You are on page 1of 3

Обезбедување кое го дава самиот должник,како и мерките за реализација

на побарувањата ако должникот навреме не ги исполни своите обврски.


Извосникот кој сака да го осигура своето кредитно побарување треба да
му ги даде на осигурителот сите податоци за должникот со кои располага. Тоа
се пред се, податоци за поранешното работење со тој должник,на неговата
уредност за плаќање на долгови,неговиот имот и др. Исто така осигурителот
1
овие податоци може да ги бара и од специјализирани интитуции кои
специјално се занимаваат собирање податоци за кредитната способност на
одделни фирми, од банки кои работат со тие фирми, од комори,а може и од
трговски преставништва кои се наоѓаат во земјата заедно со должникот идр.
Испитувањето на економската положба на земјата на должникот
практично се врши двојно. Од една страна, се испитува бонитетот на
должникот, а од друга страна, се испитува општата економска положба на
земјата на должникот, бидејќи од економската положба зависи во голем дел
можноста на должникот навреме да оствари приходи кои му се потребни за
намирување на сопствените обврски.
Осигурителот не само што ги испитува бонитетот на должникот и неговата
кредитна способност, туку тој го проверува и квалитетот на работа и одредбите
од договорот по кој извозникот би требало да испорача стока на кредит. Ова
испитување има цел да утврди дали е нормална работа со вообичаени
одредби за обврска меѓу странките во кои оправдано може да се очекува
должникот да биде во положба да го плати својот долг (на пример,во
продажбата или преработката на стока испорачана на кредит и др.) и дали
должникот дал срества за извршување на своите обврски.
Првентивна функција за обезбедување на кредит имаат мерките за
обезбедување на наплатата кои се прават со осигурувањето на кредитот
доколку должникот не ќе ги исполни своите обврски за враќање на долгот во
определениот рок. Во овие случаи осигурителот, односно извозникот на кредит
е должен во спогодбата со осигурителот да преземе соодветни мерки за
обезбедување на своите права и наплата на своите побарувања.

1
Најпозната од тие специјализирани агенции-институции е агенцијата Dumn and Bradstreet
со седиште во Њујорк.
Превентивната функција за осигурување на исвозните кредити доаѓа до
израз особено во оние случаи кога стоката се извезува на кредит во нови земји
во кои извозниците немаат многу искуство, потоа кога се склучуваат договори
со нови купувачи со кои извозниците немаат воспоставени трајни деловни
врски и др.
Функција на инструментите на надворешно трговската експанзија.
Се додека осигурувањето на извосните кредити го спроведувале
осигурителните друштва за своја сметка, тоа имало влијание само врз развојот
на надворешната трговија, а се уште осигурувањето не било инструмент на
надворешнотрговската политика и експанзија, бидејќи осигурителните друштва
се раководеле исклучиво од техничките принципи на осигурувањето,а ги
осигурувале само оние кредити што по нивна оцена заслужувале целосна
доверба и за такво осигурување наплатувале премија, која одговарала на
тежината на ризикот и која овозможувала израмнување на штетите. Дури кога
осигурувањето на извозните кредити почнала да го спроведува државата, било
директно или преку своите организации или осигурителни друштва, тоа
осигурување станало значаен инструмент на надворешнотрговската политика и
експанзија.
Значењето на осигурувањето на извозните кредити како инстумент на
надворешнотрговската експанзија е особено голема во ова време кога
меѓународниот пазар е заситен со стока што ја нудат многу развиени земји и
кога стоката може да се продава само како кредит.
Осигурувањето на извосните кредити во периодот на административното
управување кај нас не се спроведуваше, бидејќи нашите извозни претпријатија
не ја чувствуваа потребата за таква заштита, зашто државата имаше многу јаки
инстументи за спроведување на надворешнотрговската политика од таквото
осигурување. Меѓутоа, со децентрализација на надворешната трговија се јави
голема потреба за вакво осигурување, од една страна за обезбедување, а од
друга страна како помош што им ја дава осигурувањето на нашите извозници.
Исто така осигурувањето на извозните кредити и во нашата земја можат да
станат важен инструмент на нашата надворешнотрговска политика. 2

2
Др. Вељко Томашич, Осигурување робе кредита у спољној трговини, Београд, 1967год., стр.
175-190 или 1967/68год,. Стр. 115-124 и d-r Branko Jakasa, Prava osiguranja, Zagreb, 1972 god., str
313-315.
Под кредитно осигурување се подразбира секое осигурување со кое се
3
обезбедува побарувањето на доверителот спрема должникот .Со други
зборови кредитните осигурувања се гаранции што му ги дава осигурителот на
продавачот,кој го кредитира својот купувач, дека ќе го измири неговото
побарување, доколку должникот не ја изврши својата обврска за плаќање на
долгот 4.
Кредитните осигурување се многубројни и често меѓусебе се разликуваат,
од една страна, поради различните форми и содржини на кредитните односи и
правни прописи со кои се регулираат, а од друга страна поради разликите на
потребите за обезбедување по пат на осигурување.
Осигурувањето на извозните кредити во практика го толкуваме во потесна
и поширока смисла на зборот.
Во поширока смисла на зборот се подразбираат сите видови осигурување
на извозните кредитни работи.
Во потесна смисла на зборот се подразбираат кредитните осигурувања во
стручно-техничка смисла и според него се врши најважната поделба на сите

3
Др- Вељко Томашик, Осигурање робе и кредита у спољној трговини, Београд, 1967 год., стр
175-190 или Вељко Томашик, Осигурање у спољној трговини, Београд 1967/68 стр,. Стр 115-124 и
dr Branko Jakasa. Pravo osiguranju,Zagreb 1972год стр 313-315.
4
Др- Бранко Томашик. Осигурање у спољној трговини, Београд, 1974 год.

You might also like