You are on page 1of 7

НОТАРИЈАТ

 Нотарот работите од својот делокруг ги врши независно, самостојно,


непристрасно и стручно, врз основа на закон, други прописи и општи акти
засновани на закон.
 Нотарите се непристрасни повереници на странките. Тие својата дејност
ја вршат на нивно барање, преземаат службени дејствија, независно од
нивната волја, односно дејствуваат по службена должност. Дејноста на
нотарот е основно занимање за времето додека истата ја извршува.
 Нивната стручност, како и законска обврска да им укажуваат на странките
за правните последици за правните работи што сакаат да ги преземат и
грижата за тоа да се утврди нивната вистинска волја, придонесуваат
квалитетот на актот што го составува нотарот да биде доведен до
перфекција, со што се намалува бројот на можните спорови при
толкувањето на тој акт во поглед на правата и обврските на учесниците во
правниот однос што се уредува со него.
 Првите нотари во Република Македонија започнаа со работа во месец јуни
1998 година, а набргу потоа истата година беше основана и Нотарската
Комора на Република Македонија и нејзините органи и тела.
 Највисоките органи на Нотарската Комора на Република Македонија се
Собранието на Комората , Управен одбор и Претседателот на Комората .
Нотарската Комора на РМ има својство на правно лице.
 Основна задача на Комората е да ја штити самостојноста и независноста
на нотарите како јавни службеници, во вршењето на јавните овластувања,
да ја брани и одбранува честа и угледот на нотарот и нотарската
професија воопшто.
 Своите основни задачи Комората ги уредува и извршува во согласност со
Уставот, Законот за нотаријатот , Статутот и другите акти на Комората.
 Денес нотаријатот во Република Македонија брои 217 нотари.
(29.12.2021г.)
ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТ

 I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
 Предмет на законот
  
 Член 1
 Со овој закон се уредуваат организацијата на нотаријатот како јавна служба и неговите органи,
постапката за именување и разрешување на нотарите, делокругот на работа и службените
дејствија на нотарите, овластувањата на нотарите, составувањето на нотарски исправи,
надзорот и дисциплинската одговорност на нотарите, како и други прашања кои се однесуваат
на нотаријатот.
  Член 2
 Нотаријат како јавна служба

 (1) Нотарска служба е јавна служба што ја вршат нотари, кои се самостојни и
независни носители на таа служба.
 (2) Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни
овластувања, врз основа на закон.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

 Изработил:
 Иван Јосифовски IV-9

You might also like