You are on page 1of 5

ЗАПИСНИК БР.

1
0д одржаниот родителски состанок на ден: 20.10.2022

ДНЕВЕН РЕД:

1. Информација за почетокот на новата учебна година;


2. Дискусија за редовноста и дисциплината на учениците;
3. Избор на претставник од класот 3 е3 во Советот на родители;
4. Разно

1. Во однос на првата точка, родителите беа запознаени со Наставната план-


програма – наставните предмети и предметните професори за смерот
електроника и телекомуникации за трета година;
2. Во однос на втората точка, беше нагласена неоходноста од редовност во
наставата. За секое отсаство на ученикот, родителите треба да го известат
класниот раководител.
Во однос на дисциплината беше истакнато дека предметните професори
реагираат на прекумерно користење на моб.телефони и недисциплинирано
однесување од некои ученици.
Освен редовноста и дисциплината, потребна е и активност на часовите,
како и редовно учење, но и поголема контрола и од родителите и од
класниот раководител.
3. Во однос на третата точка, по пат на гласање, беше изгласан родителот
Мирвет Ибраими за претставник во Советот на родители за класот 3е3;
4. Во однос на точката РАЗНО, беше истакнато дека учениците се снабдени со
постоечките учебници за трета година и истите се дожни да ги чуваат и
раздолжат на крајот од учебната година. Родителите беа запознаени и со
претстојните проекти и екскурзии, како и со претстојната екскурзија
планирана на 21.10.2022 во Крушево и Прилеп.

20.10.2022 Класен раководител:


Гостивар ВЕРИЦА ЕФТОВСКА – ИЛИОСКА
ЗАПИСНИК БР.2
0д одржаниот родителски состанок на ден: 22.12.2020
(Состанокот беше одржан on-line-преку апликацијата Viber)

ДНЕВЕН РЕД:

1. Реализација на наставната план-програма предвидена за првото


полугодие од учебната 2020/2021 година;
2. Анализа и дискусија во врска со успехот на учениците и насоки за
подобрување на истиот;
3. Редовност на учениците во on-line наставата;
4. Разно

1. Во однос на првата точка, родителите беа информирани дека наставната програма


предвидена за првото полугодие од учебната 2020/2021 година, за смерот електро-
ника и телекомуникации – прва година, а која претходно беше скратена и одобрена
од МОН, е целосно реализирана - on-line, преку апликацијата Microsoft Teams;

2. Во однос на втората точка, беше дискутирано за успехот на секој ученик одделно по


сите натавни предмети. На родителите претходно им беа доставени евидентни
листови со информации за успехот на секој ученик. Беше констатирано дека истиот е
на средно ниво (3.52 среден успех)и треба сите заеднички да се стремиме кон негово
подобрување. Беа соопштени мислењата на секој предметен професор во однос на
класот и учениците.Беше истакнато значењето на односот родител-ученик-професор.

3. Во однос на третата точка, беше нагласена неоходноста од редовност во наставата.


Беше констатирано дека редовноста до овој период е на задоволително ниво и
истата така треба и да продолжи. Освен редовноста, потребна е и активност и
редовно учење, но и поголема контрола и од родителите и од класниот раководител.

4. Во однос на точката РАЗНО, беше истакнато дека првото полугодие завршува на


31.12.2020 год., по што следува зимскиот распуст. За сите натамошни активности и
одлуки на МОН ќе се информираме сите заедно навремено преку јавните медиуми.
22.12.2020 Класен раководител:
Гостивар ВЕРИЦА ЕФТОВСКА – ИЛИОСКА
ЗАПИСНИК БР.3
0д одржаниот родителски состанок на ден: 16.04.2021
(Состанокот беше одржан on-line-преку апликацијата Microsoft Teams)

ДНЕВЕН РЕД:
1. Реализација на наставната план-програма предвидена за третото
тромесечие од учебната 2020/2021 година;
2. Анализа и дискусија во врска со успехот на учениците и насоки за
подобрување на истиот;
3. Редовност на учениците во on-line наставата;
4. Разно

1. Во однос на првата точка, родителите беа информирани дека наставната програма


предвидена за третото тромесечие од учебната 2020/21 година, за смерот електро-
ника и телекомуникации – прва година, а која претходно беше скратена и одобрена
од МОН, е целосно реализирана - on-line, преку апликацијата Microsoft Teams;

2. Во однос на втората точка, беше дискутирано за успехот на секој ученик одделно по


сите наставни предмети. На родителите претходно им беа доставени евидентни
листови со информации за успехот на секој ученик. Беше констатирано дека
средниот успех на класот е 3,9 и треба сите заеднички да се стремиме кон негово
подобрување. Беа соопштени мислењата на секој предметен професор во однос на
класот и учениците.Беше истакнато значењето на односот родител-ученик-професор.

3. Во однос на третата точка, беше нагласена неоходноста од редовност во наставата.


Беше констатирано дека редовноста до овој период е на задоволително ниво и
истата така треба и да продолжи. Освен редовноста, потребна е и активност и
редовно учење, но и поголема контрола од родителите.

4. Во однос на точката РАЗНО, беше истакнато дека on-line наставата ќе продолжи да се


реализира на истиот начин до крајот на годината, а ние-професорите (по свој избор)
ќе бидеме вакцинирани против Ковид 19.

16.04.2021 Класен раководител:


Гостивар ВЕРИЦА ЕФТОВСКА – ИЛИОСКА

ЗАПИСНИК БР.4
0д одржаниот родителски состанок на ден: 25.05.2021
(Состанокот беше одржан on-line-преку апликацијата Viber)

ДНЕВЕН РЕД:
1. Реализација на наставната план-програма предвидена за крајот на
учебната 2020/2021 година;
2. Анализа и дискусија во врска со успехот на учениците и насоки за
подобрување на истиот;
3. Редовност на учениците во on-line наставата;
4. Разно

1. Во однос на првата точка, родителите беа информирани дека наставната програма


предвидена за крајот на учебната 2020/2021 година, за смерот електроника и
телекомуникации – прва година, а која претходно беше скратена и одобрена од
МОН, е целосно реализирана - on-line, преку апликацијата Microsoft Teams;

2. Во однос на втората точка, беше дискутирано за успехот на секој ученик одделно по


сите наставни предмети. На родителите претходно им беа доставени евидентни
листови со информации за успехот на секој ученик. Беше констатирано дека треба
сите заеднички да се стремиме кон негово подобрување, со оглед на тоа што се
ближи крајот на учебната година. Беше истакнато значењето на односот родител-
ученик-професор.

3. Во однос на третата точка, беше нагласена неоходноста од редовност во наставата.


Беше констатирано дека редовноста научениците од овој клас, до овој период е на
задоволително ниво и истата така треба и да продолжи. Освен редовноста, потребна
е и активност и редовно учење, но и поголема контрола и од родителите, со оглед на
тоа што се наближува крајот на учебната година.

4. Во однос на точката РАЗНО, беше истакнато дека учебната година завршува на


10.06.2021 год., по што следува летниот распуст. За сите натамошни активности и
одлуки на МОН ќе се информираме сите заедно навремено и истите ќе ги следиме.

25.05.2021 Класен раководител:


Гостивар ВЕРИЦА ЕФТОВСКА – ИЛИОСКА

You might also like