You are on page 1of 3

Американски универзитет на Европа – ФОН

Факултет за
зимски семестар 2022/2023
име на наставна програма: Финансии/Бизнис менаџмент/Маркетинг
код EBA3102
Име на предмет Банкарство

број на ЕКТС 8
професор: Проф. Д-р Саво Ашталкоски
e-mail: savo.ashtalkoski@fon.edu.mk
приемен ден: петок

ПРЕДУСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ:


Основи на економија

ЦЕЛИ НА ПРЕДМЕТНАТА ПРОГРАМА:


Основна цел на овој предмет е студентите да се запознаат со начинот на работење,
организирање и функционирање на банките. Како и да ги осознаат основните банкарски
активности, ризици и начини за нивно менаџирање.

СОДРЖИНА НА ПРЕДМЕТНАТА ПРОГРАМА:


(да се пополни со наставната единица за секоја од неделите во семестарот):

Работна Наставна единица


недела
1. Поим за банкарство и банкарско работење
2. Финансиски и банкарски систем
3. Банкарски и небанкарски финансиски институции
4. Банкарски производи, Принципи на банкарско работење
5. Стретегиско планирање во банките,Трендови и предизвици на
банкарскиот сектор, Потребите од промени во регулацијата
6. Просторна организација на банките, Банкарски финансиски извештаи
7. Прв колоквиум
8. Банкарски ризици
9. Банкарска ликвидност и стратегии за обезбедување
10. Инвестиционо банкарство, Депозитни банкарски активности,
11. Кредитирање,
12. Органи на управување,
13. Глобализација на банкарско работење, Банкарски системи
14. Втор колоквиум
15. Испитна сесија

УСЛОВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА КОЛОКВИУМ/ЗАВРШЕН ИСПИТ:


Присуство на настава.

ЛИТЕРАТУРА:
Задолжителна литература:
1. Ашталкоски Саво Банкарска економија ФОН Универзитет, Достапна
Скопје на АУЕ-
ФОН
2. Превала Шабан, Банкарство ФОН Универзитет, Достапна
Ашталкоски Саво Скопје на АУЕ-
ФОН
Дополнителна литература:
1. Трпевски Љупчо Пари и банкарство Економски Достапна
факултет, Скопје на
Економски
факултет,
Скопје
2. Casu B., Girardone Introduction to banking Prentice hall Достапна
C., на АУЕ-
Molyneux Ph., ФОН

ОЦЕНУВАЊЕ:
Проверка на знаењата на студентот, по наставните предмети, се врши континуирано
во текот на наставно - образовниот процес и се изразува со поени.

Континуираното вреднување на постигнатите резултати во рамките на предметната


програма се остварува преку остварените поени оддва колоквиуми, како и врз
основа на посета на предавања и вежби, активност на предавања и вежби, и/или
изработка на есеи или семинарска работа.

За исполнување на обврските преку полагање на испитите (преку два колоквиуми


или во целина - испит) студентот може да оствари најмногу 100 поени или да добие
позитивна оцена 10 (десет), како највисока позитивна оцена. Оцената 6 (шест) е
најниска позитивна оцена. Оцената 5 (пет) означува незадоволителен успех.

Опис на институционалната шема на оценување:


- од 51 до 60 поени 6 (шест)
- од 61 до 70 поени 7 (седум)
- од 71 до 80 поени 8 (осум)
- од 81 до 90 поени 9 (девет)
- од 91 до 100 поени 10 (десет)

Начин на оценување по предметна програма:


Тестови Пр. 235=70 бодови
Индивидуална работа/ проект Пр. 210=20 бодови
(презентација: писмена и усна)
Активност и учество Пр. 10 бодови

ПРИСУСТВО НА ЧАСОВИ:
Присуството на часови за редовните студенти е задолжително. Студентот кој
неправдано отсуствувал 3 часови, нема да има право да пријави и полага
колоквиуми.
Вонредните студенти можат да присуствуваат на настава, но задолжително
одржуваат менторски консултации со предметниот професор.

ЕТИЧКИ КОДЕКС:
Етичкиот кодекс на АУЕ ФОН содржи морални начела и начела на професионална
етика со кои се регулира моралното однесување на Универзитетот.(преземи
документ)

Препишување при проверката на постигањата на студентите е морално


неприфатливо.
Морално е неприфатлив секој вид на плагијат на идеја или дело. Плагирање е
препишување на туѓи научни трудови, книги и истражувања без наведување на
изворните автори на кои незаконито и неморално им се присвојува истражувачката
работа и интелектуалниот труд.
Морално е неприфатливо фалсификување во научно-истражувачката работа. Под
фалсификување се подразбира дејство кое е спротивно на начелата на научната
етика и подразбира манипулирање со објектот, опрема или со процесот на истра-
жување со цел намерно да се подесат или тенденциозоно да се протолкуваат
резултатите на научното истражување.
Морално е неприфатливо измислување (фабрикување) на резултати во научните
истражувања. Под измислувањето (фабрикување) резултати се подразбира секое
намерно претставување, ширење и објавување на ставови од научна и истражувачка
постапка која не е спроведена.

You might also like