You are on page 1of 4

ДМ СУПЕРИОР ДОО

бул. АСНОМ Бр.16


тел. 070 583 686
е-mail: superior_coffee@yahoo.com

ДОГОВОР ЗА ПОСЛУГА НА ОПРЕМА

Склучен на ден 06.05.2021 година во Скопје, помеѓу следните странки:

Друштво за производство, трговија и услуги дм СУПЕРИОР ДОО Скопје, бул.Асном, број.16,


со ЕДБ: 4032020546453 и ЕМБС: 7443706, (во понатамошниот текст Послугодавач), и

______________________________________________________________________________ ,
адреса ________________________________________, со ЕДБ: ________________________, и
ЕМБС: _________________________________________ , застапуван од законскиот застапник
________________________ од ______________, ( во понатамошниот текст: Послугопримач)

Странките се договорија за следното:

ЧЛЕН 1
Предмет на овој Договор е уредување на меѓусебните права, обврски и одговорности
на договорните страни во врска со користењето, работата, одржувањето и поставувањето на
Опрема за потребите и во рамките на деловната активност на Послугопримачот/
Предмет на послуга на овој договор е опрема-апарат со следните каректиристик

- 2 ДВЕ ASTRO ESPRESO, со сериски брoeви.__________________________ и


_______________________________________________

ЧЛЕН 2

Права и обврски на послугодавачот:

Да ја постави тира опремата на договореното место и да се грижи за редовно


одржување, сервисирање и друг вид на техничко одржување на опремата во исправна
состојба.

За потребите на послугопримачот да изврши демонтажа, дислокација и нова монтажа


на опремата, за која послугопримачот ќе побара со писмен допис да се премести на друга
локација.

По пријавениот дефект, да ги преземе сите потребни дејствија за поправка на опремата


и доведување во исправна – употреблива состојба.
ДМ СУПЕРИОР ДОО
бул. АСНОМ Бр.16
тел. 070 583 686
е-mail: superior_coffee@yahoo.com

Под услов дефектот на опремата да не може да се отстрани, Послугодавачот се


обврзува да му постави и монтира на послугопримачот машина идентична или слична на
опремата определена во член 1 од овој договор, која истиот ќе може да ја користи сѐ до
отстранување на настанатиот дефект на опремата. За опремата која што се дава како времена
замена, ќе се состави писмена потврда за примопредавање, која ќе биде составен дел на овој
договор.

Послугодавачот се обврзува редовно да го снабдува послугопримачот со производи од


неговиот асортиман според заедничката договорена динамика.

Послугодавачот за времетраење на овој договор, а во случај на потреба на


послугопримачот за зголемување на бројот на апаратите има право на поставување на свои
апарати под услови на овој договор, а кое ќе биде регулирано со посебен анекс на овој
договор.

Поради непрофитабилност на поставените апарати на договорената локација со


послугопримачот, послугодавачот има право да бара инвентарот да му биде вратен во рок од
30 дена од денот кога со писмено барање го известил послугопримачот.

Послугодaвачот е единствен сопственик на опремата која е предмет на овој Договор,


односно со склучување на овој договор, послугопримачот не се стекнува со право на
сопственост на опремата.

ЧЛЕН 3
Права и обврски на послугопримачот:

Послугопримачот се обврзува за времетраење на Договорот да му отстапи на


користење соодветен дел од својот деловен простор во кој е лоцирана и се користи опремата
на послугодавачот, како и да обезбеди приклучок за вода и електрична енергија за опремата
предмет на овој договор.

Послугопримачот се обврзува да ја прими на користење опремата специфицирана во


член 1 од овој договор и да им овозможи на послугодавачот да ја постави и монтира во негов
деловен простор.

Послугопримачот се обврзува да не преземе дејствија на самостојно одржување,


поправка, демонтажа и монтажа на опремата предмет на овој договор, туку тие дејствија во
целост да му ги препушти на послугодавачот.

Послугопримачот се обврзува веднаш, без одложување да го пријави појавениот


дефект на опремата на послугодавачот, како би се избегнал евентуалниот прекин во
послужувањето на пијалоците од кафе.
ДМ СУПЕРИОР ДОО
бул. АСНОМ Бр.16
тел. 070 583 686
е-mail: superior_coffee@yahoo.com

Послугопримачот се откажува од можноста сам без знаење на Послугодавачот да


изврши демонтажа, дислокација и нова монтажа на опремата, предмет на овој договор,
односно единствено да му овозможи на Послугодавачот брзо и навремено отстранување на
настанатиот дефект. Во случај корисникот да постапи спротивно на предвиденото од овој
член истиот одговара за причинетата штета, а воедно Послугодавачот може веднаш да го
раскине договорот без отказен рок.

Да го извести писмено Послугодавачот за потребната опрема, предмет на овој договор


да биде дислоцирана на друга локација, за неговите потреби.

По завршувањето на времетраењето на овој договор или настане престанок на работата


на било кој од договорените страни, Послугопримачот е должен да му ја врати на
Послугодавачот опремата во рок од 5 дена од настанувањето на условите за престанок.

ЧЛЕН 4
Времетраење на договорот:

Договорните страни се согласни договорот да се склучи за временскиот период од 1


година сметано од денот на склучувањето.

Под услов ниту една од договорните страни да не побара раскинување на договорот


(30) дена пред истекот на рокот утврден во ставот 1 од овој член, договорот ќе се смета
автоматски продолжен за период од 1 година.

ЧЛЕН 5
Раскинување на договорот:

Договорните страни се согласни дека доколку едната страна сака раскинување на


договорот пред истекот на рокот од претходниот член треба да ја извести спротивната страна
30 дена пред раскинувањето на истиот.

Во случај на раскинување на договорот пред истекот на неговото времетраење


послугопримачот е должен во рок од 3 дена од денот на раскинувањето да ја врати опремата
од член 1 од овој договор на послугодавачот.

Послугодавачот како сопственик на опремата, има право на еднострано раскинување


без отказен рок на овој договор во случај ако:
- Послугопримачот презема дејствија сам да изврши поправка, демонтажа и монтажа
на опремата на нова локација.
ДМ СУПЕРИОР ДОО
бул. АСНОМ Бр.16
тел. 070 583 686
е-mail: superior_coffee@yahoo.com

- Други случаи во кои послугопримачот може да го наруши угледот и добрата


репутација која ја ужива брендот Супериор ДОО - Скопје.

ЧЛЕН 6
Договорот може да се измени и надополни само со Анекс на договорот за изменување
и дополнување на овој договор потпишан од двете договорни странки.

ЧЛЕН 7
Овој договор е склучен во два примероци од кое по еден за странките.

ЧЛЕН 8
Договорот влегува во сила со денот на потпишувањето.

ДОГОВОРEНИ СТРАНИ:

ПОСЛУГОДАВАЧ: ПОСЛУГОПРИМАЧ:

_______________________ __________________________

ДМ Супериор ДОО

You might also like