You are on page 1of 8

Универзитет „Гоце Делчев„-Штип

Семејна Педагогија

Тема: Родителство и стилови на однесување на

родителите

Ментор: Изработил:

Проф. др Соња Петровска Биљана Миланова

Бр на индекс:142166
Содржина
Вовед............................................................................................
Родителство.................................................................................
Стилови на однесување на родители........................................
Заклучок.......................................................................................

Вовед
Потребата за љубов, внимание, грижа се јавува уште со самото
раѓање на детето. Семејството-родителите се тие што целосно
треба да се посветат оклку грижата и љубовта која му е потребна на
малото битие кое доаѓа на свет, да му помогнат да ги осознае
работите и да се развие во една права и здрава позитивна личност.

Што е тоа родителство? Кои се улогите на родителите? се само дел


од прашањата на кои ги знаеме одговорите, но секој на свој начин
и секој различно му придава значење.
Родителство
Родителство и тоа одговорно родителство претставува
одгледување, воспитување и поддршка и пружање на
емоционална и психичка подршка на детето, подршка на
социјалниот и физичкиот развој, подготовка на детето за негово
самостојно функционирање и негово опстојување.

Родителите се херои на своите деца и родителството претставува


симбол на љубов и разбирање. Често пати знаеме да кажеме дека
децата се огледало на своите родители бидејќи тие се главни
актери во нивниот живот. Карактерот на родителите е првиот
модел по кои се гради карактерот на детето. Моќта на
родителското воспитување е голема бидејќи тоа е заедница во која
членовите се поврзани со блиски емотивни врски и детето тука за
прва пат ја учи идентификацијата со еден од своите родители
(сакам да сум како мама/тато). Одговорното родителство не доаѓа
со соодветно упатство, покрај грижата и љубовта што родителите
им ја даваат на своите деца, потребно е да знаат како со помш на
одредени начини да ја зголемат ефикасноста на родителството. Во
процесот на одгледување на децата родителите користат различни
стилови на воспитување, имаат различни односи врз децата во
зависност од потребите и притоа користат различни средства.
Стилови на родителско однесување
Во педагошката литература среќаваме различни класификации на
стилови на однесување. Карл Гргин говори за три стила на
раководење:

-Демократски стил-кој се карактеризира со огромно почитување на


детето, со негово охрабрување да се вклучи во семејниот живот и
со примена на позитивни мерки

-Авторитетен стил –целосна потцинетост на детето,а надмоќност на


родителот, тој е тој кој знае се

-Стихиен стил-кој се одликува со простување, попустливост, децата


се тие кој не треба да се грижат и да немаат никакви обврски, а
понатаму низ животот ќе се среќаваат со проблеми

М.Макоби зборува за нешто поширока класификација на стилови:


-Авторитарен стил-каде родителската љубов и топлина се одлика,
но се во одредени граници со почитување на правила

-Автократски стил-каде родителот го има последниот збор нема


отстапки од тоа што тој ќе го нареди

-Попустлив стил-што е сличен на стихијниот во него има слобода на


детето, родителот поставува правила, но ретко ги спроведува

-Рамнодушен стил- кога родителите комуницираат со детето, само


во најнеопходни ситуации нивниот комодитет и слобода се на прво
место
С.Станојловиќ спомнува 5 стила:

-Слободно воспитување

-Строгост/Авторитарност

-Рамнодушност

-Презаштитеност

-Мерка во се

Родителските воспитни стилови се менувале и редефинирале низ


времето. Тие зависат од повеќе фактори и влијанија, денеска
најчесто ги среќаваме:авторитарен родител, авторитативен
родител, попустлив родител и рамнодушен-индиферентен
родител.

-Авторитарен родител-се карактеризира по то што родителот е


еден и единстевн кој дава наредби, при тоа детето треба да го
слуша без приговор и да ги прифаќа наредбите. Тој ја фаворизира
послушноста, смета дека само тој знае што е најдобро за детето и
нема приговори, неговиот збор е последен. Не ја почитува детската
личност, секоја грешка ја корегира преку страв кај детето, дава
предност на казната и силата наместо љубов и комуникација. Сето
ова трајно и тето блијае врз развојот на детето.

-Авторитативен родител-Овие родители вложуваат мн време и


напори во оддршување на позитивен однос со детето, поаѓаат од
ставот „ние градиме добри односи“, превземаат одговорност за
грижа и водство на детето. Тие имаат правила, но ги почитуваат и
ги земаат во предвид чувствата на децата . Секогаш се доследни во
постапките, ги поттикнуваат креативноста, љубопитноста и
самостојноста кај детето и водат сметка за неговите емоции.
Вложуваат време и енергија во спречување на проблем на
однесување пред да започне самиот проблем. Способни се да
постават цврста граница пропорционална со потребите на детето.
Користат позитивни дисциплински стратегии се со цел да го
зајакнат доброто однесување како пофалби и награди. Голем дел
од истражувањата покажале дека децата растени со вакви
родители ќе станат одговорни возрасни лица, ќе се чувствуваат
удобно за да ги изразуваат своите ставови, ќе имаат свое јас.

-Попустлив родител тој често поставува правила но ретко ги


извршува.тие не се гледаат како единевен одговорен фактор во
развојот и воспитувањето на детето.Кога детето има направено
грешка и моли тие се попусливи и му дозволуваат и опростуваат на
детето само ако тоа вети дека наредниот пат ќе биде добро.ГИ
охрабруваат своите деца да разговараат со нив за проблемите но
не вложуваат напор да го отстранат проблемот.Не поставуваат
јасни граници помеѓу дозволеното и недозволеното,лошото и
доброто.Попустливите родители се благи и вопшто не применуваат
казни и забрани,настапуваат само кога настанува сериозен
проблем.

-Рамнодушен родител –
незаинтересиран,несовесен,безгрижен,како во давањето на
нежности така и во .дисциплинирањето на детето.Тие не
посветуват многу време и енергија во исполнувањето на основните
потреби на детето.Едноставно немаат време за децата
преоптоварени се со грижите за самите себе, со своите
потреби,работата се е предмет на интересирање а за децата нема
време.Насочени се кон својот комодитет и слобода ;ДЕтето си има
свој живот ,јас си имам свој;.Често пати не знаат каде е нивното
дете ,кога и со кого е ,не го прашуваат за училишните обврски,за
училиштето малку знаат за своите деца.Кај овие деца се појавува
отфрленос и неповрзаност со родителите.

Однесувањето на родителите кон детето понекогаш излегува од


границите на еден стил и може да е комбинација на повеќе
воспитни стилови.

Одговорниот родител секогаш тргнува од интересите на детето, ги


почитува и признава неговите правилата ги насочува,му покажува
љубов,ненасилно се однесува кон детето но и поставува граници со
цел овозможување негов целосен развој.

ЗАКЛУЧОК
Родителството е патување кое може да биде пријатно без
проблем,но често е придружено со бури, со препреки ,прашалници
како да се продолжи понатаму.Кога се прават грешки во
воспитувањето не е поради недостаток на љубов туку поради
незнаење на поефективни форми на воспитување.

You might also like