You are on page 1of 2

Македонско биолошко друшт во

Природно-математички факултет
Институт за биологија ПРЕТСЕДАТЕЛ
Архимедова, бр.3, 1000 Скопје
Република Северна Македонија Сузана Диневска-Ќовкаровска
http://biologija.yolasite.com biolozimk@gmail.com
tel.02-3249-(602); fax.02-3228-141
071 368 250

Почитувани директори,

Ве известуваме дека Македонското биолошко друштво отпочна со активности за


организирање на натпревари по природни науки (4., 5., 6. одделение) и биологија (7.,
8., 9. одделение) за учениците во основните училишта во учебната 2020/2021 година.
По извршените консултации со наставниците/ментори (организирани три ЗООМ
средби на 17.декември 2020, 1. и 11. февруари 2021) беа определени и датуми за
одржување на трите нивоа натпревари и тоа:

За натпреварите по биологија:
Општински натпревари - 25. март 2021
Регионални натпревари - 15. април 2021
Државен натпревар - 12. мај 2021

За натпреварите по природни науки:


Општински натпревари - 26. март 2021
Регионални натпревари – 16. април 2021
Државен натпревар - 14. мај 2021

Пријавувањето на учесниците за општинските натпревари започна на 19.декември


2020 г. и трае до 1.март 2021 година.

Поради целокупната состојба со пандемијата, оваа година општинските и


регионалните натпревари по биологија ќе се спроведат онлајн (за тестирање ќе се
користи ClassMarker платформа, а за комуникација со менторот/ите ќе се користи ZOOM
платформа), додека државниот натпревар ќе се одржи со физичко присуство на
Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Сите иформации за начинот и постапката за организирање и спроведување на
онлајн натпреварите се објаснети и договорени со колегите присутни на средбите, а
потоа споделени со потенцијалните ментори.
Општинските натпревари ќе се одржат на ниво на училиште.
Натпреварот ќе се спроведе во секое училиште само за своите пријавени ученици.
Натпреварот за секоја категорија (одделение) ќе се спроведе во различен термин*. Така
на пример, натпреварите по природни науки ќе се одржат во:
- 10 часот за учесници од 4. одд.,
- 12 часот за учесници од 5. одд. и
- 14 часот за учесници од 6. одд.
*Термините (времето) за отпочнување на натпреварите по категории сеуште не се определени.
 Пријавените ученици од соодветната категорија се сместуваат во своето
училиште во училница (просторија) во која е обезбедена интернет конекција;
 тестирањето ќе се одвива на ClassMarker – платформа при што ќе се користи
интернет од училиштето, а секој учесник треба да користи лап-топ, статичен
компјутер, таблет (личен, училишен...).
 надгледувањето на учесниците во училницата и контактот со менторот/ите
(за отстранување на евентуални технички проблеми во текот на тестирањето)
ќе се оствари преку ZOOM. Линк за вклучување на ZOOM ќе се достави до
менторот кој ќе биде одговорен и присутен во училницата. Пред
натпреварите ќе се направи проба за проверка на конекцијата преку ZOOM.

До сите ментори кои ќе пријават ученици за општинските натпревари ќе биде


доставено: упатство за работа на ClassMarker, правила и постапки за спроведување на
натпреварите, постапка за проверка на интернет конекција во училницата наменета за
натпреварот, како и контак со лица за техничка поддршка.
Ве молиме, ова известување да го доставите до предметните наставници (најголем
дел се известени), а особено до одговорните одделенски наставници за 4.одд.

Контакт за дополнителни информации - 071 368 250.

Со почит,

15.февруари 2021 година

Претседател на МБД

Проф. д-р Сузана Диневска - Ќовкаровска

You might also like