош во
вршењето на земјоделските дејности. Во поголемите земјоделски стопанства каде што
има ангажман на надворешна работна сила постојат и развиени менаџерски односи
како и соодветна хиерархија во донесувањето на одлуки и следењето на нивната
реализација. Во помалите семејни земјоделски стопанства обично најстариот член на
домаќинството е и носителот на стопанството односно тој е одговорен за сите
суштински одлуки поврзани со земјоделското стопанство.

Контролата на реализацијата на планираните задачи и поставените цели им


овозможува на менаџерите соодветно да ги мерат резултатите од работењето, да
наградуваат или казнуваат како и да предложат и превземат соодветни мерки за
зголемување на учинокот и остварување на подобри резултати.

7. Внатрешна и надворешна трговија со земјоделски производи

Аграрот своето влијание врз економскиот развој го манифестира и преку своето


учество во внатрешната трговија но и преку учеството во надворешно- трговската
размена. Внатрешната трговија го следи прометот во трговијата на мало, на големо и
прометот во трговијата на моторни возила и нивните делови и прибор, како и
одржувањето и поправката на моторни возила од деловните субјекти. Трговија на
големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите
или големите потрошувачи во земјата или во странство. Трговијата на мало е набавка
на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи. Прометот претставува
вкупна фактурирана вредност на извештајната единица во одреден период, а
остварениот промет е вкупниот промет што го остваруваат деловните субјекти од
продажба во трговијата на мало и на големо. Прометот ги вклучува сите даноци за
стоки и за услуги фактурирани од извештајната единица, со исклучок на данокот на
додадена вредност. Во прометот не влегуваат другите оперативни, финансиски и
вонредни приходи, како и паричната помош од државната власт или од институциите
на Европската унија.

Трговијата со земјоделски производи изнесува околу десет проценти од светскиот


извоз на стока. Меѓународната трговија за аграрот вклучува аспекти од меѓународното

86
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

и домашното право, и тоа: владини и невладини организации, договори и спогодби,


решавање на спорови, обичаи, тарифи, домашно трговско право и политика.

Меѓународната земјоделска трговска политика е продолжување на домашната


земјоделска политика. Одредени земјоделски политики се развиени во минатото со
цел да се заштитат земјоделските приходи (одржување на системот на семејна фарма
и одржливи рурални области во Западна Европа).

Државите кои се земјоделски производители со ниски трошоци (имаат поволни


земјоделски услови или имаат големи фарми често со високо ниво на технологија), а
особено оние кои се потпираат на извозот на земјоделски производи, ја пропагираат
политиката на отворен пазар, бидејќи лесно можат да се натпреваруваат на светскиот
пазар со земјите кои имаат високи производни трошоци (недоволно развиените
подрачја и земјите со многу мали фарми кои имаат ниско ниво на модерна
технологија). Западна Европа смета дека поголемиот дел од нејзините земјоделци, не
се конкурентни и од тие причини одржува трговска политика која ги заштитува
европските земјоделци.53

Најлесен начин да се заштити домашниот земјоделски сектор е користењето на


високите и променливи тарифни стапки со кои што се одржува домашната цена на
одредено ниво над светските цени. Ако домашното производство ја надмине
домашната побарувачка се користат извозни субвенции за да се премости јазот меѓу
светската пазарна цена и повисоката домашна цена. За некои производи во некои
земји постојат и целосни забрани за увоз. Друг начин за заштита на приходите на
земјоделците е субвенционирање на домашните цени кога светските се многу ниски.
Двата метода ја ограничуваат конкуренцијата и трговијата, а повисоката цена ја
плаќаат даночните обврзници или потрошувачите.

Во минатото странските пазари и меѓународната трговија се гледале како најевтин


начин за отстранување на производните вишоци кои не можат да се користат во
државата по пазарна цена. Причина за ова била земјоделската политика која се
базирала на одржување на високо ниво на внатрешните пазарни цени. Ова довело до
вишоци на производство, кои не можеле да се користат интерно без намалување на
цените и не можеле да се извезуваат без субвенции. Овие дисторзии се очекува дека
ќе исчезнат со воведувањето на новите политики за промена на поддршката во
аграрот од поддршка на цената кон поддршка на директните приходи.

Комплетно отворениот пазар носи економска корист за трговијата како резултат на


специјализацијата и компаративната предност. Овој факт не може да се негира но
секако треба да се имаат во предвид и други аспекти, како на пример дека аграрот
мора да продолжи да постои во непогодните предели (како резултат на неповолна
клима, релјеф, плодност, итн.) од социјални и еколошки причини. Политиката на

53
International trade in food and agricultural products, Food and Agricultural Organisation of the United Nations

87
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

отворен пазар ја поттикнува конкурентноста на аграрот, а во исто време треба да им


овозможи на државите да ги поддржат приходите на земјоделците како компензација
за работата во економски неповолни области; како што се плаќањата за одржување на
животната средина во добра состојба или како привремена поддршка кога е
неопходно реструктуирање на аграрот во одредени региони.

Дали и колкаво ќе биде учеството на аграрот во надворешно-трговската размена


зависи од степенот на економскиот развој на земјата, од компаративните предности,
степенот на заштита на аграрот, итн. Во минатото неразвиените земји биле главните
извозници на земјоделски производи додека во денешни услови како резултат на
техничко- технолошкиот напредок, иновациите и резултатите од научно-
истражувачката работа се позначајно место во надворешно-трговската размена имаат
развиените земји. Во овој поглед голема предност имаат пред се земјоделските
производители од Европската унија меѓудругото и како резултат на огромната
финансиска поддршка која им се дава од европските фондови не само во
субвенционирањето на извозот на земјоделски производи туку и во производството,
понатаму се поддржува воведувањето на еколошките критериуми и производството на
биолошката храна со што се наметнуваат високи критериуми кои не можат да бидат
следени од страна на посиромашните земји, а со тоа производите од истите стануваат
се помалку конкурентни на европските и светските пазари. Значењето на аграрот во
надворешно- трговската размена се согледува преку неговото учество во вкупната
стокова размена на една држава и тоа како на примарното земјоделско производство
така и вклучувајќи ги преработките на примарните земјоделски производи.
Надворешно- трговските индекси се индикатори за следење на промените во цените
на извозот и на увозот во одреден временски интервал.

Во табела бр. 19 се прикажани 10-те најголеми светски извозници на земјоделски


производи. Податоците го означуваат вкупниот извоз од аграрниот сектор на една
земја. Топ извозници се САД со 42826 милиони долари, Франција со 24262 милиони
долари и Холандија со 19780 милиони долари. Понатаму следуваат Германија, Велика
Британија, Канада, Австралија, Италија, Белгија и Шпанија.

Табела 19. Најголеми светски извозници на земјоделски


производи, во 2008 година
Држава Во милиони долари

САД 42,826
Франција 24,262
Холандија 19,780
Германија 13,842

Велика Британија 11,613

Канада 10,107
Австралија 9,824
Италија 9,446
Белгија 9,013
Шпанија 6,621
Извор: FOOD AND AGRICULTURE ORGANIZATION OF THE UNITED
NATIONS

88
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

8. Значење на информатичките технологии за развојот на аграрот

Развојот на информатичките технологии го поддржува економскиот развој во сите


негови сфери и сегменти. Рaзвојот на индустријата и на модерниот аграр се
незамисливи без користење на современите информатички технологии.
Информатичка технологија (ИТ) е примена на компјутери и телекомуникациска
опрема, софтвери и мрежи за добивање, чување, обработка, пренос и манипулирање
со податоците. Информатичката технологија вклучува компјутерска технологија
(вмрежување, хардвер, софтвер), интернет и луѓе кои работат со овие технологии. ИТ
работните места вклучуваат компјутерско програмирање, администрација на мрежа,
компјутерски инженеринг, веб развој, техничка поддршка и многу други поврзани
занимања. Во "ерата на информации," информатичката технологија стана дел од
нашето секојдневие.
Технологијата одигра голема улога во развојот на аграрот. Денес е можно да растат
култури во пустина со употреба на земјоделски биотехнологија, со оваа технологија,
растенијата се прилагодени да преживеат дури и во услови на суша. Преку генетскиот
инженеринг, научниците успеале да воведат нови карактеристики во постоечките гени
со цел културите да станат отпорни на суша и штетници.54
Примената на информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) во земјоделството
е се повеќе важно. Е-аграр е нова област која се фокусира на подобрување на
земјоделскиот и руралниот развој преку подобрени информатички и комуникациски
процеси. Поконкретно, е-аграр вклучува концептуализација, дизајн, развој, евалуација
и спроведување на иновативни начини за користење на информатичките и
комуникациските технологии (ИТ) во доменот на руралниот развој, со примарен фокус
на аграрот.
Достапноста на информациите создава компаративна предност на производите на
едно земјоделско стопанство преку користење на современи начини на производство,
намалување на трошоците за потребните инпути но и преку зголемено производство и
квалитет на производите. Преку користење на интернетот земјоделските стопанства
се информираат за најновите трендови, за достапноста на одредени мерки на
државна помош, за советодавните услуги кои ги нудат одредени агенции, институти,

54
KAREHKA RAMEY, Use of Technology In Agriculture

89
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

итн. Достапноста на информации значи и носење на посоодветни одлуки.


Недоволните познавања за оптималната количина на вештачко ѓубриво или пак на
средства за заштита на растенијата може да предизвика уништување на растенијата и
загадување на околината. Несразмерниот однос на различните состојки кои се мешаат
и им се даваат на животните, за исхрана на пример ќе значи намалено производство
на мллеко, намалена тежина на добитокот наменет за колење, намалени приноси во
живинарството, итн. Информациите им се потребни на земјоделските стопанства и од
аспект на следење на временските прогнози, следење на снабденоста на пазарот со
репродукционен материјал, следење на цените за пласман на готовите производи на
локалните пазари, на националните и регионалните пазари. Агроекономистите
особено ги користат компјутерските технологии во анализите и во следењето на
трендовите на одредени појави. За користење на информатичките технологии
потребна е соодветна хардверска но и софтверска екипираност која заради големите
издатоци не им е секогаш достапна на земјоделските стопанства. Понатаму потребна
е и соодветна обука на земјоделците за стекнување на коомпјутерски вештини,
потребно е севкупно ангажирање во совладувањето и набавката на информатичката
технологија како од страна на самите земјоделски стопанства така и од страна
државата преку Министерствата за земјоделство но и преку другите државни органи и
тела. Крајната корист од информатичките технологии е обострана како за самите
земјоделци така и за државата преку поуспешно вклучување во меѓународните текови
и во надворешно- трговската размена.
Е- аграр е една од линиите утврдена во декларацијата и во планот за акција на
Светскиот самит за информатичко општество (WSIS). "Тунис Агендата за
информатичко општество" е објавена на 18 ноември 2005 година и ја нагласува
водечката улога која агенциите на ОН треба да ја имаат во спроведувањето на
Акциониот план од самитот одржан во Женева.55 Организацијата за храна и
земјоделство на Обединетите нации (ФАО) има добиено одговорност за организирање
на активности поврзани со ИТ апликации за е-аграр.
Главните фази во аграрот се одгледување на култури, управувањето со водите,
примена на ѓубрива, пестициди, управување со штетници, собирање на производите,
транспорт на прехрамбени производи, пакување, чување на храна, преработка на
храна / додадена вредност, управување со квалитетот, безбедност на храната, чување
на храна и маркетинг. Сите учесници во аграрното производство имаат потреба од
информации и знаење за овие фази, за да управуваат со нив ефективно. Секој систем
кој се применува за добивање на информации и знаење за донесување на одлуки во
било кој сектор има за задача да достави точни, целосни, навремени и концизни
информации. Информациите кои се добиени од системот мора да бидат во форма која

55
TUNIS AGENDA FOR THE INFORMATION SOCIETY, World Summit on the Information Society 2005

90
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

е лесна за користење, пристапот до нив треба да биде лесен, без големи трошоци и
да бидат заштитени од неовластен пристап. Информационите системи подразбираат:
• Снимање на текст, цртежи, фотографии, аудио и видео записи, опис на процесите,
како и други информации во дигитална форма,
• Подготовка на дупликати на овие информации по значително пониска цена,
• Брз трансфер на информации и знаења на големи растојанија преку комуникациски
мрежи.
• Релативно брз развој на стандардизирани алгоритми за големи количини на
информации.
• Поголема интерактивност во комуникацијата, оценувањето, продуцирањето и
размена на корисни информации и знаење.

Примената на ИКТ во аграрниот сектор е преку:56


1. Автоматизација на административното работење
2. Безжичните технологии
3. Глобалниот систем за позиционирање (GPS)
4. Географски информациони системи (GIS)
5. Компјутерски контролирани уреди (автоматски системи)
6.Таканаречените паметни телефони (Smartphone mobile) апликации во аграрот
7. Идентификација на радио фреквенција
8. Системи за управување со знаење
9. Е-учење
10. Е-трговија
11. Управување со земјоделските ресурси и услуги
12. Компјутерски потпомогнато производство
13. Компјутерски дизајн

Автоматизација на административното работење. Автоматизација на


административното работење е примена на компјутери, компјутерски мрежи, телефонски
мрежи и други алатки како што се: фотокопири, скенери, принтери, опрема за чистење и
електронски системи за безбедност, а со цел да се зголеми продуктивноста.

Владата, приватниот сектор и невладините организации се вклучени во аграрот и


руралниот развој. Сите овие институции треба да работат заедно за да и дадат подобра
услуга на аграрната заедница. Автоматизацијата на административното работење е едно
од решенијата за подобрување на ефикасноста и меѓусебното поврзување на вработените
кои работат во горенаведените институции.

Компјутерските апликации како MS Office, Internet Explorer, OpenOffice.org и други наменски


креирани софтвери за канцелариско работење им овозможуваат на организациите и
поединците да ги задоволат нивните секојдневни потреби од обработка на податоци за
давање на ефикасна услуга на нивните клиенти.

Безжичните технологии. Безжичните технологии имаат бројни апликации во аграрот.


Во аграрот се употребуваат поедноставени системи на затворено движење на

56
www.e-agriculture.org; www.ictforag.org; ictupdate.cta.int

91
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

телевизиски камери; Употребата на безжичните комуникации ја елиминира потребата


од инсталација на коаксијални кабли.

Глобалниот систем за позиционирање (GPS). Во аграрот, употребата на


Глобалниот систем за позиционирање се користи за подготовка на мапи и геодетски
снимки. Цената на GPS уредите е многу намалена во последните години, со што
стануваат се повеќе популарни за употреба од страна на граѓаните. Со користење на
GPS уредите граѓаните можат да креираат многу прецизно дигитализирани карти без
помош од професионални картограф.

Географски информациони системи (GIS). Географски информативен систем се


користи во аграрот. Земјиштето се одбележува дигитално, а релевантни геодетски
податоци, како што е на пример топографијата се комбинираат со други статистички
податоци за полесна анализа на квалитетот на почвата. ГИС се користи во процесот
на донесување одлуки, како на пример за културата што треба да се засади и
локацијата каде треба да се засади преку користење на историски податоци и земање
на мостри.

.
Компјутерски контролирани уреди (автоматски системи) Системи за автоматско
молзење се компјутерски контролирани системи кои ги молзат млечните крави без
користење на човечка работна сила. Процесот на молзење е контролиран од страна
на земјоделски робот, со користење на софтвер за управување и специјализирани
компјутери. Автоматското молзење го штеди времето на фармерите со што можат да
се посветат на надзорот на фармата и стадото. Земјоделците исто така може да го
подобрат управувањето со стадо преку користење на компјутерски податоци. Со
анализа на ефектот на различни видови на животинска храна земјоделците можат да
го подобрат приносот на млеко. Бидејќи се достапни податоците поединечно за секоја
крава, истите може да се следат и да се испитуваат, а земјоделците можат да бидат
предупредени кога постојат невообичаени промени што би можело да значат болест
или повреда.

Користење на таканаречените паметни телефони (Smartphone mobile) апликации


во аграрот. Употребата на мобилните технологии како алатка во аграрот се се
попопуларни. Достапноста на паметните телефони, дури и во руралните области ги
прошири ИКТ услугите надвор од нивното користење за пренос на глас или текстуални
пораки. Постојат smartphone апликации кои се достапни за аграрот, хортикултурата,
одгледувањето на животни и одржувањето на земјоделските машини.

Идентификација на радио фреквенција е безжично користење на електромагнетни


полиња за пренос на податоци, за автоматско идентификување и следење на тагови
кои што се прикачени на објекти.

Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство во Малезија вовела


програма за следење на добиток во 2009 година за околу 80.000 говеда низ целата
земја. Секое грло на добиток било означено со употреба на технологијата за
идентификација на радио фреквенција за полесно препознавање и обезбедување на
пристап до релевантните податоци, како што се: локација на говедото, името на
92
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

одгледувачот, потеклото на добитокот, пол и датуми по движење. Со оваа програма


(која е прва од ваков вид во Азија) се очекува да се зголеми конкурентноста на
добиточната индустрија на Малезија во меѓународните пазари преку исполнување на
регулаторните барања на земјите увознички како САД, Европа и Блискиот Исток.
Идентификацијата на радио фреквенцијата ќе им помогне на производителите да ги
исполнат високите стандарди за безбедност на храната, а ќе помогне и за подобрување
на контролата на епидемиите на болести кај добитокот.
Системите за управување со знаење и Е-учење значи користење на
информатичките технологии за подобрување на кадровскиот капацитет со пониски
трошоци, како и достапност на повеќе литература и е-книги без оглед на земјата на
потеклото на авторите. Е-трговија значи онлајн купување на земјоделски инпути и
земјоделска опрема. Управувањето со земјоделските ресурси и услуги,
компјутерски потпомогнато производство и компјутерски дизајн подразбира
користење на информатичка технологија за следење на расположливите ресурси во
еден регион, земја и пошироко, како и автоматизирано производство на земјоделски
производи, дизајн на нов изглед на производите, нови паковања, итн.

93
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ВТОР ДЕЛ

Аграрот во Европската Унија и Западен Балкан

94
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Глава 3
Аграрот во Европската Унија
Аграрот е главен извор на приходи за околу 20% од населението на ЕУ кое живее
претежно во руралните региони и покрај тоа што учеството на аграрот во бруто
домашниот производ на ЕУ е под 3%. Земјоделско-прехрамбениот сектор претставува
значаен дел од економијата на ЕУ со 15 милиони работни места (8,3% од вкупната
вработеност) и учество од 4,4% во БДП.57 Европската Унија е најголемиот светски
производител на храна и пијалоци. Сопственото производство на ЕУ на основните
земјоделски производи е од витално значење, не само за благосостојбата на нејзините
граѓани, но исто така и за политичката независност на нејзините земји-членки.
Економското, социјалното и политичкото значење на аграрот е многу поголемо од
неговиот удел во БДП на Унијата.

Аграрот е економски сектор каде што процесот на европска интеграција е во


најнапредна фаза. Државниот интервенционизам и националните интереси ја
комплицираат имплементацијата на заедничката политика во овој сектор и од овие
причини националниот интервенционизам морало да се намали за да се овозможи
слободна трговија и слободен натпревар во аграрниот сектор. Создавањето на
Заедничката земјоделска политика е дел од процесот на интеграција на земјите
членки.

Заедничката земјоделска политика подразбира користење на заеднички цени,


инструменти за управување со заедничката цена, заедничко финансирање на мерките
за поддршка на аграрот и заедничка заштита од надворешната конкуренција.
Заштитата од надворешната околина и политиката на рурален развој се двата
суштински дела на оваа политика. Единствениот европски пазар на земјоделски
производи обезбедил сигурност во набавката на прехранбени производи по разумни
цени за потрошувачите.58

Заедничката земјоделска политика е форма на протекционизам дизајнирана за


заштита на европските производители од поевтините земјоделски производи кои
доаѓаат од земји кои не се членки на Европската унија. Оваа цел во Европската унија
се постигнува преку субвенционирање на земјоделското производство, но со
реформите истата се постигнува преку заштита од увоз од земји кои не се членки на
Европската унија и тоа преку системот на увозни тарифи и субвенционирање на
земјоделците со таканаречената Single Farm Payment (поддршка на земјоделците која
57
http://ec.europa.eu/eurostat/data/database

58
http://www.europedia.moussis.eu

95
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

не се поврзува со производството на единица земјоделски производ). Доколку се


појави вишок на произведена храна тогаш Европската унија интервенира на пазарот
преку субвенционирање на извозот на производот под цената на чинење; преку чување
на залихи или со уништување на произведените вишоци. Извозот на вишоците на
производи обично е насочен кон сиромашните земји (особено во Африка). Заедничката
земјоделска политика се обидува да го контролира производството со поставување на
производни квоти, за кои им се плаќа на земјоделците да не произведуваат над
одредената квота.
Буџетот на Заедничката земјоделска политика за 2012 година бил 41% од буџетот на
Европската унија. Речиси три четвртини од земјоделците во Европската унија имале
приход под 5000 фунти годишно (некои од нив работеле на фармите повремено) и
приходите во аграрниот сектор биле 50% од просекот во другите сектори.59
Европската унија вложува големи средства во истражување на нови видови на
земјоделски производи, на развивање на лаборатории за испитување на квалитетот на
производите, како и во директна помош на неразвиените земји пред се од Африка за
да се обезбеди доволно храна на резидентното население. Заедничката земјоделска
политика која ја води Европската унија има за цел да обезбеди здрава и квалитетна
храна пред се за населението кое што живее во земјите членки на Европската унија,
но и на кандидатките за членство на Европската унија, како и на неразвиените земји.
За оваа цел субвенционирано е не само примарното земјоделско производство, туку и
преработките на примарните производи, па дури и увозот/ извозот на земјоделски
производи. Европската унија е една од најголемите увозници истовремено и извозници
на земјоделски производи.

Заедничката земјоделска политика е воспоставена со потпишувањето на Договорот во


Рим во 1957 година, 60 но истата е многу критикувана пред се заради протекционизмот
на европските производители со што практично се оневозможува увоз на земјоделски
производи од земјите кои што не се членки во ЕУ, како и заради прелевањето на
средства од другите сектори од економијата во аграрот. Како резултат на
многубројните критики оваа политика е во процес на постојани измени и
прилагодувања според барањата на земјоделските производители и нивните
здруженија од една страна, но од друга страна и според барањата на европските
потрошувачи за здрава и безбедна храна, како и барањата за заштита на животната
средина. Имајќи го во предвид значењето на одржливиот развој на руралните
средини, како и фактот дека аграрот е претежна дејност во овие средини, Европската
унија ја вклучила политиката на поддршка на руралниот развој во склоп на
Заедничката земјоделска политика.

59
http://ec.europa.eu/agriculture/index_en.htm

60
The Treaty of Rome, 25 March 1957
96
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1. Имплементација на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија

Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европската Унија претставува систем од


субвенции и програми за помош на аграрот и претставува значаен процент од
европскиот буџет.
Во последните 50-тина година ЗЗП е најзначајната политика на Европската унија. Ова
го појаснува и фактот зошто истата учествува со висок процент во ЕУ буџетот и покрај
тоа што нејзиното учество постепено се намалува во последните години, од 73% во
1985 година на 41% во 2012 година.61 ЗЗП ги комбинира директните субвенции кои се
однесуваат на растителното производство и на земјиштето кои можат да бидат
поддржани со механизмите за цените вклучувајќи ги: загарантираните минимални
цени, увозните цени и квотите за увоз на одредени стоки. Тековните реформи на ЗЗП
се однесуваат на намалување на увозните контроли и на субвенциите наменети за
управувањето со земјата (а не за поддршка на производството на одреден производ
како претходно).
Целта на ЗЗП е да обезбеди солиден животен стандард за земјоделците (фармерите)
во Европската унија, квалитетна храна по разумна цена за потрошувачите (во
Европската унија има околу 500 милиони потрошувачи) и да го сочува руралното
богатство. Креирањето на ЗЗП е предложено од страна на Европската Комисија, а
понатаму следува потпишувањето на Договорот во Рим во 1957 година со кој е
воспоставен Заедничкиот европски пазар. Шесте земји членки првично интервенирале
во своите земјоделски сектори, особено во поглед на збогатување на асортиманот на
производството, одржување на цените на стоките на одредено ниво како и на начинот
на организирање на земјоделскиот сектор. Оваа интервенција била пречка на
слободната трговија на стоки а истовремено се јавиле и разлики во прописите кои се
носеле од страна на државите членки. Некои земји членки но и сите професионални
организации на фармери барале да продолжи државната интервенција во аграрот. Од
овие причини согледано е дека е потребно да се хармонизираат прописите кои ја
регулираат оваа материја помеѓу земјите членки и да се пристапи кон носење на
прописи на ниво на Европската унија.

Во текот на 1962 година се воспоставени три главни принципи за водење на ЗЗП, и


тоа: единствен пазар, приоритет на Заедницата и финансиска солидарност. Единствен
пазар значи дека земјоделските производи се движат во рамките на Европската унија
во услови кои се слични на оние во националните пазари, како резултат на
укинувањето на квантитативни ограничувања во трговијата (квоти, увозни монополи,
итн.) и отстранување на давачки, даноци и други слични мерки. Единствен пазар
подразбира заеднички земјоделски цени во сите земји членки. Советот по предлог на
Комисијата, донесува мерки за утврдување на цени, даноци, помош и квантитативни
ограничувања во аграрниот сектор. Приоритет на Заедницата, значи дека се дава
предност на производите од европско потекло во однос на увезените производи, со
цел да се заштити заедничкиот европски пазар од увезените производи со ниски цени,
како и да се заштити од флуктуациите на светските цени. Овој приоритет се
61
http://ec.europa.eu/agriculture/index_en.htm

97
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

спроведува преку мерките за увоз и извоз. Европската унија се обидува да ги


приближи увозните цени до цените кои постојат на заедничкиот пазар. Гапот помеѓу
цените на светскиот пазар и минималната гарантирана цена во ЕУ претходно прво се
надминувал со променливите увозни давачки, а потоа постепено се преминало кон
фиксните царински давачки. Се додека надворешните цени оданочени со увозни
давачки се на исто ниво како и внатрешните цени на ЕУ, не е во корист на европските
трговци да купат производи од надвор од ЕУ, а со самото тоа се дава предност на
европските производи. Финансиската солидарност се реализира со посредство на
Европскиот Аграрен Гарантен Фонд (European Agricultural Guarantee Fund) и значи
дека земјите-членки солидарно одговараат во однос на финансиските последици од
заедничката земјоделска политика. Бидејќи Европската унија ги организира
земјоделските пазари и донесува интервентни мерки, логично е дека е и одговорна за
финансиските последици од овие мерки. Од друга страна пак царинските давачки,
собрани на границите на ЕУ од увозот од трети земји, не одат во благајната на
земјите-членки, туку се извор на приходи за буџетот на ЕУ. 62

ЗЗП се смета дека е резултат на политичкиот компромис меѓу Франција и Германија:


германската индустрија да има пристап до францускиот пазар, а во замена за тоа,
Германија да и помогне на Франција финансиски да ги поддржи земјоделците.
Германија се уште е најголемиот финансиер на буџетот на Европската унија (околу
22% во буџетот за земјоделска политика), но од 2005 година се повеќе се зголемува и
контрибуцијата на Франција во буџетот на Европската унија (околу 17% во буџетот за
земјоделска политика), додека најголеми корисници на средства се Франција (околу
17% од средствата доделени од ЗЗП), Шпанија (околу 13% од средствата доделени од
ЗЗП), Германија (околу 12% од средствата доделени од ЗЗП), Италија (околу 11% од
средствата доделени од ЗЗП) и Велика Британија (околу 7% од средствата доделени
од ЗЗП). Урбанизираните земји-членки како што е Холандија, каде што аграрот е само
еден многу мал дел од економијата се многу помали корисници и од тие причини ЗЗП
е непопуларна во овие држави. Преодни правила во однос на ЗЗП се применуваат на
новопримените земји-членки на ЕУ, кои ги ограничуваат субвенциите што тековно ги
добиваат. Преодните правила за прв пат се воведени во 2013 година за новите земји-
членки кои даваат поддршка во вид на плаќања по користена површина (single area
payment scheme). На земјите членки кои ги применуваат овие плаќања им е дозволено
да продолжат да доделуваат национална поддршка под истите услови под кои
претходно ги давале комплементарните национални директни плаќања но со обврска
постепено да ги намалат.63

1.1 Цели и историјат на Заедничката земјоделска политика на Европската


унија

Карактеристика на Европската унија е дека аграрот е единствениот сектор за кој


постои заедничка политика. Советот за земјоделство (Agricultural Council) е тело кое ги
носи одлуките поврзани со ЗЗП. За донесување на посериозни одлуки потребно е
едногласно усвојување што резултира во ретки и постепени промени. Во рамките на
62
www.europa.eu

63
European Commission/ Agriculture and Rural Development

98
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ЕУ постои силно лоби на земјоделците чија моќ е особено зголемена во 1980 година.
Постапката на носење на земјоделската политика е следна: се предлага политиката
од страна на Европската комисија и истата се дополнува или одобрува од страна на
министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ, а потоа се преоценува од страна
на Европскиот Парламент.

Целта на ЗЗП е да доведе до поврзување на различните аграрни системи на земјите


членки на ЕУ. Почетните цели на ЗЗП се утврдени во член 39 од Договорот од Рим:64

зголемување на продуктивноста, преку промовирање на техничкиот напредок и


-
обезбедување на оптимална употреба на факторите на производство, особено
на работната сила,
- да се обезбеди нормален животен стандард на земјоделската заедница
- да се стабилизира пазарот,
- да се обезбеди достапност на основните намирници.
Со цел обезбедување на потребната количина на храна со висок квалитет, а особено
имајќи го во предвид големиот недостиг од храна во текот на Првата светска војна,
аграрот бил меѓу првите политики кои биле вклучени во Договорот од Рим, потпишан
во 1957 година. Шесте земји членки се согласиле на неколку принципи вклучувајќи го
единството на пазарот, приоритет на ЕУ, финансиска солидарност и стабилност на
приходот на земјоделците. Заедно со поставувањето на минималните цени за
производи, сето погореизнесено ја има зголемено продуктивноста на аграрот во ЕУ.
Принципите на ЗЗП се воспоставени на Конференцијата во Стреса во јули 1958
година, во 1960 година механизмите на ЗЗП биле усвоени од страна на шесте земји
членки кои се и основачи (Франција, Западна Германија, Италија, Холандија, Белгија и
Луксембург). Земјите основачи имале големи државни интервенции во своите
земјоделски сектори, особено во однос на заштита на производството, одржување на
цените на земјоделските производи и начинот на кој е организиран аграрот. Овие
државни интервенции претставувале пречка за слободната трговија на стоките а
прописите се разликувале меѓу земјите основачи. Од овие причини се јавила потреба
од хармонизирање на земјоделските политики и нивно поставување на ниво на
Европската заедница.65
Во 1962 година биле воспоставени три принципи на ЗЗП и тоа: единствен пазар во кој
ќе има слободен проток на земјоделски производи со единствени цени во рамките на
ЕУ, давање на приоритет на сопственото производство на Заедницата во однос на
увозот, солидарност во однос на заедничкото финансирање на земјоделските проекти.
Повеќе промени во ЗЗП се направени и како резултат на барањата кои доаѓале од
секторот за надворешна трговија но и од други европски политики како на пример од
политиките кои што се однесуваат на заштита на животната средина.
Во 1968 година европскиот комесар за земјоделство Sicco Mansholt до Советот на
министри доставил меморандум во однос на земјоделска реформа, кој во суштина бил
долгорочен план за основање на нова социјална и структурна политика во рамките на
европското земјоделство, одредување на лимитирани заштитни цени, поддршка на
пазарот на земјоделски производи и ограничување на директната помош која земјите
членки им ја даваат на непрофитабилните фарми. Овој план бил поттикнат од идејата
за отстранување на малите фармери преку редистрибуцијата на нивната земја и
64
The Treaty of Rome, 25 March 1957, article 39
65
www.europa.eu/about-eu/eu-history

99
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

зголемување на големината на фармите и консолидирање на фармерството во голема


и ефикасна индустрија. Некои од предлозите во меморандумот биле редуцирани и
како краен предлог во 1972 година биле подготвени три европски директиви кои се
однесуваат на модернизацијата на земјоделските стопанства, одржување на
фармерството и обуки на фармерите.
ЗЗП која се спроведувала во 70-тите и 80- тите години била многу успешна бидејќи
недостигот од храна станал минато, цените за потрошувачите се намалиле, а
земјоделците добивале поволни цени за произведените култури. Меѓутоа, ЗЗП
покажала и одредени слабости, така што довела до појава на: хиперпродукција на
земјоделски производи (млеко, путер, итн), исчезнување на малите фармери и
консолидација на аграрот во поголеми, поефикасни фарми.
Во осумдесеттите години на XX век биле направени поголеми реформи на ЗЗП, а
голема поддршка во реформите на ЗЗП била дадена од страна на институциите
одговорни за заштита на животната средина. Од овие причини во 1984 година биле
воведени и производствени квоти на млекото со што се одредиле максималните
трошоци кои ЕУ им ги признавала на производителите.
Потребата да се рационализира јавната потрошувачка, да се избегне
хиперпродукцијата и да се создаде еколошка ЗЗП постојано го одржува аграрот во
центарот на европските реформи. Така, во 1984 година биле воведени квоти за
производство на млечни производи со цел да се корегира пазарната неефикасност,
додека во 1988 година била воведена контрола на трошоците преку ограничување на
буџетот наменет за плаќања на фармерите. Kвотите за производство на млечни
производи се користат како интервентна мерка во аграрот на ЕУ со цел да се
контролира производството преку пенализирање на вишокот произведен над
одредената квота (данокот го плаќаат земјоделците). Постоеле пет видови на млечни
квоти: квота за директна продажба, квота за трговија на големо, квота за купувачите,
посебна квота за купувачите и квота SLOM. Квотата за директна продажба е горна
граница на износот на млечни производи кои може да се продаваат од земјоделското
стопанство без казнени плаќања. Квотата за трговија на големо е горна граница на
износот на млечни производи кои може да се продаваат од земјоделското стопанство
на берза без казнени плаќања. Квотата за купувачите е горна граница на износот на
млечни производи кои купувачот може да ги купи од трговецот на големо без казнени
плаќања. Посебната квота за купувачите првично постоела паралелно со квотата за
купувачите, а потоа била сумирана во таканаречената општа квота за млеко и млечни
производи. Квотата SLOM се однесувала на земјоделците кои го намалуваат или
укинуваат производството на млечни производи, а истата подоцна е сумирана во
општата квота за млеко и млечни производи.
Во 1992 година европскиот комесар за земјоделство Ray MacSharry предложил
реформи за балансирање на ограничувањата на производството со либерализација
на земјоделскиот пазар.66 Со овие реформи била намалена финансиската поддршка
за житни култури за 29%, за производството на говедско месо за 15%, а воведени
биле и дополнителни плаќања за фармерите, дополнителни плаќања за ограничување
на залихите, мерки за поттикнување на пензионирањата како и за поттикнување на
пошумувањето, зголемена била транспарентноста на трошоците за поддршката на
аграрот, се направило и раздвојување на поддршката на приходот на земјоделците од
поддршката на земјоделското производство.
Реформите во земјоделскиот сектор продолжиле во насока на намалување на цените,
обезбедување на квалитетна храна и гарантирање на стабилност на приходите на

66
European Commission, press release database, http://europa.eu/rapid/press-release_IP-92-378_en.htm?locale=en

100
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

фармерите, исто така повеќе внимание се обрнувало на намалување на загадувањето


на животната средина, здравјето на домашните животни, како и на потрагата по нови
алтернативни можности за остварување на дополнителни приходи на фармерите.
Реформите кои се воведени со т.н. „„Агенда 2000„„ главно се однесувале на два
столба: поддршка на земјоделското производство и на руралниот развој.67 Мерките за
руралниот развој вклучувале диверзификација, основање на различни групи на
производители и поддршка на младите фармери. Покрај тоа со овие реформи била
намалена поддршката за цените на житните култури, на млекото и млечните
производи, како и на месото, а зголемени биле директните плаќања на фармерите.
Анализите на поддршката на аграрот во ЕУ во текот на 2003 година укажале на
потребата од намалување на поддршката во овој сектор, пред се имајќи ги во предвид
ограничувањата на буџетот и потребата од вложување во подобрување на животниот
стандард и кохезијата во рамките на ЕУ. Така на 26 јуни 2003 година министрите за
земјоделство на ЕУ ја усвоиле фундаменталната реформа на ЗЗП која се засновала
на субвенционирање на одредени растителни производи.
Поддршката "single farm payments" е директна поддршка на приходот на фармерите со
цел поттикнување на конкурентноста и одржливоста на аграрот и е во согласност со
стандардите за заштита на животната средина, безбедноста на храната и стандардите
за одржување на здравјето на домашните животни. Оваа реформа стапила во сила во
текот на 2004- 2005 година, а била направена со цел да се ослободат повеќе средства
за поддршка на програмите за подобрување на животната средина и за заштита на
здравјето на домашните животни. Со оваа реформа се дава дополнителна поддршка
на фармерите доколку земјата се управува на начин со кој се заштитува и животната
средина.
Во периодот 2005- 2006 година конкретно направени се реформи во поддршката на
производството на шеќерната репка. Европската Унија е еден од најголемите
производители на шеќер во светот. Во текот на 2006 година направена е прва
сериозна реформа за производството на шеќер во рамките на ЗЗП и тоа донесена е
одлука за намалување на загарантираната цена на шеќерот за 36% за период од 4
години. Оваа реформа придонела кон натамошна либерализација на европскиот пазар
на земјоделски производи и намалување на цените на шеќерот на пазарот, а со цел
заштита на стандардот на европските потрошувачи.
Во текот на 2007 година бил поднесен извештај до Европската Комисија со предлог да
се ограничат субвенциите на индивидуалните земјопоседници и на поголемите фарми
за околу 300.000 фунти годишно. Но овој предлог ги засегнал поголемите фарми во
Велика Британија имајќи во предвид дека постоеле околу 20 фарми кои добивале и
повеќе од 500.000 фунти годишна помош од Европската унија. И во минатото постоеле
вакви обиди но биле неуспешни бидејќи биле одбиени од страна на силните лоби
организации Country Land and Business Association и the National Farmers Union од
Велика Британија. Овој предлог бил одбиен и од страна на Германија, па од тие
причини биле потребни дополнителни консултации помеѓу земјите членки.
Потребата од постоењето на ЗЗП е предмет на преоценување од 2008 година па
натаму. Имено, на конференцијата за ревизија на буџетот на ЕУ која се одржала во
ноември 2008 година започнала дебатата за потребата од ЗЗП, очекувањата на
европските граѓани од ЗЗП, потребата од реформа на ЗЗП, алатките кои се потребни
за спроведување на ЗЗП, итн. Во овие дебати се вклучиле многу учесници кои доаѓаат
од различни групи: граѓани, корисници на ЗЗП, итн. Во овие дебати се дискутирале и
прашања кои се однесуваат на фер дистрибуција на средствата помеѓу старите и

67
Agenda 2000, For a stronger and wider Union, Bulletin of the European Union, European Commission, 2007

101
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

новите земји членки, на придонесот на ЗЗП кон исполнување на целите за заштита на


животната средина. Со предложените промени се имало за цел: подобрување на
квалитетот на земјиштето, подобрување на квалитетот на водата, подобрување на
ефикасноста но и зголемување на безбедноста на храната, диверзификација на
производството и заштита на животната околина.
Во ноември 2010 Европската комисија ја претставила "Заедничката земјоделска
политика кон 2020", која дава приказ на можностите за иднината на ЗЗП, а во октомври
2011 година Комисијата го претставила и сетот на законски предлози за поефикасна
ЗЗП политика, за поконкурентно и одржливо земјоделство и заштита на руралната
средина.
Во текот на јуни 2013 година е постигнат политички договор за реформа на ЗЗП
помеѓу Комисијата, Европскиот парламент и Советот. На 16 декември 2013 година
Советот на министри за земјоделство на ЕУ формално ги усвоил четирите основни
прописи за реформираната ЗЗП, како и Транзиционите правила за 2014 година кои
биле одобрени и од страна на Европскиот парламент.
ЗЗП постојано е прилагодувана за да одговори на предизвиците, значајни реформи се
направени во текот на 2003 година и особено во текот на 2008 година со
таканаречените "CAP Health check", насочени кон модернизација на секторот а се со
цел да го направат повеќе пазарно-ориентиран. Стратегијата Европа 2020 нуди нова
перспектива со која ЗЗП може да придонесе кон развој на одржлив и инклузивен раст
преку соодветен одговор на новите економски, социјални, еколошки, климатски и
технолошки предизвици со кои се соочува современото општество.
Со цел целосно спроведување на политичкиот договор за реформа на Заедничката
земјоделска политика донесен во јуни и септември 2013 година од страна на
Европскиот парламент, Советот и Европската комисија, службите на Европската
комисија ги подготвиле делегираните акти. Овие акти се подготвени за да ги дополнат
несуштинските елементи од основните акти опфатени со политичкиот договор. На 11
март 2014 година Европската комисија го усвоила првиот пакет на делегирани акти.

Од сето погоре наведено може да се констатира дека ЗЗП е во постојани измени и


прилагодувања, а со цел да одговори на предизвиците со кои се соочува аграрниот
сектор во современите услови на живеење, почнувајќи од неговата примарна улога
како извор на квалитетна храна во количини со кои ќе бидат задоволени потребите на
европските граѓани, но и како извор на суровина за индустрискиот сектор, па се до
исполнување на високите критериуми за заштита на животната средина и екологијата,
кои се поврзани со климатските промени и техничко- технолошкиот развој.

1.2 Заедничката земјоделска политика на Европската унија во 2020 година

На 18-ти ноември 2010 година од страна на Европската комисија е објавен


стратегискиот документ "Communication paper" за иднината на ЗЗП68. Реформите на
ЗЗП имаат за цел да му помогнат на земјоделскиот сектор, да стане подинамичен,
поконкурентен и поефективен за да може да го поддржи одржливиот развој на
Европската унија. Реформите имаат тенденција покрај фармерите во центарот на
вниманието да бидат ставени и граѓаните кои ги консумираат земјоделските производи
и го плаќаат данокот. Реформите кои се планира да се спроведат во рамките на ЗЗП
до 2020 година се засниваат на реформите од 2003-та година и Health Check одлуките

68
The CAP towards 2020: meeting the food, natural resource and territorial challenges of the future, European commission
2010

102
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

од 2008 година. Целта на стратегискиот документ за иднината на ЗЗП е да ги


потенцира главните предизвици во однос на европското земјоделство и руралниот
развој. Идеите во документот се општи и истиот не содржи одредени бројки или
специфични мерки и инструменти за постигнување на целите на ЗЗП. Реформата на
ЗЗП се одвивала во рамките на ЕУ буџетската рамка за периодот 2014-2020, како и во
рамките на Повеќегодишната финансиска рамка (Multiannual Financial Framework). По
интензивните преговори во текот на 2013 година постигнат е договор за новата ЗЗП
која ќе се реализира во периодот 2014- 2020 година и која е прифатена од страна на
Советот и Парламентот со помал буџет од оној што го предложила Европската
комисија.
Улогата на ЗЗП е да обезбеди рамка за поддршка и заштита на земјоделските
производители, и тоа да обезбеди доволно количини на земјоделски производи,
соодветно управување со природните ресурси и климатските промени како и да
обезбеди балансиран територијален развој. Реформите во ЗЗП се однесуваат на:
 подигнување на безбедноста на храната,
 менаџирање на климатските промени и одржување на природните ресурси,
 поттикнување на руралниот развој и
 поголема конкурентност на земјоделскиот сектор.

Реформираната ЗЗП има измени во однос на поддршката која била поврзана со


земјоделското производство кон поддршка на самите земјоделски производители.
Оваа реформа е одговор на предизвиците со кои се соочувал овој сектор а особено на
оние кои биле резултат на надворешни влијанија и кои се поврзани со безбедноста
на храната и глобализацијата. Користењето на средства и препарати за зголемување
на приносите, за заштита на растенијата од штетници, вештачките ѓубрива и генетски
модифицираната храна за домашните животни може многу штетно да се одрази на
безбедноста на земјоделските производи и во таа насока се поголеми се напорите на
ЕУ за поддршка на производството на еколошки здрави производи.
Покрај економските присутни се и предизвиците поврзани со заштитата на животната
средина како што се ефикасноста на ресурсите, квалитетот на почвата и на водата,
како и заканите во однос на биодиверзитетот. Реформите во ЗЗП се насочени кон
заедничко обезбедување на јавните и приватни добра. Земјоделците се наградуваат
за услугите и добрата кои и ги обезбедуваат на јавноста како што се природните
пејсажи, биолошката разновидност, одбрана од климатските промени, итн. Новиот
инструмент на ЗЗП во првиот столб е насочен кон заштита на животната средина. Во
реформираната ЗЗП зголемена е флексибилноста во насока на користењето на
финансиските средства кон прифаќање на разноликост во производството, во
квантитетот на произведеното, заштитата на животната средина, итн. Сепак оваа
флексибилност е ограничена од соодветните регулативи и буџетските ограничувања, а
со цел исполнување на поставените цели.
Реформите на ЗЗП биле предизвикани и од потребата за заштита на руралните
области од демографските, економските и социјалните ризици, од депопулацијата и
реалокацијата на економските активности. Во оваа насока се дава финансиска
поддршка на земјоделците коишто живеат во таканаречените помалку популарни
предели (less favoured areas) со цел да се зголеми вкупниот приход кој што го
добиваат од стопанството, се вложува во подобрување на инфраструктурата, во
промовирање на аграрниот туризам, итн.
Преку ЗЗП се вложува и во зголемување на конкурентноста на земјоделскиот
сектор преку субвенционирање на производството но и на извозот на странските
пазари. Подигањето на конкурентноста на аграрот ќе овозможи справување со

103
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

економската криза и со нестабилните земјоделски производни цени. Реформираната


ЗЗП се фокусира на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор преку
подобрување на ефикасноста на користените инструменти. Конкурентноста во
реформираната ЗЗП се постигнува преку отстранување на производствените
ограничувања, како на пример во однос на производството на шеќер, млечни
производи и во секторот на производство на вино, овозможувајќи им на земјоделците
да одговорат на растечките барања на меѓународните пазари. Новата ЗЗП воведува и
мерки кои ќе ја олеснат соработката на производителите и тоа во двата столба на
ЗЗП, а со цел да се зголеми конкурентноста на аграрот преку намалување на
трошоците, подобрување на пристапот до кредити. Преку мерките на ЗЗП треба да се
зголеми стапката на раст на продуктивноста, но и да се намалат производствените
трошоци кои се резултат на високите цени на инпутот и влошената позиција на
фармерите. Дел од инструментите во рамките на вториот столб ќе ја подобрат
конкурентноста на фармерите преку реструктуирање и модернизација, како и помош
за отпочнување на нови бизниси на младите фармери. Исто така, инструментите се
фокусираат и на премостување на јазот помеѓу науката и практиката преку
советодавните услуги кои им се пружаат фармерите, како и обуките и програмите за
иновации. Овие инструменти се насочени кон помагање на аграрниот сектор за негово
прилагодување кон новите трендови и технологии.
Воспоставени се нови мерки за справување во услови на криза (400 милиони евра
годишно) со обезбедување на финансиските средства, преку одбитоци од директните
плаќања и со неискористени средства од страна на земјоделците во претходните
буџетски години.
Одобрените износи за ЗЗП во рамките на Повеќегодишната финансиска рамка
(Multiannual Financial Framework) за периодот 2014-2020 се прикажани во табела бр.
21. Како што може да се забележи од истата вкупно планираниот износ за периодот
2014-2020 година изнесува 408,31 милијарди евра односно износот за двата столба е
на ниво од одобрените средства од 2013 година. Во реални износи поддршката на
ЗЗП опаѓа и тоа за 1,8% за столб 1 и 7,6% за столб 2 (пресметано по фиксни цени од
2011 година). Вкупниот одобрен износ за ЗЗП за периодот 2014- 2020 година
претставува 37,8% од вкупно планираниот износ во рамките на Повеќегодишната
финансиска рамка на ЕУ.69

табела 21. Максимални износи планирани во Повеќегодишната финансиска


рамка (Multiannual Financial Framework) 2014-2020 (во милијарди евра)
(по цени од 2011
(по тековни цени) година)
Столб 1 (Директни плаќања и
трошоци поврзани со пазарот) 312,74 277,85
Столб 2 (за рурален развој) 95,58 84,94
Вкупно ЗЗП 408,31 362,79
Извор: DG Agriculture and Rural Development

Почнувајќи од 2014 година па натаму алокацијата на директните плаќања помеѓу


младите фармери, малите фармери, итн. ќе зависи од изборот на земјите членки на
ЕУ, а постои и можност за пренос на 15% од нивните национални учества помеѓу
двата столба со цел да се насочат средствата на приоритетите на секоја Земја членка.

69
DG Agriculture and Rural Development, European Union

104
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во табела бр. 22 се прикажани видовите мерки за поддршка на ЗЗП, во рамките на


Столб 1, ЕУ користи широк спектар на алатки а начинот на кој се користат овие алатки
може да има големо значење врз резултатите на производството и трговијата.
Директните плаќања учествуваат со околу 30% во приходот на аграрниот сектор. Како
што е наведено во соопштението од 2011 година на Светската трговска организација,
во текот на десетгодишниот период (до 2009 година), даночните обврзници и
потрошувачите во ЕУ трансферирале околу 1.000.000.000.000 евра на земјоделските
производители70 што претставува многу високо ниво на поддршка на производството и
извозот.

Столб 2, програми за рурален развој, е насочен кон обезбедување на поддршка за:


специфични производи поврзани со животната средина; подобрување на квалитетот
на животот и унапредување на економската диверзификација во руралните средини;
зголемување на конкурентноста на земјоделството и шумарството. Земјите членки,
имаат голема флексибилност во дизајнирањето на програмите за рурален развој во
согласност со нивните потреби. Поддршката по програмите кои влијаат на
конкурентноста на храната и земјоделското производство исто така можат да се
разликуваат помеѓу земјите членки. Околу 53.000.000.000 евра се наменети за
поддршка на мерки експлицитно насочени кон зголемување на конкурентноста на
храната и на аграрниот сектор.

табела 22. Видови мерки на поддршка на ЗЗП (столб 1 и столб 2)

Столб 1

Традиционални алатки за управување на пазарот

• аранжмани за минимална цена

• поддршка на обработката на производи

• интервентно купување и складирање

• интервенции на пазарот за повлекување на вишоците на производи- Withdrawals

• извозни субвенции

• ставање на дел од земјиштето надвор од употреба/надвор од производство- Set-aside

• производствени квоти.

70
http://agritrade.cta.int Special report: December 2011

105
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Директни плаќања

• Coupled direct aid payments (буџетските плаќања кои се поврзани со производството на


одредени видови на производи или број на добиток или употреба на одредени фактори на
производство)

• Partially decoupled direct aid payments (буџетските плаќања кои не се поврзани со


производството на одредени видови на производи или со бројот на добиток или употреба на
одредени фактори на производство).

• Decoupled direct aid payments (се однесува на поддршката која им се дава на фармерите а не
е директно поврзана со производството на одреден производ или на одредено земјоделско
земјиште кое се обработува).

Преодни и итни мерки

•Фондови за реструктуирање

• Итни мерки како одговор на криза во некој сектор.

Други алатки

• Хоризонтална програма за поддршка на ветеринарни мерки и мерки за заштита на


раститенијата

• Хоризонтална програма за поддршка и промоција на производите на ЕУ на меѓународните


пазари.

Столб 2

Оска I - инвестиции за рурален развој

• "реструктуирање и модернизација на земјоделството"

• "Подобрување на интеграцијата во синџирот на храна"

• "Олеснување на иновациите и поттикнување на истражувањето и развојот"

• "Поттикнување на информатичките и комуникациските технологии"

• "Поттикнување на претприемништвото "

•" Откривање на нови земјишта за одгледување на земјоделски производи "

•" Подобрување на еколошките перформанси на фармите.

Оска II - Подобрување на животната средина

Оска III - Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и поттикнување на


диверзификација на руралната економија

Оска IV - градење на локални капацитети за вработување и диверзификација (програми


LEADER)

106
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1.3 Инструменти и трендови на Заедничката земјоделска политика

Главни инструменти на ЗЗП се: поддршка на цените на земјоделските производи,


контроли над понудата на земјоделски производи, директни плаќања на фармерите и
увозни ограничувања. 71
Поддршката на цените на европските производи е основа на ЗЗП но во текот на
годините била заменета со директните плаќања. Цената на поважните земјоделски
производи како што се житните култури, млечните производи, месото и шеќерот,
зависела во голема мерка од интервентната цена која е загарантирана минимална
цена. Други механизми кои ги поддржувале цените и потрошувачката на европските
производи биле субвенциите за вишокот на производството и субвенциите на
потрошувачите. Реформите во 2003 година ги намалиле за 50% субвенциите за
вишокот на производството. Одредени видови на овошје и зеленчук биле повлечени
од пазарот од страна на организациите на овластените производители кога паднале
пазарните цени под одредените минимални цени. Реформите го намалиле трошокот
на ЗЗП кон потрошувачите бидејќи интервентните цени се намалиле додека трошокот
на даночните обврзници бил зголемен како резултат на зголемената финансиска
поддршка преку директните плаќања. Финансиската поддршка преку цените имала за
цел да го одржи земјоделскиот доход на одредено ниво додека директните плаќања
кон производителите обезбедувале понатамошно зголемување на доходот. Со
реформата од 2003 година била дадена финансиска поддршка на фармерите врз
основа на просечните исплати направени во периодот 2000-2002 година. Заедничката
земјоделска политика го опфаќа поголемиот дел од производството на житарици
произведено во европските земји или увезено во Европската унија (леб, пченица,
јачмен и пченка). Како и со други видови на производи, механизмите за поддршка на
производството на житните култури вклучувале поддршка на цените на земјоделските
производи и контрола на произведените количини. Поддршката на производството на
тврда пченица била особено застапена во традиционалните средини со цел да се
задржат луѓето да останат да ја обработуваат земјата.
Во 1992 година реформите се однесувале на воспоставување на систем на контрола
на понудата на земјоделски производи- преку програми за ограничување на
производството. За да можат да добијат финансиска поддршка производителите на
житарици, маслодајни растенија или протеински култури морале да го намалат
нивното производство за одреден процент. Системот на контрола на понудата во
секторот на производство на млеко и млечни производи како и секторот за
производство на шеќер бил во сила две децении. Системот на заштита на млекото и
млечните производи се реализирал преку квоти и тоа на национално ниво, а
производство на млеко над одредените квоти било предмет на парични казни
наречени "супер давачки." Системот на контрола на понудата на земјоделски
производи бил укинат во 2008 година.

Директните плаќања се однесуваат за одредени земјоделски производи, а се


условени со барања за заштита на животната средина и за постигнување на
економски развој. Фармерите во ЕУ за да добијат финансиска помош во вид на
директни плаќања мора да ги почитуваат строгите прописи за заштитата на животната

71
European Commission/ Agricultural and rural development/ the CAP ( http://ec.europa.eu/agriculture)

107
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

околина, здравјето на домашните животни, безбедноста и квалитетот на храната, како


и одржување на земјата во добра состојба и покрај тоа што не се обработува. Во 2004
година поддршката на залихите на земјоделски производи е ограничена само на
оризот и путерот, а отстранета е поддршката на залихите на „рж. Во периодот 2007-
2013 година било ограничено зголемувањето на буџетот на ЗЗП до 1% на годишно
ниво, во сите случаи кога плаќањата ќе се приближат до горната граница од 300
милиони евра.

Сезонските царини и стапките на тарифните квоти во повеќе од 100 трговски


договори кои ги има склучено ЕУ се главно средство за заштита од увозот.
Преработувачите на некои производи исто така добиваат субвенции за да им се
помогне да ги покријат високите трошоци за купување на европски суровини. Со
трговските договори, како што се оние со поранешните колонии на европските држави
но и со соседните земји, Европската Унија ги задоволувала барањата на европските
потрошувачите од една страна, а ги заштитувала домашните цени од друга страна
преку увозните квоти и минималните барања за увозните цени. Заедничката
земјоделска политика применува и тарифи на европските граници, така што увезените
производи не може да се продаваат во рамките на Европската унија под цените на
домашните производи (интервентните цени) воспоставени од страна на ЗЗП. Најголем
дел од европските производи можат да добијат извозни субвенции што им
овозможува да останат конкурентни на светските пазари. Извозни субвенции се
даваат и на извозот на преработени европски производи кои веќе содржат дел од
поддршката на ЗЗП на суровите земјоделски производи, врз основа на учеството на
суровиот земјоделски производ во преработениот производ и врз основа на разликата
меѓу просечната цена на суровините и моменталната цена на производот на светскиот
пазар. Реформата на ЗЗП од 2003 година се однесувала на промена во пристапот кон
земјоделската политика на ЕУ, односно за прв пат бил направен позначаен притисок
за реформа од страна на екологистите и потрошувачите. Овие притисоци се
однесувале на барања за усогласување на ЗЗП со стандардите за заштита на
животната средина и стандардите за заштита на здравјето на животните.

Традиционални алатки на управување со пазарот72


Традиционалните алатки на управувањето со пазарот се: договорите за минимална
цена, поддршката за преработка на земјоделските производи, интервентните откупи и
складирањето на производите, повлекувањата на одредени производи од пазарот,
извозните субвенции, поддршката на земјоделците кои поседуваат угари и
производствените квоти.
Имајќи во предвид дека поддршката за производството на земјоделските производи е
дел од директната помош (direct aid payment scheme) а и дека овој вид на поддршка е
зголемен во текот на годините, системот на поддршка преку административните цени
бил постепено напуштен. Како последица на ова цените во рамките на ЕУ се повеќе
станале раководени од страна на пазарните сили. Минималните цени и понатаму
постојат, но истите се еден вид на "безбедносни цени" и немаат влијание врз
пазарното формирање на цените односно во нормални пазарни околности
минималната цена не ја одредува пазарната цена. Ова пазарно определување на
цените и овозможи на ЕУ да го укине системот на поддршка на обработката на

72
EU’S COMMON AGRICULTURAL POLICY (CAP): TOOLS PROTECTING EUROPEAN FARMERS, Analytical Note SC/
TDP/AN/AG/13 March 2011, South Centre, Geneva- Switzerland

108
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

производите, имајќи во предвид дека преработувачите повеќе не се обврзани да


плаќаат минимални цени на лозарите. Разликите во европските цени и цените на
светскиот пазар се опфатени со извозните рефундации, кои се рефундираат за
соодносот кој и припаѓа на суровината која учествува во додадената вредност на
одреден производ-храна или пијалоци.
Користениот систем на повлекувања на одредени производи од пазарот, кој особено
бил користен за виното, овошјето и зеленчукот, а повремено и за говедското месо,
постепено се напуштил а одговорноста за овие мерки била препуштена на
организациите на производители.
Извозните субвенции се наменети за премостување на јазот помеѓу цените на
Европската унија и цените на светскиот пазар. Потребата за извозни субвенции е
значително намалена со реформите на ЗЗП, преку намалување на јазот меѓу цените
на ЕУ и цените на светскиот пазар но сепак извозните субвенции и понатаму се
користат.
Производствените квоти се користени за ограничување на производството на
одредени земјоделски производи. Со спојување на системите на поддршка за
житариците, маслодајните растенија и протеинските култури како дел од првиот круг
на реформи на ЗЗП во 1992 година, производствените квоти биле укинати уште во
раната фаза но сепак останале во примена производствените квоти за млечните
производи и шеќерот. Постепено се намалени квотите за производство на млеко, и тоа
преку постепеното проширување на националните производствени квоти, а целосно се
укинати во 2015 година.
Учеството на трошоците за интервентни откупи и складирање на земјоделски
производи во вкупниот буџет на ЗЗП се во константно опаѓање, и тоа од 18,30% во
1991 година, 2,70% во 2002 година, 1,50% во 2006 година и 0,27% во 2008 година. 73

Директни плаќања на производителите


Поддршката „„coupled direct aid payments„„ (буџетските плаќања кои се поврзани со
производството на одредени видови на производи или број на добиток или употреба
на одредени фактори на производство) се директни плаќања кон фармерите. Првиот
чекор на реформите на ЗЗП бил да се намали директната поддршка на земјоделските
производи но сепак голем дел од поддршката во некои сектори и понатаму постои и е
директно поврзана со обемот на производство. Со реформите директната врска на
поддршката на производството била заменета со плаќањата поврзани со површините
под кои се одгледуваат одредени производи односно со бројот на добиток кој се
одгледува.
Поддршката ‘‘partially de-coupled direct aid payments‘‘ (буџетските плаќања кои не
се поврзани со производството на одредени видови на производи или со бројот на
добиток или употреба на одредени фактори на производство) се појавила како следна
фаза во реформите, каде што плаќањата се засновале на пресметките на
традиционалните начини на плаќања но постепено се исплаќале и средства како
поддршка за фармерите кои не биле поврзани со одреден производ.
Поддршката „„Fully De-Coupled Direct Aid Payments‘‘ се однесува на поддршката која
им се дава на фармерите, а не е директно поврзана со производството на одреден
производ или со одредено земјоделско земјиште кое се обработува. Овој вид на
поддршка е директно поврзан со Single Payment Scheme, односно системот кој
покрива одредени основни трошоци за производството без оглед на производот кој ќе

73
Аграрот во ЕУ, Статистички и економски информации, Годишен извештај 2000-2009

109
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

се произведе. Учеството на директната поддршка во аграрот во однос на вкупниот


буџет на ЗЗП е релативно на речиси исто ниво во периодот 2000- 2008 година (63,1%
во 2000 година, 66,6% во 2002 година, 68,3% во 2006 и 68,2% во 2008 година)74.

Поддршка на инвестициите
Поддршката на инвестициите се реализира преку програмите за рурален развој,
мерките за поддршка на ветеринарството и за одгледувањето на еколошки здрави
производи, како и преку програмите за промоција на европските земјоделски
производи.
Поддршката за рурален развој на Европската Унија е голема ставка од буџетот кој се
одделува за аграрот. Покрај оваа директна поддршка од заедничкиот фонд на
Европската Унија има и други национални фондови кои го поддржуваат руралниот
развој а постои и ко-финансирање со приватниот сектор. Поддршката на ЕУ за
рурален развој се состои од четири столба. Првиот столб се однесува на подобрување
на конкурентноста на фармерите, на агропреработувачката индустрија и на
шумарството со потенцирање на важноста од зголемувањето на квалитетот на
производите и услугите, повисоки цени за луксузните производи на европскиот и на
светските пазари. Вториот столб се однесува на подобрување на квалитетот на живот
и на заштитата на животната околина. Третиот столб се однесува на подобрување на
квалитетот на животот во руралните средини и промовирање на разноликоста
(диверзификацијата) на руралната економија. Четвртиот столб се однесува на
мобилизација на локалната поддршка во имплементацијата на иновативните програми
за развој на руралните средини во рамките на глобалните цели на руралната развојна
политика. Од 2007 година трошоците за рурален развој се определуваат во посебна
ставка што е делумно резултат на експанзијата на трошоците поврзани со руралниот
развој, а кои не се директно поврзани со аграрот.

Главната поддршка на Европската унија се однесува на првиот столб односно на


подобрувањето на конкурентноста на фармерите, на агропреработувачката индустрија
и на шумарството. Овој столб се користи за поддршка на реструктурирањето и
диверзификацијата на европските рурални области и е фокусиран на промовирањето
на квалитетот, а не на количеството на произведени земјоделски производи. Овој
столб е од суштинско значење за зголемување на конкурентноста на земјоделско-
прехранбениот сектор во Европската Унија. Почнувајќи од 2000 година па натаму,
финансирани се различни видови на програми за поддршка на мерките за развој на
ветеринарството и за одгледувањето на еколошки здрави производи. Целта на овие
програми е да се засилат националните капацитети како и капацитетот на ЕУ во
областа на производство на здрави земјоделски производи и да се поддржат
фармерите во покривањето на трошоците на новите стандарди за безбедноста на
храната на ЕУ.

Вкупниот ЕУ буџет наменет за рурален развој во периодот 2001-2010 бил во постојан


раст, и тоа од 4,36 милијарди евра во 2001 година, 4,35 милијарди евра во 2002

74
Аграрот во ЕУ, Статистички и економски информации, Годишен извештај 2000-2009

110
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

година, 7,72 милијарди евра во 2006 година, 12,9 милијарди евра во 2008 година и
14,4 милијарди евра во 2010 година.75

Во рамките на ЕУ постојат посебни програми за промоција на европските земјоделски


производи на меѓународните пазари. Овие програми се кофинансирани со
организациите на производители или со маркетинг организациите. Овие мерки имаат
за цел да ја зголемат свесноста на потрошувачите за квалитетот на европските
производи и да го поддржат промовирањето на европските производи.

Нови иницијативи

Безбедноста на храната е дел од политиката на Европската Унија многу децении


наназад, но од средината на деведесеттите години таа е построго дефинирана, а
особено во трговијата со трети земји кои не се членки на Европската Унија. Ова може
да има големо влијание врз трговијата, како што е примерот со нарушувањето на
извозот на говедско месо од Бразил, кое произлегува од поригорозното спроведување
на контролите на усогласеноста со санитарните и фитосанитарните стандарди на
Европската унија и стандардите на сигурноста на храната што резултирало во
намалување на извозот за 71% од производителите од Бразил кои се овластени да
извезуваат говедско месо на европскиот пазар. Европската политика во однос на
квалитетот на производството која е во примена од октомври 2008 бара: јасно
утврдување на стандардите за квалитет; воспоставување на формални законски
барања; примена и признавање на европските стандарди за квалитет на меѓународно
ниво. Политиката за квалитет опфаќа: проширување на ознаките за идентификација
на местото каде што еден производ е произведен; создавање на регистар на сите
географски ознаки, со истовремено зачувување на спецификите на различните
системи кои се во употреба; подобрување на функционирањето на единствениот
пазар со различните ознаки, особено ознаките за органско производство,
подобрување на меѓународната заштита на земјата на потекло и меѓународното
признавање на стандардите на Европската унија за квалитет и во земјите кои не се
членки на ЕУ, унапредување и развој на "меѓународните стандарди за пазарот и за
органското производство, развој на упатства за "добра пракса" за потребите на
приватните сертификации а со цел за да се намали конфузијата на потрошувачите. Во
текот на 2010 година Европската комисија усвоила пакет на мерки во насока на
консолидирање на "сеопфатната политика за сертификација, додадена вредност на
квалитетот на земјоделските производи и стандарди".

Намалувањето на административното утврдување на цените ја открило нееднаквоста


во дистрибуција на моќта во ланецот на снабдување со храна. Кога цените биле
определени административно од страна на Европската унија, нееднаквостите во
односите на моќта во рамките на синџирот на снабдување не резултирале со пад на

75
Аграрот во ЕУ, Статистички и економски информации, Годишен извештај

111
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

цените на производителите, бидејќи цените административно биле поставени на


повисоко ниво се со цел да се одржи производството на Европската унија. Со
напуштање на системот на загарантирани цени, цените на земјоделците се повеќе
станувале резултат на трговските преговори, каде што нееднаквоста во односите на
моќта може да влијае на намалување на цените кои што им се исплаќаат на
земјоделците. Во услови на зголемена ценовна нестабилност, овие нееднаквости во
распределбата на комерцијалната моќ по должината на ланецот на снабдување може
да доведат до пренесување на падот на цената на терет на земјоделците. Овој развој
може да ја поткопа производствената база во земјоделските сектори во Европската
унија (ова особено се однесува на производството на млеко). Овие ризици биле
особено во фокусот на вниманието кога цените се намалувале забрзано како
последица на финансиската криза но и на глобалната економска криза, особено во
производството на млекото.

Во текот на 2009 година била започната официјална комуникација во рамките на ЕУ за


оценка на функционирањето на ланецот за снабдување со храна. Инцијалните оценки
укажале на потребата од подобрување на функционирањето на ланецот на
снабдување со храна во рамките на ЕУ и подобрување на комерцијалните односи
помеѓу актерите во ланецот, а се со цел зголемување на користа за сите засегнати
страни. Врз основа на овие согледувања било констатирано дека е потребно да се
направи ревизија на политиката за конкуренцијата со посебен акцент на развој на
организации на производителите во некои сектори. Во текот на 2010 година биле
предложени договорни односи во рамките на секторот за производство на млеко и
млечни производи, односно потпишување на писмен договор помеѓу производителите
на млеко и преработувачите, со можност за преговарање преку организациите на
производители и воведување на специјални мерки за зголемување на конкурентноста
на пазарот. Целта на овие новини била да се подигне свеста на сите учесници во овој
сектор за состојбата на пазарот, да одговорат адекватно на сигналите за промени во
пазарот, да се одржи големопродажната и малопродажната цена во соодветен
сооднос со цената која им се плаќа на фармерите и да се прилагоди понудата на
побарувачката.

Национална поддршка на аграрот

Нивото на национална поддршка во аграрот се разликува помеѓу земјите членки на


Европската унија, а и во рамките на една земја во различни временски периоди.
Националната поддршка се обезбедува за износи над или под заедничкиот буџет на
ЕУ за ЗЗП и како дополнување на трошоците за рурален развој кои се финансирани од
ЕУ. Овој вид на поддршка се дава под општите прописи на Европската унија и
постојано се надгледува. Најголеми трошоци за национална поддршка има во
Франција, Германија, Италија, Финска и Полска. Овие трошоци учествуваат со 52- 65%
од вкупните трошоци за национална поддршка во аграрот на ЕУ. Овој вид на
поддршка се користел многу често во одредени кризни услови. На пример, за време на
млечната криза во октомври 2008 година Европската комисија ги омекнала прописите
во однос на националните трошоци и им дозволила на Владите на земјите членки да
112
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

направат повисоки плаќања и тоа во износи од 15000 евра по фармер во текот на 2010
година.

Транзициони мерки и програми за итни случаи


Европската унија финансира специјални транзициони мерки пред се во секторот за
производство на шеќер. Овој вид на мерки се однесува на плаќањата за
реструктуирање на фармерите и поддршка за компаниите кои се занимаваат со
преработка на шеќер.
Европската унија има имплементирано специјални финансиски мерки за секторите кои
се соочуваат со посериозни проблеми како што е случајот со мерките за помош на
европските производители на млеко во вкупен износ од 300 милиони евра директна
помош на производителите и 300 милиони евра за поддршка на пазарот. Оваа помош
е еднаква на 12% од директните плаќања кон европските производители на млеко, а
дополнително се исплатени и средства како национална помош во износ до 15000
евра по фармер (вкупен трошок од 1102,39 милиони евра заклучно со април 2010
година).

Традиционални алатки за поддршка на трговијата76


Увозните тарифи се користат кај житните култури и преработките од жито, оризот,
овошјето и зеленчукот, млечните производи, месото и шеќерот, но истите варираат од
производ до производ. Европската унија тргува само со 10 земји членки на Светската
трговска организација и тоа Австралија, Канада, Тајпеј, Хонг Конг, Кина, Јапонија,
Кореја, Нов Зеланд, Сингапур и САД (овие земји учествуваат со околу 44% од
вкупниот увоз на Европската унија).
Тарифните стапки се главна алатка која се користи во трговските договори што ги
потпишува Европската унија за пристапот кон европските земјоделски пазари. Овие
тарифни стапки при увозот се однесуваат на пропишана количина на одредени
земјоделски производи. Некои тарифни стапки се користат во одредени периоди од
годината кога царинските давачки се намалуваат или комплетно се повлекуваат (овие
сезонски стапки се користат воглавно кај овошјето и зеленчукот).
Во рамките на системот на влезни цени, тековните тарифи се однесуваат на
минималните нивоа на увозните цени односно тарифата е подготвена на тој начин што
со нејзината примена цената се зголемува за да го достигне нивото на пропишаната
увозна цена, а ова се однесува особено на цените на овошјето и зеленчукот. Системот
на увозни лиценци има централно значење во трговскиот систем особено во системот
на тарифни стапки, а овие лиценци се користат за регулирање на дозволите за увоз.
Повластениот пристап кон увозните дозволи може да се користи и за спроведување на
одредени цели на трговската политика. Извозните дозволи се составен дел на
системот на управување со пазарот на ЕУ а особено во системот на извозно
рефундирање.
Во текот на 2008 година Европската комисија направила промени во системот на
увозни и извозни лиценци во секторот за храна и земјоделство. Пред донесувањето на
оваа одлука во рамките на ЕУ постоеле увозни дозволи за околу 500 производи а со
одлуката биле отстранети 435 барања за лиценци.

76
EU’S COMMON AGRICULTURAL POLICY (CAP): TOOLS PROTECTING EUROPEAN FARMERS, Analytical Note SC/
TDP/AN/AG/13 March 2011, South Centre, Geneva- Switzerland

113
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1.4 Критики на Заедничката земјоделска политика на Европската унија

Заедничката земјоделска политика на Европската Унија е критикувана од самиот


нејзин почеток од страна на различни групи заради нивните интереси, па дури и
самата Европска комисија била свесна за бројните аномалии на оваа политика.
Поддржувачите на неолибералната глобализација ја критикувале ЗЗП тврдејќи дека
високите износи на субвенции кои им се доделуваат на фармерите создаваат нефер
конкуренција. Проф. д-р Alan Matthews укажува на фактот дека ЗЗП предизвикува
трговски бариери за одржување на пазарните цени на ЕУ на повисоко ниво од
светските цени, и покрај тоа што не е нејзина основна цел.77 Шведска е првата земја
членка која во мај 2007 година официјално заземала став дека субвенциите за
фармерите треба да се укинат освен субвенциите кои се однесуваат на заштитата на
околината.
ЗЗП е критикувана од повеќе причини, и тоа:
 го спречува развојот на европската економија,
 предизвикува прекумерна понуда на производи на пазарот и редистрибуција,
 предизвикува вештачки раст на цените на храната,
 влијае на влошување на јавното здравје,
 големите фарми добиваат поголем дел од поддршката за сметка на помалите
фарми,
 дека обрнува недоволно внимание на заштитата на животната средина и
 дека е нееднаква распределбата на поддршката помеѓу Земјите членки.
Критики дека ЗЗП го спречува развојот на европската економија. Многу земји во
развој се зависни во голема мера од аграрот, согласно наодите на ФАО
(Организацијата за храна и земјоделство) аграрот покрива дури 70% од потребите за
преживување на најсиромашните луѓе во светот. Дел од критичарите на ЗЗП сметаат
дека субвенциите кои се пружаат преку ЗЗП се главната пречка за извоз на
земјоделски производи од страна на земјите во развој кон Европската унија.
Разговорите за глобален развој кои под покровителство на Светската трговска
организација се одржувале во Доха биле прекинати бидејќи развиените земји одбиле
да се укинат земјоделските субвенции. Покрај субвенционираното европско
земјоделско производство, сепак Европската унија е најголем увозник на земјоделски
производи од земјите во развој. За илустрација, само во периодот 2006- 2008 година
Европската Унија имала увезено добра во износ од 53 билиони евра, што е повеќе од
заедничкиот увоз на САД, Јапонија, Канада, Евстралија и Нов Зеланд. Околу 71% од
увозот на производи во ЕУ потекнува од земјите во развој, како резултат на
специјалните програми на Европската унија како што е 'Everything But Arms', кои им
овозможуваат бесцарински извоз во Европската унија на 49 најнеразвиени земји во
светот.

Прекумерно производство/ понуда и редистрибуција. Со цел да се одржи


европското земјоделство во добра состојба креаторите на ЗЗП ја поставуваат
побарувачката за некои земјоделски производи на повисоко ниво споредено со
побарувачката на слободните пазари. Со таквата политика доаѓа до ситуации кога
77
Post-2013 EU Common Agricultural Policy, Trade and Development, Alan Matthews Professor Emeritus of European
Agricultural Policy, Trinity College Dublin, 2011

114
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Европската унија купува милиони тони од вишокот на производство секоја година по


загарантирани цени и ги чува на залиха овие количини за истите да се продадат на
земјите во развој. Кризата со недостаток од храна која се појавила во 2008 година
била предизвикана од недостатокот на залихи со храна и вртоглавото зголемување на
цените. За да се надмине оваа криза зголемена била побарувачката на производи, а
биле воведени и така наречени интервентни залихи за земјоделски производи, се со
крајна цел да се стабилизираат цените.

Исто така, треба да се спомене дека во 2010 година од страна на Европската комисија
била објавена намерата за продажба на житни култури со цел стабилизирање на
настанатата ситуација со забраната на извозот на жито од Русија кога се зголемиле
цените на пченицата што довело до ризик од глобално снабдување со храна и ризик
од протести во пошироки размери, бидејќи во поголем дел од земјите во светот се
користат залихите за одржување на постабилни цени во годините кога понудата не
може да ја задоволи побарувачката за некои земјоделски производи. Додека со
одлуката од 2010 година Европската унија ги употребила расположливите
интервентни залихи за реализација на програмот „„помош за обезбедување на храна
на сиромашните„„, а се проценува дека околу 13 милиони сиромашни лица од
Европската унија имале корист од оваа програма.

Карактеристика за земјоделските европски производи е дека се извезуваат со извозни


субвенции што ги оневозможува произведувачите на млеко, домати и одгледувачите
на живина од Африка и Азија да ја следат евтината понуда од Европската унија и од
овие причини нивниот приход не е доволен за покривање на потребите за семејството.
Од друга страна пак многу урбани семејства од земјите во развој имале корист од
релативно поевтините производи кои доаѓаат од Европа додека од извозните
субенции голема корист имале Русија, Саудиска Арабија, Египет и Нигерија.
Според Извештајот за човечкиот развој (Human Development Report) од 2003 година
субвенциите за една крава изнесувале 913 долари во просек на годишно ниво, а за
споредба испратената помош во просек за еден човек во Африка изнесувала 8
долари.
Основниот проблем во преговорите што ги води СТО за аграрот се субвенциите, а и
покрај ветувањата дадени од страна на богатите земји дека ќе ги намалат субвенциите
тие постојано се зголемуваат. Преговорите под покровителство на СТО кои се воделе
во Доха на 29 јули 2008 година беа неуспешни поради разликите за трговијата со
земјоделски производи помеѓу САД, Индија и Кина.
Неприродно зголемување на цените на храната. Интервентните цени на ЗЗП
истотака се многу критикувани бидејќи се смета дека создаваат на вештачки начин
високи цени на храната во рамките на Европската унија. Високите увозни тарифи (кои
се движат 18-28%) влијаат на одржување на високи цени со ограничување на
конкуренцијата на производителите кои доаѓаат надвор од границите на ЕУ. Се
проценува дека државната помош на фармерите во земјите членки на ОЕЦД го чини
едно четиричлено семејство во просек речиси 1000 долари годишно, додека од друга
страна пак едно просечно домаќинство во Европската унија троши околу 15% од својот
буџет за набавка на храна во споредба со 30% во 1960 година.
Интервенцијата во европскиот аграр постојано се намалува а во некои сектори е
комплетно укината како резултат на зголемената конкурентност на фармерите кои се
во можност во последните години да одговорат на сигналите кои ги упатува пазарот и
115
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

да го зголемат производството кога се повисоки цените, така на пример последните


реформи на ЗЗП го намалиле интервентното купување, субвенциите за одредени
култури а намалени биле и извозните субвенции. Сепак, одредени видови на
интервенција и понатаму останале како што е поддршката “decoupled payment”, која
има за цел да ја заштити на животната средина, но истата била користена за опстанок
од страна на многу европски фармери.
Критики за влијанието на Заедничката земјоделска политика врз јавното здравје.
Критичарите сметаат дека ЗЗП не обрнува доволно внимание на јавното здравје,
односно дека производството на храна има влијание на појавата на некои видови на
заболувања, како што се кардио- васкуларните болести, дијабетисот, ракот, итн.
Помала корист за помалите фарми. И покрај тоа што креаторите на европската
политика ги промовираат таканаречените семејни фарми, ЗЗП всушност ги наградува
поголемите производители. На пример фармите со 1000 хектари заработуваат по 100
евра по хектар дополнително односно вкупно 100.000 евра дополнително, додека
фармите со 100 хектари заработуваат дополнително само 1000 евра. Поголем дел од
субвенциите кои се доделуваат во рамките на ЗЗП се однесуваат на поголемите
фарми.
Субвенциите им овозможуваат на помалите фарми да преживеат, а големите фарми
настојуваат да заработат и да добијат што е можно поголем дел од помошта. Малите
фарми имаат големо значење во економиите не само во новите земји членки на ЕУ
туку и во земјите од јужна Европа. Потребни се структурни реформи за модернизација
на малите фарми.
Заштита на животната средина. Со воведувањето на т.н. шема на плаќање во 2004
година, во центарот на вниманието на земјоделската политика се става заштитата на
животната средина. Пропишани се санкции за фармерите кои нема да ги почитуваат
прописите за заштита на животната средина односно за истите ќе следи намалување
на субвенциите.
Во 2010 година 31% од средствата во Европската унија биле наменети за заштита на
животната средина (во вкупен износ од 5 билиони евра) и тоа за промовирање на
биолошката разновидност на европските села што е дел од политиката на ЕУ за
рурален развој преку поддршка на агро-еколошките проекти во земјите членки на ЕУ.
Во Англија на пример земјоделците се поддржани од страна на Кралското друштво за
заштита на птиците, бидејќи пет најзагрозени видови на бумбари се одржани во живот
благодарение на агро- еколошките проекти.
Нееднаквост помеѓу Земјите членки. Некои земји членки на Европската унија имаат
поголеми земјоделски сектори, а со тоа добиваат и повеќе средства од ЗЗП, како на
пример Франција и Шпанија. Во земјите како што се Холандија и Велика Британија кои
имаат многу урбанизирано население, многу мал дел од домаќинствата се потпираат
на аграрот како дел од нивната економија (во Велика Британија аграрот вработува
околу 1,6% од вкупната работна сила, а во Холандија околу 2.0%). Некои земји членки
на Европската унија добиваат помош од заедничкиот буџет од различни области.
Некои земји членки даваат многу средства во буџетот на ЕУ како контрибуција на
пример Германија, Холандија, Велика Британија и Франција. Најголеми корисници на
поддршка по глава на жител се Грција и Ирска.
Маргарет Тачер во 1984 година преку преговори направила обиди за намалување на
обврската за плаќање на Велика Британија бидејќи во Велика Британија имало многу
забелешки на начинот на кој е регулирано финансирањето во Европската унија.
Почнувајќи од 2004 година Франција има добиено најмногу средства од ЗЗП (околу
13% од вкупните средства на ЗЗП, што претставува 6.37 билиони евра). Ова е
резултат на двојно поголемата површина на Франција во однос на Велика Британија
116
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

која на пример во 2005 година имала добиено 5.5 билиони евра. Поради бурните
реакции на Велика Британија за неправедната распределба на средства во рамките
на ЗЗП, Европската комисија направила комплетна ревизија на сите трошења на
средства од Европските фондови.
Дел од критичарите на ЗЗП ја отфрлаат идејата за протекционизам. Претставниците
на идејата за слободен пазар се едни од критичарите кои не се согласуваат со било
каков вид на државна интервенција бидејќи сметаат дека слободниот пазар може
најефикасно да ги алоцира ресурсите. Одредувањето на т.н вештачки цени неизбежно
доведува до нарушувања во производството обично со прекумерно производство.
Пример се т.н планини со жито кога големи количини на вишок произведено жито се
откупувани директно од фармерите по цени одредени во рамките на ЗЗП.
Субвенциите ги помагаат малите фарми кои се неефикасни за да можат да опстанат.
Економската логика сугерира дека е подобро пазарот да ги диктира цените а
неекономичните фарми треба да бидат затворени. Во вакви променети околности е
можно поефикасно користење на ресурсите во области како што се инфраструктурата,
образованието или здравството.
Многу економисти сметаат дека ЗЗП е неодржлива во услови на постојано
проширување на Европската унија бидејќи поголем дел од европскиот буџет се
консумира од ЗЗП. Новите земји членки на Европската унија се воглавно приматели на
помош од ЗЗП, Полска на пример има 2 милиони мали земјоделски стопанства.
Имајќи во предвид дека и припаѓа само мал дел од населението и мал дел од БДП
доаѓа од фармерите поголем дел од европските економисти сметаат дека трошокот за
ЗЗП е преголем.
Критичарите тврдат дека многу мал дел од европските граѓани имаат корист од ЗЗП,
само 5,4% од европското население работи на фарми и само околу 1,6% од БДП на
Европската унија доаѓа од аграрот. Поддржувачите на ЗЗП од друга страна тврдат
дека субвенциите се од големо значење за зачувување на руралните средини и дека
дури и да не постои ЗЗП еден дел од земјите членки сепак би продолжиле да ги
поддржуваат своите фармери.

1.5 Реформи на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија

Поголемата реформа на ЗЗП од 2003 година значела напуштање на поддршката преку


високите загарантирани цени на земјоделските производи78. Наместо овој вид на
поддршка се преминало кон директно плаќање на фармерите базирано на површината
која ја поседуваат фармите односно т.н. Single Farm Payment. Промените во однос на
зголемената грижа за заштита на животната средина се одразиле на ЗЗП преку
барањата за имплементација на пропишаните стандарди за заштита на околината
како и преку можноста за добивање на поголеми износи на финансиски средства
доколку се имплементираат одредени политики поврзани со заштита на околината. Во
2008 година делумно биле отстранети субвенциите кои се директно поврзани со
обемот на производство, а дел останале бидејќи некои од земјите членки стравувале
дека доколку се укинат комплетно овие субвенции тогаш во некои рурални области
може да дојде до иселување на населението поради неможноста од опстанок без овој
вид на поддршка.

78
DG Agriculture and Rural Development, European Union

117
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во однос на реформите на ЗЗП разгледувани биле повеќе опции за општи реформи.


Застапниците на општите реформи на ЗЗП предложиле три различни опции за
реформи. Според првата опција предложени биле постепени промени на постојните
рамки преку прилагодувања и подобрувања во областите од ЗЗП кои се најмногу
критикувани а пред се на правичната распределба на средствата од директните
плаќања помеѓу земјите членки. Со тоа би се обезбедил континуитет со тековната ЗЗП
и стабилност во снабдувањето со храна. Втората опција се однесувала на поголеми
реформи во ЗЗП со цел да се одржи подобар баланс помеѓу различните цели и да се
задоволат барањата на фармерите и на земјите членки на ЕУ. За реализација на оваа
опција потребни биле повеќе конкретни мерки кои требало да бидат разбрани и
прифатени од страна на граѓаните, за да се постигне поголема ефикасност во
трошењето и поголем фокус на заработувачката. Преку оваа опција се очекувало да
се подигне економскиот раст но и да се зајакне придонесот на аграрот во
постигнување на целите на ЕУ за одржлив развој, додека пак според третата опција
ЗЗП требало да придонесе кон разрешување на прашањата поврзани со животната
средина и со климатските промени со постепено намалување на поддршката на
приходите на земјоделците и прифаќање на пазарните сили. Со фокусирањето на
финансиската поддршка кон овие прашања и со поддршка на политиката за рурален
развој би се поттикнале регионалните стратегии за развој. Овие три опции имаат свои
предности и недостатоци како и влијание врз економијата, екологијата и врз
социјалниот развој.
Реформата на ЗЗП од 2003 година направи разлика помеѓу финансиската поддршка и
поддршката за обемот на производство. Сите фармери со реформата добиваат
поддршка од едно место односно т.н Single Farm Payment секоја година наместо
различни плаќања од посебните програми за поддршка. Ова било многу значајно за
фармерите но од гледна точка на меѓународната трговија немало поголемо значење
бидејќи вкупно потрошените средства на ЗЗП биле гарантирани и на исто ниво за
периодот од 2007 година до 2013 година. Реформата од 2003 година била проследена
со посветеност за задржување на трошоците на исто ниво до 2013 година кога
целосно требаше да бидат интегрирани новите земји членки на ЕУ.
Предлозите за реформата која е наречена Health Check биле објавени во 2008 година
и истите се однесувале на среднорочни промени.79 Целта на оваа реформа била да се
модернизира и поедностави ЗЗП, да се отстранат рестрикциите кон земјоделците за
да можат да одговорат на барањата на пазарот и да бидат способни за соочување со
новите предизвици како што се климатските промени, управувањето со водите и
биоенергијата. Договорот на земјите членки во однос на оваа реформа се однесувал
на укинување на квотите за производство на млеко, укинување на поддршката која е
директно поврзана со производство на одреден специфичен производ и поддршка на
секторите кои имаат поголеми и специфични проблеми. Укинувањето на квотите за
производство на млеко било планирано да се реализира до 2015 година, а
земјоделците кои ги надминуваат пропишаните квоти за повеќе од 6% да плаќаат
данок кој е повисок дури и до 50% во однос на вообичаениот. Постепено се напушта и
поддршката која е непосредно поврзана со производството на одреден земјоделски
производ, а се поддржува се повеќе плаќањето кое се дава директно на фармерите
79
Reforming the EU’s Common Agricultural Policy: Health Check, Budget Review, Doha Round, Valentin Zahrnt, European
Centre for International political Economy, 2008

118
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

(Single Payment Scheme) кое е независно од производството и случувањата на


пазарот, а се базира на нивото на поранешните (историските) плаќања на
земјоделците. Земјоделците кои ја добиваат оваа поддршка се должни да го задржат
своето земјиште во добра земјоделска но и еколошка состојба, а од друга страна
имаат флексибилност во одлучувањето кој производ да го одгледуваат на нивната
земја.

Поддршката на производните сектори кои имаат одредени проблеми се однесува на


одвојување на средства од националниот буџет на земјите членки (максимум 10%) за
директни плаќања за мерки за поддршка на заштитата на животната средина или за
подобрување на квалитетот и продажбата на производите во секторот, а оваа
поддршка станала се пофлексибилна преку користењето на средства за производство
на млеко, месо или други производи пред се во неразвиените региони или за
поддршка на мерките за управување со ризикот како што се различните видови на
осигурувања за природни непогоди, како и на заедничките фондови за заштита на
животните од различни болести.

ЗЗП и понатаму ќе има големо значење во обезбедувањето на храна и во порастот на


вработеноста, но истата и покрај тоа што претрпила одредени реформи од нејзиното
воведување сепак има потреба и понатаму да се подобрува имајќи ги во предвид
различните потреби на аграрните реони во Европската унија, различните видови на
производи, како и различните потреби и очекувања на фармерите и на
потрошувачите. Аграрот во Европската унија се очекува да претрпи промени имајќи ги
во предвид бројните предизвици со кои што се соочува, како што се безбедноста на
храната, заштитата на почвата и природните ресурси, растот и развојот на руралните
подрачја и климатските промени.

2. Политика на рурален развој на Европската Унија

Терминологија и класификација

Во европската јавност постојат различни дефиниции за поимот “рурални области” што


претставува одреден проблем при анализите на политиката на рурален развој.
Причините за различното дефинирање на овој поим се различните перцепции на она
што е рурално или урбано и на елементите кои треба да се земат во предвид при
категоризацијата, како што се природните карактеристики, економските, културните
итн. Разликите произлегуваат и од потребата поради која се формира дефиницијата
за рурални области како и потешкотиите во собирањето на релевантни податоци за
основните географски единици, како на пример што се административните единици.
Во 2010 година Европската Комисија усвои нова терминологија за претежно рурални,
средно и претежно урбани региони. Оваа терминологија е базирана на ОЕЦД
методологијата и основна цел е да се обезбеди конзистентна основа за опис на
регионите. Имено, методот се базира на едноставен пристап за создавање на
кластери на урбани ќелии со минимална густина од 300 жители на км2 и минимум
население од 5000. Сите ќелии кои се наоѓаат надвор од овие кластери се сметаат

119
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

како рурални. За да се утврдат урбаните кластери ќелиите се групирани врз основа на


нивната поврзаност и тоа доколку централната ќелија е над прагот на пропишаната
густина таа ќе се групира со секоја од останатите ќелии кои го надминуваат прагот на
пропишаната густина, а сите останати ќелии ќе припаднат на руралните кластери.

Во суштина се прави класификација на регионите на ниво од NUTS 380 и тоа врз


основа на учеството на руралното население во вкупното население (постојат 1342
региони). Доколку повеќе од 50% од вкупното население живее во руралните средини
тогаш тој регион се смета како претежно рурален, доколку пак руралното население
учествува со 20%-50% во вкупното население тогаш тој регион се смета како средно
рурален а доколку руралното население учествува со помалку од 20% тогаш тој
регион се смета дека е претежно градски/урбан. Оваа методологија кореспондира со
методологијата на ОЕЦД каде се зема во предвид постоењето на големите урбани
центри на одреден број на население. За споредба, согласно европската методологија
24% од населението живее во регионите кои се класифицирани како претежно
рурални што е 4% повеќе во споредба со резултатите добиени согласно
методологијата на ОЕЦД.

Надлежни институции за спроведување на политиката за рурален развој

Општите правила за управување со Политиката за рурален развој која се спроведува


од страна на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (European Agricultural
Fund for Rural Development- EAFRD) се регулирани со Регулативата бр. 1698/200
донесена од страна на Советот на Европската унија. Руралниот развој во Европската
унија се финансира само преку EAFRD, за разлика од претходните програмирања кога
финансирањето се реализираше преку повеќе фондови. Земјите членки на Европската
унија се обврзани да достават Програма за рурален развој пред периодот на
усвојување на Програмата за рурален развој на ЕУ, во која поблиску ќе одредат колку
средства ќе бидат потрошени за одредени мерки. Политиката за рурален развој на
Европската унија за периодот 2007- 2013 година применува кохерентна стратегија за
рурален развој преку Стратегиските Насоки кои се одобрени од страна на Советот во
2006 година. Сето ова придонесува за: одредување на областите во кои е најпотребна
поддршката за рурален развој, воспоставување на линк со главните приоритети на ЕУ,
конзистентност со останатите политики на Европската Унија во однос на економската
кохезија и заштитата на животната средина, поддршка на ЗЗП во однос на
зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, подобрување на животната
средина и подигнување на квалитетот на животот во руралните средини и
промовирање на диверзификацијата. Инвестициите во развојот на руралните
економии се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на животот во
руралните области преку подобрениот пристап до услугите и до инфраструктурата. За
да се направат попривлечни руралните области потребно е да се генерираат нови
работни места и да се олесни пристапот до комуникациската технологија.

80
Nomenclature of Territorial Units for Statistics, small regions for specific diagnosis, European Commission-Eurostat

120
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Финансирањето преку Политиката за рурален развој е базирано на повеќегодишно


финансиско планирање (преку кое се одредува максималниот износ на Буџетот на
Европската унија) кое се усвојува од страна на Европскиот парламент, Советот и
Европската Комисија. Понатаму одредениот годишен износ кој е одобрено да се
финансира се доставува до земјите членки, кои од одобрените годишни износи прават
алокација на средствата. Во рамките на новите "Финансиски перспективи", алоцирани
се 77,6 билиони евра преку EAFRD за периодот 2007- 2013 година. Регулативата број
378/2007 дава можност за пренамени односно редуцирање на директните плаќања и
трнсферирање на фондовите за финансирање на програмите за рурален развој. Во
согласност со Регулативата број 1698/2005 година има два вида на техничка поддршка
и тоа на иницијатива на Европската Комисија или на иницијатива на земјите членки.
EAFRD може да финансира максимум до 4% од вкупната вредност на програмата за
подготовка, менаџирање, мониторирање, проценка и контрола на извршувањето на
Програмата.

За користење на средствата од Програмата за рурален развој се формирани групи за


спроведување на локални активности (Local Action Groups) и се назначува лидер за
секоја формирана група. Преку лидерот се доделуваат средства на секоја формирана
група за имплементирање на стратегиите за локален развој и имплементирање на
локалните проекти.

Фактори за рурален развој81

Руралниот развој е во директна корелација и зависност од следните фактори: стапката


на миграција, човечкиот фактор, електронскиот бизнис, информатичката технологија и
развојот на нови технологии. Стапката на миграција ја покажува атрактивноста на
некоја област за живеење. Стапката на миграција вообичаено е пониска во руралните
од урбаните средини но истата е различна помеѓу државите членки на ЕУ и е под
влијание на различни фактори, како што се на пример климатските услови.

Имајќи го во предвид фактот дека човечкиот фактор има пресудно значење за


руралниот развој, инвестициите во образованието и т.н доживотно учење стануваат се
поинтересни. Генерално гледано, населението кое живее во урбаните средини во
Европската унија е пообразовано од населението кое живее во руралните средини.
Доживотното учење ги подобрува вештините на работниците и истото во голема мерка
се применува особено во Финска и Данска.

Европската Комисија има воспоставено мрежа за поддршка на развојот на


електронскиот бизнис на малите и средни претпријатија со цел да ги охрабри овие
деловни субјекти да го истражуваат својот потенцијал за развој на информатичката
технологија. Оваа мрежа има за цел да обезбеди практични упатства за овие субјекти
и дијагностички алатки за развој на решенија од областа на информатичката
технологија. Електронскиот бизнис опфаќа многу повеќе од обичната трговија

81
Rural Development, Principles, Policies and Management- Third Edition, Katar Singh, 2009

121
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

(купување и продавање) односно го опфаќа и самото поврзување на деловните


процеси и системи и развојот на различни форми на деловни партнерства. И самата
агенција EAFRD пружа различни видови на помош за развој на овој бизнис, на пример
во Франција во алпскиот регион малите фирми се здружиле со оваа помош за развој
на електронскиот бизнис. Сепак треба да се спомене дека на почетокот од
воспоставувањето на оваа деловна мрежа фармерите не биле многу расположени за
учество во истата. Од овие причини неопходно било да се организираат директни
средби со фармерите за да им се објасни целта на формирањето и начинот на
функционирање на мрежата.

Информатичката технологија е значајна за подигање на продуктивноста на сите


сектори во економијата вклучувајќи го и аграрот. За промовирање на информатичката
технологија во руралните предели организирани се обуки на многу учесници и тоа
студенти кои бараат работа, регионални обуки за изработка на мебел, обуки за
самовработување во занаетчиството, обуки на невработени лица кои живеат во
руралните средини итн. Промовирано е и доживотното учење за изработка на мебел и
за изработки од дрво. Со информатичката технологија значително е намалено
времето за преработка на дрво и изработка на мебел, а подобрен е и квалитетот на
производите.

Развојот на нови технологии се повеќе наоѓа примена во аграрот придонесувајќи за


зголемување на додадената вредност во овој сектор. Имајќи ја во предвид
заинтересираноста на европските потрошувачи за потеклото на производите во
Данска е развиена нова технологија за означување на потеклото на земјоделските
производи. Со ова им се пружаат дополнителни информации на потрошувачите за
потеклото и квалитетот на производите што им се нудат. Европската унија го
поттикнува овој проект за агропреработувачката индустрија преку стратегијата „„од
фарма до вилушка„„ преку која се поврзуваат производителите со потрошувачите.
Преку ова се поддржува и развивањето на одредени брендови кои стануваат
препознатливи меѓу потрошувачите со што се зголемува конкуренцијата во однос на
квалитетот.

Кај добитокот се употребува специјализиран електронски број кој содржи кодирана


информација која се чита преку специјализирана опрема за читање на баркод која е
многу слична на опремата која се користи во супермаркетите за читање на
баркодовите на производите. Преку овој баркод се добиваат најразлични информации
за датумот на раѓање на добитокот, за неговото одгледување, колење итн. Со
користење на овие информации месарите ја читаат историјата на потекло на месото и
понатаму донесуваат одлуки на кој начин ќе го сечат и обработуваат месото и ги
програмираат машините за автоматско сечење на месото. Формирана е посебна
алатка на интернет која е повеќејазична и им пружа различни информации на
компаниите кои се поврзани на истата (околу 300 компании за производство на храна).
Со внесување на кодот на производот на оваа интернет страница потрошувачите
можат да ги добијат сите информации за историјата на производот (од првиот
производител до малопродажбата на производот). За развивањето на овој систем
122
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

производителите на храна вложуваат големи средства и напори. На интернет


страницата се нудат и различни рецепти за подготовка на храна што дополнително ги
поттикнува потрошувачите за купување на дански производи.

Карактеристики на руралните области

Руралните области имаат големо учество во територијата на Европската унија,


вработуваат повеќе од половина од вкупниот број вработени, имаат големо учество
во инвестициите, во БДП, итн. Во Табела бр. 23 се прикажани неколку показатели за
значењето на руралните области во економијата на Европската унија. 82

Табела 23. Поважни индикатори за руралниот сектор во ЕУ


Учество на Руралните области во вкупната територија 91%
Учество на Руралните области во вкупното население 59%
Учество на Руралните области во БДП 48%
Учество на Руралните области во вработувањата 56%
Густина на населеност во руралните средини (жители на м2) 48
Густина на населеност во урбаните средини на ЕУ (жители на м2) 514
БДП по глава на жител во руралните области (% од просекот на ЕУ) 83%
Учество на примарното земјоделско производство во вработеноста 5,5%
Стапка на невработеност 9%
Продуктивност на работната сила во аграрот во старите земји членки
во однос на европскиот просек 178%
Продуктивност на работната сила во аграрот во новите земји членки
во однос на европскиот просек 28%
Стапка на инвестиции во ЕУ 39%
Стапка на инвестиции во старите земји членки на ЕУ 42%
Стапка на инвестиции во новите земји членки на ЕУ 16%
Учество на прехранбената индустрија во вкупниот број на вработени 2,2%
Учество на прехранбената индустрија во БДП 2%
извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

Руралните области (претежно и средно руралните области) во рамките на Европската


унија претставуваат 91% од вкупната територија и околу 59% од населението, па од
овие причини се особено важни за економијата на Европската унија. Помеѓу земјите
членки значењето на руралните области варира од “поурбаните земји членки” до
“поруралните земји членки“. Економската активност има тенденција да се концентрира
повеќе во урбаните области но сепак 48% од Бруто додадената вредност во
Европската унија се создава во руралните области и 56% од вработувањата се во
руралните области. Овие процентуални учества се поголеми во новите земји членки
на Европската унија и тоа 66% од Бруто додадената вредност и 75% од
вработувањата се во руралните области.

82
RURAL DEVELOPMENT IN THE EUROPEAN UNION STATISTICAL AND ECONOMIC INFORMATION REPORT 2010 ,
European Union Directorate-General for Agriculture and Rural Development

123
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Повеќето рурални области се карактеризираат со ниска густина на населеност, на


ниво на Европска унија густината на населеност варира од 48 жители на км2 во
претежно руралните средини до 514 жители на км2 во претежно урбаните средини.

Во однос на старосната структура на населението нема голема разлика помеѓу


руралните и урбаните области но процентот на работоспособното население на
возраст од 15- 64 години е обично повисок во урбаните области додека процентот на
стари лица на возраст од 65 години и повеќе е обично повисок во претежно руралните
средини. Старосната структура е под големо влијание на демографските разлики меѓу
земјите членки и тоа во руралните области на постарите земји членки се наоѓа
поголем дел од постарото население додека во новите земји членки се наоѓа поголем
дел од работоспособното население. Во сите земји членки на Европската унија и во
руралните и во урбаните области има тенденција на постојано намалување на
младото население на возраст до 15 години.

Бруто домашниот производ по глава на жител е поголем во урбаните отколку во


руралните области. Во Европската унија приходот по глава на жител во руралните
области е 83% од просекот. Јазот помеѓу руралните и урбаните средини е поголем во
новите земји членки на Европската унија. Руралните региони во новите земји членки
растат побрзо од руралните области во старите земји членки но растот на урбаните
региони од друга страна е помал од оној на старите земји членки со што јазот помеѓу
руралните и урбаните области се зголемува.

Примарното земјоделско производство во руралните средини учествува со 9% во


вработеноста и 3% во додадената вредност. Во новите земји членки ова е уште
понагласено со учество од 12% во вработувањето и 6% од бруто додадената
вредност. Поголемиот дел од економската активност припаѓа на секторот за услуги.
Трендот на намалување на учеството на примарното земјоделско производство во
вработувањето и учеството во создавањето на бруто додадената вредност
продолжува.

Стапката на вработеност во руралните области е пониска во однос на руралните


области. Во старите земји членки на Европската унија стапката на вработеност се
зголемува со исто темпо во руралните и урбаните области за разлика од новите земји
членки каде стапката на пораст е помала во руралните средини во однос на урбаните
средини.

Стапката на невработеност која е пресметана како процент од активното население е


различна помеѓу земјите членки. На ниво на Европската унија и урбаните и руралните
региони имаат слична стапка на невработеност од околу 9% но има големи разлики
помеѓу земјите членки и тоа од околу 6% во Данска до 18% во Шпанија и Латвија. На
ниво на Европската унија најголемите стапки на невработеност не се само во
руралните области туку има и урбани области кои имаат високи стапки на
невработеност, но во новите земји членки претежно во руралните области е поголема
невработеноста.

124
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Примарниот земјоделски сектор (земјоделство, лов и шумарство) учествува со околу


5,5% од вкупниот број на вработени во Европската унија. Во Велика Британија аграрот
учествува со 1% во вкупниот број на вработени, во Романија со околу 30%, во
Бугарија со 20% и во Полска со14% во вкупниот број на вработени. Важноста на
примарниот земјоделски сектор во економијата на Европската унија е во постојано
опаѓање, кое се должи на продуктивноста на трудот и капиталот од другите сектори во
економијата но и на остриот пад на цените. Во однос на додадената вредност, на ниво
на Европската унија примарниот земјоделски сектор изнесува околу 1,7% од вкупната
Бруто додадена вредност. 83

Имајќи ги во предвид разликите во природните услови постојат и големи разлики меѓу


земјите членки во однос на процентот на користеното земјоделско земјиште за
различни намени. Просечната големина на една фарма е повисока во старите земји
членки, а поголема е и разликата во однос на големината на фармите во различните
региони на самите земји членки. Разликите во однос на просечната економска
големина на фармите се уште поголеми меѓу земјите членки. Во новите земји членки
просечната економска големина на фармите е за десет пати помала во однос на
старите земји членки со исклучок на Република Чешка каде што просечната економска
големина на фармите е повисока од европскиот просек.

Основна карактеристика на Европската унија се фамилијарните фарми но постојат и


големи фарми кои што функционираат како правни субјекти и вработуваат
дополнително лица. Во новите земји членки жените се повеќе присутни како работна
сила во аграрот за разлика од старите земји членки. На ниво на Европската унија
жените учествуваат со 42% во вкупната работна сила во аграрот. Учеството на жените
во вкупната работна сила е поголемо во малите фамилијарни фарми каде што една
третина од вкупниот број на стопанственици на фармите се жени. Во аграрот
припаѓаат 22% од сите самовработените жени во сите сектори на економската
активност на возраст 15-64 години.

Малите фарми во кои луѓето работат за да обезбедат основни средства за


преживување се многу значајни во некои земји членки на ЕУ каде што овие фарми
имаат годишна стандардна вредност на производството помала од 1200 евра што
значи дека се класифицирани под првата класа според економската гоелмина на ниво
на ЕУ. Само мал дел од фармерите во рамките на ЕУ имаат основно знаење или се
целосно обучени земјоделци, во 2005 година само 20% од фармерите во ЕУ имале
соодветна обука, а во некои земји членки овој процент е значително помал (на пример
во Малта помалку од 1% биле обучени).

Продуктивноста на работната сила во аграрот мерена како однос на Бруто додадената


вредност по основни цени за еден годишен работен час, се разликува во рамките на
ЕУ помеѓу новите и старите земји членки. Продуктивноста е поголема во старите земји

83
European Commission DG Agriculture and Rural Development

125
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

членки и е околу 78% повисока од европскиот просек за разлика од новите земји


членки каде што продуктивноста е само 28% од европскиот просек.

Бруто инвестициите во основни средства во аграрот се повисоки во старите земји


членки (околу 93% од вкупните бруто инвестиции во основни средства се од старите
земји членки). Стапката на инвестициите е однос помеѓу бруто инвестициите во
основни средства и бруто додадената вредност и истата е околу 39% во 2008 година
во ЕУ но е многу пониска во новите земји членки (околу 16%) за разлика од старите
земји членки (околу 42%).

Прехранбената индустрија е многу важен дел од европската економија и истата


вработува околу 5 милиони лица односно 2,2% од вкупниот број на вработени и 2% од
вкупната бруто додадена вредност во 2007 година. Прехранбената индустрија е
особено значајна во Литванија, Полска, Бугарија и Холандија. Во 2007 година стапката
на инвестиции во прехранбената индустрија е особено висока во Малта и во
Словачка.

Диверзификацијата на економската активност во руралните области во други сектори


освен земјоделскиот сектор е во постојан пораст. 35% од европските фармери
извршуваат и други економски активности од кои имаат заработувачка а во некои
земји членки овој процент е повисок и од 50% како на пример во Словенија, Шведска и
Кипар. Околу 86 % од вкупниот број на вработувања и 95% од создадената додадена
вредност доаѓа од неземјоделските активности кои се обавуваат во руралните
средини. Туризмот има особено значење во однос на развојот на руралните области,
околу 35% од издадените легла во рамките на ЕУ се издадени во руралните области.

Како резултат на различните поддршки кои им се пружаат на руралните средини тие


стануваат се поатрактивни за живеење. Најголем проблем на руралните области
останува нивната оддалеченост од главните центри. За да се поттикне животот во
овие области потребно е да се подобри инфраструктурата, покриеноста со интернет
врски и социјалниот живот.

Услугите како економска активност која е застапена во руралните области напредува


побавно во споредба со урбаните области, во руралните области околу 64% од
економската активност припаѓа на услугите а во урбаните средини околу 77%.

Програми и мерки на политиката на рурален развој

Различни финансиски инструменти се користени за имплементација на политиката за


рурален развој како резултат на развојот на политиката и проширувањето на
Европската унија. Во периодот 2000- 2006 година системот е комплексен бидејќи се
користени неколку финансиски инструменти во различни земји членки и за
спроведување на различни мерки на политиката. Мерките се финансирани од страна
на Европскиот земјоделски фонд и Европскиот Гарантен Фонд (EAGGF). Европскиот
Гарантен Фонд ја опфаќа поддршката за предвремено пензионирање, за помалку
развиените области, агро-мерките за заштита на животната средина и пошумување на

126
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

обработливото земјиште. Европскиот Гарантен Фонд заедно со Европскиот фонд за


регионален развој, Европскиот фонд за Социјала и финансискиот инструмент за
рибарството се сметаат за структурни фондови на Европската унија.

За земјите кандидатки за членство е користена Специјална Програма за Земјоделство


и Рурален развој (SAPARD) со цел да им пружи поддршка во процесот на
имплементација на законодавството на Европската унија и за имплементација на
Мерките за рурален развој. Во периодот 2004- 2006 година постоеја два вида на
програми за финансирање на мерките за рурален развој и тоа Инструмент за
привремен рурален развој (TRDI) и мерки во рамките на EAGGF. Во периодот 2007-
2013 година создаден е Европскиот земјоделски фонд (EAFRD) кој ги финансира
Политиките за рурален развој на земјите членки на Европската унија.84 За земјите
кандидатки за членство на Европската Унија односно за Македонија, Хрватска (пред
да стане членка на Унијата) и Турција воведен е посебен Инструмент за
претпристапна помош – IPA со компонента која се однесува на руралниот развој-
IPARD.

Главна цел на политиката за рурален развој на Европската Унија е одржлив развој на


руралните области. На почетокот оваа политика била секторски ориентирана односно
се однесувала на развој на одредени производни сектори во аграрот. Реформите на
ЗЗП од 2000 година ја поставиле политиката на рурален развој како втор столб на
ЗЗП. Заштитата на животната околина е составен дел на руралната политика, во
рамките на руралната политика се повеќе се зајакнува поддршката и партнерството
како и флексибилноста на поддршката преку повеќе од 20 мерки за задоволување на
специфичните потреби на земјите членки на Европската унија. Политиката на рурален
развој има за цел да го зајакне секторот на земјоделство и шумарство, да ја подобри
конкурентноста на руралните средини и да ја зачува животната средина и руралното
наследство на Европската унија. Реформите од 2003 година поставиле за цел
промовирање на квалитетот на земјоделските производи, зачувување на
благосостојбата на животните и помош на земјоделците за достигнување на
европските стандарди. Во септември 2005 година Советот на министри ја усвоил
регулативата за рурален развој за периодот 2007- 2013 година со цел воспоставување
на еден фонд, еден менаџмент и контролен систем и еден вид на програмирана
помош. Овие реформи се однесувале на подобрување на конкурентноста на аграрот и
шумарството, подобрување на животната средина и на животот во руралните подрачја
и поттикнување на диверзификацијата (разновидноста) на економската активност.

Во Словенија преку поддршката на EAFRD се развиени ИКТ апликации со туристички


информации и тоа виртуелни картички и мулти медијални информации кои се
инсталираат на мобилните телефони и истите се инсталирани во крајбрежниот регион.
Во Словенија како и во другите земји членки на Европската унија се промовира
вработувањето во туризмот а особено во руралниот туризам. Силна е конкуренцијата

84
Council Regulation (EC) No 1698/2005 of 20 September 2005 on support for rural development by the European
Agricultural Fund for Rural Development (EAFRD)

127
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

во рамките на Европската унија за привлекување на руралните туристи и од тие


причини се повеќе се користи ИКТ технологијата за обезбедување на информации за
услугите и туристичките атракции на руралните средини. Се користи софистицирана
комуникациска технологија и дигитални производи за да се задоволат очекувањата на
туристите и да се продолжи времето на престој. Поддршка преку EAFRD е дадена на
локалната власт во областа Копер за развој на руралниот туризам. Овој крајбрежен
регион има богата историја и нуди добри услови за одмор. Архитектонските и
природните споменици, локалната кујна, религијата и богатото културно наследство се
дел од понудата на оваа област. Со користењето на ИКТ технологијата е помогнат
развојот на руралниот туризам во оваа област, особено со рекламирање на
можностите и атракциите на овој регион. Со овој проект се постигнати две цели и тоа
користење на нова технологија за привлекување на туристи (преку пружање на забава
преку различни видови на занимливости) и користење на ИКТ технологијата за
подобрување на пристапот до локалното културно наследство. Од страна на EAFRD
со програмата за рурален развој се обезбедени околу 90000 евра за овој проект.
Поголем дел од овие средства се потрошени за набавка на 12 мултимедијални панели
(фотоснимки) кои биле поврзани на интернет и 54 статични информативни панели кои
содржеле податоци за најинтересните места со природни убавини и културни
наследства во околината на Копер. Користени се заеднички визуелни елементи за
сите информативни точки со цел да им се помогне на туристите за пребарување на
различни сајтови/ места. На оваа технологија се обезбедени информации на четири
јазици и тоа словенски, англиски, италијански и германски јазик, а исто така и самите
мапи на руралните културни богатства на Копер се испечатени на повеќе јазици. Преку
мултимедијалните панели има можност за испраќање на електронска разгледница
преку е-пошта со што се прави дополнително рекламирање со многу ниски трошоци.
Втората интерактивна опција е инсталирање на повеќе информации за културното
наследство на Копер и за туристичките услуги на мобилните телефони.

3. Развој на аграрот на Европската унија

Согласно Договорот потпишан во Рим во 1957 година85, пред ЗЗП се поставени пет
основни цели и тоа: зголемување на продуктивноста, обезбедување на нормален
животен стандард на земјоделците/ фармерите, стабилизирање на пазарите,
достапност на земјоделските производи, како и обезбедување на разумни цени за
потрошувачите.

Со текот на времето се менувале и барањата кон ЗЗП поттикнати од останатите


промени во климата, недостатокот од вода, недостатокот на енергетски ресурси,
потребите за безбедност на храната итн.

85
http://www.eurotreaties.com/ THE TREATY OF ROME, 25 March 1957

128
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Сите овие промени барале примена од широк спектар од политики и инволвирање на


приватниот и јавниот сектор во изнаоѓање на адекватни решенија за надминување на
проблемите, особено ако се има во предвид дека спроведувањето на Договорот од
Рим е со користење на само една мерка и тоа преку загарантираните производствени
цени што довело до нецелосно спроведување на последните четири основни цели од
Договорот.

3.1 Долгорочни предизвици со кои се соочува аграрот на Европската унија

Аграрот се соочува со долгорочни предизвици заради неговата специфичност, и тоа:


климатските промени, недостаток од вода и недостаток од енергетски ресурси86.
За справување со овие предизвици потребно е адекватно таргетирање на јавните/
државните и приватните политики, вклучувајќи ги буџетските политики како што се
поголеми (и подобро проектирани) субвенции за истражување и развој во аграрниот
сектор.

Проблемите поврзани со климатските промени се очекува да се продлабочат во текот


на наредниот век, додека оние кои се поврзани со недостатокот од водени ресурси се
веќе присутни и бараат итни мерки за нивно решавање. Проблемите во однос на
енергетските ресурси укажале на потешкотиите во процесот на донесување одлуки, а
во случајот со биогоривата укажале и колку скапо може да се платат погрешните
одлуки.

Климатските промени имаат големо влијание врз земјоделското производство но и


врз потрошувачката на земјоделски производи и трговијата. Климатските промени и
нивните негативни ефекти врз човекот се неизвесни но во голема мерка зависат од
можноста за контрола на емисијата на таканаречените стакленички гасови и од
способноста за прилагодување кон промените. Зголемената емисија на стакленичките
гасови ќе предизвика повеќе врнежи со различен интензитет и повисоки температури
проследени со промени во местата на земјината топка на кои се јавуваат
температурните екстреми. Аграрот може да влијае во ублажувањето на последиците
од климатските промени со намалување на емисиите на јаглероден диоксид кои што
се создаваат во овој сектор но и со делумна апсорпција на јаглеродниот диоксид кој се
создава во другите сектори. Но за да се постигне ова потребно е да се вложува во
истражување на можностите на технологијата за ублажување на овие последици а
особено имајќи ги во предвид можностите за поврзување на јаглеродниот диоксид со
почвата. Различните можни технолошки решенија како што е одгледувањето на
растителни култури кои што можат да се одгледуваат и во услови на големи суши,
култури кои што опстануваат во различни промени на климатските услови, промените
во менаџерските практики можат да допринесат многу во прилагодувањето кон
климатските промени. Транспарентната глобализација ќе даде свој придонес во
прилагодувањето кон климатските промени.

86
Boulanger, Pierre H., and Messerlin, Patrick A. (2010). 2020 European Agriculture: Challenges and Policies. Washington
DC/Brussels: The German Marshall Fund of the United States
129
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Според емисијата на стакленички гасови во земјите-членки земјоделството


учествувало со 10,3% во вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ-28 во 2012
година, односно емитувало вкупно 471.000.000 тони на CO2 еквиваленти во 2012
година.87

Управувањето со водните ресурси треба да се спроведе преку интегрирано


управување со земјоделските води и подобрувањето во системот на наводнување (со
намалување на загубите во вода, промени во техниките на наводнување, итн.), чување
на водата и одржливост на водните ресурси. Со цел да се зголеми производството на
храна потребно е да се испитаат сите можности за зголемување на залихите на водни
ресурси преку модернизација на управувањето со водите од технички,
институционален и финансиски аспект.
Поплавите на Дунав и на другите централни европски реки од 2013 година направиле
катастрофа, со трошоци кои надминале износ од 1 милијарда €. Претставниците на
европските фармери направиле притисок за да останат директните плаќања во
рамките на Заедничката земјоделска политика, бидејќи истите им помогнале да ги
надминат проблемите поврзани со климатските промени. Некои осигурителни куќи ги
процениле вкупните штети од поплавите во Австрија, Чешка и Германија на износи од
3 до 5,8 милијарди евра.
Покрај оштетените домови и инфраструктурата, повеќе од 400 фарми во Германија
информирале за загуби во растителното производство, а загубите на градинарските
култури во Чешка изнесувале и до 20%. Мартин Pýcha, претседателот на Чешката
земјоделска асоцијација, изјавил дека најмалку 50.000 хектари во западната
провинција на Чешка биле погодени од поплавите долж Влтава и нејзините притоки.
Pýcha посочувал дека владините мерки за намалување на трошоците ја намалиле
поддршката за осигурување на земјоделците, со што многу земјоделци останале без
осигурување од поплавите. Условите за одгледување на растителни култури во
Чешка, биле влошени заради продолжениот зимски период и честите врнежи со што
се скратило времето потребно за посадување на растителните култури. Поради
поплавите, немало услови за навремено засадување на зеленчук, шеќерна репка,
пченка и други култури.88

Во соопштението “Flood risk in Europe: the long-term outlook” ЕУ Агенцијата за заштита


на животната средина подготвила слика на прогнозирани поплави, бури и други
метеоролошки настани на континентот во текот на следните децении. Агенцијата
укажува на забележително зголемување на штетите од екстремните временски
настани кое се должи на промена на начинот на користење на земјиштето,
зголемување на населението и обезбедување на неговата благосостојба, како и од
човековите активности кои носат катастрофи на природата.

Управувањето со енергетските ресурси станува се поактуелно како резултат на


грижата за енергетска сигурност, климатските промени и цената на храната кои имаат
големо влијание врз креирањето на европските политики и врз се поголемата
посветеност на потрошувачката на биогоривата. Биогоривата стануваат се

87
European Environment Agency database (2015)

88
http://www.euractiv.com/cap/flooding-costs-farmers-1-damage-news-528855

130
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

попопуларни како енергенс во ЕУ што може да се согледа од порастот на нивното


производство од 25% во 2013 година (14976 илјади метрички тони) во однос на 2009
година (12011 илјади метрички тони)89. Меѓународната енергетска агенција
предвидува дека светската потрошувачка на етанол и биодизел ќе се зголеми за пет
пати во наредните две декади а оваа потрошувачка ќе биде зголемена и на
територијата на Европа и на САД. За да се зголеми производството на биогоривата
потребно е да се подржат и производителите и потрошувачите на биогорива преку
субвенции и соодветни даночни олеснувања но бидејќи истите можат да имаат и
негативно влијание најдобро е на краток рок пазарот да функционира без државни
интервенции. Биогоривата имаат големо значење врз климатските промени и
обезбедувањето на енергетска сигурност. За да се достигне социјалниот оптимум на
производството потребно е да постојат соодветни поттикнувања. За понатамошно
зголемување на производството на биогоривата потребно е да се вложува во
истражувачко развојната дејност. За да се реализираат истражувачките активности
потребно е да има соодветна државна поддршка пред се имајќи во предвид дека
приватниот сектор нема интерес да вложува средства во овие активности. Порастот
на цените на биогоривата имаат големо влијание на пораст на цената на храната и
овој тренд државните власти мора да го имаат предвид при креирањето на
политиките.
Државните власти се обидуваат да најдат начин за одржување на рамнотежа помеѓу
одржувањето на енергетска сигурност и заштита на животната средина преку
соодветни пазарни цени на биогоривата. Меѓународната соработка во полето на
истражување и развој треба да промовира хармонизирани стандарди за проценка на
загадувањето кое го предизвикуваат различните технологии и процеси. Дискусиите
околу заштитата на животната средина се протегаат и на заштита на тропските шуми и
на земјиштето имајќи во предвид дека производството на биогоривото постепено води
кон активности што предизвикуваат глобално загревање.
Во последните години Европската унија преку соодветни активности дава поддршка на
производството на енергија од обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат
животната средина, како што се: хидроенергетските капацитети, ветерниците и
соларната енергија.
Како резултат на климатските промени, недостатокот од доволни количини на
квалитетна вода како и загадувањето кое го предизвикуваат капацитетите за
производство на електрична енергија се поприсутни се ризиците за безбедноста на
храната. Со цел да се одржи безбедноста на храната на глобално ниво, во наредните
триесет години светското производство на храна треба двојно да се зголеми. Ова
значи дека во неразвиените како и во земјите во развој треба да се направи
транзиција на аграрот од производство за задоволување на сопствените потреби (за
преживување) кон производство на големи количини на храна за што е потребно
соодветно менаџирање на ресурсите на вода.

Новите трендови во аграрот се во насока на зголемување на безбедноста на храната,


структурни промени во аграрниот сектор и поттикнување на мултифункционалноста во

89
The European Sustainable Biofuels Forum (ESBF);
http://www.sustainablebiofuelsforum.eu/images/ESBF_EU_Biofuels_Production_in_MT.pdf

131
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

земјоделските и во руралните области. Овие трендови се непосредно поврзани со


начинот на исхрана во Европската унија како основа која влијае на здравјето на
луѓето. Безбедноста на храната треба да се одржува со истовремено минимизирање
на нарушувањата во процесот на производство и во трговијата. Безбедноста на
храната е од големо значење за потрошувачите и од тие причини Европската унија
вложува напори за обезбедување на одредено ниво на животен стандард за
најсиромашните потрошувачи, се со цел да се подигне квалитетот на исхраната.
Политиката за безбедноста на храната во Европската унија е регулирана преку повеќе
регулативи преку кои се следи производот од неговото настанување од фармата до
поставување на трпеза на потрошувачите.

ЗЗП ја поддржува Политиката на квалитет, а поголемиот дел од иницијативите се


спроведуваат индивидуално од страна на земјите-членки, меѓу другото и преку
воспоставување на јавно-приватно партнерство. Многу поефикасно ќе биде
регулирањето на прашањата поврзани со безбедноста на храната на ниво на земја
членка на ЕУ отколку со пропишување на заеднички регулативи за зголемување на
квалитетот на храната, но европските експерти даваат препораки за заедничко
регулирање на конкуренцијата помеѓу земјите членки во насока на обезбедување на
поквалитетна храна и заеднички правила на однесување.

Во рамките на Европската унија има разлики по однос на политиките за развој на


конкуренцијата и Заедничката земјоделска политика. ЗЗП се заснова на заедничките
пазарни организации со фиксирање на цените на производите, производствените
квоти за одредени производи, производствени и извозни субвенции, како и
ограничувања за влез на компаниите во овој сектор, како што е ограничениот пристап
до земјиштето. И покрај големите разлики помеѓу овие политики на Европската унија,
истите се повеќе се приближуваат преку намалување на регулацијата на квотите и
субвенциите од една страна, но и со прифаќање на легитимитетот на организациите
кои го регулираат заедничкиот пазар од друга страна. Во двете политики се прифаќа
фактот дека е потребно да се пропишат правила на функционирање на европскиот
пазар но без големо државно субвенционирање и строго регулирање на секој сегмент
од пазарното работење.

ЕУ експертите сметаат дека во наредните децении потребно е да се практикува многу


поширок сет на инструменти за поттикнување на развојот на европското земјоделство.
Потребно е да се направи таргетирање на најважните прашања кои се однесуваат на
понатамошниот развој на аграрот, пред се на спроведување на основните државни
политики, како што е подобро дефинирање на сопственичките права над ресурсите со
вода, како и на спроведување на инструментите од приватниот сектор како што се
осигурителните програми за природните катастрофи.
Во стручната јавност има неусогласеност околу политичкиот легитимитет на
Заедничката Земјоделска Политика бидејќи се доведува во прашање оправданоста на
клучните инструменти кои се спроведуваат во ЗЗП, како што е системот на плаќање по
производител, а дополинтелно и европските даночни обврзници се повеќе одбиваат
да ги плаќаат високите износи на субвенции на големите земјоделски производители.

132
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Се доведува во прашање и оправданоста на субвенциите кои им се исплаќаат на


земјоделците за заштита на животната средина бидејќи европските истражувања на
јавното мислење укажуваат дека не е јасно зошто овие субвенции треба да им се
доделат на земјоделците кои се едни од најголемите загадувачи на животната
средина во текот на изминатиот половина век и зошто земјоделскиот сектор е
исклучок од принципот дека загадувачите треба да и платат на заедницата за
загадувањето.

3.2 Аграрот и новите политики на Европската Унија

Перформансите на аграрниот сектор се во голема мерка детерминирани од


справувањето со ризиците кои можат да се групираат на: класични ризици, ризици
поврзани со политичките одлуки и финансиски ризици,
Во земјоделскиот сектор како класични ризици се сметаат метеоролошките ризици,
непостојаноста на оствареното производство и цените, болестите кај растенијата и
домашните животни. Последиците од метеоролошките промени врз аграрот зависат
од различни фактори, како што се изборот на растенија или животни кои што ќе се
одгледуваат, микроклиматските услови, квалитетот на почвата, итн. Сушата
претставува ризик за медитеранските држави, за балтичките држави како и за
регионите околу реката Дунав, од друга страна пак масивни врнежи се појавуваат
најмногу во Источна Европа, додека површините под мраз се зголемуваат се повеќе
во Северните и Источните региони од ЕУ. Метеоролошките варијации се повеќе или
помалку независни од едно место до друго, односно колку е поголема географската
област на потенцијалните ризици, толку повеќе неизвесности постојат. Климатските
ризици се надминуваат преку проширување на регионалните и глобалните пазари
односно регионалната и меѓународната трговија придонесува за намалување на
ризиците од гледна точка на потрошувачите бидејќи кога регионалните или
националните пазари се недоволни, земјоделците може да бараат клиенти и на други
места.
Непостојаноста на оствареното производство и цените се традиционални ризици во
земјоделскиот сектор. Во пазарни услови, ценовната рамнотежа се воспоставува како
резултат на интеракцијата помеѓу понудата и побарувачката, но доколку се многу
високи варијациите на пазарните цени, често се пристапува кон нивно
административно управување. Оваа појава се случува на пазарот на трудот но и во
земјоделскиот сектор на Европската унија и во останатите земји на ОЕЦД. Во
минатото фармерите морале да се адаптираат на годишни разлики во
производството, а денес интеракцијата помеѓу производителите и пазарите направи
традиционалните решенија да станат застарени. Сега, производителите ги користат
финансиските средства, заштедите и заемите за да ги надминат производствените
варијации, а во многу земји даночните закони им овозможуваат на земјоделците да ги
префрлат приходите од една фискална година во друга, со цел да се елиминираат
овие варијации колку што е тоа можно.
Непредвидени промени во цени на инпутите може да резултираат со непредвидени
трошоци, така на пример, во текот на 2007/2008 година, цените на инпутот за
англиските фарми биле значително зголемени (добиточната храна била поскапена за
50-80%, а цените на ѓубривата биле поскапени дури до 80%). Покачувањето на цената
на инпутите во голема мера се одразило на намалување на заработувачката на
133
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

претпријатијата кои интензивно ги користеле овие инпути - произведувачите на


свинско, пилешко и на говедско месо.90
Од гледна точка на земјоделските производители, класичните ризици претставуваат
вистинска закана во однос на постојаните климатски промени, заканите како птичјиот
грип, итн., но сепак заканите од класичните ризици се помали отколку во минатото.
Така на пример во 60-70-тите години во Скандинавските држави, посиромашните
граѓани можеле и да умрат од глад во услови на лоши временски услови и лоша
жетва, а денес овој ризик е елиминиран благодарение на повисоката продуктивност во
земјоделскиот сектор, но исто така и благодарение на општиот економски развој врз
основа на слободната меѓународна трговија која овозможува увоз на репроматеријали,
но и на прехранбени производи.
Политичките одлуки директно можат да влијаат врз земјоделскиот сектор
(субвенциите, увозните ограничувања, политиките за заштита на животната средина,
итн) или индиректно (даночната политика, паричните трансфери на домаќинствата,
итн.). Земјоделскиот сектор е строго регулиран во повеќето индустријализирани земји,
со што е директно изложен на ризици од промена на политиките за овој сектор.
Промените во политиките што се креирани за поддршка на овој сектор можат да бидат
многу радикални. Постојат силни аргументи во корист на јавната интервенција во
однос на социјалната сигурност на вработените, а некои се релевантни и за малите
претприемачи.
Иако политичките интервенции во земјоделскиот сектор се наменети за намалување
на нивото на ризик со кој се соочуваат земјоделците, сепак самите политички
интервенции може да бидат значаен извор на ризик бидејќи тешко е да се предвидат
промените во владините политики, особено каде што истите се под влијание на
социјалните и политичките проблеми. Промените во земјоделската политика може да
влијаат директно на цената на производите и инпутите или може да влијаат на
приходите на фармите преку промените во политиките за директните плаќања.
Промените во аграрната поддршка, исто така, може да имаат долгорочни влијанија на
благосостојбата на фармите преку промените во вредноста на обработливото
земјиште и на другите земјоделски средства.
Финансиските ризици претставуваат дел од пазарните ризици. Постојат општи
финансиски ризици како што е промената на каматните стапки и специфични ризици,
како што се промените во закупнината на земјиштето. Нивото на закупнините треба да
се прилагоди на приносот на почвата и на другите околности, но истото е во
корелација и со законските предуслови. На пример, законодавството во некои земји
членки на ЕУ овозможува секоја странка од договорите повторно да ги отвори
преговорите ако условите под кои договорот е потпишан се значително променети.
Финансиските ризици не се директно поврзани со земјоделската дејност и
произлегуваат од промените на цената и достапноста на кредитите за финансирање
на аграрот. Флуктуациите на приходите кои доаѓаат од неземјоделските активности
исто така, може да бидат извор на ризик, покрај тоа што овие приходи се користат за
90
RISK AND RISK MANAGEMENT STRATEGIES IN AGRICULTURE: AN OVERVIEW OF THE EVIDENCE, FINAL
REPORT, October 2010, Rural and Environment Analytical Services (REAS) Rural and Environment Research and
Analysis Directorate (RERAD)

134
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

намалување на ефектот на флуктуациите на приходите од вршењето на земјоделски


активности. Дополнителен извор на финансиски ризик со кои се соочуваат
земјоделците од Велика Британија на пример, произлегува од курсната разлика
помеѓу еврото и англиската фунта бидејќи плаќањата за поддршка на земјоделството
се во евра (во рамките на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).91
Некои од горенаведените ризици се специфични за земјоделскиот сектор, но други се
општи ризици. Главно прашање за секторскaта политика за справување со ризикот е
да се утврди дали големината на ризиците ја оправдува јавната/државната
интервенција, односно дали е нивото на општите ризици повисоко во земјоделскиот
сектор во однос на другите сектори. Ова особено се истакнува за аграрот имајќи го во
предвид фактот дека во овој сектор доминираат мали и средни претпријатија за
разлика од останатите сектори на економијата. Специфичноста на аграрот се
истакнува и преку зависноста од временските услови, времето потребно за добивање
на готови производи, услугите коишто се продуцираат од овој сектор а служат за
општествено добро како што се безбедноста на храната и заштитата на животната
средина.
Различни решенија во однос на управување со ризикот се развиени во различни
сектори на економијата, а некои од овие решенија можат да се прилагодат на
спецификите на аграрниот сектор. Изборот меѓу постојните решенија мора да се
направи во согласност со критериумот на ефикасност, кој се определува според
природата на ризикот, значењето на ризикот, проблемите на пазарот, како и
дистрибуцијата на приходот. Така на пример со осигурувањето се дели ризикот
поврзан со одредена активност помеѓу сите оние кои се засегнати со овој ризик.
Вообичаено, голем број на лица превземаат висок ризик поврзан со висока цена, но со
ниска веројатност за негово случување. Овој пристап функционира многу добро за
ризиците за кои веројатноста за нивно настанување е добро позната како и трошоците
поврзани со различни катастрофи, како што се на пример пожарите, сообраќајки, итн.
Сите осигурени ризици постојано се развиваат, така на пример денес постојат
осигурувања против последици од политички напади на меѓународниот пазар. За
осигурувањето да биде ефикасно, премиите за осигурување мора да се прилагодат на
различните нивоа на ризици.

3.3 Економија во аграрот

Аграрот има големо значење за економскиот развој на Европската унија што може да
се согледа преку неговото високо релативно учество во Бруто домашниот производ,
во вработеноста, во јавните расходи, во извозот, во поддршката на руралниот развој,
заштитата на животната средина, обезбедување на доволно количини на квалитетна
храна по релативно ниски цени, итн92.

91
RISK AND RISK MANAGEMENT STRATEGIES IN AGRICULTURE: AN OVERVIEW OF THE EVIDENCE, FINAL
REPORT, October 2010, Rural and Environment Analytical Services (REAS) Rural and Environment Research and
Analysis Directorate (RERAD)

92
SITUATION AND PROSPECTS FOR EU AGRICULTURE AND RURAL AREAS, December 2010, European Commission,
Directorate-General for Agriculture and Rural Development
135
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во табела бр. 24 се прикажани податоците за Бруто домашниот производ во


Европската унија и во нејзините земји членки во 2013 година, вкупно и по жител во
евра и според паритетот на куповната моќ.

Табела 24. БДП во ЕУ и во Земјите членки, 2013 година

евра по Во милиони ППП/по


Во
глава по паритет глава Индекси
милиони Индекси
на на куповна на по ППП
евра
жител моќ (ППП) жител
Европска Унија 13.519.751 26.600 100 13.519.751 25.700 100
Белгија 395.242 35.600 134 351.045 30.500 119
Бугарија 41.048 5.600 21 86.302 12.000 45
Чешка 157.285 15.000 55 230.382 20.600 82
Данска 252.939 45.100 173 185.628 32.100 124
Германија 2.809.480 34.200 130 2.672.539 32.000 122
Естонија 18.739 14.200 54 25.700 18.600 73
Ирска 174.791 38.000 139 158.598 32.500 130
Грција 182.438 16.500 64 213.724 19.272 73
Шпанија 1.049.181 22.500 87 1.164.941 24.500 94
Франција 2.116.565 32.100 122 1.871.328 27.800 107
Хрватска 43.562 10.200 39 68.609 15.600 61
Италија 1.609.462 26.500 99 1.595.296 25.200 99
Кипар 18.119 21.000 74 20.305 22.100 89
Латвија 23.265 11.600 45 34.182 17.300 64
Литванија 34.956 11.800 46 57.430 19.100 73
Луксембург 45.288 83.100 324 37.356 67.900 257
Унгарија 100.537 10.200 39 174.328 17.200 66
Малта 7.571 17.900 67 9.707 22.600 86
Холандија 642.851 38.300 144 585.752 32.600 131
Австрија 322.595 38.100 143 288.647 33.200 128
Полска 396.112 10.300 39 689.213 17.500 67
Португалија 169.395 16.200 62 217.221 19.400 79
Романија 144.282 7.200 0 289.224 13.926 55
Словенија 36.144 17.500 67 44.889 21.300 82
Словачка 73.593 13.600 52 108.309 19.600 75
Финска 201.995 37.100 138 163.742 28.700 113
Шведска 436.342 45.500 170 323.652 32.700 127
Велика
Британија 2.017.194 31.500 115 1.851.812 27.200 109
Извор: European Commission, DG Agriculture and Rural Development

136
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Од табелата бр. 24 се гледа дека во 2013 година БДП во Европската унија изнесувал
13.519.751 милиони евра, од кои најголем БДП создала Германија и тоа 2.809.480
милиони евра, потоа следува Франција со БДП во износ од 2.116.565 милиони евра и
Велика Британија со БДП во износ од 2.017.194 милиони евра, додека најмал БДП
имала остварено Малта и тоа во износ од 7.571 милиони евра. БДП според паритетот
на куповната моќ во Германија изнесувал 2.672.539 милиони евра односно 32.000 евра
по жител, во Франција 1.871.328 милиони евра односно 27.800 евра по жител, во
Велика Британија 1.851.812 милиони евра односно 27.200 евра по глава на жител,
додека во Малта 9.707 милиони евра односно 22.600 евра по глава на жител.

Гледано по глава на жител во текот на 2013 година БДП во Европската унија


изнесувал 26.600 евра, додека во Земјите членки најголем остварен БДП имало во
Луксембург и тоа 83.100 евра по глава на жител односно 224% бил повисок во однос
на европскиот просек (67.900 евра според паритетот на куповната моќ), а потоа
следуваат Шведска со остварен БДП по глава на жител од 45.500 евра односно за
70% повисок во однос на европскиот просек (32.700 евра според паритетот на
куповната моќ), Данска со 45.100 евра односно за 73% повисок во однос на европскиот
просек (32.100 според паритетот на куповната моќ), Холандија 38.300 евра односно за
44% повисок во однос на европскиот просек (32.600 според паритетот на куповната
моќ), Австрија 38.100 евра односно за 43% повисок во однос на европскиот просек
(33.200 според паритетот на куповната моќ), Ирска 38.000 евра односно за 42%
повисок во однос на европскиот просек (32.500 според паритетот на куповната моќ),
додека најмал БДП по глава на жител имала остварено Бугарија во износ од 5.600
евра по глава на жител односно за 21% понизок во однос на европскиот просек (12.000
евра според паритетот на куповната моќ).

Во графиконот бр. 26 е прикажано движењето на бруто домашниот производ во


Европската унија во периодот 2003- 2013 година при што може да се согледа дека во
овој период има вкупен пораст од 3.029.929 милиони евра односно пораснал за 29%
(од 10.489.822 милиони евра во 2003 година на 13.519.751 милиони евра во 2013
година).

Графикон 26. БДП во Европската унија, 2003- 2013 година во милиони евра

Извор: Евростат

137
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Типологијата на ОЕЦД на регионите, на претежно рурални, претежно урбани и средно


рурални се заснова на три критериуми. Првиот критериум ги идентификува руралните
средини според густината на населението односно регионот се смета за рурален
доколку неговата густина на население е под 150 жители на квадратен метар.
Вториот критериум ги класифицира регионите според процентот на население кое
живее во руралните заедници, така на пример регионите се класифицираат како:

● Претежно рурални ако повеќе од 50% од населението живее во руралните заедници.

● Претежно урбани ако помалку од 15% од населението живее во руралните


заедници.

● Средно рурални ако процентот на население кое живее во руралните заедници е


помеѓу 15% и 50%.

Третиот критериум се заснова на големината на урбаните центри, односно:

● регионот кој е класифициран како рурален врз основа на општото правило ќе биде
класифициран како средно рурален, ако има урбан центар со повеќе од 200 000
жители (500 000 е во случајот со Јапонија) што претставува повеќе од 25% од
регионалното население.

● регионот кој е класифициран како средно рурален врз основа на општото правило ќе
биде класифициран како претежно урбан ако има урбан центар со повеќе од 500 000
жители (1.000.000 за Јапонија) што претставува повеќе од 25% од регионалното
население.

Услужниот сектор има најголемо учество од 73,6% во бруто додадената вредност во


2013 година во ЕУ. Во 2011 година, овој сектор учествувал во бруто додадената
вредност во претежно руралните региони со 64,6%, со 68,5% во средно руралните
региони и 78,5% во претежно урбаните региони. Секундарниот сектор (рударство,
производство и изградба) во претежно руралните региони учествувал со 30,7% во
создавањето на бруто додадената вредност во 2011 година, а во неутралните региони
со 29,2%. Во претежно урбаните региони, овој сектор учествувал со 20,9% во бруто
додадената вредност. Примарниот сектор (земјоделство, шумарство и рибарство)
учествувал само со 4.6% во бруто додадената вредност во претежно руралните
региони на ЕУ, 2,3% во неутралните региони и 0,5% во урбаните региони. Структурата
на економијата во ЕУ се разликува според видот на регионот но и помеѓу државите.
Примарниот сектор во претежно руралните области на Бугарија, Латвија и Романија
претставува 11% -13% од вкупно бруто додадената вредност, Естонија и Полска (10%
и 8,8%, соодветно) и Грција, Шпанија и Литванија (7% -8% од бруто додадената
вредност). Примарниот сектор во претежно руралните региони на Белгија и Германија
учествува со помалку од 3% во создадената бруто додадена вредност. Секундарниот
сектор (кој ја вклучува и прехранбената индустрија) е позначаен во претежно
руралните региони на ЕУ во однос на средно руралните региони, но неговото значење
е најголемо во урбаните средини. Највисоки стапки на раст во претежно руралните

138
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

области има во Холандија (49,3%), Чешка, Романија и Словачка (од 42% до 45% во
овие три земји). Во повеќето земји и региони на Европската унија, значењето на
секундарниот сектор се намалува за сметка на терцијарниот сектор, пред се како
резултат на економската криза која имала најголеми последици во индустријата, а
особено во градежништвото во некои земји членки на ЕУ.

Табела 25. БДП во ЕУ и нејзините земји членки, по региони, 2011 година


Средно руралните региони(со
Претежно рурални региони Урбани региони
рурални и урбани средини)
Во евра по Во евра по Во евра по
милиони глава на Индекси милиони глава на Индекси милиони глава на Индекси
евра жител евра жител евра жител
Европска
2.034.874 17.605 70 3.999.879 22.572 90 6.623.065 30.906 123
Унија
Белгија 20.593 21.723 87 70.222 26.967 107 278.199 37.468 149
Бугарија 9.535 3.453 14 13.581 4.125 16 15.389 11.893 47
Чешка 42.795 12.354 49 57.149 12.635 50 55.539 22.118 88
Данска 57.577 35.280 141 100.197 36.824 147 73.204 60.151 240
Германија 365.349 27.247 109 974.286 28.345 113 1.270.267 37.360 149
Естонија 5.074 7.891 31 1.326 7.940 32 9.817 18.558 74
Ирска 94.565 28.535 114 - - - 68.036 53.783 214
Грција 71.731 14.547 58 18.187 15.426 61 118.610 22.849 91
Шпанија 68.907 20.363 81 324.691 21.036 84 651.663 23.864 95
Франција 454.020 23.379 93 599.079 26.200 104 948.300 41.567 166
Хрватска 19.743 8.155 32 9.951 9.326 37 14.688 18.592 74
Италија 284.192 23.094 92 658.771 25.153 100 634.678 28.549 114
Кипар - - - 17.979 21.127 84 - - -
Латвија 4.716 6.173 25 2.343 8.710 35 13.123 12.803 51
Литванија 9.328 7.299 29 9.876 10.484 42 11.754 14.529 58
Луксембург - - - 42.848 82.559 329 - - -
Унгарија 33.977 7.302 29 27.045 7.546 30 37.899 21.819 87
Малта - - - - - - 6.631 15.940 64
Холандија 4.387 41.387 165 149.221 33.050 132 439.647 36.419 145
Австрија 106.588 28.461 113 72.248 41.522 165 120.290 41.436 165
Полска 97.388 7.025 28 119.997 8.670 35 153.463 14.174 56
Португалија 47.905 13.175 52 23.225 12.839 51 99.811 19.287 77
Романија 42.123 4.327 17 54.242 5.791 23 34.994 15.532 62
Словенија 13.169 14.648 58 22.981 19.914 79 - - -
Словачка 27.817 10.223 41 22.136 10.668 43 19.021 31.544 126
Финска 65.470 29.773 119 51.944 31.500 125 71.242 46.231 184
Шведска 55.126 36.007 143 213.648 36.565 146 116.569 56.232 224
Велика
32.799 18.012 72 342.706 23.430 93 1.360.231 29.386 117
Британија
Извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

Согласно податоците од табела бр. 25 претежно руралните региони во ЕУ имаат


најниско ниво на БДП по глава на жител и тоа 70% од просекот на ЕУ, додека
претежно урбаните региони имаат 123% БДП по глава на жител од просекот на ЕУ.
Регионите во кои има приближно еднакво рурални и урбани средини имаат 90% од
просечниот БДП по глава на жител, а најбрз раст во периодот 2006-2011 бележат
претежно урбаните региони.

139
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

БДП по глава на жител се разликува помеѓу земјите членки но и внатре во самите


земји членки во зависност од регионот (претежно урбан, претежно рурален или средно
рурален регион), така на пример БДП по глава на жител во претежно руралните
области на Бугарија изнесува околу 29% од просекот на ЕУ во периодот 2009-2011
година, додека во Холандија, изнесува 141%. Оваа разлика е исто така многу големи и
за средно руралните региони (од 35% во Бугарија до 265% во Луксембург). Во
претежно урбаните региони, се движи од 75% од ЕУ просекот во Латвија до 194% во
Ирска.

Како што може да се забележи од табела бр.25 од претежно руралните региони во


земјите членки на ЕУ најголем БДП по глава на жител има во Холандија и тоа 41.387
евра што е за 65% поголем од просекот на ниво на ЕУ за руралните региони кој
изнесува 17.605 евра, додека најнизок БДП по глава на жител има во Бугарија и тоа
3.453 евра по глава на жител што е за 86% понизок во однос на просекот на ниво на
ЕУ. Кај претежно урбаните региони пак најголем БДП по глава на жител има во Данска
и тоа 60.150 евра што е за 140% поголем од просекот на ниво на ЕУ за урбаните
региони кој изнесува 30.906 евра, додека најнизок БДП по глава на жител има
повторно во Бугарија и тоа 11.893 евра по глава на жител што е за 53% понизок во
однос на просекот на ниво на ЕУ. Во случајот со средно руралните региони најголем
БДП по глава на жител има во Луксембург и тоа 82.559 евра што е за 229% поголем од
просекот на ниво на ЕУ за средно руралните региони кој изнесува 22.572 евра, додека
најнизок БДП по глава на жител има повторно во Бугарија и тоа 4.125 евра по глава на
жител што е за 84% понизок во однос на просекот на ниво на ЕУ.

Од табела бр. 26 може да се согледа релативното значење на аграрниот сектор во


создавањето на БДП во ЕУ и во нејзините земји членки, и тоа во 2013 година во ЕУ
аграрниот сектор учествувал со 1,2% во создадениот БДП, а анализирано по земјите
членки на ЕУ може да се констатира дека најголемо значење во однос на создавањето
на БДП има аграрот во Романија со 5,3%, потоа во Бугарија со 4,1 во Литванија со
учество од 3%, во Грција и во Унгарија со 2,9% учество, а најмало значење има во
Луксембург со учество од само 0,2% во создавањето на БДП на оваа држава.

Табела 26. Учество на Бруто додадената вредност од аграрот во БДП, 2013


година (во милиони евра)
Учество на Бруто
Бруто додадена додадена
БДП вредност од вредност од
аграрот аграрот во БДП
(во %)
Европска Унија 13.519.751 166.117 1,2
Белгија 395.242 2.413 0,6
Бугарија 41.048 1.694 4,1
Чешка 157.285 1.442 0,9
Данска 252.939 2.715 1,1
Германија 2.809.480 18.887 0,7
Естонија 18.739 333 1,8
140
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Ирска 174.791 1.901 1,1


Грција 182.438 5.215 2,9
Шпанија 1.049.181 23.330 2,2
Франција 2.116.565 25.511 1,2
Хрватска 43.562 1.126 2,6
Италија 1.609.462 29.330 1,8
Кипар 18.119 337 1,9
Латвија 23.265 249 1,1
Литванија 34.956 1.058 3,0
Луксембург 45.288 107 0,2
Унгарија 100.537 2.883 2,9
Малта 7.571 63 0,8
Холандија 642.851 10.229 1,6
Австрија 322.595 2.775 0,9
Полска 396.112 9.401 2,4
Португалија 169.395 2.482 1,5
Романија 144.282 7.658 5,3
Словенија 36.144 389 1,1
Словачка 73.593 598 0,8
Финска 201.995 1.443 0,7
Шведска 436.342 1.688 0,4
Велика Британија 2.017.194 10.860 0,5
Извор: European Commission, Eurostat, database

Во табела бр. 27 е прикажано движењето на Бруто додадената вредност која е


создадена од аграрниот сектор во периодот 2005- 2013 година по базни цени од 2005
година, и тоа во ЕУ истата бележи пораст од 1.647 милиони евра или 1,1% во
разгледуваниот период, додека гледано по земји членки најголем пораст од 86,2% се
забележува во Литванија, потоа следуваат Финска со 53,6%, Шпанија 33%, Холандија
со 23,6%, додека негативни трендови на опаѓање се забележуваат кај Данска од
54,8% Словачка 42%, Луксембург 37,5 % и Ирска 36,2%.

Табела 27. Бруто додадена вредност во аграрот, по основни цени во милиони евра, 2005=100
2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Европска
Унија 151.342 148.265 149.026 157.623 159.299 153.138 156.589 147.325 152.989
Белгија 2.220 2.031 1.864 1.688 1.591 1.425 1.488 1.580 2.042
Бугарија 1.544 1.426 824 1.424 1.409 1.311 1.246 1.042 1.367
Чешка 1.000 854 797 1.061 1.065 710 961 770 971
Данска 2.289 2.054 1.854 1.950 2.280 1.611 1.430 1.368 1.035
Германија 12.812 12.756 12.687 15.061 14.496 10.935 8.490 9.125 10.096
Естонија 218 216 265 257 292 215 240 268 262
Ирска 1.966 1.355 1.402 1.429 1.309 1.295 1.443 1.278 1.255
Грција 7.592 6.920 6.397 6.624 7.020 6.960 7.465 7.749 7.041
Шпанија 24.537 25.306 29.574 29.470 29.674 31.037 32.279 29.386 32.635
Франција 28.813 27.922 27.573 28.046 29.979 28.611 29.916 27.236 26.247
Хрватска 1.134 1.409 930 1.177 1.307 1.049 1.052 821 1.035
Италија 26.982 26.464 26.255 26.884 26.126 26.133 26.242 25.087 25.390
Кипар 332 300 291 291 307 311 317 314 310

141
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Латвија 280 246 283 313 340 255 240 310 295
Литванија 602 578 686 813 841 676 879 1.194 1.121
Луксембург 96 105 105 81 104 98 80 87 60
Унгарија 2.215 2.067 1.476 2.674 2.048 1.599 2.019 1.587 2.061
Малта 58 56 44 53 46 47 46 41 42
Холандија 8.238 8.137 8.421 8.608 9.045 10.025 9.920 9.984 10.186
Австрија 2.205 2.165 2.392 2.599 2.450 2.284 2.803 2.528 2.491
Полска 6.092 5.736 6.518 6.554 7.486 7.001 6.811 7.246 7.193
Португалија 2.836 3.039 2.799 3.111 2.852 2.849 2.756 2.664 2.772
Романија 6.189 6.465 5.212 6.415 6.329 6.237 7.010 5.189 6.573
Словенија 480 406 419 382 433 446 493 394 385
Словачка 450 441 373 466 439 295 258 199 261
Финска 1.506 1.571 1.833 1.863 2.283 2.132 2.419 2.119 2.313
Шведска 1.239 1.326 1.289 1.337 1.294 1.130 1.247 1.269 1.145
Велика
Британија 7.417 6.916 6.464 6.991 6.456 6.460 7.040 6.491 6.403
Норвешка 1.617 1.616 1.596 1.737 1.693 1.700 1.570 1.523 1.494
Швајцарија 2.606 2.553 2.660 2.731 2.798 2.691 2.901 2.842 2.612
Извор: Евростат/ database

Во Графиконот бр. 27 е прикажано движењето на бруто додадената вредност,


вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка во ЕУ во периодот 2005-
2013 со базни цени од 2005 година и како што може да се забележи потрошувачката
има постабилно движење за разлика од производството кое бележи поголеми падови
и порасти како резултат на што се бележат и промени во бруто додадената вредност.
Првите знаци на закрепнување на европската економија после кризата се
манифестираа во 2013 година, преку стабилизирање на Бруто домашниот (по падот од
0,4% во 2012 година). Сепак, позади оваа бројка се крие различен раст во земјите на
Европската унија: највисоко ниво на стапката на раст е забележано во три најбрзо
растечки економии во Европската унија, и тоа во Балтичките држави (4% Латвија, 3,4%
Литванија и 1.3% во Естонија) додека најсилниот пад е во Кипар (-8,7%) и Грција (-
4,0%). Генерално инфлацијата на цените на потрошувачите во 2013 година се
проценува на 1,5%, додека годишната инфлација на цените на храната околу 2,8%.
Вредноста на еврото се зголемува во однос на американскиот долар во 2013 година
во просек од околу 1,32 $ /на 1 евро (или пораст од 2% во споредба со 2012 година).
Графикон 27. Движење на бруто-додадената вредност, производството и потрошувачката во аграрот на ЕУ,
2005-2013
по основни цени во милиони евра, 2005=100

Извор: Евростат/ database


142
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Работната сила е од суштинско значење за развој на аграрот, а мерењето на


промените во инпутот го покажува степенот на нејзиниот ангажман. Индексите на
работната сила во аграрот ги покажуваат промените во инпутот на работната сила
мерени преку одработените часови. Како што може да се забележи од табелата бр. 28
инпутот од работната сила во аграрот на ниво на Европската унија бележи константно
опаѓање, и тоа во 2014 година опаѓање од 24,6% во однос на 2013 година, но исто
така и во претходните години во споредба со 2005 година која е земена како базна
година за споредба. Во 2014 година биле ангажирани 9657600 просечно работни
единици, за разлика од 2013 година кога биле ангажирани 9888600 просечно работни
единици. Податоците покажуваат дека во Полска има ангажирано најмногу работна
сила и тоа вкупно 1937100 работни единици (учество од 20% во вкупниот број на
работни единици во Европската Унија), на второ место е Романија со 1429000
работни единици (учество од 15% во вкупниот број на работни единици во Европската
Унија), на трето место Италија со 1074000 работни единици (учество од 11% во
вкупниот број на работни единици во Европската Унија).

Табела 28. Работна сила во аграрот, индекси 2005=100


2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Европска Унија 100,0 97,9 93,0 90,7 87,8 80,3 78,2 77,7 77,2 75,4
Белгија 100,0 97,1 94,3 92,7 90,0 88,4 82,3 83,0 83,0 81,4
Бугарија 100,0 90,0 78,9 74,2 69,6 64,9 60,0 55,5 51,3 47,7
Чешка 100,0 95,6 91,2 86,7 82,3 78,2 76,3 76,0 75,5 75,5
Данска 100,0 96,8 93,5 92,4 87,6 86,2 82,8 83,4 83,8 83,8
Германија 100,0 97,5 95,1 93,2 91,3 89,6 88,9 88,2 86,3 86,5
Естонија 100,0 98,8 87,0 82,5 77,4 67,1 64,4 61,2 58,9 58,1
Ирска 100,0 102,9 101,1 99,5 98,6 111,4 111,4 111,4 111,4 111,4
Грција 100,0 97,3 94,8 82,3 71,5 69,4 67,3 65,2 63,3 61,4
Шпанија 100,0 99,6 98,1 99,5 90,6 90,9 87,9 87,2 86,7 84,7
Франција 100,0 97,6 95,5 93,4 91,2 89,1 88,0 86,8 86,0 85,3
Италија 100,0 101,2 97,9 95,2 92,5 93,5 90,5 87,4 87,3 86,5
Кипар 100,0 95,1 90,2 90,3 90,2 88,5 88,5 88,2 87,2 87,2
Латвија 100,0 88,9 77,7 71,7 67,2 62,1 63,9 61,1 60,0 54,5
Литванија 100,0 95,5 91,0 86,9 84,7 82,6 82,3 83,8 83,4 84,7
Луксембург 100,0 96,9 94,9 92,8 90,6 93,5 92,0 94,9 90,8 91,2
Унгарија 100,0 96,6 87,9 82,4 84,7 85,0 83,7 83,0 85,1 85,3
Малта 100,0 100,0 103,4 103,4 103,4 120,7 120,7 120,7 124,2 124,2
Холандија 100,0 97,6 95,7 93,6 92,6 77,5 76,8 75,9 75,7 75,1
Австрија 100,0 95,1 92,8 90,5 89,6 87,2 85,9 85,2 83,9 82,4
Полска 100,0 100,0 100,3 100,3 96,6 83,5 83,5 83,6 84,5 84,5
Португалија 100,0 97,2 94,8 92,6 91,2 83,5 80,7 80,0 77,0 74,7
Романија 100,0 97,3 84,9 82,9 82,9 63,1 59,0 60,6 60,2 55,0
Словенија 100,0 98,5 93,2 92,4 89,1 85,5 86,6 89,7 91,9 92,8
Словачка 100,0 92,4 92,4 91,4 87,0 56,8 58,1 57,8 54,9 53,7
Финска 100,0 96,8 94,5 92,2 90,3 85,3 84,4 82,6 78,9 77,9
Шведска 100,0 98,7 90,8 87,1 83,6 78,8 76,8 74,9 82,2 80,8
Велика Британија 100,0 97,5 95,6 94,6 93,3 95,8 97,5 97,6 97,5 96,8
Норвешка 100,0 95,9 93,0 90,0 81,8 77,9 76,2 74,5 72,9 71,2
Швајцарија 100,0 99,5 97,1 96,0 91,4 90,8 89,8 89,0 87,2 86,3
Извор: Евростат/database

143
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Од Графиконот бр. 28 може да се забележи дека постои тренд на постојано


намалување на ангажираната работна сила во аграрот на ЕУ, и тоа за 24,6% помалку
во 2014 година споредено со 2005 година.

Графикон 28. Работна сила во аграрот на ЕУ, индекси 2005=100

извор: Евростат/database

Учеството на аграрот сектор во вкупната вработеност на ниво на ЕУ но и поедините


земји членки е прикажано во табела бр. 29. Од податоците во табелата може да се
согледа значењето на аграрот за пазарот на трудот во ЕУ, имено за разлика од
неговото учество од 1,2% во БДП на ЕУ, учеството на аграрот во вкупната
вработеност на ЕУ е поголемо и изнесува 4,4% односно во аграрот се вработени 9.380
илјади од вкупно вработените 210.830 илјади лица во ЕУ, додека анализирано по
земјите членки на ЕУ може да се заклучи дека најголемо значење овој сектор во
вкупната вработеност има во Романија со учество од 26,2% во вкупната вработеност,
потоа во Грција со 13,3%, во Полска со 11,7% , додека најмало значење во поглед на
вработеноста има во Велика Британија со учество од 0,9 % во вкупната вработеност
во оваа држава.

Табела 29. Вработеност во ЕУ во 2013 година (во илјади)


Учество на аграрот во
Вкупно во Во аграрниот
вкупната вработеност
сите сектори сектор
(во %)
Европска Унија 210.830 9.380 4,4
Белгија 4.485 58 1,3
Бугарија 2.889 188 6,5
Чешка 4.846 145 3,0
Данска 2.622 61 2,3
Германија 38.640 518 1,3
Естонија 597 26 4,3
Ирска 1.828 87 4,8
Грција 3.459 459 13,3
Шпанија 17.002 722 4,2
Франција 25.512 767 3,0

144
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Хрватска 1.494 143 9,5


Италија 21.755 744 3,4
Кипар 357 9 2,5
Латвија 867 68 7,8
Литванија 1.264 106 8,4
Луксембург 236 3 1,4
Унгарија 3.860 182 4,7
Малта 173 2 1,2
Холандија 8.184 153 1,9
Австрија 4.030 163 4,0
Полска 15.313 1.784 11,7
Португалија 4.158 275 6,6
Романија 8.179 2.141 26,2
Словенија 888 64 7,2
Словачка 2.318 77 3,3
Финска 2.403 92 3,8
Шведска 4.554 81 1,8
Велика Британија 28.917 266 0,9
извор: Евростат/database

Во европскиот аграр доминираат семејните фарми, каде што членовите на


семејството работат активно на фармите. Членовите на семејството не добиваат
плата за својот труд, но на некој начин учествуваат во трошењето на целокупно
остварениот профит. Многу земјоделци ги извршуваат земјоделските работи
повремено и во време на зголемени сезонски активности. Според податоците од
табела бр. 30 во 2010 година во ЕУ постоеле 12.247.850 земјоделски стопанства од
кои 6.916.690 односно 56,5% поседувале добиток, најголем број стопанства вкупно
3.859.040 имало во Романија, а потоа следуваат Италија со 1.620.880 стпанства,
Полска со 1.506.620 стопанства, а најмалку имало во Луксембург 2.200 стопанства.
Според податоците од табела бр. 31 во 2010 година работеле 25.474.210 лица во
земјоделството што одговара на 9,1 милиони Годишни работни единици, околу 92% од
нив се членови на семејствата, каде што носителите на стопанството и членовите на
неговото семејство заедно ја сочинуваат вкупната работна сила. Полска, Словенија,
Романија, Грција, Ирска и Хрватска се карактеризираат со висок процент на семејна
работна сила во вкупната работна сила, додека во Чешка и Словачка помалку од 30%
семејната работна сила учествува во вкупната работна сила на фармата. Користеното
земјиште во 2010 година во ЕУ изнесувало 175.815.160 хектари, а користеното
земјиште по стопанство било 14,4 хектари. Од земјите членки најмногу користено
земјоделско земјиште од 152,4 хектари по стопанство имало во Чешка каде што имало
и најмногу ангажирани лица по стопанство (просечно по 6 лица), а најмалку во Малта и
тоа 0,9 хектари по стопанство каде што имало и најмалку ангажирани лица по
стопанство (просечно по 1 лице).

Во европскиот аграр доминира машкиот пол во вкупно ангажираната работна сила,


односно 65% од вкупната работна сила изразена во Годишни работни единици е од

145
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

машки пол, а во некои држави дури до 72%. Најголемиот дел од жените земјоделци
можат да се најдат во Австрија (48,7%), Латвија (48,4%), Литванија (47,4%) и Романија
(со 46,2% во вкупниот број на Годишни работни единици). Во однос на несемејните
работници уште поголем е процентот на земјоделци од машки пол.

Табела 30. Број на земјоделски стопанства во ЕУ, 2010 година


Број на земјоделски стопанства
Вкупно Стопанства со добиток

број број % од сите стопанства

Европска Унија 12247850 6916690 56,5


Белгија 42850 31820 74,3
Бугарија 370490 279710 75,5
Чешка 22860 15920 69,6
Данска 42100 26030 61,8
Германија 299130 216100 72,2
Естонија 19610 9680 49,4
Ирска 139890 127140 90,9
Грција 723010 273160 37,8
Шпанија 989800 245160 24,8
Франција 516100 309370 59,9
Хрватска 233280 194090 83,2
Италија 1620880 217330 13,4
Кипар 38860 9950 25,6
Латвија 83390 48700 58,4
Литванија 199910 129630 64,8
Луксембург 2200 1720 78,2
Унгарија 576810 381650 66,2
Малта 12530 2740 21,9
Холандија 72320 50440 69,7
Австрија 150170 106960 71,2
Полска 1506620 918870 61,0
Португалија 305270 203780 66,8
Романија 3859040 2836640 73,5
Словенија 74650 59220 79,3
Словачка 24460 18390 75,2
Финска 63870 23130 36,2
Шведска 71090 40360 56,8
Велика Британија 186660 139000 74,5
Извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

Табела 31. Големина на земјоделските стопанства во ЕУ, 2010 година

Просечна големина на стопанството


Физичка големина на
стопанствата Економска големина Работна сила
користено
земјоделс
ко Стандард
земјиште но
користено во производс Годишни
земјоделско хектари/ Стандардно тво во Лица/ работни ГРЕ/
земјиште во стопанств производство во евра/стопа стопанст единици стопанс
хектари о евра нство Лица во (ГРЕ) тво
Европска
Унија 175815160 14,4 308.062.308.140 25152 25474210 2,08 9183030 0,75

Белгија 1358020 31,7 7.247.768.310 169143 80940 1,89 57430 1,34

146
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Бугарија 4475530 12,1 2.536.665.610 6847 738900 1,99 389110 1,05

Чешка 3483500 152,4 3.852.209.740 168513 132730 5,81 104600 4,58

Данска 2646860 62,9 8.430.808.830 200257 80120 1,90 50760 1,21

Германија 16704040 55,8 41.494.097.650 138716 749740 2,51 489660 1,64

Естонија 940930 48,0 594.584.270 30320 52340 2,67 24550 1,25

Ирска 4991350 35,7 4.297.715.740 30722 272040 1,94 162350 1,16

Грција 5177510 7,2 6.872.835.240 9506 1212720 1,68 372760 0,52

Шпанија 23752690 24,0 34.173.074.930 34525 2227020 2,25 720860 0,73

Франција 27837290 53,9 50.733.216.720 98301 1014750 1,97 692440 1,34

Хрватска 1316010 5,6 2.114.664.740 9065 513680 2,20 179290 0,77

Италија 12856050 7,9 49.460.329.710 30514 3392700 2,09 842520 0,52

Кипар 118400 3,0 458.888.500 11809 82040 2,11 16720 0,43

Латвија 1796290 21,5 777.190.960 9320 180990 2,17 84640 1,01

Литванија 2742560 13,7 1.526.276.560 7635 366090 1,83 143820 0,72


Луксембу
рг 131110 59,6 268.559.300 122072 4980 2,26 3550 1,61

Унгарија 4686340 8,1 5.241.037.240 9086 1143500 1,98 402970 0,70

Малта 11450 0,9 95.890.130 7653 18500 1,48 4830 0,39

Холандија 1872350 25,9 18.929.955.990 261753 211630 2,93 141410 1,96

Австрија 2878170 19,2 5.879.273.590 39151 346260 2,31 111180 0,74

Полска 14447290 9,6 18.987.070.900 12602 3802590 2,52 1869420 1,24


Португали
ја 3668150 12,0 4.639.745.660 15199 708080 2,32 335780 1,10

Романија 13306130 3,4 10.420.314.210 2700 7156930 1,85 1501000 0,39

Словенија 482650 6,5 913.194.010 12233 208490 2,79 71520 0,96

Словачка 1895500 77,5 1.731.014.360 70769 90960 3,72 54210 2,22

Финска 2290980 35,9 3.097.634.110 48499 125290 1,96 55400 0,87

Шведска 3066320 43,1 3.733.311.440 52515 141530 1,99 53580 0,75


Велика
Британија 16881690 90,4 19.554.979.690 104763 418670 2,24 246670 1,32
Извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

Приходот од земјоделските фактори го мери надоместокот на сите фактори на


производството (земјиштето, капиталот и трудот), без оглед на тоа дали тие се во
сопственост на стопанството. Приходот ја претставува вкупната вредност создадена
од страна на земјоделското стопанство и се дефинира како вредност на
производството минус варијабилните трошоци, амортизацијата и даноците на
производството, плус субвенциите за производство. Постојат големи разлики во
остварените приходи од страна на старите земји-членки каде што обично приходот е
повисок во однос на новите земји членки. Во табела бр. 32 е прикажан реалниот

147
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

приход од производните фактори во периодот 2005- 2013 година и како што може да
се заклучи во разгледуваниот период приходот во ЕУ е зголемен за 3411 евра односно
за 36,4% по Годишни работни единици и во 2013 година изнесува 13293 евра.
Земјоделскиот приход варира помеѓу земјите членки на Европската унија, најголеми
зголемувања се проценуваат во Естонија, Словачка и Бугарија, додека најголемо
намалување во Луксембург, Малта и Ирска.
Најниски приходи од производните фактори по Годишна работна единица има во
Бугарија, Хрватска, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словенија (под 5.000 евра /
Годишни работни единици во 2013 година). Највисоки приходи од производните
фактори по Годишна работна единица во 2013 година имало во Холандија 44.395 евра
или повеќе од 3 пати повеќе од просекот на ЕУ.

Табела 32. Реален приход од производните земјоделски фактори, евра/ГРЕ


2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Европска
9.881,8 10.255,2 11.415,6 11.097,5 10.003,5 12.200,1 13.328,7 13.107,5 13.293,0
Унија
Белгија 27.069,3 33.327,3 35.861,1 28.925,0 27.326,4 35.439,2 31.517,0 38.282,4 32.382,9
Бугарија 2.390,7 2.317,1 2.361,5 3.807,4 2.662,0 2.914,9 3.362,3 3.867,9 4.913,4
Чешка 8.263,6 8.692,3 9.037,1 10.676,3 8.746,7 10.324,3 14.048,3 13.910,9 14.084,7
Данска 29.776,5 33.585,6 33.887,0 19.412,0 19.819,9 34.584,1 38.812,0 50.270,3 34.180,4
Германија 19.461,0 21.184,4 26.305,9 27.962,5 20.451,9 23.074,3 27.882,4 26.007,7 27.606,5
Естонија 6.173,7 6.172,9 8.643,7 6.773,1 5.701,6 9.457,7 12.005,8 14.052,4 13.051,5
Ирска 20.181,5 16.530,3 18.311,3 16.916,7 12.906,1 14.284,4 17.998,9 16.537,6 16.773,8
Грција 11.601,6 11.148,6 12.191,6 12.254,8 14.418,2 13.980,4 13.184,3 13.692,1 13.609,7
Шпанија 22.683,7 21.674,8 24.369,4 20.662,6 20.767,8 22.987,4 22.530,3 22.676,7 24.301,5
Франција 22.372,0 24.830,1 27.945,4 24.098,0 19.740,9 27.895,6 29.076,3 29.310,5 23.446,7
Хрватска 3.473,9 4.038,7 4.178,1 4.801,0 4.583,6 4.195,0 4.004,8 3.418,0 3.548,8
Италија 14.371,0 13.975,6 13.794,0 14.128,7 13.492,8 11.943,9 14.012,0 13.845,1 16.271,4
Кипар 12.334,6 11.102,2 11.113,0 10.590,5 11.080,0 11.333,4 8.439,3 11.670,8 12.184,3
Латвија 2.376,9 3.089,7 3.228,7 2.727,9 2.436,3 3.133,8 3.012,5 3.472,9 3.116,1
Литванија 2.837,0 2.522,9 3.778,9 3.499,6 3.004,6 3.409,9 4.352,8 5.440,5 4.904,3
Луксембург 22.380,6 23.425,8 29.950,6 21.953,0 14.361,1 13.949,1 16.935,9 19.641,3 20.837,6
Унгарија 3.977,2 4.265,2 4.561,8 6.024,5 4.099,5 4.796,5 7.102,0 6.538,1 7.158,8
Малта 14.706,8 14.383,4 14.132,5 13.162,3 14.678,4 13.396,9 11.435,4 11.469,7 11.790,1
Холандија 27.244,5 33.503,4 33.185,3 28.445,5 22.873,9 41.421,0 35.410,4 38.382,7 44.394,7
Австрија 14.665,3 16.550,4 18.844,6 18.407,3 13.905,1 16.542,9 19.490,9 18.314,3 16.417,1
Полска 2.431,5 2.691,7 3.311,4 2.890,1 3.257,4 4.091,1 4.861,9 4.520,3 4.680,9
Португалија 7.068,0 7.051,3 6.688,0 7.457,5 6.340,7 7.573,9 6.296,1 7.211,6 7.054,9
Романија 1.914,6 1.900,2 1.470,8 2.190,0 1.859,7 2.339,6 3.012,2 2.223,6 2.730,4
Словенија 4.672,7 4.546,3 5.111,1 4.539,3 4.315,6 4.689,1 5.300,8 4.166,7 4.138,0
Словачка 4.074,0 4.975,6 5.249,5 5.843,8 4.502,4 6.866,3 8.143,6 9.178,7 8.944,4
Финска 19.277,8 18.962,9 21.707,5 18.491,3 21.853,3 24.222,1 24.839,9 25.523,4 26.831,1
Шведска 18.779,5 21.146,9 25.467,4 23.052,9 18.346,3 24.813,9 25.451,3 25.614,9 23.687,6
Велика
27.574,0 27.617,6 28.988,7 36.189,4 36.721,6 34.592,3 39.397,9 37.208,5 40.178,8
Британија
Извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

Табела 33.Индекси на реалниот земјоделски приход од производните фактори по работна


единица, 2005=100
2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Европска Унија 100,0 103,8 115,6 112,3 101,2 123,5 134,9 132,5 136,4
Белгија 100,0 123,1 132,5 106,9 100,9 130,9 116,4 141,4 116,0
Бугарија 100,0 96,9 98,8 159,3 111,3 121,9 140,6 161,8 205,5
Чешка 100,0 105,2 118,9 129,2 105,8 124,9 170,0 168,3 170,4

148
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Данска 100,0 112,8 113,8 65,2 66,6 116,1 130,4 168,7 114,8
Германија 100,0 108,8 135,2 143,7 105,1 118,6 143,3 133,6 163,2
Естонија 100,0 100,1 140,0 109,7 92,5 153,5 194,9 227,3 211,9
Ирска 100,0 81,9 90,7 83,8 63,9 70,8 89,2 81,9 82,8
Грција 100,0 96,1 105,1 105,6 124,3 120,5 113,6 118,0 121,7
Шпанија 100,0 95,6 107,4 91,1 91,6 101,3 99,3 100,0 107,1
Франција 100,0 111,0 124,9 107,7 88,2 124,7 130,0 131,0 104,8
Хрватска 100,0 116,3 120,3 138,2 131,9 120,8 115,3 98,4 102,0
Италија 100,0 97,2 96,0 98,3 93,9 83,1 97,5 96,3 111,4
Кипар 100,0 90,0 90,1 85,8 89,9 91,9 68,4 94,6 97,5
Латвија 100,0 130,0 135,9 114,8 102,5 131,9 126,8 146,1 131,2
Литванија 100,0 88,9 133,2 123,4 105,9 120,2 153,4 191,8 172,9
Луксембург 100,0 105,3 134,0 97,8 63,7 61,7 76,1 105,1 68,4
Унгарија 100,0 107,2 114,7 151,5 103,1 120,6 178,6 164,4 180,0
Малта 100,0 97,8 95,2 88,6 98,8 90,2 77,0 77,2 78,7
Холандија 100,0 123,0 121,8 104,4 84,0 152,0 130,0 140,9 162,9
Австрија 100,0 112,9 128,5 125,5 94,8 112,8 132,9 124,9 111,7
Полска 100,0 110,7 136,2 118,9 134,0 168,3 200,0 185,9 192,5
Португалија 100,0 99,8 94,6 105,5 89,7 107,1 89,0 95,3 105,6
Романија 100,0 99,2 76,8 114,4 97,1 122,2 157,3 116,1 142,6
Словенија 100,0 97,4 109,5 97,2 92,4 100,4 113,5 89,2 88,6
Словачка 100,0 122,1 128,9 143,4 110,5 168,5 199,9 225,3 219,5
Финска 100,0 98,4 112,6 95,9 113,4 125,6 128,9 132,4 117,1
Шведска 100,0 112,5 135,5 122,7 97,6 132,1 135,4 136,3 112,1
Велика Британија 100,0 100,2 105,1 131,2 133,1 125,4 142,8 134,9 146,4
Норвешка 100,0 93,9 104,8 106,8 118,1 125,2 122,5 128,6 126,6
Швајцарија 100,0 99,4 102,7 107,5 104,7 102,7 106,3 105,3 111,6
Извор: Евростат/database

Земјоделски претприемачки приход го покажува приходот остварен од земјоделските


активности кој може да се користи за надоместок на производните фактори, за
неплатениот труд, за користеното сопствено земјоделско земјиште и за сопствениот
капитал. Се добива со одземање на трошоците за плати, ренти и камати од приходот
од производните фактори. Во случај на фамилијарните фарми претприемачкиот доход
претставува, од една страна надоместок за извршената работа од страна на
носителот на земјоделското стопанство и неплатените членови на семејството, а од
друга страна приходот на деловниот субјект (без одделување на овие две
компоненти). Во табела бр. 34 е прикажано движењето на земјоделскиот
претприемачки приход по семејна работна единица, кој во 2013 година во ЕУ
изнесувал 10668 евра и бил за 20% повисок во однос на 2007 година. Највисок
земјоделски претприемачки приход по семејна работна единица во 2013 година бил
остварен во Холандија во износ од 30478 евра, а најнизок во Словачка во износ од
1919 евра.
Табела 34. Земјоделски претприемачки приход по семејна работна единица, во евра по реална
вредност/ ГРЕ

2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013

Европска Унија 8.890,9 8.228,9 6.937,6 9.399,9 10.864,0 10.567,0 10.667,6


Белгија 29.145,1 18.989,6 16.542,2 25.576,9 19.358,1 26.852,2 19.606,9
Бугарија 2.196,8 3.770,9 2.329,4 2.509,0 2.924,5 3.157,8 4.376,5

149
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Чешка 8.336,6 11.568,0 3.335,4 9.191,1 21.266,1 19.805,1 17.873,8


Данска 4.651,4 -42.731,8 -26.246,7 1.729,0 12.184,4 37.566,0 13.351,8
Германија 22.976,5 24.854,1 12.291,1 18.209,6 25.781,7 22.304,4 23.293,1
Естонија 8.935,8 5.150,0 3.983,0 10.470,2 15.203,5 18.570,7 16.901,5
Ирска 13.599,1 11.281,9 7.222,1 9.449,2 13.006,0 11.402,8 11.523,2
Грција 10.910,9 10.717,5 12.924,2 12.880,8 11.948,9 12.507,6 12.452,1
Шпанија 29.947,9 24.507,7 24.960,8 29.604,9 28.663,0 29.156,6 31.860,5
Франција 24.767,8 18.321,7 11.972,9 24.559,1 25.651,5 25.612,6 16.602,9
Хрватска 3.707,4 4.293,1 4.084,3 3.642,6 3.455,4 2.865,9 3.013,6
Италија 10.240,3 10.730,6 9.672,7 7.097,7 10.042,8 9.605,3 13.366,2
Кипар 10.276,4 9.984,9 10.603,6 10.878,4 11.076,1 11.264,3 11.844,2
Латвија 2.946,0 2.261,0 1.887,4 2.780,7 2.689,5 3.301,7 2.801,7
Литванија 2.909,2 2.616,1 1.890,7 2.514,9 3.850,7 5.174,5 4.270,4
Луксембург 24.945,5 16.051,4 7.791,9 6.876,2 11.146,1 14.852,9 16.316,5
Унгарија 3.140,8 4.861,5 2.383,9 3.475,0 6.406,9 5.311,0 6.201,6
Малта 14.286,8 13.174,8 14.867,1 13.731,5 11.594,1 11.708,4 12.111,5
Холандија 21.225,3 12.062,3 7.592,3 27.785,9 15.274,3 21.337,8 30.477,6
Австрија 17.122,7 16.714,4 12.126,5 14.794,8 17.855,7 16.643,0 14.658,1
Полска 2.973,2 2.474,8 2.883,8 3.726,8 4.544,5 4.179,0 4.348,0
Португалија 4.921,6 5.659,9 4.601,3 6.054,6 4.307,7 5.873,4 5.698,1
Романија 959,5 1.638,0 1.169,5 1.200,7 3.176,9 2.270,5 2.802,7
Словенија 4.431,9 3.828,6 3.619,1 3.874,6 4.574,4 3.350,9 3.382,8
Словачка 2.192,3 3.032,7 -439,1 -704,1 3.123,3 5.051,0 1.919,2
Финска 15.630,6 11.033,6 14.529,3 16.679,2 17.883,7 18.897,7 19.679,2
Шведска 21.592,0 18.264,1 11.306,6 19.711,6 17.536,5 16.735,4 13.337,0
Велика 24.290,0 35.895,3 37.226,2 34.165,7 41.488,3 37.722,4 41.809,7
Британија
Извор: European Commission DG Agriculture and Rural Development

За следење на перформансите на земјоделските стопанства Директоратот за


земјоделство на Европската унија ја има воведено Сметководствената мрежа на
фарми. Во суштина се работи за организиран начин на прибирање на податоци од
земјоделските стопанства преку водење на сметководство на специфичен начин
односно на пропишани електронски обрасци. Преку податоците добиени од
Сметководствената мрежа се прави класификацијата на земјоделските стопанства
според нивната економска големина и видот на земјоделско производство. Преку
сметководствената мрежа на фарми се собираат податоци за видот на земјоделско
производство, расположливите човечки ресурси, број и вредност на домашни животни,
набавка и продажба на домашни животни, трошоци, земјиште и згради, залихи и
циркулирачки капитал, долгови, ДДВ, грантови и субвенции, податоци за
производствените квоти и надоместоци за полјоделството. Податоците во табела бр.
35 ги покажуваат податоците добиени од сметководствената мрежа на фарми од 2012
година според кои во Романија имало најмногу фарми вкупно 1.042.350 кои оствариле
просечен нето приход од 5862 евра, а најмалку имало во Луксембург и тоа 1.610
фарми кои оствариле просечен нето приход од 37284 евра.

Табела 35. Сметководствена мрежа на фарми- економски перформанси, 2012 година


работни

работни

работни
во (годишни

Платена

фармите
работна сила

работна сила

работна сила

Вкупно

(во евра)

на фармите
производство

Нето додадена

на фармите
(во евра)
Бруто приход

Нето приход
Инпут на

(годишни

(годишни
единици)

единици)

Неплатена

единици)

вредност на
Фарми (број)

(во евра)

(во евра)

Белгија 30400 5036.41 875.64 4160.77 264995 124363 91868 64250


Бугарија 115640 4576.83 2417.53 2159.29 41066 23502 18969 8669
150
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Кипар 10300 3012.02 855.1 2156.91 39506 16951 13361 9573


Чешка 14850 13419.16 10528.13 2891.02 338815 167288 130048 50501
Данска 28760 3221.95 1601.08 1620.87 468088 209346 167619 62308
Германија 192450 4908.3 1995.1 2913.2 259383 121912 91540 47984
Грција 326820 2690.48 466.01 2224.47 23504 17718 14077 11500
Шпанија 587510 2717.48 645.89 2071.59 49774 31488 28030 21075
Естонија 8100 4449.11 2426.58 2022.52 110130 53699 39264 25903
Франција 304190 3282.78 994.36 2288.42 202607 108434 77253 47403
Унгарија 105320 3475.27 2037.3 1437.96 70296 37445 31438 18821
Ирска 78950 2606.85 176.47 2430.37 64594 37768 28905 22534
Италија 804670 2715.74 546.17 2169.57 55186 35721 28653 22469
Литванија 53410 3813.45 676.31 3137.14 42413 25720 18195 17131
Луксембург 1610 3939.09 732.02 3207.08 182831 113880 60088 37284
Латвија 21940 3986.93 1301.03 2685.9 56338 27487 19488 13161
Малта 3070 3103.82 358.31 2745.51 38090 12711 10289 8560
Холандија 52190 5972.61 2662.17 3310.44 482299 203249 150707 65913
Австрија 93270 3207.34 195.62 3011.71 74431 48432 31776 27618
Полска 728160 3846.29 478.5 3367.79 31116 17028 12736 10681
Португалија 110650 3042.96 590.01 2452.95 29751 18764 15077 12839
Романија 1042350 3250.6 355.82 2894.77 12760 8340 7093 5862
Финска 39870 2596.35 499.38 2096.98 104832 59165 35285 21966
Шведска 27890 3065.45 611.37 2454.08 202669 80741 53537 16492
Словачка 4160 24637.17 22760.44 1876.74 521556 221009 141208 -9175
Словенија 40740 2693.01 117.93 2575.08 26594 13646 5790 5417
Велика
Британија 92180 5239.64 2044.33 3195.31 262110 120359 87960 51632
Извор: EUFADN Database

Во табела бр. 36 е прикажано учеството на ЕУ во светската трговија во 2012 година.


Како што може да се забележи од табелата според извозот ЕУ била на прво место во
светот со вкупен извоз од 1.684.193 милиони евра, на второ место била Кина (без Хонг
Конг) со вкупен извоз од 1.594.631 милиони евра, а на трето место биле САД со извоз
од 1.202.962 милиони евра. Податоците од трговијата со земјоделски производи
покажуваат импресивен развој во 2013 година со нето-трговска размена од околу 19
милијарди евра, предводено со повисокиот извоз од 4% и намалениот увоз од 2%.
Земјоделскиот извоз на ЕУ достигнал околу 118 милијарди евра во 2013 година, со
финалните производи кои сочинуваат најголем дел од вкупниот извоз во Европската
Унија во однос на вредноста (речиси 65%) а чиј извоз е зголемен за 2%;
зголемувањето е особено евидентно кај "Житните преработки " од 9% и кај млечните
производи од 5%.

Табела 36. Учество на ЕУ во светската


трговија, извоз во милиони евра, 2012 година
2012
Европска унија 1.684.193
Русија 408.442
Канада 352.881
САД 1.202.962
Мексико 288.483
Бразил 188.807
Кина (без Хонг Конг) 1.594.631
Јапонија 621.550
151
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Јужна Кореја 426.412


Индија 225.377
САД 317.865
Извор: Евростат/database

Во табела бр. 37 е прикажан трговскиот биланс на ЕУ (извоз- увоз) со нејзините 20


главни партнери во периодот 2004- 2014 година во милиони евра. Како што може да
се забележи од табелата позитивен трговски биланс ЕУ има во размената со САД и
тоа 105.996 милиони евра во 2014 година, Швајцарија 43.792 милиони евра,
Обединетите Арапски Емирати 36.646 милиони евра, Јужна Кореја 4.094 милиони
евра, Бразил 5.801 милиони евра, Саудиска Арабија 6.398 милиони евра, Канада 4.305
милиони евра, Сингапур 11.401 милиони евра, Мексико 10.246 милиони евра и Јужна
Африка 4.899 милиони евра, додека негативен трговски биланс во размената со Кина
(без Хонг Конг) и тоа - 137.772 милиони евра, Русија - 78.514 милиони евра, Норвешка
-33.784 милиони евра, Јапонија -1.266 милиони евра, Индија -1.592 милиони евра и
Алжир -6.006 милиони евра.

Табела 37. Трговски биланс на ЕУ со нејзините главни трговски партнери, 2004- 2014 година
2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
САД 76,002 91,647 96,376 82,199 65,277 48,506 69,269 72,078 86,708 93,309 105,996
Кина (без - - - - - - - - - - -
Хонг Конг) 80,821 109,259 132,121 162,040 170,802 132,853 170,145 158,420 147,831 131,935 137,772
-
Русија
38,798 -57,291 -70,292 -57,660 -75,476 -53,872 -75,767 -92,740 -91,677 -87,477 -78,514
Швајцарија 13,102 19,588 16,844 16,063 17,973 7,888 24,988 48,611 27,647 74,575 43,792
-
Норвешка
24,556 -33,453 -40,790 -33,173 -52,226 -31,426 -37,090 -47,031 -51,123 -40,137 -33,784
Турција 7,323 8,390 8,091 5,451 8,188 8,040 18,994 24,888 26,796 26,914 20,362
-
Јапонија
31,451 -30,623 -33,677 -35,518 -34,084 -22,462 -23,464 -21,680 -9,162 -2,586 -1,266
-
Јужна Кореја
12,871 -14,349 -18,133 -16,957 -14,245 -10,873 -11,558 -3,781 -202 4,073 4,094
Бразил -7,647 -8,113 -9,605 -11,649 -9,722 -4,480 -1,878 -3,322 2,254 6,780 5,801
Индија 747 2,136 1,604 2,515 1,724 1,996 1,489 545 1,096 -1,019 -1,592
Саудиска
арабија -3,590 -6,931 -5,968 1,343 -872 7,300 6,928 -2,021 -4,550 3,599 6,398
Канада 5,657 5,539 5,389 1,139 383 2,584 2,017 -833 1,138 4,399 4,305
Алжир -5,739 -10,386 -14,177 -9,314 -12,858 -2,590 -5,480 -10,538 -11,640 -9,578 -6,006
Обединети
Арапски
Емирати 13,551 15,983 19,663 20,808 27,066 21,748 22,252 24,384 28,849 35,359 34,646
Сингапур -723 -1,147 292 2,080 6,120 5,845 5,783 8,068 8,855 11,505 11,401
Хонг Конг 9,192 9,054 7,502 9,163 9,511 6,381 12,980 19,787 23,113 25,493 24,029
Мексико 7,812 7,587 8,559 8,766 7,963 5,833 7,575 6,898 8,565 9,887 10,246

152
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Австралија 11,092 10,949 8,664 10,446 12,909 12,019 14,513 16,217 19,400 21,880 20,468
Нигерија 75 -2,369 -3,803 -1,738 -4,776 -1,162 -3,714 -11,481 -21,604 -17,032 -16,613
Јужна
Африка 225 686 -283 -1,656 -4,024 -3,391 1,338 4,462 5,072 8,924 4,899
Извор: Евростат/database

Соединетите Американски Држави остануваат првата дестинација на Европската унија


за извоз, со вкупна вредност од 15 милијарди евра (или 13% од вкупниот извоз) а
поголемата вредност од остварениот извоз припаѓа на категоријата на пијалаци.
Вредноста на земјоделскиот увоз на Европската унија во 2013 година е намалена на
околу 100 милијарди евра. Финалните производи имаат најголемо учество во вкупниот
увоз на земјоделски производи (скоро 50%) од кои "тропското овошје и зачините
учествуваат со 7%, "свежо и суво овошје" со 5% и "свеж и замрзнат зеленчук" со 1%.
Најголем дел од увезените производи се со потекло од Бразил со 13% од вкупниот
земјоделски увоз во ЕУ, а поголемиот дел од увезеното се состои од сточна храна и
маслодајни растенија (главно соја), кафе и чај.

Во табела бр. 38 е прикажана вредноста на оствареното производство во ЕУ во 2013


година по групи на производи, како и остварената бруто додадена вредност по
основни цени. Од табелата се гледа дека растителното производство учествувало со
52% во оствареното производство на земјоделската деловна гранка, додека
добиточното производство учествувало со 41%. Кај растителното производство
најголемо учество во вкупно оствареното производство имало производството на
житарици со 25%, зеленчук и хортикултура со 23%, фуражните посеви со 13%,
овошјето со 12%, итн, а кај добиточното производство најголемо учество имало
производството на свињи со 22%, потоа производството на говеда 19%, живината
13%, итн.

Табела 38. Економски сметки во земјоделството, по тековни цени во


милиони евра, 2013 година

Житарици 53.850
индустриски посеви 18.867
фуражни посеви 27.201
зеленчук и хортикултура 50.284
компири (вклучувајќи и семиња) 12.409
Овошје 24.966
Вино 19.971
други растителни производи 2.907
растително производство 214002
Добиток 100.183
Говеда 32.767

Свињи 37.351

153
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Коњи 917

овци и кози 5.244

Живина 21.302

други видови на добиток 2.601

добиточни производи 69.256


добиточно производство 169439

Производство на земјоделската деловна гранка 415691


Вкупна меѓуфазна потрошувачка 249574
Бруто додадена вредност по основни цени 166117
Извор: Евростат/database

Во текот на 2013 година порастот на вредноста на добиточното производство на ЕУ од


1.5%, го неутрализирало намалувањето на вредноста на растителното производство
од -1,1%. Падот на вредноста на растителното производство се должело на
намалувањето на реалните цени од -3,7%, кој пак бил делумно компензиран со
зголемувањето на обемот на производството од 2.7%. Поголемо производство било
забележано кај житариците и маслодајни растенија (за повеќе од 6% одделно),
компирите (1%), овошјето и виното (за околу + 7%), додека производството на
маслиново масло било намалено до 31%. Реалните цени на производителите на
земјоделски производи биле намалени значително во 2013 година во споредба со
2012 година, особено за житариците (-14%) и маслодајните растенија (-15%), додека
на компири, овошје, вино и маслиново масло имало зголемување на цените.
Во 2013 година обработливата површина под житни култури имала забележано мало
зголемување од 0,3% (достигнувајќи 57.800.000 хектари). Сепак, сите земјоделски
култури бележеле зголемување во однос на претходната година, со повеќе од 8% во
просек со што вкупното производство било зголемено на 301.500.000 тони (+ 8.2%).

Производството на маслодајните растенија во 2013 година (29,8 милиони тони) било


зголемено за 9,2% во однос на претходната година, истото се одвивало на површина
од 11,5 милиони хектари. Производството на семето од репка изнесувало 20,5
милиони тони (зголемување од 6.8%), производството на сончогледот било 8,2
милиони тони (зголемување од 15,7%).

За производството на овошје во ЕУ, 2013 година била позитивна година додека за


производството на зеленчук во оранжерии била негативна година. Во 2013 година
производството на праски било за 7% пониско во споредба со претходната година и
бележело пад од 8% во однос на последните пет години, пред се како резултат на
неповолните временски услови. Цените во земјите-членки кои се нето производители
на овошје бележеле раст од + 6% до + 23%.

Производството на говедско месо бележело пораст во однос на претходната година


од 0,5%. Бројот на добитокот во 2013 година бил незначително намален во повеќето
од земјите производители во ЕУ (Германија: -0,2% -0,4% и Франција) со поизразен пад
на Шпанија (-2%), додека зголемување имало во Ирска (+ 5,5%), Италија (3,3%),
154
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Велика Британија (0,5%) и Полска (0,4%). Со помалку говедско месо на пазарот,


високите цени и протекционистичките мерки извозот на говедско месо бил намален за
30% за период од една година, додека увозот на говедско месо во ЕУ во 2013 година
бил за 10% повисок во однос на 2012 година.
Слабата наплата на продаденото млеко во Европската Унија предизвикала големо
зголемување на цените. Цената на млекото биле над нивото од претходните години со
највисоко ниво во октомври 2013 година од околу 40 евра / 100 кг односно бележеле
пораст од 16% во споредба со октомври 2012 година. Производство на сирење во
Европската Унија се проценува на 9325 милиони тони во 2013 година, што е пораст од
околу 1% во однос на 2012 година. Европското производство на свежи млечни
производи изнесувало 46.800.000 тони во 2013 година.
Инфлаторните движења во земјите членки на Европската Унија се согледуваат и преку
движењата на цените. Во пресметките се користи една референтна година т.н базна
година во однос на која се пресметува релативниот пораст или опаѓање на цените во
наредните години. Овие базни години обично се поместуваат на секои 5 години, а
последната базна година во Евростат е 2010 година. Во табелите подолу се
прикажани индексите на цени во европските држави и како што може да се види во
периодот 2012- 2014 година има пораст на цените на трошоците односно инпутот кај
сите држави додека во 2011 година само во Кипар има мал пад на цените од 1,3%
додека кај сите останати држави има пораст во однос на 2010 година. Кај аутпутот
односно кај оствареното земјоделско производство има константен пораст во
периодот 2011-2014 година кај сите држави без исклучок.

Табела 39. Индекси на цени на вкупниот инпут во аграрот (2010= 100),


во номинална вредност
2010 2011 2012 2013 2014
Белгија 100,0 111,2 117,9 118,3 113,7
Бугарија 100,0 110,5 117,0 115,8 111,8
Чешка 100,0 108,2 112,6 115,9 113,8
Данска 100,0 109,1 114,5 118,7 118,4
Германија 100,0 110,8 116,0 118,2 114,2
Ирска 100,0 109,5 114,6 117,5 113,7
Грција 100,0 109,2 111,5 110,8 107,8
Франција 100,0 108,6 112,2 113,6 111,8
Хрватска 100,0 112,3 118,0 117,3 107,7
Италија 100,0 106,9 112,1 114,4 112,4
Кипар 100,0 98,7 102,8 114,2 111,7
Латвија 100,0 111,6 116,0 116,5 115,5
Литванија 100,0 119,1 129,2 124,8 121,7
Луксембург 100,0 108,3 113,1 113,4 112,3
Унгарија 100,0 112,3 119,6 122,1 118,8
Малта 100,0 109,8 115,1 116,3 113,6
Холандија 100,0 109,9 113,1 115,7 110,3
Австрија 100,0 106,9 111,7 113,8 113,9
Полска 100,0 110,4 118,2 118,8 :
Португалија : : : 120,4 117,0
Романија 100,0 112,4 120,0 123,5 120,7
Словенија 100,0 110,6 115,2 117,9 113,8
Словачка : : : 118,2 113,2
Финска 100,0 111,6 115,7 117,9 116,2
Велика Британија 100,0 112,2 114,2 115,9 112,6
Извор: Евростат/ database
155
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 40. Индекси на цени на вкупниот аутпут во


аграрот (2010= 100) во номинална вредност
2010 2011 2012 2013 2014
Белгија 100,0 102,1 114,9 119,9 101,0
Бугарија 100,0 123,6 143,1 117,8 112,9
Чешка 100,0 121,4 126,0 131,8 127,5
Данска 100,0 114,5 123,3 128,2 108,8
Германија 100,0 113,4 119,4 120,8 114,2
Ирска 100,0 115,2 121,2 131,5 120,7
Грција 100,0 103,0 101,6 103,3 101,3
Франција 100,0 112,6 118,7 121,5 116,6
Хрватска 100,0 107,7 116,3 109,1 105,9
Италија 100,0 109,4 116,0 120,5 114,4
Кипар 100,0 117,3 120,0 120,8 114,1
Латвија 100,0 118,2 122,3 116,3 216,2
Литванија 100,0 123,8 123,1 126,2 109,7
Луксембург 100,0 108,7 115,0 118,8 117,0
Унгарија 100,0 120,8 139,1 128,6 123,0
Малта 100,0 103,2 113,2 114,6 105,0
Холандија 100,0 104,6 108,5 116,1 109,0
Австрија 100,0 107,9 113,0 114,5 110,7
Полска 100,0 119,3 124,6 121,9 113,9
Португалија : : : 107,1 101,1
Романија 100,0 115,6 127,7 133,7 120,9
Словенија 100,0 109,8 114,1 122,7 116,4
Словачка : : : 119,6 127,5
Финска 100,0 114,3 120,6 129,8 114,9
Велика Британија 100,0 113,2 118,7 125,5 114,7
Извор: Евростат/ database

Буџетот на ЗЗП претставува 1% од сите јавни расходи во ЕУ и во 2014 година


изнесува 58 милијарди евра. Споредено во однос на буџетот на ЕУ, буџетот на
Заедничката земјоделска политика е намален многу во текот на изминатите 30 години,
од 75% на 40%. Во овој период 18 нови земји-членки се приклучиле на ЕУ и како
резултат на двојното зголемување на бројот на земјоделците поддршката на
земјоделците гледано поединечно е многу помала. Државната поддршка на фармите
во ЕУ е прикажана во табела бр. 41.

Граѓаните на ЕУ се корисници на бенефитите од Заедничката земјоделска политика, а


како резултат на ЗЗП секогаш постои изобилство на храна, по цени кои се генерално
поволни односно во повеќето земји на ЕУ денес просечно семејство троши околу 15%
од своите месечни приходи на храна, што е половина од она што се трошело во 1962
година.

156
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 41. Државна поддршка на фармите во ЕУ, 2012 година (во евра)

Субвенции на другите видови


(4 =5+7+12+13+15+16+18+19)

Вкупна поддршка за рурален


Вкупни субвенции - освен на

Вкупни субвенции на посеви


Субвенции на инвестициите

Други видови на субвенции

Субвенции за меѓуфазната
други субвенции за посеви

Други плаќања за рурален


Плаќања за млечни крави

Субвенции за овци и кози

Субвенции за заштита од
Субвенции за заштита на

привлечни предели -LFA


Субвенции за помалку

Дополнителна помош
надворешни фактори
Вкупни субвенции за

Decoupled плаќања
животна средина

други дубвенции

потрошувачка
инвестициите

за добиток
добитокот

на говеда

развој

развој
2 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 22
Белгија 2850 25284 115 0 3748 0 3745 0 3 1920 476 3105 710 443 0 1772 16100 258
Бугарија 291 6834 253 152 512 181 10 321 0 359 265 979 355 569 32 3 4485 300
Кипар 880 4857 0 0 439 0 0 431 8 1071 418 1621 132 198 0 0 2599 0
Чешка 6519 82846 184 6 2064 1278 719 67 1 12049 7562 19783 172 4351 6517 1619 48327 2116
Данска 555 36532 47 2 468 -14 482 0 0 775 35 938 128 606 0 1474 32999 520
Германија 476 34979 140 136 104 -47 0 0 151 3180 1411 4618 27 51 2755 336 26974 0
Грција 13 6600 600 510 88 0 25 59 3 101 445 617 71 431 4 0 4860 185
Шпанија 212 9414 646 616 754 68 555 61 70 532 362 937 43 75 94 4 6905 185
Естонија 4331 24634 0 0 621 202 307 112 0 6839 1184 8731 708 3531 2 16 11732 202
Франција 1357 30825 1212 1048 2935 133 2139 463 200 1342 1690 3057 26 1145 229 0 22246 963
Унгарија 391 15193 658 522 759 402 238 40 79 2611 117 2886 158 389 998 39 9463 675
Ирска 168 21446 2 0 297 -99 85 311 0 3108 2049 5613 456 70 0 0 15464 473
Италија 228 6436 167 30 90 33 41 4 12 665 331 1057 61 213 0 0 4909 303
Литванија 2234 8878 2 2 363 0 0 3 360 159 851 1998 987 825 10 14 5665 0
Луксембург 14557 48467 0 0 41 -1 0 0 42 9811 9778 19957 368 5157 1509 322 21482 0
Латвија 0 13123 26 10 1718 872 382 17 447 2070 1724 4060 266 2267 28 96 4928 392
Малта 636 2886 287 287 0 0 0 0 0 249 595 844 0 17 0 0 1738 0
Холандија 71 20618 0 0 146 -86 3 0 230 1939 75 2983 969 1298 133 7 16051 163
Австрија 1580 18055 431 431 724 -51 732 2 41 6247 2612 9250 391 78 793 178 6601 220
Полска 261 5625 86 6 51 49 0 3 0 416 394 939 129 1038 215 0 3295 132
Португалија 1155 6794 600 423 1304 339 645 282 38 687 1023 1740 30 174 84 0 2892 329
Романија 3 1947 14 2 101 0 0 70 32 61 25 202 116 395 40 0 1195 65
Финска 874 50429 3017 2785 10124 5453 3135 355 1180 11066 13278 24938 594 821 0 0 11529 1584
Шведска 0 39000 8 8 1691 1078 0 0 612 10055 3303 13359 1 86 0 458 23398 195
Словачка 10377 141704 0 0 4311 3875 162 119 156 14288 26097 40401 16 7734 239 0 89018 3670
Словенија 1200 7245 12 12 279 81 198 0 0 1674 1112 3250 463 11 471 0 3222 279
Велика
Британија 2468 42356 2 2 337 0 322 0 15 7286 1375 8804 143 471 10 6 32725 320
Извор: EUFADN Database

Идните состојби на земјоделските пазари во ЕУ се многу неизвесни и се во голема


мерка зависни од макроекономската политика на ЕУ, од движењата на понудата и
побарувачката на земјоделски производи, како и поврзаноста на земјоделството со
енергетските пазари. Климатските промени имаат влијание врз пазарот, а во иднина
може да се очекува да се зголеми ова влијание кое ќе доведе до флуктуации врз
понудата на земјоделски производи. Промените во земјоделските и трговските
политики, билатералните/ регионалните трговски преговори, како и политиките на
обновливи извори на енергија, исто така имаат импликации на идниот модел на
земјоделски пазари на ЕУ. Може да се очекува дека во ЕУ ќе се зголеми
157
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

побарувачката за земјоделски производи како резултат на порастот на населението,


зголеменото производство на биогоривата треба да ја поддржи експанзијата на
производството, но се очекува да се зголемат и трошоците на производството што од
друга страна ќе го ограничи растот на профитабилноста. Приносите се очекува да
растат со бавно темпо, односно со пониска стапка на раст споредено со претходната
деценија, додека очекуваниот пораст на вредноста на еврото може да доведе до
ослабување на конкурентноста на извозот на ЕУ на светските пазари, со што ќе се
намали уделот на ЕУ на светскиот пазар. Од друга страна пак, европските пазари на
земјоделски производи се очекува да останат на приближно исто ниво без потреба од
дополнителни интервенции на пазарот, земјоделскиот приход да постигне скромна
стапка на раст на ниво на ЕУ, како резултат на намалување на инпутот на работната
сила, макроекономските претпоставки укажуваат на скромен раст на БДП од ЕУ од
околу 2% на годишно ниво, а цените на земјоделските производи се очекува да
останат стабилни како последица на растот на глобалната побарувачка на храна,
зголемената употреба на биогоривата и намалување на растот на продуктивноста на
производството на храна.

158
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Глава 4
Аграрот во земјите на Западен балкан

1. Задачите на земјите од Западен Балкан во процесот на


имплементација на Заедничката земјоделска политика на
Европската унија

Процесот на проширување на Европската унија ги опфаќа сите земји од т.н Западен


Балкан. Овој процес е долготраен и во суштина значи прилагодување на политичките
и економските состојби во земјите кандидати на опкружувањето во кое функционира
Европската унија. Во претпристапните преговори земјите кандидати за членство во
Европската унија мораат да направат сериозни реформи во сите економски сектори
вклучувајќи го и аграрот. Поддршката која се дава на земјоделскиот сектор во рамките
на Европската унија е многу голема и зафаќа голем дел од нејзиниот буџетот, а од
овие причини и прописите и процедурите кои се однесуваат на аграрот се многубројни.
Правната регулатива за аграрот е подложна на чести измени и од овие причини е
потребно нејзино перманентно следење од страна на земјите кандидатки за членство.
ЗЗП се заснова на два столба, првиот столб се однесува на Пазарните интервенции и
плановите за директни плаќања, а вториот столб се задачите поврзани со руралниот
развој. Покрај очекуваните промени кои ќе се случуваат во ЗЗП во наредните години
пред се како резултат на критиките во однос на протекционизмот и превисоките
финансиски средства кои се трошат за спроведување на ЗЗП, сепак овие два столба и
понатаму ќе бидат финансиски поддржувани од Буџетот на Европската унија, а
земјите од Западен Балкан ќе мора да ги спроведат потребните реформи за
прилагодување кон ЗЗП и користење на средства од заедничките фондови.

Во процесот на преговарање за полноправно членство во ЕУ потребно е секоја земја


кандидат да ги има направено сите подготовки за добивање на финансиска поддршка.
За оваа намена е воведен и Инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој е
средство со кое ЕУ ги поддржува реформите во земјите кандидатки за членство со
финансиска и техничка помош. ИПА фондовите имаат за цел да ги зголемат
капацитетите на земјите кандидатки во процесот на пристапување, што резултира во
раст и развој на истите. Во моментот корисници на овој фонд се: Албанија, Босна и
Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Претпристапните
фондови на ЕУ им помагаат на државите да направат политички и економски
реформи, подготвувајќи ги за членство во ЕУ, со што се поддржува развојот на
стандарди кои се еднакви на оние што ги уживаат граѓаните на ЕУ. Средствата на
претпристапните фондови и помагаат и на ЕУ во остварувањето на основните цели за

159
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

одржлив развој, економски развој, обезбедување на енергија, транспорт, зачувување


на животната средина и справување со предизвиците од климатските промени, итн.

За земјите од Западен Балкан од особена важност е аграрот како од економски така и


од социјален аспект имајќи го во предвид неговото учество во БДП, во вкупната
вработеност, во обезбедувањето на основни услови за опстанок на населението во
руралните области, итн. Главна карактеристика на овој сектор во земјите од Западен
Балкан се ситните фарми односно земјоделски стопанства кои најчесто се семејни
домаќинства кои користат неплатена работна сила. За пристапување кон Европската
унија потребна е поголема комерцијализација на земјоделското производство преку
формирање на големи фарми кои ќе бидат во можност да им конкурираат на
европските фарми со асортиманот на производи и со квалитетот. Основна задача на
земјите од Западен Балкан за пристапување кон Европската унија е правно
усогласување со четирите системи на ЗЗП и тоа: директните плаќања, пазарните
интервенции, руралниот развој и финансиските правила. За успешна имплементација
на ЗЗП е потребно подобрување на капацитетите на администрацијата и тоа преку
зајакнување на човечките ресурси но и финансиските ресурси. Политичките реформи
се исто така неопходни во насока на поддршка на трансформацијата на аграрот и
негова модернизација како и за диверзификација на активностите во руралните
области се со цел подигање на животниот стандард на населението кое живее во овие
области.

2. Макроекономска состојба на земјите од Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан во споредба со земјите членки имаат релативно мало


учество од околу 6% во вкупната површина на Европската унија и мало релативно
учество од околу 4% во вкупното население на ЕУ, додека според густината на
населението се испод европскиот просек од 115,7 жители на км2 со исклучок на Косово
каде има поголема густина од европскиот просек (164,6 жители на км2). Во табела бр.
42 е прикажана површината и населението во пооделните држави од Западен Балкан
(вклучувајќи ја и Хрватска). Дел од овие држави имаат стекнато кандидатски статус, а
дел се потенцијални кандидати за членство во Европската унија.

Табела 42. Вкупна површина и население, 2013 година

Босна и
Албанија Херцеговина Хрватска Косово Македонија Црна Гора Србија ЕУ

Вкупна
површина (во
1000 км2) 28,7 51,2 56,6 10,9 25,7 13,8 77,5 4494,6

Население
(во милиони) 2,8 3,8 4,2 1,8 2,1 0,6 7,2 506,9
Густина на
населението
(жители на
км2) 106 75 76 168 84 46 82 116,3

160
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Споредба со
ЕУ (во %)
-вкупна
површина 0,6 1,1 1,3 0,2 0,6 0,3 1,7 100
-население
(ЕУ =100) 0,6 0,7 0,8 0,4 0,4 0,1 1,4 100
Извор на податоци: Светска банка и Евростат/ бази на податоци

Во табела бр. 43 се прикажани поважните макроекономски индикатори за земјите од


Западен Балкан во 2011 година, и тоа: стапката на инфлација, реалната стапка на
раст на БДП, инвестициите во основни средства и јавниот долг како проценти од БДП,
како и стапките на реален раст на индустриското производство.

Табела 43. Макроекономски индикатори, 2011

Босна и
Херцегов Црна
Албанија ина Хрватска Косово Македонија Гора Србија ЕУ
Стапка на инфлација
(%) 3,5 3,7 2,3 8,3 3,9 3 11,2 3
Стапка на
невработеност (%) 13,3 43,3 13,5 45,3 31,4 11,5 23,4 9,5
Реална стапка на раст
на БДП (во %) 2 1,7 0 5 3 2,5 1,8 1,6
БДП по глава на жител
(по PPP во САД $) 7800 8200 18400 6500 10500 11700 10800 34500
Инвестиции во основни
средства (% од БДП) 29,9 - 20,1 35 30,3 22 17 18,8
Јавен долг (% од БДП) 59,7 43,3 43,9 5,6 28,2 45 45,1 -
Стапка на реален раст
на индустриското
производство (%) 3 3,1 0,3 - 4 - 2,1 2,7
Извор на податоци: Евростат/ database

Индикаторите претставени во табела бр. 43 ја прикажуваат макроекономската


состојба на земјите од Западен Балкан, а како главен проблем и понатаму во сите
овие земји останува високата стапка на невработеност. Имено, сите овие држави
имаат повисока стапка на невработеност споредено со Европската унија (9,5%) и тоа
највисока стапка на невработеност од 43,3% има во Косово, додека во Босна и
Херцеговина невработеноста изнесува 43,3 %, во Република Македонија 31,4%,
Србија 23,4, Хрватска 13,5%, Албанија 13, 3 и 11,5% во Црна Гора. Стапката на
невработеност го покажува процентот од вкупната работна сила кој не работи. Во
однос на реалната стапка на раст на БДП дел од земјите од Западен Балкан имаат
повисока стапка на раст споредено со ЕУ (1,6%), и тоа: Косово 5%, Република
Македонија 3%, Црна Гора 2,5%, Албанија 2%, Србија 1,8%, Босна и Херцеговина
1,7%. Единствено во Хрватска реалната стапка на раст на БДП е 0% во 2011 година.
Реалната стапка на раст на БДП го покажува процентот на раст на БДП на годишна
основа корегиран за инфлацијата. Бруто домашниот производ по глава на жител го
покажува БДП според паритетот на куповната моќ по глава на жител и истиот е многу
понизок во однос на ЕУ (34.500 САД долари), односно во Хрватска изнесува 18.400, во
Црна Гора 11.700, во Србија 10.800, во Македонија 10.500, во Босна и Херцеговина
8.200, во Албанија 7.800 и во Косово 6.500 САД долари по глава на жител.
161
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Инвестициите во основни средства ги претставуваат вкупните трошоци за основни


средства, како што се во недвижнини, машини, опрема, градби,залихите на суровини и
материјали, кои што се основа за идното производство. Инвестициите во основни
средства во земјите на Западен Балкан со исклучок на Србија се повисоки од оние на
Европската унија (18,8%), и тоа: Косово 35%, Македонија 30,3%, Албанија 29,9%, Црна
Гора 22% и Хрватска 20,1%.
Јавниот долг се однесува на вкупниот износ на сите владини заеми намалени за
отплатите и деноминирани во националната валута. Јавниот долг не треба да се меша
со надворешниот долг, кој се однесува на девизните обврски на приватниот и јавниот
сектор и треба да биде финансиран од девизните приходи. Јавниот долг изразен како
процент од БДП е највисок во Албанија 59,7%, а најнизок во Косово со учество од
5,6%.
Стапката на инфлација (според цените на потрошувачите) претставува процент на
промена на цените на потрошувачите во однос на претходната година и во 2011
година највисока била во Србија (11,2%), а додека најниска била во Хрватска (2,3%
што е пониска стапка и од Европската Унија - 3%).
Стапката на раст на индустриското производство претставува процент на
зголемување на индустриското производство на годишно ниво (вклучувајќи ги
преработувачката индустрија, рударството и градежништвото) и во 2011 година
највисока е во Македонија- 4% што е повисока и од ЕУ- 2,7%.

3. Местото на аграрот во економијата

Земјоделскиот сектор има големо учество во економијата на Западен Балкан што


може да се согледа од неговото учество во создавањето на БДП но и во вработеноста.
Од табелата бр. 44 може да се заклучи дека учеството на аграрот во создавањето на
БДП и во вработеноста има големо значење за земјите од Западен Балкан, и тоа во
2013 година во БДП учествувал со 22,2% во Албанија, 9,6% во Македонија, 9,8% во
Црна Гора, 8,5% во Босна, 8% во Србија и најмало учество од 4,3% во Хрватска. Во
однос на релативното учество на аграрот во вработеноста пак со најголем процент од
45% учествува во Албанија, а потоа следуваат Србија со 20%, Македонија и Босна со
учество од 19%, Хрватска со 14%, а најмало учество во вработеноста има во Црна
Гора и тоа 6%. Учеството на аграрот во БДП и во вработеноста во земјите од Западен
Балкан има тенденција на постепено зголемување, со исклучок на Хрватска каде што
се бележи тренд на опаѓање.

Табела 44. Аграрот во Земјите од Западен Балкан , 2013 година


Албанија Босна Хрватска Македонија Црна Гора Србија

Додадена вредност од
аграрот (% од БДП) 22,2 8,5 4,3 9,6 9,8 8,0

Вработеност во
аграрот (% од
вкупната вработеност) 45 19 14 19 6 20
Извор: Евростат и Национални Статистички заводи
(Податоците за Хрватска и Црна Гора се однесуваат на 2012 година)

162
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Карактеристики на аграрниот сектор во државите на Западен Балкан е екстензивното


производство, расцепканоста на земјоделското земјиште, постоење на многубројни
мали земјоделски стопанства, неспецијализирано земјоделско производство, итн.
И покрај големото значење на овој сектор за развојот на економијата се уште
доминантно е екстензивното земјоделство, односно земјата се обработува со
застарена опрема и механизација со што има и помали приноси. Врз висината на
приносите и економијата во аграрот дополнително свое влијание има и големината на
земјоделските стопанства како и расцепканоста на земјата односно во овие држави
доминантни се таканаречените индивидуални земјоделски стопанства кои располагаат
со мали обработливи земјоделски површини и претежно ситен добиток. 93
Некогаш големите земјоделски агрокомбинати кои што беа во сопственост на
државата пропаднаа односно имотот на истите беше распродаден на повеќе купувачи
со што состојбата уште повеќе се влоши односно доведе до понатамошно
расцепкување и уситнување на земјоделското земјиште. За да може да се развива
аграрот и да биде конкурентен на пазарите потребно е да се пристапи пред се кон
негово окрупнување односно државите да изнајдат начин за окрупнување на
земјоделското земјиште, преку откупување на земјоделското земјиште од приватните
земјоделци кои што имаат мали земјоделски површини и тоа на различни делови во
општината во која што живеат или во друга/други општини различни од местото на
живеење. Понатаму, да се воведат механизми за продажба на поголеми земјоделски
површини под поволни услови или давање под концесија на земјиштето на
заинтересираните земјоделци како и воведување на други бенефиции како што се на
пример субвенции или поволни кредити доколку се инвестира во изградба на деловни
објекти, набавка на машини и опрема, вработување на невработени лица, доколку
производството е наменето за извоз, итн.
Повеќето од државите во Западен Балкан имаат природен потенцијал за развој на
аграрот, со еднакво на европското или дури и повисоко учество на земјоделското
земјиште во вкупната територија. Сепак, освен во Србија и Хрватска, кои имаат
поголеми површини на обработливо земјиште, во сите други држави процентот на
учество на постојаните пасишта во вкупната земјоделска површина е многу поголемо,
и се движи од 40% во Албанија до над 90% во Црна Гора (во споредба со 30% во
земјите членки на ЕУ). Значителен дел од територијата на државите на Западен
Балкан е планински- ридски и со тоа е неповолен за земјоделство. Во регионите со
овие карактеристики има значително стареење на населението и депопулациони
процеси, кое се одразува на развојот на аграрот. Голем дел од земјоделското
земјиште не се користи за производство или се работи на екстензивен начин.
Приватните земјоделски стопанства се мали и се занимаваат со разновидни
активности што претставува хендикеп на долг рок.
Како што може да се забележи од табела бр. 45 просечната големина на фармите се
движи од 1,2 ха во Албанија на помалку од 4 хектари во Србија. Во Хрватска,
Македонија и Србија, сеуште доминира двојна структура на фармите, и тоа големите
фарми (кои претходно беа во сопственост на државата како и колективните задруги)
од една страна и традиционалните, многу мали семејни фарми од друга страна. Нови
комерцијални фарми со средна големина постепено се појавуваат. Сепак, малите
семејни фарми се уште имаат доминантно место во аграрот, со производство за
сопствена потрошувачка и за продажба на мали количини на локалните пазари.

93
ARCOTRASS – Consortium, Study on the State of Agriculture in Five Applicant Countries, December 2006
163
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 45. Аграрот во Земјите од Западен Балкан и Европската Унија, 2010 година
Црна
Албанија Босна Хрватска Македонија Гора Србија ЕУ
Број на фарми (во
000) 357 515 450 193 43 779 13,63
Просечна
големина на
фарма (ha/
фарма) 1,2 3,3 2,4 1,7 3,2 3,7 12,7
Учество на
фармите со
големина до 2 ha 89% 50% 67% 90% 66% 46% 47%
Учество на
фармите со
големина повеќе
од 10 ha - 4% 5% 1% 5% 6% 20%
Извор: Евростат и Национални Статистички заводи

По падот на обемот на земјоделското производство кој беше резултат на транзицијата,


а во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Косово, исто така беше резултат и на
вооружените конфликти по распадот на СФР Југославија, од 2000 година се
забележува пораст на производството но со значителни флуктуации. Житните култури
се најзастапени во земјите од Западен Балкан (освен во Црна Гора) и покриваат
помеѓу 40% и 65% од обработливото земјиште. Маслодајни растенија и шеќерна репка
се произведуваат во поголеми количини во Хрватска и Србија, а тутунот е од големо
значење за Република Македонија, Босна Херцеговина и Црна Гора. Овошјето и
зеленчукот се меѓу водечките култури во сите овие држави.
Добиточното производство е подобрено во сите овие држави, освен во Србија и Црна
Гора. Најзначајно е производството на говедско месо и производството на млеко.
Одгледувањето на свињи и живинарството е особено распространето во Хрватска, но
и во Србија. Одгледувањето на овци и кози е исто така, многу важно за овие држави.
Бројот на добиток флуктуира и има различни трендови во одредени видови и по земји.
Зголемување на земјоделското производство се должи на зголемувањето на
приносите, како резултат на развојот на технологијата. Приносите во овие држави
сепак заостануваат зад просечните на Европската унија.
Цените на земјоделските производители во овие држави се прилично високи, над
просекот на Европската унија што покажува недоволна конкурентност на цените. Од
сите овие држави, само во Србија има конкуренција на цените, а исто така Србија е
единствен нето извозник на земјоделски и прехранбени производи. Во останатите
земји ценовната конкурентност е ограничена само на растителните производи, како
што се житариците и индустриските култури (Хрватска), тутун, некои видови на овошја,
зеленчук и вино (во Македонија и Црна Гора), додека кај добиточните производи само
јагнињата постигнуваат конкурентни цена во поголем дел од овие држави. Јагнињата
се исто така, најизвезувани производи од овие држави.
Како што може да се констатира од податоците во табела бр. 46 земјоделско-
прехранбените производи имаат голем удел во надворешната трговија во овие
држави, за разлика од Европската унија. Трговијата на земјоделско-прехранбените
производи е во постојан раст, и извозот и увозот. Освен Србија, сите други држави се
увозници на земјоделско-прехранбени производи и нивниот трговски дефицит
постојано се зголемува.

164
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 46. Извоз и увоз на земјоделски производи и храна од Земјите од Западен


Балкан , 2011 година
Албанија Босна Хрватска Македонија Србија
извоз на земјоделски
производи (% од вкупниот
извоз на стоки) 2,57 6,17 3,88 0,64 2,04

извоз на храна (% од
вкупниот извоз на стоки) 4,11 6,81 11,51 14,13 18,61

увоз на земјоделски
производи (% од вкупниот
увоз на стоки) 0,95 1,53 1,12 0,97 1,58

увоз на храна (% од
вкупниот увоз на стоки) 16,61 17,58 10,94 11,8 5,78
Извор: Евростат и Национални Статистички заводи

Покриеноста на увозот со извоз се движи од 5% во Косово до 133% во Србија. Извозот


претежно се однесува на суровините и на производите со ниска додадена вредност
(низок степен на обработка). Поголемиот дел од извозот на земјоделски производи се
одвива со земјите од регионот а потоа во ЕУ, додека кај увозот двете дестинации се
еднакво застапени. Исклучок е Албанија каде што трговијата со ЕУ е доминантна и во
извозот и во увозот.

4. Управување со информации и со проектни циклуси

Можностите за употреба на ИТ на полето на аграрот е многу големо. ИТ станува се


позначајно со широката распространетост на персоналните компјутерите и со развојот
на интернет комуникациите кои во денешно време допираат и до најнеразвиените
региони во руралните средини. Земјоделците се повеќе ја користат информатичката
технологија во донесувањето на одлуки за видот на земјоделски култури кои ќе ги
одгледуваат, за користењето на средства за заштита на растенијата, за видот на
ѓубриво кој ќе го користат, за истражување на пазарите за можен пласман на
сопственото производство, за добивање на информации за програмите за
субвенционирање на одредени производи, итн. Информатичката технологија многу се
користи и во донесување на одлуки од страна на државните органи за одредување на
начинот на кој ќе го поддржат аграрот во своите држави. На ниво на Европска унија
94
се воведени системите IACS (интегриран административен и контролен систем) и
FADN (мрежа на сметководствени податоци на фарма). За ефикасно функционирање
на овие системи неопходно се потреби современите компјутерски алатки и развиени
софтвери кои ќе овозможат прибирање и соодветно организирање на многу податоци.
Новитетите во мобилната телефонија истотака придонесуваат на зголемена употреба
во аграрот и за вмрежување на земјоделците водени од заедничките интереси и цели.
Земјоделските советодавни служби своето работење го засноваат на информатичката
технологија, a во европските пазари се позастапено е електронското тргување со
земјоделски производи.

94
Integrated Administration and Control System (IACS), European Commission, Agriculture and Rural Development

165
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Земјоделските советодавни служби во минатото, во голема мера ги користеле


електронските библиографски бази на податоци, како на пример на Меѓународниот
центар за земјоделство и биолошки науки (CABI) и на Организацијата за храна и
земјоделство (FAO). Употребата на апликациски софтвер од страна на Земјоделските
советодавни служби, била пред се на полето на земјоделскиот менаџмент.
Персоналните компјутери и поголемата достапност на софтвери за пресметки ги
опфати планирањето на средствата и мониторингот, пресметката на бруто маржите,
приливот на пари, итн. Советодавните услуги денес се повеќе се комерцијализираат
бидејќи преку ИКТ се зголемува способноста на советниците.
Интегрираниот административен и контролен систем (IACS) е воведен од страна на
ЕУ за да ги спречи ризиците од неправилности и измами при доделувањето на
помошта во рамките на ЗЗП. Системот се состои од:
- компјутеризирана база на податоци во која се внесуваат податоците од
барањата за поддршка;
- систем за идентификација на земјоделските земјишни парцели кој овозможува
објавените површини да бидат лоцирани за да може да се следат и да се
прават компјутеризирани проверки;
- систем за идентификација и регистрација на животни,
- барања за помош за површини, пасишта и животни;
- интегриран систем за административни контроли и инспекции на терен.

Компјутеризираната база на податоци овозможува директно и непосредно


консултирање за податоците кои се однесуваат барем за претходните три
последователни години. Директоратот за одобрување на сметки во Генералниот
директорат за Земјоделство на ЕУ го надгледува, координира и проверува
спроведувањето на IACS во сите земји членки преку компјутеризираната база на
податоци.
Алфа-нумеричкиот систем за идентификација на земјоделски парцели е основан на
база на картите и документите на катастарот на земјиште, други картографски
референци или фотографии сликани од воздух и сателитски слики. Овој систем
овозможува лоцирање и следење на промените на земјишните парцели.
Системот за идентификација и регистрација на животни исто така е во функција на
доделувањето помош. Интегрираниот контролен систем ги покрива сите поднесени
апликации за помош, во однос на административните проверки, проверките на лице
место и контрола преку далечинско воздушно или сателитско следење на животните.
Имено секое грло добиток се означува и влегува во регистарот од моментот на негово
раѓање, се формира посебна историја за него, за потеклото, расата, наследните
болести, итн. а понатаму и за животните кои се носат во кланиците се означува
потеклото на месото со што се овозможува следење на квалитетот на истото. Сите
овие мерки се дел од предизвиците со кои се соочува аграрот на ЕУ од аспект на
безбедноста на храната која ја консумираат европските граѓани.
Земјишната книга е официјален регистар за сопственост, во неа е измерена и
проценета вредноста на земјиштето. Со тоа, податоците од земјишната книга ги
обезбедуваат повеќето информации за границите (просторна компонента) и детали за
секоја единица земјиште (квалитативни податоци) кои ја сочинуваат земјишната книга.
Сите апликации/ барања за помош се евидентираат во IACS, се анализираат и се
носат одлуки за нивно одобрување. Про ова се имаат во предвид и историските
податоци од системот во однос на начинот на користење на доделените средства од
претходните години, дали и колку стопанствата се придржувале кон обврските од
склучените договори, итн.

166
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Преку IACS се спроведуваат административни контроли на доделените средства,


водењето на задолжителната сметководствена евиденција од страна на фармите,
почитувањето на пропишаните стандарди, производствените квоти, итн.
Мрежата на сметководствени податоци на фарма (FADN) е инструмент за проценка на
приходот на земјоделските стопанства и влијанието на Заедничката земјоделска
политика во Европската унија. FADN е основан за следење на достигнувањата на ЗЗП
и потребата од информации за ситуацијата во земјоделскиот сектор во земјите членки.
Потребата за податоци не е ограничена само на збирни макроекономски податоци,
туку се простира и на нивото на индивидуални фарми. Основните карактеристики на
мрежата на сметководствени податоци на фарма се собирање на податоци за
резултатите и приходите на фармите во ЕУ, податоците се добиваат преку случаен
ротирачки примерок од околу 80.000 индивидуални фарми низ сите земји членки,
набљување на “комерцијалните” фарми со воспоставување на минимален праг за
дефинирање на комерцијалната фарма, примерокот се расчленува според регионот,
големината на фармата и видот на земјоделско стопанство, FADN е мрежа на мрежи
од сметководствени тела. Некои од нив се комерцијални сметководствени канцеларии
кои ги прилагодуваат податоците кои веќе се собираат за даночни цели или при
апликација за инвестициони фондови. Во другите земји, вклучени се истражувачки
институти, универзитети или други институции, податоците кои ги собираат
сметководствените тела се пренесуваат до регионалните комисии, а оттаму до
националните агенции за врски. Потоа, националните агенции за врски ги препраќаат
истите до Европската комисија во Брисел, каде што менаџерскиот комитет на FADN ја
проверува веродостојноста на податоците и ги зачувува во база на податоци.
Податоците на FADN се доверливи, што значи дека не смеат да се објавуваат или да
се користат за даночни цели.
Повеќето од земјите во Западен Балкан се соочуваат со сиромашни домашни
фондови за развој на проекти и затоа се потпираат на Европската унија и други
меѓународни фондови. Во повеќето земји во регионот има малку традиција, искуство и
знаење за подготовка на проекти и планирање во согласност со праксата, условите и
барањата на финансиските фондови на Европската унија.
Во 1992 година, Европската Комисија го прифатила “Управувањето со проектен
циклус“ како примарна група на проектниот план и управувачките алатки. Прирачникот
за управување со проектен циклус бил подготвен во 1993 и преработен во 2003
година. Упатствата биле главно насочени кон Проектните/Одговорните менаџери на
Европската Комисија и нивните официјални партнери во трети земји, но требало исто
така да им помогнат и на други засегнати страни кои биле ангажирани за планирање и
испорака на поддржани проекти и програми на Европската Комисија. 95
Животниот циклус на проектот има пет фази. Проектниот циклус го следи текот на
проектот од почетната идеја до неговото завршување. Фазите на Управувањето со
проектен циклус се: програмирање, идентификација, формулирање, имплементација
и евалуација.
Модулот “Управување со проектен циклус“ бил заеднички подготвен од страна на
Факултетот за земјоделство и храна, Сараево и Германското друштво за техничка
соработка (GTZ), Ешборн во рамките на Темпус проектот на ЕУ “Иницијатива за
градење на капацитети во Балканскиот земјоделски сектор (BASIC)”. Курсот имал за
цел да обезбеди основно знаење и разбирање за управувањето со проектен циклус,
да ги запознае учесниците со пристапот на Европската унија во управувањето со
проектен циклус и планирање на проект насочен кон целта, да се разработи пристап
95
European Commission, Aid Delivery Methods, Project Cycle Management Guidelines, 2004

167
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

на логична рамка и матрица на логична рамка како алатка во управувањето со


проектен циклус и да ги подобри способностите на учесниците да поднесат барања за
програми финансирани од Европската унија и други организации и да ги
проценат/оценат предлозите за проекти. Содржината на курсот го следела упатството
на Европската Комисија за управување со проектен циклус. Биле вклучени и практични
примери и групна работа за да се зајакне стекнатото теоретско знаење.
Пристапот на логична рамка (ПЛР) бил развиен во доцните 1960–ти години за да ја
помогне Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави да го
подобри своето проектно планирање и системот на оценување. Од тогаш пристапот на
логична рамка бил прифатен како алатка за планирање на проекти и управување од
страна на повеќето мултилатерални и билатерални агенции за развој. Европската
Комисија побарала да се употребува пристапот на логична рамка како дел од
управувањето со проектен циклус од 1993 година. Пристапот на логична рамка е
аналитички процес и група на алатки кои се користат за поддршка на планирање и
управување со проекти, кој дозволува информациите да се анализираат и
организираат на структуриран начин, за да можат да се поставуваат важни прашања,
да се идентификуваат слабостите и оние кои ги донесуваат одлуките да можат да
донесат информирани одлуки врз основа на нивното подобро разбирање на проектот.
Мониторинг е систематското и постојано собирање, анализа и употреба на
информации за управување со цел да се помогне ефикасното донесување на одлуки.
Целта на евалуацијата е колку што е можно посистематски и пообјективно да се
направи проценка на тековен или завршен проект, програма или политика, на нивниот
дизајн, имплементација и резултати. Целта е да се одреди релевантноста и
исполнетоста на целите, развојната ефикасност, делотворноста, влијанието и
долготрајноста. Од 1998 до 2000, GTZ имплементирал во име на Европската комисија
во повоена Босна- Херцеговина, проект со име “Институционален развој и советнички
услуги кои ги поддржуваат приватните фармери” односно подготовка на матрица на
логична рамка базирана на пример од вистински проект. Иако политичката ситуација
во БиХ била повеќе или помалку стабилна по завршувањето на војната и економската
ситуација продолжила да се стабилизира, враќањето на бегалците и раселените лица
се уште не било комплетно завршено. Откако луѓето се вратиле, основно било да
можат да заработуваат за живот, но со големата стапка на невработеност не било
веројатно дека бегалците ќе најдат работа навреме. Поради тоа аграрниот сектор
играл важна улога бидејќи повторното почнување на примарниот аграр бил
единствениот избор кој го имале повратниците откако се населиле во нивните пред-
воени домови. Целните групи на проектот биле бегалци и раселени лица кои се
враќале во специфични заедници во Уна Сана Кантонот и западниот регион на
Република Српска како и фармерски семејства кои живееле во областа на проектот.
Институциите и организациите кои давале поддршка за приватните фармери исто така
биле дел од целните групи. Целните сектори во двете целни области на проектот биле
основни произведувачи и преработувачи на храна. Активностите на проектот имале за
цел позитивно да влијаат и да го зацврстат земјоделскиот сектор, примарното
производство, влогот на резерви, маркетинг, земјоделски советнички служби,
земјоделска машинерија, ветеринарни служби, банкарски сектор, фармерски
асоцијации и институционална поддршка. Од учесниците во курсот се барало да
подготват матрица на логична рамка и да ги покажат резултатите од групната работа,
а биле на располагање претходни информации за секторите. Резултатите од групната
работа биле дискутирани и споредени со “вистинската” логична рамка од проектот.

168
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Критериумите за оценување на проектите или програмите на DAC (Development


Assistance Committee) на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) се:
релевантност, влијание, ефикасност, ефективност и долготрајност.
Управувањето со проектен циклус е комплексен и креативен процес, кој вклучува
преговарање за одлуките кои се прифатливи за главните групи на интерес. Европската
комисија поставува високи стандарди за програмирање и управување на помошта за
развој од Европската Комисија. Земјите од Западен Балкан мора да ги постигнат
стандардите на Европската унија при барањата за финансирање на проектите.

5. Креирање на аграрна политика

Во последната деценија, има доста значителни промени во земјоделската политика во


повеќето земји од Западен Балкан во насока на нејзинот приближување кон
Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Во некои земји, се
зголемуваат средствата од буџетот наменети за поддршка на аграрот додека во
други, има одредени флуктуации, како на пример во Албанија и Србија. Ниското ниво
на буџетска поддршка за аграрот е вообичаено за земјите на пониско ниво на
економски развој, а такво ниво на поддршка имаат новите земји-членки на почетокот
од нивните подготовки за пристапување кон ЕУ. Сеуште се применуваат мерките за
заштита на границите во Западен Балкан но истите се ограничени поради
потпишаните договори за слободна трговија со ЦЕФТА и Европската унија. 96
Сите мерки на земјоделската политика се засноваат на следните три столба: пазарот
и директната поддршка на производителите, структурен и рурален развој и општи
мерки поврзани со аграрот. Првиот столб се состои од сите мерки за поддршка на
земјоделските пазари, како што се контрола на цените, увозни заштити, извозните
субвенции, интервенција на пазарот и на поддршка потрошувачите како и директните
мерки за поддршка на производителите. Вториот столб е структуриран во три главни
оски - подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, подобрување на
животната средина и поддршка на руралната економија. Третиот столб опфаќа мерки
кои се во насока на поддршка на јавните услуги поврзани со аграрот, како што се
ветеринарни и фитосанитарни услуги, земјоделски истражувања, итн.
Директната поддршка на производителите е главен начин на поддршка на
земјоделците, а тоа се гледа преку растот на буџетските средства за оваа намена.
Растителното и добиточното производство се поддржани преку цените, плаќањата по
обработлива површина и плаќањата по глава на добиток и субвенциите на трошоците.
Политиката за рурален развој е генерално подредена на поддршката на
производството, а средствата наменети за поддршка на руралниот развој се многу
пониски, иако постојат тенденции на нивно зголемување. Овие средства се наменети
за реструктуирање на аграрот, преку поддршка на инвестициите, што има големо
значење во подготовката за пристапување кон Европската унија. Дел од земјите на
Западен Балкан како на пример Македонија веќе отпочнаа со спроведување на
политиката на рурален развој во согласност со правилата на ЕУ. Релативното ниво на
буџетската поддршка на аграрот во земјите на Западен Балкан е на ниско ниво
споредено со ЕУ (480 евра по хектар на користено земјоделско земјиште), и тоа во
2012 година буџетската поддршка по хектар на користено земјоделско земјиште
изнесувала околу 25 евра во Албанија, 50 евра во Босна и Херцеговина, 70 евра во
Србија, Црна Гора и во Косово, додека во Македонија изнесувала 150 евра и во

96
Земјоделството на Западниот балкан и европски интеграции - Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
2008.
169
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Хрватска 380 евра по хектар на користено земјоделско земјиште97. Кај директните


плаќања, има практика на користење на нехармонизирани мерки со ЕУ, како и
поддршка на сектори кои не се поддржани од страна на ЕУ. Во вкупниот буџетски
износ наменет за аграрот директната поддршка на производителите има најголемо
учество (од 40-90%), како и на ниво на ЕУ буџетот каде што изнесува околу 60%, но
споредено со ЕУ каде што оваа поддршка изнесува околу 280 евра по хектар на
користено земјоделско земјиште во земјите на Западен Балкан изнесува од околу 5
евра во Албанија до 110 евра во Македонија и 260 евра во Хрватска. Буџетските
фондови наменети за поддршка на структурниот и руралниот развој е под нивото на
ЕУ, и тоа околу 10 евра за хектар на користено земјоделско земјиште во Србија, околу
35 евра во Косово и 80 евра во Хрватска. Мерките кои се однесуваат на заштита на
природата и на поддршка на руралниот развој речиси и да не се имплементирани во
земјите на Западен Балкан. Мерките кои се однесуваат на поттикнување на
конкуренцијата, на заштита на животната средина и на руралниот развој се со
различно релативно учество во буџетите на државите од Западен Балкан, за разлика
од ЕУ буџетот каде што нивното учество е речиси изедначено (43% за поттикнување
на конкуренцијата, 42% за заштита на животната средина и 15% за руралниот развој).
Релативно мало учество во вкупниот буџет наменет за аграрот има поддршката за
јавните услуги во аграрот во сите држави на Западен Балкан, а особено
ветеринарните и фитосанитарните услуги. Малку средства се одвојуваат и за
истражувања и развој како и за различни видови на обука, иако овие активности
индиректно го забрзуваат развојот на аграрот. Мал дел од средствата е наменет за
заштита на животната средина и природата. Постојат некои видови на поддршка на
органското производство, генетски земјоделски ресурси, поддршка за ридско-
планинските региони, но во многу мали износи споредено со можностите што ги нуди
ЕУ. На многу ниско ниво е општата свест за заштита на животната средина, за развој
на помалку развиени подрачја и за благосостојбата на животните.
Развојот на аграрот во Западен Балкан е ограничен од големината на фармите-
претежно егзистираат мали фарми, слабо развиени пазари, недостатокот на
стандарди за безбедност на храна, како и ограничениот капацитет за извоз. Неопходно
е систематско спроведување на стратегиите и модернизација на јавните служби кои
работат во земјоделскиот сектор. Исто така потребно е развивање на регистри и бази
на податоци кои се неопходно потребни како за аналитичарите така и за државните
институции со цел носење на квалитетни одлуки. 98
Со неколку исклучоци периодот на повисок економски раст се совпаѓа со опаѓање на
невработеноста. Во повеќето земји на Западен Балкан стапката на невработеност се
уште е двоцифрена. Заедно со зголемување на приходите, се забележува благ
надолен тренд во учеството на потрошувачката на домаќинствата односно на
трошоците за храна, пијалоци и тутун (сепак ова учество е два до три пати поголемо
(помеѓу 35% и 50%) од она на Европската унија (16%).
Покрај сите несигурности и големи дилеми, рамката за идната ЗЗП, која е важна за
земјите кои пристапуваат, се состои пред се од мерки за рурален развој и едноставна
дополнителна земјоделска помош. Пристапот кон Европската Унија е долг и
комплексен политички и економски процес, каде различните фази – од потпишување
на Договорот за стабилизација и асоцијација до стапувањето на сила на Спогодбата
за пристапување се формално одредени. Според искуството од претходните

97
Аgricultural policy and european integration in southeastern Europe, FOOD AND AGRICULTURE ORGANIZATION OF THE
UNITED NATIONS, Budapest, 2014
98
Studies on the Agricultural and Food Sector in Central and Eastern Europe, Edited by Leibniz Institute of Agricultural
Development in Central and Eastern Europe, IAMO 2010
170
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

проширувања, времетраењето на процесот на пристапување е проценето на просек од


8 години.
Искуството од процесите на интеграција во други земји покажува дека аграрот е еден
од секторите со најголеми побарувања и со најопширни обврски за време на процесот
на пристапување. Задачите за пристапување се поделени на:
- Правно усогласување на четирите главни правни системи на ЗЗП (директни
плаќања, пазарни интервенции, рурален развој, финансиски правила).
- Спроведување на подобрување на капацитетите. За правно усогласување и
извршување на правилата на ЕУ, институциите мора да бидат подобрени и
новоосновани.
- Политички реформи и економски прилагодувања. Агро-прехранбениот синџир и
руралните стопанства мора да се модернизираат согласно барањата од ЗЗП.

Во правното усогласување се превземени само мали чекори односно потребно е


понатамошно усогласување со европските регулативи. Институционалните капацитети
се релативно слаби, односно сè уште професионално оспособени институции и тела
за имплементација на политиката за земјоделски и рурален развој, во согласност со
барањата на ЕУ. Главните недостатоци се нетранспарентните и недоволно
развиените процедури за циклус на политиката односно за програмирање и
спроведување – мониторинг. Укинувањето на увозните режими кон ЕУ и политичката
интеграција значително ќе го зголемат притисокот врз конкурентноста во целиот агро-
прехранбен синџир. Новите насоки на ЗЗП можат да претставуваат модел за промени
и приспособување на земјоделската политика на земјите од Западен Балкан.
Аграрот игра суштинска улога за целокупната економија во земјите од Западен
Балкан. Аграрот за сопствени потреби обезбедува минимално ниво на безбедност на
храната и социо-економска стабилност во руралните подрачја. Затоа, секторот има
значајна функција како социјален и економски неутрализатор за руралните економии.
Сите држави од регионот на Западен Балкан се обврзани да ја подобрат
конкурентноста на нивните земјоделски сектори и да ги усогласат нивните земјоделски
политики со ЗЗП.
Целиот регион на Западен Балкан покажува релативно слаба конкурентност во агро-
прехранбениот сектор. Како општа карактеристика, примарното земјоделство се уште
преовладува во повеќето делови од регионот. Јасно е дека регионот има специфична
и итна потреба за реконструкција на фармите и индустријата за храна.
Искуствата од претходните проширувања прилагодени на состојбата во земјите од
Западен Балкан можат да придонесат за развој на поефикасни пристапни стратегии и
подобри тактики. Државите кои би сакале да станат членки на ЕУ мора да бидат во
состојба да ги применат механизмите на Заедничката земјоделска политика. Во
процесот на пристапување државите мора да бидат посветени на постепено и
рационално применување на Заедничката земјоделска политика со сите права и
обврски во рамките на концептот на еднаков третман со постојните земји членки.
Политиките за зајакнување на руралниот развој и подобрување на руралниот живот ќе
треба да се справат со бројни проблеми. Обновувањето на руралната инфраструктура
и обезбедувањето на социјална помош за сиромашните луѓе од руралните средини се
од голема важност. Економската ситуација во руралните области мора да се одржува
на одредено пристојно ниво, а треба да се зајакне и поддршката за развој на аграрот и
модернизацијата како и подигнување на капацитетот на државната администрација.
Земјите од Западен Балкан мора да работат посветено на интеграцијата во ЕУ, на
прифаќање на одделните мерки на ЗЗП пред се преку промени во политичките
инструменти и во различниот пристап кон земјоделството. Потребни се поголеми јавни

171
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

и приватни, домашни и меѓународни инвестиции во земјоделството и руралните


области. Спроведувањето на ЗЗП која е ориентирана кон реформи и нејзиниот
концепт на одржливо земјоделство можат да доведат до нов развоен циклус,
модернизација и искористување на земјоделскиот потенцијал, како и побрза
интеграција во ЕУ.
Многу од мерките на ЗЗП, како што се директните плаќања, наметнуваат потреба од
контрола на плаќањата, регистри за користење на земјата и идентификација и
регистрација на животните. Неопходно е и да се има предвид дека финансиските
капацитети на овие земји се ограничени и од тие причини потребна е реална проценка
на потребната поддршка која треба да се даде на мерките за рурален развој.
Потребно е да се поттикне конкуренцијата со помош на преструктуирање на
земјоделското производство и прехранбената индустрија бидејќи само конкурентен
земјоделско-прехранбен сектор може да ги зајакне сите аспекти на одржливиот развој.
За успешна стратегија за пристапување потрбно е да се развијат институциите во
државите, не само за претпристапна помош, туку и за имплементација на домашната
политика до пристапувањето, земајќи ги предвид информациските и
административните контролни системи.
Потребни се соодветни тактики и планирање на активностите при преговорите за
пристапување, а прифаќањето на законодавството на ЕУ, со реалистична агенда и
неговото имплементирање ќе ги убеди институциите на ЕУ дека европската
интеграција е реална опција и дека овие држави се способни да ги применат
долгорочните политики.

172
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ТРЕТ ДЕЛ

Аграрниот сектор во Република Македонија

173
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

1. Институционална поставеност на аграрниот сектор во Република Македонија

Во 2007 година во Република Македонија за прв пат е подготвен Закон за


земјоделство и рурален развој во кој сеопфатно се содржани основните предуслови за
развој на македонскиот аграр како и институциите надлежни за спроведување на
политиките. Во Законот е уредено и подготовка на Национална стратегија за развој на
аграрот и руралниот развој за период од 7 години со главните правци на државна
поддршка на аграрниот сектор врз основа на Заедничката земјоделска политика на
Европската унија. За реализацијата на стратегијата е предвидена подготовка на
петтогодишни програми, кои понатаму се допрецизираат во годишни програми за
финансиска поддршка. Годишните програми се администрираат од страна на
Агенцијата за финансиска поддршка на аграрот и руралниот развој, која е одговорна
за прибирање на пријавите, распределба на средствата и контрола. Понатаму,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република
Македонија е одговорна институција за спроведување на државните политики за
развој на македонскиот аграр, за координација на работата на државните институции,
соработка со земјоделците и нивните здруженија како и за координација на средствата
доделени од европските фондови.

1.1. Стратегија и аграрна политика на Република Македонија

Националната стратегија за земјоделство и рурален развој е долгорочен стратешки


документ во областа на аграрот и руралниот развој во Република Македонија.
Стратегијата 2014-2020 година99 е втор стратешки документ по Националната
стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2007-2013 година која беше
основа за воведување на сериозни политики во аграрот и руралниот развој. Оваa
стратегија има за цел подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и
одржување на развојот на руралните средини. За постигнување на овие цели
потребни се понатамошни реформи во земјоделските политики и зголемена поддршка,
потребно е да се вложат големи напори за окрупнување на земјоделските површини,
подигање на техничко-технолошка опременост во земјоделските стопанства, повраток
на младите кадри во руралните предели, здружување на земјоделците меѓусебно но и
со преработувачките капацитети, итн.
Со донесување на основниот Закон за земјоделство и рурален развој од 2007 година,
Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2007-2013
година, како и останатите акти од областа на безбедноста на храната и

99
Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014-2020 година,
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје, ноември 2014

174
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

прилагодувањето на останатите законски акти, се со цел Македонија да се приближи


до ЗЗП на Европската унија.
Во Националната стратегија предвидено е зголемување на средствата за
кофинансирање на приватните инвестиции во земјоделските стопанства и
преработувачки капацитети, а особено оние кои ќе бидат инвестирани во руралната
инфраструктура и наводнувањето. Планирано е и подобрување на пристапот на
земјоделците до знаењето и иновациите преку воспоставување на системи за
обезбедување на квалитетни совети за земјоделците и систем на континуирано
неформално образование. Безбедноста на храната, одржливото управување со
природните ресурси и примената на агроекологијата се исто така приоритети во
стратегијата.
Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој е планирано да се
реализира преку петгодишната Национална програма за развој на аграрот и рурален
развој, Програмата за претпристапните средства од петтата компонента за
земјоделство и рурален развој - ИПАРД и годишните програми за финансиска
поддршка во аграрот и руралниот развој.
Република Македонија почнувајќи од 2007 година го вброи аграрот во еден од своите
економски приоритети, а првата Национална стратегија за аграрот и руралниот развој
за период 2007-2013 година беше усвоена од Владата на Република Македонија во
2007 година. Според Националната стратегија, општата развојна визија е зајакнување
на аграрот за да може да биде конкурентен на интегрираните регионални пазари на
Европската унија и Југоисточна Европа преку мерки за зголемување на ефикасноста
на земјоделското производство, обработка и пласман и да се изградат соодветни
ефективни јавни и приватни институции; да се подобрат приходите на фармата; да се
осигура дека потрошувачите имаат пристап до безбедна, здрава храна; да се
оптимизира користа од лимитираната почва, шума и водени ресурси, на начин
соодветен на околината; и да се изградат витални рурални заедници преку одржлив
рурален развој.
Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2007-2013
година е реализирана во најголем дел од предвидените политики, мерки и очекувани
резултати100. Евидентно е постојаното зголемување на извозот на земјоделско-
прехрамбените производи од нивото од 318 милиони евра во 2006 година, на 504
милиони евра во 2013 година (или за 58%).
Почнувајќи од 2007 година се започна со значително издвојување на средства од
буџетот на државата кои од почетните помеѓу 5-7 милиони евра годишно, до 2013
година достигнаа 135 милиони евра годишно.
Во периодот помеѓу 2007 и 2013 година значително се зголемени износите издвоени
за администрирање на политиките во земјоделскиот сектор, од почетните 3 милијарди
денари издвоени за земјоделските услуги во буџетот на државата за 2006 година,
износот во 2013 година е зголемен за 200% на близу 10 милијарди денари.
Издвојувањата за аграрот во националниот буџет го имаат удвоено учеството
достигнувајќи 5,5% во 2013 година, со што се едни од најголемите намени за
поединечните политики на Владата. За програмите на финансиска поддршка се
исплатени вкупно 507,12 милиони евра од националниот буџет на Република
Македонија. Најголем дел од средствата за поддршка на аграрот и руралниот развој,
односно околу 95% беа наменети за политиките на директни плаќања, додека
остатокот беше наменет за мерките за рурален развој и помал дел за рибарството.
Покрај од националниот буџет, од крајот на 2009 на Република Македонија и беа
100
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија

175
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ставени на располагање дополнителни средства наменети за рурален развој во


висина од 65 милиони евра од предпристапните ИПА фондови на Европската унија.
Бројот на корисници на мерките на финансиска поддршка е многукратно зголемен од
13.000 корисници во 2006 година на околу 100.000 стопанства во 2013 година101.
Од 2007 година како дел од агроеколошките мерки се поддржуваат органските
производители, а од 2013 година започната е поддршка и на биодиверзитетот.
Поддршка се дава на формирањето и функционирањето на задруги и зајакнување на
договорното производство, а во 2013 година е донесен нов Закон за земјоделски
задруги со кој се обезбедува проширување на поддршката.
Во периодот 2007- 2013 година се распределени 59.544 ха на 8.719 земјоделци или во
просек по околу 7 ха по стопанство, за разлика од периодот пред 2007 кога вкупните
98.150 ха беа распределени на 411 стопанства, или просечно 239 ха по стопанство.
Паралелно се превземени законски измени за спречување на раситнувањето на
земјоделското земјиште, создадени се институционални услови за воведување на
политиките на консолидација на земјиштето.
Од 2007 година е формиран и во континуитет функционира Националниот совет за
земјоделство и рурален развој, а со измените од 2010 година формирани се постојани
групи на подсекторска основа. Во периодот 2007- 2013 година особено внимание е
посветено на подобрување на маркетинг инфраструктурата со обезбедување услови
за инвестирање во нови откупни логистички центри кои треба да го помогнат
пласманот на земјоделските производи.
Со донесувањето на Законот за квалитет на земјоделски производи од 2010 година (со
неговите измени и дополнувања од 2011 и 2012 година)102, како и подзаконските акти
кои произлегуваат од истиот, во изминатиот период за прв пат се реализирани
активности за уредување на квалитетот на земјоделските производи.
Примарен стратешки приоритет на националната земјоделска политика во периодот
2014 – 2020 година останува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското
производство и прехрамбената индустрија, развој на руралните средини и одржливо
управување со природните ресурси. За спроведување на поставените земјоделски
политики се издвоени средства од буџетот на Република Македонија во 2014 година
во износ од 140 милиони евра, а од 2015 година и во следниот период се планира
износ од 150 милиони евра. Вкупниот износ наменет за политиките на директна
финансиска поддршка во аграрот и руралните средени за целиот стратешки период
изнесува 1.040 милиони евра. Заедно со средствата наменети за функционирање на
институциите во земјоделскиот сектор, вкупните издвојувања за аграрот ќе се движат
во висина од околу 5% од буџетот на Република Македонија на годишно ниво.
Националната стратегија има за цел понатамошен развој на аграрот и руралните
средини преку Прилагодување на националната земјоделска политика кон
Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Развојот се одвива преку
соодветна буџетска поддршка на растителното и сточарското од една страна но и
поддршка на процесите на реструктурирање и модернизација на земјоделско -
прехранбениот сектор; уредување на пазарите, организација на прехранбениот синџир
и подобрување на квалитетот на земјоделските производи; подобрување на условите
за живот и за одвивање на економските активности во руралните средини;

101
Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014-2020 година,
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје, ноември 2014

102
Закон за квалитетот на земјоделските производи „Службен весник на Република Македонија“
бр.140/2010; 53/2011 и 55/2012.

176
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

континуиран пристап до знаењето и инвестирање во човечкиот капитал во аграрот;


комплетирање на функционалноста на системот за безбедност на храната; одржливо
управување со природни ресурси и ублажување на влијанието на климатските
промени.
Поддршката на процесите на реструктурирање и модернизација на земјоделско -
прехранбениот сектор се одвива преку модернизација и конверзија на постоечките
земјоделско-прехранбени бизниси; започнување на нови земјоделски бизниси и
преминување на земјоделските стопанства во повисока развојна категорија;
консолидација, окрупнување на субјектите во земјоделско-прехранбениот сектор и
уредување на правниот статус на земјоделските стопанства.
Поддршката на активностите на уредување на пазарите, организација на
прехранбениот синџир и подобрување на квалитетот на земјоделските производи се
реализира преку модернизација на физичката постбербена и маркетинг
инфраструктура; вертикална интеграција и подобрување на пазарните односи;
спроведување на минималните стандарди за квалитет на земјоделските производи;
уредување и интервенции на пазарите со земјоделски производи; воведување на
повисоки стандарди за квалитет и заштита на квалитетот на земјоделските производи;
промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи.
Подобрување на условите за живот и за одвивање на економските активности во
руралните средини се реализира преку обезбедената одржливост на економските
активности во руралните средини; реновирање и изградба на руралната
инфраструктура; подобрена социјална сигурност на руралното население;
подобрување на положбата и улогата на руралната жена; заживување на
депопулационите рурални подрачја. Државата дава поддршка и на континуираниот
пристап до знаењето и инвестирањето во човечкиот капитал во аграрот.
Поддршката на управувањето со природните ресурси и ублажувањето на влијанието
на климатските промени се реализира преку зачувување и унапредување на шумскиот
фонд; зголемена примена на агроеколошкиот пристап; биодиверзитет - заштита на
автохтоните раси и сорти; ефикасно справување со отпадот од аграрот, производство
и употреба на обновливи извори на енергија во аграрот; прилагодување на
земјоделскиот сектор кон климатските промени.
За ефикасно спроведување на целите и политиките на Националната стратегија
потребно е доуредување на надлежностите за политиките во земјоделско-
прехрамбениот сектор, комплетно функционирање на земјоделски информативен
систем и Интегрираниот систем за администрација и контрола како и зајакнување на
институционалниот капацитет на релевантните институции.

1.2. Типологија на земјоделски стопанства по вид и по економска големина

Европската типологија на земјоделските стопанства е унифицирана класификација на


стопанствата103. Истата е воведена од практични причини затоа што класификацијата
на земјоделските стопанства не е можно да се заснова на финансиски информации
кои се евидентираат индивидуално за секое стопанство. Класификацијата се заснова
на сет од економски коефициенти и структурни информации за земјоделските
стопанства кое се прибираат преку структурни истражувања и преку
сметководствената мрежа на земјоделски стопанства.

103
Еuropean Commission/ Agriculture and Rural Development: http://ec.europa.eu/agriculture

177
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Класификацијата на стопанствата се однесува на типот на земјоделско производство и


економската големина на стопанствата. Одредувањето на овие два елемента се врши
преку пресметка на стандардното производство на различни земјоделски производи, а
дополнително и преку другите доходовни активности.
Стандардното производство на еден земјоделски производ претставува просечна
монетарна вредност на земјоделското производство по производна цена.
Стандардното производство ги исклучува директните плаќања, данокот на додадена
вредност и даноците на производи. Стандардното производство е единечна вредност
односно за еден растителен производ се однесува на еден хектар (освен за печурките
каде се однесува на 100 м2), а за добитокот се однесува на едно грло (освен за
живината каде се однесува на 100 единици и кај пчелите на една кошница).
Податоците кои што се користат за пресметка на стандардното производство
опфаќаат период од 12 месеци.
Коефициентите на стандардното производство се обновуваат најмалку еднаш на
секои 10 години кога се спроведува и комплетен Попис на аграрот но и после секое
спроведено структурно истражување. Коефициентите се пресметуваат како просек од
референтниот период кој опфаќа 5 сукцесивни календарски или земјоделски години.
Економската големина на стопанството е вредноста на вкупното производство на
стопанството. Истата претставува збир на вредноста на стандардното производство
на секој одделен производ кој се одгледува на стопанството. Согласно Регулативата
на Европската Комисија постојат 14 класи на економска големина. Секој хектар или
глава добиток во стопанството се множи со соодветниот коефициент на стандардното
производство, резултатот за секој производ е индивидуалното стандардно
производство на истиот. Збирот на индивидуалните стандардни производства од сите
производи е економската големина на стопанството. Економската големина на
стопанството кореспондира со вредноста на производството која земјоделскиот
производител може потенцијално да ја очекува од неговото земјиште и од добитокот
со кој располага.
Податоците кои се користат за пресметка на економската големина вообичаено се
добиени од статистички истражувања или преку воспоставени системи за собирање на
податоци (на годишно ниво или на однапред дефинирани периоди). За сите фарми не
е можно да се имаат детални информации и од тие причини потребно е да се имаат
што е можно повеќе информации за фармите кои се земени во примерокот и тоа преку
користење на статистички методи на нивно прибирање, за да се воспостави
класификација на фармите во една земја. Многу е важно да се направи соодветен
избор на примерокот, потоа изворот односно начинот на прибирање на податоците,
начинот на нивна анализа, итн. При подготовката на типологија на фарми потребно е
да се имаат во предвид и други аспекти како што се предизвиците за заштита на
животната средина, социолошките аспекти, техничките и економските аспекти.

Табeлa 47. Пример за пресметка на економска големина на стопанство


Коефициент на стандардно Стандардно
Структура на стопанството
производство производство

1 2 3 4=2*3

Пченица 10 хектари 700 евра/хектар 7000 евра

178
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Тутун 5 хектари 3000 евра/хектар 15000 евра

Овци за приплод 12 глави 68 евра/глава 816 евра

Вкупно = Економска големина на стопанството = 22816 евра

Класите на економска големина се употребуваат за прикажување на


резултатите од работењето на земјоделските стопанства расчленети со робусна
големина на класи, на национално или на ниво на Европската унија.104 Врз основа на
вкупната стандардна вредност на производството, земјоделските стопанства се
класификуваат според нивниот економски потенцијал во една од 14-те класи на
економска големина:

Табела 48. Eкономска големина на класите

Класи Лимити во eвра Класи Лимити во eвра

I до 1 999 VIII од 100 000 до 249 999


II од 2 000 до 3 999 IX од 250 000 до 499 999
III од 4 000 до 7 999 X од 500 000 до 749 999
IV од 8 000 до 14 999 XI од 750 000 до 999 999
V од 15 000 до 24 999 XII од 1 000 000 до 1 499 999
VI од 25 000 до 49 999 XIII од 1 500 000 до 2 999 999
VII од 50 000 до 99 999 XIV над 3 000 000
Извор: Европска Комисија/ Agricultural and rural development/ FADN

Типот на земјоделското производство на едно земјоделско стопанство го претставува


производствениот систем на стопанството кој се карактеризира со релативното
учество на вредноста на различните видови на производи во вкупната стандардна
вредност на производството. Типовите на земјоделско производство се поделени на
основни, главни и поединечни типови на производство.
Класификацијата на земјоделските стопанства по тип на земјоделско производство е
базирано на дефинирање на 5 главни групи на специјализирани земјоделски
стопанства:

специјализирани за одгледување на полјоделски култури


1.
специјализирани за градинарство
2.
специјализирани за одгледување на повеќегодишни култури
3.
специјализирани за одгледување на тревопасен добиток (говеда за
4.
производство на млеко и месо, овци и кози)
5. специјализирани за одгледување на домашни животни што се хранат со семе и
зрнеста храна (свињи, живина и зајаци )
Покрај погореспоменатите главни групи на специјализирани земјоделски стопанства за
производство на одреден вид на производи постојат и мешани земјоделски
стопанства. Доколку 2/3 од вкупното производство не припаѓа на конкретен
производ/група на сродни производи тогаш стопанството се класифицира како
мешано. Во зависност од учеството на вредностa на одредени производи во вкупната

104
Farm Accountancy Data Network (FADN)/ www.ec.europa.eu/agriculture/rica/

179
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

стандардна вредност на земјоделското стопанство постојат три различни групи на


мешани стопанства и тоа:

1. со мешано растително производство


2. со мешано добиточно производство
3. со мешано растително- добиточно производство и
4. група на некласификувани земјоделски стопанства.

Во случаите кога земјоделското стопанство има само куќни градини, угари без
економска употребна вредност и пасишта кои не се употребуваат за производствени
цели, стандардната вредност на производството е нула и стопанството припаѓа на
група 9- некласифицирани стопанства.

Во Република Македонија за првпат типологијата на земјоделски стопанства е


подготвена врз основа на податоците од Пописот на земјоделството спроведен во
2007 година од страна на Државниот завод за статистика, согласно со Европската
регулатива број 1242/2008, како и коефициентите на стандардна вредност на
производството кои се пресметани од страна на Министерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство.

Табела 49. Број на земјоделски стопанства според типот на земјоделското производство и според
економската големина, 2007 година
VII - Некла
III IV V VI
I класа II класа XIV сифик Вкупно
класа класа класа класа
класа увани
Специјaлизиранo за
полјоделски култури 36 695 3 449 1 581 344 59 40 24 - 42 192
Специјализирано за
градинарство 6 226 2 203 2 482 2 224 1 299 522 57 - 15 013
Специјализирано за
повеќегодишни
култури 22 351 4 567 2 568 710 111 33 52 - 30 392
Специјализирано за
тревопасен добиток 7 419 6 799 4 948 2 922 1 298 636 177 - 24 199
Специјализирано за
домашни животни
што се хранат со
семе и зрнеста
храна 5 324 1 202 584 353 157 81 59 - 7 760
Mешано растително
производство 15 336 4 732 3 596 1 421 281 65 25 - 25 456
Mешанo добиточно
производство 2 962 3 199 2 725 1 273 309 76 12 - 10 556
Mешано растително
- добиточно
производство 15 868 9 783 7 221 2 922 593 142 23 - 36 552
Некласификувани
стопанства - - - - - - - 555 555
Вкупно 112 181 35 934 25 705 12 169 4 107 1 595 429 555 192 675
Извор: Soop[tenie "Типологија на земјоделсите стопанства, 2007", Државен завод за статистика

180
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Како што може да се согледа од податоците од Земјоделскиот попис 2007 година


прикажани во табела бр. 49 најголем дел од стопанствата односно 112181 стопанство
или 58,22% припаѓаат во првата класа со стандардна вредност на производството до
1999 евра (од кои најголем дел или 32,71% се специјализирани за производство на
полјоделски култури), потоа следат стопанствата во втората класа односно 35934
стопанства (од кои најголем дел 27,22% се занимаваат со мешано растително и
добиточно производство) или 18,65% од вкупниот број на стопанства, стопанствата од
трета класа учествуваат со 13,34%, од четврта класа со 6,32%, од петта класа со
2,13%, од шеста класа со 0,83% и најголемите стопанства односно оние со
стандардна вредност на производството од 50000 евра до 3000000 евра и повеќе
учествуваат со најмал процент од 0,29% (од кои 41,26% се специјализирани за
одгледување на тревопасен добиток) во вкупниот број на стопанства што секако
укажува на фактот дека во македонскиот аграр преовладуваат мали стопанства што е
многу неповолно од аспект на економичност и пазарно ориентирано производство.
Земјоделското стопанство може да остварува профит и од други активности како што
се: продажба на преработени производи, агротуризам, продажба на обновлива
енергија, продажба на дрва и преработки од дрва, занаетчиски работи, приходи од
договори за изнајмување на земјиште, опрема итн. Значењето на овие доходовни/
профитабилни активности за стопанството се согледува преку нивното учество во
вкупната вредност на оствареното производство.
Учеството на вредноста која се создава од другите доходовни/ профитабилни
активности кои што се директно поврзани со стопанството во крајната вредност која се
создава во стопанството се пресметува на следниот начин105:

остварениот промет (turnover) од другите доходовни/ профитабилни активности


кпефициент =
вкупниот остварен промет (turnover) во стопанството

Вкупниот остварен промет во стопанството е збир од :

 продажбата на земјоделски производи;

 вредноста која се создава од другите доходовни/ профитабилни активности


кои што се директно поврзани со стопанството и

 директните плаќања (исклучувајќи ги субвенциите на инвестициите)

Според значењето на вредноста која се создава од другите доходовни/ профитабилни


активности во вкупната вредност на стопанството, земјоделските стопанства се
класифицирани во три класи и тоа:

105
Other gainful activities: pluriactivity and farm diversification in EU, EUROPEAN COMMISSION DIRECTORATE-
GENERAL FOR AGRICULTURE AND RURAL DEVELOPMENT/ Directorate G. Economic analysis, perspectives and
evaluation/ G.2. Economic analysis of EU agriculture/

181
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Класи Лимити во проценти

I Од 0 % до 10%

II Повеќе од 10% до 50%

III Повеќе од 50% а помалку од 100%

Овие лимити се од особено значење за одредување на изворот на приходи на


стопанството односно дали се работи за приход кој потекнува во поголем дел од
земјоделски активности со што и стопанствата ќе бидат претежно земјоделски ( I класа
со лимит од 0 до 10% учество на приходот од други доходовни/ профитабилни
активности), доколку приходот од другите доходовни/ профитабилни активности е од
10 до 50% се работи за мешани стопанства, а повеќе од 50% се работи за стопанства
кои и покрај тоа што вршат земјоделски активности (имаат земјоделско земјиште,
одгледуваат добиток, итн) во суштина се неземјоделски стопанства бидејќи поголем
дел од приходот го генерираат од вршење на неземјоделски активности.
Согласно податоците од табела бр. 50 во 2013 година во Република Македонија
најголем број од земјоделските стопанства- 17268 се во првата класа односно
учеството на приходите од други дополнителни активности директно поврзани со
стопанството е помалку од 10%, 5593 земјоделските стопанства се во втората класа,
додека 2316 земјоделските стопанства се во третата класа во која учеството на
приходите од други дополнителни активности директно поврзани со стопанството е
повеќе од 50% во вкупните приходи на стопанството.

Табела 50. Број на земјоделски стопанства според учеството на


приходите од други дополнителни активности директно поврзани со
стопанството во вкупните приходи на стопанството, 2013 година по
региони
Приходи од други дополнителни активности
до 10% 10% - 50% над 50%
Република Македонија 17 268 5 593 2 316
Вардарски регион 1 287 254 70
Источен регион 2 806 1 235 461
Југозападен регион 2 859 638 55
Југоисточен регион 1 578 517 143
Пелагониски регион 1 129 538 271
Полошки регион 1 259 661 620
Североисточен регион 3 835 800 129
Скопски регион 2 513 951 566
Извор: Соопштение "Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013"

Државен завод за статистика


182
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Другите дополнителни активности на земјоделските стопанства заземаат се повеќе


значење во ЕУ, односно се повеќе земјоделски стопанства извршуваат и друг вид на
активности пред се со цел за заработка на повисок приход, а потоа и како преодна
фаза кон напуштање на земјоделските активности или во спротивен случај кон
целосно посветување на аграрот а има случаи и кога се извршуваат земјоделски
активности како хоби. Диверзификацијата во руралните средини е тренд кој е
спротивен на глобалните трендови за специјализација на производството во другите
сектори106.

Слаба страна на оваа класификација е непрецизната поделба на лимитите односно


големиот распон за одредување на стопанствата дали се чисто земјоделски (до 10%
приход од други дополнителни активности), мешани стопанства (со учество на другите
дополнителни активности во вкупниот приход во распон 10-50%) или неземјоделски
стопанства (доколку приходот од другите дополнителни активности учествува со
повеќе од 50% во вкупниот приход), како и користење на само еден индикатор
(приходот) за одредување на типот на стопанството (земјоделско, мешано и
неземјоделско).

1.3 Аграрниот сектор и руралниот развој на Република Македонија,


значење на аграрниот сектор за развојот на другите сектори на
националната економија

Фактори кои влијаат на развојот на аграрниот сектор се: расположливото земјоделско


земјиште, системите за наводнување, просечната големина на обработливото
земјиште по земјоделско стопанство, бројот и структурата на населението кое живее
во руралните области, образовниот профил на населението кое живее во руралните
средини и инфраструктурата во руралните средини.
Расположливото земјоделско земјиште е суштински фактор кој има огромно влијание
на развојот на аграрниот сектор. Површината на територијата на Република
Македонија изнесува 25.713 км2 од кои 857 км2 се водена површина. Територијата е
претежно планинска со 79% од вкупната територија, а потоа се низини со 19% и
природни езера со 2%. Околу половина од вкупната територија е обработливо
земјоделско земјиште, а околу 44% е земјиште под шуми. Околу 50% од вкупната
површина на територијата на Република Македонија (1.261 илјади ха) е земјоделско
земјиште. Околу две третини од земјоделското земјиште е во категорија на пасишта, а
остатокот е обработливо земјоделско земјиште. Ораниците и бавчите завземаат
најголем дел од обработливите површини во 2013 година (81%), додека,
овоштарниците и лозјата учествуваат со околу 7%. Житните култури се одгледуваат на
околу 40% од површините под ораници.
Во табела бр. 51 се прикажани податоците за бројот на земјоделски стопанства и
земјиштето со кое што располагале во 2013 година, односно стопанствата
располагале со вкупна површина од 369.270 ха земјоделско земјиште, а вкупната
користена земјоделска површина била 315.863 ха.
106
Pluriactivity of farming families – old phenomenon in new times, Institute of Rural and Agricultural
Development, Polish Academy of Sciences, Nowy Świat 72, 2012, Poland

183
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 51. Број на земјоделски стопанства и земјиште со кое располагаат стопанствата, 2013
година

со кое располагаaт

Шумско земјиште,
Kористено земјоделско

стопанствата, ха
Вкупно земјиште

Друго земјиште,
земјиште, ха

Некористено

земјиште, ха
земјоделски

земјоделско
стопанства
Број на

ха

ха
користење
сопствено
користено

изнајмено
земјиште,

земјиште,

од други,
вкупно

ха

ха

ха
за
Република
Македонија 170 885 369 270 315 863 219 827 96 036 24 663 27 110 1 634
Индивидуален
сектор 170 581 314 638 266 579 211 993 54 586 23 193 23 521 1 346
Деловни
субјекти 304 54 632 49 284 7 834 41 450 1 470 3 589 288
Извор: Соопштение "Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за
статистика

Постоењето на соодветни системи за наводнување е предуслов за зголемување на


приносите од растителното производство и тоа особено во летните периоди кога има
високи температури. За оваа цел потребни се инвестиции во изградба на иригациони
системи соодветни на природните предуслови за обезбедување на потребните
количества на вода. Околу една третина од обработливото земјоделско земјиште (173
илјади ха) во 2013 година во Република Македонија било под системи за наводнување
и околу 80 илјади ха под системи за одводнување.
Просечната големина на обработливо земјиште по земјоделско стопанство во
2013 е 1,85 ха земјоделско земјиште. Во однос на податоците од 2007 година се
забележува зголемување на просечната големина на земјоделско стопанство (во 2007
биле 1,4 ха по земјоделско стопанство). Сепак над 58% од земјоделските домаќинства
се во категоријата на земјоделски стопанства кои обработуваат помалку од 1 ха
земјоделска површина, а околу 20% се во категоријата на земјоделски стопанства со
1-2 ха наспроти европскиот просек од 50 ха. Според системот за идентификација на
земјишните парцели најголем број на парцели се со големина под 0,2 ха.
Индивидуалните земјоделски стопанства користат над 80% од обработливото
земјиште, а останатиот дел од земјиштето е во државна сопственост. Малите
земјоделски стопанства и расцепканоста на земјоделското земјиште се најголемите
проблеми за македонското земјоделство, што резултира со неефикасна употреба на
земјоделското земјиште. Необработеното напуштено земјиште е исто така сериозен
проблем за понатамошен развој на секторот.
Бројот и структурата на населението кое живее во руралните области има
влијание врз аграрниот и руралниот развој бидејќи работната сила е еден од
производните фактори, а аграрот е трудоинтензивна дејност односно потребна е
работна сила во поголем обем отколку во останатите сектори (за обработка на
земјата, прибирање на плодовите и нивна преработка, складирање, за одгледување
на добитокот, производство на месо и млеко, итн.). Најголема концентрација на
населението во Македонија е во урбаните центри, со 23,1% во Скопје-главниот град,
5% во Куманово, 4% во Битола, 3,5% во Тетово, 3% во Велес, а 24% во други помали
градови. Територијалната дистрибуција на населението покажува дека околу 44% од

184
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

вкупното население живее во рурални подрачја. Поголем дел од селата или се


целосно напуштени или имаат изразено мал број на жители (под 100 жители).
Согледувањата на ниво на руралните општини, укажуваат дека скоро сите рурални
општини имаат пад на бројот на населението. Просечната возраст на населението во
Македонија е приближно 40 години, а речиси 61% од населението е на
работоспособна возраст (меѓу 15 и 64). Според половата структура на населението
68,8% од мажите се меѓу 15-64 години и 67,7% од жените се помеѓу 15-64 години.107
Во последните триесет години, земјата се соочува со сериозен синдром на стареење
на населението. Од 1981 до 2013 година, бројот на млади луѓе (0-19 години) е
намален од 41% до 23,9% во вкупното население, додека населението на возраст од
65 години и повеќе се зголеми од 8% до 12%.
Образовниот систем секако игра важна улога во намалувањето на нееднаквостите
меѓу урбаните и руралните средини. Ниската стапка на образование во руралните
области се должи на: иселување на младо и работоспособно население, недостаток
или мал број на образовни институции, изолирање на неразвиените села и сл.
Образовниот проблем е очигледен и меѓу невработените, бидејќи во 2010 година
10,97% од нив имаат високо или универзитетско образование; мнозинството (53,8%)
имаат средно образование, а останатите 35,2% не поседуваат квалификации. Околу
18% од младата популација (на возраст 15-25 години) е невработена и учествува со
19% во бројот на невработените. Во државата, покрај развиен систем на формално
средно и универзитетско образование, постои недостаток од дополнително
(неформално) образование и обука особено во насока на преквалификување на
работна сила и доквалификација. Најголем дел од неписменото население се наоѓа во
руралните средини, кои се најпогодени и од највисок степен на сиромаштија (48%),
споредено со останатите урбани средини (40%) и градот Скопје, кој има најмала
стапка на сиромаштија (12%).
Инфраструктурата во руралните средини има директно влијание на квалитетот на
животот на населението кое живее во руралните области, односно несоодветната
инфраструктура влијае на намалување на квалитетот на живот на руралното
население во однос на оние кои живеат во урбаните области бидејќи постои тренд на
миграција на младите луѓе од селата во градовите, или надвор од државата. Заради
овие трендови има губење на работоспособно население од руралните средини и
постепено опустошување на селата. Потребно е промовирање на мерки за јакнење на
човечкиот потенцијал во руралните области, воспоставување на индустриски зони за
мали производствени и услужни индустрии или деловни центри, развој на рурални
задруги, како и промовирање на вмрежување на здруженија и локални заедници.
Квалитетот на лошата инфраструктура во руралните области се должи на недоволно
инвестирање во развојот на инфраструктурата и нејзиното одржување.
Електричната енергија е достапна на 99,75% од населението во руралните области и
е овозможена од страна на добро развиена пренос и дистрибутивна мрежа со доволен
капацитет електрични извори на енергија кои овозможуваат редовно снабдување, но
сепак земјоделските површини не се поврзани со електрична енергија која е потребна
за воведување на модерни системи, автоматизација и компјутеризација.
Пристапот до услуги е ограничен за населението во руралните средини. Зголемена
достапност на основните училишта за децата од руралните средини и квалитет на
образовните институции е во фаза на постојани инвестиции како и инвестициите во
спортски терени во руралните средини, но недоволни се инвестициите за изградба на
пензионерски домови, градинки и детски центри како и за културно-забавни содржини.

107
Државен завод за статистика на Република Македонија/ www.stat.gov.mk

185
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Аграрниот сектор има големо значење за развојот на руралните средини, преку


економските, социјалните и еколошките придобивки. Придонесот на аграрот за
руралниот развој се согледува преку следното: земјоделското производство
обезбедува храна во доволни количини со соодветен квалитет за локалното
население, ја подобрува економската состојба на стопанствата преку обезбедување
на земјоделски приходи и ја намалува невработеноста и сиромаштијата, влијае
позитивно на заштита на животната средина преку обработка на плодната површина
(спречува деградација и ерозија на земјиштето, итн.).
Потребите од обезбедување на доволно количество на здрава и безбедна храна се
препознаени и од страна на ЕУ и се дел од европските аграрни политики, а стануваат
составен дел и на аграрната политика на Република Македонија. Здравјето на
населението е од круцијално значење за развојот и иднината на секоја држава.
Аграрот обезбедува храна за руралното население со што овозможува егзистенција на
истото.
Аграрот без разлика дали е единствена и главна активност на руралното население
или е дополнителна активност која со помал дел учествува во вкупната заработувачка,
има свој придонес во подобрување на економската состојба преку додадената
вредност која ја создава и приходот кој го генерира. Имајќи во предвид дека се работи
за трудоинтензивен сектор истиот во голема мерка придонесува за намалување на
невработеноста во руралните средини, а секако дека преку остварените приходи
директно влијае и на намалување на стапката на сиромаштија.
Преку обработката на земјоделската површина, аграрот влијае позитивно на заштита
на животната средина бидејќи го облагородува земјиштето, а овоштарството,
пасиштата и ливадите ја спречуваат и деградацијата и ерозијата на земјиштето кое се
јавува пред се како резултат на природни непогоди, помага во одржувањето и
збогатувањето на флората и фауната во руралните средини. Здравата и живописна
животна средина ги привлекува пред се домашните, но и странските туристи и
придонесува кон развој на агротуризмот.
Аграрниот сектор има влијание врз развојот на другите сектори на националната
економија, и тоа врз развојот на преработувачката а особено прехранбената
индустрија, трговијата, занаетчиството, туризмот и извозот. Прехранбената индустрија
(освен за месни преработки и кланици) се наоѓа во руралните средини поради
близината на суровините од аграрот. Зголемувањето на капацитетот на аграрот преку
производство на поголеми количини на растителни и добиточни производи ќе доведе
до раст на преработувачките капацитети.
Вишокот на земјоделско производство кое останува после задоволување на
сопствените потреби на земјоделските домаќинства, како и комерцијалното
производство на земјоделските претпријатија може да се пласира на локалните,
регионалните но и националните пазари со што се зголемува трговската размена,
вклучувајќи ја и произведената храна од преработувачка индустрија. Во табела бр. 52
е прикажан бројот на индивидуални земјоделски стопанства според процентот на
потрошувачка на произведеното за сопствени потреби, односно 77206 стопанства
(45% од сите стопанства) помалку од 50% од оствареното производство го потрошиле
за задоволување на сопствените потреби додека 93375 стопанства (55% од сите
стопанства) повеќе од 50% од оствареното производство го потрошиле за сопствени
потреби.

186
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 52. Потрошувачка од сопственото производство во


индивидуалниот сектор во Република Македонија, 2013
број на стопанства
Помалку од 50% за Повеќе од 50% за
сопствена сопствена
потрошувачка потрошувачка
Република
Македонија 77 206 93 375
Вардарски регион 8 485 11 778
Источен регион 14 497 9 212
Југозападен регион 13 677 5 086
Југоисточен регион 5 579 20 201
Пелагониски регион 3 908 20 941
Полошки регион 7 968 13 504
Североисточен регион 12 344 8 104
Скопски регион 10 747 4 549
Извор: Соопштение "Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013"

Државен завод за статистика

Аграрот придонесува и за развојот на занаетчиството особено во руралните средини


каде што сеуште рачно се изработуваат потребните алатки за обработка на земјата
или за преработка и чување на земјоделските производи.
Агротуризмот станува се поатрактивен во услови на забрзана индустријализација и
пренаселеност во градовите, кое доведува до зголемување на загаденоста и
уништување на животната средина. Еколошки здравите рурални области, со богатата
флора и фауна, безбедната и здрава храна која се произведува на фармите и
прекрасните пејсажи стануваат се попривлечни за туристите.
Земјите во коишто аграрот учествува со голем процент во новосоздадената вредност
и кој создава вишоци на производи со компаративна предност има големо учество во
извозот, а со тоа има големо влијание врз трговскиот биланс, прилив на странски
валути и позитивно влијание на платниот биланс.
Во Република Македонија аграрот и приходите од земјоделската дејност и поврзаните
преработувачки и услужни дејности се сеуште основен извор на приход за руралното
население. Македонскиот аграрно-прехрамбен сектор се наоѓа во почетната фаза на
преструктуирање. Најголемиот дел од македонските земјоделски стопанства, поради
својата структура не се во состојба рамноправно да се натпреваруваат со
конкурентските земјоделски производи на европските и светски производители во
однос на висината на производствените трошоци и маркетинг карактеристиките на
производите. Потребна е промена на постоечката структура, особено во големината
на расположивите производни капацитети по земјоделско стопанство, техничко-
технолошката опременост, хоризонталната и вертикалната интеграција.
Многу неповолни се главните карактеристиките на руралното население во однос на
вработувањето, старосната и полова структура и миграциите, од кои директно зависи
одржливоста на развојот на руралните средини. Напорите за промовирање на
претприемништвото и занаетите во руралните области вон земјоделската дејност се
ограничени од ниското ниво на образование на работната сила и недостиг на
професионално искуство.
Руралната економија во Република Македонија е претставена од малите претпријатија
кои својата економска активност ја фокусираат на локалните пазари. Новите бизниси
се ограничени од ниски приходи и ниската куповна моќ на руралните жители и
претежно се мали продавници, ресторани и услуги. Структурните состојби го
187
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ограничуваат интензитетот на позитивните ефекти од државните политики за развој на


аграрот и руралниот развој. Македонскиот аграрен сектор треба да се ориентира кон
потребите на потрошувачите и пазарот, да ја зголеми својата ефикасност, во насока
на обезбедување на производи со поголема додадена вредност. На земјоделците се
нуди лимитиран обем на информативни услуги за земјоделските бизниси. Недостасува
советодавна поддршка за претприемништво и самовработување во руралните
средини.
За спроведување на поставените земјоделски политики од 2015 година и во следниот
период се планира годишно издвојување на износ од 150 милиони евра наменети за
поддршка на развојот на аграрот и руралните средини. Заедно со средствата
наменети за функционирање на институциите во земјоделскиот сектор, вкупните
издвојувања на државата за аграрот ќе се движат во висина од најмалку 5% од
буџетот на Република Македонија на годишно ниво.
Потребно е да се подобри општата конкурентност на секторот преку промената на
постоечката неповолна структура на земјоделски стопанства која треба постепено да
се трансформира во насока на зголемување на економијата на обем и модернизација
на техничко-технолошката опременост. Земјоделците треба значително да ја подобрат
продуктивноста на ангажираните фактори на производство, а оние кои неможат да ја
подобрат својата структура или продуктивноста, треба да извршат конверзија на
постојните непрофитабилни бизниси во бизниси кои генерираат поголеми приходи од
единица површина, или чие производство е повеќе барано на пазарите. Со политиките
за консолидација и окрупнување на земјоделското земјиште директно ќе се согледа
основната причина за неповолната структурна поставеност – малите и фрагментирани
земјишни парцели.
Побрзи резултати во надминувањето на фрагментираната понуда и нејзина
концентрација, може да се постигнат со подобрување на хоризонталната интеграција
од деловен облик, особено со формирањето на задруги. Преку започнувањето на нови
земјоделски бизниси од страна на млади земјоделци ќе се одржува економската
кондиција на земјоделската дејност и ќе се обезбеди одржливост на руралните
средини. Трансформацијата на големината на стопанствата и преработувачките
капацитети и подобрувањето на нивните перформанси во работењето е можно преку
зголемени инвестиции. Земјоделските стопанства треба да постигнат повисоко ниво
на специјализација, а преработувачките капацитети диверзификација на сортиментот.
Зајакнувањето на вертикалната интеграција и воведување на договорните односи како
нормална пракса помеѓу примарните производители и откупувачите на земјоделските
производи треба да обезбеди поголема извесност во деловното планирање и
поголема усогласеност на пазарот со земјоделски производи.
Значителното подобрување на квалитетот и маркетингот на земјоделските производи
е особено важно прашање за производството на свежите зеленчук, овошје и млекото.
Извозот на македонските земјоделско-прехрамбени производи треба да се
диверзифицира по асортиментот на извозните производи и извозни дестинации со
присуство на недоволно застапените пазари.
Одржливиот развој на руралните заедници ќе се постигне со подобрени услови за
живот кои се поврзани со постоењето на солидна јавна инфраструктура и со
обезбедување на приходи на руралните домаќинства од вршење на економските
активности, во прв ред аграрот, кои се доволни за задоволување на потребите на
членовите и се на приближно ниво со приходите на населението во урбаните средини.
Потребно е и дополнително обновување и изградба на економската и транспортна
инфраструктура, како и инвестирање во наводнувањето.

188
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Заради обезбедување на дополнителни приходи на земјоделските стопанства, покрај


аграрот треба да се поддржува и започнувањето на други неземјоделски активности.
Потребно е воспоставување и одржливо функционирање на ефикасен национален
советодавен систем во аграрот во Република Македонија кој ќе испорачува квалитетни
советодавни услуги, како и воспоставување на континуирани и задолжителни обуки и
едукација во аграрот за подобрување на квалификациите на земјоделските
производители.
Функционирање на континуирана и интегрирана здравствена заштита на растенијата и
животните заедно со благосостојбата на животните, гарантира заштита на здравјето
на населението и исполнување на очекувањата на потрошувачите. Зголемената
безбедност на храната е важен предуслов за зголемување на конкурентната позиција
на земјоделско-прехранбените производи.
Македонското земјоделство треба да биде одржливо и да води сметка за заштитата на
животната средина и биодиверзитетот во согласност со ЗЗП која ја води ЕУ. Ризиците
од неповолните влијанија од зголемувањето на температурите, промените во
количините и распоредот на врнежите и зголемената зачестеност, како и интензитет
на екстремните временски непогоди, стануваат особено чуствително прашање за
Република Македонија бидејќи се наоѓаме во зона на очекувани значителни климатски
промени, со најголемо влијание на аграрот како основна економска активност на
населението во руралните средини. Потребно е и рационално користење на
средствата од предпристапниот ИПАРД инструмент кои се на располагање на
македонското земјоделство преку подобрување на ефикасноста на искористеност на
веќе вклучените ИПАРД мерки преку нивно дополнително модифицирање според
потребите на секторот, но и со започнување на спроведување на нови мерки кои се во
процес на акредитација или ќе започнат да се акредитираат во следниот период.

1.4. ИПА и ИПАРД

Советот на Европската унија во 2006 година го воспостави Инструментот за


претпристапна помош на земјите кадидати за членство во Унијата и земјите
потенцијални кандидати за членство (Регулатива број 1085/2006)108. На 15 и 16
декември 2005 година Европскиот совет во Брисел реши на Република Македонија да
и даде статус на земја-кандидатка за членство во Унијата. Регулативата е донесена со
цел да се подобри ефикасноста на надворешната помош на Заедницата. Со оваа
регулатива предвидена е нова рамка за програмирање и за испорачување на помошта
на земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите потенцијални кандидати за членство
во ЕУ. Согласно регулативата, помошта за земјите-кандидатки, како и за
потенцијалните земји-кандидатки треба да биде насочена кон поддршка на нивните
напори за зајакнување на:
1. демократските институции и владеењето на правото,
2. реформа на јавната администрација,
3. спроведување на економските реформи,
4. почитување на човековите и на малцинските права,
5. промовирање на половата еднаквост
6. поддржување на развојот на граѓанското општество и унапредување на
регионалната соработка, како и за помирување и реконструкција, и да

108
COUNCIL REGULATION (EC) No 1085/2006 of 17 July 2006 establishing an Instrument for Pre-Accession
Assistance (IPA)

189
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

придонесе за одржлив развој и за намалување на сиромаштијата во овие


држави.
Заедницата им помага на земјите во нивното усогласување со стандардите и
политиките на Европската унија преку доделување на средства од европските
фондовите согласно Инструментот за предпристапна помош.
Согласно ИПА регулативата се основа ИПА Комитет составен од претставници на
земјите-членки и со него претседава претставник на Комисијата. Тој и помага на
Комисијата во нејзината задача да обезбеди координација и кохерентност на помошта
дадена по различните компоненти, односно и помага во донесувањето на
повеќегодишните индикативни планирачки документи и нивните годишни ревизии, како
и програмите за помош.
Комисијата ги донесува програмите за регионален развој со помош и на
Координативниот комитет на фондовите. За донесување на програмите од
компонентата за рурален развој на Комисијата и помага Комитетот за рурален развој.
Програмите (повеќегодишни и годишни) може да претрпат измени доколку тие не
значат суштински промени на природата на првобитните програми и активности, а што
се однесува на финансискиот елемент, онаму каде што тие не надминуваат 20% од
вкупниот износ предвиден за програмата или за споменатата активност, најмногу до 4
милиони евра. Комитетот што го дава мислењето за првобитната програма или
активност е информиран за сите одлуки во врска со измените.
Петте компоненти воспоставени според ИПА се: компонента за помош во период на
транзиција и за институционална надградба, компонента за регионална и
меѓугранична соработка, компонента за регионален развој, компонента за развој на
човечки ресурси и компонента за рурален развој (ИПАРД).
За петтата компонента на ИПА односно Компонентата за рурален развој, Република
Македонија склучи Секторска спогодба за реализација на Програмата за развој на
аграрот и рурален развој (ИПАРД програмата) врз основа на децентрализирано
управување без ex ante контрола.
ИПАРД се заснова на интегриран сет од развојни приоритетни области и соодветно
развиени мерки и операции се со цел поставување на цели за развој на аграрот и
руралните средини во Република Македонија.
Под приоритетната оска 1- Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на
стандардите на Заедницата, потенцијалните клучни прашања кои треба да се решат,
се инвестиции во земјоделското стопанство неопходни за преструктуирање и
надградба на секторот до стандардите на ЕУ и за зголемување на
конкурентноста. Крајната цел на претпристапната помош во компонентата V е да се
подготви земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ и затоа од големо значење е
надградбата на земјоделските стопанства и прехранбените капацитети, за
задоволување на стандардите на ЕУ за околината, хигиената, безбедноста на храната
и благосостојбата на животните.
Спроведување на Приоритетната оска 2- Подготвителни активности за воведување на
агро-еколошки мерки и ЛЕАДЕР пристап има за цел да се отпочнат подготвителни
активности за спроведување на агро - еколошките мерки и „ЛЕАДЕР -пристапот‟ со цел
да се придонесе кон одржлив развој и за развој на јавно - приватните партнерства во
руралните области, имајќи ја во предвид сложеноста на подготвителните активности
на таквите мерки и потребните механизми за спроведување како и спремноста на
земјоделскиот сектор и руралните авторитети за прифаќање на соодветните
критериуми и услови.
Под приоритетната оска 3- Развој на руралната економија, потенцијалните клучни
прашања што треба да бидат засегнати се: инвестициите за развој и диверзификација

190
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

на економските активности во руралните области, а кои ќе му помогнат на руралното


население во градење на економски активности, создавајќи дополнителни извори и
можности за вработување во руралните области.
Комитетот за следење на ИПАРД се формира за да ги следи ефективноста и
квалитетот на спроведувањето на ИПАРД Програмата со цел да се постигнат
програмските цели. Комитетот се формира од страна на земјата корисник по
потпишување на првиот повеќегодишен финансиски договор и истиот треба да
е составен од претставници на релевантните органи и тела и на соодветните
економски, социјални партнери и партнерски организации за заштита на животната
средина.
Во Република Македонија, Комитетот за следење на ИПАРД е формиран од
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и се состои од владини и
невладини претставници. За користење на средствата од ИПАРД предвидени се
следниве мерки за финансиска поддршка со соодветна кодификација: Мерка 101-
Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба
за достигнување на стандардите на ЕУ, Мерка 103- Инвестиции за изработка и
маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и
надградба за достигнување на стандардите на ЕУ и Мерка 302- Диверзификација и
развој на рурални економски активности.
ИПАРД програмата функционира врз принципот на партнерско кофинансирање при
што во една инвестиција инвеститорот учествува со 50% од износот, а останатите 50%
се грант од националниот буџет и/или од Буџетот на Европската унија.
Средствата за реализација на мерките од програмата се кофинансираат во висина од
25% од Буџетот на Република Македонија и 75% од Буџетот на Европската унија за
одредена финансиска година. Финансиската помош од Буџетот на Европската унија се
исплаќа во висина од 75% од вредност на вкупните исплатени средства на
корисниците по претходно целосно финансирање од буџетот на Република
Македонија. 109

Табела 53. ИПАРД финансиски план 2007- 2013, максимално учество на ЕУ во ИПАРД фондовите
2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 Вкупно
Вкупно
за
рурален
развој 2.100.000 6.700.000 2.806.118 474.119 16.000.000 17.991.604 2.157.737 48.229.578
Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Табела 54. ИПАРД финансиски план по приоритетни оски 2007- 2013, во евра
Вкупна јавна Стапка на ЕУ
Приоритетна оска поддршка учество на ЕУ учество
Приоритетна оска 1-Подобрување на
пазарната ефикасност и
спроведување на стандардите на
Заедницата 56.169.647 75% 42.127.235
Приоритетна оска 2-Подготвителни
активности за воведување на агро-
еколошки мерки и ЛЕАДЕР пристап

109
EU INSTRUMENT FOR PRE-ACCESSION FOR RURAL DEVELOPMENT (IPARD), Final version of the
modified IPARD programme- sixth modification, Skopje, 6 November 2014

191
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Приоритетна оска 3-Развој на


руралната економија 5.379.160 75% 4.304.370
Мерка 501- Техничка поддршка 2.247.466 80% 1.797.973
Вкупно 64.156.273 48.229.578
Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Република Македонија недоволно ги користи европските претпристапни фондови


наменети за поддршка на земјоделството и руралниот развој, но како што може да се
види од податоците во табела бр. 55 кои што се превземени од 2013 Annual Report on
Financial Assistance for Enlargement of European Commission110, со истиот проблем се
соочуваат и сите земји-кандидати за членство во Европската унија. Во Македонија,
согласно податоците презентирани во табела бр. 55 (за Република Македонија
податоците се од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот
развој и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство) од страна
на ЕУ се исплатени вкупно 2,67 милиони евра.
Табела 55.Статус на имплементација на ИПА
финансиската помош за Компонента V со состојба на 31
декември 2013 година (во милиони евра)
имплементирано од страна на DG Agriculture and Rural
Development
процент на
исплатените
Држава Исплатени средства од ЕУ во
однос на
одобрените
Хрватска 33.33 23%
Македонија 2.67 7,4%
Турција 147.03 19%
Вкупно 182.80 18%
Извор: Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и од Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство,2013 ANNUAL REPORT ON FINANCIAL ASSISTANCE FOR
ENLARGEMENT, Еuropean Commission

Причините за ниската ефикасност во користењето на ИПАРД се: недоволната


информираност на потенцијалните корисници, комплицираната документација,
неусогласеност на националното со законодавството на ЕУ, неподготвеноста на
барателите да ги исполнат условите и тешкиот пристап до финансии. 111
Согласно податоците презентирани во Табела бр. 56 гледано по години, од
одобрените средства од ИПАРД во 2011 година од страна на ЕУ биле искористени
само 6,3%, во 2012 година 6,6% а во 2013 година 22%. Ова укажува дека и покрај тоа
што процентот на искористеност на одобрените средства е многу мал сепак истиот
има тренд на константен пораст што укажува на фактот дека се подобрува
капацитетот на македонскиот аграр за аплицирање и користење на средствата од ЕУ
фондовите.

110
2013 Annual Report on Financial Assistance for Enlargement, Report from the Commission to the European Parliament, the
Council, and the European Economic and Social Committee
111
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА ВОРАСПРЕДЕЛБАТА НА
СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА, Центар за економски анализи 2013 година
192
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 56. ИПАРД финансиски планирани и одобрени средства


за периодот 2011-2013, максимално учество на ЕУ во ИПАРД
фондовите
2011 2012 2013
Вкупно одобрени за рурален
развој по финансиски план 16.000.000 17.991.604 2.157.737
Реализирани плаќања од ИПА 1.010.641 1.188.152 474.447
% на реализираните плаќања
од вкупно одобрените 6,3 6,6 22,0
Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство

Начинот и постапката за реализација на ИПАРД програмата се пропишани со Уредба


на Владата на РМ112. Уште на самиот почеток на програмата е воочено дека има
доцнење при одобрување на децентрализираните системи и акредитациите на
соодветните тела за одлучување на европско но и на национално ниво.
Акредитацијата на АФПЗРР и ИПАРД програмата од страна на ЕК беа одобрени дури
во декември 2009 година и со тоа фактичката реализација на ИПАРД програмата
наместо во 2007 година отпочна дури во 2010 година. Со распишување на првиот
оглас за користење на ИПАРД средствата во декември 2009 година се појавија и други
дополнителни пречки со кои се судрија барателите:113 комплицирана процедура и
високи трошоци за аплицирање; непостоење на објективни критериуми за мерење на
исполнувањето на целите и приоритетите на програмата, односно непостоење на
индикатори за успех и можност за евентуални нерегуларности при распределба на
средствата.
За споредба, во Полска во првите 9 месеци од спроведување на САПАРД програмата
(Специјалната претпристапна програма за земјоделство и рурален развој која е
претходник на ИПАРД) од вкупно 977 апликации, 772 или 79% биле вратени како
некомплетни, додека во Бугарија апликацијата за набавка на само еден комбајн
содржела 2.477 страници, а според одредени баратели кои се јавиле на огласот,
трошоците што требало да ги одвојат за аплицирање за оваа програма се движеле
помеѓу 3% и 5% од сумата за која било аплицирано.114
Ниската стапка на исплатени средства на прв поглед изгледа исклучително ниска но
со оглед на тоа што АФПЗРР доби акредитација дури во 2009 година, а реално почна
да функционира од 2010 година, не е чудно што заклучно со 2013 година
искористеноста на ИПАРД програмата е недоволна. Имено, многу мал број на проекти
можат да се реализираат за три години, особено оние проекти со кои се инвестира во
изградба на нови објекти и капацитети кои по правило имаат поголема финансиска
тежина. Успешното искористување на ИПАРД фондовите ќе се согледа само со
квалитетни инвестиции кои ќе придонесат за воведување на нови методи на
производство и кои ќе го поттикнат претприемништвото. Тоа ќе биде многу поважен
развоен импулс, отколку квантитативниот обем на искористеност на средствата. За
реализација на овие инвестиции неопходно е зголемување на обемот и достапноста
на кредитни средства, унапредување на знаењето, информираноста и

112
Уредба за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој
финансирани од компонента V – ИПАРД од Инструментот за претпристапна помош ИПА на Владата на РМ;
Службен весник на РМ - број 112/2009
113
Court of Auditors - Special Report No.2/2004 concerning pre-accession aid (2004/C295/01)
114
Магазин Капитал. Скопје, 2011. број 559

193
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

транспарентноста за состојбите во земјоделството, максимална примена на принципот


на партнерство на сите заинтересирани страни и изградба и подигнување на
апсорпцискиот и административниот капацитет.
Во табела бр. 57 е прикажан позитивниот тренд на зголемување на буџетите на
државните институции кои се одговорни за спроведување на ИПАРД програмата, и тоа
вкупно за 85% за трите институции во 2014 година во однос на 2009 година, а
истовремено е зголемено и нивното учество во државниот буџет од 3,4% во 2009
година на 5,0% во 2014 година.

Табела 57. Тренд на буџетите на државните институции поврзани со


спроведување на ИПАРД програмата (во милиони денари)
Буџет 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Национален буџет 147.050 157.262 168.069 167.208 181.421 187.374
МЗШВ 1.348 1.513 1.521 1.293 1.198 700
АФПЗРР 3.607 6.066 7.054 7.813 8.265 8.533
АПРЗ 59 61 59 66 67 67
% од националниот буџет 3,4 4,8 5,1 5,5 5,3 5,0
Извор: Министерство за финансии (буџет на Република Македонија за соодветните
години)

1.5. Форми на поддршка на аграрниот сектор

Согласно Законот за земјоделство и рурален развој115 и други закони, државната


поддршка за аграрот и руралниот развој која во Националната програма за развој на
аграрот и руралниот развој се проектира за периодот од следните пет години, ги
опфаќа следниве шеми на финансиска поддршка во аграрот и руралниот развој:
- директни плаќања,
- уредување на пазарите на земјоделските производи,
- капиталните грантови за рурален развој (финансирани од национални и
европските ИПАРД средства),
- поволно рурално кредитирање и
- државна помош во аграрот и руралниот развој, вклучувајќи и мерки за техничка
помош.
Националната земјоделска политика е систем на комплементарни политики за
уредување и поддршка на земјоделските пазари, директни плаќања за поддршка на
доходот на земјоделските стопанства и рурален развој со чие спроведување се
регулира развојот и динамиката на земјоделското производство и руралните средини
согласно со материјално-техничките, економските, еколошките и социјалните услови
во Република Македонија и согласно со меѓународните спогодби и договори.
Политиките на директни плаќања и уредување на пазарите се политики на кои се
издвојуваат околу 90% од вкупните финансиски средства за поддршка на аграрот и
руралниот развој. Двете политики директно или индиректно го подржуваат доходот во
аграрот со ограничено влијание на пазарот и цените.

115
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010;
53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015 и 83/2015).

194
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Мерките на директни плаќања на кои се алоцирани најголемиот дел од вкупните


средства за поддршка, се реализираат како: исплата по површина засеано растително
производство, грло одгледуван добиток или по единица производ предаден за
преработка. Политиката на уредување на пазарите од друга страна, односно
нејзиниот ценовно-пазарен дел на интервенции на пазарот, се имплементирала преку
ограничени мерки на интервентен откуп по дефинирана цена за количините пченица
предвидени за откуп за стоковите резерви.
Политиките на директни плаќања е доминантна позиција на мерките на пазарно-
ценовна поддршка. Овие политики се дизајнирани за да обезбедат поддршка на
доходот на земјоделските стопанства во насока на охрабрување на процесот на
реструктуирање на земјоделските стопанства за зголемување на нивната
конкурентност. Концептот на директни плаќања се спроведува преку имплементација
на политиката на директни плаќања со кумулација на поддршката по вертикална
основа независно од политиката на која тие директни плаќања припаѓаат (пазарно-
ценовна поддршка, рурален развој или државна помош), со почетна основа која ја
сочинуваат т.н. основни директни плаќања.
Основните директни плаќања се состојат од директни плаќања по производен
капацитет (плаќање по обработена земјоделска површина и грло добиток), и директни
плаќања по произведена количина земјоделски производи (премии). Плаќања кои се
базираат на производен капацитет, односно на засеана површина и број на животни се
наменети за земјоделските производители и одгледувачи на животни кои имаат право
на користење на земјоделски имот. Со цел постепено усогласување со политиките од
првиот столб на ЗЗП на Европската унија се до целосно прифаќање на концептот на
директни плаќања кои воопшто не се поврзани со типот и обемот на производството,
развојот на националните директни плаќања по површина се одвива во насока на
унифицирање на износот на поддршка по групи на производи на база на
земјоделските подсектори и тоа: група со широк опсег на поледелски култури, група на
постојани насади и група на градинарски култури.
Обликот на регионален модел прилагоден за новите членки кои пристапија во ЕУ
после реформата од 2003 година, наречен Поедноставенa шема на плаќања на
површина (Simplified Area Payment Schemes - SAPS), е моделот кој претставува цел за
среднорочно прилагодување на македонската политика на директни плаќања.
Постепеното воведување на услови кои треба да се исполнат за обезбедување на
пристап кон средствата за директни плаќања произлегува од перспективниот развој на
системот на директни плаќања во ЗЗП кој оди во насока на заострување на условите
за добивање на средствата и задржување на директните плаќања како дел од
системот на директни плаќања на политиката на рурален развој.
Воведувањето на овие барања е со цел постигнување на ориентираност кон
постигнување на подобрени резултати на зголемено земјоделско производство и
повисок квалитет но и заштита на животната средина и оптимално користење на
природните ресурси и енергијата постепено ќе се воведуваат принципите на добра
земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување со правото за користење на
финансиската поддршка во аграрот и руралниот развој.
Дополнителните директни плаќања се шеми на директни плаќања кои се
надополнување на износот на основните директни плаќања како процент од истите,
или апсолутен износ на средства, и други производни или непроизводно поврзани
директни плаќања насочени кон надминување на одредени неповолни состојби во
земјоделското производство. Дополнителните директни плаќања покрај мерки на
политиките на директни плаќања, се и мерки од политиките на рурален развој, и мерки
на државна помош во аграрот. Во политиката на рурален развој се вклучени

195
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

таканаречените зелени плаќања односно агроеколошките мерки и органско


производство, како и дополнителните плаќања како процент од основните, наменети
за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за
земјоделска дејност.
Директни плаќања за инпути во земјоделското производство е поддршка која се
доделува за зголемено домашно производство на инпути, пред се саден или семенски
материјал, и за зголемено користење на инпути со соодветен квалитет, односно
сертифициран семенски материјал и посадочен материјал.
Поради очекуваниот тренд на нестабилност на пазарите со земјоделско-прехрамбени
производи и земјоделски инпути, како резултат на продолжување на постоењето на
специфични влијанија на факторите кои ја одредуваат светската понуда и побарувачка
и нивниот ефект на ранливоста на приходите на земјоделските стопанства во
Република Македонија, спроведува мерки од политиките на уредување и интервенции
на пазарите. Интервенциите на пазарите сепак се спроведуваат во ограничен обем со
запазување на пазарните односи и конкуренцијата во насока на пресретнување и
амортизирање на негативното влијание на надворешните фактори. Мерките се
воведуваат согласно проценката за неопходност за нивно воведување само во услови
за надминување на пројавените поголеми пазарни нарушувања и обезбедување на
стабилност на доходот на земјоделските производители. Тука се вбројуваат следните
мерки: интервенциски мерки како што се интервентен откуп, поддршка за складирање
на земјоделски производи, мерки за поттикнување на потрошувачка, како и
обезбедување на дополнителни финансиски средства за веќе програмираните мерки
на директни плаќања како државна помош.
Дополнителни мерки кои можат да бидат применети во услови на поголеми пазарни
нарушувања се мерките на државна помош со обезбедување на дополнителни
финансиски средства за вклучените мерки на директни плаќања во насока на
дополнителна поддршка на приходот на земјоделските производители во однос на
претходно планираната. Со цел подобрување на настапот на земјоделците на
пазарите преку нивно здружување, предвидена е поддршка преку развој на
организации на производители во овоштарство и градинарство врз основа на
одобрена оперативна програма за работа што може да вклучува активности за
промоција и маркетинг, заштита на животната средина и стабилизација на пазарот.
Политиката за рурален развој ги содржи сите елементи на модерна државна
интервенција за поттикнување на развој преку модернизација и структурно
прилагодување на земјоделско-прехрамбениот сектор како и поттикнување на
економски активности за зачувување на природните, културните и развојните
вредности на руралните подрачја, а кои се дефинираат во согласност со потребите,
можностите и целите на ефикасна и ефективна политика.
Финансирањето на политиката на рурален развој се врши во рамките на националниот
буџет и буџетот на ЕУ за мерките од Инструментот за претпристапна помош за
земјоделство и рурален развој. Мерките за рурален развој се спроведуваат преку
следниве механизми на поддршка:
- неповратна финансиска поддршка за инвестиции,
- финансиска помош и
- директни плаќања за рурален развој.
Поддршката која се доделува преку мерките за рурален развој се заснова на
доделување на неповратни финансиски средства за капитални инвестиции за
изградба или подобрување на недвижен имот наменет за економска дејност или јавна
инфраструктура.

196
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Неповратна финансиска помош за инвестиции е поддршка која се доделува во


вид на финансирање или кофинансирање на вредноста на преземени и реализирани
инвестиции согласно со прифатливите трошоци. Неповратната финансиска поддршка
може да се додели и за нематеријални вложувања согласно со прифатливите
трошоци. Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не
смее да ја отуѓи ниту да ја наруши намената на инвестицијата во рок од пет до седум
години од денот на приемот на последната исплата на поддршката.
Покрај неповратната финансиска поддршка за инвестиции мерките за рурален развој
се спроведуваат преку следниве механизми на поддршка: финансиска помош и
директни плаќања за рурален развој.
Финансиска помош е поддршка која се доделува за обука и информирање на
земјоделските производители, советодавни услуги за развој на аграрот, започнување
со земјоделска дејност, напуштање на вршење на земјоделска дејност и за групи на
производители.
Директните плаќања за рурален развој е компензационо плаќање за поддршка на
приходот остварен од земјоделска дејност како надоместок на загубите кои настанале
поради неискористеност на производниот потенцијал заради примена на земјоделски
производни практики за заштита на животната средина или поради зголемени
трошоци за примена на повисоки стандарди за заштита на животната средина.
Неповратната финансиска поддршка за инвестиции и директните плаќања за рурален
развој се спроведува преку договор во времетраење од пет до седум години.
Мерките за рурален развој ја придружуваат и се комплементарни на мерките на
директна поддршка (пазарни политики и поддршка на приходот од земјоделска
активност). Мерките за спроведување на политиката за рурален развој се насочени
кон зголемување на конкурентската способност на земјоделско-прехрамбениот сектор
и јакнење на економската и социјалната позиција на руралните подрачја преку
зголемување на приходите на земјоделските стопанства, зголемување на можноста за
вработување на руралната популација надвор од земјоделската дејност.
Групата на мерки за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини се
мерки насочени кон:
- воведување и развој на техничка и телекомуникациска инфраструктура, комунална
инфраструктура, пазарна и социјална инфраструктура во руралните средини,
- обновување и развој на селата и
- зачувување и унапредување на природните и културните знаменитости и
традиционалните вредности во руралните подрачја.
Поттикнување на локален развој на рурални средини се спроведува преку мерките
наменети за поддршка на:
- реализација на стратегии за локален развој на рурални средини кои предвидуваат
спроведување на мерки,
- реализација на стратегии за рурален развој на единиците на локална самоуправа со
седиште во рурална средина и
- работата на локалната акциона група (ЛАГ) за развој на руралните средини и за
вклучување на жителите на територијата на ЛАГ за развој на руралните средини.
Локална акциона група за развој на руралните подрачја се основа како трговско
друштво, задруга или здружение на граѓани или фондација основана за една
територијална целина на една или повеќе рурални средини каде живеат не помалку од
5.000 жители и не повеќе од 100.000 жители.
Техничката поддршка во аграрот е државна помош која се доделува како
надомест до 100% за дефинираните прифатливи трошоци. Мерките на техничка
поддршка согласно Програмата се насочени кон:

197
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

- подобрување на хоризонтална организација и вертикалната интеграција во аграрот,


- промоција на земјоделското производство,
- иновации во земјоделското производство,
-подобрување на технолошкиот процес за зголемување на продуктивноста,
постбербените активности и маркетингот на подсекторите со компаративни предности,
- воведување на обновлива енергија, заштеда на потрошувачката и производство на
енергија при земјоделско и сточарско производство, воведување на практики кои не ја
загадуваат животната средина и зачувување на биодиверзитетот и биолошките
посебности во Република Македонија;
- овозможување на институционални услови за имплементација на законските и
подзаконски решенија според НПАА;
- брендирање и заштита на географската посебност на најзначајните македонските
сточарски производи со компаративна предност;
- подобрување на можностите и потенцијалите за привлекување на директни странски
инвестиции;
- подобрување на преносот на знаењето од науката до примарните производители;
- подобрување на човечките ресурси во аграрот.
Во Табелата бр. 58 се дадени податоци за одобрената финансиска поддршка во
аграрот во 2013 година, од кои заклучно со мај 2015 година се исплатени вкупно
5.733.233.669 денари односно 83,3% од вкупно одобрените средства.116 Како што може
да се заклучи од податоците најголемо учество во вкупно одобрената поддршка е на
Растителното производство во износ од 1,76 милијарди денари.

Табела 58. Програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година


Вкупен износ на
Број на Мерки за поддршка на доходот на земјоделските одобрени средства
мерка стопанства во денари
1 Директни плаќања за растително производство 1.760.000.000
2 Директни плаќања за сточарство производство 205.600.000
Мерки за дополнителна поддршка за развој на
земјоделството (државна помош во земјоделството)
3 Помош во премии и осигурување 24.500.000

4 Помош за заштита на земјоделското земјиште 5.000.000


Помош за одделни категории носители на земјоделско
5 стопанство 150.000.000

6 Помош во сточарскиот сектор 10.000.000

Помош за загуби предизвикани од природни непогоди и 50.000.000


6a неповолни климатски настани

7 Материјални трошоци за спроведување на Програмата 15.000.000


Пренесени обврски од Програмите за финансиска поддршка во
8 земјоделството од претходните години 4.664.900.000

Вкупно 6.885.000.000
Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

116
Податоците се од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

198
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 29. Учество на одобрената финансиска поддршка во аграрот во 2013 година

по мерки (во %)

Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Во Табела бр. 59 е прикажана Програмата за финансиска поддршка на руралниот


развој за 2013 година во рамките на која најголемо процентуално учество од 26% во
вкупниот износ има мерката 124 Инвестиции во инфраструктура за развој на
земјоделството, шумарството и водостопанството, а потоа следуваат мерката 321
Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини со учество од 22% и
мерката 121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства со учество од
20%.
Табела 59. Програма за финансиска поддршка на Руралниот развој за 2013 година

Мерка во MKD
Код на
мерка Мерки за рурален развој
111 Обука и информирање на земјоделските производители 4.000.000
112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност 7.000.000
121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства 236.000.000
123 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи 13.000.000

199
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделство, шумарство и


124 водостопанство 302.000.000
Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко
вршење на земјоделска дејност и финансиска поддршка за основање и
131 функционирање на земјоделските задруги 11.000.000
Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени
211 можности за вршење на земјоделска дејност (ПОМ) 291.105
Помош за зачувување на рурлните предели и нивните традиционални
213 карактеристики 24.000.000
Помош за зачувување на генетската разновидност на автохтони
214 земјоделски растенија и автохтони раси на добиток 10.000.000
215 Органско производство 67.000.000
321 Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини 257.075.836
322 Обнова и развој на селата 68.395.363
Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во
323 руралните подрачја 41.237.696
Поддршка за здобивање на знаења и вештини за подготвување и
411 реализација на стратегии за локален развој на рурални средини 2.000.000
413 Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини 4.000.000
Точка Мерки на државна помош во земјоделството и руралниот развој
1. Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој 104.000.000
Организирање и спроведување на програми за обука кои не се
1.1. спроведуваат преку мерките за рурален развој 3.680.000
1.2. Организирање и спроведување на манифестации и саеми 28.000.000
Учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски
1.3. производители 500.000
Помош на маркетинг на земјоделски производители и преработени
1.4. земјоделски производи 28.800.000
Изработка и публикување на едукативни, информативни, научни,
1.5. пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија 4.000.000
Спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог-
проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и
1.6. руралниот развој 7.200.000
Инвестициони вложувања за воспоставување на научно-
1.7. демонстративни примери 4.500.000
Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и
спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството
1.8. и руралниот развој 27.320.000
2. помош за плодоуживатели 6.000.000
Вкупно 1.157.000.000
Извор: Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Процентот на реализација на мерките од Програмата за финансиска поддршка на


руралниот развој за 2013 година 90,9%, односно заклучно со мај 2015 година биле
исплатени вкупно 1.051.952.140 денари. 117

117
Податоците се од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

200
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

2. Анализа на расположивите податоци за аграрниот сектор

Аграрот во Македонија се одликува со голема разноликост како резултат пред се на


поволните климатски услови. Примарното земјоделско производство опфаќа две
основни гранки, растително и сточарско производство. На примарното производство
се надоврзува преработувачката индустрија но и другите индустрии кои произведуваат
различни производи за аграрот. Растителното производство се врши на земјоделска
површина односно на почва. Почвата содржи хранливи материи кои се неопходни за
животот и развојот на растенијата. Растителното производство има вегетационен
период кој е различен за различни култури, а во сточарството се преработува
растителната зелена маса и нејзините плодови во сточарски производи: месо, млеко,
јајца, волна, итн. Двете гранки на аграрот се меѓусебно поврзани и зависни една од
друга. Земјоделските производи се трошат во свежа состојба и како преработени во
рамките на земјоделското стопанство или во индустријата. Околу 80% од
земјоделското производство се користи во преработувачката прехранбена индустрија.
Сите применети технолошки мерки во производството треба рационално да ги
користат природните богатства во насока на заштита и зачувување на животната
средина. Природните услови за производство на здрава храна во нашата држава се
многу поволни, а дел од површините под пасишта (кои сочинуваат 50- 60% од
земјоделската површина- во 2013 година е 60%) може да се намени за
производствени цели т.е да се користи како обработлива површина.

2.1 Анализа на податоците од земјоделските Пописи

Пописите на аграрот се детални истражувања со кои се обезбедуваат структурни


показатели за земјоделскиот сектор. На територијата на Република Македонија, по
Втората светска војна се спроведени 2 пописа на аграрот, во 1960 и во 1969 година.
Индивидуалните земјоделски стопанства, со определен број на белези, опфатени се
со пописите на населението кои беа спроведени во 1991, 1994 и 2002 година.118

Податоците од Пописите нудат сеопфатна слика за состојбите во македонското


земјоделство, односно информации за бројот на индивидуалните земјоделски
стопанства, вкупниот користен земјишен фонд за земјоделство, рибарство и
шумарство, добиточниот фонд по видови и по категории, земјоделската механизација
и опрема, агротехничките мерки според видот и површината на земјиште на која се
применуваат, работната сила ангажирана во оваа дејност итн.

Последниот Попис на аграрот во Република Македонија е спроведен во 2007


година.119 Со овој Попис опфатени се: индивидуалните земјоделски стопанства,
домаќинствата кои поседуваат шума и домаќинствата кои поседуваат рибник,
деловните субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои во согласност со
Националната класификација на дејностите според претежната дејност се

118
Државен завод за статистика; http://www.stat.gov.mk/SoopstenijaPoOblasti.aspx/ popis na naselenieto

119
Државен завод за статистика; http://www.stat.gov.mk/SoopstenijaPoOblasti.aspx/ popis na zemjodelstvoto

201
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

распределени во секторот Земјоделство, лов и шумарство; деловните субјекти и


единиците во состав на деловните субјекти кои во согласност со Националната
класификација на дејностите, според претежната дејност не се распределени во
секторот Земјоделство, лов и шумарство, но вршат активности во овој сектор.

Со цел да се опфатат и ситните земјоделски производители/ домаќинства со Пописот


се дефинирани минималните услови кои треба да ги исполнуваат стопанствата за да
се третираат како индивидуални земјоделски стопанства и тоа: да користат 1000 м2
или повеќе земјоделска површина или да користат помалку од 1000 м2 или воопшто
да не користат земјоделско земјиште, но да поседуваат одреден минимален број на
добиток, живина или пчелни семејства.

Со Пописот, опфатени се и домаќинствата кои имаат земјоделско производство, но не


ги исполнуваат условите за индивидуално земјоделско стопанство, доколку
земјоделското производство е единствен извор на приход за тие домаќинства. Со
Пописот се опфатени и сите домаќинства кои поседуваат шума и сите домаќинства
кои поседуваат рибник.

Пописите се квалитетен извор на податоци за споредба на перформансите во аграрот


во еден подолг период во една земја, но исто така пописите служат и за релевантна
меѓународна споредба на податоците со што земјата може да ги согледа сопствените
капацитети и конкурентската способност во однос на останатите држави од потесното
и поширокото опкружување.

Во табелите бр. 60, 61, 62, 63, 64 и 65 прикажани се најрелевантните индикатори


добиени од последните три Пописи на земјоделство спроведени во 1960, 1969 и 2007
година, и тоа: број и структура на земјоделските стопанства според категории на имот,
користена површина и нејзина структура според категории на имот, број на
стопанствата и користено земјоделско земјиште вкупно и по региони.

Табела 60. Земјоделски стопанства според категории на имоти

Попис на
Вкупно До 3 ха 3-5 ха 5-8 xa преку 8 ха
земјоделство

1960 156677 89624 30766 21696 14591

1969 161279 115186 24334 14028 7731

2007 192378 172522 11919 5067 2870

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

202
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 30. Земјоделски стопанства според категории на имоти

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Табела. 61 Земјоделски стопанства според категории на имоти (структура во %)

Попис на
земјоделство Вкупно До 3 ха 3-5 ха 5-8 xa преку 8 ха
1960 100 57 20 14 9
1969 100 71 15 9 5
2007 100 90 6 3 1

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Како што може да се согледа од податоците од табелата бр. 60 и графиконот бр. 30 во


2007 година имало 31099 индивидуални земјоделски стопанства повеќе во споредба
со 1969 година, односно 35701 во споредба со 1960 година. Во однос на структурата,
во 2007 година најголемо учество во вкупниот број имаат стопанствата со имоти до 3
xa (90%), а понатаму од 3 до 5 xa се 6%, од 5 до 8 xa се 3%, повеќе од 8 xa се околу
1%. Негативни се промените во структурата на земјоделските стопанства односно
зголемено е учеството на малите стопанства со имот до 3 ха и тоа од 57% во 1960
година на 90% во 2007 година за сметка на учеството на поголемите стопанства каде
учеството од 9% на стопанствата со имоти поголеми од 8ха е намалено на 1% а на
стопанствата со големина на имотот од 5-8ха учеството од 14% е намалено на 3%.

203
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 62. Користена површина според категории на имотот

Попис на
земјоделство Вкупно до 3 ха 3-5 ха 5-8 xa преку 8 ха
1960 555560 115671 120508 136451 183020
1969 412755 134610 96952 89499 91694
2007 264339 142167 46366 31658 44148

извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Графикон 31. Користена површина според категории на имотот

извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Табела 63. Користена површина според категории на имотот (Структура)

Попис на преку 8
земјоделство Вкупно До 3 ха 3-5 ха 5-8 xa ха
1960 100 21 22 25 33
1969 100 33 23 22 22
2007 100 54 17 12 17

извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Согласно приложените податоци од табела бр.62 може да се согледа дека вкупно


користеното земјиште е во тренд на постојано намалување и тоа во 2007 година е
намалено за 148416 xa (36%) во однос на 1969 година, односно 291221 xa (52%) во
однос на 1960 година. Дополнително на ова, се влошува и структурата на користеното
земјиште (табела бр. 63) односно за разлика од 1960 година кога најголем процент
(33%) од користеното земјиште било во категоријата од преку 8 xa (покрупни земјишни
204
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

парцели), во 2007 година најголем процент- дури 54% од користеното земјиште е во


категоријата до 3 xa (ситни земјишни парцели).

Согласно податоците од последно спроведениот Попис во 2007 година прикажани во


табела бр. 64 од вкупно 192675 земјоделски стопанства 99,8% се индивидуални
стопанства, а 0,2% се деловни субјекти, од вкупно користеното земјоделско земјиште
во 2007 година 79% е користено од страна на индивидуални стопанства, 96,4% од
говедата, 74,1% од свињите, 94,4% од овците и 98,6% од козите биле во сопственост
на индивидуалните земјоделски стопанства.120 Овие податоци укажуваат на
доминантноста на индивидуалните земјоделски стопанства кои се мали по обем и се
претежно семејни стопанства.

Табела 64. Основни показатели од Пописот на земјоделство 2007


Број на стопанства Вкупно 192675
Индивидуални земјоделски стопанства 192378
Деловни субјекти 297
Користено земјоделско
земјиште, ха Вкупно 334226

Индивидуални земјоделски стопанства 264339


Деловни субјекти 69887
Говеда Вкупно 241257

Индивидуални земјоделски стопанства 232526


Деловни субјекти 8731
Свињи Вкупно 233702
Индивидуални земјоделски стопанства 173185
Деловни субјекти 60517
Овци Вкупно 794053

Индивидуални земјоделски стопанства 749341


Деловни субјекти 44712
Кози Вкупно 132924

Индивидуални земјоделски стопанства 131066


Деловни субјекти 1858
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Табела 65. Број на стопанства и користено земјиште во 2007, по региони


Број на стопанства Користено земјоделско земјиште, ха

Индивидуални Индивидуални
земјоделски Деловни земјоделски Деловни
Вкупно стопанства субјекти Вкупно стопанства субјекти
Македонија 192675 192378 297 334226 264339 69887
Пелагониски
региони 27639 27578 61 73826 51385 22442
Вардарски
регион 18890 18855 35 36196 22068 14129

120
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007/Dialog/statfile18.asp

205
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Североисточен
регион 21646 21631 15 46363 40174 6188
Југозападен
регион 21429 21412 17 20579 19924 655
Скопски
регион 19081 19065 16 24432 21289 3143
Југоисточен
регион 26039 25978 61 40566 32078 8488
Полошки
регион 25652 25632 20 28205 26625 1581
Источен
регион 32299 32227 72 64058 50796 13262
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Имајќи ја во предвид важноста на рамномерен регионален развој како и значењето на


аграрот за поедини региони се наметнува потреба од анализирање на податоците на
ниво на региони, а со цел креирање и водење на адекватна регионална политика и
давање на државна и европска финансиска поддршка. Според податоците прикажани
во табела бр. 65 најголем дел од земјоделските стопанства во 2007 година, се
сместени во Источниот регион 16,8% или 32299 стопанства, потоа во Пелагонискиот
регион 27639 стопанства (14,3%), а најмалку во Вардарскиот регион 9,8% (18890) и во
Скопскиот регион 9,9% (19081).

Графикон 32. Број на стопанства во 2007, по региони, во %

Извор: Државен завод за статистика/http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007/Dialog/statfile18.asp

Согласно податоците од графиконот бр. 33, во 2007 година во Пелагонискиот регион е


најголем дел од користеното земјоделско земјиште 22,1 %, потоа е Источниот регион
со учество од 19,2% во вкупно користеното земјиште, на трето место е
Североисточниот регион со 13,9%, а последен е југозападниот регион со учество од
само 6,2% во вкупно користеното земјоделско земјиште.

206
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 33. Користено земјоделско земјиште во 2007, по региони, во %

Извор: Државен завод за статистика/http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007/Dialog/statfile18.asp

2.2. Растително и добиточно производство

Аграрот е примарна гранка на националната економија која вклучува земјоделско


производство и примарна преработка на земјоделски производи. Примарната
преработка на земјоделски производ е процес на подготвување и чување на
примарните производи од растително потекло или животинско потекло до нивно
пуштање во промет на начин кој придонесува за зачувување на квалитетот и
механичката и хемиската конзистентност. Земјоделското производство е економска
дејност која опфаќа одгледување на едногодишни растенија, одгледување на
повеќегодишни растенија, одгледување на растенија за семенски и саден материјал,
одгледување на животни и живина, мешана земјоделска дејност и помошни дејности
за земјоделство и постбербени активности освен ветеринарни и фитосанитарни
услуги. Земјоделскиот производ е физички резултат од земјоделското производство
(примарен земјоделски производ), а земјоделските површини се површини кои се
користат за земјоделско производство (обработливи површини, пасишта, рибници,
трстици и бари). Под обработлива површина се подразбира површина на која се
одгледуваат полјоделски посеви, повеќегодишни засади и треви и на кои се врши
обработка, косење и други земјоделски работи, а обработливата површина ја
сочинуваат ораници и бавчи, овоштарници, лозја и ливади. Ораници (ниви) се
површини на кои се врши полјоделско производство и на кои се сеат житни,
индустриски, градинарски, крмни посеви, цвеќе и украсни растенија, врби на
ораниците, угари и необработени ораници и бавчи.121
Како што може да се види од Табела бр. 66 земјоделската површина во
разгледуваниот период 2009- 2013 година бележи постојан пораст (24%), но во поглед
121
www.stat.gov.mk/растително производство

207
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

на структурата има константно зголемување на учеството на пасиштата во вкупната


земјоделска површина (од 49% во 2009 година на 60% во 2013 година), на сметка на
константното намалување на учеството на обработливата површина (од 51% во 2009
година на 40% во 2013 година).

Табела 66. Земјоделска површина по категории на користење


во илјади хектари
Обработлива површина Пасишта Бари, трстици и
рибници
Земјоделска ораници и
вкупно овоштарници лозја Ливади
површина бавчи
2009 1 014 513 420 14 21 58 500 1
2010 1 121 509 415 14 21 59 611 1
2011 1 120 511 415 14 21 61 608 1
2012 1 268 510 414 15 21 60 757 1
2013 1 261 509 413 15 22 59 751 1
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Официјалните податоци во Македонија за растителното производство на


земјоделските претпријатија и земјоделските задруги се прибираат со редовни
годишни статистички истражувања. Извештаите за земјоделските претпријатија и
земјоделските задруги се базираат врз книговодствена и друга евиденција. За
индивидуалните земјоделски стопанства податоците се добиваат со проценка.
Растителното производство го сочинуваат поледелството, овоштарството и
лозарството. Податоците за растителното производство ги опфаќаат: користењето на
земјиштето, производството на жита, индустриски и фуражни култури, зеленчук и
производството на други нивски култури што влегуваат во оваа област, како и
производството на овошје и грозје. Како што може да се види од Табела бр. 67
површините под ораници и бавчи имаат негативен тренд во разгледуваниот
петгодишен период односно во 2013 година има опаѓање од 1,7% во однос на 2009
година. Дополнително на ова во разгледуваниот период опаѓа учеството на засеаната
површина под различни култури (од 70% во 2009 година на 68% во 2013 година) за
сметка на растот на површината под угари и необработени ораници (од 30% во 2009
година, на 33% во 2010, 2011 и 2012 година и 32% во 2013 година).

Табела 67. Ораници според начинот на користење


во илјади хектари
Ораници Засеана површина Расадници Угари и
и бавчи необработени
вкупно Житни индустриски градинарски Фуражни
ораници

2009 420 293 182 24 51 36 1 126


2010 415 277 163 27 51 36 1 137
2011 415 277 163 28 51 35 1 137
2012 414 276 163 27 51 35 1 137
2013 413 281 168 25 51 36 1 132
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Во Македонија се произведуваат разни видови на растителни производи:

- жита,
208
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

- индустриски растенија,

- градинарски производи,

- фуражни растенија,

- компири,

- грозје (и алкохолни пијалоци произведени од грозје),

- овошје.

Од житните култури најзначајна е пченицата (81756 ха и производство од 258960


тони во 2013 година) бидејќи се користи како храна за населението- за производство
на леб. Производството на пченица е механизирано и тоа од подготовката на
земјиштето, сеидбата, жетвата, итн. Јачменот е втора житна култура по засеаните
површини и оствареното производство (површина од 42234 ха и производство од
125565 тони во 2013 година). Јачменот најмногу се користи за производство на пиво и
за добиточна храна. Пченката е на трето место (31032 ха засеана површина и
остварено производство од 131043 тони во 2013 година). Пченката се одгледува во
најголем дел за исхрана на добитокот, за производство на масло за јадење и за други
прехранбени производи. Оризот на нашите простори се одгледува многу одамна како
резултат на поволните услови и истиот е со висок квалитет, а се користи во исхраната,
во сточарството, во преработувачката индустрија и истиот се извезува во големи
количини. Во Табела бр. 68 забележително е постојаното опаѓање на засеаните
површини и оствареното производство со пченица и јачмен, додека кај оризот има
постојано зголемување, а кај останатите житни култури нема поголеми движења.

Табела 68. Површина и производство на жита


Засеана Производство Производство
површина вкупно, во Засеана вкупно, во
во тони површина тони
хектари во хектари
Пченица Рж

2009 88 256 271 117 3 777 9 089


2010 79 946 243 137 3 590 8 850
2011 78 588 256 103 3 527 8 297
2012 79 750 214 963 3 767 7 288
2013 81 756 258 960 3 760 8 898
Јачмен Овес

2009 48 756 146 372 2 770 4 960


2010 42 959 126 315 2 763 5 479
2011 42 475 129 509 2 514 4 596
2012 41 123 90 384 2 632 3 898
2013 42 234 125 565 2 789 5 215
Пченка Ориз

2009 32 737 154 237 3 125 19 870


2010 28 644 129 045 4 126 25 700

209
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

2011 29 390 126 096 4 500 26 964


2012 29 198 115 928 4 656 24 361
2013 31 032 131 043 4 865 27 921
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Од индустриските производи како стратешки производ се издвојува тутунот кој е


многу важен извозен производ. Откупот и преработката на тутун е регулиран со
мерките на аграрната политика и како резултат на државната поддршка како што може
да се заклучи од табела бр. 69 засеаната површина со тутун е зголемена за
разгледуваниот петгодишен период за 1369 хектари односно 8%, а оствареното
производство е зголемено за 3737 тони или 15%. Сончогледот има големо значење во
производството на масло а нус производот т.н ќуспе се користи во исхраната на
добитокот. Во 2013 година сончогледот бил засеан на површина од 2481 хектари, а
остварено е производство од 3832 тони.

Табела 69. Површина и производство на индустриски растенија


Засеана Производство Засеана Производство Засеана Производство
површина во вкупно, во површина вкупно, во површина вкупно, во
хектари тони во хектари тони во тони
хектари
Тутун Сончоглед Афион, семе

2009 17 809 24 122 4 211 7 774 618 504


2010 20 300 30 280 4 061 7 592 413 297
2011 19 693 26 537 5 715 8 497 284 233
2012 19 656 27 333 3 752 4 765 187 91
2013 19 178 27 859 2 481 3 832 108 63
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Во Македонија постојат природни услови за одгледување на градинарски култури, а


особено за раноградинарските култури кои се извезуваат. Различните вегетациони
периоди на различните култури овозможуваат рационално користење на
земјоделското земјиште. Заради кусата вегетација овозможено е последователно да
се одгледуваат повеќе култури. Компирот е важен во исхраната но и во индустријата
за производство на скроб, алкохол, за исхрана на добитокот, а според податоците од
табела бр. 70 во 2013 година бил засаден на површина од 13477 хектари и остварено
е производство од 189590 тони. Имајќи во предвид дека е многу застапено
производството во руралните средини со соодветна поддршка на оваа култура од
страна на аграрната политика ќе се подигне доходот на земјоделските стопанства кои
произведуваат компир. Доматите и пиперките се исто така значаен производ во
исхраната, а голем дел од нивното производство се одвива оранжериски. Во
Македонија се произведуваат и други градинарски култури како што се бостан, леќа,
грав, зелка, лук, кромид и др., а засеаните површини и оствареното производство е
прикажано во табела бр. 70. Бостанот се пласира во туристичките места и во
поголемите градови и е значаен извор на доход, додека гравот и компирот се
одгледуваат како главен посев и како меѓупосев. Гравот е широко распространет и
воглавно е произведува од страна на индивидуалниот сектор (исто како доматите и
пиперките). Зелката се користи како свежа но и во големи количини се преработува.
210
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Осовременувањето на производството на градинарските култури, производството во


оранжерии и пластеници, поголемото користење на геотермалните води ќе придонесе
за зголемување на приносите.

Табела 70. Површина и производство на градинарски растенија


Засеана Производство Засеана Производство Засеана Производство Засеана Производство
површина во тони површина во тони површина во тони површина во тони
во во во хектари во хектари
хектари хектари
Бостан Леќа Домати Пиперки

2009 5 987 123 939 82 69 5 800 145 395 8 450 154 771
2010 5 743 134 885 72 90 5 676 168 010 8 475 168 150
2011 5 812 127 449 68 72 5 632 165 642 8 475 153 842
2012 5 692 127 593 74 77 5 640 145 818 8 626 166 247
2013 5 598 128 417 82 77 5 478 130 960 8 511 152 153
Зелка Зелка, доцна Лук Кромид

2009 3 650 87 573 848 24 557 1 060 5 803 3 362 41 863


2010 3 707 106 769 989 42 388 1 011 5 015 3 559 47 432
2011 3 767 107 159 865 35 511 949 4 150 3 491 44 540
2012 3 734 94 234 1 070 34 337 936 4 081 3 527 43 732
2013 4 491 119 662 1 288 37 754 928 4 134 3 499 50 787
Компир Грав, чист посев Компир-меѓупосев Грав-меѓупосев

2009 13 531 204 717 4 938 5 890 366 2 436 8 955 6 861
2010 13 044 200 125 4 615 5 447 361 2 200 8 673 6 623
2011 13 539 192 675 4 581 5 705 232 1 183 8 994 7 285
2012 13 224 168 859 4 748 5 128 206 1 117 9 080 5 850
2013 13 477 189 590 4 608 5 127 213 1 288 8 895 6 246
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Македонија е земја со традиција во производството на грозје и алкохолни пијалоци


(вино и ракија). Се одгледува трпезно но и винско грозје, а согласно расположливите
податоци од табела бр. 71 во 2013 година лозјата се протегале на површина од 21109
хектари односно на површина за 6% поголема во однос на 2009 година. Во 2013
година остварено е вкупно производство на грозје од 292075 тони што е за 15 %
повеќе во однос на 2009 година. Грозјето и алкохолните пијалоци, а особено виното
се многу застапени во извозот. Современите начини на складирање и транспортирање
на грозјето овозможува пролонгирање на рокот на употреба.

Табела 71.Лозја и производство на


грозје
Површина на
лозја во Производство
хектари
Вкупно на
грозје, во тони
2009 19 960 253 456
2010 20 033 253 372
2011 20 164 235 104
2012 20 948 240 461
2013 21 109 292 075
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ",

Државен завод за статистика

211
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Македонија има природни предуслови, пред се климатски, за развој на


овоштарството. Според бројот на стебла и оствареното производство на прво
место се јаболките со 4467 стебла и 112929 произведени тони односно пораст од 6%
во 2013 година во однос на 2009 година, на второ место се сливите со 1679 стебла и
38902 произведени тони односно пораст од 9% во 2013 година во однос на 2009
година, а на трето место се праските со 490 стебла и 11034 произведени тони односно
пораст од 7% во 2013 година во однос на 2009 година. Во 2013 година има 859 стебла
вишни и остварено производство од 8867 тони односно пораст од 2% во 2013 година
во однос на 2009 година на производството, но пад од 18% во однос на бројот на
стебла. Кај бројот на стебла и оствареното производство на кајсии, цреши, дуњи се
забележува константен пораст, а кај крушите има пад од 2% кај бројот на стебла и пад
од 13% кај оствареното производство во 2013 во однос на 2009 година. Овошјето
покрај во свежа состојба во исхраната се користи и во преработена форма како
сокови, џемови, компоти, сирупи, итн. На овој начин се зголемува рокот на употреба и
додадената вредност. Во услови на се поголема заинтересираност на домашниот а
особено на странскиот пазар за еколошки здрави производи потребна е соодветна
поддршка на аграрната политика за зголемување на еколошките производи особено
во руралните средини и ридско- планинските подрачја што секако ќе влијае на
подигање на стандардот на руралното население, намалување на невработеноста и
зголемување на интересот за одгледување на овошните култури од страна на младите
земјоделци.

Tабела 72. Овошни стебла и производство на овошје


Број Производство Број Производство Број Производство
на во тони на во тони на во тони
стебла стебла стебла
во во во
илјади илјади илјади
Јаболка Круши Дуњи
2009 4 397 106 356 395 8 313 51 1 237
2010 4 491 121 383 384 7 586 57 1 426
2011 4 357 124 552 378 7 460 56 1 424
2012 4 456 127 171 385 6 937 57 1 237
2013 4 467 112 929 387 7 265 54 1 257
Сливи Цреши Вишни
2009 1 576 35 610 172 5 587 1 049 8 684
2010 1 601 38 431 192 5 701 696 5 207
2011 1 643 35 448 201 6 019 770 6 514
2012 1 657 35 444 218 5 539 808 8 127
2013 1 679 38 902 220 6 037 859 8 867
Кајсии Праски Ореви
2009 144 2 950 597 10 266 166 4 981
2010 150 2 996 505 10 211 181 5 769
2011 154 3 747 437 9 039 183 5 480
2012 160 4 503 463 8 987 179 4 952
2013 167 3 968 490 11 034 185 5 467
Извор: Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013 ", Државен завод за статистика

212
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Нивото на развиеност во современото земјоделство во светот се мери меѓу другото и


со степенот на развиеност на сточарството односно учеството на сточарството во
структурата на вкупното земјоделско производство, кое во развиените земји учествува
со 2/3 во вкупното земјоделско производство. Во Македонија растителното
производство учествува со 75%, а сточарското со 25% во 2012 година во
производството на земјоделски производи. Најважна функција на сточарството е да
обезбеди храна на луѓето, а сточарското производство се карактеризира со
многубројни разновидни производи. Неповолната состојба во структурата на
земјоделското производство укажува на помалата побарувачка во однос на
растителното производство и понискиот стандард на населението. Поголемата
застапеност на добиточните производи е показател за повисок квалитет во исхраната
на населението. Во Македонија има предуслови за развој на сточарството, пред се
големите површини под пасишта кои не се доволно искористени. Добиточното
производство зависи од бројот на грла, просечните приноси по грло но и од квалитетот
на исхраната на добитокот.

Во Република Македонија се одгледуваат следните видови на добиток: говеда, свињи,


овци, коњи, живина, а се поатрактивно станува и пчеларството. Официјалните
статистички податоци за бројот и билансот на добитокот по видови и категории и
добиточното производство за земјоделските претпријатија и земјоделските задруги, се
базираат на сметководствена и друга евиденција. За индивидуалните земјоделски
стопанства податоците се прибираат со Анкетата за бројот на добитокот која ја
спроведува Државниот завод за статистика.

Како што може да се види од табела бр.73 во периодот 2009- 2013 година има пад кај
сите видови на добиток. Највисок пад од 30% има кај бројот на коњи, кој се должи пред
се на намаленото значење на коњите како влечна сила во аграрот заради
модернизацијата во аграрот и користењето на современа механизација, машини и
опрема. Голем пад има и кај бројот на свињите од 14%, кај говедата од 6%, а кај бројот
на овци падот изнесува 3% во 2013 во однос на 2009 година. Кај бројот на живината и
бројот на пчелни семејства има пораст од 4% односно 28%, соодветно.
Табела 73. Добиток, живина и пчелни семејства
број
Говеда Свињи Овци Коњи Живина Пчелни
семејства
2009 252 521 193 840 755 356 29 2 117 53 439
418 890
2010 259 887 190 552 778 404 26 1 994 76 052
658 852
2011 196 570 766 631 25 1 944 65 277
265 299 415 260
2012 176 920 732 338 21 1 776 52 897
251 240 676 297
2013 167 492 731 828 20 2 201 68 294
238 333 682 550
Извор: Публикација "Сточарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Од табела бр. 74 се забележува дека од година на година има пад на бројот на


заклани говеда но во исто време има позитивен тренд на пораст на говедата кои се
колат во кланиците, додека трендот кај свињите е обратен. Кај овците се забележува
пад на бројот на заклани овци но и пад на бројот на овци кои се колат во кланиците.
Во Македонија има природни предуслови за развој на добиточното производство, но
сепак како што може да се види од табела бр. 75 производството на месо бележи
213
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

константен пад кај сите видови на меса, освен живинското месо. Во однос на
производството на месо, свинското месо има најголемо учество од 42% во вкупното
производство на месо што се совпаѓа со светските трендови, потоа е говедското месо
со 26%, овчото со 23 % и живинското со 9%. Вкупното производство на млеко во
Македонија е во постепен пораст и според податоците од табела бр. 76 во 2013
година изнесува 429400 илјади литри или 9% повеќе во однос на 2009 година.
Производството на кравјо млеко учествува со 89% во вкупното производство на млеко
што значи дека е доминантен вид во Македонија. Производството на волна, јајца и
мед забележува пад во разгледуваниот петогодишен период.

Во Табела бр. 77 е прикажан откупот од индивидуалниот сектор и како што може да се


согледа од податоците речиси кај сите видови на растителни производи има
намалување на откупот освен кај јаболката каде што има пораст од 654 тони, додека
кај сите видови на добиток и кај добиточните производи има константен раст, а слична
е состојбата со вкупниот откуп од двата сектора прикажана во табела бр. 78
(индивидуалниот и од деловните субјекти). Кај вредноста на откупот има пораст и кај
индивидуалниот сектор (табела бр. 80) и кај вкупниот откуп од двата сектора (табела
бр. 79) што е резултат на релативниот пораст на цените.

Табела 74. Заклан добиток

Говеда Свињи Овци


Вкупно заклан 2009 53 191 531
добиток во илјади
2010 45 201 483
грла
2011 40 233 525
2012 38 237 392
2013 37 202 324
Заклан добиток во
кланиците, во
2009 4 125 281
илјади грла
2010 7 139 254
2011 6 142 327
2012 7 149 267
2013 7 117 291
Извор: Публикација "Сточарство, 2013 ", Државен завод за
статистика

Tабела 75. Производство на месо


во тони
Месо /
вкупно говедско свинско овчо живинско

2009 25 362 7 307 8 291 5 225 3 319


2010 23 271 6 082 8 292 4 786 3 236
2011 21 632 5 301 8 340 6 370 1 621
2012 23 124 4 981 10 598 5 600 1 945
2013 20 856 5 485 8 845 4 725 1 801
Извор: Публикација "Сточарство, 2013 ", Државен завод за
статистика

214
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 76. Производство на млеко, волна, јајца и мед

Вкупно Кравјо Овчо Волна Јајца во Мед,


производство млеко во млеко во тони милион во
на млеко во илјади во и броја тони
илјади литри литри илјади
литри
2009 394 942 342 622 32 934 951 274 791
2010 394 334 347 103 32 157 1 025 336 825
2011 417 236 376 290 25 381 975 296 1 105
2012 403 233 349 769 38 616 897 237 603
2013 429 400 380 736 34 270 841 216 784
Извор: Публикација "Сточарство, 2013 ", Државен завод за статистика

Табела 77. Откуп на земјоделски производи и добиток од индивидуалниот


сектор
во тони
2009 2010 2011 2012 2013

Пченица и 'рж 99 119 58 520 68 477 61 289 54 079


Пченка - - 36 108 49
Компир 286 13 140 47 223
Јаболка за јадење 3 82 118 399 657
Јајца во илјади парчиња 1 239 2 781 4 451 457
Говеда 91 85 68 77 497
Свињи 18 67 246 97 327
Овци 5 14 208 388 53

извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за статистика

Табела 78. Количество на вкупниот откуп на земјоделски производи


во тони

2009 2010 2011 2012 2013


Пченица и рж 138 93 727 111 87 100
134 782 029 321
Пченка 3 475 5 657 3 108 4 687 2 527
Компир 334 53 153 121 295
Јаболка за јадење 680 965 836 922 2 063
Јајца, илјади парчиња 65 882 101 192 73 053 68 83 893
480
Говеда 471 873 636 900 1 611
Свињи 7 813 8 356 5 026 9 929 6 960
Овци 140 166 329 549 675

извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за статистика

Табела 79. Вредност на вкупниот откуп на земјоделски производи


во илјади денари
2009 2010 2 011 2012 2013
Пченица и рж 987645 980800 1647732 1320295 1423344
Пченка 28 209 59 210 45 777 62 722 32 912
Компир 3 182 824 4 488 1 336 9 501
Јаболка за јадење 11 166 11 379 14 590 16 433 34 090
Јајца во илјади парчиња 273 835 410 782 330 473 314 119 375 609
Свињи 588991 705425 458 585 1 112 822 101
215
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

580
Говеда 46800 76071 59 374 73 042 158 297
Овци 20904 23235 52 077 91 632 100 030
извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за
статистика

Табела 80. Вредност на откупените земјоделски производи од индивидуалните


производители
во илјади денари

2009 2010 2 011 2012 2013


Пченица и рж 656 638 638 800 1 017 477 931 762 847
145
Пченка - - 720 1 620 754
Компир 2 671 357 4 253 537 7 252
Јаболка за јадење 26 855 2 480 7 514 10 309
Јајца во илјади парчиња 2 857 12 3 522 13 495 2 523
Свињи 1 631 5 062 20 174 7 710 31 751
Говеда 6 391 8 141 3 690 5 520 60 411
Овци 725 1 621 37 397 64 365 6 557

извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за статистика

2.3. Input/ autput индекси на апсолутни цени

Цените претставуваат паричен облик на вредностите на стоките и на услугите


изразени во пари. Податоците за движењата на цените претставуваат многу значаен
инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој
на стопанството на државата.

Специфичните карактеристики на земјоделското производство и покрај дејствувањето


на пазарните услови нужно наметнуваат државен интервенционизам за заштита на
домашниот производител и потрошувач, а со цел ублажување на негативните
влијанија на пазарните законитости. Со адекватна и конзистентна политика на цени
може да се обезбедат посакуваните резултати за обезбедување на населението со
евтина и квалитетна храна.

Разликата во цени меѓу домашните и странските производи зависно од целите, се


нивелираат со заштитни, субвенционирани цени а со цел за заштита на домашното
производство односно пласманот на истото. Паритетите на земјоделските производи
претставуваат однос меѓу цените на земјоделските производи и цените на производи
што ги купуваат и плаќаат земјоделците во одреден период. Од паритетот на цените
зависи развојот на аграрот и неговото место во вкупниот економски развој.

Воспоставувањето на реален паритет меѓу цените на примарното производство и


преработките има за резултат усогласување на обемот на производството и
преработувачките капацитети. За правилно водење на аграрната политика во една
држава од особено значење е и паритетот на цените на земјоделските производи т.е

216
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

храната со куповната моќ на населението. Динамиката на цените се набљудува во


пократки периоди од една година (месечно, квартално, полугодишно).

Инпутот во аграрот ги опфаќа средствата, услугите и инвестициите кои земјоделските


производители тековно ги вложиле за непречено одвивање на земјоделското
производство, а аутпутот го опфаќа производството од земјоделскиот сектор, откупено
или продадено надвор од Секторот. Промените на цените се изразуваат во релативни
вредности, т.е. во индекси со кои се следи тенденцијата на таквите промени (пораст,
опаѓање).
Input/ autput (трошок/ остварено производство) индексите на апсолутни цени се
пресметуваат со користење на пондери по групи на производи. Пондерите по групи се
превземаат од економските сметки во аграрот и претставуваат тригодишен просек.
Пондерите по производи се пресметуваат врз основа на учеството на просечната
годишна вредност на набавените производи по набавни цени за период од три години
и производната вредност по тековни цени за истиот период.
Извори за цените на инпутот и на аутпутот се месечните извештаи кои се прибираат
од деловните субјекти од областа на трговијата на големо, земјоделските
претпријатија и задруги кои продаваат средства за тековна потрошувачка во аграрот и
производи од земјоделското производство надвор од Секторот.
Во табела бр. 81 се прикажани индексите на цените на инпутот во аграрот односно
цените на стоките и услугите користени во аграрот.122 Индексите на цените на
средствата тековно потрошени во аграрот бележат поголем пораст (17,4% во 2011
година, 24,4% во 2012 година и 26,8% во 2013 година споредено со базната 2010
година) во однос на индексите на цените на средствата наменети за инвестиции
(14,1% во 2011 година, 15% во 2012 година и 14,8% во 2013 година споредено со
базната 2010 година).
Табела 81. Индекси на цени на стоките и услугите користени во аграрот, 2010=100
2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
(Инпут 1) Средства тековно
потрошени во аграрот 84,9 83,3 89,6 104,8 93,9 100,0 117,4 124,4 126,8
Семиња 77,8 68,7 75,9 95,7 96,2 100,0 107,4 113,1 114,5
Енергија, горива и мазива 80,7 92,7 92,4 100,6 82,4 100,0 138,1 150,9 144,6
Минерални ѓубрива 65,9 68,9 68,2 91,8 92,5 100,0 108,6 114,5 119,4
Чисти ѓубрива 72,0 75,1 73,9 91,5 87,6 100,0 110,2 118,0 119,7
Мешани ѓубрива 57,0 59,7 59,9 92,1 99,7 100,0 104,9 106,4 118,5
Средства за заштита на растенија 85,5 86,1 87,6 92,2 95,2 100,0 103,9 103,0 104,3
Фунгициди 82,7 83,7 87,0 96,8 97,2 100,0 106,1 112,0 113,8
Инсектициди 70,9 71,7 72,2 72,7 85,5 100,0 102,3 93,4 92,9
Хербициди 105,7 105,6 103,9 101,1 100,3 100,0 100,6 93,5 96,3
Ветеринарни услуги 84,8 112,7 109,5 94,6 94,4 100,0 100,1 120,0 128,5
Добиточна храна 88,3 79,9 91,5 114,0 97,5 100,0 119,8 128,5 136,6
Чиста храна 88,3 77,5 96,4 110,1 96,6 100,0 122,3 130,0 139,4
Крмна смеса 89,2 83,6 89,4 119,4 98,7 100,0 118,4 128,7 136,7

122
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Ceni/IndeksCeniZemjodelstvo/IndeksCeniZemjodel
stvo.asp

217
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Друга крмна смеса 85,1 76,2 76,7 111,4 97,3 100,0 120,3 122,5 126,0
Одржување на опрема и згради 100,6 103,7 107,7 99,8 100,1 100,0 99,3 100,7 102,3
Останати стоки и услуги 81,3 76,8 76,0 95,9 98,1 100,0 122,5 116,6 114,6
(Инпут 2) Средства наменети за
инвестиции во аграрот 79,1 82,9 84,4 94,8 96,9 100,0 114,1 115,0 114,8
Машини и опрема 83,3 87,3 87,3 92,0 96,2 100,0 104,3 106,4 106,3
Транспортна опрема 68,2 68,7 68,7 88,9 91,9 100,0 100,8 98,1 98,4
Земјоделски згради 79,5 84,9 89,2 102,2 100,7 100,0 128,8 129,8 129,5
Вкупен инпут 84,7 83,3 89,4 104,5 94,0 100,0 117,3 123,8 126,1
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Графикон 34. Индекси на цени на стоките и услугите (инпутот) користени во аграрот, 2005- 2013

Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Во табела бр. 82 се прикажани индексите на цените на аутпутот во аграрот.123


Најголеми осцилации во индексите на цените има кај Растително производство без
зеленчук и овошје и грозје (8,6% во 2011 година, 53,9% во 2012 година и 16% во 2013
година споредено со базната 2010 година). Кај вкупното растително производство има
различен тренд во индексите на цени и тоа во 2011 година има опаѓање од 4%, во
2012 година пораст од 12,2% а во 2013 година пораст од 14,3%. Кај добиточното
производство има пораст од 8,1% во 2011 година, 17% во 2012 година и 21,2% во 2013
година, додека кај вкупниот аутпут/ производство има опаѓање на индексите на цените
од 0,4%, во 2012 година пораст од 13,% а во 2013 година и пораст од 16,4% споредено
со базната 2010 година.

Табела 82. Индекси на цени на аутпутот во аграрот, 2010=100


2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Жита и ориз 75,7 75,5 86,7 114,8 88,0 100,0 134,4 131,4 127,5
Пченица 95,8 80,0 89,7 135,5 92,4 100,0 147,9 150,6 139,8
Јачмен 85,8 83,0 114,6 150,1 94,2 100,0 140,7 149,5 142,2

123
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Ceni/IndeksCeniZemjodelstvo/IndeksCeniZemjodel
stvo.asp

218
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Пченка во зрно 86,8 77,0 108,9 159,7 116,1 100,0 138,8 127,9 152,8
Ориз 59,1 69,3 64,7 75,7 75,7 100,0 96,7 76,7 72,2
Индустриски растенија 89,8 93,7 93,2 95,1 97,2 100,0 99,4 103,8 108,1
Маслодајни семиња и плодови 55,7 51,6 57,8 94,7 101,0 100,0 107,4 118,1 122,9
Маслодајна репка 57,1 57,1 57,1 105,4 122,6 100,0 144,6 162,1 169,9
Сончоглед 55,6 51,2 57,9 93,7 99,1 100,0 100,0 109,3 113,5
Тутун 90,7 95,3 94,4 94,9 96,9 100,0 99,1 103,2 107,4
Шеќерна репка 98,3 94,1 92,9 100,0 100,0 100,0 100,0 100,0 0,0
Добиточни растенија 82,4 86,7 92,3 112,2 106,0 100,0 93,1 98,4 117,2
Зеленчук 72,5 85,9 81,3 90,0 98,7 100,0 77,8 103,2 94,4
Домати 97,3 109,1 104,1 94,7 108,6 100,0 72,5 114,8 98,3
Друг свеж зеленчук 65,0 78,9 74,4 88,5 95,7 100,0 79,3 100,0 93,3
Компир 67,6 79,6 90,6 91,3 95,6 100,0 147,8 111,0 186,7
Овошје и грозје 82,6 70,1 97,1 108,0 115,4 100,0 113,5 133,9 149,5
Свежо овошје 90,8 75,2 103,3 128,8 135,4 100,0 123,0 147,2 172,5
Јаболка 119,5 115,2 148,0 162,2 111,0 100,0 132,0 138,1 129,6
Круши 97,4 97,4 97,4 97,4 100,0 100,0 100,0 130,4 86,1
Праски 74,9 72,4 99,4 97,1 107,1 100,0 89,1 97,4 95,9
Друго свежо овошје 80,7 64,0 87,0 122,3 151,6 100,0 119,0 164,9 237,0
Грозје 75,7 65,9 92,0 91,0 99,0 100,0 96,8 110,9 109,5
Трпезно грозје 92,5 92,5 106,5 102,1 99,7 100,0 123,3 134,8 138,5
Друго грозје 73,3 61,9 89,9 89,4 98,9 100,0 89,6 104,4 101,7
Вино 79,8 79,7 85,8 91,8 97,2 100,0 119,7 137,4 119,1
Растително производство 76,3 82,3 86,4 88,5 84,3 100,0 96,0 112,2 114,3
Растително производство без
зеленчук и овошје и грозје 82,0 84,0 89,9 106,8 93,9 100,0 108,6 153,9 116,0
Добиток за колење 88,8 92,0 90,6 111,1 112,6 100,0 102,7 111,4 113,6
Говеда 92,3 97,5 95,4 97,6 95,3 100,0 102,7 109,8 108,3
Свињи 95,0 96,2 94,6 94,1 99,8 100,0 104,7 109,1 114,8
Овци и кози 85,4 94,9 93,3 92,1 94,5 100,0 101,4 113,7 111,6
Живина 51,4 51,4 51,4 118,6 118,6 100,0 93,8 130,2 148,7
Производи од животинско
потекло 94,9 89,9 97,5 136,7 103,9 100,0 112,0 121,1 126,7
Млеко 96,8 93,2 98,5 145,6 101,9 100,0 111,9 119,7 125,6
Јајца 90,2 82,2 95,9 120,7 109,5 100,0 114,2 131,8 135,9
Други производи од животинско
потекло 97,3 89,8 92,3 95,1 101,8 100,0 105,3 128,3 130,3
Добиточно производство 92,0 90,9 94,2 124,4 108,1 100,0 108,1 117,0 121,2
Вкупен аутпут 78,9 83,3 87,3 101,5 84,3 100,0 99,6 113,6 116,4
Вкупен аутпут без зеленчук и
овошје и грозје 83,5 84,7 89,8 110,0 98,9 100,0 111,2 115,8 123,3
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

Графикон 35. Индекси на цени на аутпутот во аграрот

219
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

Во графиконот бр. 36 е прикажано движењето на индексите на инпутот и аутпутот во


периодот 2005- 2013 година.124 Базна година за пресметка на индексите е 2010 година.
Двата индекси бележат константен пораст со тоа што кај инпутот (трошоците) има
поголем пораст во однос на аутпутот (оствареното производство). Кај аутпутот
поголем пораст се забележува кај индексите на цени на добиточното во однос на
растителното производство, додека пак кај инпутот кај средствата тековно потрошени
во производството има поголем пораст а кај инвестициите се забележува стагнација
во трите последни години (2011, 2012 и 2013 година).

Графикон 36. Годишни индекси на цените на инпутот и аутпутот во аграрот


2010=100

Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци

2.4. Структурни податоци на индивидуалните земјоделски стопанства

Во аграрот во Македонија постојат два вида на економски единици и тоа земјоделски


претпријатија и индивидуални земјоделски стопанства. Значајно место во развојот на
аграрот имаат индивидуалните земјоделски стопанства. Според податоците од 2013
година тие поседуваат околу 84% од обработливата површина, создаваат околу 60%
од земјоделското производство и околу 96% од добиточниот фонд.125 Покрај
погореизнесените податоци кои укажуваат на доминантно учество на овие стопанства
во аграрот сепак гледано структурно како поединечни стопанства нивната улога и
влијание се намалуваат како резултат на тоа што се работи за голем број на
стопанства кои што располагаат поединечно со мали земјоделски површини и мал

124
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/Ceni/IndeksCeniZemjodelstvo/IndeksCeniZemjodel
stvo.asp

125
Државен завод за статистика/ Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013

220
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

број на добиток. Како резултат на миграцијата на населението село- град во еден


повеќедецениски период влошена е состојбата на македонските села односно се
забележуваат депопулациони движења, стареење на населението и намалување на
работната сила. Непостоењето на соодветна аграрна но и популациона политика во
Македонија во еден подолг период негативно се одрази на аграрот. Ситнењето на
земјоделските површини преку наследство и поделба на имотите помеѓу
наследниците допринесе за неекономично производство проследено со високи
оперативни трошоци и мала заработувачка која се користи главно за прехрана на
членовите на домаќинствата кои работат на овие стопанства. Производството е
наменето за задоволување на потребите на стопанството а во многу мал дел се
продава на пазарите и тоа претежно на локалните и регионалните пазари а многу
малку е наменето за извоз. Оваа состојба е несоодветна за едно модерно
производство. За да се подигне конкурентноста на македонскиот аграр потребно е да
се води една сеопфатна политика креирана во соработка со сите чинители
(земјоделци, здруженија, надлежните институции и Владата) за да биде истата
поддржана и на подолг рок преку реструктурирање да даде соодветни резултати.

Податоци за структурата на земјоделските стопанства се неопходни за одредување на


развојните правци на аграрот и основа за креирање на правилни политики. Со
добиените структурни податоци од пописите на аграрот и структурните истражувања
на земјоделските стопанства се воспоставува типологија на земјоделските стопанства.
Класификацијата на земјоделските стопанства се заснова на типот на земјоделското
производство и економската големина на земјоделското стопанство.

Согласно последно расположливите официјални статистички податоци за 2013 година


вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 170.885,
просечно едно земјоделско стопанство користело по 1.85 хектари земјоделско
земјиште(табела бр. 83) и поседувало 2.14 добиточни единици (табела бр. 84).126
Табела 83. Број на земјоделски стопанства и земјиште со кое располагаат стопанствата,
2013 година
Вкупно
Вкупно Користено
земјиште со Шумско и
Број на користено земјоделско
кое друго
земјоделски земјоделско земјиште по
располагаат земјиште,
стопанства земјиште, стопанство,
стопанствата, ха
ха ха
ха

1 2=3+4 3 4 5
Република
Македонија 170 885 369 270 315 863 53 407 1,85
Индивидуален сектор 170 581 314 638 266 579 48 059 1,56
Деловни субјекти 304 54 632 49 284 5 348 162,12

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

126
Државен завод за статистика/ Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2013

221
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 84. Добиточни единици , 2013 година


Добиточна
Добиточна
единица по хектар
Добиточни единица по
користено
единици земјоделско
земјоделско
стопанство
земјиште
1 2 3
Република
Македонија 365 868 2,14 1,16
Индивидуален сектор 333 877 1,96 1,25
Деловни субјекти 31 990 105,23 0,65

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

Вкупно користеното земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства


изнесува 315 863 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 58.2% користеле до 1
хектар земјоделско земјиште.

Земјоделските стопанства имаат вкупно 365 868 добиточни единици, додека 56.5% од
вкупниот број на стопанства одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.

Во Република Македонија просечно има 0.5 трактори по стопанство, од кои


поголемиот дел се двоосовински трактори.

Табела 85. Број на сопствена земјоделска механизација и опрема, 2013 година


1)
Трактори Комбајни за жито

Старост Старост

вкупно од 11 вкупно од 11
до 10 над 20 до 10 над 20
до 20 до 20
години години години години
години години
1 2 3 4 5 6 7 8
Република
Македонија 92 708 8 234 18 134 66 340 1 797 68 454 1 275
Индивидуален сектор 91 627 7 894 17 735 65 998 1 668 43 395 1 230
Деловни субјекти 1 081 340 399 342 129 25 59 45
1)
Опфатени се едноосовинските и двоосовинските трактор

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

Според податоците од Земјоделскиот попис спроведен во 2007 година од вкупниот


број на земјоделски стопанства 58% според нивната економска големина се
класифицирани во прва класа (до 2000 евра), 19% во втора класа (од 2000 до 3999
евра), 13% во трета класа (од 4000 до 7999 евра), додека во повисоките класи има
многу мал дел на стопанства и тоа во шеста класа (стандардна вредност на
производството од 25000 до 49999 евра) само 0,8%, а во сите останати класи (од VII
до XIV класа) само 0,2% односно 429 стопанства од вкупно 192675. Овие податоци се
крајно неповолни и ја констатираат крајно неповолната структура на земјоделските

222
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

стопанства во Македонија имајќи во предвид дека во развиените европски земји


ситуацијата е сосема поинаква односно во повисоките класи се сместени поголем дел
од стопанствата. Ова секако укажува на нискиот животен стандард во аграрот во
Македонија кој е понизок од македонскиот просек.

Во однос на специјализираноста за производство на одреден вид на земјоделски


производи податоците од табела бр. 86 покажуваат дека 22% од вкупниот број на
стопанства се специјализирани за производство на полјоделски култури, 19% се
занимаваат и со различни видови на добиточно и растително производство
истовремено, 16% се специјализирале за одгледување на повеќегодишни култури, а
по 13% од вкупниот број на стопанства се специјализирале за одгледување на
тревопасен добиток и за мешано растително производство (различни видови на
растителни производи), а најмал процент односно 4% се специјализирале за
одгледување на домашни животни што се хранат со семе и зрнеста храна. И овие
податоци се неповолни и покажуваат дека со многу висок процент на учество е бројот
на земјоделски стопанства кои се занимаваат со неспецијализирано производство во
Македонија (19% мешано добиточно и растително и 13% за тревопасен добиток и
мешано растително производство) што само по себе значи мала економија на
производство, зголемени трошоци и производство воглавно за задоволување на
потребите на земјоделското стопанство. За разлика од индивидуалните земјоделски
стопанства кај деловните субјекти структурата е поповолна односно најголем дел од
деловните субјекти (297 според Пописот 2007) се специјализирани за одгледување на
полјоделски култури (49) и за повеќегодишни култури (45).

Табела 86. Број на земјоделски стопанства според типот на земјоделското производство, 2007
година
2007
Индивидуални Деловни
Вкупно
земјоделски стопанства субјекти
Специјaлизиранo за полјоделски култури 42 192 42 143 49
Специјализирано за градинарство 15 013 14 995 18
Специјализирано за повеќегодишни
култури 30 392 30 347 45
Специјализирано за тревопасен добиток 24 199 24 169 30
Специјализирано за домашни животни
што се хранат со семе и зрнеста храна 7 760 7 730 30
Mешано растително производство 25 456 25 438 18
Mешанo добиточно производство 10 556 10 553 3
Mешано растително - добиточно
производство 36 552 36 536 16
Некласификувани стопанства 555 467 88
Вкупно 192 675 192 378 297

Извор: Соопштение "Типологија на земјоделските стопанства, 2007", Државен завод за статистика

Врз основа на податоците од погоре приложените табели може да се констатира дека


во Република Македонија преовладаат индивидуалните земјоделски стопанства по
број и по големина на земјиште со кое располагаат (170581 индивидуални стопанства
223
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

од вкупно 170885 стопанства коишто располагаат со вкупно 314638 хектари земјиште


од вкупно расположливите 369270 хектари), а во просек користат многу малку
земјоделско земјиште односно 1,56 хектари просечно по стопанство, за разлика од
деловните субјекти односно земјоделските претпријатија кои располагаат со вкупно
54632 хектари земјиште а во просек еден деловен субјект користел по 162,12 хектари.
Ова секако зборува за неповолната структура на македонскиот аграр каде што
преовладаат мали фамилијарни стопанства кои што не се конкурентни на пазарот а
поголем дел од нив дел или целокупната произведена количина ја користат за
сопствени потреби. Слична е состојбата и кај добитокот односно поголем дел е во
сопственост на индивидуалниот сектор (91% од вкупниот број на добиточни единици),
а во просек едно земјоделско стопанство поседува 1,96 добиточни единици, за
разлика од нив деловните субјекти поседуваат само 9% од вкупниот број на добиточни
единици но во просек еден деловен субјект поседува по 105,23 добиточни единици.

Најголем дел од земјоделските стопанства (112181) се класифицирани во првата


класа со вкупно стандардно производство до 2000 евра што е крајно неповолно и е
уште еден доказ за нивната неконкурентност и претежното производство наменето за
задоволување на сопствените потреби за разлика од државите членки на ЕУ каде што
преовладуваат стопанства класифицирани во повисоките класи со стандардно
производство од 50000 евра и повеќе, а според типот на земјоделско производство
истотака состојбата е крајно неповолна бидејќи за разлика од европските тенденции
каде што преовладуваат стопанствата специјализирани за добиточно производство во
република Македонија преовладуваат стопанствата специјализирани за растително
производство, а потоа следуваат стопанствата со мешано (растително и добиточно)
производство.

2.5. Регионални податоци

Регионалната политика е многу важна за социоекономскиот развој на државата.


Главна цел на регионалната политика е намалување на разликите во природните,
економските, демографските, социјалните и инфраструктурните карактеристики на
регионите и општините во државата. Рамномерниот регионален развој е особено
значаен за Република Македонија имајќи ги во предвид големите разлики помеѓу
поедините региони. Регионалната аграрна политика преку различните видови на
поддршка на младите фармери, на земјоделските стопанства, на жените фармери,
и.т.н. секако дека ќе има значење за поддршка на развојот особено на регионите кои
се карактеризираат како рурални, што е во согласност со Заедничката земјоделска
политика на Европската унија за рурален развој.

Според Номенклатурата на територијални единици за статистика - НТЕС127 во


Република Македонија се утврдени следните региони: Вардарски, Источен,

127
Номенклатура на територијални единици за статистика - НТЕС, Службен весник на РМ број 158/2007.

224
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски регион.


НТЕС има за цел формирање на регионални нивоа за кои ќе се обезбедуваат
статистички податоци на регионално и на локално ниво, а врз основа на географските
услови, населението, социоекономските и сообраќајните услови, историските и
просторните услови. НТЕС се состои од 5 нивоа: НТЕС ниво 1 и НТЕС ниво 2 е целата
територија на Република Македонија како административна единица, НТЕС ниво 3 се
состои од 8 неадминистративни единици - статистички региони кои се настанати со
групирање на општините како административни единици од понизок ред, НТЕС ниво 4
се состои од 84 општини како административни единици и НТЕС ниво 5 се состои од 1
767 населени места. НТЕС е усогласена со европската Номенклатура на
територијални единици за статистика - NUTS128. Номенклатурата на територијални
единици за статистика - NUTS е воспоставена од страна на Евростат и е основа за
прибирање, обработка и публикување на европската регионална статистика, во
соработка со националните статистички институти на земјите-членки. Основна цел на
класификацијата NUTS е да обезбеди единствена и унифицирана поделба на
територијалните единици на регионално ниво, како и продуцирање на усогласени и
споредливи статистички податоци за пазарот на труд, земјоделството, демографијата,
образованието, економијата и др., на ниво на региони, претставува основа за
планирање и развој на регионалната политика во ЕУ. Номенклатурата на
територијални единици за статистика – NUTS важи за земјите-членки на ЕУ, но истата
треба да ја применуваат и земјите кои имаат статус на кандидат за членство во ЕУ.

Вардарскиот регион го зафаќа централниот дел на Република Македонија и се протега


по течението на реката Вардар и Овчеполската Котлина. Овој регион, според
податоците за 2013 година, има најмал број на жители, односно 7.4% од вкупното
население. Се простира на 16.2% од територијата на Република Македонија.
Источниот регион е претежно планински регион и го опфаќа крајниот исток на
Република Македонија односно се простира по течението на реката Брегалница,
односно се протега низ Штипската, Малешевско- Пијанечката Котлина и Кочанското
Поле. Регионот зафаќа 14.2% од вкупната територија на Македонија со 8.6% од
вкупниот број на население (2013 година). Југозападниот регион го опфаќа крајниот
југозападен дел на Република Македонија, а според процените за 2013 година, во него
живеат 10.7 % од вкупното население во Република Македонија и се простира на
13.4% од вкупната површина на државата. Југоисточниот регион го опфаќа подрачјето
на Струмичко-радовишката и Гевгелиско-валандовската Котлина, односно долината
на реката Струмица и долниот тек на реката Вардар и според податоците за 2013
година, во регионот живеат 8.4% од вкупното население во Република Македонија, а
се простира на 10.9% од вкупната површина на државата. Пелагонискиот регион се
наоѓа на југот на Република Македонија и ги опфаќа Пелагониската Котлина и басенот
на Преспанското Езеро и опфаќа 18.9% од површината на Република Македонија, а во
него живеат 11.3% од вкупното население (2013 година) во Република Македонија.
Полошкиот регион го зафаќа северозападниот дел на Република Македонија, односно

128
EU Nomenclature of Territorial Units for Statistics

225
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Полошката Котлина и долината на реката Радика и се простира на 9.7% од вкупната


површина на државата, а во овој регион живеат 15.4% од вкупното население.
Североисточниот регион се простира по течението на реките Пчиња и Крива Река, а
по површина е еден од најмалите бидејќи зафаќа 9.3% од вкупната површина на
Република Македонија, со население кое изнесува 8.5% од вкупниот број на
населението. Скопскиот регион се простира во Скопската Котлина и е најмал по
површина односно зафаќа само 7.3% од вкупната територија, но според податоците за
2013 година е најнаселен - 29.7% од вкупното население во Република Македонија.

Демографските показатели прикажани во табела бр. 87 покажуваат дека на


регионално ниво има значајни разлики кои укажуваат на диспропорции во
територијалната дистрибуција на населението. Скопскиот регион, како најгусто
населен има речиси десет пати поголема густина на населеност од најретко
населениот, Вардарскиот регион. Стапките на вработеност и невработеност на
населението, на регионално ниво, покажуваат осцилирања во однос на вкупните
стапки на ниво на Република Македонија. Стапката на вработеност пак во
Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и во Пелагонискиот регион во 2013 година се
движи над вкупната стапка на национално ниво, при што највисока стапка на
вработеност бележи Југоисточниот регион и тоа 56.8 а најниска стапка на вработеност
има во Североисточниот регион. Во однос на стапката на невработеност, најниска
стапка на невработеност од 18.8, има Југоисточниот регион во кој е забележана и
највисоката стапка на вработеност, а највисока стапка на невработеност има
Североисточниот регион.

Табела 87. Население и стапки на активност во Република Македонија во 2013 година, по региони

Стапки на активност на
Вкупно население (состојба
населението на возраст на 15
31.12.2013) Густина
години
на
населен Стапка
Стапка на
ост Стапка на на
Вкупно Мажи Жени невработен
активност вработе
ост
ност
Република
80,3 57.2 40.6 29.0
Македонија 2 065 769 1 034 841 1 030 928
Вардарски
38 60.7 42.6 29.8
регион 153 422 77 993 75 429
Источен регион 177 988 89 996 87 992 50,4 61.0 49.1 19.5
Југозападен
66 56.2 35.6 36.7
регион 220 199 110 486 109 713
Југоисточен
63,3 69.9 56.8 18.8
регион 173 472 87 727 85 745
Пелагониски
49,3 64.4 50.1 22.2
регион 232 113 116 289 115 824
Полошки
131,6 46.6 31.0 33.6
регион 318 458 160 258 158 200
Североисточен
76,1 54.2 29.9 44.9
регион 175 863 89 548 86 315
Скопски регион 614 254 302 544 311 710 337,8 55.3 39.1 29.3
Извор: Публикација "Анкета на работната сила, 2013", Државен завод за статистика

226
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Согласно прикажаните податоци во табела бр. 88 најголемо учество од 30% во


вкупното население на Република Македонија имал скопскиот регион (614254 жители),
потоа следуваат полошкиот регион со учество од 15%, Пелагонискиот и југозападниот
регион со учество од по 11% секој одделно, додека најмало учество имал вардарскиот
регион (153422 жители) со учество од 7% во вкупното население на Република
Македонија (2065760 жители). 129

Табела 88. Население во Република Македонија на


крајот на годината (состојба 31.12.2013), по региони

Вкупно Структура
население (%)
Република Македонија 2065769 100
Вардарски регион 153422 7
Источен регион 177988 9

Југозападен регион 220199 11

Југоисточен регион 173472 8

Пелагониски регион 232113 11


Полошки регион 318458 15

Североисточен регион 175863 9


Скопски регион 614254 30
Извор: Публикација " Регионите во Република
Македонија, 2014 година", Државен завод за статистика

Прикажаните податоци во табела бр. 89 за земјоделската површина во Република


Македонија, по региони покажуваат дека во 2013 година, најголем дел од
земјоделската површина е концентриран во Пелагонискиот регион кој опфаќа 21.1% од
вкупната површина, а најмалку земјоделска површина, само 6.4%, има во Скопскиот
регион.

Табела 89. Структура на земјоделската површина во Република Македонија во


2013 година, по региони
Земјоделска Обработлива
Пасишта
површина површина
во во во
во % во % во %
хектари хектари хектари

Република
Македонија 1.260.336 100 508.546 40 751.187 60

129
Државен завод за статистика, Регионите во Република Македонија, 2014 година

227
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Вардарски
регион 140.752 100 50.592 36 90.132 64
Источен регион 177.633 100 76.818 43 100.784 57
Југозападен
регион 134.541 100 49.999 37 84.537 63
Југоисточен
регион 119.992 100 55.938 47 64.032 53
Пелагониски
регион 266.072 100 115.191 43 150.404 57
Полошки
регион 168.701 100 41.963 25 126.737 75
Североисточен
регион 172.225 100 78.828 46 93.391 54
Скопски регион 80.420 100 39.217 49 41.170 51
Извор: Регионите во Република Македонија, 2014 година Државен завод за
статистика

Приикажаните податоци во табела бр. 90 покажуваат дека во Македонија од сите


статистички региони Пелагонискиот регион има најголемо учество од 24% во вкупниот
број на говеда коишто се одгледувале на територијата на Република Македонија во
2013 година, втор е Полошкиот регион со учество од 20%, Североисточниот регион со
13%, а додека најмало учество имаат Вардарскиот регион со 5% и Источниот регион
со 8%. Во однос на одгледувањето на свињи пак ситуацијата е обратна односно во
2013 година најмногу свињи се одгледувале во Источниот регион (26%) и Вардарскиот
регион (20%), а најмалку во Југоисточниот (4%) и Пелагонискиот регион (5%).
Одгледувањето на овци е најмногу застапено во Пелагонискиот региони Југозападниот
регион (по 8% во секој регион ), а најмалку во Североисточниот (4%) и Скопскиот
регион (7%).130 Овие податоци се од големо значење не само при донесувањето на
одлуки на Централната власт за поддршка на примарното земјоделство, туку и за
носење на инвестициони и долгорочни политики за развој на пример на
преработувачката индустрија (за градба на капацитети, инвестиции во опрема, итн.).
Истотака и локалната власт има потреба од овие информации за делување на
локално ниво и за согледување на компаративните можности за развој на општината
која ја раководат.

Табела 90. Вкупен број на добиток, живина и пчелни семејства, по региони, по години
Пчелни
Коњи Говеда Свињи Овци Кози Живина семејства
Вкупно 20682 238333 167492 731828 75028 2201550 68294
Република учество
Македонија (%) 100 100 100 100 100 100 100
Вкупно 1866 11573 34081 93512 10891 146050 1676
Вардарски учество
регион (%) 9 5 20 13 15 7 2

130
Државен завод за статистика, Регионите во Република Македонија, 2014 година

228
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Вкупно 1411 19964 43233 114666 16725 130377 24562


Источен учество
регион (%) 7 8 26 16 22 6 36
Вкупно 3739 21736 16608 131626 6140 292797 32241
Југозападен учество
регион (%) 18 9 10 18 8 13 47
Вкупно 4426 25616 7297 98209 19112 117442 2639
Југоисточен учество
регион (%) 21 11 4 13 25 5 4
Вкупно 3082 56988 8246 133788 2006 312466 974
Пелагониски учество
регион (%) 15 24 5 18 3 14 1
Вкупно 1676 46776 16882 76872 6560 331624 4071
Полошки учество
регион (%) 8 20 10 11 9 15 6
Вкупно 2330 30459 27159 28869 6081 168504 1367
Североисточен учество
регион (%) 11 13 16 4 8 8 2
Вкупно 2152 25222 13987 54286 7513 702291 764
учество
Скопски регион (%) 10 11 8 7 10 32 1
Извор: Регионите во Република Македонија, 2014 година, Државен завод за статистика

Според табела бр. 91 производството на цреши е најзастапено во Југозападниот


регион на Република Македонија (остварено во 2013 година е 1557 тони со учество од
26% во вкупно произведеното), на второ место е Скопскиот регион (учество од 17%), а
најмалку застапено во Вардарскиот регион (со учество од 2% во вкупно
произведеното). Во производството на јаболка водечки е Пелагонискиот регион со
учество од 69% во вкупното производство на државата, во производството на круши
водечки е Североисточниот регион со учество од 16%, во производството на праски
водечки е Вардарскиот регион со учество од 44% а на второ место е Југоисточниот со
учество од 22%. Вардарскиот е на прво место и во производството на грозје во 2013
година со учество од 49% , на второ место е Југоисточниот со учество од 29 %, а
најмало учество од 0,2% има Полошкиот регион.

Табела 91.Производство на овошје и грозје, 2013 година, по региони, во тони


Цреши Вишни Кајсии Јаболка Круши Сливи Праски Ореви Грозје
Вкупно 6037 8867 3968 112929 7265 38902 11034 5467 292075
Република учество
Македонија (%) 100 100 100 100 100 100 100 100 100
Вкупно 143 1163 816 799 704 1913 4845 572 144381
Вардарски учество
регион (%) 2 13 21 1 10 5 44 10 49
Источен Вкупно 759 3141 198 2703 983 7571 257 587 12795

229
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

регион учество
(%) 13 35 5 2 14 19 2 11 4
Вкупно 1557 983 144 18139 1052 6727 573 753 6113
Југозападен учество
регион (%) 26 11 4 16 14 17 5 14 2
Вкупно 980 627 926 3125 774 7650 2403 512 83268
Југоисточен учество
регион (%) 16 7 23 3 11 20 22 9 29
Вкупно 759 958 191 77975 985 6973 767 1245 9085
Пелагониски учество
регион (%) 13 11 5 69 14 18 7 23 3
Вкупно 545 1010 51 6550 645 1229 80 693 619
Полошки учество
регион (%) 9 11 1 6 9 3 1 13 0
Вкупно 253 129 161 2232 1145 4955 158 466 17258
Североисточен учество
регион (%) 4 1 4 2 16 13 1 9 6
Вкупно 1040 856 1482 1405 978 1884 1952 639 18555
учество
Скопски регион (%) 17 10 37 1 13 5 18 12 6
Извор: Регионите во Република Македонија, 2014 година, Државен завод за статистика

Според податоците од табела бр. 92 Југоисточниот регион во Македонија е на прво место


според производството на домати (со учество од 56%) и на пиперки (со учество од 49%), на
второ место е според производството на тутун (37%) и пченка (20%). Пелагонискиот регион е
на прво место според оствареното производство на тутун (учество од 49%), а на второ место е
според проиводството на пиперки (24%). Полошкиот регион е на прво место според
производството на пченка (29%) и компир (22%). Североисточниот регион е на второ место
според производството на пченица, со учество од 17%.
Табела 92. Производство на одделни житни, индустриски и градинарски посеви, 2013 година, по региони, во тони
Пченица Пченка Тутун Компир Кромид Домати Пиперки Краставици
Вкупно 258960 131043 27859 189590 50787 130960 152153 36834
Република учество
Македонија (%) 100 100 100 100 100 100 100 100
Вкупно 21631 3572 2236 11899 1746 19746 11569 2380
Вардарски учество
регион (%) 8 3 8 6 3 15 8 6
Вкупно 23483 16630 814 34209 2681 5539 4499 1022
Источен учество
регион (%) 9 13 3 18 5 4 3 3
Вкупно 15016 11966 124 17944 450 940 1006 73
Југозападен учество
регион (%) 6 9 0 9 1 1 1 0
Вкупно 26832 25582 10301 26736 22561 73504 74141 28968
Југоисточен учество
регион (%) 10 20 37 14 44 56 49 79
Вкупно 86474 16692 13746 22190 11674 6837 36752 1606
Пелагониски учество
регион (%) 33 13 49 12 23 5 24 4

230
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Вкупно 20346 37899 1 40847 7342 13401 13503 1105


Полошки учество
регион (%) 8 29 0 22 14 10 9 3
Вкупно 43693 8381 58 15222 2177 2806 3147 123
Североисточен учество
регион (%) 17 6 0 8 4 2 2 0
Вкупно 21485 10322 580 20542 2156 8187 7536 1556
учество
Скопски регион (%) 8 8 2 11 4 6 5 4
Извор: Регионите во Република Македонија, 2014 година, Државен завод за статистика

2.6.Економски податоци за аграрот

Агро економијата има за цел да утврди како се алоцираат ограничените ресурси, на кој
начин земјоделските стопанства можат да го зголемат профитот, како пазарната
конкуренција влијае врз стопанствата и потрошувачите и како влијае ограниченоста на
пазарите врз пласманот на производите. Економските податоци зa аграрот се
неопходни за анализа, предвидувања и донесување на политички мерки за следење
на производниот процес и на создавањето на примарниот доход од земјоделската
економска дејност.

Значењето на аграрот е поголемо за земјите во развој во кои нема услови за


создавање на компаративни предности во индустријата, за разлика од развиените
земји каде постои високоразвиена индустрија која е конкурентна и е главен извор на
приходи и вработува поголем дел од работоспособното население. Сепак, и во
развиените земји аграрот има централно значење бидејќи е извор на храна за
населението, а се обрнува особено внимание на обезбедувањето на здрава храна и
намалување на увозната зависност за прехранбени производи. Придонесот на аграрот
врз економскиот развој може да се согледа преку неговото учество во:

 создавањето на Бруто домашниот производ на една земја,

 вработеноста на населението и

 извозот.

Како што може да се заклучи од табела бр.93 учеството на аграрот во создадениот


БДП во Република Македонија е релативно високо односно околу 10 % во БДП во
периодот 2000- 2013 година (највисоко учество од 11,6% имал во 2004 година, а
најниско од 8,9% во 2007 година), за разлика од неговото учество во ЕУ од 1,5% во
2013 година (најголемо учество од 1,9% имал во 2000 и 2001 година, а најниско од
1,4% во 2009 година) и нејзините земји членки каде што учествува со околу 1%
(најмало учество во 2013 година имал во Луксембург 0,3% и Велика Британија 0,6%, а
најголемо во Исланд 6% и Романија 5,5%). Ова укажува на големото значење кое го
има аграрниот сектор во економијата на нашата држава, како и дека соодветните

231
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

вложувања во развој на овој сектор повеќекратно позитивно ќе се одразат на растот и


развојот на македонската економија.

Табела 93. Учество на аграрот во БДП на Република


Македонија, во милиони денари, по години

Република Македонија Учество


на
Година Бруто додадена аграрот
вредност во БДП во
Бруто- во ЕУ (во %)
домашен милиони % од
производ денари БДП
2000 248646 25105 10,1 1,9
2001 252393 24595 9,7 1,9
2002 258581 26299 10,2 1,8
2003 268694 31003 11,5 1,8
2004 280786 32442 11,6 1,8
2005 308447 30031 9,7 1,5
2006 334840 30100 9 1,5
2007 372889 33308 8,9 1,5
2008 414890 47478 11,4 1,5
2009 414622 42997 10,4 1,4
2010 437296 44258 10,1 1,5
2011 464187 43405 9,4 1,5
2012 466703 42493 9,1 1,5
2013 499559 48170 9,6 1,5
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци
(проценет податок за 2013 година)

Значењето на аграрот за економијата на една земја може да се согледа и преку


неговото учество во вкупната вработеност. Во табела бр. 94 се прикажани податоците
за вкупниот број на вработени во Република Македонија во периодот 2009- 2014
година, бројот на вработени во примарното земјоделство, како и неговото учество во
вкупната вработеност.131 Како што може да се заклучи од табелата аграрот учествува
со околу 18% во вкупната вработеност во разгледуваниот период, додека одделно
гледано според сопственоста поголемо учество има во приватната сопственост каде
учествува со околу 24%, а во останатите видови на сопственост (мешовита, задружна,
државна и недефинирана) од 1,5 до 2,5%. За споредба, во ЕУ примарното земјоделско
производство учествува со околу 5,5% во вкупната вработеност.

131
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/PazarNaTrud/AktivnosNaNaselenie/AktivnosNaNas
elenie.asp

232
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 94. Вработени според сопственоста на деловните субјекти во


економијата вкупно и во аграрот, 2011- 2014
Учество во
Земјоделство,
вкупната
Вкупно лов, шумарство и
вработеност
рибарство
(во %)
2009 629901 115581 18,3
2010 637855 120597 18,9
2011 645085 120893 18,7
Вкупно
2012 650554 112623 17,3
2013 678838 127186 18,7
2014 690188 127438 18,5
2009 463683 111363 24,0
2010 470018 117216 24,9
Приватна 2011 483579 118508 24,5
сопственост 2012 488206 109197 22,4
2013 521607 123755 23,7
2014 530868 124603 23,5
2009 166218 4218 2,5
2010 167837 3381 2,0
Друга 2011 161507 2386 1,5
1)
сопственост 2012 162348 3426 2,1
2013 157230 3430 2,2
2014 159320 2835 1,8
Извор: Државен завод за статистика/ база на податоци
1)
Друга (мешовита, задружна, државна и недефинирана)

Во табела бр. 95 се прикажани податоци за половата структура на вработените во


2014 година.132 Како што може да се констатира од табелата во вкупниот број на
вработени во македонската економија поголемо е учеството на мажите со 60,8% во
однос на жените кои учествувале со 39,3% во вкупната вработеност. Аграрот
учествувал со 18, 5% во вкупната вработеност во 2014 година, при што може да се
забележи речиси еднакво учество во однос на половата структура.

Табела 95. Вработени во економијата вкупно и во аграрот, по пол, 2014 година

Структура според Структура според


Сектори Пол полот, % дејноста, %
вкупно мажи жени вкупно мажи вкупно мажи
жени жени
Вкупно 690 188 419 589 270 599 100,0 60,8 39,2 100,0 100,0 100,0
Земјоделство,
шумарство и 127 438 77 392 50 046 100,0 60,7 39,3 18,5 18,4 18,5
рибарство
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци

132
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/PazarNaTrud/AktivnosNaNaselenie/AktivnosNaNas
elenie.asp

233
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Аграрот има големо значење и во извозот што може да се заклучи од податоците


прикажани во табела бр. 96, односно во остварениот извоз учествува со 6-7% а во
увозот со 2-3%, за разлика од ЕУ каде што аграрот учествува со 5- 6% во вкупниот
извоз и со исто учество (5-6%) во вкупниот увоз133. Покриеноста на увозот со извозот
на земјоделско- прехранбени производи во 2011 година бил 64%, додека во 2012
година 62% што укажува на фактот дека Република Македонија увезува повеќе него
што извезува земјоделско- прехранбени производи и покрај големите потенцијали за
задоволување на сопствените потреби и можностите за извоз. Ова значи дека треба
да се вложат многу повеќе напори за зголемување на степенот на преработка на
производите што секако дека вредносно има големо значење во вредноста на
извезените производи. Природните предуслови на Република Македонија треба да
бидат искористени за понатамошен развој на аграрот и зголемување на неговото
учество во извозот и намалување на увозот на земјоделски производи со што
позитивно ќе се влијае на понатамошно намалување на трговскиот дефицит, зголемен
прилив на девизни средства и подобрување на платниот биланс на државата.

Табела 96. Извоз и увоз во Р. Македонија, 2010- 2013, во


илјади САД долари

Земјоделски
производи,
Учество
Вкупно производи од лов
(во %)
и услуги во врска
со нив
2010 3351429 226517 6,8
2011 4478313 266735 6,0
Извоз
2012 4015403 245836 6,1
2013 4298772 289764 6,7
2010 5474485 118774 2,2
2011 7027162 157558 2,2
Увоз
2012 6522388 173234 2,7
2013 6619586 151284 2,3
Извор:Публикации "Стоковна размена на Р.маедонија со странство 2011-2014", Државен завод за
статистика

Вкупниот извоз на стоки во 2012 година учествувал со 48,15% во остварениот БДП, а


согласно податоците прикажани во табела 97 извозот на храна во 2012 година
изнесувал 8,5% во вкупниот извоз и 4,07% во остварениот БДП, додека извозот на
пијалаци и тутун учествувал со 5,9% во вкупниот извоз и 2,85% во остварениот БДП.
Анализата по држави во кои се извезува храна покажува дека најголемо учество во
вкупниот извоз на храна има извозот во соседна Србија и тоа 24% (82.171.000
долари), на второ место е Косово со 11% (36.281.000 долари), со по 8% е извозот во
Хрватска и Босна и Херцеговина. Во однос на извозот на пијалоци и тутун најголемо
релативно учество има извозот во Белгија со 13 % (31.272.000 долари), со по 12% во
Германија (29.179.000 долари) и САД (28.883.000 долари) и 9% во Грција (21.202.000
долари).

133
http://ec.europa.eu/eurostat/data/database

234
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 97. Извоз по земји, 2012 година

во илjади САД долари

Храна Пијалаци и тутун

Вкупно
% од извоз на % од
Вкупно извоз Вкупниот пијалаци и Вкупниот
Име Вкупно на храна извоз % од БДП тутун извоз % од БДП

Вкупно 4015403 339618 8,458 4,073 237722 5,920 2,851

Шпанија 46939 478 1,018 0,006 646 1,376 0,008

Швајцарија 33334 1946 5,838 0,023 534 1,602 0,006

Шведска 11335 2483 21,906 0,030 90 0,794 0,001

Чешка 34890 3368 9,653 0,040 7143 20,473 0,086

Албанија 75656 8732 11,542 0,105 5367 7,094 0,064

Аргентина 3764 0 0 0,000 3751 99,655 0,045

Австралија 5061 3770 74,491 0,045 405 8,002 0,005

Австрија 48984 3444 7,031 0,041 93 0,190 0,001

Белгија 41620 2106 5,060 0,025 31272 75,137 0,375

Белорусија 5459 4423 81,022 0,053 0 0,000 0,000

Босна и Херцеговина 84545 26925 31,847 0,323 10355 12,248 0,124

Бразил 2143 0 0,000 0,000 1338 62,436 0,016

Бугарија 287163 11130 3,876 0,133 12458 4,338 0,149

Црна Гора 31475 13539 43,015 0,162 1931 6,135 0,023

Данска 7079 185 2,613 0,002 46 0,650 0,001

Франција 20349 3714 18,252 0,045 1753 8,615 0,021

Германија 1180747 14616 1,238 0,175 29179 2,471 0,350

Грција 188486 19488 10,339 0,234 21202 11,249 0,254

Холандија 65996 1848 2,800 0,022 1996 3,024 0,024

Хонг Конг 1279 11 0,860 0,000 63 4,926 0,001

Хрватска 98502 27915 28,340 0,335 13715 13,924 0,164

235
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Индија 23960 0 0,000 0,000 49 0,205 0,001

Ирак 4466 2671 59,807 0,032 1392 31,169 0,017

Италија 281177 20023 7,121 0,240 2375 0,845 0,028

Израел 2806 1561 55,631 0,019 71 2,530 0,001

Јапонија 1475 107 7,254 0,001 615 41,695 0,007

Јужна Кореја 57858 0 0,000 0,000 0 0,000 0,000

Канада 3536 1681 47,540 0,020 1215 34,361 0,015

Кина 158846 15 0,009 0,000 1023 0,644 0,012

Косово 392459 36281 9,245 0,435 12149 3,096 0,146

Латвија 2358 683 28,965 0,008 35 1,484 0,000

Литванија 2511 730 29,072 0,009 166 6,611 0,002

Мексико 1371 0 0,000 0,000 47 3,428 0,001

Обединети Арапски 5674 41 0,723 0,000 2229 39,284 0,027


Емирати

Полска 18153 4248 23,401 0,051 828 4,561 0,010

Португалија 11154 11 0,099 0,000 1127 10,104 0,014

Романија 52757 6753 12,800 0,081 5261 9,972 0,063

Русија 33144 8562 25,833 0,103 1790 5,401 0,021

САД 56399 3151 5,587 0,038 28883 51,212 0,346

Саудиска Арабија 2551 41 1,607 0,000 0 0,000 0,000

Словачка 72743 1510 2,076 0,018 1264 1,738 0,015

Словенија 74272 8707 11,723 0,104 2260 3,043 0,027

Србија 298145 82171 27,561 0,985 28121 9,432 0,337

Тајван 13960 8 0,057 0,000 0 0,000 0,000

Турција 66811 2494 3,733 0,030 63 0,094 0,001

Украина 17862 1562 8,745 0,019 1199 6,713 0,014

Унгарија 9120 3263 35,779 0,039 800 8,772 0,010

Велика Британија 62928 688 1,093 0,008 710 1,128 0,009

236
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Извор:Публикации "Стоковна размена на Р.маедонија со странство 2013", Државен завод за


статистика

Согласно податоците од табела бр. 98 бројот на активните деловни субјекти во


Република Македонија во 2014 година изнесува 70.659, а најголемо учество во
структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила и мотоцикли со 24674 субјекти или 34.9% и Преработувачка
индустрија со 7675 субјекти или 10.9%. Аграрот учествува со 4% во вкупниот број на
деловни субјекти, но при овие анализи потребно е да се имаат во предвид
специфичностите на организационите облици во кои се одвива земјоделското
производство. Имено, со аграр може да се занимаваат и домаќинства или стопанства
особено во руралните средини кои и покрај тоа што немаат регистрирано правен
субјект егзистираат од произведеното за задоволување на потребите на членовите на
домаќинството, а произведените вишоци (вообичаено се работи за помали количини)
ги продаваат на локалните или на регионалните пазари. Така, според податоците
добиени од последно спроведеното структурно истражување за земјоделските
стопанства спроведено во периодот 1 до 20 јуни 2013 година вкупниот број на
земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 170885. Индивидуалните
земјоделски стопанства претставуваат економски единици на земјоделското
производство што ги исполнуваат следните услови:
- користат земјоделска површина од 1000 м2 или повеќе или
- користат земјоделско земјиште помало од 1000 м2 или воопшто не користат, но
поседуваат одреден минимален број добиток, живина или пчелни семејства и тоа:
• 1 крава и 1 теле или
• 1 крава и 1 јуне или
• 1 крава и две пораснати грла ситен добиток или
• 5 пораснати овци или кози или
• 3 пораснати свињи или
• 4 пораснати овци или кози и свињи заедно или
• 50 броја порасната живина или
• 20 пчелни семејства.
Со Пописите за земјоделство се опфаќаат и домаќинствата што имаат земјоделско
производство, но не ги исполнуваат условите за индивидуално земјоделско
стопанство ако земјоделското производство е единствен извор на приход за тие
домаќинства.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени
покажуваат дека најголемо учество од 85.2% имаат деловните субјекти со 1-9
вработени, а нивното учество во аграрот е 92,4%. Потоа следат деловните субјекти
без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени)
со 5.6%, а во аграрот со 4%.

237
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Tабела 98. Број на активни деловни субјекти по сектори на дејност според Националната
класификација на дејностите НКД Рев. 2 и според бројот на вработени, 2014 година
Број на активни деловни субјекти според бројот на
вработени
Сектори на дејност Вкупно %
1) 250
0 1-9 10-19 20-49 50-249
+
Вкупно
70 659 100,0 3 972 60 215 3 092 1 869 1 305 206
Земјоделство, шумарство и
рибарство 2 842 4,0 116 2 625 37 35 27 2
Рударство и вадење на камен
180 0,3 10 119 27 14 6 4
Преработувачка индустрија
7 675 10,9 209 5 915 656 472 363 60
Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и
климатизација 151 0,2 19 116 7 0 6 3
Снабдување со вода;
отстранување на отпадни
води, управување со отпад и
дејности за санација на
околината 298 0,4 16 198 26 22 25 11
Градежништво
4 349 6,2 171 3 632 297 172 72 5
Трговија на големо и трговија
на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли
24 674 34,9 664 22 678 837 364 115 16
Транспорт и складирање
5 919 8,4 79 5 421 247 121 44 7
Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна 4 493 6,4 67 3 952 325 125 23 1
Информации и комуникации 1 475 2,1 188 1 127 89 40 24 7
Финансиски дејности и
дејности на осигурување 400 0,6 50 291 13 19 17 10
Дејности во врска со
недвижен имот 507 0,7 99 371 15 15 6 1
Стручни, научни и технички
дејности 6 095 8,6 288 5 560 185 47 13 2
Административни и помошни
услужни дејности 1 554 2,2 439 973 58 45 27 12
Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално
осигурување
264 0,4 4 27 36 83 81 33
Образование 1 064 1,5 43 509 48 164 295 5
Дејности на здравствена и
социјална заштита 3 322 4,7 26 2 983 95 77 121 20
Уметност, забава и
рекреација 1 185 1,7 382 676 50 39 32 6
Други услужни дејности
4 212 6,0 1 102 3 042 44 15 8 1
Дејности на домаќинствата - - - - - - - -
како работодавачи; дејности
на домаќинствата кои
произведуваат разновидна
стока и вршат различни
услуги за сопствени потреби

238
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Дејности на - - - - - - - -
екстратериторијални
организации и тела
Извор:Соопштение "Број на активни деловни субјекти, 2014 година", Државен завод за статистика
1)
Вклучувајќи и деловни субјекти со неутврден број на вработени

Економските сметки во аграрот (ЕСЗ) се дел од економските податоци за аграрот и


истите претставуваат сет на сметки кои даваат дополнителни информации и
согледувања прилагодени на посебната природа на аграрот, а се засниваат на
концептот на деловна гранка земјоделство. При мерењето на вкупната производна
активност на земјоделските единици, се зема во предвид постоењето на одредени
(неделиви) неземјоделски секундарни дејности, односно кон ЕСЗ се приоѓа од аспект
на економската состојба на аграрот. Вкупното производство на деловната гранка
земјоделство се добива од два вида на дејности:
-земјоделски дејности кои се вршат од страна на земјоделските единици и
-неземјоделски секундарни дејности на земјоделските единици (дејности во кои
трошоците не можат да се набљудуваат одделно од земјоделската дејност, пример
доработката на земјоделските производи на самото земјоделско стопанство).134
Во ЕСЗ, производството на една деловна гранка претставува збир на сите производи
произведени за време на пресметковниот период од страна на сите единици, освен
оние стоки и услуги, кои се произведени и искористени од иста едниница за време на
истиот пресметковен период. Во ЕСЗ земјоделското производство претставува збир на
производството на сите единици во деловната гранка (со исклучок на производството
наменето за меѓуфазна потрошувачка на единицата која го произвела, плус
производството наменето за меѓуфазна потрошувачка на истата единица, само во
случај кога ова производство е наменето за две различни основни дејности).
Меѓуфазната потрошувачка се состои од вредноста на стоките и услугите кои се
потрошени како инпути во процесот на производство, исклучувајќи ги основните
средства, чие трошење се запишува како амортизација. Стоките или услугите може да
бидат било трансформирани, било целосно искористени во процесот на производство.
Во деталната класификација на различните категории на ставки, меѓуфазната
потрошувачка ја прикажува поврзаноста на аграрот со другите гранки од економијата
преку инпутите, исто така се користи како запис при пресметката на интензитетот на
производните фактори (т.е. однос помеѓу два фактори на производство, на пример
меѓуфазната потрошувачка и инпутот на работна сила).

Економските сметки за аграрот се засниваат на серија на меѓусебно поврзани сметки


во кои се запишуваат трансакциите и тоа почнувајки од создавањето на доходот преку
акумулацијата на доходот во облик на средства па до распределбата и
прераспределбата на доходот.

Балансните ставки (бруто додадена вредност, нето додадена вредност, нето доход на
индивидуалните производители) кои се изведуваат од сметките се користат како
агрегати за мерење на економските постигнувања.

134
Annex I of the EAA Regulation and in the Manual on the economic accounts for Agriculture and Forestry EAA/EAF 97
(Rev.1.1).

239
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Една од главните карактеристики на економските сметки за аграрот претставува


примената на формулата “количина x цена” при мерењето на производството на
огромно мнозинство од производи.
Во бруто вредноста на производството е вклучено и производството на "малите
единици" кое има субстенцијален карактер а исто така и производството на единиците
за кои производството има карактер на хоби.
Со цел да може да се направат подобри економски анализи, како и за да се
разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се
однесуваат на промената на цените се прават пресметки по постојани цени.
Ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на
цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската
компонента.

Како што може да се заклучи од Графиконот бр. 37, во разгледуваниот период 2006-
2011 година оствареното производство бележи постојан раст со исклучок на 2010
година кога бележи мал пад од 1,4%, додека пак инпутот бележи пад во континуитет
почнувајќи од 2009 година кога има пад од 0,03% во однос на 2008 година, а во 2011
година бележи пад од 4,47% во однос на 2010 година. Бруто додадената вредност на
производството бележи континуиран раст кој во 2011 година е 5,8% во однос на 2010
година. Податоците се пресметани по постојани цени односно по цени од претходна
година. 135
Графикон 37. Движење на Производството, меѓуфазната потрошувачка и

бруто додадената вреднос, 2006- 2011, ЕСЗ по постојани цени во милиони денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 2006-2011, "Државен завод за статистика

Трансакции на распределбата се трансакции кои додадената вредност, создадена во


процесот на производство, ја распределуваат на работната сила, капиталот и
државата. Преку трансакциите на распределбата се врши прераспределба на доход и
богатство. Најважни трансакции на распределба се оние кои се запишуваат во

135
Manual on the economic accounts for Agriculture and Forestry EAA/EAF 97 (Rev.1.1), Еurostat

240
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

сметките за распределба на примарниот доход, посебно во сметката за создавање на


доходот и сметката за претприемачкиот доход. Во сметката за претприемачкиот
доход, трансакциите на распределба соодветствуваат на видовите на доход од
сопственост.
Додадената вредност претставува разлика помеѓу вредноста на производството и
вредноста на меѓуфазната потрошувачка. Таа претставува клучна мерка за
продуктивноста на една економија или деловна гранка. Со одземањето на другите
даноци на производство од додадената вредност по основни цени и со додавањето на
другите субвенции на производство се добива додадена вредност според трошоци по
производни фактори. Нето додадената вредност според трошоци по фактори го
претставува доходот на производните фактори.
Средствата на вработените се вкупните надоместоци, во кеш или во натура, кои
работодавачот му ги плаќа на работникот, за возврат на работата што ја извршува
работникот за време на пресметковниот период. Во ЕСЗ, во случај кога производните
единици претставуваат индивидуално стопанство, средствата на вработените не го
вклучуваат надоместокот за работата на стопанството извршена од страна на
земјоделецот или неплатените членови на неговото семејство.
Субвенциите се тековни неповратни исплати, кои државата ги врши кон резидентните
производители со цел да се влијае врз нивото на нивното производство, нивните цени
и нивните надоместоци за производните фактори.
Субвенциите на производи претставуваат субвенции што се плаќаат по единица на
произведена или увезена стока или услуга во момент кога стоката е произведена,
продадена или увезена. Други субвенциите на производство се состојат од оние
субвенции кои можат да ги добијат резидентните производни единици, како резултат
на нивното ангажирање во производството.
Предвидливото трошење и застарување на основните средства за време на
референтниот период, претставува трошок, кој е имплицитен се додека одредена
ставка не се замени со нова. Ова трошење и застарување се мери преку
амортизацијата. Вклучувањето на амортизацијата на страна на употребите во
производната сметка овозможува да се изврши распределба на трошоците за
инвестиции, кои треба да се распоредат низ целиот период на употреба.
Ако економскиот век на траење на средствата за производство е подолг од една
година, амортизацијата на основни средства ја претставува делот од вредноста на
основните средства, употребен во производниот процес за време на набљудуваниот
период, како резултат на нормално трошење и предвидена застареност. Ако, од друга
страна, употребените средства за производство имаат економски век на траење
пократок од една година, трошењето се запишува како меѓуфазна потрошувачка.
Главна цел на ЕСЗ е да се врши мерење на доходот на аграрот и промените во него.
Доходот може да биде дефиниран како максимален износ, кој може да се потроши од
корисникот за даден временски период, без притоа да се намали волуменот на
средствата. Исто така, доходот може да биде дефиниран како збир на потрошувачката

241
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

и промената на вредноста на средствата за даден временски период и ако се друго е


непроменето, доходот прикажува колку би можело да биде потрошено136.
Нето додадената вредност на деловна гранка ја мери вредноста создадена во
аграрот, откако се извршило намалувањето за амортизацијата на основни средства,
Нето додадената вредност, според трошоци на производни фактори (дефинирана
како нето додадена вредност по основни цени минус други даноци на производство
плус други субвенции на производство), ги мери надоместоците за сите производни
фактори во суштина тоа е доход од производните фактори.

Нето деловниот вишок го мери приходот добиен од земјиштето, капиталот и


неплатената работна сила. Тој претставува биланс во сметката за создавање на
доходот, кој ја прикажува распределбата на доходот помеѓу производните фактори и
секторот држава. Според податоците од графиконот бр. 38Нето деловниот вишок во
2012 година изнесува 36561 милиони денари и е за 1% повисок во однос на
претходната година, односно за 12% повисок во однос на 2008 година.

Графикон 38. Нето деловен вишок/ доход на индивидуалните производители,

2008- 2012, ЕСЗ по тековни цени во милиони денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 2008-2012, "Државен завод за статистика

Нето претприемачкиот доход, го претставува збирот на каматата примена од


земјоделските единици што се организирани како претпријатија, и нето деловниот
вишок намален за рентата и исплатената камата. Кај индивидуалните земјоделски
производители претприемачкиот доход ги претставува од една страна, надоместокот
за работата која ја извршил сопственикот на земјоделското стопанство и членовите на

136
Annex I of the EAA Regulation and in the Manual on the economic accounts for Agriculture and Forestry EAA/EAF 97
(Rev.1.1).

242
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

неговото семејство, а од друга страна, доходот кој останува во стопанството, без


можност за одвојување на овие две компоненти. Согласно последно расположливите
податоци претприемачкиот доход во 2012 година изнесува 36052 милиони денари и е
за 1% повисок во однос на 2011 година (35704 милиони денари), а во однос на 2008
година е повисок за 11%.

Графикон 39. Претприемачки доход, 2008- 2012, ЕСЗ по тековни цени во милиони денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 2008-2012, "Државен завод за статистика

За пресметка на номиналниот и реалниот доход во аграрот од производните фактори


по работна сила се користат податоците за Годишни Работни Единици (ГРЕ)137. Една
ГРЕ одговара на инпут, мерен со работно време на едно лице кое е вклучено во
земјоделска дејност на земјоделската единица со полно работно време во тек на цела
година. Реалниот доход остварен од ангажираните производни фактори по лице во
2012 година изнесува 334348 денари и е за 16% повисок во однос на 2011 година
односно за 33% во однос на 2008 година.
Табела 99. Работна сила во аграрот, 2008- 2012

вп милипни денари пп текпвни цени

Опис 2008 2009 2010 2011 2012

Вкупна работна сила во аграрот (1000 годишни работни 130 118 117 131 118
единици)

Неплатена рабптна сила вп аграрпт 60 55 56 68 62

Платена рабптна сила вп аграрпт 70 63 62 63 56

137
Target methodology for agricultural labour input (ALI) statistics (Rev.1), Eurostat

243
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Нпминален дпхпд пд прпизвпдните фактпри пп рабптна 269021 289 500 322 486 290 953 334 683
единица – денари
Реален дпхпд пд прпизвпдните фактпри пп рабптна единица- 250719 288 634 311 160 288 358 334 348
денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 2006-2011, "Државен завод за статистика

2.7. Компаративни предности на аграрното производство во Република


Македонија

Според класичната теорија за компаративна предност, специјализацијата на


националните економии според апсолутните предности во продуктивноста и нивното
активно вклучување во меѓународната размена создава повеќе предности во секоја од
вклучените земји, како и за меѓународната зедница во целина138. Специјализацијата
води кон тоа секоја национална економија да ги ангажира своите ресурси на
најефикасен начин, со што се крева нивото на постигнатата продуктивност во
меѓународни размери, а со тоа подобро се задоволуваат одделните потреби на
светската популација и расте нејзиниот животен век.
Според Дејвид Рикардо доколку некоја национална економија би постигнала толку
висок степен на економски развој што би успеала да оствари апсолутна предност во
продуктивноста во сите видови производства тогаш таа економија би зела учество во
меѓународната размена и не би можело да се изврши специјализација на
производството139. Но ова е само претпоставка бидејќи треба реално да се имаат во
предвид компаративните предности што ги има една земја во однос на друга.
Владините политики (трговски рестрикции, нецарински трговски бариери, домашна
внатрешна политика за поддршка и трговија), мултилатералните трговски преговори
од една страна но и либерализацијата на меѓународната трговија, Светската
трговска организација и Генералниот договор за тарифи и трговија (ГАТТ) од друга
страна треба да се имаат во предвид бидејќи имаат свое влијание врз компаративните
предности на одделните држави.
Основата на Хекшер– Олиновата теорија лежи во Рикардовата теорија на
компаративните предности. Хекшер- Олиновата теорија ја застапува тезата според
која меѓународните и регионалните разлики во производните трошоци произлегуваат
од разликата во снабденоста со одделните фактори на производство на дадените
територии. Затоа секоја земја треба да се специјализира за оние видови производства
за кои поседува изобилство од потребните фактори на производство140.
Портер ја унапредува Хекшер-Олиновата теорија со тоа што факторите за
производство ги дели на две основни групи: природно дадени и создадени141. Според
него за развојот на определени индустрии поголемо значење имаат вториот вид
фактори за производство. Нациите стекнуваат конкурентски предности онаму каде што
нивниот национален дијамант е најповолен. Интеракциските врски меѓу секоја

138
International trade theory (Capital, Kbowledge, Economic Structure, Money and Prices over time), Zhang W.B, 2000

139
Classical Ricardian Theory of Comparative Advantage Revisited, Stephen S. Golub and Chang- Tai Hsieh,2000

140
The Heckscher-Ohlin model in theory and practice, Department of economics, Princeton University, New Jersey, 1995

141
Porter, M., “The Competitive Advantage of Nations”, Macmillan 1990; 2nd edn, Macmillan Business, 1998

244
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

детерминанта се со повратна спрега и сочинуваат систем со внатрешно засилување.


Интеракциските врски се формираат околу т.н. гроздови во националниот дијамант и
можат да бидат директни и индиректни. Гроздовите, пак, може да ги формира само
една индустриска дејност или група индустриски дејности. Внатрешното засилување
во дијамантот подразбира дека предноста што постои или може да се стекне кај една
од детерминантите може да ја поттикне појавата на предности кај другите
детерминанти. Портеровата теорија е првата која го застапува стојалиштето дека
нацијата, за да обезбеди адекватно место во меѓународната размена, не може да
избира дали ќе настапува со класичен извоз или со извоз на капитал во вид на
странски директни инвестиции. Напротив, таа мора да настапува со обата вида
економски трансакции за воопшто да успее да се вклопи во меѓународната поделба на
трудот.
Компаративните предности треба да се анализираат паралелно со проблемите
односно пречките за понатамошен развој. Силните страни односно предностите треба
да се идентификуваат за понатаму да се развиваат додека пречките треба да се
надминат за да се прилагоди економијата и секторите во неа на пазарните услови и
барања.
Компаративните предности на македонскиот аграр се резултат на:
 поволна микро-клима,
 постоењето на поволни природни услови односно постоење на еколошки
средини,
 плодна почва,
 природни пасишта погодни за производство на одредени земјоделски и
хортикултурни производи,
 јагнешко месо и
 традиција во аграрот.

Територијата на Република Македонија е претежно планинска (79% од вкупната


територија), а останатиот дел се низини (19%) и природните езера (2% - Охридско,
Преспанско и Дојранско езеро. Околу половина од вкупната територија е земјоделско
земјиште, а околу 44% се земјиште под шуми.142 Како резултат на географска положба
и топографија, климата во Република Македонија спаѓа во три различни групи:
медитеранска, планинска и континентална и е многу погодна за одгледување на
различни видови на растителни култури и добиток.
Еколошкиот аспект е еден од клучните елементи на Заедничката земјоделска
политика на Унијата, а во таа смисла Македонија има природни предуслови, еколошки
здрави средини во кои може да се одгледуваат различни видови на растителни
производи но и да се одгледува добиток. Треба да се имаат во предвид големите
површини под пасишта кои секако можат да допринесат во голема мерка за развој на
еколошкото добиточно производство. Во последните години македонскиот аграр ги
почитува барањата за добра земјоделска пракса која не ја загрозува туку ја одржува
животната средина. За прв пат, почнувајќи од 2013 година, остварувањето на правото
на финансиска поддршка во делот на директните плаќања во Македонија е предмет на
задолжително исполнување на одредени барања поврзани со исполнување на
барањата за добри земјоделски пракси и заштита на животната средина. Во насока на
прифаќање на овие политики на поддршка, покрај веќе воспоставената политика од 30
142
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА ПЕРИОДОТ 2014-2020 ГОДИНА
245
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

отсто дополнителни субвенции за органските производители и покривање на


трошоците за нивна сертфикација, во 2014 година почнаа да се воведуваат и
агроеколошките мерки за дополнителни плаќања за македонските автохтони раси
праменка, буша и македонскиот овчарски пес, шарпланинецот. Агро-еколошките
плаќања придонесуваат за одржлив рурален развој со охрабрување и поддршка на
еколошки одржливи земјоделски практики и системи.

Компаративните предности на аграрот се согледуваат и преку следните податоци:


околу 49 проценти од вкупната површина на Република Македонија или 1,26 милиони
хектари е земјоделско земјиште, вклучувајќи и околу 751.000 хектари пасишта.143
Расположливото земјоделско земјиште во рамките на ЕУ е најголемо во Франција каде
истото изнесува 18,47 милиони хектари, а потоа следуваат Германија со 11,88
милиони хектари и Шпанија со 11,29 милиони хектари, додека од земјите од
соседството Бугарија располага со 3,28 милиони хектари земјоделско земјиште, Грција
со 1,82 милиони хектари, Хрватска 0,90 милиони хектари и Словенија 0,17 милиони
хектари. Најголемиот дел од обработливата земја (81 проценти) во Република
Македонија се користи за производство на житни култури и зеленчукови производи, 4
проценти од обработливата земја се лозови насади, 3 проценти се оранжерии, а
останатите 12 отсто се ливади. Поголем дел од земјоделското земјиште во земјите
членки на ЕУ е под житни култури, и тоа: во Франција 51% од земјоделското земјиште
е под житни култури (9,5 милиони хектари), во Германија 55% е под житни култури (6,5
милиони хектари), во Шпанија 55% односно 6,2 милиони хектари, во Бугарија 58% е
под житни култури односно 1,9 милиони хектари, во Грција 55% односно 1,0 милиони
хектари, во Хрватска 67% е под житни култури (0,6 милиони хектари) и во Словенија
59% од земјоделското земјиште е под житни култури (0,1 милиони хектари).144
Земјоделските производи претставуваат 15-17% од извозот на Република Македонија,
иако земјата е нето увозник на земјоделски и прехранбени производи. Над 70 отсто од
вкупното производство на македонскиот свеж зеленчук, особено раноградинарски
производи поради ценовната предност, но и преработките од зеленчук завршуваат на
надворешните пазари.

Согласно податоците прикажани во табела бр.100, растителното производство


преовладува во однос на добиточното производство како во Република Македонија
така (со учество од 74,9% во вкупното производство на земјоделски производи), така и
во ЕУ (56,4%) и нејзините земји членки (Бугарија 69,6%, Германија 53,1%, Грција
71,6%, Шпанија 59,8%, Франција 63,7%, Хрватска 62,7% и Словенија 52,8%).
Во вкупното земјоделско производство остварено во 2012 година во Република
Македонија градинарските производи учествувале со најголем процент од 35,9% во
вкупното производство на земјоделски производи145. Како резултат на поволните

143
Државен завод за статистика/статистички годишник, 2013
144
The World bank database, http://data.worldbank.org/indicator
145
Државен завод за статистика/статистика по области/ земјоделство

246
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

климатско-географски услови во преовладувачките ридско-планински делови на


земјата, овошјето има значителни компаративни предности во Македонија и бележи
растечки трендови, истото учествувало со 14,6 % (заедно со производството на вино)
во вредноста на оствареното земјоделско производство во 2012 година (табела бр.
100). Во делот на винарството има постојан тренд на зголемување на извозот на
квалитетно македонско вино на поголем број нови пазари надвор од традиционалните
пазари.
Житата и другите поледелски култури имаат мали приноси пред се поради помалку
поволните услови за нивно производство, како и малите парцели кои не дозволуваат
примена на современи агротехнички мерки. Житата учествувале со 8,9% во
оствареното земјоделско производство во 2012 година, индустриските растенија со
7,2%, а фуражните растенија со 4,6%. Градинарските производи се најмногу застапени
во вкупното производство на земјоделски производи во рамките на ЕУ во Грција (19%)
и Шпанија (17,8%). Житните култури се најмногу застапени во вкупното производство
на земјоделски производи во рамките на ЕУ во Бугарија (34,8%), Германија (18,2%),
Франција (21,1%), Хрватска (22,9%), но и на ниво на ЕУ имаат најголемо учество од
15,8% во вкупно оствареното земјоделско производство. Производството на фуражни
растенија преовладува во Словенија со најголемо учество од 17,1% во вкупното
производство.

Табела 100. Учество на пооделните видови на производи во вкупно оствареното земјоделско


производство во 2012 година, во Македонија, ЕУ и во одделни Земји членки (во %)
Македонија

Словенија
Германија

Франција

Хрватскa
Бугарија

Шпанија
Грција
ЕУ

01 Жита 8,9 15,8 34,8 18,2 10,7 10,1 21,1 22,9 9,7
02 Индустриски
растенија 7,2 5,2 21,6 6,2 6,1 2,0 7,5 6,7 1,9
03 Фуражни
растенија 5,6 7,2 5,7 15,3 4,9 4,4 8,1 9,6 17,1
04 Градинарски
производи 35,9 13,0 3,1 7,3 19,0 17,8 7,9 8,7 6,7
05 Компири 2,7 2,7 0,6 2,1 2,9 1,3 3,0 0,8 1,4
06 Овошје 11,3 5,8 3,7 1,4 18,6 14,7 3,9 4,0 7,0
07 Вино 3,3 4,6 0,0 2,4 0,3 3,5 11,9 7,9 8,8
10 Растително
производство (01
до 07) 74,9 56,4 69,6 53,1 71,6 59,8 63,7 62,7 52,8
11 Добиток 11,6 26,2 15,6 26,5 15,0 30,2 22,4 23,9 27,8
11.1 Говеда 4,8 8,6 2,6 8,2 2,5 6,0 10,6 8,0 13,4
11.2 Свињи 3,9 9,8 3,8 13,0 2,8 15,0 4,9 9,0 5,0
11.3 Коњи 0 0,2 0,0 0,1 0,0 0,2 0,0 0,0 0,3
11.4 Овци и кози 2,1 1,4 3,9 0,3 7,6 2,5 1,0 2,1 0,5
11.5 Живина 0,8 5,4 5,2 3,9 1,8 6,1 5,1 4,6 8,4
12 Добитoчни
производи 13,6 17,4 14,8 20,4 13,4 10,0 13,9 13,5 19,5
13 Добиточно
производство
(11+12) 25,1 43,6 30,4 46,9 28,4 40,2 36,3 37,3 47,2

247
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

14 Производство
на земјоделски
производи 100,
(10+13) 100 0 100,0 100,0 100,0 100,0 100,0 100,0 100,0
Извор: Државен завод за статистика и Евростат/ бази на податоци

Тутунот има најголем нето-извозен потенцијал од земјоделските култури, во 2012


година учествувал со 3,6% во вкупниот извоз на Република Македонија и 6,7% во
вредноста на оствареното производство (табела бр. 99). Во Графиконот бр. 40 е
прикажано производството на тутун во периодот 1998- 2012 година и како што може да
се заклучи од истиот најголемо производство се бележи во 2010 и 2005 година.

Графикон 40. Производство на тутун 1998- 2012 година, во илјади денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 1998-2012, "Државен завод за статистика

Во Графиконот бр. 41 е прикажана вредноста на оствареното растително


производство во периодот 1998- 2012 година. Како што може да се констатира од
Графиконот растителното производство бележи континуиран нагоред тренд со
исклучок на 2011 година кога има мал пад на оствареното растително производство.

248
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 41. Остварено растително производство 1998-2012, во илјади денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 1998-2012, "Државен завод за статистика

Пониските трошоци за производство кои произлегуваат од расположливоста на


пасишта, евтината работна сила и традицијата на производство, го вбројуваат
македонско јагнешко месо, овчо и козјо млеко и млечни производи како подсектори со
голем и засега делумно искористен развоен потенцијал. Согласно податоците
прикажани во Графиконот бр. 42 претежно стабилно е добиточното производство во
периодот 1998-2012 година без поголеми скокови и падови, со исклучок на
производството на млеко кое бележи поголем раст во 2008 година, за потоа да се
намали на речиси исто ниво од претходните години.
Графикон 42. Остварено добиточно производство 1998-2012, во илјади денари

Извор: Соопштенија "Економски сметки во земјоделството, 1998-2012, "Државен завод за статистика


249
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Компаративна предност на македонскиот аграр е и вековната традиција на


одгледување на растителни производи и чување на добиток, производство на
автентични македонски производи кои што се препознатливи по својот квалитет како
во Европа така и пошироко. Потребна е соодветна промоција на македонските
производи за зголемување на нивниот извоз како на постојните пазари, така и за
освојување на нови пазари.
За да се подобрат компаративните предности на македонскиот аграр мора да се
посвети внимание и на сите пречки и проблеми со кои се соочува за соодветно нивно
намалување. Пречки за понатамошен развој на македонскиот аграр се:
 лошата инфраструктура,
 претежно примарно производство со понизок степен на обработка на
производите,
 недоволно инвестициите во опрема и механизација,
 неповолна структура на малите стопанства и
 несоодветни менаџмент стратегии.
Лошата инфраструктура во однос на неасфалтирани патишта, непостоење на
здравствени установи и амбуланти во руралните области, непостоење на системи за
снабдување со вода и канализациони системи, системи за наводнување на
обработливите земјоделски површини се реални проблеми на кои се посветува големо
внимание во последните 8- 9 години преку соодветни инвестициони вложувања пред
се со средства од државата но и од европските фондови, но потребно е комплетно
заокружување на овие инвестиции со цел привлекување на населението за работа во
овие рурални средини со што покрај економската корист за државата и поединците ќе
се решат и други социјални проблеми од аспект на намалување на невработеноста и
популаризација на овие средини.

Претежно примарното земјоделско производство со понизок степен на обработка на


производите истотака треба да се надмине со цел зголемување на додадената
вредност преку соодветно здружување со производствените и трговските
претпријатија врз основа на заеднички интерес и заеднички настап на евопските и
меѓународните пазари.

Состојбата со земјоделската механизација е многу неповолна и има свое влијание на


продуктивноста на фармите, просечно има 0.5 трактори по стопанство, што укажува на
недоволната опременост на земјоделските стопанства, а со тоа и ниската
продуктивност на македонскиот аграр. За да се надминат овие состојби доволно ќе
биде да се обучат македонските земјоделци за пополнување на обрасците за
субвенции кои се доделуваат преку европските но и националните фондови, како и за
аплицирање за кредити во банките. Имено, голем дел од расположливите средства за
оваа намена остануваат неискористени бидејќи земјоделците не знаат да ги пополнат
барањата за аплицирање, за што потребно е дополнително организирање на обуки за
нивно едуцирање и зголемување на процентот на искористеност пред се на
европските фондови.
Неповолната структура на малите стопанства кои се доминантни како по број така и по
нивното учество во додадената вредност која се создава во аграрот потребно е да се
подобри меѓудругото и преку нивното здружување во кооперативи и започнување на
политиките на окрупнување и консолидација на земјоделското земјиште.

250
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Со индивидуалните земјоделски стопанства во Република Македонија сеуште


раководат членовите на домаќинствата/ стопанствата (вообичаено најстариот член)
што е спротивно на модерните европски и светски трендови на професионално
менаџирање со фармите. Ова делумно се должи на малиот обем на работа (мали
земјишни парцели, мал број на грла добиток) но делумно и на воспоставените пракси
и традиција во македонските индивидуални стопанства, за разлика од деловните
субјекти/ претпријатијата каде што постои подобра хиерархиска поставеност и
професионално менаџирање со истите. За да се надмине оваа пречка потребно е
едуцирање на македонските индивидуални земјоделски стопанства за предностите од
преофесионалното менаџирање на нивните стопанства.

Зајакнувањето на конкурентноста на агробизнисот во земјата е суштинско за


понатамошниот раст и развој на македонската економија. Конкурентноста на
агробизнисот мора да биде поддржана со соодветни реформи во јавните институции и
со спроведување на добро креирани политики за поддршка на аграрот и мерките за
рурален развој. Република Македонија е во процес на стекнување на полноправно
членство во Европската унија и е корисник на претпристапна помош во согласност со
Регулативата на ЕК 1085/2006 од 17 јули за воспоставување на Инструментот за
предпристапна помош (ИПА) и како земја кандидатка за членство има пристап до сите
пет компоненти на ИПА. Општата цел на претпристапната помош е за поддршка на
напорите на земјата да ги исполни критериумите за членство во Копенхаген што
вклучува и подготовка за спроведување на инструментите за кохезиона политика и
рурален развој на Заедницата со воведување на принципите на стратешко планирање
и менаџмент, како и спроведувањето на структурните инструменти на ЕУ во рамките
на ИПА петтата компонента за рурален развој (ИПАРД) и финансиска помош за
одржливо земјоделство.

3. Детерминанти на експанзијата на аграрниот сектор

Аграрот има централно значење за понатамошниот раст и развој на македонската


економија и од тие причини потребно е да се обрне посебно внимание на
детерминантите кои влијаат на неговата експанзија, и тоа:

 Работната сила,

 Продуктивноста и факторите на продуктивноста на аграрниот сектор,

 Инфраструктурата,

 Пазарите на земјоделски производи и

 Странските вложувања во аграрниот сектор.

Експанзијата на аграрниот сектор е тесно поврзана со достапноста на високо


образована работна сила. Според тоа, подмладувањето на старосната структура во
251
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

руралните средини, едукацијата на младите но и воведувањето на доживотното учење


создава предуслови за понатамошен развој на овој сектор.

Подобрување на продуктивноста на трудот на ангажираните фактори и создавањето


на вишоци на производи за продажба на домашните но и на странските пазари
неминовно води кон зголемување на приходите на аграрниот сектор и кон
подобрување на трговскиот и платниот биланс на државата.

Развојот на аграрниот сектор е тесно поврзан со развивање на соодветна структура а


пред се изградба на регионални и локални патишта, развој на здравството и полесен
пристап на руралното население до здравствените услуги, изградба на училишта и
спортски терени, изградба на домови за стари лица, итн.

Пазарите на земјоделски производи се еден од детерминантите кои влијаат на


експанзијата на аграрот. Крајна цел на профитно ориентираните земјоделски
стопанства е остварување на што е можно поголема заработка и за остварување на
оваа цел тие се трудат да го зголемат пласманот на своите производи преку нивна
продажба на регионалните пазари, додека поголемите стопанства ги нудат своите
производи и на европските и меѓународните пазари. Помалите земјоделски стопанства
вообичаено ги продаваат своите производи на локалните пазари, а за излегување на
регионалните или на меѓународните пазари потребно е зголемување на
произведената количина и на квалитетот на производите, како и здружување со
останатите индивидуални стопанства за намалување на трошоците и постигнување на
конкурентни цени.

Странските инвестиции во аграрниот сектор се важни не само од аспект на прилив на


финансиски средства туку и од аспект на примена на современи агро-технички
средства, воведување на нови земјоделски практики и осовременување на
производството. Ова значи дека зголемувањето на странските инвестиции има
повеќекратно позитивно влијание на експанзијата на аграрниот сектор и од тие
причини потребно е да се насочи вниманието на надлежните државни институции,
економските промотори но и на самите земјоделски асоцијации и здруженија кон
привлекување на странски инвестиции.

3.1 Работната сила во аграрот

Работната сила ангажирана во аграрот е еден од производните фактори покрај


капиталот и има големо влијание врз производните резултати на аграрниот сектор.
Специфичностите на аграрот треба да се имаат во предвид кога се прават било какви
анализи на работната сила. Работната сила преку образовниот профил, стекнатите
знаења и вештини директно придонесува врз висината на остварениот земјоделски
доход. За разлика од другите сектори во економијата во случајот со аграрниот сектор
работната сила покрај тоа што се ангажира од страна на деловните субјекти кои
постојат во аграрот истата е ангажирана и од страна на индивидуалните земјоделски

252
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

стопанства кои се состојат од едно или повеќе земјоделски домаќинства. За разлика


од другите сектори во аграрот со голем процент учествува неплатената работна сила
во вкупно ангажираната работна сила бидејќи најчесто во индивидуалните
земјоделски стопанства се ангажираат членовите на домаќинствата од кои се
сочинети земјоделските стопанства. Членовите на домаќинствата вообичаено се
неплатена работна сила односно егзистираат од остварената заработка на
домаќинството но не добиваат паричен надоместок, а покрај тоа во индивидуалните
земјоделски стопанства може да се ангажираат и работници кои што се во роднинска
врска со домаќинствата кои не се плаќаат, односно како помош во сезоните кога има
зголемен обем на работа.

Во табела бр. 101 се прикажани податоци за бројот на работници ангажирани во


аграрот во 2013 година и од истата може да се заклучи дека во индивидуалниот сектор
има ангажирано поголем дел од работната сила односно 98,6% од вкупно
ангажираната работна сила во аграрот (само 1,4% е ангажирана во деловните
субјекти). Во вкупниот број на работници мажите имаат поголемо учество (од 62,5%), а
жените учествуваат со 37,5%.

Табела 101. Број на сезонски и други работници ангажирани за


работа на земјоделските стопанства, 2013 година
Вкупно Мажи Жени
Република
Македонија 95 544 59 749 35 795
Индивидуален сектор 94 229 58 893 35 336
Деловни субјекти 1 315 856 459

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

Според Законот за земјоделство и рурален развој, земјоделски производител е


носителот на земјоделско стопанство или член на индивидуално/семејно земјоделско
стопанство или лице кое е постојано или времено вработено на земјоделското
стопанство и кое се занимава со земјоделска дејност. Носител на семејно земјоделско
стопанство пак е полнолетно лице кое е одговорно за управување со земјоделското
стопанство и кое истапува во име и за сметка на семејното земјоделско стопанство, а
носител на земјоделско стопанство кое е правно организирано како трговско друштво
или друго правно лице утврдено со закон е самото правното лице. 146
Профилот на образование на работниците кои работат во земјоделските претпријатија
во Република Македонија е многу поповолен (повисок степен на образование) во
однос на лицата кои работат на индивидуалните земјоделски стопанства (каде
претежно работат лица со основно и средно образование а многу поретко со
факултетско образование). Со цел подигање на земјоделското производство потребни
се поголеми инвестиции за обука и доквалификација на земјоделците, преку курсеви,
семинари, како и промовирајќи го принципот на доживотното учење. Како што може да

146
Закон за земјоделство и рурален развој на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.
49/2010; 53/2011, 126/2012, 15/2013 и 69/2013).

253
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

се согледа од табела бр. 102 од вкупно 438153 лица ангажирани во аграрот во 2013
година најголем процент односно 41, 3% (180906 лица) имале завршено средно
образование (кое не е земјоделско), 35% (153205 лица) имале завршено само основно
образование, 8,9% биле со незавршено основно образование147. Многу мал процент
од ангажираните лица во аграрното производство во 2013 година биле со вишо и
високо образование односно 8,4% (36701 лица) од вкупно ангажираните, од кои 8,2%
(36052 лица) од индивидуалниот сектор и 0,2% (649 лица) од деловниот сектор.

Табела 102. Број на лица според образованието, ангажирани на


индивидуалните земјоделски стопанства, и вработени во деловниот
сектор, 2013 година
Република
Македонија Индивидуален Деловни
Вкупно во % сектор субјекти
Без образование 13779 3,1 13665 114
Незавршено основно образование 38881 8,9 38604 277
Основно образование 153205 35,0 151558 1647
Средно земјоделско образование 14681 3,4 14071 610
Друго средно образование 180906 41,3 179303 1603
Вишо земјоделско образование 1151 0,3 1072 79
Друго вишо образование 9033 2,1 8961 72
Високо земјоделско образование 2538 0,6 2283 255
Друго високо образование 22718 5,2 22499 219
Магистратура,докторат
(земјоделски) 637 0,1 616 21
Магистратура, докторат (друго) 624 0,1 621 3
Вкупно 438153 100 433253 4900

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

Според последните проценки на населението во 2013 година, бројот на населението


во Република Македонија изнесува 2.064.032. Зголемувањето на населението во 2013
во споредба со 2002 година е најкарактеристично за Скопскиот регион т.е. 80% од
вкупниот пораст на населението, додека во скоро сите рурални општини имаат пад на
бројот на населението. Просечната возраст на населението во Македонија е
приближно 40 години, а речиси 61% од населението е на работоспособна возраст
(меѓу 15 и 64).148 Во последните триесет години, Македонија се соочува со сериозен
синдром на "стареење“ на населението. Од 1981 до 2013 година, бројот на млади луѓе
(0-19 години) се намали од 41% до 23,9% во вкупното население, додека населението
на возраст од 65 години и над се зголеми од 8% до 12%. Најголем дел од неписменото
население се наоѓа токму во руралните средини, кои се најпогодени и со највисок
степен на сиромаштија (48%), споредено со останатите урбани средини (40%) и градот
Скопје, кој има најмала стапка на сиромаштија (12%). Образовниот систем секако игра
важна улога во намалувањето на нееднаквостите меѓу урбаните и руралните средини.

147
Државен завод за статистика на Република Македонија/Структура на земјоделските стопанства, 2013

148
Државен завод за статистика на Република Македонија/Статистика по области/ Население

254
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Ниската стапка на образование во руралните области се должи на: иселување на


младо и работоспособно население, недостаток или мал број на образовни
институции, изолирање на неразвиените села и.т.н.149 Околу 18% од младата
популација (на возраст 15-25 години) е невработена и учествува со 19% во бројот на
невработените. Во државата, покрај развиен систем на формално средно и
универзитетско образование, постои недостаток од дополнително (неформално)
образование и обука особено во насока на преквалификување на работна сила и
доквалификација.

Формалното образованието во аграрот се одвива во средните земјоделски училишта,


високи стручни школи и високо образовните институции. Неформалното образование
не е институционализирано и се спроведува нередовно, во рамките на национални и
меѓународни проекти.

Структурата на македонското земјоделство се карактеризира со голем број на


индивидуални и мали земјоделски стопанства чии човечки ресурси се карактеризираат
со релативно ниско образовно ниво. Од овие причини потребно е неформално
образование за земјоделците што ќе обезбеди континуиран систем за обуки за
подобрување на нивните квалификациите, особено за управување со земјоделското
стопанство, примена на нови технологии, примена на пазарни стандарди за квалитет и
безбедност на храна, а ќе се спроведува во месеците кога има намалена земјоделска
активност со цел да се максимизира нивното учество.

Високо образовните институции, научните институти и Истражувачкиот центар за


генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ претставуваат главни истражувачки
центри во областа на аграрот. Нивните ресурси се основа за висококвалитетни
истражувања и резултати. Денешната состојба со истражувањата во аграрот е
отежната во обезбедување на постојани финансиски средства, во однос на
одржување на постоечките инфраструктурни истражувачки капацитети и во развојот и
усвојувањето на нови методологии. Трансферот на знаење во земјоделсвото, каде
што како краен корисник се јавува индивидуалниот земјоделски производител најчесто
се врши преку Националната советодавна служба. Советодавните услуги во пракса се
обезбедуваат и од страна на агробизнис секторот и финансиските институции со цел
привлекување на коминтенти и обезбедување сигурен пласман на своите производи,
како и од преработувачката индустрија во процесот на осигурување на квалитетни
инпути за своето производство.

Најдобриот начин за пренесување на знаењето е доколку земјоделците самите се


уверат во веќе применетата нова и напредна технологија на производство. Тоа може
да се постигне преку демонстративни земјоделски стопанства за презентирање на
најдобрите техники и технологии на земјоделското производство.

Невработеноста има големо влијание врз развојот на руралните региони во Република


Македонија. Од целокупната популација околу 40% живеат на село, особено во

149
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија

255
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

неразвиените рурални региони. Големиот процент на невработеност во руралните


средини е резултат на: економската транцизија, деловните субјекти затворија голем
дел од своите филијали/ подружници кои работеа со примитивна опрема која не беше
конкурентна, големите агрокомбинати кои беа затворени или банкротираа ги отпуштија
неквалификуваните работници.

Миграциите село- град многу неповолно се одразуваат на развојот на руралните


предели бидејќи во селата останува само старото население а младото население
мигрира во градовите во желба за поголема заработувачка и полесен живот. Ова
влијае и на стапките на наталитет кои се пониски во селата, како и на стапките на
морталитет кои се многу повисоки од оние во градовите. Неорганизираниот пазар на
земјоделски производи создава перцепција на ризик кон земјоделското производство.

Како што може да се забележи од табела бр. 103, во 2013 година од вкупниот број на
вработени во Македонија 18,7% биле вработени во секторот земјоделство, шумарство
и рибарство, за разлика од ЕУ (табела бр.103) кадешто вработените во аграрот
учествуваат со 5% во вкупниот број на вработени. Гледано по земји членки
единствено во Бугарија (со учество од 19,2%) и во Романија (со учество од 30,2%)
аграрот учествува со поголем процент во вкупната вработеност во однос на
Македонија. Од 127186 вработени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство
во Македонија 56,7% или 72166 биле мажи, а 43,3% или 55020 биле жени. Структурата
според дејноста покажува дека гледано по пол вработените мажи во аграрот во
Република Македонија учествуваат со 17,7% во вкупно вработените мажи во
економијата, за разлика од ЕУ кадешто вработените од машки пол во аграрот
учествуваат со 6% во вкупно вработените лица од машки пол, додека вработените
жени во македонскиот аграр учествуваат со 20,3% (табела 103) во вкупно вработените
жени во македонската економија за разлика од ЕУ каде што учествуваат со 3,9%
(табела 104).

Табела 103. Вработени според полот, 2013

Структура според Структура според


Сектори Пол полот, % дејноста, %
вкупно мажи жени Вкупно мажи жени Вкупно мажи жени
Вкупно (сите 60,0 40,0 100,0 100,0 100,0
678 838 407 531 271 307 100,0
сектори)
Земјоделство,
шумарство и 127 186 72 166 55 020 100,0 56,7 43,3 18,7 17,7 20,3
рибарство

извор: Публикација "Анкета за работната сила 2013", Државен завод за статистика

256
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 104. Вработени во Европска Унија и нејзините земји членки,


по пол, 2013 година
Учество на аграрот во вработеноста
Учество на
Учество на Учество на мажите жените од
аграрот во вработени во аграрот во
вкупната аграрот во вкупно вкупно
вработеност вработените мажи вработените
мажи
Евопска Унија 5,0 6,0 3,9
Белгија 1,3 1,8 0,8
Бугарија 19,2 24,0 13,3
Чешка 3,3 4,1 2,2
Данска 2,6 4,2 1,0
Германија 1,5 2,0 1,0
Естонија 4,2 6,1 2,2
Ирска 5,7 9,3 1,5
Грција 12,6 12,8 12,3
Шпанија 4,1 5,8 2,1
Франција 2,8 3,9 1,6
Хрватска 10,7 11,5 9,8
Италија 3,7 4,6 2,4
Кипар 3,9 5,5 2,2
Латвија 7,6 10,7 4,7
Литванија 8,4 10,8 6,1
Луксембург 1,2 1,5 0,7
Унгарија 6,9 9,6 3,8
Малта 1,9 2,6 0,7
Холандија 2,2 3,0 1,3
Австрија 4,4 4,8 3,9
Полска 12,0 12,9 10,9
Португалија 11,7 14,2 9,0
Романија 30,2 29,3 31,3
Словенија 8,4 8,7 8,0
Словачка 3,4 4,8 1,6
Финска 4,5 6,4 2,5
Шведска 2,2 3,2 1,1
Велика
Британија 1,2 1,7 0,7
Норвешка 2,5 3,8 1,1
Извор: Евростат/база на податоци

3.2. Продуктивноста и фактори на продуктивноста на аграрниот сектор

Подобрувањето на продуктивноста на аграрот е основно средство за обезбедување на


потребите за храна на растечката човечка популација. Во текот на изминатите 50
години, растот на продуктивноста во аграрот ја направи храната попристапна и
поевтина. Поширок концепт на продуктивноста на аграрот е продуктивноста на
факторите на земјоделското производство (TFP). TFP ги зема во предвид земјата,
трудот, капиталот, и материјалните ресурси кои се ангажираат во земјоделското
производство и ги споредува со вкупниот износ на растителното и сточарското
производство. Ако вкупното производство расте побрзо од вкупниот инпут, тоа се
257
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

нарекува подобрување на вкупната продуктивност од факторите ("фактор" = инпут).


TFP се разликува од мерките, како на пример приносот по хектар или додадена
вреност по 1 земјоделски работник, бидејќи зема предвид сет од инпути кои се
користат во производството. TFP ја опфаќа просечната продуктивност на сите инпути
ангажирани во производство.

"Пресметката на растот" обезбедува практичен начин за мерење на промените во


земјоделската TFP во широк сет на земји и региони, како и за светот во целина, со
оглед на ограничените меѓународни податоци за производството и инпутите.

TFP е однос на вкупното производство и вкупниот инпут во процесот на производство.

TFP= Y/X

Y= вкупно производство и

X= вкупен инпут.

Променитe во TFP со текот на времето се пресметуваат со споредување на стапката


на промена во вкупното производство со стапката на промена на вкупниот инпут.
Изразено како логаритми, промените во равенката во текот на времето може да се
запишат како:

Ова едноставно укажува на тоа дека стапката на промена на TFP е разлика во


стапката на промена на агрегатните аутпут и инпут.

Аграрот е производствен процес со повеќе аутпути и инпути, што значи дека Y и X се


вектори. Кога технологијата е застапена константно производителите го зголемуваат
профитот, така што еластичноста на производството во однос на инпутот е еднаква на
учеството во трошоците на тој инпут, а и пазарите се во долготрајна конкурентна
рамнотежа, така што вкупниот приход е еднаков на вкупните трошоци, тогаш
равенката може да се запише како:

Ri= учеството на приходите во производството

Sj= учество на трошоците во инпутот.

Растот на производството се проценува со собирање на стапките на раст за секој


производ пондериран со неговото учество во приходите. Растот на инпутот се
проценува со собирање на стапката на раст на секој одделен трошок, пондериран со
неговото учество во вкупните трошоци. Растот на TFP е само разликата помеѓу растот
на вкупното производство и вкупниот инпут.
258
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Постои разлика помеѓу методите за пресметка на растот во зависност од тоа дали


пондерите за учество на приходите и трошоците се фиксни или варираат. Paasche и
Laspeyres индексите користат фиксни пондери, додека Tornqvist- Thiel и другите
верижни индекси користат варијабилни пондери. Дозволувајќи им на пондерите за да
се разликуваат се намалува можноста за појава на поголеми отстапувања во
индексите- index number bias. Поголеми отстапувања во индексите се јавува кога
производителите прават замени помеѓу аутпутите и инпутите во зависност од нивната
релативна профитабилноста или цена. Со други зборови, стапките на раст во Yi и Xj
не се независни од промените во Ri and Sj. На пример, ако релативно гледано
платите се зголемат во однос на цената на капиталот, производителите, најверојатно,
ќе го заменат трошокот за труд со трошокот за капитал, со што се намалува стапката
на раст на трудот и се зголемува на капиталот. За аграрот, поголеми отстапувања во
индексите на продуктивност се среќаваат во инпутот во однос на аутпутот.

За да се намали ризикот index number bias во TFP проценките, учеството на инпутот


варира секогаш кога има расположливи информации за негова промена. За аутпутот
се користат фиксни цени од базната година.

Погоре наведеното пружа едноставен начин на утврдување на релативниот придонес


на TFP и на инпутот во растот на аутпутот. Растот на производството е еднакво на
растот на TFP плус стапките на раст на инпутите помножено со нивното учество во
трошоците:

(4)

Погоре дадената равенка е всушност расчленување на сите трошоци од инпутот со


прикажување на нивното учество во аутпутот, бидејќи секој значи раст на
трошоците односно користење на повеќе инпут за зголемување на аутпутот. Исто така
можно е да се фокусира на одреден инпут, на пример земјиштето (која е назначено
како X 1), и да се разгледува растот само на оваа компонента и приносот само од овој
ресурс:

Ова разглобување кореспондира со она што честопати се нарекува extensification


(проширување на земјиштето) и intensification (раст на приносот од земјиштето) на
изворите на растот на аутпутот. Растот на приносот може да се раздели на удел од
TFP и удел заради користење на други инпути поинтензивно:

259
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Погоре дадената равенка дава понатамошно разделување на ресурсите за раст


бидејќи се фокусира на промената на количините на физички ресурси (земја) наместо
на придонесот на промените во трошоците на производство.

Според FAO (Food and Agriculture Organization of the United Nations) земјоделското
производство, се мери како бруто вредност на производството со користење на сет од
просечни цени на производите, а се изразува во постојани цени од 2005 година во т.н.
меѓународни долари.150

За земјоделскиот инпут се користат податоци за земјоделските култури (вкупно и


наводнувани површини), постојани пасишта, вработени во аграрот, животински
резерви, бројот на земјоделски машини во употреба и неоргански ѓубрива
потрошувачка.

Графикон 43. Раст на вкупната продуктивност од факторите на аграрот- Agricultural Total Factor
Productivity Growth во државите од ЕУ, Македонија и други селектирани држави, 2000-2011

Индекси (1992=100)

Извор: USDA, Economic Research Service

150
United States Department of Agriculture, Economic Research Service

260
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 44. Раст на вкупната продуктивност од факторите на аграрот- Agricultural Total Factor
Productivity Growth, Република Македонија 2000-2011

Индекси (1992=100)

Извор: USDA, Economic Research Service

Продуктивноста на трудот (како еден од факторите на земјоделското производство


покрај земјата, капиталот и материјалните ресурси) се пресметува кога додадената
вредност создадена во аграрот се стави во однос со бројот на вработени. Како што е
прикажано во Табелата 105 во текот на 2010 и 2011 година во Република Македонија
имало пад на продуктивноста (од 1% и 2% соодветно), за потоа да забележи пораст
(во 2012 раст од 5% во однос на 2011 година и во 2013 година раст од 0,4%).
Споредено со земјите членки на ЕУ (табела 106), продуктивноста на Македонија е
повисока само од Латвија (3662 евра по вработен), Полска (5270 евра по вработен),
Романија (3577 евра) и Словенија (6078 евра), додека во ЕУ во 2013 година биле
создадени 17710 евра додадена вредност во аграрот по вработен. Продуктивноста во
Република Македонија во 2013 година е за 65% помала во однос на Европската унија.

Табела 105. Продуктивност на аграрот во Република Македонија, 2009-


2013 година
Бруто додадена
вредност во
аграрот во милиони Вработени во денари по евра по
денари аграрот вработен вработен
2009 42997 115581 372008 6032
2010 44258 120597 366991 5951
2011 43405 120893 359037 5822
2012 42493 112623 377303 6118
2013 48170 127186 378737 6142
Извор: Државен завод за статистика/база на податоци (проценет
податок за 2013 година)

Табела 106. Бруто додадена вредност и вработеност во аграрниот сектор во ЕУ и


Македонија, 2013 година

Бруто додадена вредност Вработени во


од аграрот (во милиони аграрниот сектор евра по
евра) (во илјади) вработен
Европска Унија 166.117 9.380 17710
Белгија 2.413 58 41603

261
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Бугарија 1.694 188 9011


Чешка 1.442 145 9945
Данска 2.715 61 44508
Германија 18.887 518 36461
Естонија 333 26 12808
Ирска 1.901 87 21851
Грција 5.215 459 11362
Шпанија 23.330 722 32313
Франција 25.511 767 33261
Хрватска 1.126 143 7874
Италија 29.330 744 39422
Кипар 337 9 37444
Латвија 249 68 3662
Литванија 1.058 106 9981
Луксембург 107 3 35667
Унгарија 2.883 182 15841
Малта 63 2 31500
Холандија 10.229 153 66856
Австрија 2.775 163 17025
Полска 9.401 1.784 5270
Португалија 2.482 275 9025
Романија 7.658 2.141 3577
Словенија 389 64 6078
Словачка 598 77 7766
Финска 1.443 92 15685
Шведска 1.688 81 20840
Велика Британија 10.860 266 40827
Македонија 781 127 6142
Извор: Евростат и Државен завод за статистика/бази на податоци

Глобалниот земјоделски раст (во просечен годишен раст по децении) бележи


забавување во 70-тите и 80-тите години, но потоа се зголемува во периодот од 90-тите
години. Во последните десет години (2002-2011), светското производство на
растителни и добиточни производи се зголемува по просечна стапка од 2,53 отсто
годишно. Во текот на последните две децении, сепак, стапката на раст на
земјоделските ресурси (земја, труд, капитал, итн) е значително забавена. Во
последната деценија, подобрувањата на TFP резултираа во околу две-третини од
вкупниот раст на земјоделското производство во светот. Глобалната просечна стапка
на раст на TFP во овој период е 1,69 отсто годишно. Ова е резултат на користењето на
нова технологија и промените во менаџментот.

Во развиените и земјите во транзиција, вкупните земјоделски ресурси кои се користат


во аграрот се намалуваат, иако производството продолжува да расте, што се должи на
поголемата продуктивност. Клучен фактор за долгорочен раст на TFP се зголемени
јавни и приватни инвестиции во истражувањето и развојот во аграрот.

TFP растот се проценува како разлика помеѓу растот на обемот на производството и


растот на вкупниот инпут. Зголемувањето на продуктивноста, може да се постигне во
поголеми размери исклучиво преку вложувања во иновациите и во техничко-

262
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

технолошкиот раст што во крајна линија доведува и до зголемен економски раст во


аграрот но и во економијата воопшто.

3.3. Инфраструктура

Од голема важност за развој на аграрниот сектор има инфраструктурата, особено за


руралниот развој. Во Република Македонија во последните години се вложува многу
во развој на патната инфраструктура односно во изградба на магистрални, регионални
но и локални патишта. Соодветна патна инфраструктура е од особено значење за
заживување на руралните средини и тоа како за секојдневно функционирање на
населението кое живее во овие средини од аспект на подобра поврзаност со
градовите за снабдување со намирници, за непречено одвивање на образованието на
учениците и студентите, за секојдневната фреквенција на лицата кои работат во
градовите (основна или дополнителна дејност покрај аграрот), итн.

Согласно податоците од табела бр. 107 во Република Македонија во 2013 година


имало вкупно 14157 километри патишта и во однос на 2009 година има зголемување
од 1,6% односно 217 километри. Според категоријата на патиштата магистралните
патишта учествувале со 6,4%, регионалните со 26,7% и локалните со 66,9%.

Табела 107. Патишта и категоризација на патиштата


вп килпметри
2009 2010 2011 2012 2013
ВКУПНО Вкупнп 13 940 13 934 13 983 14 038 14 157
Од тпа: асфалт и
Вкупнп
кпцка 8 024 8 091 8 140 8 308 8 565
вп % 57, 6 58, 1 58, 2 59, 2 60, 5

СПОРЕД КАТЕГОРИЈАТА НА ПАТИШТАТА


Вкупнп 911 911 911 911 908
Магистрални
вп % 6, 5 6, 5 6, 5 6, 5 6, 4
Асфалт и кпцка Вкупнп 826 826 826 826 833
Макадам Вкупнп - - - - -
Земјани и
непрпсечени Вкупнп 85 85 85 85 75
Вкупнп 3 771 3 771 3 772 3 772 3 778
Регипнални
вп % 27, 1 27, 1 27, 0 26, 9 26, 7
Асфалт и кпцка Вкупнп 2 842 2 842 2 844 2 853 2 873
Макадам Вкупнп 441 441 441 441 441
Земјани и
непрпсечени Вкупнп 488 488 487 478 464
Вкупнп 9 258 9 252 9 300 9 355 9 471
Лпкални
вп % 66, 4 66, 4 66, 5 66, 6 66, 9
Асфалт и кпцка Вкупнп 4 355 4 423 4 469 4 629 4 859
Макадам Вкупнп 786 763 790 740 716
Земјани и
непрпсечени Вкупнп 4 117 4 066 4 041 3 986 3 896
Извпр: Државен завпд за статистика и Јавнп претпријатие за државни патишта

263
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Според податоците од табела бр. 108 патиштата со асфалт и коцка учествуваат со


60,5% во вкупните патишта, со макадам со 8,2%, а земјаните и непросечени патишта
со 31,3%. Автопатиштата во 2013 година учествувале со 3% во патиштата со асфалт и
коцка, а меѓународните Е-патишта во целокупниот период 2009- 2013 година останале
непроменети односно 553 километри.

Табела 108. Патишта и категоризација на патиштата, 2009- 2013


вп килпметри
2009 2010 2011 2012 2013
ВКУПНО Вкупнп 13 940 13 934 13 983 14 038 14 157
Вкупнп 8 024 8 091 8 140 8 308 8 565
Асфалт и кпцка
вп % 57, 6 58, 1 58, 2 59, 2 60, 5
Од тпа:
Вкупнп
автппатишта 251 251 259 259 259
вп % 3, 1 3, 1 3, 2 3, 1 3,
Асфалт Вкупнп 7 784 7 873 7 912 8 056 8 295
вп % 97, 97, 3 97, 2 97, 96, 8
Кпцка Вкупнп 240 218 228 252 270
вп % 3, 2, 7 2, 8 3, 3, 2
Вкупнп 1 227 1 204 1 231 1 181 1 157
Макадам
вп % 8, 8 8, 6 8, 8 8, 4 8, 2
Вкупнп 4 689 4 639 4 612 4 549 4 435
Земјани и непрпсечени
вп % 33, 6 33, 3 33, 1 32, 4 31, 3
Меѓународни Е-
Вкупнп
патишта 553 553 553 553 553
Извпр: Државен завпд за статистика и Јавнп претпријатие за државни патишта

За постигнување на поголема продуктивност во одгледувањето на земјоделските


култури неопходно е потребно да се вложат инвестиции во поправка и одржување на
системите на иригација, во проширување на постојните но и изградба на нови системи
преку изградба на вештачки акумулации, брани, нови цевоводни системи. Имајќи во
предвид дека сеуште во некои рурални средини во нашата држава не постојат
канализациони системи кои што се повеќе од потребни во услови на поголеми
непогоди предизвикани од поплави потребно е да подготват проекти и да се вложат
средства и во овој дел од инфраструктурата. Исто така во дел од руралните средини
потребно е да се вложат средства за иградба на комунални системи како за
задоволување на потребите на жителите во овие средини така и за заштита на
природната средина.

Според податоците прикажани во табела бр.109 во Република Македонија во 2013


година 87,5% земјоделски стопанства (96901) ја наводнувале обработливата
површина од вкупно 110718 стопанства кои имале можност да вршат наводнување.
Гледано по сектори во индивидуалниот сектор ист процент односно 87,5% од
земјоделските стопанства вршеле наводнување од вкупно 110536 стопанства кои
имале можност да вршат наводнување, додека кај деловните субјекти овој процент е
повисок односно 91,8% од вкупно 182 стопанства вршеле наводнување. Од
наводнуваните 73649 хектари во 2013 година во Република Македонија гледано по

264
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

култури најмногу се наводнувале површините со житни култури односно 34,8% од


вкупно наводнуваните површини, потоа следуваат овоштарниците со 15,9% од вкупно
наводнуваните површини, површините со зеленчук кои учествуваат со 13,1% , лозјата
со 12,6%, фуражните култури со 9,8%, индустриските култури со 6,3%, ливадите со
1,8% и мешункастите култури со 1,7% од вкупно наводнуваните површини.

Табела 109. Наводнуванa површинa, 2013 година


Република Индивидуален Деловни
Македонија сектор субјекти
Брпј на земјпделски стппанства кпи мпжат да вршат
навпднуваое 110718 110536 182
Брпј на земјпделски стппанства кпи извршиле
навпднуваое 96901 96734 167
Прпцент на земјпделските стппанства кпи извршиле
навпднуваое пд вкупнипт брпј на стппанства кпи
мпжат да вршат навпднуваое 87,5 87,5 91,8

вкупнп
1) вп хектари 73649 62496 11153
вп % 100 100 100
вп хектари 25598 21884 3714
Жита
вп % 34,8 35,0 33,3
индустриски вп хектари 4606 4438 169
култури вп % 6,3 7,1 1,5

фуражни култури вп хектари 7225 5130 2095


вп % 9,8 8,2 18,8
мешункасти вп хектари 1238 1235 3
Навпднувана култури вп % 1,7 2,0 0,0
ппвршина
вп хектари 9662 9356 305
Зеленчук
вп % 13,1 15,0 2,7
вп хектари 11687 10301 1386
пвпштарници
вп % 15,9 16,5 12,4
вп хектари 9299 5897 3401
Лпзја
вп % 12,6 9,4 30,5
вп хектари 1318 1318 -
Ливади
вп % 1,8 2,1 -
вп хектари 3016 2936 80
Други
вп % 4,1 4,7 0,7
1)
Не се вклучени ппсевите ппд заштитен прпстпр, какп и куќните градини
Извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

Во современи услови на живеење и функционирање од витално значење е и


постоењето на навремено и сигурно снабдување со електрична енергија, ПТТ
услугите, а на ова се надоврзува и воспоставување на интернет врски со остатокот од
државата но и со светот особено во услови на широко користење на ИКТ услугите во
аграрот во Европа и пошироко. Младите луѓе имаат стекнато вештини за користење на
ИКТ и преку образовниот систем но и преку комуникацијата со своите соученици и

265
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

пријатели имајќи ја во предвид популарноста на социјалните мрежи (Facebоok, Twitter,


и др.).

Во табела бр. 110 се прикажани податоци за користење на компјутер кај лицата на


возраст 15-74 години во 2011 година и како што може да се заклучи од истата 989900
лица односно 61,8% од вкупно 1601879 лица користеле компјутер во некој период од
животот, а 611979 лица односно 38,2% никогаш не употребиле компјутер.151 Гледано
по полова структура од вкупно 989900 лица кои користеле компјутер 50,8% биле мажи
и 49,2% жени, додека според типот на населено место 65,5% од корисниците на
компјутер биле од градско населено место а 34,5% од останатите населени места.

Табела 110. Користење компјутер кај лицата на возраст 15-74 години - според пол, возраст,
образование, статус, тип на населено место, 2011 година
Тип на Тип на
населено населено
Мажи Жени
место- место-
Вкупно Градско Останато
во во во во
Вкупно % Вкупно % Вкупно % Вкупно %
Вкупно лица на
возраст 15-74 години Вкупно 1601879 804735 50,2 797144 49,8 950583 59,3 651296 40,7
Корисници на Вкупно
компјутер - кога било 989900 502557 50,8 487343 49,2 648459 65,5 341441 34,5
употребиле компјутер во % 61,8 62,4 61,1 68,2 52,4
Корисници на
компјутер - никогаш Вкупно
611979 302178 49,4 309801 50,6 302124 49,4 309855 50,6
не употребиле
компјутер во % 38,2 37,6 38,9 31,8 47,6
Извор:Државен завод за статистика/база на податоци

За да се олесни животот на населението кое живее во аграрните а особено во


руралните средини потребно е да се пружат здравствени услуги и тоа во самите
населени места каде што живеат. Патувањето во град за одење на лекар значи
губење на време но и зголемени трошоци. Државата доделува средства за
поттикнување на лекарската афела за работа во аграрните средини, а во таа насока е
и проектот “рурален доктор”. Имено, имајќи во предвид дека во овие средини има
помалку жители, заработката и заинтересираноста на лекарите за работа се намалува
и од тие причини потребна е дополнителна поддршка и мотивирање на лекарите.
Здравјето на жителите сепак е врвен приоритет и без оглед на тоа што нема
економска оправданост за постоење, на пример на амбуланта во некоја општина сепак
и за жителите кои што живеат таму треба да им се пружи здравствена заштита.

151
http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Database/StatistikaPoOblasti/InfOpstestvo/InfOpstestvo.asp

266
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Освен погоренаведените услуги потребно е да се поддржи и наталитетот во аграрните


средини покрај преку паричните средства кои што се доделуваат на земјоделските
стопанства, на жените кои што директно или индиректно се вклучени во земјоделското
производство, така и преку изградба на градинки и училишта (основни а каде што има
услови и средни училишта). Потребна е заштита и на старите и изнемоштени лица кои
што релативно ги има повеќе во руралните средини преку реновирање на постоечките
но и изградба на нови домови за стари лица.

За мотивирање на младите луѓе да го продолжат својот живот во руралните предели


потребно е понатамошно инвестирање во изградба на спортски терени, спортски сали,
организирање на спортски натпревари но и други културни настани.

Примарното земјоделско производство за понатаму да се развива и да стане


попродуктивно потребно е да се вложат средства и во изградба на преработувачки
капацитети. Овие капацитети во првата фаза можат да бидат во функција на
преработка на примарните производи, како на пример правење на сокови, компоти,
разни видови на слатки и џемови од овошјето, подготовка на кечапи, сосови, зимници,
пакување на зеленчуковите производи, преработка на месото и подготовка на
различни видови на сувомеснати производи, преработка на млекото и производство
на различни видови на домашни сирења, кашкавали и други млечни производи,
производство на различни видови на алкохолни пијалаци, ликери, итн. Сите овие
преработки би биле автентични македонски производи, а поголем дел и еколошки
здрави производи за што постои голем интерес на европскиот и пошироко на
светскиот пазар. Во оваа насока потребно е вложување во маркетингот и во
истражувањето на пазарите за потенцијално новите македонски производи.

3.4. Пазари за земјоделски производи

Карактеристично за пласманот на земјоделските производи во Република Македонија


е нискиот степен на обработка односно продажбата на сурови производи претежно во
свежа состојба. Ова секако значи помала заработка за земјоделските производители
бидејќи производите што се продаваат се со мала додадена вредност.
Производството од аграрот се пласира како на домашниот така и на странските
пазари. На домашниот пазар постојат пазари на големо и пазари на мало односно
зелени пазари, во пазарите на големо се продаваат и растителни производи и
добиточни производи, на добиточните пазари воглавно се продава живиот добиток, а
на пазарите на мало односно на зелените пазари се продава претежно свежо овошје и
зеленчук. За одредени земјоделски производи како на пример за тутунот има
загарниран откуп што секако е многу поволно од аспект на планирање на
производството и приходите. Впрочем, и во земјите членки на ЕУ постои планско
производство за кое има и загарантирани цени од страна на откупните претпријатија
односно од страна на државата. Здружувањето на земјоделците е особено важно во
процесите на преговарања со откупните претпријатија и трговците бидејќи дава
поповолна положба во преговорите односно се постигнуваат подобри откупни/
продажни цени.

267
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Во табела бр. 111 се прикажани вредностите на вкупниот откуп во периодот 2010-


2014 година при што може да се заклучи дека откупот е зголемен за 5.275.645.000
денари односно за 62% во 2014 во однос на 2010 година. Најголемо учество во
вредноста на откупот во 2014 година имале млекото и млечните производи со 24,1% а
потоа следуваат индустриските растенија со 23,3%, житата со 14,2%, овошјето и
зеленчукот учествувале со по 7% (секој одделно), добитокот со 6,2%, а најмало
учество имале живината и јајцата со учество од 2,4% во вредноста на вкупниот откуп.

табела 111. Вредност на вкупниот откуп на земјоделски производи, 2010-2014


во илјади денари

2010 2011 2012 2013 2014


Вкупно 8 504 928 13 070 598 13 307 534 14 069 724 13 780 573
Вкупно
во % 100 100 100 100 100
Вкупно 1 179 386 1 991 645 1 808 691 1 847 010 1 956 253
Жита
во % 13,9 15,2 13,6 13,1 14,2
Вкупно 852 752 570 036 1 277 253 1 080 576 854 568
Добиток
во % 10,0 4,4 9,6 7,7 6,2
Вкупно 454 309 330 836 314 403 379 292 335 967
Живина и јајца
во % 5,3 2,5 2,4 2,7 2,4
Вкупно 1 565 789 2 216 384 2 369 203 2 761 345 3 321 302
Млеко и млечни производи
во % 18,4 17,0 17,8 19,6 24,1
Вкупно 770 750 816 601 748 211 1 127 297 993 303
Зеленчук
во % 9,1 6,2 5,6 8,0 7,2
Вкупно 478 290 618 502 586 258 1 102 491 1 039 646
Овошје
во % 5,6 4,7 4,4 7,8 7,5
Вкупно 1 207 024 1 236 856 1 600 406 2 087 242 1 862 571
Алкохолни пијалаци
во % 14,2 9,5 12,0 14,8 13,5
Вкупно 1 887 666 5 210 137 4 550 216 3 529 636 3 215 734
Индустриски растенија
во % 22,2 39,9 34,2 25,1 23,3

извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за статистика

Согласно податоците прикажани во табела бр. 112 во текот на 2014 година


индивидуалните производители учествувале со 59,3% во вредноста на вкупно
откупените производи, а најголемо учество имале во вредноста на вкупно откупените
индустриски растенија со учество од 92,8%, а потоа следуваат откупот на млеко и
млечни производи кадешто учествувале со 77,8%, на овошје каде што учествувале со
72,1%, жита и зеленчук кадешто учествувале со ист процент од 50,4% одделно секој
во вкупниот откуп, а ннајмало учество имале во откупот на живина и јајца со учество
од 0,1% во вредноста на вкупниот откуп.

табела 112. Вредност на вкупниот откуп на земјоделски производи, 2014


во илјади денари
Учество на
Индивидуални индивидуалните
Вкупно
производители во вкупниот
откуп
13 780 8 166 955
Вкупно 59,3
573
Жита 1 956 253 985 029 50,4
Добиток 854 568 165 921 19,4

268
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Живина и јајца 335 967 289 0,1


Млеко и млечни производи 3 321 302 2 583 093 77,8
Зеленчук 993 303 501 047 50,4
Овошје 1 039 646 749 957 72,1
Алкохолни пијалаци 1 862 571 126 159 6,8
Индустриски растенија 3 215 734 2 982 738 92,8

извор: Статистички годишник на Р. Македонија 2014, Државен завод за статистика

Во 2013 година вкупниот откуп на индустриски растенија изнесувал 3.529.636.000


денари, од кој откупот на тутун изнесувал 3.357.776.000 денари. Вкупниот откуп на
жита бил 1.847.010.000 денари од кои откупот на пченица е 1.423.344.000 денари.
Откупот на овошје изнесува 1.102.491.000 денари од кои 896.487.000 денари е откупот
на грозје.

Покрај на домашниот пазар земјоделците поединечно а особено здружено со други


земјоделци преку асоцијациите и Кластерите извезуваат и на пазарите во
опкружувањето, но и на европските и пошироко на светските пазари. Виното, житните
култури и месото (особено јагнешкото) се најчесто извезуваните производи.

Во Република Македонија се повеќе се обрнува внимание на безбедноста на храната


и здравјето на животните. Органското производство по примерот на ЕУ се повеќе се
промовира и во нашата држава, имајќи ги предвид природните предуслови за негов
развој. Во иднина се очекува нагорен тренд во македонското органско производство.
Се зголемува и бројот на земјоделски стопанства кои користат обновливи извори на
енергија. Согласно податоците во табела бр. 113 во 2013 година имало вкупно 383
земјоделски стопанства кои имале опрема за искористување на сончевата енергија од
кои 378 стопанства се од индивидуалниот сектор, вкупно 10 стопанства од кои 6 од
индивидуалниот сектор имале опрема за користење на биомаса, а 50 стопанства од
кои 47 од индивидуалниот сектор имале опрема за користење на друг вид на обновлив
извор на енергија.

Табела 113. Број на земјоделски стопанства со опрема за


искористување на обновливи извори на енергија, 2013 година
Друг вид
Сончева енергија Биомаса обновливи извори
на енергија
Република
Македонија 383 10 50
Индивидуален сектор 378 6 47
Деловни субјекти 5 4 3

извор: Публикација "Структура на земјоделските стопанства, 2013", Државен завод за статистика

За да се подобри пласманот на македонските земјоделски производи потребно е:

 да се организира настапот на земјоделските стопанства на странските пазари,

 подобрување на паковањето на производите,


269
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

 подобрување на маркетингот,

 подобрување на квалитетот и безбедноста на производите,

 потпишување на билатерални спогодби и

 присуство на разни видови на манифестации, саеми, итн.

Потребно е настапот пред надворешните пазари да биде поорганизиран за да се


постигнат подобри преговарачки позиции што во крајна линија доведува до повисоки
цени и поголем пласман. Во таа насока потребно е хоризонтално и вертикално
интегрирање во аграрот. Покрај здружувањето на примарните земјоделски
производители потребно е нивно поврзување и со индустријата преку изградба на
производствени капацитети за преработка на примарното производство, поврзување
со трговијата, но и со македонските институции кои имаат свои претставници во
странство, преку економските промотори и амбасадите, итн. На овој начин покрај тоа
што ќе се создадат можности за пенетрирање на нови пазари ќе се овозможи и
проширување на учеството на постојните пазари на кои веќе се застапени
македонските производи. Потребно е да вложат финансиски средства во истражување
на навиките, потребите и вкусовите на населението во другите држави.

Особено значење во современи услови на стопанисување има паковањето и воопшто


амбалажата на производите кои што се продаваат. Во таа насока се потребни
дополнителни инвестиции за пронаоѓање на современи начини на паковање и
презентирање на производите.

Исто така и маркетингот има свое место и улога во пласманот на оствареното


производство. Преку промовирање на компаративните предности на производите, а
особено преку промовирање на квалитетот и потеклото на производите може да се
постигне подобар пласман.

ЕУ обрнува особено внимание на квалитетот и безбедноста на производите кои се


пласираат на европските пазари, а индиректно строгите критериуми за квалитет на ЕУ
се повеќе се прифатени и од страна на државите кои се надвор од ЕУ, но и во САД, а
особено од страна на оние држави кои сакаат да извезуваат производи во Унијата. Од
тие причини потрбно е да се прифатат критериумите на ЕУ и да се подигне квалитетот
и безбедноста на македонските производи.

Државата секако дека може да го поттикне извозот на земјоделски производи преку


непосредни билатерални спогодби со другите држави, како што е на пример
избегнување на двојното оданочување како и други мерки во рамките на постојните
потпишани меѓународни спогодби. Државата може да даде поддршка и за присуство
на меѓународни манифестации на кои се презентираат земјоделски производи и
преработки.

270
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

3.5. Странски вложувања во аграрниот сектор

Странските инвестиции се особено важни за поттикнување на развојот за секоја земја


од повеќе аспекти. Имено, покрај самото вложување на финансиски средства голема
важност има и техничко- технолошките подобрување што ги носат странските
инвеститори и промените во начинот на работење од организациски аспект односно
воведување на нови модели на менаџирање. Одтука странските вложувања имаат
особено значење за развој на аграрот, за негово подобрување и осовременување,
преку понуда на поволни инвестициони можности за започнување на земјоделско-
прехранбени бизниси, особено во подсекторите со компаративни предности, каде
што има недостиг на понуда на домашно производство и зголемен увоз, како и кај
сезонското производство, раноградинарските расадници и производството на
сертифициран семенски материјал.

За привлекување на странските инвестиции особено е важно промовирање на


земјоделско- прехранбениот сектор пред потенцијалните странски инвеститори.
Посебно е потребно да се посвети внимание на можностите за капитално-интензивни
инвестиции.

Во согласност со Законот за земјоделско земјиште152, земјоделското земјиште во


државна сопственост може да се даде на користење по пат на закуп и плодоуживање.
Странски правни лица можат да учествуваат на јавен оглас за закуп и плодоуживање
доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.

Во табела бр. 114 се прикажани странските директни инвестиции во Република


Македонија во периодот 2009- 2013 година. Вредноста на странските директни
инвестиции во аграрот, шумарството и рибарството во 2013 година изнесува
2.640.500.000 денари со учество од 1,08% во вкупните странски директни инвестиции
во државата, истите се во постојан пораст во разгледуваниот период (за 164% се
повисоки во однос на 2009 година) но сепак истите се на незадоволително ниво и
потребно е да се зголемат бидејќи покрај директните придобивки носат и индиректни
користи како што е воведување на нови производствени практики од страна на
странските инвеститори, нови видови на пакувања и маркетинг на производите, итн.
Вредноста на странските директни инвестиции во производството на прехранбени
производи, пијалоци и тутун во 2013 година изнесува 15.396.400.000 денари со
учество од 6,29% во вкупните странски директни инвестиции во државата, но истите
имаат променлив тренд во разгледуваниот период односно до 2011 година бележат
раст, а во 2012 и 2013 година бележат пад.

152
Закон за земјоделско земјиште, Службен весник на Република Македонија бр. 135/2007, 17/2008, 18/2011, 42/2011,
148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013 и 39/2014.

271
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 114. Странски директни инвестиции во Република Македонија,


2009-2013
во милиони денари
2009 2010 2011 2012 2013
Дејности Учество Учество Учество Учество Учество
Вредност Вредност Вредност Вредност Вредност
во % во % во % во % во %
ЗЕМЈОДЕЛС
ТВО,
ШУМАРСТВО
И
РИБАРСТВО 999,99 0,52 1.793,55 0,90 1.903,12 0,86 2.246,20 0,99 2.640,50 1,08
ПРОИЗВОДС
ТВО 58.322,48 30,35 64.765,79 32,34 80.494,82 36,20 78.811,74 34,77 85.433,11 34,90
Производство
на
прехранбени
производи,
пијалоци и
тутун 15.277,94 7,95 16.092,49 8,04 18.018,35 8,10 16.056,95 7,08 15.396,40 6,29

ВКУПНО 192.168,14 100,00 200.258,73 100,00 222.345,76 100,00 226.660,92 100,00 244.812,95 100,00
Извор: Народна банка на Република Македонија, Состојба на директни инвестиции во Република Македонија-по дејности,
2009-2013

Графикон 45. Странски директни инвестиции во Република Македонија, 2009-2013

Извор: Народна банка на Република Македонија

Странските директни инвестиции ги опфаќаат новите, постојните и останатите


инвестиции. Новите инвестиции ја прикажуваат вредноста на сопственичкиот капитал
(вклучително и реинвестирањето на добивката) којашто произлегува од вложување во
нови претпријатија (гринфилд-инвестиции).

Постојните инвестиции ја прикажуваат вредноста на сопственичкиот капитал


(вклучително и реинвестирањето на добивката) којашто произлегува од вложување во
постојни претпријатија преку преземање претпријатија или спојување на претпријатија.

272
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Останатите инвестиции ја прикажуваат вредноста на сопственичкиот капитал


(вклучително и реинвестирањето на добивката) којашто произлегува од основање
подружници, филијали, фондации и останато.153

За мала и отворена економија како македонската, од исклучително значење е


привлекувањето на странски директни инвестиции. Тие го поттикнуваат
производството и ја раздвижуваат економијата, овозможуваат трансфер на знаење и
стекнување нови вештини на домашните работници, ги зголемуваат извозот и
конкурентноста на економијата, и што е најважно, отвораат нови работни места.

Природните ресурси, апсорбциската моќ на пазарот и ефтината работна сила се


значајни за привлекување на странски директни инвестиции во аграрот. Странскиот
капитал може да се привлече преку подобрување на инфраструктурата за
пресретнување на потребите на инвеститорите, намалување на административните
бариери и бирократијата, поедноставување на бизнис регулациите, зацврстување на
сопственичките права и подобрување на флексибилноста на пазарот на труд. За да се
привлечат странските директни инвестиции од суштинско значење се политичката
стабилност и економската состојба во која се наоѓа државата кои можат да носат
значителни ризици за потенцијалните странски инвеститори. Политиките и мерките за
зголемување на странските директни инвестиции од страна на државата треба да се
насочат кон воспоставување на стабилност на земјата во економска, правна и
политичка смисла. Мерките коишто треба да се користат со цел да се привлечат
странските директни инвестиции можат да бидат фискални мерки и тоа: редуцирање
на даночното оптоварување, даночните ослободувања, пренесување на загубата во
наредниот период, забрзана амортизација, субвенционирани кредити,
инфраструктурни поволности, пониски даночни стапки за реинвестирање, и/или
финансиски мерки и тоа: преференцијални кредити, државни гаранции за
инвестициски кредити, извозни гаранции и осигурувања, грантови за еколошки
проекти, помош за истражување и развој, за инфраструктура и за рурални проекти.

4. Компаративна анализа на перформансите на аграрниот сектор во


Република Македонија со аграрниот сектор на државите членки на
Европската Унија

Согласно Извештајот за напредокот на Република Македониај кон европската


интеграција, издаден од страна на Европската Комисија постигнат е напредок во
областа на земјоделството и руралниот развој, особено во областа на интегрирани
административни и контролни системи, рурален развој, органско производство и

153
Народна банка на Република Македонија/екстерни статистики/ директни и портфолио инвестиции

273
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

заштита на квалитет.154 Аграрниот сектор во Република Македонија функционира


плански и организирано и истиот ги следи трендовите и измените во Заедничката
земјоделска политика на Европската Унија155. Согласно член 68 од Спогодбата за
стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија156,
Република Македонија има прифатено обврска за усогласување со законодавството
на Европската унија. Реализирањето на оваа обврска бара сериозни измени во
постоечката законска регулатива, во воспоставување на нови институции и тела за
поддршка на аграрниот развој. Во таа насока за прв пат е донесен Закон за
земјоделство и рурален развој во 2007 година кој е основа за воспоставување и
водење на државната политика во аграрот, а истиот е изменет и дополнет во 2010,
2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година. Аграрната политика која се води во Република
Македонија во голема мерка е усогласена со ЗЗП на Европската унија157. Секако
невозможно е комплетно усогласување пред влезот на Република Македонија во ЕУ
односно треба да се продолжи со процесот на хармонизација со политиките на
Унијата. За да се согледа степенот на развој на македонскиот аграрен сектор
потребно е да се направи споредба на неговите перформанси со оние на останатите
европски земји.

Согласно податоците од табела бр. 115, во 2010 година во Романија имало 3.859.040
земјоделски стопанства што е најголем број на ниво на Европската унија. Овие
стопанства користеле вкупно 13.306.130 хектари земјоделско земјиште и располагале
со 5.444.180 грла говеда. Италија е на второ место во ЕУ според бројот на земјоделски
стопанства- 1.620.880 кои користеле вкупно 12.856.050 хектари земјоделско земјиште
и располагале со 9.911.520 грла говеда. На трето место е Полска со вкупно 1.506.620
стопанства, вкупно 14.447.290 хектари користено земјоделско земјиште и 10.377.220
грла говеда. Најмалку земјоделски стопанства имало во Луксембург 2.200 стопанства
со 131.110 хектари користено земјиште и 167.660 грла говеда, како и Исланд со 2.590
стопанства кои користеле 1.595.670 хектари земјиште а располагале и со 160.950 грла
говеда. Во Република Македонија во 2010 година беа вкупно 192.082 земјоделски
стопанства со вкупно 282.830 користено хектари земјоделско земјиште и 230400 грла
говеда. Во Република Македонија имало негативни трендови во 2010 година во

154
РАБОТЕН ДОКУМЕНТ НА СЛУЖБИТЕ НА КОМИСИЈАТА ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА 2014, Брисел, 8.10.2014 год. СВД (2014) 303 конечна верзија
(http://www.sep.gov.mk/data/file/Progres%20Report%202014/Izvestaj%20MK_PROV_10_10_2014.pdf)

155
REGULATION (EU) No 1310/2013 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 17 December 2013,
amending Regulation (EU) No 1305/2013 of the European Parliament and of the Council as regards resources and their
distribution in respect of the year 2014 and amending Council Regulation (EC) No 73/2009 and Regulations (EU) No
1307/2013, (EU) No 1306/2013 and (EU) No 1308/2013of the European Parliament and of the Council as regards their
application in the year 2014

156
Закон за ратификација на спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и
Европските заедници и нејзините земји членки, Службен весник на Република Македонија бр. 28, 13 април 2001
година

157
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010; 53/2011,
126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015 и 83/2015).

274
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

споредба со 2007 година односно бројот на земјоделски стопанства се намалил за 593


стопанства (1,3%), користеното земјоделско земјиште за 51396 хектари (15,4%) и
бројот на добиток за 10857 грла (4,5%).

Табела 115. Земјоделски стопанства, користено земјоделско земјиште и број на добиток во Европската Унија и
Македонија, 2005-2010
Користено земјоделско земјиште (во
Земјоделски стопанства(број) Добиток (број)
хектари)
2005 2007 2010 2005 2007 2010 2005 2007 2010
Белгија 51.540 48.010 42.850 1.385.580 1.374.430 1.358.020 3.884.560 3.787.770 3.798.680
Бугарија 534.610 493.130 370.490 2.729.390 3.050.740 4.475.530 1.327.020 1.245.980 1.149.470
Чешка 42.250 39.400 22.860 3.557.790 3.518.070 3.483.500 2.074.380 2.052.810 1.722.460
Данска 51.680 44.620 42.100 2.707.690 2.662.590 2.646.860 4.565.550 4.582.160 4.919.400
Германија 389.880 370.480 299.130 17.035.220 16.931.900 16.704.040 18.149.190 17.985.170 17.792.560
Естонија 27.750 23.340 19.610 828.930 906.830 940.930 316.060 313.200 306.280
Ирска 132.670 128.240 139.890 4.219.380 4.139.240 4.991.350 6.220.360 5.918.340 5.787.400
Грција 833.590 860.150 723.060 3.983.790 4.076.230 5.177.510 2.479.650 2.626.560 2.406.520
Шпанија 1.079.420 1.043.910 989.800 24.855.130 24.892.520 23.752.690 14.452.370 14.380.700 14.830.940
Франција 567.140 527.350 516.100 27.590.940 27.476.930 27.837.290 22.703.120 22.543.650 22.674.170
Хрватска : 181.250 233.280 : 978.670 1.316.010 : 882.910 1.020.180
Италија 1.728.530 1.679.440 1.620.880 12.707.850 12.744.200 12.856.050 9.563.730 9.900.670 9.911.520
Кипар 45.170 40.120 38.860 151.500 146.000 118.400 243.900 246.660 200.750
Латвија 128.670 107.750 83.390 1.701.680 1.773.840 1.796.290 456.260 487.870 474.630
Литванија 252.950 230.270 199.910 2.792.040 2.648.950 2.742.560 1.290.470 1.030.890 900.080
Луксембург 2.450 2.300 2.200 129.130 130.880 131.110 157.830 160.820 167.660
Унгарија 714.790 626.320 576.810 4.266.550 4.228.580 4.686.340 2.502.090 2.409.330 2.483.790
Малта 11.070 11.020 12.530 10.250 10.330 11.450 46.140 49.630 41.650
Холандија 81.830 76.740 72.320 1.958.060 1.914.330 1.872.350 6.388.100 6.415.200 6.711.500
Австрија 170.640 165.420 150.170 3.266.240 3.189.110 2.878.170 2.453.730 2.473.240 2.517.170
Полска 2.476.470 2.390.960 1.506.620 14.754.880 15.477.190 14.447.290 10.564.750 11.117.920 10.377.220
Португалија 323.920 275.080 305.270 3.679.590 3.472.940 3.668.150 2.069.790 2.030.050 2.205.950
Романија 4.256.150 3.931.350 3.859.040 13.906.700 13.753.050 13.306.130 6.602.750 6.041.720 5.444.180
Словенија 77.170 75.340 74.650 485.430 488.770 482.650 523.510 553.590 518.480
Словачка 68.490 68.990 24.460 1.879.490 1.936.620 1.895.500 782.710 747.210 668.340
Финска 70.620 68.230 63.870 2.263.560 2.292.290 2.290.980 1.157.550 1.152.090 1.121.050
Шведска 75.810 72.610 71.090 3.192.450 3.118.000 3.066.320 1.835.010 1.784.810 1.751.890
Велика
Британија 286.750 226.660 186.800 15.956.960 16.043.160 16.881.690 14.330.310 13.872.280 13.308.420
Исланд : : 2.590 : : 1.595.670 : : 160.950
Норвешка 53.000 49.940 46.620 1.035.400 1.031.990 1.005.940 1.257.220 1.267.600 1.229.310
Швајцарија 63.630 61.760 59.070 1.061.670 1.056.700 1.047.800 1.767.750 1.769.780 1.793.750
Црна Гора : : 48.870 : : 221.300 : : 118.410
Македонија : 192.675 192.082 : 334.226 282.830 : 241.257 230.400
Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/бази на податоци

Согласно податоците од табела бр.116 работната сила во 2010 година ангажирана во


аграрот на Република Македонија броела вкупно 121.521 лица, од кои семејни
работници (сопственици кои работат на стопанството и членови на семејството на
сопственикот) биле вкупно 107.186, а вработени (несемејни лица) биле 14.335 лица. 158
158
Анкета за работната сила, 2010, Државен завод за статистика на Република Македонија

275
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Најмногу ангажирана работна сила во аграрот во 2010 година од земјите членки на ЕУ


имало во Романија 7.156.930 лица, а потоа следуваат Полска со 3.802.590 и Италија
со 3.392.700 лица кои работеле во аграрот. Најмалку ангажирана работна сила во
аграрот во 2010 година имало во Луксембург и тоа 4.980 лица, а потоа следуваат
Исланд со 5.750 и Малта со 18.500 ангажирани лица. Според работното време во
Италија дури 93,5% од вкупно ангажираните лица во аграрот се ангажираат на
неполно работно време и во екот на сезоната кога има зголемени земјоделски
активности, Во Грција 90,9%, во Франција 82%, во Бугарија 69,4%, во Полска 29%, во
Романија 21,5%, а во Хрватска 5,4% од вкупно ангажираните лица во аграрот. Во
Република Македонија 18,1% од вкупно ангажираните лица во аграрот биле со
скратено работно време.

Табела 116. Вработени во аграрот според легалниот статус на стопанството во


земјите членки на ЕУ и Македонија, 2010 година
број

работна сила-
Сопственици членови на семејни вработени-
кои работат на семејството на работници несемејни Работна
стопанството сопственикот (вкупно) работници сила
1 2 3=1+2 4 5=3+4
Белгија 38.580 27.920 66.510 14.440 80.940
Бугарија 364.990 316.480 681.470 57.430 738.900
Чешка 19.760 23.210 42.970 89.760 132.730
Данска 39.910 16.970 56.870 23.240 80.120
Германија 294.070 283.310 577.390 172.360 749.740
Естонија 17.610 21.800 39.420 12.920 52.340
Ирска 139.560 116.080 255.640 16.410 272.040
Грција 722.400 464.110 1.186.510 26.260 1.212.770
Шпанија 861.850 1.089.900 1.951.760 275.260 2.227.020
Франција 402.390 165.950 568.350 446.410 1.014.750
Хрватска 226.160 273.190 499.350 14.330 513.680
Италија 1.603.700 1.625.860 3.229.560 163.150 3.392.700
Кипар 38.390 39.340 77.730 4.310 82.040
Латвија 82.900 80.660 163.560 17.440 180.990
Литванија 196.670 141.500 338.170 27.920 366.090
Луксембург 2.120 1.980 4.090 880 4.980
Унгарија 567.320 485.500 1.052.820 90.680 1.143.500
Малта 12.110 5.520 17.630 870 18.500
Холандија 67.960 79.970 147.920 63.710 211.630
Австрија 144.770 174.410 319.180 27.080 346.260
Полска 1.482.590 2.233.530 3.716.120 86.470 3.802.590
Португалија 297.380 360.450 657.830 50.250 708.080
Романија 3.828.350 3.222.950 7.051.300 105.630 7.156.930

276
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Словенија 71.210 134.030 205.240 3.250 208.490


Словачка 22.190 23.880 46.060 44.900 90.960
Финска 62.460 48.710 111.170 14.120 125.290
Шведска 65.850 53.980 119.830 21.700 141.530
Велика
Британија 176.490 142.570 319.060 99.610 418.670
Исланд 2.090 1.930 4.020 1.730 5.750
Норвешка 46.140 61.760 107.900 17.370 125.270
Швајцарија 52.550 69.350 121.900 44.470 166.370
Црна Гора 48.820 49.380 98.210 760 98.960
Македонија 49.112 58.074 107.186 14.335 121.521
Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/бази на податоци

Имајќи во предвид дека за исхраната на населението од суштинско значење е


производството на леб, житните култури се особени важни во Европската унија но и во
Македонија. Во табела бр. 117 се прикажани податоци за засеаните површини со
житни култури во 2012 година во државите членки на Европската унија и за Република
Македонија. Во 2012 година во Европската унија биле засеани 57.484.200 хектари со
житни култури, од кои најмногу биле засадени во Франција- 9.391.800 хектари, потоа
во Полска 7.704.300 хектари, Германија 6.527.300 хектари, Шпанија 6.169.900 хектари,
Романија 5.394.700 хектари, итн. Во Република Македонија во 2012 година биле
засадени 161.900 хектари под житни култури. Со оглед на различната површина на
секоја европска држава може да се очекува и разлики во однос на големината на
земјоделското земјиште. Подобра споредба може да се направи доколку се земат во
предвид просечните приноси од еден хектар засадена површина. Како што е покажано
во графиконот бр. 46 постојат големи разлики во однос на просечните приноси помеѓу
европските држави. Просечниот принос на Европската унија изнесува 49.100 кг/ha,
Белгија има највисок просечен принос од 88.100 кг/ha, Холандија 85.700 кг/ha, а
најнизок има Кипар со просечни 24.000 кг/ha. Македонскиот просечен принос изнесува
28.400 кг/ha, што е еднаков на шпанскиот но значително е понизок (околу 67%) во
однос на белгискиот и холандскиот. Причините за релативно многу понискиот принос
од житните култури во Република Македонија во однос на просечниот европски принос
е резултат на пониската продуктивност на трудот но и на недоволно користените агро-
технички мерки што е тесно поврзано со лошата структура на земјоделските
стопанства односно малите површини со кои што располагаат стопанствата како и
расцепканоста на земјиштето односно постоење на делови на различни локации кои
што се со мала површина што практично го оневозможува користењето на
современата механизација, како и неисплатливоста од изградба на иригациони
системи со кои во голема мерка би се зголемиле приносите од засеаните површини.

277
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Табела 117. Засеани површини со житни култури во илјади хектари, 2012


година
Држава површина Држава Површина
Белгија 341,8 Австрија 811,5
Бугарија 1.903,2 Полска 7.704,3
Чешка 1.454,4 Португалија 287,9
Данска 1.495,5 Романија 5.394,7
Германија 6.527,3 Словенија 99,7
Естонија 290,5 Словачка 792,8
Ирска 315,4 Финска 1.040
Грција 988,3 Шведска 995,1
Шпанија 6.169,9 Велика Британија 3.142
Франција 9.391,8 Исланд 4,2
Хрватска 586,1 Норвешка 293
Италија 3.577,8 Швајцарија 146,4
Кипар 37,8 Македонија 161,9
Латвија 563,9 Албанија 143
Литванија 1.159,7 Србија 1.715,6
Луксембург 27,8 Турција 11.293
Унгарија 2.757,9 Босна и Херцеговина 304
Холандија 213 Косово 137,2
Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/бази на податоци

278
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 46. Приноси од житни култури во 2012 година (100kg/ha)

Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/бази на податоци

Индексот на реалниот доход од производните фактори ангажирани во аграрот го


покажува доходот од ангажираниот труд и капиталот во аграрот. Со цел исклучување
279
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

на ефектот од порастот на цените пресметан е индекс со користење на 2005 како


базна година. Во графиконот бр. 47 направена е споредба на Индексот на реалниот
доход од производните фактори помеѓу Република Македонија и ЕУ со цел да се
направи споредба на трендот на движење во периодот 2005-2010 година. Како што
може да се заклучи од графиконот овој ииндекс е во нагорен тренд во ЕУ (во 2009
година е на исто ниво со 2008 година), додека во Република Македонија има пад во
2007 година од 1,8% во однос на 2006 година и 0,9% во 2008 година во однос на 2007
година.

Графикон 47. Индекс на реалниот доход од производните фактори во аграрот по годишна работна
единица, 2005= 100

Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/бази на податоци

Гледано во апсолутни вредности има големи разлики во остварениот доход од


производните фактори во аграрот во Република Македонија и во земјите членки на ЕУ,
односно како што може да се заклучи од Табела бр. 118 во 2010 овој доход во
Македонија изнесувал 501 милиони евра додека од европските земји највисок бил во
Франција 22570 милиони евра, а потоа следуваат Шпанија со 21245 милиони евра,
Италија 13867 милиони евра, додека најнизок бил во Луксембург 52 милиони евра, а
потоа следуваат Малта 66 милиони евра и Естонија 240 милиони евра.

Табела 118. Доход од производните фактори и


претприемачки доход во 2010 година во аграрот во
милиони евра, 2005= 100
Доход од
производните Претприемачки
фактори доход
ЕУ 125.333 73.933
Белгија 2.194 1.322
Бугарија 1.185 845
Чешка 1.123 241
280
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Данска 1.874 51
Германија 12.045 5.609
Естонија 240 139
Ирска 2.365 1.445
Грција 5.883 4.408
Шпанија 21.245 15.987
Франција 22.570 13.301
Хрватска 847 692
Италија 13.867 5.295
Кипар 288 196
Латвија 269 194
Литванија 489 263
Луксембург 52 21
Унгарија 2.131 1.164
Малта 66 60
Холандија 6.230 2.440
Австрија 2.146 1.722
Полска 7.834 6.723
Португалија 2.343 1.435
Романија 3.835 1.716
Словенија 361 266
Словачка 385 -11
Финска 1.989 1.102
Шведска 1.476 818
Велика Британија 10.001 6.491
Норвешка 1.364 1.099
Швајцарија 2.662 1.623
Македонија 501 467
Извор: Евростат и Државен завод за статистика/бази на
податоци

Податоците за индексот на нето претприемачкиот доход односно заработката по


подмирување на обврските спрема државата, спрема банките и сите останати обврски
покажуваат константен пораст во Македонија со исклучок на 2007 година кога се
бележи мал пад. Во Европската унија пак има остар пад во 2009 година, а потоа
повторно раст во 2010 година. Гледано во апсолутни вредности исто како кај
остварениот доход од производните фактори и кај нето претприемачкиот доход има
големи разлики во Република Македонија споредено со земјите членки на ЕУ, односно
како што може да се заклучи од табела бр. 119 во 2010 овој доход во Македонија
изнесувал 467 милиони евра додека од европските земји највисок бил во Шпанија со
15987 милиони евра а потоа следуваат Франција со 13301 милиони евра, Полска 6723
милиони евра, додека во Словачка имало негативен претприемачки доход односно
стопанствата работеле со загуба.

281
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Графикон 48. Нето претприемачки доход во аграрот, 2005=100

Извор: Евростат и Државен завод за статистика на Република Македонија/

бази на податоци

Според податоците прикажани во табела бр. 119, во 2012 година во Република


Македонија имало 15000 хектари под овошни насади. Од европските држави
најголема површина под овошни насади имала Шпанија и тоа 2.922.448 хектари, на
второ место е Италија со 1.431.988 хектари.

Табела 119. Вкупна површина под овошје, во хектари, 2012 година

Држава површина во ha Држава површина во ha


Белгија 14.716 Литванија 1.440
Бугарија 13.074 Унгарија 35.503
Чешка 13.911 Холандија 16.117
Данска 1.710 Австрија 9.504
Германија 33.671 Полска 150.993
Естонија 600 Португалија 346.830
Грција 791.251 Романија 64.262
Шпанија 2.922.448 Словенија 4.244
Франција 90.580 Словачка 3.782
Хрватска 24.636 Шведска 1.690
Италија 1.431.988 Велика Британија 6.868
Кипар 14.691 Македонија 15.000
Извор: Евростат/база на податоци/ Земјоделство

282
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

5. Перспективите на аграрниот сектор и неговото значење за економскиот развој


на Република Македонија

Аграрниот сектор е од витално значење за економскиот развој на Република


Македонија. Поволните климатски услови кои се карактеризираат со четири годишни
времиња, со умерени зими и долги лета се многу погодни за одгледување пред се на
растителни производи. Потребата од обезбедување на доволни количини на здрава
храна во рамките на Европската унија но и пошироко недостатокот на храна во светски
рамки укажува на фактот дека има доволно побарувачка која треба да биде
задоволена односно дека на страната на понудата треба да се вложува за
зголемување на истата. За овие намени потребни се истражувања на потребите на
европските и светските пазари за правилно насочување на македонското земјоделско
производство односно за планско производство пред се на производите со
компаративни предности (пченицата, оризот, овошјето, производството на вина,
месото и тутунот).

5.1 Цели и перспективи

Аграрниот сектор во Република Македонија има реални перспективи за понатамошен


раст и развој и неговото значење за економијата може реално да се зголеми преку
постигнување на следните цели:

 да се зголемат обработливите површини и да се зголеми добиточното


производство,
 да се окрупнат земјишните парцели,
 хоризонтална и вертикална интеграција на стопанствата во аграрната и
прехранбената индустрија,
 подобрување на условите за стопанисување во руралните средини,
 да се зголеми продуктивноста,
 да се зголеми безбедноста на храната,
 воведување на агроеколошки пристап во земјоделското производство,
 да се зголеми извозот и
 да се зголемат странските директни инвестиции во аграрот.

Според податоците од Табела бр.120 расположливото земјоделско земјиште во 2013


година изнесувало1.261.000 ха, од кои 751.000 ха биле пасишта, а 1.000 ха бари, трски
и рибници. Вкупната обработлива површина во Македонија во 2013 година изнесува
508.546 xa, од која 412.972 ха биле ораници и бавчи, 15.212 ха овоштарници и 21.497
ха биле лозја.159 Податоците укажуваат на неповолните трендови во изминатите
години односно на намалување како на вкупното земјоделско земјиште (за 3,2% во
разгледуваниот период), така и на обработливите површини (за 10,5% во
разгледуваниот период). Во рамките на обработливите површини има намалување на
површините под ораници и бавчи (12,7% во разгледуваниот период), овоштарниците
159
Публикација "Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013", Државен завод за статистика

283
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

(6,3%) и површините под лозја (за 18,5%), а единствено пораст се забележува кај
површините со ливади (11,3%).

Табела 120. Земјоделски површини по категории на користење, 2003-2013


во илјади хектари
2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013

Вкупно 1 303 1 265 1 229 1 225 1 077 1 064 1 014 1 121 1 120 1 268 1 261
Обрабптлива
569 560 546 537 526 521 513 509 511 510 509
ппвршина
Ораници и
473 461 448 439 431 424 420 415 415 414 413
бавчи
Овпштарници 16 15 13 13 13 14 14 14 14 15 15
Лпзја 27 26 26 25 23 22 21 21 21 21 22
Ливади 53 58 59 60 59 61 58 59 61 60 59
Пасишта 733 704 682 687 550 542 500 611 608 757 751
Бари, трски и
1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1
рибници
Извор: Државен завод за статистикабаза на податоци

Неповолна е и структурата на површините под ораници и бавчи, односно согласно


податоците од табела бр. 121 вкупно засеаните површини учествувале со 68% во
вкупната површина под ораници и бавчи во 2013 година додека расадниците, угарите
и небработените ораници учествувале со 32%.

За подобрување на перспективите на македонскиот аграр потребно е да се зголемат


обработливите површини кои учествуваат со 40% во вкупната земјоделска површина
за сметка на рационализација на површините со пасишта кои што учествуваат со 60%
во вкупната земјоделска површина во 2013 година, а особено имајќи го во предвид
значењето на растителното производство (кое во 2013 година учествувало со 76% во
вредноста на вкупно оствареното земјоделско производство160). Понатаму, потребно е
обработка на површините со ливади кои што во 2013 година се простирале на
површина од 59.000 ха. Потребно е да се подобри и структурата на површините под
ораници и бавчи односно површините под угари и необработени ораници да се
облагородат и да станат обработливи површини бидејќи во вкупната површина под
ораници и бавчи учествуваат дури со 32% (132.160ха).

Зачуваната природа односно ниското ниво на загаденост во руралните предели


кадешто има големи површини под пасишта (751.000 ha во 2013 година) и кои се
претежно ридско-планински се дополнителен предуслов за одгледување на добиток,
особено за развој на органското добиточно производство. Во Република Македонија
сеуште е мало учеството на добиточното производство во вредноста на вкупното
земјоделско производство(14% во 2013 година) за разлика од Европските држави каде
што добиточното производство бележи поголемо учество во вкупното производство во

160
Економски сметки за земјоделството 2013, Државен завод за статистика на Р. Македонија

284
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

споредба со растителното производство. Согласно тенденциите во Европа и


глобалните климатски промени потребно е да се користат во поголема мера и
обновливите извори на енергија, а особено сончевата енергија имајќи во предвид дека
повеќе сончеви денови во текот на годината има во Македонија во однос на
останатите европски држави.

Табела 121. Структура на ораници и бавчи - вкупно


2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013

Ораници и бавчи 100 100 100 100 100 100 100 100 100 100 100

Вкупнп засеана
66 66 71 68 68 68 70 67 67 67 68
ппвршина
Житни растенија 41 41 46 43 43 42 43 39 40 40 41
Индустриски
6 6 6 5 5 6 6 7 7 7 6
растенија
Градинарски
11 11 11 12 12 12 12 12 12 12 12
растенија
Фуражни
8 8 8 8 8 8 9 9 8 8 9
растенија

Расадници, угари и
непбрабптени 34 34 29 32 32 32 30 33 33 33 32
праници

Извор: Публикација " Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2013", Државен завод за статистика

Засилен развој на аграрот може да се очекува и преку спроведување на државни


политики за окрупнување на земјиштето. На оваа проблематика треба да се
посвети особено внимание бидејќи овие реформи би траеле долго и потребно е добро
осмислена кампања за нивно прифаќање од страна на земјоделците. Неопходна е
зголемена соработка со сите земјоделски здруженија во пронаоѓањето на
најсоодветниот модел за окрупнување на земјиштето и законско дефинирање и
доследно спроведување на начинот на кој ќе се пренесува наследството над
земјоделското земјиште од страна на земјоделците кои од различни причини ќе го
напуштаат аграрот. Слабиот пазар на земјиште во Македонија (кој е резултат на
миграционите процеси на населението во минатото од селата во градовите и
незаинтересираноста за обработка на земјиштето) не успеа да придонесе кон
консолидирање на фармите, а нискиот економски пораст и недостатокот на социјална
безбедност понатаму ја зголемиле фрагментацијата и диверсификација на
производството на мали парцели со цел да се неутрализираат флуктуациите на
пазарот и да се задоволат потребите од храна на стопанството.

Поголемите обработливи површини секако дека носат заштеда на трошоците но и


можност од зголемена примена на механизацијата, наводнување на земјиштето,
користење на поквалитетни ѓубрива, итн. што води кон поголеми приноси. Заради
поголема корисност на обработливото земјоделско земјиште неопходно е да се
окрупнат обработливите површини, за да се овозможи спроведување на агротехнички
и агромелиоративни мерки, како и да се спречи ерозија на земјиштето. Понатаму со

285
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

окрупнувањето на земјиштето ќе се овозможи заштита од загадување на


земјоделското земјиште, како и регулирање на начинот на неговата пренамена. Во
Законот за земјоделство и рурален развој на Република Македонија е регулирано
правото на првенство на купување односно со цел да се спречи уситнувањето на
земјоделските парцели, а во функција на порационално користење на земјоделското
земјиште, во случај на продажба право на првенство имаат: заедничкиот сопственик,
сопственикот и соседите чие земјиште граничи со земјиштето што се продава161.
Понатаму, во Законот е регулирано во однос на размената на земјоделското земјиште
а со цел окрупнување на земјоделските парцели, земјоделското земјиште во државна
сопственост да се разменува со земјоделско земјиште во приватна сопственост само
кога парцелите во приватна сопственост кои се предмет на размена граничат со
парцелите во државна сопственост. Овие законски решенија треба да се применат во
пракса односно треба да се приближат преку соодветни кампањи до македонските
земјоделци и нивните асоцојации бидејќи истите се доста сложени и тешки за
реализација, а македонските земјоделци треба да бидат информирани за предностите
од овие постапки како и за институциите до кои ќе треба да се обратат за помош и
поддршка, за нивните обврски и роковите во кои истите треба да ги реализираат.
Понатаму треба да се подготви и соодветна методологија за пресметка на вредноста
на земјиштето кое што треба да се размени согласно квалитетот на земјиштето и
очекуваниот принос од истото, како и висината на надоместокот којшто треба да се
доплати на стопанствата коишто имаат поквалитетно земјиште.

Хоризонталната и вертикална интеграција на стопанствата од аграрната и


прехранбената индустрија е потребна од аспект на зголемување на додадената
вредност на оствареното производство и зголемување на конкурентската способност
на македонскиот аграр и индустријата, а со тоа и на целата економија. Воспоставената
пракса од времето на социјалистичкото општество за индивидуален настап и
непазарно работење мора да се промени во насока на пазарно производство и
профитабилност во работењето. Во оваа насока потребно е да се поттикне
здружување на примарните земјоделски производители за заеднички настап на
пазарите преку поголема специјализација на производството односно производство на
производи со конкурентски предности на поедините земјоделци. Во минатото постоеја
задруги во Република Македонија кои не беа функционални но оваа форма на
здружување доколку правилно се организира и менаџира може да придонесе кон
многу користи за земјоделците. Имено потребно е соодветно менаџирање на
задругите за што потребно е едуцирање на лицата кои имаат капацитет да ги
менаџираат. Покрај формалното образование потребно е и неформално образование
и обуки во фарми од европските држави кои имаат успешно воспоставен систем на
менаџирање. Хоризонталната интеграција е особено потребна во деловите од аграрот
коишто сеуште не се доволно развиени, како што е на пример живинарството каде што
за поголемо производство и пласман потребно е да постои заеднички настап на

161
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010;
53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015 и 83/2015).

286
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

земјоделците но и вертикална интеграција со прехранбената индустрија со цел


зголемување на векот на употреба на живинарските производи (месото, јајцата,
пердувите, итн) но ии зголемување на додадената вредност. Вертикалната
интеграција е неопходна за организирано производство и загарантиран откуп со што
се зголемува доходот на земјоделците но се зголемува и сигурноста и стабилноста на
производството. Кај тутунот и виното преку откупот се регулирани пазарните односи
но кај останатите производи не постои загарантиран откуп и можат овие договорни
односи да се искористат како пример за организиран откуп и пораст на производството
на жито, овошје, зеленчук и месо. Преку соодветно субвенционирање на извозот на
преработки во кои што се содржат производи од домашно потекло или врзување на
извозот на одредени производи со процент на домашно потекло на суровината може
да се поттикне соработката на субјектите од примарното производство и од
индустријата.

Подобрувањето на условите за стопанисување во руралните средини е


особено важно за Република Македонија бидејќи населението кое живее во овие
средини е со ниско образование, невработено, а и стапката на сиромаштија е
повисока во руралните средини. Аграрот е главна дејност во руралните средини и
потребно е истиот да биде одржлив и да се создадат предуслови за негов развој.
Приходот во руралните средини е многу низок и потребна е државна поддршка за
негово приближување кон приходот на урбаните средини. Постоечката
инфраструктура во руралните средини треба да се реновира но потребна е изградба и
на нови патишта, канализациони и иригациони системи, здравствени домови и
амбулантни. Ниското ниво на приход кој го имаат руралните стопанства и домаќинства
ја отежнува социјалната заштита и од овие причини потребно е да се пружи
повластена државна поддршка за пружање на соодветна социјална и здравствена
сигурност. Внатрешната миграција која во подолг период се одвивала во Република
Македонија во рамките на поранешна СФРЈ предизвикала депопулација на голем дел
од руралните подрачја со што се влошени условите за стопанисување во овие
подрачја односно таму живеат претежно стари лица бидејќи младите лица се
преселени во градовите во потрага за поголема заработувачка и полесен живот.
Подобрувањата во руралната економија на активности кои што се реализираат вон
фармата како што се занаетите и малите и средни претпријатија влијаат на
подобрување на продуктивноста на работата во руралните средини и треба да се
поддржат со цел создавање и зајакнување на неземјоделските бизнис активности
вклучувајќи го и руралниот туризам.

Продуктивноста во аграрното производство може да се зголеми преку усвојување


на подобрени техники за производство на култури и одгледување на добиток. За
постигнување на оваа цел треба да се даде соодветна поддршка за развој на
земјоделството преку субвенции за одгледување на растителни култури и сточарство,
поддршка за инвестирање за набавка на механизација и опрема, како и преку
обучување и едуцирање на фармерите. Субвенциите за одгледување на растителни
култури вклучуваат набавка на сертифицирано семе односно производство на семе
со соодветен квалитет кое може да ги задоволи европските и светски стандарди,
287
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

додека субвенциите за одгледување на добиток вклучуваат подобрени раси на


добиток за наменско одгледување на добиток односно специјализирано одгледување
на добиток за производство само на млеко, само за производство на месо или само
за производство на волна, а не комбинирано повеќенаменско производство кое што
создава квантитет но не секогаш и адекватен квалитет. Застареното производство на
култури и технологии на одгледување резултира со низок принос и квалитет на
производите. Инвестирањето во нова и посовремена механизација и опрема
вклучувајќи и нови начини на производство па дури и иновации неминовно води кон
зголемување на продуктивноста на аграрот. Ниското ниво на образование води
конзервативни ставови кон промените и иновациите и од тие причини е потребно да се
подобри образовниот профил на македонскиот земјоделец како и да се инвестира во
доедукација, во обуки и семинари вклучувајќи го и таканареченото доживотно учење и
образование. Образовните, научните и истражувачките институции треба да се
поттикнат да спроведуваат научни проекти кои имаат за цел да ја подобрат
продуктивноста преку проекти како што се одржување на ген банка, производство на
сертифицирани посадочени материјали, анализи и испитување на растенијата за
постоење на болести и заштита од штетници, итн.

Безбедноста на храната е важна за здравјето и благосостојбата на населението.


Безбедноста на храната треба да се следи од примарното земјоделско производство
преку преработката и трговијата се до нејзината дистрибуција до крајниот потрошувач.
Од аспект на примарното земјоделско производство потребно е да има воспоставено
стандарди како и соодветна контрола од изборот на семе за културите до ѓубрењето и
заштитата на растенијата со соодветни средства и пестициди како и воведување на
процедури на добра хигиенска пракса и добра земјоделска пракса, а кај животните за
храната на добитокот и соодветната ветеринарна заштита (користење на соодветни
медицински препарати), како и воведување на системи за идентификација и
регистрација на животните. Безбедноста на храната се однесува понатаму и кај
преработувачката индустрија, условите за складиштење и чување на производите,
транспортот и трговијата со истите.
Воведувањето на агроеколошки пристап во земјоделското производство
треба да обезбеди одржливо управување со природните ресурси и ублажување на
влијанието на климатските промени. За приближување на агроеколошки пристап до
земјоделските производители потребна е соодветна активност на советодавните
служби во насока на објаснување и обезбедување на поддршка на земјоделците како
и определување на подрачјата кои се чуствителни на загадување на водите со
нитрати од земјоделските активности и воспоставување на систем на следење заради
проценка на ефективноста од превземените активности. Потребно е ефикасно
справување со отпадот од земјоделството, производството и употребата на
обновливите извори на енергија во земјоделството. Секторот земјоделство е вториот
најголем извор на емисии на стакленички гасови во земјата со 9,9% во 2013 година,
според објавените статистички податоци и претставува сектор кој значително може да
продонесе за целокупното намалување на стакленичките гасови, а со тоа намалување

288
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

на влијанијата врз климатските промени.162 Обновливите извори на енергија, кои се


лесно достапни во руралните области во најголема мера не се искористени.

Производството на здрава храна е можност на македонското земјоделско


производство да обезбеди дополнителни приходи преку започнување или
преориентација на постоечките земјоделски бизниси во производство на органска
храна. Институционалната рамка е воспоставена и потребно е да се унапреди
препознатливоста на органското производство на домашниот пазар, како и
започнување на извоз на странските пазари. Пораст на органското производство е
можно доколку органските производители сериозно се реорганизираат кон настапот на
надворешните пазари и преку подобрување на маркетингот на органските производи и
зголемување на јавната свест за органската храна.
Извозот на македонските земјоделски производи треба да се диверзифицира по
сортиментот и по извозните дестинации. Потребна е национална презентација на
извозно-ориентираните земјоделски производи на странските пазари, а особено на
виното, зеленчукот и овошјето. За подобрување на маркетингот на земјоделските
производи потребен е пристап до информации од странските пазари на земјоделски
производи. Македонскиот извоз е претежно фокусиран на свежи производи без
додадена вредност или производи со пониско ниво на преработка. За пораст на
извозот потребни се зголемени инвестиции во земјоделското производство и
преработките, модернизација и диверсификација на производниот процес. Потребно е
да се направи диверзификација на извозните дестинации и промоција на
македонските производи на странските пазари со организирана национална
презентација. Потребни се вложувања за промовирање на македонски брендови и за
посовремена амбалажа за задоволување на барањата на европските и светски
пазари.

Забрзан трансфер на технологија и знаење во земјоделско-прехранбениот сектор како


и зголемување на капацитетите ќе се овозможи и преку привлекување на странски
директни инвестиции. Капиталните инвестиции се особено значајни за аграрниот
сектор бидејќи овозможуваат понатамошен забрзан развој на аграрот и од тие причини
потребно е да се направи промоција на домашните потенцијали пред странските
инвеститори, пред се за привлекување на инвестиции за подигнување на расадници,
за производство на сертифицирани семиња, понатаму за производство на производи
со компаративни предности, за изградба на капацитети за чување на
производствените вишоци како што се складишта, винарски визби, за изградба на
преработувачки капацитети пред се за преработка на примарните растителни и
добиточни производи. Странските директни инвестиции можат да се поттикнат и преку
промовирање на принципот јавно-приватно партнерство.

162
Одржлив развој 2014, Државен завод за статистика на Република Македонија

289
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

5.2 Аграрна политика

Македонската аграрна политика е прилагодена на Заедничката земјоделска политика


на ЕУ согласно превземената обврска од преговарачкиот процес за членство во ЕУ163.
Во целокупниот изминат период политиките беа водени и прилагодувани кон
европските директиви и Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Предпристапното
прилагодување кон acquis-то преку превзементите реформи има за цел да го зголеми
капацитетот на домашната економија да функционира со условите на единствениот
европски пазар. Имајќи во предвид дека Заедничката земјоделска политика на ЕУ
постојано се менува и прилагодува на барањата и потребите на европските
земјоделци и на потрошувачите, македонската аграрна политика треба да ги следи
овие измени и да ги прилагоди европските барања на условите во кои функционира
македонскиот аграр за да бидат истите применливи и корисни за македонските
земјоделци. Целите на ЗЗП се транспонирани и уредени во Законот за земјоделство и
рурален развој уште од 2007 година. Поддршката која Република Македонија ја
добива од Европската унија преку петтата компонента од ИПА за развој на аграрот и
руралниот развој треба да се користи во поголема мерка имајќи во предвид дека во
изминатиот период помалку од 30% од одобрените средства беа искористувани од
страна на земјоделскиот сектор што секако е неповолна состојба. Во оваа насока
потребно е да се пружи соодветна помош на македонските земјоделци при
пополнување на апликациите. За оваа намена веќе има формирано посебни
институции и советодавни агенции како што е Агенцијата за поттикнување на аграрот
со седиште во Битола, но податоците укажуваат дека потребно е да се зголеми
ефикасноста на пружањето на советодавните услуги на советниците од Агенцијата,
преку одржување на заеднички трибини особено во руралните предели, непосредна
соработка со земјоделските производители имајќи во предвид дека дел од нив и
немаат вештини за користење на персонални компјутери за подготовка на
инвестиционите програми. Европската поддршка комбинирана со домашната државна
поддршка која се реализира преку Агенцијата за финансиска поддршка на аграрот и
руралниот развој секако дека ќе дадат поттик за понатамошен развој на аграрот.

Со цел понатамошно прилагодување кон ЗЗП во следниот период треба да се


обезбедат доволно средства за развојот на земјоделството и на руралните средини,
односно за модернизација и механизација на земјоделските стопанства и за
подобрување на инфраструктурата. Македонските политики во претстојниот период
треба да се насочат кон надминување на проблемите на индивидуалните стопанства
кои се многу мали и неекономични во своето работење, пред се кон окрупнување на
земјиштето со коешто располагаат и зголемување на специјализацијата на
производството кое што ќе биде пазарно ориентирано, како и нивно хоризонтално и
вертикално интегрирање со индустријата и тргговијата. Организираниот откуп на
земјоделските производи секако дека поволно ќе влијае на мотивираноста на

163
http://ec.europa.eu/agriculture/cap-overview

290
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

земјоделците за зголемување на производството односно на зголемување на


парцелите кои ги обработуваат како резултат на загарантираниот приход и
стабилноста која ќе ја почувствуваат земјоделците и нивните семејства.
Специјализацијата во земјоделското производство односно ориентираноста кон
производство на одреден специфичен производ со компаративни предности ќе
придонесе кон зголемување на капацитетот за производство и продажба на
производите на пазарите во земјата но и на странските пазари. За успешен настап на
странските пазари секако е потребна поголема соработка помеѓу земјоделските
производители но и соработка со индустријата за градење на деловни односи кои ќе
донесат корист за сите учесници. Зголемениот извоз на земјоделски производи, а
особено на производи со повисок степен на обработка ќе придонесе за намалување на
трговскиот дефицит во Република Македонија а во крајна линија и за подобрување на
платниот биланс.

Понатамошната имплементација на стандардите за квалитет и безбедност како и


агроеколошките мерки треба да биде поттикната со аграрната политика. Строгите
стандарди за квалитет на ЕУ треба да се спроведат преку финансиска поддршка на
земјоделските стопанства за нивно воведување и засилена контрола на нивната
понатамошна имплементација, a ова oсобено се однесува на стандардите поврзани со
агроекологијата вклучувајќи ги аспектите за управување со отпадот кој го создава
аграрот како и употребата на енергија од обновливи извори. Традиционалните начини
на поддршка на аграрот преку директни плаќања на земјоделците по површина (хектар
користено земјиште) или по грло добиток треба постепено да се заменат со
таканаречените "decoupling" плаќања односно директни плаќања кои не се поврзуваат
конкретно со одгледувана култура или вид на добиток.

5.3 Надлежни институции за спроведување на аграрните политики

Политиките за развој на аграрот и руралните средини треба да бидат спроведени во


услови на меѓусебна соработка помеѓу државните институции и земјоделците и
нивните здруженија и асоцијации. Од страна на државните институции најголема улога
и одговорност во спроведувањето на аграрните политики треба да има
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое треба да ја
координира работата на останатите државни институции (Агенцијата за финансиска
поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за поттикнување на
развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, и други).
Земјоделците и нивните здруженија, како и руралното население, треба исто така да
имаат активна улога во креирањето и спроведувањето на аграрните политики бидејќи
тие се најзасегнати за развој на аграрот. Во оваа насока потребно е земјоделците да
бидат рамноправен партнер во преговорите со државните институции во моментот на
креирање на политиките но и подоцна во следењето на нивната реализација и
благовремено реагирање во случај на било каква недоследност или неправилност во
имплементацијата, како и превземање на иницијативи и активности за измена и
дополна на постоечките политики. Своја улога во креирање и спроведување на
аграрните политики треба да имаат и преработувачите и трговците со земјоделски
291
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

производи во делот на вертикално интегрирање на примарното земјоделско


произвопдство со индустријата и трговијата, како и стручната јавност (Факултетот за
земјоделски науки и храна, Земјоделскиот институт и други) во однос на научно-
истражувачката работа и иновациите поврзани со аграрот.

5.4 Резултати од спроведувањето на аграрните политики

Доследното спроведување на аграрните политики и остварувањето на дефинираните


цели неминовно ќе доведе кон пораст на продуктивноста на аграрот и зголемување на
приходите на земјоделците, преку засилување на производните капитални инвестиции
но и инвестициите во инфраструктурата, образованието и инвестициите за рурален
развој. Преку аграрните политики ќе се подобри структурата на земјоделските
стопанства од аспект на големината на расположливо земјоделско земјиште по
земјоделско стопанство. Понатаму, ќе се подобри безбедноста на храната, а ќе се
воведе и агроекологијата во земјоделското производство со што перформансите на
македонскиот аграр ќе се доближат до барањата од Заедничката земјоделска
политика која ја спроведува Европската унија.
Спроведувањето на аграрните политики неминовно ќе придонесе кон зголемен обем
на инвестиции во земјоделско-прехрамбениот сектор. Доколку на примарното
земјоделско производство се надоврзе можноста за преработка на суровите
производи и продажба на производи со повисока додадена вредност, ќе се овозможи и
развој на преработувачката индустрија но и воопшто на лесната индустрија. Во
минатото Македонија имаше многу развиена текстилна индустрија која добро
котираше на светските пазари пред се благодарејќи на својот квалитет. Суровина за
развој на текстилната индустрија односно за производството на текстил беше од
домашно потекло. Како суровина се користеше пред се домашната волна и тоа
добиена од мерино овците кои се одгледуваа во голем број. Понатаму, како суровина
се користеше и домашниот памук кој беше многу ценет на пазарите од бивша
Југославија, а во подалечното минато особено во јужниот дел од Македонија се
одгледуваше свилената буба од која се добива високо квалитетна свила која е многу
барана особено во азиските држави. Во последните години во Македонија се работи
на лон систем во текстилната индустрија односно странските фирми (особено од
Грција) отвараат свои претставништва во Македонија (особено во југоисточниот дел
од Македонија има многу текстилни погони) во кои се користи единствено евтината
работна сила а материјалите се носат од земјите од кои што доаѓаат овие компании и
потоа се враќаат повторно како готови производи. За производство на волнени
производи потребна е поддршка за поттикнување на одгледувањето на специјални
видови на овци кои што ќе се користат исклучиво за производство на волна. Имено, во
Македонија земјоделците се обидуваат од вкрстени сорти на овци истовремено да
добиваат и млеко и месо и волна. Ова во пракса е погубно решение бидејќи светскиот
пазар го препознава квалитетот на производите и доколку сакаме да ја подигнеме
конкурентноста на нашето производство мора да се задоволат пребирливите вкусови
и високите критериуми за квалитет на европските и светските пазари односно
потребно е да се зголеми степенот на специјализација во македонскиот аграр.
Со инвестициите во аграрниот развој ќе се развие индустријата во делот на
производство на машини и механизација потребна во производствениот процес.
Наместо скапиот увоз на трактори, комбајни и други видови на механизација и опрема
истите по пониски трошоци ќе се произведуваат во Република Македонија преку
изградба на фабрики во обем кој што ќе ги задоволува во прво време домашните
потреби, а понатаму и за извоз пред се во земјите од опкружувањето но и пошироко.
292
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Подобрените производни резултати на секторот ќе доведат до зголемување на


производството и пораст на извозот на македонските земјоделски производи. Развојот
на аграрот има влијание на развојот на туризмот особено на руралниот/ селскиот
туризам. Во Европа е развиен руралниот туризам преку соодветна државна поддршка.
Се даваат субвенции за развој на овој туризам и тоа директно на земјоделските
домаќинства кои живеат во овие предели. Преку соодветна поддршка од туристичките
институции и агенции за промовирање на селскиот туризам ќе се привлечат
странските посетители за запознавање со начинот на живот во руралните предели на
Македонија, со традициите, културата, домашните ракотворби, запознавање со
старите занаети, итн. Приходот од туризмот на домаќинствата ќе го зголеми приходот
покрај редовниот од земјоделските активности.
Развојот на аграрот неминовно ќе влијае на економскиот развој на Република
Македонија бидејќи е непосредно поврзан со другите сектори. Развојот на аграрот
влијае и на намалување на невработеноста бидејќи аграрниот сектор е
трудоинтензивен односно бара ангажирање на работна сила.

293
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

6. Заклучни согледувања за улогата на аграрниот сектор во економскиот развој


на Република Македонија

Аграрот е примарен економски сектор кој е од суштинско значење за развојот и


опстанокот на една држава. Благосостојбата на населението е обврска на секоја
држава, а обезбедувањето на доволна количина на храна која ќе биде со соодветен
квалитет и ќе ги задоволи нутриционистичките потреби на човечкиот организам е
основен услов за здравјето на населението и за просперитет на државата. Аграрот е
значаен извор на суровина за индустријата, пред се за преработувачката индустрија,
но и за текстилната индустрија. Развојот на аграрот има поволно влијание и на
развојот на агротуризмот, на надворешната трговија преку извозот на земјоделските
производи со што и индиректно придонесува за развој на националната економија.
Европската унија многу одамна го има согледано значењето на аграрот, а за
превземање на навремени мерки за поддршка на аграрот во 1958 година ја има
воведено Заедничката земјоделска политика, која е во постојани реформи и
подобрувања. Поддршката која се обезбедува со Заедничката земјоделска политика
изнесува околу 40% од буџетот на Унијата. И покрај фактот дека во последните години
овој процент има постојан тренд на намалување сепак истиот сеуште е на високо ниво
и претставува значајна поддршка на земјоделските производители.
Република Македонија како земја кандидат за членство во Унијата во рамките на
својата национална политика го поддржува значително аграрот одвојувајќи големи
средства од државниот буџет. Државните програми ги следат мерките планирани во
Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Со Законот за земјоделство и
рурален развој кој е донесен во 2007 година се уредуваат планирањето на развојот на
земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика,
планирањето, следењето и процена на националната земјоделска политика,
партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството,
мерките за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и
рурален развој, државната помош во земјоделството и руралниот развој, формите на
организирање и здружување во земјоделството и контролата на спроведување на
мерките. Развојот на аграрниот сектор во Република Македонија се планира на период
од седум години преку Националната стратегија за земјоделство и рурален развој и
петгодишните Национални програми. Значењето на аграрниот сектор се согледува
пред се преку неговото учество од околу 10% во создавањето на македонскиот бруто
294
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

домашен производ, високото учество од 19% во вкупната вработеност на државата


кое е од особено значење особено во услови на голема стапка на невработеност на
државата (од околу 28%) и истиот има солидни основи да влијае на понатамошно
намалување на стапката на невработеност, имајќи во предвид дека е трудоинтензивен
односно ангажира многу работна сила во производствениот процес. Аграрниот сектор
може да придонесе и во намалување на трговскиот и девизниот дефицит на државата
преку зголемување на извозот на земјоделски производи особено оние со повисок
степен на обработка односно со повисока додадена вредност. Извозот на земјоделски
производи е околу 9%, а заедно со извозот на прехранбени производи околу 15% од
вредноста на вкупниот извоз. Извозот може да се зголеми само преку производство на
производи со компаративни предности како што е тутунот, виното, овошјето,
зеленчукот, јагнињата, итн. Компаративните предности на аграрниот сектор во
Република Македонија се пред се резултат на поволните климатски услови и
расположливото земјоделско земјиште и условите за одгледување на добиток и
добиточно производство. Евтината работна сила е дополнителен фактор кој
придонесува за зголемување на компаративните предности.
Добиените резултати од извршената анализа, укажуваат на слабите перформанси на
аграрниот сектор на Република Македонија кои се резултат пред се на недоволното
внимание кое му е посветувано во периодот по Втората светска војна па се до 2006
година, како и недоволните средства кои се издвојувани за аграрот. Депопулацијата во
руралните средини во кои претежна дејност е традиционалното земјоделство е
резултат на масовното внатрешно мигрирање на населението од селата во градовите
во потрага по работа и полесен живот. Лошата инфраструктура, процесите на
индустријализација, ниското ниво или воопшто непостоењето на инвестиции во
периодот по Втората светска војна неминовно придонеле за масовните иселувања на
младото население од селата и за стареење на селското население. Во некои аграрни
предели во Република Македонија практично и нема жители, а некогаш обработливото
земјиште воопшто не се користи. Неискористени остануваат и пасиштата во ридско-
планинските села кои се комплетно иселени. Сепак забележителни се напорите на
државата во периодот од 2007 година за заживување на селата и подобрување на
условите за живот преку изградба на инфраструктура (патишта, училишта,
здравствени услуги, спортски терени и сали, итн), обнова и развој на селата,
реализација на стратегии за локален развој на рурални средини, помош за вршење на
земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност,
295
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

помош за зачувување на руралните предели и зачувување на генетската


разновидност, органското производство, субвенционирање на производството, обука и
информирање на земјоделските производители, пружање на советодавни услуги,
инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, инвестициите за
преработка и маркетинг на земјоделските производи, економското здружување, итн.
За да се обезбеди долгорочен раст и развој на аграрниот сектор потребно е да се
насочи вниманието кон слабостите, а една од најголемите слабости на македонскиот
аграр која директно влијае на перформансите на аграрот е расцепканоста на
земјиштето. Малите земјишни парцели дополнително се расцепкуваат преку
поделбата на земјиштето на наследниците. За надминување на овие неповолни
состојби државата превзема активности преку законски регулирања да создаде услови
за окрупнување на земјиштето, како што е размената на земјиште помеѓу
сопствениците кои што имаат парцели на различни локации, со соодветни финансиски
надоместоци за разликата во квалитетот на земјиштето, итн. Овој процес е долготраен
бидејќи неминовно се јавува отпор кај земјоделците, а за убрзување на процесот на
окрупнувањето неопходно е да се засили соработката со земјоделските здруженија и
да се засили промовирањето на оваа мерка за да се добие права слика на корисноста
од истата. Економијата на обемот на поголеми парцели, значи повисок степен на
механизација и автоматизација на производство, користење на современи агро-
еколошки мерки за зголемување на приносите и заштита на животната средина, како и
подобро планирање и пласман на производите на домашниот и надворешните пазари.
Кај добитокот и добиточното производство ситуацијата е идентична како кај
растителното производство, односно поголем дел од земјоделските стопанства
располагаат со мал број на добиток и тоа претежно ситен добиток. Степенот на развој
на една аграрна држава се мери преку учеството на добиточното во вкупното
земјоделско производство односно колку релативното учество на добиточното во
вкупното производство е поголемо толку државата се смета дека е поразвиена. Во
Република Македонија има обратна ситуација на поголемо релативно учество на
растителното во вкупното производство што секако е крајно неповолно. За да се
зголеми учеството на добиточното производство потребно е да се зголемат
инвестициите особено во изградба на инфраструктура за создавање на можности за
шталско одгледување на добитокот. Понатаму, потребно е да се зголеми степенот на
преработка на добиточното производство, да се засили кластерскиот настап пред
странските купувачи и да се зголемат промотивните активности преку економските
296
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

промотори, учество на различни манифестации и настани во странство за следење на


современите тенденции во оваа област.
Менаџментот во аграрот во Република Македонија е на многу ниско ниво бидејќи
преовладуваат фамилијарни фарми кои се мали од аспект на користеното земјоделско
земјиште и добитокот со кој располагаат. Вообичаено стопанствата се водени од
страна на најстариот член на домаќинството, а не од професионално обучени лица.
Нивото на образование на лицата кои работат во овие стопанства е ниско односно
најголем дел од ангажираната работна сила е со основно и средно образование, а мал
дел е со факултетско образование.
За да се подигне квалитетот на менаџментот потребно е вложување како во
формалното така и во неформалното образование преку курсеви, семинари, саеми и
различни видови на предавања потребно е да се едуцираат земјоделците, а особено
носителите на индивидуалните земјоделски стопанства за најновите достигнувања во
аграрот во европски и светски рамки, за побарувачката на одредени видови на
производи на домашните и странските пазари. Интернетот како многу корисен извор
на информации треба да им се доближи на земјоделците бидејќи преку него можат да
се поврзат меѓусебно, да разменуваат искуства и да добиваат релевантни
информации за најновите случувања на пазарите во државата и во странство.
Развојот на земјоделските здруженија треба да има суштинско значење во развојот на
одредени видови на земјоделско производство, преку формирањето на
таканаречените кластери. Кластерското здружување треба да го подобри заедничкиот
настап на земјоделците кои произведуваат ист вид на производи пред домашниот но и
пред странските пазари. Одредени кластери во Република Македонија веќе
покажуваат добри резултати со заедничкиот настап, како што е на пример кластерот
за вино. Виното е многу извезуван производ од Република Македонија благодарејќи
пред се на неговиот квалитет (долгите сончеви денови во текот на годината но и
генерално поволната клима за производство на квалитетно вино) но и доброто
паковање и осмислената маркетинг стратегија за зголемување на учеството на
постојните пазари, но и освојување на нови пазари.
Перформансите на аграрниот сектор ќе се зголемат и преку вертикално интегрирање
на земјоделците. Имено, поврзувањето на производителите на примарни земјоделски
производители со откупувачите но и со преработувачите ќе придонесе кон гарантиран
откуп, подобро планирање и пласман на производите а со тоа и поголема
заработувачка. Доколку во овој ланец се вклучат и извозните претпријатија
297
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

заработувачката повеќекратно ќе се мултиплицира и ќе се почувствуваат ефектите и


на надворешната трговија. Во оваа насока забележителни се вложувањата од страна
на државата преку програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој, но
потребен е поголем ангажман и од страна на самите производители. Државата преку
програмите за развој на земјоделството и руралниот развој треба да издвојува
средства за поголема поддршка на саемското претставување на земјоделските
стопанства пред меѓународните потенцијални купувачи имајќи во предвид дека преку
добро организиран маркетинг и заедничко претставување на европските и светски
пазари може да се очекува зголемување на побарувачката на македонски производи
во строго регулираните пазари во кои има високи критериуми за квалитет на
производите, паковањето, транспортот односно постојат стандарди за секоја фаза од
производствениот процес и истите мора да бидат задоволени за да бидат производите
прифатени и да бидат конкурентни. Постои голема нестабилност на квалитетот на
македонските производи што секако треба да биде предмет на понатамошни анализи,
а со цел изнаоѓање на трајни решенија за стандардизација на производството.
Светскиот, а особено европскиот пазар има воспоставено високи критериуми не само
за квалитетот на производите туку и за заштитата на околината, за зачувување на
биодиверзитетот, за користење на агроеколошките мерки, за користење на
обновливите извори на енергија и воопшто за зачувување на животната средина и
намалување на загадувањето.
Во услови на релативно високи стапки на невработеност аграрот може многу да
придонесе за нивно намалување. Аграрот вработува значаен дел од
работоспособното население но има потенцијал за понатамошно зголемување на
ангажираната работна сила во земјоделското производство, во агротуризмот, во
преработките, во трговијата со земјоделски производи, итн. Претежното производство
за сопствени потреби на поголем дел од македонските земјоделски стопанства е
сериозен проблем. Податоците укажуваат дека степенот на специјализација е на
многу ниско ниво и македонските стопанства се занимаваат со одгледување на
различни видови на култури и добиток истовремено, што укажува на мало
произведено количество од одреден производ за да се планира негово продавање на
пазар. За да се зголеми продуктивноста неминовно е зголемување на степенот на
специјализација, покрај окрупнувањето на земјоделското земјиште. Вообичаено на
земјата работат членовите на домаќинствата кои живеат од произведеното односно
многу мала е новосоздадената вредност и обично се работи за проста репродукција.
298
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Остварувањето на добивка е неизбежен економски критериум кој носи просперитет


како на макро, така и на микро план. Ова е сосема разбирливо, доколку се има
предвид фактот дека добивката во деловните субјекти, поточно нејзиното
максимизирање, претставува примарна цел за нивното основање и истовремено
претставува главна движечка сила на секоја пазарно ориентирана економија.
Македонските стопанства во поголем дел не се комерцијализирани односно нивното
производство не е планирано да се продава надвор од стопанството.
За да се зголеми вредноста на извозот на земјоделско- прехранбените производи
потребни се дополнителни домашни но и странски инвестиции во изградба на
прехранбени капацитети во регионите во кои се одгледуваат одредени полјоделски
култури или одредени видови на добиток. Потребни се дополнителни инвестиции во
конзервната индустрија за продолжување на рокот на употреба на суровите производи
со ниски степени на преработка и за изградба на ладилници. Потребни се вложувања
во паковањата на производите, во воведување на различни видови на амбалажа и
брендирање на производите. Согласно Законот за иновациска дејност и во рамките на
Програмите за рурален развој се одвојуваат финансиски средства за иновации на
нови производи, нови производствени процеси, оганизација, маркетинг, итн.
Трошоците за истражување и развој потребно е да се зголемат на државно ниво како
за аграрот така и за останатите дејности бидејќи истите се многу мали и изнесуваат
околу 0,2% од Бруто домашниот производ на Република Македонија. Овие трошоци се
двигател на развојот на една земја и потребно е значително да се зголемат во
наредниот период со цел модернизирање на македонскиот аграр, воведување на нови
современи начини на производство, зголемена употреба на механизација во процесот
на производство и подигнување на продуктивноста.

299
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

ЗАКЛУЧОК

Аграрот има низа специфичности кои произлегуваат од неговата зависност од


природата и истите треба да се имаат предвид кога се прават било какви анализи на
овој сектор кои треба да послужат за креирање на аграрни политики и за носење на
соодветни одлуки, и тоа: ограниченоста на земјоделското земјиште како природен
ресурс; органскиот карактер на земјоделското производство односно нерамномерното
користење на производствените фактори; долгиот обрт на капиталот; можноста за
поголемо користење на сончевата енергија во однос на другите економски сектори,
како и пазарите на земјоделски производи односно специфичноста на неусогласеност
на побарувачката, понудата и интерните и екстерните паритети на цените.
Аграрните политики имаат за цел да придонесат кон постигнување на одредено ниво
на земјоделско производство со задоволителен квалитет и асортиман, преку
економските мерки како што се: ценовните механизми, даноците, осигурувањето,
увозно- извозните режими, субвенциите, инвестициите и долгорочните и
краткорочните кредити.
Развојот на аграрот е тесно поврзан со развојот на останатите сектори од економијата,
односно аграрот со својот развој допринесува за развој на останатите сектори и
обратно. Така на пример аграрниот сектор влијае на развојот на индустријата, пред се
на преработувачката индустрија бидејќи е извор на суровини, но и на текстилната
индустрија бидејќи обезбедува пердуви, кожа, крзно, итн. Од своја страна и
индустријата влијае на развојот на аграрот, а особено преку техничко технолошкиот
развој и иновациите обезбедува современа опрема и механизација, нови начини и
методи на производство, кои влијаат на подигање на продуктивноста на аграрното
производство. Аграрот влијае позитивно на развојот на градежништвото преку
потребата од изградба на нови и современи капацитети и производни погони, патишта,
итн. Аграрот влијае и на развојот на трговијата преку производство на вишоци на
производи кои се пласираат на локалните, регионалните но и меѓународните пазари,
на развојот на руралниот туризам, на занаетчиството а особено на одржување на
некои традиционални занаети (пример за рачно производство на средства за
обработка на земјата), итн.
Во ерата на информации незамислив е аграрниот развој без користење на современи
информатички технологии. За носење на адекватни одлуки во сферата на аграрот како
од страна на земјоделските производители така и од страна на државните институции
300
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

потребни се навремени и точни информации за успешно вклучување во надворешно


трговската размена.
Во рамките на Европската унија му се посветува особено внимание на аграрот имајќи
го во предвид неговото значење од економски но и од социјален аспект. Заедничката
земјоделска политика на Европската унија се води за заштита пред се на
земјоделските производители во земјите членки од конкуренцијата која доаѓа од
земјите кои не се членки, но и за поттикнување на развојот на руралните средини.
Имено приходот на европските фарми е двојно помал во однос на приходот на
деловните субјекти кои доаѓаат од другите економски сектори. Но освен оваа цел
Заедничката земјоделска политика има за цел и заштита на европските потрошувачи
преку обезбедување на доволни количини на храна притоа водејќи грижа за
квалитетот и безбедноста на храната. Целите на Заедничката земјоделска политика
се менувале со текот на времето, односно првичните цели кои биле утврдени со
Договорот од Рим од 1957 година а се однесувале на пораст на продуктивноста во
аграрот, обебедување на добар животен стандард, стабилизирање на пазарот и
обезбедување на потребната количина на храна, подоцна биле дополнети со
барањата за заштита на животната средина, безбедноста на храната и зачувување на
биодиверзитетот со цел одржлив и инклузивен раст на аграрот. Заедничката
земјоделска политика го заштитува европското земјоделско производство преку негово
субвенционирање односно директните плаќања кон земјоделците, субвенционирање
на извозот под цената на чинење, плаќања на земјоделците за да не произведуваат
над воспоставените производни квоти, заштитата од увоз преку системот на увозни
тарифи и ценовните механизми (загарантираните минимални цени, увозните цени и
др.). Руралните средини имаат големо значење за Европската унија и нејзиниот
понатамошен развој пред се заради големиот број на вработени, нивното учество во
БДП и во вкупната територија на ЕУ. Од овие причини во рамките на ЗЗП се
одделуваат значителни средства за руралниот развој и тоа за спречување на
миграцијата од руралните средини, инвестиции за подобрување на образовниот
профил на руралното население преку формалното и неформалното образование,
подобрување на компјутерските вештини на руралните земјоделци, примена на
современите техничко- технолошки достигнувања во аграрот и зголемување на
продуктивноста.
Заедничката земјоделска политика и покрај многуте бенефити кои ги овозможила за
европските граѓани и за европскиот аграр сепак била критикувана уште од самиот
301
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

нејзин почеток, а Шведска и официјално побарала во 2007 година укинување на


субвенциите за аграрот освен оние кои се поврзани со заштитата на животната
средина. Имено, критиките се однесувале на протекционистичкиот пристап на оваа
политика што практично им дава повластена позиција на европските земјоделци и го
оневозможува увозот од земјите во развој заради повисоките несубвенционирани
цени. Понатаму, како резултат на големите субвенции се создава прекумерно
производство и редистрибуција на доходот во аграрот од другите економски сектори
со што се создава револт пред се кај субјектите кои стопанисуваат во овие сектори, но
и кај европските граѓани и нивните здруженија бидејќи средствата со кои се
финансира Заедничката земјоделска политика потекнуваат од даноците кои тие ги
плаќаат. Предмет на критика се и неприродните зголемувања на цените на храната
како резултат на интервентните цени и високите увозни тарифи, недоволното
внимание за квалитетот на храната што критичарите сметаат дека резултира во појава
на сериозни заболување кај европското население, неправилната дистрибуција на
средствата помеѓу големите и малите фарми, односно според принципот за плаќање
по хектар обработлива површина или по грло одгледуван добиток поголема корист
имаат поголемите фарми за разлика од помалите кои имаат помали површини на
обработливо земјоделско земјиште и помалку грла на добиток. Критиките на
Заедничката земјоделска политика се однесуваат и на недоволната заштита на
животната средина, управувањето со водните и енергетските ресурси, како и
нееднаквата дистрибуција на средства помеѓу земјите членки односно дека еден дел
од државите кои што се поголеми воглавно уплаќаат повеќе средства во европскиот
буџет а од друга страна бидејќи поголем дел од нивното население живее во урбаните
средини и работи претежно во индустријата многу малку добиваат средства од
Заедничката земјоделска политика, за разлика од државите кои што и покрај тоа што
имаат помала територија, помалку население, а со тоа издвојуваат и помалку
средства за заедничкиот ЕУ буџет, од друга страна имаат поголеми земјоделски
сектори и се корисници на повеќе средства од ЗЗП. Поради сите овие критики во текот
на изминатиот период ЗЗП постојано е менувана и прилагодувана кон потребите и
барањата на европските политики и граѓаните кои што живеат во Европската унија.
Аграрот е значаен сектор и за земјите од Западен Балкан што може да се согледа
преку неговото учество во создавањето на БДП, но особено преку неговото учество во
вработеноста имајќи го во предвид проблемот со невработеноста со кој се соочени
овие земји. Заедничка карактеристика на аграрниот сектор во Земјите од Западен
302
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

Балкан е екстензивното земјоделско производство и расцепканоста на земјоделското


земјиште што значи помала економија на обем, намалена продуктивност и заработка
за земјоделците. Големата расцепканост на земјиштето е делумно резултат на
распадот на големите агрокомбинати кои постоеле во времето на социјализмот и
нивната приватизација, како и нерегулираните наследнички односи и процесите на
поделба/ расцепкување на земјиштето помеѓу наследниците. Потребно е овие држави
да ја зголемат додадената вредност на земјоделските производи кои што ги
извезуваат бидејќи во суштина нивниот извоз на земјоделски производи се однесува
на суровини или примарни производи со низок степен на преработка што значи
поевтини производи и помали заработки. Во процесот на пристапување кон ЕУ овие
земји потребно е да направат сериозни реформи на аграрниот сектор за да може
истиот да ги задоволи стандардите и барањата на Заедничката земјоделска политика
на ЕУ, и тоа на двата нејзини столба (првиот столб на ЗЗП кој се однесува на
пазарните интервенции и директните плаќања и вториот столб кој се однесува на
руралниот развој). Инструментот за претпристапна помош (ИПА) им стои на
располагање на земјите од Западен Балкан со цел побрзо прилагодување кон
европските политики, како и промени во внатрешните политички и економски состојби,
но користењето на средства од истиот е поврзан со задоволувањето на одредени
критериуми и постигнување на ЕУ стандардите. Во оваа насока потребно е овие земји
да вложат поголеми напори за поголемо користење на предностите на
информатичката технологија и стекнување на вештини за управување со проектни
циклуси. Равојот на информатичко комуникациската технологија нуди компаративни
предности за државите кои ги следат најновите трендови, го модернизираат
сопственото производство и ја подигаат продуктивноста на трудот. Користењето на
средства од европските програми подразбира претходно воведување на интегрирани
административни и контролни системи за следење на стопанствата кои аплицираат и
добиваат средства, како и контрола и следење на нивното работење. Воведувањето
на сметководствената мрежа на фарми (FADN- Farm Accountancy Data Network)
подразбира користење на персонални компјутери од страна на индивидуалните
земјоделски стопанства, нивно мрежно поврзување и доставување, обработка,
анализа на податоците и носење на соодветни одлуки базирани на реални податоци
добиени во реално време. Земјите од Западен Балкан мора да ги постигнат
стандардите на ЕУ во однос на финансирањето на проектите, односно усогласување
со ЕУ правилата за програмирање и управување со проекти, како и да ги зајакнат
303
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

капацитетите на својата администрација пред се за успешна имплементација на


европските регулативи од областа на аграрот, а особено за усогласување со
барањата на ЗЗП. Генерално овие држави го поддржуваат развојот на аграрот меѓутоа
мерките кои што ги имплементираат не се усогласени со оние кои што се пропишани
во ЗЗП, односно во најголем дел финансиските средства кои се доделуваат како
поддршка на земјоделците се исплаќаат по хектар обработлива површина или по грло
одгледуван добиток за разлика од ЕУ каде што овие мерки се веќе напуштени и
плаќањата не се доделуваат во директна корелација со обработливите површини или
одгледуваниот добиток. Апсолутните износи кои се доделуваат од страна на ЕУ се
значително повисоки од доделената помош од страна на земјите од Западен Балкан.
Различна е и поддршката која во ЕУ се дава во високи износи за структурните
фондови и руралниот развој, како и за заштита на животната средина, додека во
земјите од Западен Балкан многу малку се издвојува за овие намени, а во некои
држави речиси и да нема издвојувања на средства за заштита на екологијата.
Конкурентноста на аграрниот сектор е на многу ниско ниво во овие земји, бидејќи пред
се преовладува примарното производство. Понатаму, потребно е да се одржува
економската состојба во руралните средини на повисоко ниво и да се постигне повисок
приход на руралните стопанства. Потребна е модернизација на начинот на
производство, поголемо користење на предностите од современа и напредна техника
и технологија во сите држави од Западен Балкан, вложување во развој на иновациите,
како и зголемена контрола на наменското користење на средствата од државните
фондови и од ЕУ фондовите.
Еден од непобитните фактори кој сигурно ќе допринесе за понатамошен развој на
аграрот во Република Македонија е неговото значење за опстанокот на населението
преку обезбедувањето на доволна количина на храна која ќе биде со соодветен
квалитет и безбедна за исхрана како на човекот така и на домашните животни.
Аграрот влијае на намалување на некои негативни состојби во македонската
економија, како што е високата стапка на невработеност имајќи во предвид дека се
работи за трудоинтензивен сектор кој ангажира повеќе работна сила од останатите
сектори во економијата. Аграрот е тесно поврзан и меѓузависен во својот развој со
останатите сектори во економијата, а пред се со индустријата и тоа преработувачката
индустрија. Аграрот е поврзан и со другите економски сектори како што се туризмот,
градежништвото, трговијата, итн. Развојот на агротуризмот е модерен тренд во Европа
но и пошироко во светот и истиот е значаен извор на приход за некои земјоделски
304
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

стопанства и региони во Европа, а се поатрактивен станува и во нашата држава.


Зголемената продуктивност и зголеменото производство на аграрот позитивно влијае
на пораст на надворешно- трговската размена, намалувањето на трговскиот и
девизниот дефицит. Преку растот и развојот на аграрот, изградбата на нови
производствени погони и капацитети, изградбата на патна, водоводна, санитарна,
здравствена и друга инфраструктура во руралните средини позитивни резултати
бележи и градежниот сектор.
Менаџирањето во македонскиот аграр е од особено значење за развој на овој сектор,
а особено имајќи ги во предвид предизвиците кои што треба да се надминат во
претстојниот период за да се забележат позитивни резултати и напредок. Ова пред се
се однесува на проблемот со расцепканоста на земјиштето и постоењето на мали
семејни/ индивидуални земјоделски стопанства кои што работат неекономично и
нерентабилно бидејќи произведуваат пред се за задоволување на потребите од храна
за сопствените семејства, а многу малку или воопшто не произведуваат за пласман на
производството на локалните и регионалните пазари. Друг проблем е секторската
структура односно долгорочниот производствен циклус што го оневозможува брзото
прилагодување на неповолните природни услови. Менаџерите треба добро да ги
познаваат и врските помеѓу општиот економски развој и развојот на аграрот за да
можат да се прилагодат на економските политики за остварување на поголеми
заработки на стопанствата кои ги управуваат.
Целокупното функционирање на аграрот во Република Македонија е уредено пред се
со Законот за земјоделство и рурален развој кој за прв пат е донесен во 2007 година, а
потоа во повеќе наврати е менуван и дополнуван согласно потребите на македонскиот
аграр но и за задоволување на барањата пропишани во европските регулативи и
Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Понатаму, со цел одредување на главните
правци на државна поддршка на аграрниот сектор подготвена е и Националната
стратегија за развој на земјоделството и руралниот развој за период од 7 години, за
прв пат во 2007 година која се однесуваше за периодот 2007- 2013 година. Актуелната
стратегија се однесува за периодот 2014-2020 година и има за цел подигнување на
конкурентската способност на македонскиот аграр и одржување на пристојно ниво на
животниот стандард на населението кое живее во руралните средини, а истата ги
следи измените и дополнувањата на Заедничката земјоделска политика на ЕУ.
Националната стратегија се реализира преку Националната програма за развој на
аграрот и рурален развој која се донесува за период од пет години, преку ИПАРД
305
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

програмата финансирана од страна на ЕУ, како и преку едногодишните Програми за


финансиска поддршка во аграрот и руралниот развој. Во насока на понатамошно
приближување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ за уредување на
прашањата поврзани со квалитетот во аграрот, во 2010 година донесен е и Законот за
квалитет на земјоделски производи.
За согледување на перформансите на македонските земјоделски стопанства потребно
е истите да се споредат и анализираат со перформансите на стопанствата од
државите членки на ЕУ. Пред да се направат овие споредби потребно е прво да се
согледа големината на стопанствата, а особено имајќи во предвид дека во земјите од
Југоисточна Европа постојат мали фарми кои имаат фрагментирани поседи и мала
економија на обем. За овие потреби ЕУ ја има подготвено европската типологија на
земјоделски стопанства со цел на уницифиран начин да се прават споредбите помеѓу
државите членки но и кандидатите за членство во ЕУ. Класификацијата се однесува
на типот на земјоделско производство и економската големина на земјоделските
стопанства, според која се одредени пет главни групи на специјализирани стопанства:
за одгледување на полјоделски култури, за градинарство, за одгледување на
повеќегодишни култури, за одгледување на тревопасен добиток и за одгледување на
домашни животни кои се хранат со семе и зрнеста храна, како и 14 класи на
земјоделски стопанства (во I класа се стопанствата со најмало стандардно
производство, а во XIV класа се стопанствата со најголемо стандардно производство).
Согласно податоците од спроведениот Попис на земјоделство во 2007 година, во
Република Македонија крајно неповолна е состојбата со големината на стопанствата
односно најголем дел од нив припаѓале во I класа, додека многу мал дел од
стопанствата припаѓале во најголемите класи. Оваа состојба секако дека заслужува
поголемо внимание од страна на креаторите на аграрна политика во насока на
окрупнување на македонскиот аграр, а со цел економично, профитабилно и пред се
пазарно работење кое ќе биде конкурентно со европските фарми. Конкурентноста на
македонските фарми ќе се подигне и преку диверзификацијата на нивните активности
односно добивање на приходи од други активности надвор од аграрот, ова особено се
однесува на руралните средини кадешто е потребно зголемување на приходите на
населението. Во Република Македонија кај најголем дел од земјоделските стопанства
во 2013 година дополнителните приходи учествувале со многу мал процент во вкупно
остварените приходи, што е спротивно од европските трендови каде што другите
дополнителни активности имаат многу поголемо значење, како резултат на потребата
306
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

од заработка на повисок приход или како преодна фаза кон напуштање на


земјоделските активности или во спротивен случај кон целосно посветување на
аграрот.
За побрз развој на македонскиот аграр од големо значење е поддршката преку ИПА
фондовите, а особено преку петтата компонента- ИПАРД која се однесува на
руралниот развој. Во рамките на оваа компонента постојат три приоритетни оски, и
тоа: подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на ЕУ,
подготвителни мерки за воведување на агроеколошки мерки и LEADER пристапот,
како и развој на руралната економија. ИПАРД функционира на принципот на
партнерско кофинансирање односно инвеститорот учествува во инвестицијата со 50%,
а останатите 50% се грант од националниот буџет и/или од Буџетот на ЕУ. Мерките од
програмата се кофинансираат во износ од 25% од Буџетот на Македонија и 75% од
Буџетот на ЕУ. Македонија, како и останатите држави од Западен Балкан недоволно
ги користат средствата од ИПАРД програмата, што укажува на потребата од
подобрена информираност на земјоделците за овие програми, како и пружање на
соодветна помош при пополнување и поднесување на апликациите бидејќи
документацијата е сложена и тешка за пополнување, а дополнително бара и
предзнаење за процедурите за одобрување што посочува на фактот дека е потребна
поголема поддршка на земјоделците при аплицирањето, пред се од советодавните
тела кои што постојат во Македонија. Покрај поддршката од ИПАРД, македонскиот
аграр континуирано се поддршува и преку Националната програма за развој на
земјоделството и руралниот развој, и тоа преку следните шеми на плаќања:
директните плаќања и уредувања на пазарите, капиталните грантови за рурален
развој, рурални кредити и државна помош која ги вклучува и мерките за техничка
помош.
Природните предуслови за развој на аграрот треба да се искористат во Република
Македонија за понатаму да се овозможи побрз економски развој. Имено, поволната
умерена клима, четирите годишни времиња, големината на обработливата површина
и пасиштата, како и еколошки чистата средина треба да се искористат за
производство на квалитетна и здрава храна. Податоците укажуваат на пораст на
бројот на земјоделски стопанства во континуитет, но гледано според категориите на
имоти, структурата на стопанствата се влошува односно се забележува пораст на
учеството на ситните стопанства. Негативни трендови има и во структурата на
земјиштето, односно и покрај тоа што земјоделската површина бележи константен
307
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

пораст сепак учеството на обработливата површина постојано се намалува. Покрај


овие негативни трендови, дополнително во континуитет опаѓа и учеството на
засеаната површина под различни култури за сметка на растот на површината под
угари и необработени ораници. Постоењето на мали индивидуални стопанства е
истотака крајно неповолно за развојот на македонскиот аграр и за економијата
воопшто. Ограничување за развојот на аграрот е и лошата инфраструктура во
руралните средини во коишто претежно се одвива аграрот, недостатокот на капитал за
инвестиции, примарното производство со низок степен на обработка на производите,
како и недостатокот на професионално менаџирање со земјоделските стопанства.
Рамномерниот регионален развој е истотака предуслов за социјална и економска
еднаквост на населението, за развој на регионите и спречување на миграционите
процеси и одливот на младите образовани луѓе, пред се од руралните средини.
Регионалните податоци треба да ги имаат во предвид креаторите на државни
политики со цел алоцирање на средствата во регионите со компаративни предности
кои понатаму ќе придонесат за пораст на приходите на земјоделците од регионот но и
пошироко за целата држава, но и во водењето на останатите државни политики,
имајќи го во предвид релативно високото учество на аграрот во создавањето на
македонскиот БДП, во вкупната вработеност и во вкупниот извоз.
Експанзијата на македонскиот аграр е директно зависна од расположливата работна
сила, порастот на продуктивноста на трудот, вложувањата во инфраструктурата,
развојот на пазарите за земјоделски производи, како и порастот на странските
вложувања во аграрниот сектор. Расположливата високообразована и квалификувана
работна сила има влијание врз подигнување на продуктивноста на трудот имајќи во
предвид дека истата е еден од производните фактори. Во Република Македонија е
крајно неповолна структурата на расположливата работна сила, а особено имајќи во
предвид дека најголем процент од истата е со завршено средно и основно
образование, за сметка на вишото и високото образование. Најголем пораст на
населението во периодот 2002- 2013 година е забележано во Скопскиот регион,
додека во руралните средини има пад на бројот на население. Понатаму, во
континуитет се намалува бројот на младото население како резултат на синдромот на
стареење на населението кој се случува и во сите држави членки на ЕУ, но и
пошироко во сите урбанизирани држави во светот. За подигање на старосната
структура на руралното население потребно е да се спречат процесите на миграција
во градовите, а особено во други држави, додека за подобрување на образованието
308
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

потребно е широка имплементација на концептот на доживотното образование, како и


на промовирање на неформалното образование кое ќе донесе многу поволности
особено за индивидуалните земјоделски стопанства. Порастот на продуктивноста на
ангажираните фактори доведува до пораст на производството, создавање на
производни вишоци и нивна продажба на внатрешните и надворешните пазари и
создавање на повисоки приходи за земјоделците но и пошироко за економијата.
Експанзијата на аграрниот сектор е директно зависна од инвестициите и од
осовременувањето на инфраструктурата, односно изградба на иригациони системи за
наводнување на обработливите површини, изградба на регионални но и локални
патишта во руралните средини, изградба на здравствени институции, итн. Развојот на
пазарите за земјоделски производи овозможува зголемен пласман на произведените
производи, како на зелените пазари така и на пазарите за продажба на големо
(добиточни пазари, откупните центри и други). Порастот на странските вложувања во
аграрниот сектор покрај прилив на финансиски средства значат и воведување на нови
производни практики, имплементација на современи технички средства, развој на
иновациите во аграрот, итн. Инвестициите се основниот двигател на економијата.
Потребен е голем напор и многу активности кои треба да се преземат за
привлекување на странските инвестиции и создавање на поволна деловна клима во
земјата. Тоа подразбира воспоставување стабилни правила на игра, почитување на
законите, отстранување на нелојалната конкуренција, спречување на фаворизирање
на одредени инвеститори, воспоставување поттикнувачки мерки за економско
дејствување (монетарна политика, фискална политика, девизен курс и слично),
унапредување на безбедносната, политичката и меѓуетничката состојба во земјата.
Влезот на странски инвестиции создава можност за внесување нова технологија,
зголемување на продуктивноста, вработеноста, конкуренцијата, квалитетот на
раководење со компаниите, квалитетот на производите, освојување нови пазари,
зголемување на домашната конкуренција, а со тоа и на вкупниот квалитет на
стопанисување во земјата.

309
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

БИБЛИОГРАФИЈА

1) Agriculture Sector Programs, Sourcebook, World Bank, Washington, D.C 1988

2) Agrarian Policy in Japan: Its Determinants and Prospects, Sabura Yamada,


Economic Planning Agency, 1991

3) Agricultural Price Analysis and Forecasting by John W. Goodwin, Paperback, March


1994

4) Agricultural Policy Reform in the United States (AEI Studies in Agricultural Policy) by
Daniel A. Sumner (Editor), Paperback, October 1995

5) Agricultural Policy Reformin the United States, Edited by Daniel A. Sumner, The AEI
Press, Washington D.C. 1995

6) Agricultural Investment to Promote improved capture and use of rainfalle in dryland


farming, FAO, Rome, 1995

7) Agricultural Economic Report 1995, Summary, November 1995

8) Agricultural Revolution in England: The transformation of the Agrarian Economy


1500-1850 by Mark Overton, Paperback, May 1996

9) Agricultural Extension and Research, Achievements and Problems in nation


Systems, Dennis L.Purcell, Jock R. Anderson, World Bank, Washington, D.C. 1997

10) Agriculture and the Environment, Perspectives on Sustainable Rural Development,


Edited by Ernst Lutr, World Bank, Symposion, 1998

11) “Agriculture and the WTO: Creating a Trading System for Development”, Published
March 2004 by World Bank ISBN: 0-8213-5485- X SKU: 15485

12) Agriculture in the Western Balkan Countries, IAMO 2010 Аgricultural policy and
european integration in southeastern Europe, FOOD AND AGRICULTURE
ORGANIZATION OF THE UNITED NATIONS, Budapest, 2014

13) Allan N. Rae: “Agricultural Management Economics: Activity Analysis and Decision
Making”, CAB International, 1994

14) Artur Hughes: “Strategic database marketing: the masterplan for starting and
managing a profitable, customer- based marketing plan”, McGraw- Hill, New York,
2000

15) Агенција на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со


општествен капитал, факти за приватизацијата, Скопје, бр.2/1998

310
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

16) А. Мурарцалиев: “Аграрна политка на Македонија“, Завод за унапредување на


стопанството во Република Македонија, Скопје, 1994

17) А. Мурарцалиев: “Производство, Подготовка и пласман на земјоделските


производи во Република Македонија“, Инфо Софт Инг, Скопје, 1995

18) А. Мурарцалиев: “Нов приод кон предметот економика на аграрот“, Економски


Институт- Скопје, Скопје, 1999

19) Abellanosa A.L. и H.M. Pava 1987, Introduction to Crop Science. Central Mindanao
University, Musuan, Bukidnon: Publications Office.

20) Marshall: “Principles of Economics”, Macmillan, London, 1920

21) Agenda 2000: The future for European Agriculture, European Commission
Directorate- General of Agriculture

22) ARCOTRASS – Consortium, Study on the State of Agriculture in Five Applicant


Countries, December 2006

23) Бурзевски Ванчо: Економика на аграрот, издание на Универзитетот „Св. кирил и


Методиј“- Скопје, 1973

24) Berkely Hill: Farm Incomes, Wealth and Agricultural Policy, Avebury, 1989

25) Богоев д-р Ксенте: Атанасовски д-р Живко: Даночниот систем на Македонија-
теоретски и практични аспекти, Мисла, Скопје, 1994

26) Богоев акад. Ксенте и Узунов акад. д-р Никола: Реални можности и перспективи
на економскиот развој на Република Македонија во периодот од 1996 до 2010,
Скопје, декември 1995

27) Brown, Lester R. Plan B 2.0: Rescuing a Planet Under Stress and a Civilization in
Trouble. New York City: Earth Policy Institute, 2006.

28) Boulanger, Pierre H., and Messerlin, Patrick A. (2010). 2020 European Agriculture:
Challenges and Policies. Washington DC/Brussels: The German Marshall Fund of
the United States,

29) В. Поповиќ: “ Европска аграрна поддршка и одрживи рурални развој“, Институт


за економику пољопривреде Београд, 2003

30) Влада на Република Македонија, Фискална стратегија на Република Македонија


2015-2017 година, Скопје октомври 2014 година

31) World Trade Organization, trading into the future, Svetska trgovinska organizacija,
institut ekonomskih nauka, Beograd, 1996

311
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

32) Borovlev d-r Jelena, Tomić d-r Radovan: Menadzment u poljoprivredi, Ekonomski
fakultet- Subotica, maj 1996

33) Basic Finance for market, marketing and Agribusiness texts 1, FAO, Rome, 1997

34) Veselinov d-r Dragan: Sumrak seljaštvo, Ekonomika, Beograd, 1987

35) DG Agriculture and Rural Development, European Union

36) World Investment Report, United Nations, New York and Geneva, 1998

37) World Animal review, FAO, 1999

38) Влада на Република Македонија, Макро-економска политика за, 2000, 2001,


2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011

39) Влада на Република Македонија: Македонија 2003, рамковна програма за


економски развој и реформи, Скопје, мај 2000

40) Vujatović- Zakić d-r Zorka: Agrarna ekonomija, Univerzitet u Beogradu, Ekonomski
fakultet, Beograd, 1995

41) Група автори: Услови и фактори на извозот и извозните можности на


стопанството на СРМ, Економски институт- Скопје, Скопје 1990

42) Gogue marie Jean: Upravljanje kvalitetom, poslovna politika, Beograd, 1994

43) Галев Т. Арсовски Б: “Организација на земјоделските стопанства и организација


на сточарското производство“, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 1995

44) Група автори: Долгорочен развој на аграрот, шумарството и водостопанството


во Македонија за периодот 1995- 2010, Економски институт- Скопје, август 1995

45) Gerald Albaum, Jsper Strandskov and Edwin Duerr: International Marketing and
Export Management, Pearson Education Limited, Edinburg, 2002

46) Guartini D. Dzejms, Stemp L. Ricard: Ekonomija i prosperitet, institut ekonomskih


nauka Beograd, 1996

47) Grbić Vladimir: Teorija seljačke ekonomije i nova agrarna politika, Ekonomski institut-
Beograd, Beograd, 1997

48) Група автори: Ревитализација на селото во Македонија, Скопје, 1997

49) Дамев д-р Огнен: Деаграризација и процесите на урбанизација на селото во


СРМ, НИО Студентдки збор, Скопје, 1990

50) Дамев д-р Огнен: Комерцијално светско стопанство, Економски факултет-


Скопје, Скопје, 1996

312
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

51) Дорева д-р Елена: Економика на аграрот: Економски факултет- Скопје, Скопје,
2000

52) Drucker P. Managing for the Future, New York, 1992

53) Ѓорѓевски проф. д-р Ѓорѓи, Данилоска доц. д-р Наташа: Вовед во економика на
аграрот, Економски институт- Скопје, Скопје, 2008

54) Економска транзиција, состојби, проблеми и перспективи, МАНУ, Скопје, 1994

55) Economic Analysis of Agricultural Project, Second Edition, Completely Revised and
Expanded, I. Price Qittinger, 1996

56) Economic & Business Principles in farm Planning & Production by Sydney C. James,
Philip R. Eberle, Hardcover, May 2000

57) Economics of Agricultural Markets by Ronald A. Schrimper, Hardcover, August 15,


2000

58) European Common Agricultural Policy

59) European Commission -Agriculture and Rural Development in the EU, Luxembourg:
Publications Office of the European Union 2011

60) European Commission, Aid Delivery Methods, Project Cycle Management


Guidelines, 2004

61) Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република


Македонија“ бр. 49/2010; 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013,
177/2014, 25/2015, 73/2015 и 83/2015).

62) Зарезанкова- Потевска д-р Марија: Перспективите на малото стопанство,


НОЕЛ, Скопје, 2000

63) Земјоделството на Западниот балкан и европски интеграции - Факултет за


земјоделски науки и храна, Скопје 2008.

64) Integrated Administration and Control System (IACS), European Commission,


Agriculture and Rural Development

65) Important issues for the Macedonian Agricultural Sector, papers written for the
workshop in Ohrid, 2003

66) Institute for agriculture and trade policy, The Common Agricultural Policy: A Brief
Introduction

67) International trade in food and agricultural products, Food and Agricultural
Organisation of the United Nations

313
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

68) James G. Beierlein, Kenneth C. Schneeboger, Donald D. Osburn, Principles of


Agribusiness Management, second Edition, 1995

69) Јаќовски д-р Бошко: Економика и организација на земјоделските организации на


здружениот труд, Култура, Скопје, 1976

70) Јаќовски д-р Бошко: Маркетинг, петто изменето и дополнето издание,


Економски факултет- Скопје, Скопје, 2000

71) Kalezić d-r Živko: Promjene u agrarnoj strukturi crne Gore, poljoprivredni institut,
Podgorica, 1995

72) Кироски д-р Панче: Природно- географски региони во СР Македонија,


Економски институт на Универзитетот- Скопје, 1969

73) Кироски д-р Панче: Актуелни прашања на економиката на природните ресурси,


Економски факултет- Скопје, Скопје, 1978

74) Кироски д-р Панче: Економска географија, трето издание, Савремена


администрација- Скопје, Скопје, 1980

75) Koh, Winston T. H.; Leung, Hing Man (2003). "Education, Technological Progress
and Economic Growth". Working Paper. SSRN 637462.

76) Kaldor, Nicholas (1957). "A Model of Economic Growth". The Economic
Journal 67 (268): 591–624. JSTOR 2227704.

77) Lopanolić d-r Duško: Trgovska politika Evropske unije, institut ekonomskih nauka,
Beograd, 1997

78) Михајлов инж. Илија: Земјоделско- стопански реони и микро-реони во СР


Македонија, Економски институт на Универзитетот “Кирил и Методиј“- Скопје,
1971

79) Marketing Research and Information systems, FAO, Rome, 1997

80) Market Information services, Theory and practice, FAO, Rome, 1997

81) Мурарцалиев д-р Александар: Нов приод кон предметот економика на аграрот,
Економски институт- Скопје, Скопје, 1999

82) Министерство за финансии на Република Македонија: Макроекономска


политика на Република Македонија, Скопје, 2011 година

83) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: ИПАРД


ПРОГРАМА 2007 - 2013

84) Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија- развој


и модернизација, МАНУ, Скопје, 1997
314
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

85) Национален развоен план на Република Македонија, 2007-2009, Министерство


за финансии, Скопје 2007

86) Национална стратегија за земјоделство и рурален развој на Република


Македонија за периодот 2014-2020

87) Национална програма за развој на земјоделството и рурален развој на


Република Македонија за периодот 2013-2017

88) Некои аспекти од развојот на македонската економија во услови на транзиција,


Економски институт, Скопје, 1999

89) Николовска д-р Наталија: Регионална економија, Економски факултет- Скопје,


Скопје, 2000

90) Nomenclature of Territorial Units for Statistics, small regions for specific diagnosis,
European Commission-Eurostat

91) Панов д-р Митко: Географија на СР Македонија, Просветно дело, Скопје, 1976

92) Панов д-р Митко: Селата во Rепублика Македонија, НИО Студентски збор,
Скопје, 1993

93) Петковски д-р Владимир: Индустријата и развојот, увод во економиката на


индустријата, издание на Економскиот факултет Скопје, 1994

94) П. Марковиќ: “Економика пољопривреде“, К.Ц.Горњи Милановац, 1980

95) П. Миленковиќ: “Економска политика у пољопривреди“, Нови Сад, 1980

96) Promoting Pro-Poor Growth: Agriculture, DAC Guidelines and Reference Series,
Paris: OECD, 2006,

97) P. Krugman and R. Wells: “Agricultural policy and markets by Colin Carter to
accompany microeconomic”, Worth Publishers, New York, 2006

98) Reforming Agriculture, The World Bank goals to Market, lacol Meerman, World Bank,
Washington, D.C. 1997

99) Развој на агрокомплексот во новите општествено- економски услови,


Здружение на агроекономистите на Република Македонија, Скопје, 1999

100) Роческа Славица: “Меѓународна трговија“, Економски факултет- Прилеп,


Прилеп, 2003

101) Rimando T.J. 2004, Crop Science 1: Fundamentals of Crop Science. U.P.
Los Baños: University Publications Office.

315
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

102) Rubenstein J.M. 2003, The Cultural Landscape: An Introduction to Human


Geography.

103) Факултет за земјоделски науки и храна: Аграрот на западниот Балкан и


европски интеграции, Скопје, 2008

104) Slovene Association of Agricultural Economists: Agriculture in Western Balkans and


EU integration, Ljubljana, 2008

105) Sachs J: “ A New Map of the World; The Economist”, 2000

106) Schrimper Ronald: “Economics of agricultural marketing”, Prentice Hall, New


Delphi, 2000

107) Socialist Agriculture in transition organizational Response to failing Performance


edited bu, Josef C. Brada and Karl Eugen Wadekin, 1988

108) Samuelson A. Paul, Nordbaus D. William: Ekonomija, četrnaesto izdanje, "Mate",


Zagreb, 1992

109) Стојков д-р Методија: Економската мисла, Економски факултет- Скопје,


Скопје, 1994

110) Славески д-р Трајко: Македонската економија во транзиција, Институт


отворено општество Македонија, Скопје, 1995

111) Statistical yearbook, United Nations, New York, 1995

112) Statistical and Economic Information Report 2010, Luxembourg: Publications


Office of the European Union 2011

113) Studies on the Agricultural and Food Sector in Central and Eastern Europe, Edited
by Leibniz Institute of Agricultural Development in Central and Eastern Europe, IAMO
2010

114) Surveillance of Agricultural Price and Trade Policies, A Handbook for Paragvay,
Alberto Valdez and Barry Schaeffer in collaboration with Julio Martin, World Bank
Technical paper, 1996

115) Стратегија на развојот на аграрот, шумарството и водостопанството во


Македонија, Министерство за аграрот, шумарството и водостопанството-
Скопје, Скопје, 1996

116) Студија за изработка на мастер план за интегрален развој и управување со


водните ресурси во Република Македонија, книга I и II, Јапонска агенција за
меѓународна соработка, Министерство за развој, Скопје, мај 1990

117) Стратегија за извоз на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1999

316
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

118) Tangremann S. Banse M.: “Central and Eastern European Agriculture in an


Excpanding European union”, CAB International, 2000

119) The European Agricultural Fund for Rural Development: Examples of Information
and Communication Technology (ICT) projects, 2010

120) The German Marshall Fund of the United States: 2020 European agriculture:
challenges & policies, 2010

121) The Economic Theory of Agrarian Institutions by Pranab bardhan, Paperback,


January 1992

122) The Director General's Programme of Work and Budget for 1994- 1995, FAO,
Rome, 1993

123) The East Asian Miracle, A World Bank Policy Research Report, 1993

124) The Agricultural Situation in the European Union, 1996 Report, European
Commission

125) The CAP towards 2020: meeting the food, natural resource and territorial
challenges of the future, European commission 2010

126) The Implications of the Uruguay Round Agreement on Agriculture for Developing
Countries, A training manual, FAO, Rome, 1998

127) UNITED NATIONS DEVELOPMENT PROGRAMME, Human Development reports,


Human Development Index

128) FAO Publications: The State of Food and Agriculture 2010-2011

129) FAO Publications: The State of Agricultural Commodity Markets 2009

130) FAO Yearbook., Fishery and aquaculture statistics 2008

131) FAO Publications: “Wholesale Markets: Planning and Design Manual”, FAO, Rome,
1999

132) FAO Publications: “Marketing and Agribusiness”, FAO,Rome, 1999

133) FAO Publications: “Agricultural and Food Marketing Management”, FAO, Rome,
1999

134) FAO Publications: “Global Agricultural Marketing Management”, FAO, Rome, 2000

135) FAO Publications: “Marketing Research and Information System, FAO,Rome, 2000

136) FAO Publications: “Retail Markets Planning Guide”, FAO, Rome, 2000

317
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

137) FAO Publications: “Inventory Credit- An Approach to Developing Agricultural


Markets”, FAO, Rome, 2000

138) FAO Publications: “ Wholesale market management”, FAO, Rome, 2001

139) FAO Publications: “Law and markets- Improving the legal environment for
agricultural marketing”, FAO, Rome, 2001

140) Farming and Industry by Patience Coster, et al. School & Library Binding, march
1998

141) Farm Management, 1089 Yearbook of Agriculture, USDA, Washington, D.C. 1989

142) Farmers for the Future, by Dan Looker, Paperback, decembar 1995

143) Folke Dovring: “Progress for food or food for progress?”, Praeger Tub Text, New
York, 1988

144) Food and Agriculture Organization of the United Nations, Netherlands Conference
on the Multifunctional character of Agriculture and land

145) FUNDAMENTAL ECONOMIC STRUCTURE AND STRUCTURAL CHANGE IN


REGIONAL ECONOMIES: A METHODOLOGICAL APPROACH, Sudhir K.
THAKUR, 2011

146) History of the Modern Japanese Economy, Foreign press Centar, Јapan, 1994

147) H. E. Oksanen: “Function and Practical Applications of vocational Training and


Extension Service in the Progress of Farm Work”, Gyongvos, Hungary, 1992

148) Harold Hackrow: “ Food and agricultural policy: economics and politics”, McGraw-
Hill, New York, 1993

149) Х. Пејчиќ: "Економика пољопривреде", Ниш, 2004

150) Cooperatives in Agriculture, by david Cobia. Hardcover, november 15, 1998

151) WTO Publications: “Export Competition: Issues and Options for Agricultural
Negotiations”, The International Agricultural Trade Research Consortium, 2001

152) World Bank Publications: “Agriculture and the WTO: Creating a Trading System for
development”, Published march 2004 by World Bank ISBN: 0-8213-5485-X SKU:
15485.

153) CAP Program: Rural Development, European Union

154) Commission, Directorate General for Agriculture

155) Шуклев д-р Бобек и Дракулевски м-р Љубомир: Менаџмент лексикон,


Економски факултет- Скопје, Скопје, 1996
318
Улогата на аграрниот сектор во економскиот развој на Република
Македонија

156) Шуклев д-р Бобек: Менаџмент, Економски факултет- Скопје, второ издание,
Скопје, 1998

157) 2014 World Development Indicators, World bank

158) www.agritrade.cta.int

159) www.stat.gov.mk

160) www.economy.gov.mk

161) www.nbrm.gov.mk

162) www. ec.europa.eu

163) www.epp.eurostat.ec.europa.eu

164) www.sep.gov.mk

165) www.ipardpa.gov.mk

166) www.ers.usda.gov

167) www.fao.org

168) www.unstats.un.org

169) www.oecd.org

170) www.eurotreaties.com/ THE TREATY OF ROME, 25 March 1957

171) www.oxforddictionaries.com/definition/agriculture.

319

You might also like