You are on page 1of 3

1

Упатство за пишување на семинарски работи

1. Структура на семинарската работа:

• Институција на која е изработена семинарската работа (Универзитет „Св. Кирил


и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт за биологија)
• Наслов на семинарската работа,
• Име и презиме на авторот,
• Месец и година на изработка,
• Содржина,
• Главен (основен) текст,
• Референци,
• Слики и легенди на слики,
• Табели и наслови на табели.

2. Технички упатства при подготовка на семинарската работа:

• Семинарската работа треба да се пишува во Microsoft Word и да се зачува како


doc или docx документ,
• Насловот на doc документот (напишан на латиница) треба да го содржи името и
презимето на авторот и интерна кратенка на насловот,
• Семинарската работа треба да се напише со единичен проред,
• Формат: А4, сите маргини 2,5 cm,
• Текстот на семинарската работа да се пишува со МК поддршка и да се користи
Times New Roman фонт.
• Големината на фонтот на основниот текст треба да изнесува 12.

3. Структура на главниот текст на семинарската работа

Основниот текст на семинарската работа може да биде организиран во основни


поглавја и повеќе потпоглавја. Поглавјата и потпоглавјата треба соодветно да се
нумерираат со арапски броеви и текстот да биде со задебелени букви (bold). Фонт (12).

Примери:
1. Метаболички инженеринг на флавоноиди
1.1 Гени вклучени во биосинтеза на флавоноиди
1.1.1 Трансформација на растенија со гени вклучени во биосинтеза на флавоноиди

Неопходно е во основниот текст да се повикува на референците, сликите и табелите.

4. Референци

Во основниот текст треба да бидат цитирани сите референци (наведени во поглавјето


референци) на оригиналниот јазик на кој се напишани. Референците можат да се
составен дел од речениците или да се стават во заграда. При цитирањето се наведува
презимето на авторот (без иницијали) и годината на објавување на трудот. Слично е
кога трудот има два автори, тогаш се пишуваат презимињата на двајцата автори и
годината на објава на трудот. Во случај на три или повеќе автори се пишува името на
првиот автор проследено со кратенката и сор. Кратенката и сор. значи и соработниците.
Наместо неа може да се користи: и др. (и други).
2

Примери:
Разлики во компатибилноста на симбионтите постојат и на ниво на пониски таксономски категории,
односно подвидови или сорти (Hall, 1978). Leake (1994) овој вид на микориза го означува како мико-
хетеротрофна асоцијација.

Колонизацијата на микоризните габи ја стимулира бактериската популација од Azotobacter во


ризосферата (Bagyaraj и Menge, 1978). Rose и Youngberg (1981) утврдиле зголемување на растителната
биомаса кај микоризните растенија.

Во периарбускуларната мембрана била утврдена зголемена активност на ензимот Н+-АТРаза, како и


зголемен број транспортери на фосфати (Paszkowski и сор., 2002). Според Lamhamedi и сор., (1994),
развитокот на базидиокарпите кај Laccaria bicolor е во корелација со интензитетот на фотосинтеза кај
ратението домаќин - Pinus strobus.

Во поглавјето референци треба да се наведат сите извори на информации (референци)


кои биле цитирани или користени низ целиот текст. Не треба да се ставаат референци
кои воопшто не се цитирани на било кое место од семинарската работа. Референците
треба да се прикажани по азбучен ред, на оригиналниот јазик на кој се напишани.

4.1 Како се цитира научен труд објавен во научно списание:

Презиме на авторот, Иницијал(и) на авторот. (година). Наслов на трудот. Списание,


том(број): почетна стр.-последна стр.

Примери:
Tusevski, O., Petreska Stanoeva, J., Stefova, M., Kungulovski, Dz., Atanasova Pancevska, N., Sekulovski, N.,
Panov, S., Gadzovska Simic, S. (2013). Hairy roots of Hypericum perforatum L.: a promising system for
xanthone production. Central European Journal of Biology, 8,(10): 1010-1022.

Тушевски, О., Трпевски, М., Лозановска, И., Талевска, А., Угуровска, Д., Гаџовска-Симиќ, С. (2010).
Антиоксидантна активност на фенолни соединенија во метанолни екстракти кај некои македонски
лековити растенија колектирани на планината Јабланица. Билтен на истражувачко друштво на
студентите биолози, 4: 103-11.

4.2 Како се цитира книга:

Презиме на авторот, Иницијал(и) на авторот (година). Наслов на книгата. Издавач,


место на издавање, страници.

Примери:
Gadzovska-Simic, S. (2010). Secondary metabolite production in cultures in vitro of Hypericum perforatum L.
Effects of different exogenous factors. Lambert Academic Publishing, Saarbrücken, 200 стр.

5. Слики и легенди на слики

Сликите не се внесуваат во основниот текст, туку во поглавјето за Слики и легенди на


слики. Во основниот текст треба да се внесат само ознаките за сликите (со арапски
броеви) според редоследот на нивно појувавање.

Примери:
На Сл. 4 се прикажани арбускуларните разгранувања опкружени со клеточната мембрана од
колонизирани клетки на корен кај пченка. Арбускуларната микориза се карактеризира со присуство на
интерцелуларни и интрацелуларни хифи и арбускули (Сл. 5).
3

Во поглавјето слики и легенди на слики треба да се постават соодветно обработените


слики според редоследот на појавување во основниот текст. Под секоја слика се
пишува легендата за сликата (Фонт 11, двострано порамнување). Сите кратенки на
сликата треба да бидат објаснети.

6. Табели и наслови на табели

Табелите не се внесуваат во основниот текст, туку во поглавјето табели и наслови на


табели. Во основниот текст се внесуваат само ознаките за табелите (со арапски броеви)
според редоследот на нивно појувавање.

Примери:
Ендомикоризата се дели во неколку подгрупи (Таб. 1). Во Таб. 2 се прикажани главните карактеристики
на различните категории на микориза.

Во поглавјето табели и наслови на табели треба да се постават соодветно обработените


табели според редоследот на појавување во основниот текст. Насловот на табелите
(Фонт 11, двострано порамнување) треба да е веднаш над табелата. Сите кратенки на
табелата треба да бидат објаснети.

You might also like