You are on page 1of 15

Шеф на држава

Поим
 Шеф на држава е индивидуален или колективен орган кој ја
претставува државата во земјата и во странство.

Според начинот на организација шефот на државата  може да биде


а) индивидуален орган (крал, цар, султан, претседател, итн) 
б) колективен орган (претседателство)

Начин на кој шефот на државата доаѓа на функција:


а) по наследен пат
б) по пат на избори
Овластувања на шеф на држава
Овластувања на внатрешен план Овластувања на надворешен план

Раководи со вооружените сили Ја претставува државата во


меѓународни односи
Доделува мандат за состав на влада Склучува меѓународни договори
Прогласува закони Именува амбасадори и други
претставници во странство
Именува или учествува во именување Прима акредитивни писма на
на високи државни функционери странските дипломати

Доделува  одликувања Учествува во создавањето и


спроведувањето на надворешната
политика
Дава помилување
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија,
претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република
Северна Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО
ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Се прогласува Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните
училишта, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана
на 30 јули 2019 година.

Бр. 08-4390/1 Претседател на Република Северна Македонија


Стево Пендаровски, с.р.

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија,


м-р Talat Xhaferi, с.р.

ЗАКОН ЗА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА


Закон за одликувања и признанија

 Ордени на Република Северна Македонија


– Орден на Република Северна Македонија
– Орден “8 Септември”
– Орден “Илинден – 1903 година”
– Орден за заслуги за Република Северна Македонија, и
– Орден за воени заслуги
 Медали на Република Северна Македонија
– Медал за заслуги за Република Северна Македонија, и
– Медал за храброст
 https://www.youtube.com/watch?v=h_iIOSiJKPc Претседателот
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната
амбасадорка на Куба
 https://www.youtube.com/watch?v=t5Te-Pj7et4 Предавање акредитиви
на новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер.
 https://www.youtube.com/watch?v=MVwKUfgYZGc Претседателот ги прими
акредитивните писма на финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта
 https://www.youtube.com/watch?v=7QKDneYyyVY Претседателот
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот
амбасадор на Р. Турција
Облик на владеење-поим
 Обликот на владеење се определува според начинот на кој
шефот на државата доаѓа на оваа функција и според  неговиот
правно-политички статус.

Според  обликот на владеење државите се делат на 


а) монархија
б) република 
Монархија

Карактеристики:

 Едно лице ја врши функцијата шеф на држава (монос-власт на


еден).
 На функцијата шеф на држава доаѓа по наследен пат
 Останува на  функцијата шеф на држава до крајот на својот живот
Монархија
 Во минатото монархиите биле апсолутистички. Целата власт била
во рацете на монархот и не постоел правен акт со кој таа би се
ограничила.
 Денешните современи монархии се ограничени, односно уставни и
парламентарни. Во  повеќето од нив монархот има симболична
(церемонијална) улога. Тој владее, но не управува. Исклучок се
монархиите каде монархот има голема моќ како на пример
Брунеи, Саудиска Арабија и др.
Република

Карактеристики:

 Функцијата шеф на држава може да ја врши едно лице или повеќе


лица
 На функцијата шефот на државата доаѓа по пат на избори
 На функцијата шеф на држава останува определен мандат (може
да биде сменет и пред истекот на мандатот)
Видови републики
 Претседателска (президентска) – Претседателот на државата има
засилена извршна функција. Тој е шеф на држава и претседател
на влада односно тој ги назначува министрите. Претседателот се
избира од страна на народот или народот избира тело (електори)
што го избира претседателот.

 Парламентарна - Претседателот има намалена извршна функција.


Тој е избран од страна на Парламентот. Претседателот го
доделува мандатот за состав на владата на претставникот на онаа
партија или партии кои имаат мнозинство во законодавниот орган.
Владата ја избира Собранието.
Прашања???
 1. Што се подразбира под  поимот шеф на држава?
 2. Наведи овластувања на шеф на држава на внатрешен и на надворешен план.
 3.Каков може да биде шефот на државата според начинот на организација?
 4. Од што зависи обликот на владеење?
 5. Како се делат државите според обликот на владеење?
 6. Наведи ги карактеристиките на монархија.
 7. Како се нарекува шефот на државата во монархија?
 8. Какви се денешните современите монархии односно каква е улогата на
монархот во нив?
 9. Наведи ги карактеристиките на република.
 10. Направи споредба на претседателска и парламентарна република.
 11. Во која република улогата на претседателот на државата е поголема? Објасни
 12. Направи споредба на монархија и република.
Домашна задача
Определи твојата држава дали ќе биде монархија или република
 Ако се определиш за монархија наведи го и видот на монархијата и редот
на наследување.
 Ако се определиш за република наведи го и видот на република и колкав
мандат ќе има шефот на државата.
Корисни линкови
 https://www.youtube.com/watch?v=4mDCYWET_X0 Which countries still
have monarchies? | Did You Know?
 https://www.youtube.com/watch?v=Oi2A31vJW1E Countries That Are Still
Monarchies in 2020
 https://www.youtube.com/watch?v=3GGUvJtIZAc What is an Absolute
Monarchy?
 https://www.youtube.com/watch?v=YYPAFqQgbqE Absolute Monarchy: Crash
Course European History #13
 https://www.youtube.com/watch?v=SEjiw6ipwnU Louis XIV, an Absolute
Monarch
 https://www.youtube.com/watch?v=Ds7mNl7spWM Types of Monarc
 https://www.youtube.com/watch?v=2NWxQ3Zi8aE Monarchy Vs Republic
 https://www.youtube.com/watch?v=YGfTjwfuJoI The Inside Life of Bahrain
Royal family 2022
 https://www.youtube.com/watch?v=9j_Jkfyd33Q The Richest Royal Families
in The World

You might also like