МЕТАЛОГРАФИЈА

You might also like

You are on page 1of 21

МЕТАЛОГРАФИЈА

СЕМИНАРСКА ЗАДАЧА

ПРЕДМЕТ
МАШИНСКИ МАТЕРИЈАЛИ

Група: 1ва; предметен наставник:


Име и презиме: Марко Богатинов; вон.проф.д-р Јован Гочев
Бр. на индекс: 16 асс. Елисавета Дончева
Содржина:

ВОВЕД ___________________________________3
___

Микроструктура _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
3
Макроскопски испитувања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
4
Микроскопски испитувања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
4
Оптички микроскоп _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
5
Електронски микроскоп _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
6
Металографија _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
7
Металографска анализа _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
9
Монтажа _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
10
Брусење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
11
Полирање _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
12
Хемиско нагризување _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
14
Одредување на големината на зрното _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
15
Методи на броење на зрната кои што ја опфаќаат површината _ _ _ _ _ _ _ _ _
16
Метод на броење на зрната по линија _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _17
____

Заклучок _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
19
Користена литература _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 20

2
ВОВЕД

Микроструктура

Микроструктурата на материјалот (независно дали станува збор за полимер,


метал, керамика или композит) може силно да влијае на физичките својства, како
што се силата, еластичноста, пластичноста, грубоста, отпорноста на корозија,
ниска/висока температура и други, кои играат значајна улога кога материјалот се
употребува во некоја индустриска област, за одредена индустриска цел.
Концептот на микроструктурата може да биде достапен преку случајно
набљудувачи со микроструктурни функции сведени на банален објект. На пример,
ако земеме парче од поцинкуван челик (даден на сликата) и го набљудуваме ќе
забележиме дека површината не е подеднакво обоена, односно се разликуваат разни
објекти на полигони кои што се обоени со нијанси на сива или сребро боја. Секој
полигон иако се разликува меѓусебно сепак во основата е цинкот. Цинкот и оловото
се двата метала кои формираат големи кристали кои се видливи под голо око.
Материјалите при кристализацијата добро се организирани во таканаречени
кристални системи. Такви се вкупно 7: кубна, тетрагонална, орторомбична,
ромбоедарска, хексагонална, моноклинична и триклинична, каде што сите атоми се
наредени во тошки како во 3-D матрица. Тука соседните кристали меѓусебно се
разликуваат, при што треба да се има во предвид дека обликот на кристалите или е
издолжен или пак се округли. Несиметричните кристали се најчесто ненагласените,
растат во сите правци подеднакво. За големите кристали учеството на рефус
кристали на границата меѓу кристали е висока. Ова укажува на висока еластичност,
односно пониска моќ.

Сл.1 Делови со нијанси на сива или сребро боја 3


Макроскопски испитувања

Макроскопските испитувања претходат на микроскопските


испитувања и во низа случаеви се користат со цел да се открие составот на
материјалот, односно градбата, присурните грешки и сл. Најчесто се користи лупа
со зголемување до 20 пати, но овие испитувања се состојат и од визуелен преглед на
металот или легурата. Макроструктурата може да биде испитувана непосредно по
извршувањето на низа постапки врз материјалот или пак после брусењето,
полирањето, нагризувањето и сл. Примероци за овие испитувања се даденио на
сликите.

Сл.2Примероци за макроскопски испитувања


Микроскопски испитувања

Овие испитувања овозможуваат да се одреди микроструктурата на одреден


метал, големината на зрната, нивната ориентација, распоредот и сл. Сe
применуваат како и кај еднофазни така и кај повеќефазни метали и легури. Овие
испитувања може и да ги откријат грешките кои настанале при одреден процес
(леење, термичка обработка, режење, валање и сл) .

Сл3. Принцип на работа на микроскоп при микроскопски испитувања


4
Оптички микроскоп

Со оптичкиот микроскоп се изучува микроструктурата на металите.


Основни елементи на овој микроскоп се оптичките системи за осветлување, при
што треба да се користат во режим на размислување. Испитните парчиња што се
испитуваат со помош на овој микроскоп треба да бидат добро полирани, чисти,
мазни, при што сето тоа се постигнува со користење на сукцесивно пофини
абразивни материјали и прав. Микроструктурата се открива со помош на
површинската обработка која е изложена на одреден хемиски реагенс кој
предизвикува нагризување на парчето, при што после тоа мора да се измие со етер
и алкохол за да се убаво очисти. При хемискиот процес активни се оние атоми кои
се наоѓаат на границите на зрната.
Оптичкиот микроскоп е едноставен кој користи само еден објектив со зум и
тој е оргинален светлосен микроскоп. Го зголемува примерокот до 1500 пати.
Деловите од кои што е составен овој микроскоп може да се видат на сликата.

Сл.4 Оптички микроскоп 5


Електронски микроскоп

Електронски микроскоп е тип на микроскоп што користи електрони за


осветлување и создавање на слика од некој примерок. Има многу поголемо
зголемување и моќ од светлосен микроскоп - до два милиони пати зголемување, за
разлика од светлосниот со две илјади.Кај електронскиот микроскоп, сноп од
електрони насочени со магнети предизвикуваат зголемување на сликата на објектот.
Но електронскиот микроскоп не може да се користи за набљудување на живи
организми, затоа што тие не можат да ја преживеат потребната техника на
подготовка. Електронскиот микроскоп може да се најде во две основни форми:
трансмисиски (пренос) електронски микроскоп (ТЕМ) и скенирачки електронски
микроскоп (СЕМ). И ТЕМ и СЕМ се слични меѓу себе, затоа што ги користат
електронските знаци, но за создавање на слика користат сосема различни
механизми. Поради ниската енергетска моќ на електроните примероците што се
подготвуваа т за електронска микроскопија мора да бидат крајно тенки.
Електронскиот трансмисионен микроскоп (ТЕМ) врши пренесување на сноп на
електрони низ многу тенок исечок од примерокот. Магнетните леќи ја зголемуваат
сликата и ја насочуваат кон флуросцентен екран или фотографска плоча, со што се
произведува видлива слика. Овие микроскопи можат да ги зголемуваат објектите до
2 милиони пати.

Сл.5 електронски микроскоп


6
Металографија
Металографијата е наука која што се занимава со проучување на
микроструктурата на металите, притоа користејќи разни техники. Токму за цел има
да ги отрие најважните микроструктурни особини кои што ги поседуваат металите.
Постојат три основни процедурина испитување, без кои денешната
металографија не би била така ефективна, а тоа се:
1. Микроскопија на метали
2. Термичка анализа
3. Целокупна анализа на Х-зраците.
Имиња кои се тесно поврзани и кои имаат најголема улога во истражувањето
на металографијата од минатот се: Martens, Tamann, Guertler, MAURER,Goerens,
Oberhoffer и Heyn (Германија), Anossow, Tschernow и Kurnakov (Русија),Osmond,
Chevenard и Ле Шателие (Франција), Sorby, Tead и Roberts-Остин (Англија).
Нивните истражувања се базирале врз основа на тестирањето на челикот, при што
и одредени железни легури ги добиле и нивните имиња, како на пример аустенитот,
сорбитот, мартензитот и сл.
Задачата на металографијата е да при одреден хемиски состав за одреден
елемент во зависност од макро и мкро сликите да ги одреди својствата и
однесувањата на легурите при некопе оптоварување или пак при некои промени кои
што настануваат. Односно од посебен интерес се:
1) големината на зрната;
2) фазите во даден момент;
3) хемиската хомогеност;
4) дистрибуцијата на фазите;
5) издолжените структури како резултат на пластична деформација
6) одредување на пукнатини и видови лом кои што настануваат
7) дебелината и структурата на површинските облоги.
Внатрешната хемиска градба на металите не може да се забележи со голо
око, па токму поради тоа металографските истражувања се прават со помош на
оптички и електронски микроскоп, кои ни овозможуваат зголемување до неколку
илјади пати повеќе споредено со нашето око.

7
ПРИПРЕМА НА ПРИМЕРОЦИТЕ ЗА МЕТАЛОГРАФСКА АНАЛИЗА

ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ, НИВНИТЕ


КОНСТРУКТИВНИ ДЕЛОВИ И ЗЕМАЊЕ НА СВЕ МОЖНИ ДОСТАПНИ
ПОДАТОЦИ КОИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ

ЗЕМАЊЕ НА
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ПРИПРЕМАЊЕ НА ПОЧЕТНАТА
ПРИМЕРОЦИ ОД МЕТАЛОТ ПОВРШИНА - БРУСЕЊЕ

ВНЕСУВАЊЕ НА ПРИМЕРОКОТ ВО ПОЛИМЕРНА СМОЛА

ПОЛИРАЊЕ НА ПОВРШИНАТА

МИЕЊЕ И СУШЕЊЕ НА ПОВРШИНАТА

ХЕМИСКО НАГРИЗУВАЊЕ

МИЕЊЕ И СУШЕЊЕ НА ПОВРШИНАТА

8
Металографска анализа

Кога е потребно да се дојде до основната причина за разорување на


материјалот , односно да се утврди оновниот виновник за ломот кој настанува или
пак други неочекувани оштетувања, се фотографира моемнталната состојба на
материјалот. Притоа се евидентираат сите информации кои притоа се забележуваат
за материјалот т.е функциите, работата, како настанале оштетувањата и сл. Откако
ќе се одреди оваа прва фаза, веднаш потоа се избира најсоодветен примерок од
материјалот кои при хемиска и металографска анализа би дал најголем број на
информации, односно ќе даде најголем број на одговори занастанувањето на
разорувањето на материјалот. Меѓутоа е битно да се земат материјали за споредба
кои не се притоа оштетени. Освен тоа, треба да се утврди и карактерот на
примероците во зависност дали би ја промениле структурата при сечење или
загревање
На металографската анализа на примероците од цевките се врши споредба,
хемиска анализа со други примероци, механички тестирања и реконструкција на
настаните на местата каде што е направена цевката. За овој пример причината за
настанувањето е токму пукнатата цевка.

Сл.6
Пример за металографска анализа на оштетени цевки: а) скица на позицијата,
земање примерок; б) фотографии на оштетените цевки; с) микроструктура на
примероците на места А, В и С; д) означување на местото на примерокот каде
што е напраевна микроструктурна анализа

9
Металографијата е уметност на подготовка на метални примероци кои што
можат да се прегледуваат со помош на оптички микроскоп. Без претходна
подготовка на испитните метални примероци кои што се набљудуваат на оптичкиот
микроскоп нема да може да се открие информативната слика за микроструктурата,
бидејќи од грубостите, нечистотиите, пукнатините на површината светлината се
рефлектира.
Подготовката започнува со сечење на мало парче од материјалот што треба
да се испитува. Процесот на подготовка е шематски прикажан на слика 7.

Сл.7 Процес на подготовка


Монтажа
Малите примероци тешко се одржуваат за време на подготовката во фазите
брусење и полирање, а и нивната форма не може да биде погодна за набљудување
на рамна површина. Токму поради тоа тие се прицврстуваат во внатрешноста на
калап со полимер. Има два вида на монтажа: ладна и топла.
Студената монтажа може да се направи со две компоненти на смоли кои во
почетокот се течности, а потоа по мешањето се зацврстуваат. Студената монтажа
бара многу едноставна опрема која што се состои од цилиндричен прстен кој служи
како калап и рамна фигура, која служи како основа на калапот. Примерокот е ставен
на рамниот дел во внатрешноста на калапот. Прицврстувањето трае неколку часа.
Во топлата монтажа примерокот е опкружен со органски полимер кој се
топи во прав под дејство на топлина на температура околу 200 С. Врз клипот под
кој се наоѓа примерокот дејствува одреден притисок, притоа обезбедувајќи висок
квалитет, не дозволувајќи директен контакт на полимерот и примерокот во
внатрешноста. Ова не е случај и во ладната монтажа, каде што поради контактот
може да дојде до одредне проблеми во псоледните фази на подготовка. Поради тоа

10
во топлата монтажа треба да секористи методот encapsulating на примероците под
услов да времето и ресурсите ни дозволуваат, а и под претпоставка дека топлината
вклучена во процесот не влијае на испитуваното парче.

Сл.8 Подготовка на примероци за металографска анализа: а) сместување


на примерокот во калап со полимер; б) примерокот со цврстената полимерна маса
е подготвен за брусење; в) видови примероци кои се подготвени за понатамошна
анализа

Брусење

Брусењето претставува широка операција на припрема на површината на


материјалот. За брусењето се користат ротирачки дискови кои што се опфатени со
хартија на силициум карбид и вода. Постојат различни класи на хартија и тоа со
180, 240, 400, 1200 зрна на силициум карбид по квадратен инч. Откако ќе се избере
соодветната класа може да се започне со брусењето. Имено, светлината и
притисокот секогаш се применуваат врз центарот на примерокот.
Процесот на брусење се применува се додека не се отстранат нечистотиите
од површината, односно се додека површината не стане рамна, чиста, пришто
гребнатинките се на една одделнаориентација. Примерокот потоа се мие со вода, за
да се продолжи со следната класа, каде што гребнматините од претходната класа се

11
ориентираат нормално кон правецот на ротацијата. Овој процес се врши се додека
не се види дека и последните гребнатинки се отстранети. По завршната фаза на
брусењето во операцијата на хартија од 1200, примерокот се мие со вода или
алкохол, па потоа се суши за да може да преиде на следната металографска фаза
полирање.

Полирање

Полрањето има за цел да ги отстрани трагите кои што останале пи


брусењето. Се врши на два начина и тоа по пат на механички и по пат на
електролитски процес.
Механичкиот процес се одвива со помош на ротирачки диск кој што е
опфатен со мека крпа импрегнирана со однапред подготвена емулзија, односно
цемент од тврди честички прав на Al 2 O3 со големина од 0,5  00,3m .Ова
сретство се подготвува на тој начин што тврдите честички се мелат и се од нив се
прави форма на топченциња. После тоа преку најфино сито се отстрануваат сите
несовршености. Дел од честичките се потопуваат во дестилирана вода, на пример
50-150гр честички на еден литар вода, добро се промешува и се остава да се таложи
од 2 до 24 часа.
Полирањето започнува со груб редок цемент и полирањето се одвива се
додека не се отстранат останатите гребнатинки од претходната металографска фаза
– брусење. Тоа е од витално значење. Примерокот во оваа фаза се мие со Сапунска
вода, потоа со алкохол, и на крај се суши за да може да преиде на следната фаза –
нагризување. Полирањето при овој процес трае од 5 до 10 мин.
Ако се набљудува под микроскоп овој примерок, ќе треба да даде резултати
на рамна површина, односно како површина на огледало. Како спесцијален случај
се издвојуваат ситнозрнестите тврди метали, на кои што им е оитребно да се
изврши полирање. Во оовј случај се користи дијамантски прав во облик на паста.

12
Сл.9 Полирање на примерокот на брусна хартија. Брусната хартија се поставува
во смерот на движењето.

Сл.10 Уред за завшно фино пилирање на повеќе примероци истовременео

Сл.11Магнетен диск

Хемиско нагризување

13
Хемискот нагризување се применува се со цел да се добие сјајна и рамна
површина на примерокот која би била подготвена да се набљудува под микроскоп.
Обично се нагризуваат граничните кристални зрна (металите и легурите се
поликристални).
Целта на хемиското нагризување е двојна. Првата цел со која што се
применува нагризувањето е како резултат на тоа што брусењето и полирањето,
како операции, предизвикуваат деформационен тенок слој на површината. Втората
цел е тоа што ако се набљудува микроструктурата на примерокот ќе се забележи
дека одредени делови имаат повисока енергија и како резултат на тоа ќе се јави
различна ориентација на границите на зрната, пришто фазите и недостатоците ќе
предизивикаат рефлектирање на светлината.
Хемиското нагризување секогаш треба да се прави во фази. Се започнува со
набљудување на светлосниот микроскоп и откакао ќе се види состојбата на
примерокот ако е неопходно повторно се врши хемиско нагризување. Со
нагризувањето на површината светлината различно се рефлектира и на окуларот од
микроскопт се дава слика за зрната, фазите и сл.

Сл.12 Хемиско нагризување


Одредување на големината на зрното

14
Кога се набљудува целосно подготвен примерок под микроскоп ќе се
забележи дека варираат разни големини на граничните зрна. Постојат повеќе
начини за одредување на големината на зрното:
а) Метод на споредба на големината на зрното според определени стандарди
б) Метод на броење на зрна :
- по опфатената површина
- по линија
Метод на споредба на големината на зрното според определени стандарди
Се црта произволна права линија низ микрограф. Тука се сметаат границите
на зрната што се сечат со секоја линија. Просечната големина на зрното се добива
со делење на вкупната должина на линиите со бројот на крстосници земајќи ги во
предвид што се користат за зголемување на производството на микрограф.
Шематски приказ на зголемена слика на примерокот со помош на
металографски микроскоп е даден на сликата.

Сл.13 Шематски приказ на зголемена слика на примерок

Дефинирањето за величината, односно големината на кристалните зрна се


сведува врз основа на ASTM методот – American Society for Testing and Materials :
N  2 n 1

15
Овде N e број на кристални зрна на површина од еден инч, при зголемување
од 100 пати, а n број на големина на кристалните зрна по ASTM методот.
Приложената слика е за одредувањето на големината на кристалните зрна
според ASTM методот.

Сл.14 одредувањето на големината на кристалните зрна според ASTM


методот.
Меѓутоа праксата покажала дека градацијата од 1 до 8 е недоволна , па
поради тоа по граничната површина 8 има ситни зрна, а по 1 се крупните.
Подетално тоа е претставено на ASTM табелата.

Методи на броење на зрната кои што ја опфаќаат површината

Се прави фотоснимка на структурата на материјалот на оној дел каде што е


потребно да се изврши овој метод. На таа фотоснимка се црта круг со позиитвно
избран дијаметар, потоа се бројат зрната кои што ја сечат кружницата и зрната кои
што се вклучени во кругот.

16
Сл.15 Броење на зрната кои што ја опфаќаат површината

A  10 6
Средната површина на зрното се одредува од изразот Az  2
, m 2
(n z  0.5n k )  U m

Az  средна површина на зрното;


Ak  површина на кругот во mm2;
nz  број на зрната што ја сечат кружницата;
каде што:
nk 
број на зрна кои се вклучени во кругот;
Um  микроскопско зголемување;
0.5 
коефицент по JUS C.A4.
Врз пресметаната вредност за средна површина на зрното може да се одреди

4  Az
дијаметарот на зрното : d z  , m. Врз основа, пак, на пресметаниот дијаметар

може да се одреди и градацијата на зрното по ASTM.

Метод на броење на зрната по линија

На фотоснимката од структурата на материјалот се црта мрежа од линија p


со определена должина l, а потоа се бројат зрната кои што ги сечат линиите.

17
Сл.16 Броење на зрната по линија

Средниот пречник на зрната се определува врз основа на изразот

p  l  10 3
dz  , m, каде што:
n z U m усовоен број на линија (5-10);
p
должинанан една усвоена линија во mm;
l
nz  број на зрна на пресечената линија;
Um  микроскопско зголемување.

При броењето на зрната се земаат во предвид, односно се бројат и зрната на


почетокот на линијата кои што не се отполно пресечени, за разлика од последни
зрна кои што се пресечени со вертикалната линија кои што се не се бројат. Овој
метод е посебно погоден за пресметување на пречникот на зрнот при ладна
деформација на материјалот.

18
Заклучок

Металографијата е дел од науката за металите која што се занимва со


проучување на нивниот состав, односно внатрешната градба. Таа е од големо
значење. Од друга страна, пак, металите се најупотребуваниот материјал во
повеќето области од машинството и од големо значење да се знае за нивниот
состав, односно според новнит особини и карактеристики што ги поседуваат да
најдат соодветна примена.
Како воведен дел од оваа тема е токму микроструктурата. Таа е основата за
која се залага металографската анализа. Потоа објаснети се видовите на испитувања
кои што се застапени во ова подрачје како и соодветно нивните мерни
иснструменти. Познавајќи ги овие работи се пренасочив на конкретно објаснување
на фазите од металографската анализа, како и на тоа што се може врз основа на
податоците добиени од металографската анализа да се одреди.
Зошто ја одбрав токму оваа тема? Има повеќе причини. Една од нив е токму
таа дека како машински инжинер најнеопходно е да се знаат барем
најелементарните особини за матеалите. Тука се опфатени најопштите
карактериситки на металографијата, односно на металографската анализа. Сметам
дека со оваа тема голем дел од областа на металографијата се разјаснати врз општ
принцип.

19
Користена литература:

http://bs.wikipedia.org/wiki/Mikroskop

http://www2.sts.si/arhiv/tehno/projekt3/Brusenje/brusenje.htm

http://www.google.com/url?
sa=t&source=web&ct=res&cd=1&ved=0CAcQFjAA&url=http%3A%2F
%2Fpl.wikipedia.org%2Fwiki
%2FMikrostruktura&rct=j&q=mikrostruktura&ei=kNzkSs0CivCbA9uUvKIL&usg=AF
QjCNEgNC2qJk3UmIj8CulLIUrd2GXjeQ

http://www.google.com/url?
sa=t&source=web&ct=res&cd=6&ved=0CBcQFjAF&url=http%3A%2F%2Fwww2.sts.si
%2Farhiv%2Ftehno
%2FProjekt6%2FDefault1.htm&rct=j&q=metalografija&ei=P93kSsXeKZSmnQO96diiC
w&usg=AFQjCNH5VjJWDvRriH4uI7vqqFF-0ruglA

http://www.google.com/url?
sa=t&source=web&ct=res&cd=8&ved=0CCUQFjAH&url=http%3A%2F
%2Fpublic.carnet.hr%2Fmetalurg%2FMetalurgija
%2F2010_vol_49%2FNo_1%2FMET_49_1_37_40_Steiner.pdf&rct=j&q=metalografska
+analiza&ei=7t3kSpb6GoSCmgP59qCjCw&usg=AFQjCNHdNV6_S8yaccHdewp2l7GS
MHWQ4w

http://www.google.com/url?
sa=t&source=web&ct=res&cd=20&ved=0CC0QFjAJOAo&url=http%3A%2F
%2Fwww.riteh.hr%2Fzav_katd_sluz%2Fzm%2Fpdf%2Fnastava%2Fmaterijali_I
%2Fskripta%2Fskripta-
lekcija_11(mtrI).pdf&rct=j&q=metalografska+analiza&ei=_93kSuDdKZj-
mQOWg9iiCw&usg=AFQjCNGr_ozRY5qFxEADRNPaBCrX_DGOAA

20

21

You might also like