You are on page 1of 5

Работен лист 4.2.

Демократски вредности

Поврзете ги поимите со описите

Поим Опис
Демократско носење одлуки Мажите и жените имаат еднакви права,
како и еднакво право на пристап до сите
професии.
Претставничка демократија Сите граѓани можат слободно да ги
изразат своите мислења, сè додека не ги
кршат законските ограничувања.
Транспарентна и отчетна влада Сите граѓани имаат еднакви можности
за квалитетен живот. Дистрибуцијата на
ресурси е праведна. Граѓаните
меѓусебно се почитуваат и се
толерираат.
Слобода на говор Секој граѓанин може да ја критикува
Владата и/или да побара објаснување за
донесените одлуки. Владата одговара
на прашањата и на барањата на
граѓаните.
Еднаквост пред законот Државно уредување во кое избрани
претставници на народот носат одлуки
за различни прашања.
Социјална правда Праведен процес во кој носењето
одлуки се прави со еднакви можности
за вклучување на сите засегнати страни.
Родова еднаквост Сите граѓани се еднакви пред законот и
нема разлики во начинот на третирање
поради нивната етничка припадност,
возраст, род, инвалидитет итн.
Работен лист 4.7. Поврзување форми, дефиниции и примери за корупција
Поврзете ги формите со соодветниот опис и пример на корупција

Форма на Опис Пример


корупција
Поткуп Кога некој е соочен да избере Директорка на болница
меѓу должности на работното одлучува да го вработи
место и приватниот и личен сопствениот брат како
интерес, и наместо да спречи правник во болницата.
да се доведе во таква
ситуација или ако не може да
спречи, да одлучи да се
изземе од одлука, тој/таа го
избира приватниот и личниот
интерес.

Фаворитизам Кога на некој/а, му се дава Кандидат за пратеник им


подарок, пари или друга ветува на студентите од
корист, за да постапи или неговата заедница дека ќе им
одлучи во корист на оној/онаа овозможи место во
кој/а го врши давањето. студентски дом, доколку
гласаат за неговата партија.

Конфликт на Кога некој е во помоќна Возачот на автобус кој прави


интерес позиција од другиот, па му сообраќаен прекршок,
дава добра, услуги, половина од предвидената
привилегии во замена за сума за казна му ја дава на
неговата/нејзината политичка полицаецот, а полицаецот за
лојалност. возврат не го процесира
прекршокот.

Непотизам Кога се избира лице, не затоа Наставник му држи приватни


што е најдобро и со најдобри часови на ученик, за истиот
квалификации, туку поради предмет кој му предава на
субјективни причини, на училиште. На ученикот му
пример доаѓа од ист град, става повисока оценка од
пријатели се со избирачот, онаа која реално ја заслужува.
членуваат во иста партија,
навиваат за ист клуб, делат
иста религија, лично му се
допаѓа и слично.
Политички Кога некој/а при доделување Министерот одлучува дека
клиентелизам работно место, јавни набавки, полицаец ќе унапреди во
склучување договори и сл., ги инспектор затоа што доаѓаат
преферира членовите на од ист град.
неговото семејството и блиски
пријатели, наместо она лице
кое е најдобро и најзаслужно.
Работен лист 5.1. Видови глобализација

Разгледај ги примерите дадени подолу и утврди за каков вид глобализација станува збор
(економска, информациска, културна или политичка).

1. Американски забавен парк Дизниленд отвора паркови во Хонг Конг, Јапонија и


Франција. ____________________
2. IBM Моделот 350 на мемориска единица од 1956 година била 152 cm долга, 173 cm
висока и 74 cm широка, со 5MB мемориски капацитет. Денешната MicroSD картичка е
со димензии 15 mm должина, 11mm ширина, 1 mm висинаи мемориски капацитет од
128GB.____________________
3. Делови за автомобил се произведени во Германија, Јапонија, Кореа, Северна
Македонија, а автомобилот е составен во Италија. ____________________
4. Центрите за корисничка поддршка низ светот, во голема мерка користат сателити. Па
така, оној што бара информација и вработениот во центарот за корисничка поддршка
најчесто се на две различни места во светот. На пример некој од Канада се јавува за
информација за одреден продукт, одговор добива од вработен во центар за
корисничка поддршка лоциран во Романија. ____________________
5. Основање регионални форуми како Европската Унија, Економска соработка помеѓу
Азија и Пацификот, Африканска унија или организации како Светска трговска
организација или Меѓународниот олимписки комитет. ____________________
6. BBC (British Broadcasting Service) може да се гледа во повеќе од 200 земји и територии
во светот. ____________________
7. Државите можат да позајмуваат пари од институции како Меѓународен монетарен
фонд и Светска банка. ____________________
8. 164 милиони луѓе во светот работат во држава различна од нивната.
____________________
9. Во 2020 година, најгледаното видео на YouTube има 6.9 милијарди прегледи (Despacito
од Luis Fonsi и Daddy Yankee). ____________________
Работен лист 5.4. Цели за одржлив развој и начини за постигнување

Разгледај ги целите за одржлив развој и подолуопишаните проекти. Означи кон која цел/цели
се стреми со реализација на секој од проектите.

Цели за одржлив развој

Проекти поддржани од организациите во склоп на ООН:

Пример 1. Проектот, поддржан од УНЕСКО, се спроведува во Камбоџа, Индонезија и Непал,


каде што живеат две третини од сиромашните лица во светот. Мнозинството од нив се жени и
девојки и речиси две третини се на училишна возраст. Проектот има за цел да истражи начини
за зајакнување на сиромашните девојки кои не посетуваат училишта и да им помогне да
стекнат соодветни знаења и вештини поврзани со технологијата, што ќе им отвори врата за
повеќе можности за работа и на крајот ќе го зголеми нивниот статус во општеството.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________

Пример 2. Република Северна Македонија со помош на УНИЦЕФ, УНДП и ЕУ успеа сите деца
кои беа сместени во големи домови без родители, да ги премести да живеат во мали, групни
домови каде што децата имаат услови за живот како во вистински семеен дом.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________


Пример 3. Со поддршка на УНДЕФ (Фондот за демократија на обединетите нации), во
Ерменија е спроведен проект за зајакнување на капацитетите на новинарите да се вклучат во
антикорупциско известување, да ги следат државните трошоци на јавните службеници;
унапредување на владината транспарентност и воспоставување мрежа за соработка помеѓу
медиумите, граѓанското општество и владата за антикорупциски активности.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________

Пример 4. УНДП ѝ помогна на општината Ресен да воспостави систем за менаџмент и заштита


на Преспанското Езеро. Проектот вклучуваше: изградба на канализациски системи, мали
инфраструктурни проекти, поддршка за јавното комунално претпријатие и други активности во
насока на одржливо управување со животната средина во општина Ресен.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________

Пример 5. Поради недоволната демократска свест и непочитување на човековите права во


Сиера Леоне, особено нееднаквиот третман на жените во заедниците, проектот (поддржан од
УНДЕФ) има за цел да го подобри учеството на жените и младите во процесите на одлучување
и да ги оспособи жените да играат значајна улога во процесот на управување во нивните
локални заедници.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________

Пример 6. Организацијата „Let There Be Light International (LTBLI)“ дистрибуира соларни светла
за населението во Субсахарска Африка. Организацијата е насочена кон поединци и семејства
од ранливи категории (вдовици, возрасни лица, лица со посебни потреби и училишни деца).
До 2018 година, електрифицирале со соларна енергија 8 рурални здравствени центри во
областите Гомба и Вакисо во Уганда, опслужувајќи скоро 75 000 луѓе.

Цел/и за одржлив развој: _____________________________

You might also like