You are on page 1of 4

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

ЗА I ОДДЕЛЕНИЕ УЧЕБНА 2023/2024 ГОДИНА

Број на часови на неделно ниво: 2 часa Број на часови на годишно ниво: 72 часa
Училиште: ООУ Ѓорѓи Сугарев Одделение: I одделение
Учебна година: 2023/24 Наставник:Даниела Лавуровска
Резултати од учење
Ученикот/ученичката ќе биде способен/способна:
- слухово и визуелно да препознава конкретни лексички единици поврзани со дадените теми;
- да репродуцира говорно засебни лексички единици и куси искази од најнепосреден интерес со
правилен изговор и интонација;
- да воспостави основен општествен контакт со користење на наједноставните облици на формално и
неформално поздравување и збогување, како и формите на учтиво изразување и моделите на
културно однесување;
- да воспостави и води едноставна комуникација (говорна интеракција) со примена на усвоените
лексички единици, граматички структури и јазични функции соодветни за возраста;
- да развива свест за вредностите на сопствената и почит кон другите култури и традиции
(мултикултурализам), правата и обврските на детето, грижата за животната средина, како и свест за
одредени универзални животни вредности;
- да работи во пар или помала група, придонесувајќи со свој удел и преземајќи одговорност за своите дејства,
со цел заедничка соработка и градење врски со соучениците.
Годишно планирање на наставата по англиски јазик во I одделение

Планиран Планирано

Тема Планирани содржини број на време на


часови реализација

Јазични функции:
● поздравување/збогување (неформално): Hi!
Hello! Bye bye!
● претставување себеси: I’m Marija. / Who is this? / This is Arben.

Лексички единици:
● членови на потесното семејство: mum, dad,
brother, sister, baby;
● детски играчки: a doll, a teddy bear, a car, a ball, a kite, a rope. Септември
● ТЕМА 1: Јас и
другите во Граматички структури: 18 Октомври
домот ● лични заменки: I, you;
● показни заменки: This is...;
● присвојни придавки: My brother / sister;
● Present Simple tense of TO BE: I am / You are;
● Present Simple tense of TO HAVE: I have / You have.

Интеркултурни содржини:
● Halloween: witch, pumpkin, party, candy, zombie
● Happy Halloween!
● Happy Birthday!

Јазични функции:
● поздравување/збогување (формално): Good
morning! Good afternoon! Good evening! Good
bye!: How are you? Fine, thank you;
● претставување себеси: My name is… / I come
Вкупно: 72 часа

Ресурси за реализација на наставната програма:

- Одобрен прирачник/учебнички комплет од министерот за образование и наука;


- Пакет прирачен материјал за наставникот (флеш карти, постери и друго);
- ЦД, ДВД;
- Други практични извори на учење во непосредна околина – предмети, нагледни средства, во просторијата
каде се изучува англискиот јазик (пластелин, глина, хартија во боја, колаж, шаблони, отпечатоци);
- ЛЦД проектор;
- Интерактивна табла;
- Интернет, образовни софтвери, веб страници и апликации; на пример: Scratch (https://scratch.mit.edu/),
Prezi (https://prezi.com/presentation-template/), SurveyMonkey (https://www.surveymonkey.com/), Edmodo
(https://new.edmodo.com/?go2url=%2Fhome), Quizstar (http://quizstar.4teachers.org/indexi.jsp), и др.
- Речници, списанија, весници за наставникот и учениците.

Меѓупредметна корелација:

- Македонски јазик, музичко образование, запознавање на природа и општество...

Оценување на постигањата на учениците


Постигањата на учениците редовно се следат и соодветно се вреднуваат, а и се прибираат показатели во текот на
целиот наставен процес за нивната континуирана активност, мотивираност за учење, соработка со соучениците
при работа во пар или помала група, и редовност во извршувањето на зададената домашна работа. Оттука,
наставникот во една кохезивна рамка систематски го следи напредокот на секој ученик и неговото постигнување,
т.е. врши формативно оценување. Ваквото оценување континуирано им дава на наставникот и на учениците
персонализирани информации за тоа до каде се во циклусот поучување-учење.
Секоја активност на часот при која учениците ја искажуваат јазичната активност, било на рецептивно,
репродуктивно или продуктивно ниво, дава можност за воочување на нивниот напредок и соодветно
евалуирање. Значи, евалуацијата се врши како интегрален дел на секој наставен час, а не како независен и
изолиран чин. Важно е да се спомене автентичното евалуирање, односно природно евалуирање, кое се одвива
во реалниот свет или симулира некоја ситуација позната за учениците, со постапки кои драстично не се
разликуваат од вообичаените активности на часот, наместо да се создава вештачка средина за евалуирање на
нивното познавање на јазикот. Се поддржува развојот на секој ученик засебно, сосредочен на детската
љубопитност, вештини, интереси и искуства.
Во процесот на оценување наставникот треба особено да ги земе предвид силните страни на ученикот, односно
што тој знае, и неговите индивидуални потреби и интереси, па врз основа на тој збир информации да се опише
напредокот на ученикот. Клучно е секој напредок, макар и мал, да се награди соодветно бидејќи на учениците од
оваа возраст им е потребна повратна информација за постигнатиот успех, што може да биде усна пофалба или
позитивна реакција изразена преку насмевка од страна на наставникот, стикер во тетратка, и слично.
Особено внимание треба да се обрне на учениците со посебни образовни потреби, како и за талентираните
ученици, за кои наставникот треба да изработи ИОП (Индивидуален Образовен План) за секој ученик, земајќи ги
предвид неговите/нејзините способности.

You might also like