Biografija Blagoj Veljanoski

You might also like

You are on page 1of 1

Д-р Благоја ВЕЉАНОСКИ е роден на 10 април 1954

г. во Охрид. Основно и средно образование


завршил во Скопје. Во 1973 г. се запишал на
групата за физика на Природно-математичкиот
факултет во Скопје каде што дипломирал во 1978 г.
Од 1974 г., паралелно со овие студии, студирал и
на групата за филозофија на Филозофскиот
факултет во Скопје каде што дипломирал во 1979 г.
На 1 февруари 1979 г. се вработил како помлад
асистент по теориска физика на тогашниот
Факултет за физика во Скопје. Во 1984 г. на
Електротехничкиот факултет во Белград ја
одбранил магистерската теза. Во декември 1984 г.
е избран за асистент по теориска физика. Во март
1988 г. на Природно-математичкиот факултет во
Скопје ја одбранил докторската дисертација. Во ноември 1988 г. е избран за
доцент по група предмети од теориска физика. Од учебната 1990/91 г.
започнува да ја држи наставата по теориска механика и компјутерска физика на
Институтот за физика, како и наставата по новововедениот предмет
филозофија на природни науки за студентите од сите институти на ПМФ. Во
1994 г. е избран за вонреден професор по теориска механика и компјутерска
физика. Во октомври 1998 г. е избран за редовен професор по теориска
механика, компјутерска физика и филозофија на природните науки, а во 2003 г.
е реизбран во истото звање. Во рамките на постдипломските студии на
Институтот за физика е задолжен за предметите: физика на непотенцијални
интеракции, механика на континуум, небесна механика и општа методологија.
Од 1 октомври 1986 г. до 31 март 1987 г. бил на студиски престој на
Департманот за теориска физика на Универзитетот во Патра (Грција). Во
септември 1988 г. престојувал на Департманот за физика на Универзитетот во
Рим. Во рамките на активностите на проектите „Темпус“ престојувал на
Универзитетот во Гент, Белгија, на Универзитетот во Парма, Италија и повеќе
пати на Универзитетот во Амстердам, Холандија и Универзитетот во Солун,
Грција. Соработувал со Департманот за теориска физика на Универзитетот во
Патра (Грција), Институтот за физика на Универзитетот во Рим, Институтот за
фундаментални истражувања во Флорида (САД). Бил и надворешен
соработник на Институтот за фундаментални истражувања во Монтеродуни
(Италија). Научниот интерес е во областите на механика на дисипативните
системи и нивен Ли-допустлив третман, хадронска механика, квантна механика
на непотенцијални интеракции и на неутрални честици, како и
интерференциони и дифракциони феномени. Досега има објавено 60 научни
трудови (од кои 45 во меѓународни списанија) и 23 стручни трудови. Учествувал
на 43 научни собири. Учествувал во реализацијата на 8 научни проекти, бил
раководител на 3 научни проекти и учествувал во работата на повеќе
едукативни проекти. Исто така, бил раководител на 3 проекти „Темпус“. Ја
објавил книгата „Хрестоматија по филозофија на науката“ (заедно со Драган
Јакимовски). Во досегашниов период активно учествувал во работата на
редакцијата на списанието Импулс и на Школата „Млади физичари“. Од
февруари 1999 г. до февруари 2003 г. во два последователни мандати бил
претседател на Друштвото на физичарите на Македонија. Раководител на
Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје бил од
2011 до 2016 г.

You might also like