You are on page 1of 3

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје

Машински Факултет Скопје

СЕМИНАРСКА ЗАДАЧА

МАШИНСКИ МАТЕРИЈАЛИ 1
ТЕМА: МЕТАЛОГРАФИЈА
Металографски испитувања и нивна поделба
Имаме 2 вида на металографски испитувања и тоа се:

1.Макроскопски испитувања- кои ги даваат крајните заклучоци од градбата на металите и


легурите и грешките во нив.
Испитувањата се состојат од визуелниот преглед на примерокот или со помош на лупа со
мали зголемувања кои не се повеќе од 20 пати.
Макроскопијата може да биде испитувана непосредно на површината на делот, на
преломот или на изрезбаниот примерок после брусење или нагризување на примерокот од
одредени реагенси.

Сл.1 Сл.2

2. Микроскопски испитувања- кои вршат потполна анализа на внатрешната градба со


помош на оптички микроскоп (од 20-2000 пати) и електронски микроскоп
(го зголемува погледот повеќе од 10 000 пати ).
Со помош на микроскопските испитувања се овозможува да се види микроструктурата,
структурата на делови, големината на зрната, нивната ориентираност и сл.
Со помош на овие испитувања достапна е можноста за откривање на дефомрациите кои ја
нарушуваат хомогеноста на структурата настаната при технолошки процеси, како што се:
термичка обработка, леење, ковање и др.

Сл.3 Сл.4
Макроскопска металографија
Макроскопските испитувања се вршат со визуелен преглед на примерокот, односно со
голо око или пак со помош на лупа со мали зголемувања не поголеми од 20пати.

Овие испитувања ги даваат крајните, завршни испитувања од градбата на маталите и


легурите и грешките во нив. Макроскопската металографија ги испитува макропојавите
кои потекнуваат од добивањето и преработката на металите, како што се пори, пукнатини,
различни ломови . Макроскопијата може да биде испитувана по површината на делот, на
преломот или на изрезбаниот примерок после брусење или нагризување на примерокот од
различни реагенси.

Светлосна микроскопска металографија


Со помош на светлосен (оптички) микроскоп може да се изврши потполна анализа на
внатрешната градба (од 20-2000 пати). Истражувања со помош на овој оптички микроскоп
може да се воочат грешките на микроструктурата, како што се
грешките(несовршеностите) на границите на кристалот, границите на фазите, физички
нечистотии и др.

Електронска металографија
Кога снопот од електрони ќе падне на кристалниот материјал, тој се отклонува според
истите геометриски закони кои важат за рендгенското зрачење. Примената на
електронската металографија има смисла само кога поеднечни елементи на
микроструктура не можат да разликуваат со помош на оптичката микроскопија.
Површината на избрусениот материјал со помош на оваа металографија може да се
набљудува посредно. Овој електонски микроскоп го зголемува погледот повеќе од 10 000
пати.

Користена литература

1. Интерна скрипта од вежбите по предметот Машински Материјали 1

2. https://en.wikipedia.org/wiki/Metallography

You might also like