You are on page 1of 1

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” - Скопје Машински факултет - Скопје


Програмска задача бр.1
МЕХАНИКА НА ФЛУИДИ
Скопје, Март 2023
Студент: ________________________________________ Број на индекс: 2255

Задача1. На резервоар со воздух приклучен е отворен манометар со коса цевка, чиј пречник е многу мал од
пречникот на чашата. Манометарската течност е етил-алкохол (ρа=850 kg/m3). Да се пресмета
натпритисокот на воздухот во резервоарот ако манометарот покажува l=120mm, коде цевката на
манометарот е наклонета према хоризонталата под агол α=300 . Да се пресмета покажувањето на
манометарот за α=300; 450; 600; 900. (Слика 1)

Задача 2. Цилиндричен затворач со полупречник R = 0,5 [m] и должина l=3,2 [m] се користи за
регулирање на нивото на маслото ρ=830 [kg/m3] во еден резервоар (сл.2). Затворачот може да се врти околу
зглобот О. Отварањето на затворачот се спречува со противтегот со тежина G, поставен на крајот на лостот
на растојание L=0,65 [m] измерено од зглобот. Нивото на маслото над кое владее константен подпритисок
(вакуумметарски притисок) pV = 3 [kN/m2] треба да се регулира на H=2 [m]. Да се определи:
а) Тежината на против тегот
б) Координатите на нападната точка на хоризонталната и вертикалната компонента на резултантната сила
в) Координатите на нападната точка на резултантната сила.

Слика 1. Слика 2.
Задача 3. Сад наполнет со течност се движи нагоре по наклонета рамнина под агол α=35 о, додека аголот
што го зафаќа слободната површина со хоризонтот е β=30˚ (сл.3).
Да се определи:
a) Забрзувањето на садот
б) Равенката за распределба на притисокот.

Задача 4. Триаголна дрвена призма со густина ρк = 580 [kg/m3] , димензии на основата axb ( a = 0,5 [m], b
= 1,2 [m]) и висина H=1,9 [m] плива во вода. На основата на прицврстена е правоаголна челична плоча со
густина ρк = 7850 [kg/m3]. Да се пресмета колку треба да изнесува висината на челичната правоаголна
плоча за да длобочината на пливање на призмата изнесува биде y = 1,3 [m]. (Слика 4)

Слика 3. Институт за хидраулично инженерство и автоматика Слика 4.

You might also like