You are on page 1of 3

Апстракт

Брзиот развој на технологијата овозможува се побрз проток на информации и


сообраќај, како и се поголеми достигнувања на полето техника и технологија.
Транспортот исто така напредувал и напредува многу, со развивање на паметни
транспортни системи, а исто така развивање и креирање на закони кој ќе овозможат
правилна циркулација на стоката. Еден од таквите закони е законот за “ транспорт на
лесно расиплива стока “ или “АТP” кратенка од “The agreement on the International
Carriage of Perishable Foodstuffs and on the special equipment to be used for such carriage”.
Брзиот развој и поголема подвижност на сите видови транспортни средства во сите
видови сообраќај со кои се остварува меѓународната трговија, а посебно со
транспортот на лесно – расиплива стока, представуваат можна потенцијална опасност
за здравјето на луѓето. Со што се наложува развој на еколошката свет и примена на
адекватни заштитни мерки од можни штетни, како и едукација на оние кој
манипулираат со ваков вид на стока, а воедно и многу строга законска регулатива.
Заради зачувување и заштита на здравјето на луѓето, покрај примената на
манипулативните операции при транспорт на “лесно расиплива стока” се донесени
закони со кои се дефинирани мерките и програмите за заштита, забрана и
ограничување. Воведени се и Европски меѓународни правила и прописи при
производство, амбалажа, пакување и транспорт на лесно – расипливите стоки од
производителот до потрошувачот. Со почитување на Законот за заштита и безбедност
на храната и примената на правилниците кои произлегуваат од истите, користење на
соодветна еколошка амбалажа при пакување и соодветна амбалажа со која се олеснува
манипулацијата на стоките при транспорт, современи складови (комори), транспортни
возила кој поседуваат мобилни ладилници представуваат патоказ за зачувување на
квалитетот на стоките и зачувување на здравјето на потрошувачите.

Овој труд ќе биде фокусиран на обработување на законот за транспорт на лесно


расилива стока “АТP”, складирање, манипулирање и нејзин транспорт од производител
до потрошувач.
Вовед

Со зголемувањето на пазарот расте и потребата на продукти од други држави и


други простори, прозиводителите се обидуваат да го пласираат својот производ во што
повеќе држави, а потрошувачите се вo потрага на што поефтини продукти. Овие
барања произведуваат меѓународен транспорт на стока, односно транспорт на стока во
различни држави. Правилата и прописите на транспорт мора да бидат јасни и
транспаретни за да се овозможи непречен проток на стоката, односно да се овозможи
хармонизиран транспорт, како во државата така и надвор од неа. За секој вид на стока,
има пропишано регулативи со кој се дефинира нејзин транспорт, складирање и
манипулирање. Примената на безбеден транспорт на лесно – расипливите стоки е
регулиран со голем број на правлници за транспорт, а посебно значен е правлиникот за
посебни барања за безбедност и хигирена и начинот и постапката на вршење на
службените контроли на млекото и млечните производи (Службен весник на РМ бр.151
од 14.12.2007 година), а безбедноста на храната во Република Северна Македонија е
регулирана со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што
доаѓаат во конакт со храната.(Службен весник на Република Македонија бр,54/2
измени и дополнувања 84/07).

Овде ќе ги дискутираме прописите за транспорт на лесно-расплива стока, што


представува лесо-расиплива стока, каде и како се складира истата и кој се начините на
кој може истата да се транспортитра. Исто така ќе биде опфатено дефинирањето на
видовите на транспорт, манипулативните операции, амбалажа, правилно обележување,
складирање и осигурување при транспорт на стоката.
1.

You might also like