You are on page 1of 2

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” - Скопје Машински факултет - Скопје


Програмска задача бр.1
МЕХАНИКА НА ФЛУИДИ
Скопје, Март 2021
Студент: _____________________________________ Број на индекс: 2600

Задача1. Во затворен резервоар се наоѓа воздух чиј притисок е помал од атмосферскиот. Мерењето на овој
притисок се врши со помош на U-цевка наполнета со жива ρz=13600 [kg/m3] која може да биде отворена или
затворена. Да се одреди апсолутниот притисок и потпритисок на воздухот во резервоарот, ако затворената
U-цевка покажува висина h1=350 [mm]. При пресметките да се занемари притисокот на столбот со воздух и
да се смета дека притисокот над живата во затворената U-цевка р=0. Атмосферскиот притисок изнесува
Ра=140 [mbar]. Да се пресмета висината h2 на отворената U-цевка. Колкава би била грешката која ќе се
предизвика поради занемарување на промената на притисокот во воздухот, ако H=5 [m]? (Слика 1)

Задача 2. Резервоар со масло чија густина изнесува ρ = 900 [kg/m3], е поделен на два дела со рамна преграда
и затворач (Слика 2). Да се определи:
а) големината на резултантната сила Fr
б) нападната точка во која дејствува резултантната сила
в) нападните точки на силите од левата и десната страна на капакот.
Задачата да се решава за случај:
а) кружен затворач со дијаметар D = 80 [cm]
б) квадратен затворач со должина на раб a = 50 [cm]
в) квадратен затворач со должина на раб a = 50 [cm].

Слика 1. Слика 2.

Задача 3. . Отворен цилиндричен сад со дијаметар D = 2R и висина 4Н, наполнет со течност до висина Н се
врти околу вертикална оска со аголна брзина ω (сл.3). Да се определи:
а) аголната брзина ω = ωо, при која нивото на течноста (темето на параболата) ќе се спушти до дното на садот.
б) аголната брзина ω = ω1 при која течноста ќе ја допре точката М.

Задача 4. Конус (сл.4), направен од дрво со густина ρк = 580 [kg/m3], дијаметар на основата D=0,5 [m] и
висина H=1,8 [m] плива во вода. На основата на конусот прицврстена е кружна челична плоча со густина ρк
= 7850 [kg/m3]. Да се пресмета колку треба да изнесува висината h на челичната кружна плоча за да
длобочината на пливање на конусот биде y = 1.7 [m].

Институт за хидраулично инженерство и автоматика


Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје Машински факултет - Скопје

Слика 3. Слика 4.

Институт за хидраулично инженерство и автоматика

You might also like