You are on page 1of 3

План и програма за одржување на настава во природа

ДОЈРАН

Цел на наставата:
-Учениците непосредно да се запознаат со природните одлики на Источна
Македонија;
-Учениците непосредно да се запознаат со течението на реката Вардар,
клисура,релјефот, водите, вештачки езера, хидромелиоративни системи,
оранжерии, бањи;
-Учениците непосредно да се запознаат со растителниот и животинскиот
свет во и околу Дојранското Езеро;
-Учениците непосредно да истражуваат, мерат, сликаат, опишуваат објекти
од стопанството, од минатото (подалечно и поблиско).

I ден
*Поаѓање од Скопје;
*Попатно рагледување на исушени мочуришта;
*Таорска Клисура;
*Радовиш-посета на црквата „ Св.Тројца “ (ручек)
*Срумица-посета на оранжерии, бањата „ Цар Самуил “ и манастирот
„ Водоча “;
*Дојран- сместување-вечера.

*
II ден
*Појадок;
*Прошетка и разгледување на Стар и Нов Дојран и забележување на
одликите на напосредната околина;
*Писмена вежба-“ Опис на езерото “-цртање (сликање) - впечатоци;
*Ручек и попладневен одмор;
*Прибирање податоци - мерење - мерки за должина;
*Вечера;
*Караоке - избор на најдобар глас.

*
III-ден
*Појадок;
*Решавање задачи со податоци;
*Одредување и споредување на должини;
*Скок во далечина;
*Ручек;
*Истражување на животински и растителен свет во и околу Дојранското
Езеро;
*Разговор со жители на Дојран;
*Пишување извештај;
*Вечера;
*Диско забава.

*
IV-ден
*Појадок;
*Посета на црква и манастир во Стар Дојран;
*Пишување извештај;
*Цртање и сликање;
*Ручек;
*Посета на жители на Дојран-(анкета, запис, слики);
*Средување на белешки;
*Вечера;
*Добра забава за“ ЧАО“

V-ден
*Појадок;
*Посета на Гевгелија - Археолошки музеј- возот - граничен премин-
Дојрани;
*Ручек;
*Поаѓање за Скопје;
*Попатна посета на винарската визба „ Бовин “ - Неготино;
*Посета на Стоби;
*Пристигнување во Скопје во 19 часот.

You might also like