You are on page 1of 9

Универзитет “Гоце Делчев“ - Штип

Земјоделски факултет

Семинарска работа по предметот


Микробиологија

Тема: Бактерии

Ментор:
Prof. Sne`ana Stavreva - Veselinovska

Штип, 2008
1. Вовед

Во биологијата, поимот микроорганизам (од грчки mikron, мало) се однесува


на секој жив организам кој не е видлив со човечкото око. Микроорганизмите можат
да бидат припадници на речиси сите царства на живи организми. Обично кога се
зборува за микроорганизми се мисли на бактериите (и вирусите, кои сепак не се живи
организми, туку се на границата помеѓу живо и неживо). Но, живиот свет на
планетата Земја изобилува и со растенија, животни, габи и протисти кои се
микроорганизми.
Од аспект на растителното и животинското царство, во екологијата постојат
посебни поделби на микроорганизмите. Микроскопските растенија се опфатени со
поимот микрофлора (или микрофити), додека микроскопските животни се опфатени
со терминот микрофауна. Овие поделби, сепак, не се толку строги и не се однесуваат
само за припадници на растителното, односно животинското царство (како што
укажуваат самите термини). На пример, во микрофити се вклучени бактериите, алгите
и некои габи, додека во микрофауна се вклучени и праживотните.
Како позначајни претставници на микрофити се јавуваат цијанобактериите и
зелените алги, додека микроскопски животни се многу без‘рбeтници, на пример,
дерматофагоидите, одредени групи на ракови (како водната болва Daphnia magna),
човечката болва Pulex irritans или, пак, многу слободноживеачки видови на цевчести
црви.
Најзначајни микроскопски габи се Saccharomyces cerevisiae,
Schizosaccharomyces pombe и Candida albicans.

2
2. Бактерија

Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се


микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар.
Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е
поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие
живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот.
Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат
болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето
од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито
дејство предизвикува распаѓање (гниење).

Сл. 1 - Клетки на Escherichia coli, зголемени за 25,000 пати

Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен


дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со
клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид
на другите растенија. Тој се состои од амино киселини, липиди, протеини и
трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за
разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на
бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен
состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана.
Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна
улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за
движење.
Според формата на клетката, бактериите се делат на:
• Топчести (коки)
• Стапчести (бацили)
• Спирални (спирили и спирохети).

3
Спирохетите (Spirochaetes) се филогенетски одделна група на бактерии кои
имаат единствена клеточна морфологија и начин на движење. Спирохетите се многу
тенки, флексибилни, спирално-обликувани прокариоти кои се движат со помош на
структури наречени аксијални филаменти или ендофлагелуми (внатрешни
камшичиња). Флагеларните филаменти се содржат во еден слој кој се наоѓа помеѓу
пептидогликанскиот дел на клеточниот ѕид и надворешната мембрана. Филаментите
се истегнуваат или ротираат во нивните слоеви, што предизвикува клетката да се
совива, истегнува или ротира за време на движењето. Повеќето спирохети се
слободноживеачки (во кал и седименти), или живеат во групации со животни (на
пример, во усната празнина на дигестивниот тракт). Неколку се патогени на
животните (на пример, предизвикуваат лептоспироза кај кучињата, сифилис кај
луѓето и борелиоза кај луѓето и кучињата).
Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:
• Кокобацили
• Вибриони
• Стрептококи
• Стафилококи итн.

Вибрион
Бактериите од родот Vibrio припаѓаат на фамилијата Vibrionaceae. Тоа се мали
бацили, најчесто со „форма на запирка“ и се екстремно подвижни. Најпознатиот вид
од овој род е Vibrio cholerae – организмот виновен за колерата. Постојат дваесетина
видови од родот Vibrio.

Сл. 2 - Вибрион

Живеалиште
Вибрионите се бактерии кои живеат во вода. Многу од нив се сапрофити кои
живеат во слатка вода, но има и такви кои живеат во солена (мориња, делти на реки,

4
дигестивниот систем на морски животни). Овие бактерии се халофили со што се
објаснува нивната отпорност кон високи концентрации на морска сол (NaCl).

Патогени својства

Некои видови се патогени за човекот, додека некои за морските животни


(рибите). Видот Vibrio cholerae е одговорен за колерата, која е тешко заболување кај
човекот, познато во историјата по големите светски епидемии. Оваа болест и денес
претставува проблем во некои области, посебно во Африка и Индискиот Полуостров.
Vibrio cholerae најчесто се пренесува преку заразена вода.
Vibrio parahaemolyticus предизвикува дегестивни инфекции и се внесува во
организмот преку конзумирање на школки (остриги), ракови и свежа или недоволно
обработена морска риба. Оваа бактерија е одговорна за бројни инфекции во Јапонија
каде има голема консумација на свежа риба. Вибрионите имаат и токсични својства –
лачат отров кој го пореметува функционирањето на организмот во кој се наоѓаат.

Видови кои спаѓаат во родот Vibrio

Vibrio alginolyticus Vibrio anguillarum


Vibrio carchariae Vibrio cholerae
Vibrio costicolus Vibrio damsela
Vibrio fisheri Vibrio fluvialis
Vibrio furnisii Vibrio marinus
Vibrio metschnikovii Vibrio natriegens
Vibrio ordalli Vibrio parahaemolyticus
Vibrio salmonicida Vibrio vulnificus –
septicémies

Карактеристики - микроскопски аспект

Вибрионите се грам негативни бацили, најчесто со специфична форма. Тие се


долги 2 до 3 микрометри. Овие бактерии се многу подвижни, карактеристика која се
должи на флагелумот. Нивните движења се брзи и со праволиниска траекторија.
- макроскопски аспект
Вибрионите формираат колонии со кружен облик и дијаметар од 2-3
милиметри. Овие колонии се транспарентни во првите 24 часа.

5
- Култивирање
Вибрионите се аеробни бактерии што значи дека малку или воопшто не се
развиваат во анаеробни услови. Тие се култивираат на обични хранливи подлоги, на
температура помеѓу 10°C и 40°C, со оптимална pH малку над 7. Нивното
размножување е доста брзо, спаѓаат во групата на бактерии кои немаат посебни
метаболитички потреби. Вибрионите се култивираат во присуство на висока
концентрација на NaCl поради нивната карактеристика на халофили. Постојат некои
видови на вибрион кои не се способни да растат во услови каде нема NaCl. Овие
бактерии се нарекуваат апсолутни халофили.
Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од
автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза
(фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат
хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза
(хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски
или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми,
при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза
кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните
алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии
паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа
најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример
хеликобактер).

Хеликобактер

Хеликобактер (латински: Helicobacter) се спирални бактерии (спирохети), кои


се наоѓаат во гастричниот мукус кој ја обложува гастричната мукоза (слузница), а мал
број од нив адхерираат и за самата гастрична мукоза. Способни се да го лачат ензимот
уреаза, кој ја катализира реакцијата на хидролиза на уреата во амонијак, на што се
должи и нивната резистенција кон влијанието на гастричната HCl (хлороводородна
киселина). Овие спирохети имаат специфични метаболитички потреби, кои во целост
не се детектирани, што и го отежнува (за Helicobacter pylori), т.е. го оневозможува
нивното култивирање in vitro (за Helicobacter heilmannii). Инаку,Helicobakter pylori во
експериментални услови (Петриева чаша со посебни хранливи подлоги - медиуми)
расте како кокоидна формација, што може, но и не мора да биде важно за

6
патогенезата на болестите кои се резултат на инфекцијата. Постојат извесни
нејаснотии и за епидемиолошките аспекти на инфекцијата. Така, околу 65% од
болните се на возраст од околу 60 години, додека околу 25% се на возраст од околу 30
години. Исто така, невообичаено за оваа инфекција е и нејзиното спонтано
адаптирање и ерадицирање, што би значело дека инфективниот агенс го инвадира
хуманиот организам во детството, што ги имплицира децата како еден од важните
резервоари за бактеријата. Исто така, бактериската ДНК е докажана и во изворите за
вода за пиење, а бактериите се докажани и во дигестивниот тракт на домашните
мачки. Сепак, останува нејасно кој од овие фактори има предоминантна улога како
резервоар за инфекцијата. Бактеријата може да се изолира и култивира од фецес, што
го овозможува оро-фекалното, како и оро-оралното ширење на инфекцијата. Во
поглед на патогенезата, познато е дека инфекцијата со Helicobacter може да
предизвика акутен инфективен гастритис, кој може спонтано да се залечи. Покрај
оваа форма, во текот на следните недели и месеци после инфекцијата, може да се
развие хроничен суперфициелен гастритис. Ваквата форма, ако остане недетектирана
и/или нетретирана, станува поупорна и локализирана. Ваквата локализација на
инфекцијата и консеквенците од неа имплицира појава на ulcus ventriculi, додека
промените во смисла на ulcus duodeni најверојатно се предизвикани од промените во
ацидитетот на желудочниот сок, кои пак се резултат на промените кои Helicobacter ги
предизвикува во жлездените структури на желудочниот ѕид.
Нетретираната инфекција понатаму имплицира развој на хроничен атрофичен
гастритис, со понатамошни ефекти врз хематопоетскиот систем (пернициозна
анемија) и невролошки секвели. Исто така, покажана е сигнификантна корелација
помеѓу хроничниот атрофичен гастритис и гастричниот малигнитет, и тоа по типот
гастричен нон-кардиа аденокарцином. Методите за идентификација на инфекцијата се
инвазивни и неинвазивни. Инвазивните базираат на ендоскопскиот метод на
гастроскопија, со кој можат да се визуелизираат промените карактеристични за
гастритис (иако со терминот гастритис во строгата смисла на зборот можат и треба да
се означат исклучиво хистолошки верифицираните промени, кои се карактеризираат
со присуство на имунокомпетентни клетки во гастричен компартмент, без обзир што
терминот до толку е одомаќинет во клиничката пракса што со него често се
означуваат и само диспептичните декларации на пациентот), како и да се земе
материјал за биопсија, во кој понатаму или микроскопски (после боење со
алтернативен метод по Giemsa) се докажуваат бактериите, или, пак, се прави

7
микробиолошка култура. Неинвазивните методи се или серолошки, со кои се
докажува соодветен титар на противтела во крвта, односно деклинацијата на овој
титар после антибиотска терапија, или пак метод со обележана уреа.
Имено, уреата се обележува со 13oC или 14oC изотоп на јаглеродот и се дава
per os на пациентот. Се мери количината на обележан CO2 (јаглерод диоксид) во
експирираниот воздух, кој е во корелација со присуството на уреаза од Helicobacter,
која ја хидролизира уреата до CO2. Неинвазивните методи се погодни и за евалуација
на ефектот од третманот на инфекцијата, но за период не пократок од еден месец меѓу
две контроли. Третманот на инфекцијата е антибиотски, и тоа со најмалку два
антибиотика, со или без комбинација со инхибитор на гастричната секреција.
Најчесто употребуваните режими се: бизмут субсалицилат + амоксицилин +
метронидазол; омепразол + амоксицилин + метронидазол; омепразол + тетрациклин +
метронидазол.
Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на
човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.
Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и
полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а
при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20
минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636
милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други
фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната
бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни
услови, по пат на конјугација.
Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број
нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во
воздух, како и на сите предмети.

8
Литература

 www.mk.wikipedia.org/wiki/Бактерии

You might also like