You are on page 1of 9

Морфолошки изразни средства

Изработиле:
Кристијан Антевски
Дамјан Јовчевски
IV 3
Што е морфологија?
 Како што веќе кажавме морфологијата се занимава со зборовите.
Морфолошкит дел од јазикот дава мали можности за стилистички промени
особено кај именските зборови. Па од тука ќе видиме како се користат
различни видови на зборови во литературата, но и во секојдневната пракса.
 Имаме повеќе форми кои се употребуваат:
1. Старата форма за множина, односно се користи наставката –и, наместо –ови.
(друми-друмови, двори-дворови).

2. Збирномножинската наставка –је е една од најупотребуваните морфолошки


изразни средства во современата литература. (горје, дворје, дрвје, лисје)

3.Еднинската форма на именката место множинската: (Македонецот ја брани


својата татковина. ; Од каде волку вишна годинава.)
4. Несоодветната употреба на членот често носи стилистичка нијанса. Ако се
употреби со личното име или со некое географско име, се добива нијанса на
чувствителност.
(Лилето, Вардарот, Надето)

5. Двојното определување, со показна заменка и со член, е забележливо стилско


изразно средство, обично во разговорен стил: Оној паметнион е Стефан. Ај
подај ми го она тенџерчено.

6.Степенувањето надвор од квалификативните придавки или прилози е ретко и


необично, па затоа е со стилска обоеност: подомаќин, најхит.
 7.Личните заменки и личните глаголски форми не мора секогаш да се однесуваат
на лицето што го означуваат, туку можат да имаат вторична употреба. На
пример, второто лице еднина може да се однесува на кое било лице, обоштено:
Ако сакаш денес да заштедиш нешто, треба да работиш и дење и ноќе.
Безличната форма(трето лице еднина) може да се однесува во некој контекст( на
пример во дијалогот) на првото или на третото лице: Слушаш ли што ти се
зборува?! (=Слушаш ли што ти зборувам/е?! Слушаш ли што ти
зборува/ат?!
 8.Македонскиот јазик е мошне богат со глаголски форми кои покрај основното
значење, имаат и други, вторични употреби и значења. Таа разновидност дава
широки можности за избор како на формите, со што се одбегнува едноличното,
монотоно повторување, така и за употребата на една иста форма со различни
значења. Врз пример на формите на сегашно време, и тоа само од несвршени
глаголи(плива, превртува) да ги илустрираме овие можности за синонимна
употреба на едно глаголско време.
 Покрај основното значење – да означува дејство што се совпаѓа, што е актуелно
во моментот на зборувањето( актуелно сегашно време), тоа може да има и ред
други значења во вторична употреба:
а)обоштена сегашност: Со години се реновира стариот мост на Вардар
б)севременост/надвременост: Петелот пее, а не кокошката. Водата врие на сто
степени.;
в)повторливост: Секое лето се среќаваме во Илинден.;
г)истовременост со други дејства: Сметав дека ме слушаш.;
д)минатост: Излегувам јас денеска од училиште, а пред врата ме чека целиот
клас.;
ѓ)идност: Од недела стапува летното сметање на времето.;
е)готовност: Рака ставам в оган дека е наклеветен.;
Формите на сегашното време од свршени глаголи, исто така, имаат повеќе вторични
модални значења( желба, заповед, молба..)
 9. Употребата на непреодните глаголи како преодни, да се дополнуваат со
директен предмет, се користи како изразно средство, особено во разговорниот
стил, а оттаму го преземаат и некои автори, пред се од југозападниот регион на
Македонија. Неколку примери за нетипична преодност на глаголите: Ја ближи
триесеттата.(место: Се ближи кон триесеттата.). Со толку вода ќе го изгниеш
цвеќето. Болеста го падна во депресија, Не го крцкај столот.
 10. Начинските форми на глаголот се поизразни од временските затоа што со нив
посебно доаѓа до израз ставот на говорителот кон дејството. Со голем број
значења посебно се изделуваат формите на заповедниот начин, кои можеме да ги
користиме дури за раскажување. Некоја заповед може да биде нијансирана, освен
со интонација, на повеќе начини. Спореди: дојди/да дојдеш/ има да
дојдеш/треба да дојдеш/ те молам, дојди/ ако можеш, дојди/ не дојди, па ке
видиш! и слично.
 11. Во одделни случаи како мошне изразно средство може да биде и употребата
на глаголските форми што служат за директно кажување( за засведочени,
веродостојни дејства), а да значат прекажување. Исто така, и формите за
прекажување( за незасведочени, неверодостојни дејства) во некој случај значат
засведоченост. Спореди: Колку години имаше Иван кога се пресели кај вас? =
Колку години имал Иван кога се преселил кај вас? Види, види колку бил
нервозен! = Види, види колку е нервозен. Им даде ли јадење на гостите?
– Како не ќе сум им дадел?! = Им дадов јадење на гостите.
1. Следниве непреодни глаголи употреби ги како преодни:
живее, заспие, легне, седне.
2. Кои зборови може да се членуваат со сите три членски наставки(-от, -ов, - он)?
автомобил, брат, град, збор, молив, Стојан.
3. На кои придавки може да се приклучат претставките при- и пре-:
итар, јужен, стар, леден, прост?
4. Следниве зборови можат да добијат поетска форма со наставката –је. Како би
гласеле тие форми?
сноп, клас, лист, даб, ливада, планина, трн.

You might also like