You are on page 1of 2

ОСНОВНО OПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ"НАУМ ОХРИДСКИ" с.

Булачани,
Скопје, ул.5 бр.1 с. Булачани  02 2575 946; 078291929;

e - mail: nohridski@yahoo.com; http://naumohridski.edu.mk/

ou-naumohridski-bulachani-gazibaba@schools.mk

НАСОКИ

за водење и прегледување е-дневник за учебна 2023/24 година

 Наставниците водат евиденција само во електронски дневник.


 Во делот за евиденција на часовите, секој наставник ја запишува само
содржината стандардите за оценување што се разработува на часот.
 Од учебната 2023/24 година се внесуваат извесни измени и дополнувања
во електронскиот дневник, и тоа:
- Во делот за евиденција на часовите од распоредот каде наставата ја
реализираат двајца наставници (за продолжен престој на ученици од
иста паралелка т.н. целодневна настава, за час по физичко
воспитание и образование и сл.) има опција за внесување на името и
презимето на двајцата наставници реализатори на конкретниот
предмет
- Во делот на слободни ученички активности (воннаставни и други
активности) се прави поделба со следните поднаслови:
Час на одделенска заедница
Додатна настава
Дополнителна настава
Воннаставни и други активности

При пополнување на активностите од поднасловите се наведува и името и


презимето на наставникот/наставниците кои ги реализираат овие активности.

 Реализацијата на воннаставните активности, додатната и


дополнителната настава се водат само во електронскиот дневник и се
укинува водењето на досега пропишаните обрасци.
ЧАСОВИТЕ СЕ ВНЕСУВААТ ОДНАПРЕД ЕДНА СЕДМИЦА.

Комисијата за прегледување е-дневник врши проверка на дневникот


последната седмица од секој месец, по што праќа конечен извештај кај
директор.

(Исклучок ќе биде прегледувањето на е-дневникот за месец септември, кое


ќе биде извршено најдоцна до 15.10.2023 година).

Комисија за водење на електронски дневник:

Предметна настава: Одделенска настава:

1.Златка Панчевска 1. Каменка Игеска

2.Љупка Богдановска 2. Весна Јованова

Директор

_______________

м-р Елизабета Андова

You might also like