You are on page 1of 1

Според важечките стандарди, секој производител на асфалт и бетон треба да обезбеди квалитетен производ кој ќе ги

задоволи барањата на проектите, а во согласност на важечките стандарди. Во стандардот МКС У.М1.050 се дефинирани
условите кои треба да ги задоволи една фабрика за бетон со можни толеранции на отстапувања. Обврска на секој
раководител на една фабрика за бетон е да ги следи пропишаните услови во дадениот стандард со цел да се обезбеди
бараниот квалитет.

Во стандардите МКС У.М1.051 и МКС У.М1.052 кои се поврзани со производството на бетон, дадени се видот на
испитувања кои треба да се изведуваат и потребната лабораториска опрема за изведување на дефинираните испитувања.
Успешно извршените контроли обезбедуваат квалитетен производ, а навремено детектирани отстапки во квалитетот на
составните делови (агрегат, цемент, вода, адитиви) можат да помогнат во спречување на произвотство на неквалитетен
бетон.

Во стандардот МКС Б.Б3.100 дадени се критериумите кои треба да бидат задоволени од фракциите кои се користат за
производство на асфалт и бетон, додека во стандардите МКС У.Е9.021 и МКС У.Е4.014 дефинирана е фреквенцијата на
контрола на агрегатот, каменото брашно (филерот) и битуменот во зависност од донесената количина на агрегат и
произведената асфалтна маса.

Основната обврска на Лабораторија во системот кој се однесува на производство на асфалтни и бетонски мешавини е да
врши контрола во фабриките за асфалт и бетон според важечките стандарди и прописи и изготвува документација за
постигнат квалитет.

Teренската геомеханичка лабораторија во себе вклучува тековни лабораториски испитувања и контролни испитувања како
на материјалите кои се вградуваат во објектите така и на материјалите кои се наоѓаат на позајмиците за време на изведба
на земјените работи.

You might also like