You are on page 1of 9

Графови

Дефиниција 1: Еден граф G = (V, E) се состои од множество V – непразно множество од темиња


(или јазли), како и множество Е – множество од ребра. На секое ребро му се придружуваат едно
или две темиња, кои се нарекуваат крајни точки на реброто. За реброто се вели дека ги поврзува
неговите крајни точки.
Дефиниција 2: Лупа (алка, јамка) претставува ребро кое поврзува едно исто теме ({u, u}).
Графот има повеќекратни (паралелни) ребра кога ист пар на темиња се поврзани со повеќе од
едно ребро.
Дефиниција 3: Ориентиран граф (диграф) G = (V, E) се состои од непразно множество темиња V и
множество ориентирани ребра (стрелки) Е. На секое ориентирано ребро му се придружува
подреден пар од темиња и може да се обележи како (u, v).
• u се нарекува почетно теме на реброто (u, v)
• v се нарекува крајно теме на реброто (u, v)
Терминологија кај графови
•Граф кој нема лупи и нема повеќекратни ребра се вика едноставен граф.
•Ориентиран граф кој не содржи лупи и нема повеќекратни ориентирани ребра се нарекува
едноставен ориентиран граф.
•Неориентиран мултиграф е неориентиран граф кој има повеќекратни ребра, но нема алки.
•Ориентиран мултиграф е ориентиран граф кој има повеќекратни ребра, а може да има и алки.
•Псевдограф е неориентиран граф кој има и алки и повеќекратни ребра
•Кога има m паралелни ребра во неориентиран граф кои ги поврзуваат темињата u и v, тогаш
реброто {u, v} се нарекува ребро со кратност m или m-кратно ребро. Ако две темиња во
ориентиран граф се поврзани (во иста насока) со m стрелки, тоа ребро се нарекува m-кратно
ориентирано ребро.
•Постојат графови во кои што некои ребра се ориентирани, а други се неориентирани. Таквите
графови се нарекуваат мешани графови.
Дефиниција 4: Две темиња u и v во неориентиран граф G се нарекуваат соседни во G ако u и v се
крајни точки на некое ребро во G. Ако е = {u, v}, се вели дека реброто е ги поврзува u и v или дека
реброто e е инцидентно со u и v.
Дефиниција 5: Степен на теме во неориентиран граф е бројот на ребра кои излегуваат од него,
т.е. бројот на ребра на кои тоа теме е крајна точка. Лупите се бројат по два пати (еднаш за
почетната точка и еднаш за крајната точка). Теме со степен нула се нарекува изолирано теме.
Степенот на темето v се означува со deg(v).
Дефиниција 6: Степенска низа во граф е секвенцата составена од степените на сите темиња од
графот, во нерастечки редослед.
Теорема 1 (Теорема на ракување): Нека G = (V, E) е неориентиран граф со e ребра. Тогаш :
2 e=∑ deg ⁡(v)Теорема 2: Еден неориентиран граф има парен број на темиња со непарен степен.
veV
Дефиниција 7: Ако (u, v) е ребро во ориентираниот граф G, ќе велиме дека u е сосед кон v, a v се
нарекува сосед од u. Темето u се нарекува почетно (иницијално) теме, а v се нарекува крајно
теме.
Дефиниција 8: Во ориентиран граф, влезен степен на теме е бројот на ребра закои тоа теме е
крајно теме, а излезен степен на теме е бројот на ребра за кои тоа теме е почетно теме. Влезниот
степен на темето v се означува со deg- (v), а излезниот степен на темето v се означува со deg + (v).
Забелешка: Лупите во ориентиран граф го зголемуваат и влезниот и излезниот степен на
темињата за 1.
Теорема 3: Нека G = (V, E) е ориентиран граф. Тогаш
∑ deg−¿ ⁡(v) =∑ deg+¿ (v )=¿ E ∨¿¿ ¿ ¿
veV veV

Специјални едноставни графови


•Комплетен граф со n темиња, Kn, е едноставен граф кој содржи точно едно ребро меѓу кои било
две различни темиња.
•Циклус со n (n ≥ 3) темиња, Cn, е граф кој се состои од n темиња v1, v2, …, vn и ребра {v1, v2}, {v2, v3},
…, {vn-1, vn}, {vn, v1}.
Дефиниција 9: Еден едноставен граф G се нарекува бипартитен граф ако множеството на темиња
V може да се подели на две дисјунктни подмножества V1 и V2, така што секое ребро поврзува едно
теме од V1 со едно теме од V2. (V1, V2) се нарекува бипартиција на множеството темиња V.
Дефиниција 10: Комплетен бипартитен граф Km,n е граф чие множество темиња е поделено на две
дисјунктни подмножества со m и n темиња, соодветно, и постои ребро помеѓу две темиња акко
едното теме е во првото подмножество, а второто теме е во второто подмножество.
Теорема 4: Еден граф е бипартитен ако и само ако е можно секое теме да се обои со една од две
бои, така што ниедно теме да нема сосед во иста боја со него.
Дефиниција 12: Подграф на графот G = (V, E) е граф H = (W, F), каде W  V и F  E.
Дефиниција 13: Унија на два графа G1 = (V1, E1) и G2 = (V2, E2), е едноставниот граф со множество
темиња V1  V2 и множество ребра Е1  Е2. Унијата на графовите G1 и G2 се бележи со G1  G2.
Претставување (репрезентација) на графови
Еден граф G = (V, E), може да се претстави преку:
•колекција од листи на соседство;
•матрица на соседство.
•матрица на инциденција(темето vi е инцидентно со реброто ej)
Дефиниција 14: Едноставен граф е правилен (регуларен) ако сите темиња во графот имаат ист
степен.

Пат и циклус во граф. Сврзаност и компоненти на сврзаност.


Ојлеров и Хамилтонов пат. Наоѓање на најкраток пат.

Дефиниција 1: Нека n е ненегативен цел број и G е неориентиран граф. Пат со должина n од u до


v во графот G е низа од n ребра е1, е2, ..., еn од G, така што e1 = {x0, x1}, e2 = {x1, x2}, …, en = {xn-1,
xn}, каде x0 = u и xn = v. Кај едноставен граф, патот може да се претстави и преку соодветната низа
од темиња x0, x1, …, xn-1, xn. Во овој случај, велиме дека патот минува низ темињата x1, …, xn-1,
односно дека минува преку ребрата е1, е2, ..., еn.
Дефиниција 2: Пат во граф е циклус ако тој почнува и завршува во исто теме и има должина
поголема од 0. Еден пат или циклус е прост, ако не содржи едно исто ребро повеќе од еднаш.
Дефиниција 3: Нека n е ненегативен цел број и G е ориентиран граф. Пат со должина n од u до v
во графот G е низа од n ребра е1, е2, ..., еn од G, така што e1 = (x0, x1), e2 = (x1, x2), …, en = (xn-1,
xn), каде x0 = u и xn = v. Значи, завршното теме на дадено ребро во патот е почетно теме на
следното ребро во патот.
Дефиниција 4: Еден неориентиран граф е сврзан ако постои пат помеѓу секој пар од различни
темиња во графот.
Теорема 1: Меѓу секој пар темиња во сврзан граф постои едноставен пат.
Дефиниција 5: Сврзана компонента на еден граф G е сврзан подграф на G, кој не е вистински
подграф на друг сврзан подграф на G. Со други зборови, сврзана компонента на графот G е
максимален сврзан подграф на G.
Засек е теме или ребро со чие отстранување графот престанува да биде сврзан, односно се
раздвојува на две или повеќе сврзани компоненти.
- Теме на засек (точка на артикулација)
- Ребро на засек (мост)
Дефиниција 6: Еден ориентиран граф е силно сврзан ако постои пат од a до b и пат од b до a за
секој пар на различни темиња a и b од графот.
Дефиниција 7: Еден ориентиран граф е слабо сврзан ако постои пат помеѓу секој пар на различни
темиња во соодветниот неориентиран граф.
Дефиниција 8: Ојлеров циклус во граф G претставува прост циклус кој што ги содржи сите ребра
на G.
Дефиниција 9: Ојлеров пат во граф G претставува прост пат кој ги содржи сите ребра на G.
Теорема 2: Сврзан граф со повеќе од две темиња има Ојлеров циклус ако и само ако сите негови
темиња имаат парен степен.
Теорема 3: Сврзан граф со повеќе од две темиња има Ојлеров пат но нема Ојлеров циклус ако и
само ако точно 2 темиња имаат непарен степен.
Алгоритам за конструкција на Ојлеров циклус
(Влез: Сврзан граф G = (V, E) во кој сите темиња имаат позитивен парен степен)
(Излез: Ојлеров циклус C на графот G)
Избери теме v  V
Конструирај циклус C во G во кој што v е едно теме.
додека должината_на(C) < |E| извршувај
Избери теме w од циклусот C со позитивен степен во G \ C.
Конструирај циклус во G \ C низ темето w.
Вметни го овој пат во C кај темето w за да добиеш подолг циклус.
крај_додека{должината_на(C) < |E|}
Испечати го C
Дефиниција 10: Хамилтонов пат во граф G претставува прост пат кој поминува точно по еднаш низ
секое теме во G.
Прост пат x0, x1, ..., xn-1, xn во граф G = (V, E) е Хамилтонов пат ако V = {x0, x1, ..., xn-1, xn} и xi  xj,
за 0 <= i < j <= n.
Дефиниција 11: Хамилтонов циклус во граф G претставува прост циклус кој поминува точно по
еднаш низ секое теме во G.
Прост циклус x0, x1, ..., xn-1, xn, x0 во граф G = (V, E) е Хамилтонов циклус ако x0, x1, ... , xn-1, xn е
Хамилтонов пат.
Теорема 1: Нека G е граф со матрица на соседство А, во однос на подредувањето на темињата v1,
v2, …, vn. Бројот на различни патишта со должина r од темето vi до темето vj е еднаков на
елементот што се наоѓа на позиција (i, j) во матрицата Ar .
Дефиниција 12: Графот G = (V, E) над кој што е дефинирана функција на тежина, w: E  R, која ги
пресликува ребрата во тежини (реални броеви), се нарекува тежински граф.
Дефиниција 13: Тежината (должината) на реброто e = {vi, vj} во тежинскиот граф G се означува со
w(vi, vj). Должината (тежината) на патот e1, e2, …, em во тежинскиот граф G е еднаква на збирот
од тежините на ребрата e1, e2, …, em.

ИЗОМОРФИЗАМ Планарни графови и боење на граф

Дефиниција: Едноставните графови G1 = (V1, E1) и G2 = (V2, E2) се изоморфни ако постои биекција
1 2 f :V  V , со својството дека ако има ребро од а до b во G1, тогаш во G2 има ребро меѓу f (a) и f
(b) . Ваквата функција се нарекува изоморфизам.
Дефиниција 14: Вкрстување на ребра во граф е пресек на линиите или стрелките кои ги
претставуваат ребрата во точка која не е нивно заедничко теме. За еден граф велиме дека е
планарен (рамнински) ако може да се нацрта во рамнината без вкрстување на ребрата. Ваквиот
цртеж се вика планарна репрезентација (рамнинско претставување) на графот. Сите планарни
репрезентации на еден граф ја разделуваат рамнината во ист број на региони.
Теорема 6 (Ојлерова формула): Нека G е сврзан планарен едноставен граф со e ребра и v темиња.
Нека r е бројот на региони во рамнинското претставување на G. Тогаш

r =e – v +2
Последица 6.1: Ако G е сврзан планарен едноставен граф со e ребра и v темиња, каде v ≥ 3, тогаш

e ≤ 3 v – 6Последица 6.2: Ако G е сврзан планарен едноставен граф, тогаш G има теме со степен кој
не надминува 5.
Последица 6.3: Ако сврзан планарен едноставен граф има e ребра и v темиња, каде v ≥ 3, и нема
циклуси со должина 3, тогаш
e≤2v – 4
Дефиниција 15: Ако графот е планарен, тогаш планарен ќе биде и секој граф кој се добива со
отстранување на реброто {u, v} и додавање на ново теме w заедно со ребрата {u, w} и {w, v}.
Таквата постапка се нарекува елементарна поделба.
Дефиниција 16: Графовите G1 = (V1, E1) и G2 = (V2, E2) се нарекуваат хомеоморфни графови ако
можат да се добијат од ист граф со низа од елементарни поделби.
Забелешка: Со елементарните поделби добиваме нов граф во кој е додадено само едно теме, но
и само едно ребро. Ако оригиналниот граф бил G = (V, E), тогаш новодобиениот граф по
елементарната поделба ќе биде G1 = (V1, E1) т.ш. |V1| = |V| + 1, и |E1| = |E| + 1.
Дефиниција 17: Обојување на едноставен граф е доделувањето на боја на секое теме од графот
така што никои две соседни темиња да немаат иста боја.
Дефиниција 18: Хроматски број на граф е најмалиот број на бои кои се потребни за обојување на
графот. Хроматскиот број на графот G се обележува со χ(G).
Теорема за четири бои: Хроматскиот број на планарен граф не е поголем од 4.
Еден граф е бипартитен ако и само ако неговиот хроматски број е 2.
КОМБИНАТОРИКА

Правило на производ: Ако за завршување на една работа е потребно да се извршат две задачи,
од кои првата задача може да се изврши на n начини, и за секој од овие начини на извршување на
првата задача, постојат m начини за да се изврши втората задача, тогаш постојат m n начини за
завршување на работата.
Обопштено правило на производ: Ако за завршување на една работа е потребно да се извршат k
задачи, од кои i-тата задача може да се изврши на i n начини, независно од останатите задачи,
тогаш постојат n1  n2 … nk начини за завршување на работата.
Правило на збир: Нека претпоставиме дека постојат 2 различни пристапи за завршување на една
работа. Ако постојат m начини за да се заврши работата со користење на првиот пристап и n
начини за да се заврши работата со користење на вториот пристап, тогаш постојат вкупно m + n
начини за завршување на работата.
Обопштено правило на збир: Нека претпоставиме дека постојат k различни пристапи за
завршување на една работа. Нека постојат ni начини за да се заврши работата со користење на i-от
пристап. Тогаш постојат n1  n2 … nk начини за завршување на работата.
Принцип на вклучување и исклучување: Нека претпоставиме дека постојат 2 пристапи за
завршување на една работа, при што m начини за да се заврши работата со користење на првиот
пристап и n начини за да се заврши работата со користење на вториот пристап, но некои од
начините може да се сместат и во првиот и во вториот пристап. Нека тоа се k начини. Тогаш бројот
на начини за завршување на таа работа е m + n – k.
Принципот на вклучување и исклучување изразен преку множества: Ако A и B не се дисјунктни
множества, тогаш: A B  A  B  A B .
Дефиниција: Нека е дадено конечно множество A со n елементи и нека k  n . Секоја подредена k-
торка од различни елементи од множеството A се вика k-пермутација. Бројот на сите различни k-
пермутации се означува со P(n; k) и изнесува:
n!
P ( n , k )= Бројот на различни n-торки се добива за k = n и изнесува P(n; n)  n! . Секоја ваква
( n−k ) !
nторка се нарекува пермутација од ред n.
Дефиниција: Нека е дадено конечно множество A со n елементи. Секое k-елементно
подмножество на множеството A се нарекува k-комбинација. Бројот на сите различни k-
комбинации се означува со C(n; k) и изнесува:
n!
C ( n , k )= Кај комбинациите, за разлика од пермутациите, распоредот на елементите
k ! ( n−k ) !
не е важен.
Дефиниција: r-пермутација со повторување на множество S со n елементи е подредено
разместување со должина r на елементите од S, при што некои од елементите можат да се
појавуваат и повеќе пати. Бројот на r-пермутации на множество со n елементи во кои е дозволено
повторување на елементите е nr .
Дефиниција: r-комбинација со повторување е избор на r елементи од множество S со n видови
на елементи, при што се смета дека од секој вид има барем по r елементи. Бројот на r-
комбинации од множество со n видови елементи кога има барем по r елементи од секој вид и е
дозволено повторување е
(n+ r−1)!
C ( n+ r−1 , r )= Дефиниција: Пермутација на елементи од множество S кои не се
r ! ( n−1 ) !
разликуваат е подредена низа од n елементи од S во која некои од елементите може да се
еднакви меѓу себе. Бројот на различни пермутации на n објекти, при што има n 1 исти објекти од
тип 1,n2 исти објекти од тип 2, ..., nk исти објекти од тип k каде n1 +n 2+ …+nk =n изнесува:
n!
n1 ! n2 ! …n k !

НИЗИ И СУМИ

Низа е пресликување f: А → S каде А ⊆ ℤ, а Ѕ е произволно множество. Најчесто земаме


А={0,1,2,3,4,…} или A={1,2,3,4,…} . Низата може да ја означиме со (𝑎𝑛 )𝑛∈𝐴 и нејзин општ член е 𝑓(𝑛)
= 𝑎𝑛.
Нека 𝑎0, 𝑎1, 𝑎2, 𝑎3… е аритметичка прогресија со почетен член 𝑎0 и параметар 𝑑 = 𝑎𝑛+1 − 𝑎𝑛. Збирот
на првите k членови на низата се пресметува на следниот начин
k −1

∑ ( a0 +id ) = k2 (2 a0 +( k −1 ) d)Збирот на првите k членови од геометриска прогресија 𝑎 , 𝑎 , 𝑎 , 𝑎 ,


0 1 2 3
i=0
an +1
… зададена со почетен член 𝑎0 и параметар 𝑟 = е зададен со формулата
an
k −1 k
∑ ( a0 +r i)=a0 1−r
1−r
i=0

РЕКУРЕНТНИ РЕЛАЦИИ

Дефиниција 1: Рекурентна релација за низата { an } е равенство кое што го изразува n-тиот член n a
преку еден или повеќе претходни членови на низата, односно преку a 0 , a1 , ..., an-1 , за сите n  n0,
каде n0 е позитивен цел број.
Почетни услови се членовите на низата { an } кои му претходат на првиот член од низата за кој
дадената рекурентна релација почнува да важи. Рекурентната релација и почетните услови
еднозначно ја определуваат низата. Секој друг член од низата може да се најде преку
рекурентната релација и почетните членови.
Дефиниција 2: За една низа { an } велиме дека е решение на рекурентна релација ако нејзините
членови ја задоволуваат рекурентната релација.
Дефиниција 3: Линеарна хомогена рекурентна релација од степен k со константни коефициенти е
рекурентна релација од облик an=c1an-1+c2an-2+…+ckan-k каде што c1,c2,ck e R и ck≠0.
Равенката rk-c1rk-1-…-ck-1r-ck=0 се нарекува карактеристична равенка на рекурентната релација.
РЕЛАЦИИ

Дефиниција: Нека се дадени множествата A и B. Секое подмножество од AxB е релација од A во B.


Ако  е релација од А во А, т.е. AxA, тогаш за  велиме дека е релација на А
Дефиниција: Нека R е релација од множество A во множество B и S е релација од множество B во
множество C. Композиција SR на релациите R и S е релација која се состои од сите подредени
парови (a,c), т.ш. aA и cC за кои постои елемент bB, т.ш. (a,b)R и (b,c)S.
Дефиниција: Нека R е релација од А во В, а S релација од В во С. Композиција на R и Ѕ е
релацијата која се состои од подредените парови (а, с), каде аА и сС и за нив постои bB такво
што (а, b) R и (b, c) S.
Теорема: Нека R е релација над А која се претставува со графот G(V, E) и a, bA. Oд а до b постои
пат со должина n>0 ако и само ако (a, b) Rn.
Дефиниција: Секое подмножество од А×А е релација, значи бројот на релации е еднаков на бројот
на подмножества од А × А, т.е. |ℬ(А×А)| = 2n2
Својства на релации:
Нека  е релација на А , т.е АxA .
1. R (рефлексивна) акко (xA) x  x.
2. АR (антирефлексивна) акко (xA) (x, x)  т.е (x  x).
3. S (симетрична) акко (x,yA) (x  y  y  x).
4.  e асиметрична акко (x,yA) (x  y  y  x).
4. AS (антисиметрична) акко (x,yA) (x  y  y  x  x = y).
5. T (транзитивност) акко (x,y,zA) (x  y  y  z  x  z).
Релацијата  е релација за еквивалентност ако  е рефлексивна, симетрична и транзитивна.

Рефлексивен затварач – минималните парови за да биде рефлексивна, унија со дијагоналта


Симетричен затварач – минималните парови за да биде симетрична, унија со обратната

Транзитивен затварач – минималните парови за да биде транзитивна,


Дефиниција: Класа на еквивалентност на елементот x при релацијата  е множеството:
[x]={yA| xy}
Својства:
1. [x][y]   [x] = [y]
2. x[x]
3. A= Ux   [x].
Својство: (врска помеѓу разбивање и еквивалентност)
1. Нека  е разбивање на А (={Ai|iI, Ai, Ui Ai =A, AiAj= кога ij}).
Ако дефинираме релација  на А со:
x  y  (iI){x,y}Ai, тогаш  е релација за еквивалентност на А.
2. Ако  е еквивалентност на А, тогаш {[x]| xA} е разбивање на А.
Множеството А/={[x]|xA} се нарекува фактор множество на А при релацијата .
Дефиниција: Два елементи a и b од подредувањето (А,£) се нарекуваат споредливи ако или a £ b
или b £ a.
Дефиниција: Ако a и b се елементи од А такви што ниту a £ b ниту b £ a тогаш тие се нарекуваат
неспоредливи.
Дефиниција: Нека А е дадено множество, АA.  e релација за (делумно) подредување ако  е
рефлексивна, антисиметрична и транзитивна релација.
Дефиниција: АA е линеарно подредување ако е подредување и (x,yA)(xy  yx)
Дефиниција: Нека (A, ) е подредено множество. Неговото претставување со
Хасеов дијаграм е следново:

Дефиниција: Нека (M, ) е подредено множество


1) За aM велиме дека е најголем елемент ако важи (xМ) xa.
2) За aM велиме дека е најмал елемент ако важи (xМ) ax.
3) За aM велиме дека е максимален елемент ако важи (xМ) (аx  a=x).
4) За aM велиме дека е минимален елемент ако важи (xМ) (xa  x=a).
Нека АM
5) За mM велиме дека е мајорант на А ако важи (аА) аm.
6) За mM велиме дека е минорант на А ако важи (аА) ma.
7) A* - множество на мајоранти.
8) A* - множество на миноранти.
9) supA – најмалиот елемент во А* .
10) infA – најголемиот елемент во А*.
За (М, ) велиме дека е добро подредено множество акко секое непразно подмножество АM
има најмал елемент.

You might also like