You are on page 1of 3

МАШИНСКИ МАТРИЈАЛИ 2

1.Како се делат испитувањата во зависост од осбините и кои особии се


определуваат со истите?(4.1)
- Металите и нивните легури се основни машински матријали.Тисе се
карактеризираат со разни Механички,Физички,Хемиски,Технолошкии и други
особини, а за одредување на какви се тие особини постојат многу
испитувања.Испитувањата во согласност соодветните особини може да се
поделат на следниве групи:
*Механички испитувања
*Физички испитувања
*Хемиски испитувања
*Технолошки испитувања
*Дефектоскопски испитуавања

Сите одвие испитувања може да се поделат на две групи и тоа испитувања со


кој се разорува материјалот и испитувања без разорување.
Кај испитувањата со разорување парчето врз кое се врши процесот на
испитување се разороува и може да се користи само за претопување. А додека
во испитување без разорување се врши испитување и матријалот останува не
оштетен, и по завршувањето на испитувањето матријалот може повторно да се
користи, затоа овие испитувања се погодни за готови производи.
Со хемиските испитувања се одредува хемискиот состав , микроструктурата
отпорност на корозија запаливост токсичност итн.
Со физичките испитувања се определува густината, бојата , масата
температурата на топење топлоноста спроводливост, електрична
спроводливост, и други магнети оптички и акустични особини.
Додека по важни се механичките испитувања и имаат за ццел одредување на
особините поврзани со дејството на силата врз матријалот:Јакост , Тврдост ,
Еластичност, Пластичност, Жилавост , Замор , Ползење.
Оваа е едно од поважните испитувања бидејќи голема е примената на
металните матријали за конструктивни цели и важна е нивната јакост,
пластичност, односно нивните поволни механички особини.

Според дејствување на сила на елементот механичките испитувања може да


се класифицираат на повеќе начини.
Според напрегањето се раликуваат испитувања на затегнување,смолкнување ,
забивање , свиткување, увртување.
Според дејствувањето на силата може да бидат динамички и
статички.Статичките оптоварување се под дејство на константно оптоварување
или оптоварување кое постепено расте, додека динамичките оптоварувања е
променливо оптоварување.

Кај технолошките испитувања се одредува способноста на матријалот за


обработка на некој начин.
Кај Дефектоскопските испитувања се одредува грешката во материјалот и
деловите.
Уште една поделба може да се изврши и тоа според температурата на : ниско
температурни, високо температурни и собни температурни испитувања.

Програмираните лабараторииски испитувања и пробните парчиња и машински


делови не се единствен начин на испитување на особините и однесувањето на
машинските елементи, тоа може да се извриши и преку собирање на податоци
и анализа од сите случаи на оштетување ломови,хаварии на машинските
конструкции што се јавуваат во експлотација. Секој лом, хавариија може да
биде детално испитана и да се утврди дали е грешка при конструкција , не
предвидено оптоварување или не доволно познавање на матријалот итн.

2.Јакост напрегање,напон (видови напони) крутост, заостанати напони(4.2)


-Секој конструктивен дел е под надворешни оптоварувања , во зависнот
колкави се тие оптоварувања толку и елементот се деформира, т.е го менува
својот облик и димензии. При деформација се менуваат растојанијата меѓу
атомите во внатрешноста и поради тоа се јавуваат внатрешни сили кои се
стремат да ги вратат атомите во рамнотежа.Тие внатрешни сили дејствуваат
се додека не се создади повторно рамнотежа меѓу атомите.
ЈАКОСТ е особина на материјалот со која се спротиставува на разорување при
дејство на надворешни оптоварувања. Под разорувања се подразбира
кршње,кинење,одностно раздвојување на два дела или повеќе.Но покрај
кинењето поимот разорување ги опфаќа сите поими на пукнатини и појава на
трајни промени во димензиите, настанати наеднаш или постепено.
НАПРЕГАЊЕ, е состојба на конструктивен дел што настанува под дејство на
надворешни оптоварувања, и се карактеризираат со деформација и соодветен
внатрешен отпор.
Според деформацијата што настанува под надворешно влијание оптоварувања
се разликуваат повеќе видови напрегања: АКСИЈАЛНО(ЗАТЕГНУВАЊЕ ИЛИ
ЗБИВАЊЕ) свиткување , смолкнување , увртување и контактно напрегање. Но
во практика конструктивните елементи најчесто истовремено се изложени на
повеќе напрегања.
Големината на внатершните сили во некоја точка од наблудуваниот
пресек,сведени по единица површина се вика НАПОН. Внатрешните сили
којшто се јавуваат под дејство на надворешните сили во атомите создаваат
јакост во посматраниот пресек.Во општ случај напонот има произволен правец
во одност на посматраниот пресек па може да се разложи на две компоненти
-една во правец на нормалана на површината на пресекот во посматраната
точка ( НОРМАЛЕН НАПОН) а друга во рамнината на пресекот –
(СМОЛКНУВАЧКИ НАПОН).
Напонот ке биде збивачки ако е насочен кон материјалот во кој се појавува или
во спротивно тој е напон на истегнување. Под дејство на нормалниот напон ке
настане промена на должината и тоа ( скратување или издолжување ) а под
дејство на смолкнувачкиот напон промена на обликот ( лизгање )
Деловите на машините и конструктивните елементи секогаш требе да бидат
така конструирани димензионирани, во пропишаните работните услови , да
посоти сигурност во работните карактеристики, во одност на критичните. Значи
вистинските напони не смееат да предизвикаат пластична деформација или
разорување на елементот. Критичен напон е оној напон кој е на границата пред
настанување на критични појави , кои го онеспособуваат елементот од
правилна и сигурна работа.Практично во машинството се пропишуваат
дозволените напони, количникот од критичниот напон и максималниот
дозволен напон се вика степен на сигурност. Се бележи со S (S=Tkr/Tdoz)
Степените на сигурност не се константи. Се менуваат во зависност од
матријалот и од карактеристиките кој се потребни за работата но има и
различни сигурносни степени од крешење,е од замор итн..
Некогаш требе да се ограничи и еластичната деформација бидејќи може да
предизвика крутост.(отпорноста на матријалите од еластична деформација,под
надворешно оптоварување).Условот за дозволена крутост осигурува елемнтот
да не се појави пластична деформација и раазорување.
Кај машинските делови може и да не постојат надворешни оптоварувања а
дасе појават напони тоа се т.н ЗАОСТАНАТИ НАПОНИ и тие се појавуваат како
последица од топлинска обработка ( леење заварување калење) и механичка
обработка ( валање , пресување режење) односно технолошки процеси ,и
затоа и се наречени технолошки напони.

You might also like