Professional Documents
Culture Documents
Растенија кои го чистат воздухот во канцеларија
Растенија кои го чистат воздухот во канцеларија
Spatifilum
Ова е растение е со сјајни зелени лисја и бели цветови што не бара многу
светлина, па е одличен избор за канцеларии во форма на кабина. Spatifilum го
филтрира трихлоретилен, загадувач кој се поврзува со мастила за печатење,
лакови и лепила.
Зелен лилјан
Гербер
Герберот е по потекло од Јужна Африка. Дава шарени цветови од црвена,
портокалова, розова и жолта боја. Бара многу сонце. Покрај тоа што ја
разубавува канцеларијата, го филтрира бензенот што се наоѓа во бои и
пластиката.
Златен лазач
Растението има широки разновидни зелени и жолти лисја. Изгледа како
растение што виси. Добро напредува во делумна сенка и е многу лесно за
одржување. Одлично го филтрира формалдехидот од воздухот.
Арека
Арека е тропско растение. Според истражувањето на НАСА се смета дека ова
растение е најефективниот филтер за природен воздух.
Многу е важно да изберете растение што одговара на количеството природна
светлина што ја има вашата канцеларија. Некои растенија бараат многу
сончева светлина и затоа се погодни за канцеларии со прозорци свртени кон
југ.
Од друга страна, растенијата што не толерираат директна сончева светлина
може да добијат изгореници на лисјата ако се изложени на нив, така што тие
повеќе им одговара на полу-засенчени области.
Исто така, важно е да се грижите за вашите растенија во канцеларијата.
Обично кога ќе купите растение од расадник ќе добиете краток водич за нега со
него, а што се однесува до растенијата што не бараат многу, оваа мала
обврска исто така ќе биде релаксација за вас.
Една студија од НАСА открила дека едно растение е доволно на 10 метри.
Студијата спроведена во 2011 година заклучи дека само шест растенија во
еден простор можат значително да ја намалат концентрацијата на јаглерод
диоксид и другите честички загадувачи на воздухот.
Покрај разубавување на просторот и чистиот воздух, растенијата може да
влијаат и на подобрување на перформансите, да го намалат стресот и да ја
зајакнат креативноста, да го намалат заморот и вознемиреноста.
Извор: FIX
Подготви П.Ј.