You are on page 1of 1

„Еурофарм “

Антон Панов бр.5 1000 Скопје Р. Македонија Стојан Илиевски

Ул.Ката Капчева бр.11 Велес

Тел: 075/654-564

e-mail: s.ilievski14@yahoo.com

Почитуван/а

Се јавувам во врска со огласот за фармацевтски-лабораториски техничар објавен на


26.05.2018 год. во весникот „Дневник“.

Ученик сум во профилот фармацевтско-лабораториски техничар, во ССОУ „Димитрија


Чуповски“ Велес. Отсекогаш сум имал желба да работам како здравствен работник. Токму
затоа е идејата за изучувањето на профилот фармацевтско-лабораториски техничар. За време
на феријална пракса преку летниот распуст имам волонтирано во аптеките „Жива Фарм“ во
Велес, но исто така стекнав големо искуство и од практичната настава во училиштето. Покрај
ова, го познавам англискиот јазик, а имам познавање и од работа со компјутери – Word, Excel,
Power point.

Фирмата „Еурофарм “ е мојот сон. Уште од првиот ден кога се запознав со фармацијата
добив визија дека еден ден и јас ќе бидам дел од тимот на оваа голема компанија. Имам
големо искуство околу дејствата и употребата на лековите зашто тоа е една од најинтересните
насоки во оваа професија. Имам изработено и некои препарати за кои не е потребна
автоматизација, т.е. кои може да се изработат и во нормални услови во лабораторија како што
се: лабела, масти, гелови и сл.

Цврсто сум убеден во работата на познатата фирма „Еурофарм “ и сметам дека ако јас
сум дел од неа успешно ќе придонесам за уште поголем напредок. Сакам моето стекнато
знаење и искуство да го применам токму овде во фармацевтската практика.

Однапред Ви благодарам за можноста да бидам повикан на интервју со цел лично да Ви


ги презентирам моите знаења, вештини, способности и лични карактеристики.

Со почит ,

Во прилог Ви доставувам

1. Кратка биографија
2. Препораки

You might also like